придњестровје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pridnjestrovje/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Mar 2023 20:40:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png придњестровје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pridnjestrovje/ 32 32 Властите на Придњестровје ја обвинија Украина за планирање атентат врз претседателот на тој регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vlastite-na-pridnestrovje-ja-obvinija-ukraina-za-planirane-atentat-vrz-pretsedatelot-na-toj-region/ Thu, 09 Mar 2023 20:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=617914

Властите на Придњестровје, блиски до Москва, денеска соопштија дека спречиле обид за убиство на претседателот на тој отцепен регион на Молдавија, Вадим Красноселски, наводно организиран од Украинската служба за национална безбедност.

Министерството за државна безбедност на Придњестровје соопшти дека се уапсени непрецизиран број луѓе во врска со обидот за напад врз Красноселски и други претставници од меѓународно непризнатиот регион.

Обвинителството на Придњестровје соопшти дека осомничените планирале да детонираат автомобил со експлозив во близина на претседателската поворка за време на минувањето на Красноселски низ главниот град Тираспол.

За обидот за убиство обвинителството ја обвини украинската служба за безбедност СБУ, но не обезбеди докази. СБУ ги отфрли обвинувањата, велејќи дека случајот „треба да се гледа исклучиво како провокација оркестрирана од Кремљ“.

Прозападната влада на Молдавија соопшти дека го следи развојот на настаните, но не може да ги потврди тврдењата на Тираспол за планирањето атентат на Красноселски.

Војната за отцепување на Придњестровје, регион со околу 470.000 жители долж границата со Украина, избувна во 1990 година. Во 1992 година беше постигнато примирје, а потоа беше договорено руските војници да останат во Приднестровје како мировници.

The post Властите на Придњестровје ја обвинија Украина за планирање атентат врз претседателот на тој регион appeared first on Република.

]]>

Властите на Придњестровје, блиски до Москва, денеска соопштија дека спречиле обид за убиство на претседателот на тој отцепен регион на Молдавија, Вадим Красноселски, наводно организиран од Украинската служба за национална безбедност. Министерството за државна безбедност на Придњестровје соопшти дека се уапсени непрецизиран број луѓе во врска со обидот за напад врз Красноселски и други претставници од меѓународно непризнатиот регион. Обвинителството на Придњестровје соопшти дека осомничените планирале да детонираат автомобил со експлозив во близина на претседателската поворка за време на минувањето на Красноселски низ главниот град Тираспол. За обидот за убиство обвинителството ја обвини украинската служба за безбедност СБУ, но не обезбеди докази. СБУ ги отфрли обвинувањата, велејќи дека случајот „треба да се гледа исклучиво како провокација оркестрирана од Кремљ“. Прозападната влада на Молдавија соопшти дека го следи развојот на настаните, но не може да ги потврди тврдењата на Тираспол за планирањето атентат на Красноселски. Војната за отцепување на Придњестровје, регион со околу 470.000 жители долж границата со Украина, избувна во 1990 година. Во 1992 година беше постигнато примирје, а потоа беше договорено руските војници да останат во Приднестровје како мировници.

The post Властите на Придњестровје ја обвинија Украина за планирање атентат врз претседателот на тој регион appeared first on Република.

]]>
Молдавија бара повлекување на руските трупи од Придњестровје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moldavija-bara-povlekuvanje-na-ruskite-trupi-od-pridnjestrovje/ Tue, 10 May 2022 07:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=500208

Молдавската премиерка Наталија Гаврилица, изјави дека Молдавија, со помош на ОН, бара повлекување на руската армија од територијата на Придњестровје, бидејќи сака да се најде мирно решение за конфликтот.

Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од придњестровската територија на Молдавија и да привлече внимание на кршењето на човековите права во регионот, кои се под контрола на непризнаен режим. Поради присуството на овие теми во резолуциите на ОН, проблемот со конфликтот во Придњестровје е на агендата на светската заедница - изјави Гаврилица на брифинг.

Според неа, официјален Кишињев сака да најде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани, пренесе агенцијата РИА Новости.

Во јуни 2018 година, Генералното собрание на ОН ја повика Русија да ги повлече своите трупи од Придњестровје. Резолуцијата ја поддржаа 64 земји, 14 беа против, а други 83 земји беа воздржани.

Во 1992 година, по неуспешниот обид на молдавските власти да го решат проблемот со сила, Приднестровје практично стана територија која не е контролирана од Кишињев, а во неа се распоредени руски трупи кои го одржуваат мирот.

The post Молдавија бара повлекување на руските трупи од Придњестровје appeared first on Република.

]]>

Молдавската премиерка Наталија Гаврилица, изјави дека Молдавија, со помош на ОН, бара повлекување на руската армија од територијата на Придњестровје, бидејќи сака да се најде мирно решение за конфликтот.
Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од придњестровската територија на Молдавија и да привлече внимание на кршењето на човековите права во регионот, кои се под контрола на непризнаен режим. Поради присуството на овие теми во резолуциите на ОН, проблемот со конфликтот во Придњестровје е на агендата на светската заедница - изјави Гаврилица на брифинг.
Според неа, официјален Кишињев сака да најде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани, пренесе агенцијата РИА Новости. Во јуни 2018 година, Генералното собрание на ОН ја повика Русија да ги повлече своите трупи од Придњестровје. Резолуцијата ја поддржаа 64 земји, 14 беа против, а други 83 земји беа воздржани. Во 1992 година, по неуспешниот обид на молдавските власти да го решат проблемот со сила, Приднестровје практично стана територија која не е контролирана од Кишињев, а во неа се распоредени руски трупи кои го одржуваат мирот.

The post Молдавија бара повлекување на руските трупи од Придњестровје appeared first on Република.

]]>
Се поголема опасност за ширење на војната: Пукање на контролен пункт на украинската граница со Придњестровје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-pogolema-opasnost-za-shirenje-na-vojnata-pukanje-na-kontrolen-punkt-na-ukrainskata-granica-so-pridnjestrovje/ Thu, 05 May 2022 16:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=498166

Во близина на границата на самопрогласената република Придњестровје во Молдавија со Украина денеска се слушнале истрели, јави телевизијата „ТСВ', повикувајќи се на извори од службите за спроведување на законот.

Во извештајот се наведува дека жителите на Первомајск пријавиле дека истрелите биле испукани во близина на контролниот пункт Кучурган.

Изворот информирал дека пукањето се случило внатре на украинската територија, во близина на местото Павловка.

Самопрогласената република Придњестровје на територијата на Молдавија се наоѓа во близина на границата со Украина, а по неколкуте неодамнешни напади во таа област, расте загриженоста дека украинскиот конфликт би можел да се прошири и на тоа подрачје.

The post Се поголема опасност за ширење на војната: Пукање на контролен пункт на украинската граница со Придњестровје appeared first on Република.

]]>

Во близина на границата на самопрогласената република Придњестровје во Молдавија со Украина денеска се слушнале истрели, јави телевизијата „ТСВ', повикувајќи се на извори од службите за спроведување на законот. Во извештајот се наведува дека жителите на Первомајск пријавиле дека истрелите биле испукани во близина на контролниот пункт Кучурган. Изворот информирал дека пукањето се случило внатре на украинската територија, во близина на местото Павловка. Самопрогласената република Придњестровје на територијата на Молдавија се наоѓа во близина на границата со Украина, а по неколкуте неодамнешни напади во таа област, расте загриженоста дека украинскиот конфликт би можел да се прошири и на тоа подрачје.

The post Се поголема опасност за ширење на војната: Пукање на контролен пункт на украинската граница со Придњестровје appeared first on Република.

]]>
Анализа на „Тајмс“: Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Придњестровје во Молдавија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/analiza-na-tajms-rusija-kje-se-obide-da-otvori-nov-front-protiv-ukraina-od-pridnjestrovje-vo-moldavija/ Tue, 03 May 2022 16:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=496788

Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, пишува „Тајмс“ повикувајќи се на украински воени извори.

Еден извор вели дека има „број на индикатори“ кои укажуваат на напад во блиска иднина врз поранешната советска држава, која има само 3.250 војници во својата армија.

Успешното преземање ќе доведе до опасност од руските трупи за црноморското пристаниште Одеса од запад.

„Тајмс“, додава дека инвазијата врз поранешната советска република би можела да се случи на 9 мај. Според британското издание на „Тајмс“, рускиот претседател Владимир Путин, тогаш би можел да прогласи признавање на независноста на Придњестровско Молдавската Република.

Тоа би довело до реализација на „сценариото Донбас“ и би било непосредна закана за територијалниот интегритет на Молдавија, пишува весникот.

Според украинските разузнавачки извори, цитирани од „Тајмс“, веќе има активност на аеродромот во Тираспол, главниот град на меѓународно непризнатата Придњестровска Република. Тие велат дека е можно Русите да се обидуваат да ги префрлат своите војници во авионите ИЛ-86 кои полетуваат од Крим.

Во исто време, во главниот град на Молдавија Кишињев треба да се организираат немири и протести.

Британскиот весник пишува дека оваа информација не се совпаѓа со оценките на западните разузнавачки служби, кои сметаат дека Русија нема доволно безбедност за таа рута без ризик од соборување авиони во регионот на Одеса од страна на украинската противвоздушна одбрана.

The post Анализа на „Тајмс“: Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Придњестровје во Молдавија appeared first on Република.

]]>

Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, пишува „Тајмс“ повикувајќи се на украински воени извори. Еден извор вели дека има „број на индикатори“ кои укажуваат на напад во блиска иднина врз поранешната советска држава, која има само 3.250 војници во својата армија. Успешното преземање ќе доведе до опасност од руските трупи за црноморското пристаниште Одеса од запад. „Тајмс“, додава дека инвазијата врз поранешната советска република би можела да се случи на 9 мај. Според британското издание на „Тајмс“, рускиот претседател Владимир Путин, тогаш би можел да прогласи признавање на независноста на Придњестровско Молдавската Република. Тоа би довело до реализација на „сценариото Донбас“ и би било непосредна закана за територијалниот интегритет на Молдавија, пишува весникот. Според украинските разузнавачки извори, цитирани од „Тајмс“, веќе има активност на аеродромот во Тираспол, главниот град на меѓународно непризнатата Придњестровска Република. Тие велат дека е можно Русите да се обидуваат да ги префрлат своите војници во авионите ИЛ-86 кои полетуваат од Крим. Во исто време, во главниот град на Молдавија Кишињев треба да се организираат немири и протести. Британскиот весник пишува дека оваа информација не се совпаѓа со оценките на западните разузнавачки служби, кои сметаат дека Русија нема доволно безбедност за таа рута без ризик од соборување авиони во регионот на Одеса од страна на украинската противвоздушна одбрана.

The post Анализа на „Тајмс“: Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Придњестровје во Молдавија appeared first on Република.

]]>
Западот подготвува провокации во Придњестровје за Украина да ја заплени муницијата од тамошните складишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zapadot-podgotvuva-provokacii-vo-pridnjestrovje-za-ukraina-da-ja-zapleni-municijata-od-tamoshnite-skladishta/ Thu, 28 Apr 2022 08:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=494605

Помошник министерот за внатрешни работи на Народната република Луганск, Виталиј Кисељев, предупредува дека разузнавачките агенции на САД и Велика Британија можеби планираат провокации во Придњестровје.

Мислам дека, најверојатно, Ми-6 и тамошната ЦИА сакаат да направат голема провокација против Молдавија, за потоа Молдавија да реагира и заедно со Украина целосно го ликвидира Придњестровје - изјави Кисељев за РИА новости.

https://twitter.com/rianru/status/1519566353430163459?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519566353430163459%7Ctwgr%5Ehb_1_10%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F624004%2Fukrajina-specijalna-vojna-operacija%2Fvest

Кисељев додава дека една од причините за таквиот план е тоа што западот не и доставува доволно оружје на Украина, поради што Киев сака да ги заземе складиштата со муниција во близина на градот Колбасна во Придњестровската Молдавска Република.

The post Западот подготвува провокации во Придњестровје за Украина да ја заплени муницијата од тамошните складишта appeared first on Република.

]]>

Помошник министерот за внатрешни работи на Народната република Луганск, Виталиј Кисељев, предупредува дека разузнавачките агенции на САД и Велика Британија можеби планираат провокации во Придњестровје.
Мислам дека, најверојатно, Ми-6 и тамошната ЦИА сакаат да направат голема провокација против Молдавија, за потоа Молдавија да реагира и заедно со Украина целосно го ликвидира Придњестровје - изјави Кисељев за РИА новости.
https://twitter.com/rianru/status/1519566353430163459?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519566353430163459%7Ctwgr%5Ehb_1_10%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F624004%2Fukrajina-specijalna-vojna-operacija%2Fvest Кисељев додава дека една од причините за таквиот план е тоа што западот не и доставува доволно оружје на Украина, поради што Киев сака да ги заземе складиштата со муниција во близина на градот Колбасна во Придњестровската Молдавска Република.

The post Западот подготвува провокации во Придњестровје за Украина да ја заплени муницијата од тамошните складишта appeared first on Република.

]]>
Киев се понуди да го окупира Придњестровје, Молдавија одговори дека решение може да има само со политички средства https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-se-ponudi-da-go-okupira-pridnjestrovje-moldavija-odgovori-deka-reshenie-moze-da-ima-samo-so-politichki-sredstva/ Wed, 27 Apr 2022 12:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=494288

Молдавските власти порачаа дека решението на прашањето околу Придњестровје може да се постигне само со политички средства и дека воените дејствија се исклучени.

Ваквата молдавска реакција доаѓа како одговор на пораката на советникот на кабинетот на украинскиот претседател, Алексеј Арестович, кој изјави дека Украина е подготвена да го окупира Придњестровје доколку Кишињев испрати официјален апел за ова прашање.

The post Киев се понуди да го окупира Придњестровје, Молдавија одговори дека решение може да има само со политички средства appeared first on Република.

]]>

Молдавските власти порачаа дека решението на прашањето околу Придњестровје може да се постигне само со политички средства и дека воените дејствија се исклучени. Ваквата молдавска реакција доаѓа како одговор на пораката на советникот на кабинетот на украинскиот претседател, Алексеј Арестович, кој изјави дека Украина е подготвена да го окупира Придњестровје доколку Кишињев испрати официјален апел за ова прашање.

The post Киев се понуди да го окупира Придњестровје, Молдавија одговори дека решение може да има само со политички средства appeared first on Република.

]]>