приднестровје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pridnestrovje/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Dec 2023 09:04:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приднестровје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pridnestrovje/ 32 32 Koја е Молдавија што почна преговори побрзо од Македонија: Немаат свој јазик, не контролираат половина од територијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/ Fri, 15 Dec 2023 08:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=723159

Молдавија кој ги почна преговори пред Македонија  е континентална земја во југоисточна Европа, која се граничи со Украина на исток и Романија на запад. Се наоѓа во близина на северниот брег на Црното Море, помеѓу реките Прут и Днестар. Името Молдавија обично се користи по покраината, која покрај Република Молдавија вклучува и делови од Украина и Романија.

Официјален јазик во Молдавија е романскиот, но областа потпадна под власт на Руската империја во 1812 година и до ден денес остана под силно влијание на Руската Федерација - која силно се противи на идејата за анексија на територијата на Молдавија. кон Романија. И 30 години по одвојувањето од СССР, Руската Федерација останува главен економски партнер на Молдавија и има силно влијание врз нејзиниот политички живот

По одвојувањето од СССР, се појави бунт во редовите на рускојазичното урбано население во Придњестровје, а од март до јуни 1992 година се водеше војната во Приднестровје, со нешто повеќе од 1.000 загинати. По склучувањето на примирјето, воените сили на Руската Федерација остануваат трајно распоредени во Придњестровје со околу 1.500 војници, а Молдавија како целина останува значително економски зависна од Русија.

По прогласувањето на независноста, Приднестровје воспостави своја владина структура. Од претседателот, преку уставниот суд, армијата, полицијата, царината, химната, грбот. Нејзините институции не заостануваат во функционирањето по Молдавија, најсиромашната земја во Европа и затоа не е атрактивна за жителите на Придњестровје.

Иако Молдавците поединечно се најбројна етничка група, тие се во значителна мера маргинализирани, па дури и дискриминирани, првенствено во нивното учество во политичкиот живот, како и во употребата на јазикот, односно образованието на молдавски.

Во 2004 година избувна криза околу положбата на молдавските училишта во Придњестровје, која беше решена со доделување автономија со барање да се регистрираат во Министерството за образование на Придњестровје.

Регионот, во кој главно се зборува руски, се отцепи од тогашната советска Молдавија во 1990 година. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, проруските сепаратисти водеа крвава војна со молдавските владини сили.

Русија, која веќе имаше трупи таму, помогна да се стави крај на борбите и регионот стана еден од неколкуте „замрзнати конфликти“ во поранешниот советски регион.

Приднестровје е сиромашен регион и многу се потпира на рускиот гас. Името го добива по реката Днестар, која го дели од остатокот од Молдавија.Има своја валута и војска а Фудбалскиот тим Шериф доаѓа од главниот град во регионот Тираспол.Москва држи 1.500 мировници на територијата, како и 1.400 војници кои го чуваат огромното складиште за оружје што е таму од распадот на Советскиот Сојуз.

The post Koја е Молдавија што почна преговори побрзо од Македонија: Немаат свој јазик, не контролираат половина од територијата appeared first on Република.

]]>

Молдавија кој ги почна преговори пред Македонија  е континентална земја во југоисточна Европа, која се граничи со Украина на исток и Романија на запад. Се наоѓа во близина на северниот брег на Црното Море, помеѓу реките Прут и Днестар. Името Молдавија обично се користи по покраината, која покрај Република Молдавија вклучува и делови од Украина и Романија. Официјален јазик во Молдавија е романскиот, но областа потпадна под власт на Руската империја во 1812 година и до ден денес остана под силно влијание на Руската Федерација - која силно се противи на идејата за анексија на територијата на Молдавија. кон Романија. И 30 години по одвојувањето од СССР, Руската Федерација останува главен економски партнер на Молдавија и има силно влијание врз нејзиниот политички живот По одвојувањето од СССР, се појави бунт во редовите на рускојазичното урбано население во Придњестровје, а од март до јуни 1992 година се водеше војната во Приднестровје, со нешто повеќе од 1.000 загинати. По склучувањето на примирјето, воените сили на Руската Федерација остануваат трајно распоредени во Придњестровје со околу 1.500 војници, а Молдавија како целина останува значително економски зависна од Русија. По прогласувањето на независноста, Приднестровје воспостави своја владина структура. Од претседателот, преку уставниот суд, армијата, полицијата, царината, химната, грбот. Нејзините институции не заостануваат во функционирањето по Молдавија, најсиромашната земја во Европа и затоа не е атрактивна за жителите на Придњестровје. Иако Молдавците поединечно се најбројна етничка група, тие се во значителна мера маргинализирани, па дури и дискриминирани, првенствено во нивното учество во политичкиот живот, како и во употребата на јазикот, односно образованието на молдавски. Во 2004 година избувна криза околу положбата на молдавските училишта во Придњестровје, која беше решена со доделување автономија со барање да се регистрираат во Министерството за образование на Придњестровје. Регионот, во кој главно се зборува руски, се отцепи од тогашната советска Молдавија во 1990 година. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, проруските сепаратисти водеа крвава војна со молдавските владини сили. Русија, која веќе имаше трупи таму, помогна да се стави крај на борбите и регионот стана еден од неколкуте „замрзнати конфликти“ во поранешниот советски регион. Приднестровје е сиромашен регион и многу се потпира на рускиот гас. Името го добива по реката Днестар, која го дели од остатокот од Молдавија.Има своја валута и војска а Фудбалскиот тим Шериф доаѓа од главниот град во регионот Тираспол.Москва држи 1.500 мировници на територијата, како и 1.400 војници кои го чуваат огромното складиште за оружје што е таму од распадот на Советскиот Сојуз.

The post Koја е Молдавија што почна преговори побрзо од Македонија: Немаат свој јазик, не контролираат половина од територијата appeared first on Република.

]]>
Експлозиви поставени во најголемото складиште за оружје во Европа, експлозијата би била како во Хирошима https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eksplozivi-postaveni-vo-najgolemoto-skladishte-za-oruzhje-vo-evropa-eksplozijata-bi-bila-kako-vo-hiroshima/ Tue, 28 Feb 2023 08:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=614033

Поранешниот воен инспекторат на Министерството за одбрана на Молдавија објави дека вооружените сили на Придњестровје поставиле експлозиви во сите складишта за оружје во отцепениот регион, вклучително и складиштето за муниција во Кобасна, така што доколку започне каква било воена операција, тоа би предизвикало катастрофална штета на делови на Молдавија, Придњестровје и Украина.

Инаку, складиштето за муниција Кобасна е најголемо во Источна Европа и содржи до 20.000 тони оружје и муниција од советската ера. Се верува дека го обезбедуваат околу 1.500 руски војници. Уште од почетокот на рускиот конфликт со Украина, во Молдавија расте загриженоста за складиштето за муниција во Кобасна, а некои веруваат дека оружјето таму би можело да се користи во потенцијален иден воен конфликт.

Дополнително, Академијата на науките на Молдавија утврди дека експлозијата на оружјето, кое се наоѓа во складиштето за муниција, на кое одамна му истекол рокот, ќе биде еквивалентно на атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки. Загриженоста за таков настан се зголеми по експлозијата во Бејрут во 2020 година.

Министерството за одбрана во Кишињев во петокот објави дека „нема директни закани за воената безбедност на земјата“, откако Москва повторно ја обвини Украина дека подготвува „инвазија“ во Придњестровје и предупреди дека секоја закана за руските војници таму ќе предизвика соодветeн „ воен одговор од страна на Русија, пишува Њуз.ро.

Министерството за одбрана на Молдавија дала низа објаснувања за „информациите кои кружат онлајн, за можни предизвици на Украина во левиот Днестарски регион“ и уверува дека ги следи „сите настани, акции и промени кои се случуваат во регионот и на територијата контролирана од режимот на Придњестровје“.

Во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје Русија чува околу 1.500 војници, откако регионот поддржан од Москва еднострано прогласи независност за време на граѓанската војна во 1992 година.

Москва ги предупреди Украина и нејзините западни сојузници дека нападот врз руските војници во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје ќе го смета за напад врз самата Русија и дека ќе следи „адекватен одговор “.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „ги предупредува САД, земјите од НАТО и нивните украински посредници да не преземаат понатамошни авантуристички чекори“.

Реакцијата следи откако руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина планира „провокација“ во Придњестровје. Повикувајќи се на разузнавачки информации руската армија изјави дека украинските војници, маскирани како Руси, планираат да спроведат операција со која ќе ја обвинат Русија за инвазија врз Украина од Придњестровје. Според тврдењата на руската армија, Киев би го искористил ова како изговор за да го нападне Придњестровје.

Тензиите меѓу Русија и Молдавија се зголемија неодамна откако руските ракети насочени кон Украина навлегоа во воздушниот простор на Молдавија.

 

The post Експлозиви поставени во најголемото складиште за оружје во Европа, експлозијата би била како во Хирошима appeared first on Република.

]]>

Поранешниот воен инспекторат на Министерството за одбрана на Молдавија објави дека вооружените сили на Придњестровје поставиле експлозиви во сите складишта за оружје во отцепениот регион, вклучително и складиштето за муниција во Кобасна, така што доколку започне каква било воена операција, тоа би предизвикало катастрофална штета на делови на Молдавија, Придњестровје и Украина. Инаку, складиштето за муниција Кобасна е најголемо во Источна Европа и содржи до 20.000 тони оружје и муниција од советската ера. Се верува дека го обезбедуваат околу 1.500 руски војници. Уште од почетокот на рускиот конфликт со Украина, во Молдавија расте загриженоста за складиштето за муниција во Кобасна, а некои веруваат дека оружјето таму би можело да се користи во потенцијален иден воен конфликт. Дополнително, Академијата на науките на Молдавија утврди дека експлозијата на оружјето, кое се наоѓа во складиштето за муниција, на кое одамна му истекол рокот, ќе биде еквивалентно на атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки. Загриженоста за таков настан се зголеми по експлозијата во Бејрут во 2020 година. Министерството за одбрана во Кишињев во петокот објави дека „нема директни закани за воената безбедност на земјата“, откако Москва повторно ја обвини Украина дека подготвува „инвазија“ во Придњестровје и предупреди дека секоја закана за руските војници таму ќе предизвика соодветeн „ воен одговор од страна на Русија, пишува Њуз.ро. Министерството за одбрана на Молдавија дала низа објаснувања за „информациите кои кружат онлајн, за можни предизвици на Украина во левиот Днестарски регион“ и уверува дека ги следи „сите настани, акции и промени кои се случуваат во регионот и на територијата контролирана од режимот на Придњестровје“. Во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје Русија чува околу 1.500 војници, откако регионот поддржан од Москва еднострано прогласи независност за време на граѓанската војна во 1992 година. Москва ги предупреди Украина и нејзините западни сојузници дека нападот врз руските војници во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје ќе го смета за напад врз самата Русија и дека ќе следи „адекватен одговор “. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „ги предупредува САД, земјите од НАТО и нивните украински посредници да не преземаат понатамошни авантуристички чекори“. Реакцијата следи откако руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина планира „провокација“ во Придњестровје. Повикувајќи се на разузнавачки информации руската армија изјави дека украинските војници, маскирани како Руси, планираат да спроведат операција со која ќе ја обвинат Русија за инвазија врз Украина од Придњестровје. Според тврдењата на руската армија, Киев би го искористил ова како изговор за да го нападне Придњестровје. Тензиите меѓу Русија и Молдавија се зголемија неодамна откако руските ракети насочени кон Украина навлегоа во воздушниот простор на Молдавија.  

The post Експлозиви поставени во најголемото складиште за оружје во Европа, експлозијата би била како во Хирошима appeared first on Република.

]]>
Се понапнато во Придњестровје: Молдавија ја запре ротацијата на руските сили, Украина се понуди целосно да ги отстрани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-ponapnato-vo-pridnjestrovje-moldavija-ja-zapre-rotacijata-na-ruskite-sili-ukraina-se-ponudi-celosno-da-gi-otstrani/ Wed, 27 Jul 2022 07:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=533613

Молдавските власти пред неколку дена ја сопреа ротацијата на рускиот мировен контингент во непризнатиот регион Придњестровје, што се наоѓа меѓу Молдавија и Украина.

Со таквата одлука, таму ќе остане постоечкиот руски контингент од 1.500 луѓе лоциран на линијата на поделба на реката Дњестар.

Официјална Москва се пожали на одлуката на властите во Кишињев да ја запрат ротацијата на руските војници во Придњестровје за да се замени контингентот со нови припадници на руските сили, кои со авиони „Иљушин 76“ од Крим, поточно од аеродромите Симерфолј и Заводска, требаше да бидат префрлени до аеродром во близина на Тираспол.

Молдавија го запре ваквиот транспорт, како што наведе, од страв дека на тој начин Москва ќе префрли значително руско засилување во областа под изговор на ротација.

По ваквата објава на молдавските власти, украинската армија објави соопштение во врска со Приднестровје, во кое изрази подготвеност дека единиците од областа Одеса се подготвени да и помогнат на Молдавија да ги отстрани 1.500 припадници на руската армија од тој регион.

Многумина го поддржаа овој план. Деновиве специјалната молдавска полициска единица „Фулгер“ со своите оклопни возила БТР-70 тргна од Кишињев кон полигон на вежби, за кои надлежните изјавија дека немаат никаква врска со моменталната ситуација и тензиите на реката Дњестар.

И резервистите на молдавската армија се упатија на обука која почна на 22 јули и ќе трае до 29 јули. Како што се наведува, целта на вежбата е да се проверат знаењата и вештините на резервистите за ракување со оружје и воена опрема.

The post Се понапнато во Придњестровје: Молдавија ја запре ротацијата на руските сили, Украина се понуди целосно да ги отстрани appeared first on Република.

]]>

Молдавските власти пред неколку дена ја сопреа ротацијата на рускиот мировен контингент во непризнатиот регион Придњестровје, што се наоѓа меѓу Молдавија и Украина. Со таквата одлука, таму ќе остане постоечкиот руски контингент од 1.500 луѓе лоциран на линијата на поделба на реката Дњестар. Официјална Москва се пожали на одлуката на властите во Кишињев да ја запрат ротацијата на руските војници во Придњестровје за да се замени контингентот со нови припадници на руските сили, кои со авиони „Иљушин 76“ од Крим, поточно од аеродромите Симерфолј и Заводска, требаше да бидат префрлени до аеродром во близина на Тираспол. Молдавија го запре ваквиот транспорт, како што наведе, од страв дека на тој начин Москва ќе префрли значително руско засилување во областа под изговор на ротација. По ваквата објава на молдавските власти, украинската армија објави соопштение во врска со Приднестровје, во кое изрази подготвеност дека единиците од областа Одеса се подготвени да и помогнат на Молдавија да ги отстрани 1.500 припадници на руската армија од тој регион. Многумина го поддржаа овој план. Деновиве специјалната молдавска полициска единица „Фулгер“ со своите оклопни возила БТР-70 тргна од Кишињев кон полигон на вежби, за кои надлежните изјавија дека немаат никаква врска со моменталната ситуација и тензиите на реката Дњестар. И резервистите на молдавската армија се упатија на обука која почна на 22 јули и ќе трае до 29 јули. Како што се наведува, целта на вежбата е да се проверат знаењата и вештините на резервистите за ракување со оружје и воена опрема.

The post Се понапнато во Придњестровје: Молдавија ја запре ротацијата на руските сили, Украина се понуди целосно да ги отстрани appeared first on Република.

]]>
Украинската армија: Руските сили би можеле да извршат провокативни акции во Молдавија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskata-armija-ruskite-sili-bi-mozele-da-izvrshat-provokativni-akcii-vo-moldavija/ Mon, 11 Apr 2022 08:10:05 +0000 https://republika.mk/?p=486536

Украинските вооружени сили најавија дека руските сили ќе продолжат да ја напаѓаат сообраќајната инфраструктура со цел да го нарушат протокот на стока во земјата.

Во соопштението се тврди и дека руските сили би можеле да извршат „провокативни акции“ во Придњестровје во Молдавија со цел да ја обвинат Украина за агресија врз соседна земја.

The post Украинската армија: Руските сили би можеле да извршат провокативни акции во Молдавија appeared first on Република.

]]>

Украинските вооружени сили најавија дека руските сили ќе продолжат да ја напаѓаат сообраќајната инфраструктура со цел да го нарушат протокот на стока во земјата. Во соопштението се тврди и дека руските сили би можеле да извршат „провокативни акции“ во Придњестровје во Молдавија со цел да ја обвинат Украина за агресија врз соседна земја.

The post Украинската армија: Руските сили би можеле да извршат провокативни акции во Молдавија appeared first on Република.

]]>
Конфликтот се шири кон Молдавија? Украина тврди дека во отцепеното Приднестровје е наредена мобилизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/konfliktot-se-shiri-kon-moldavija-ukraina-tvrdi-deka-vo-otcepenoto-pridnestrovje-e-naredena-mobilizacija/ Sun, 03 Apr 2022 18:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=482718

Конфликтот во Украина е закана да се прошири во соседна Молдавија и во самопрогласената парадржава Придњестровје, која се наоѓа долж молдавско-украинската граница во близина на Одеса.

Како што пушува „Украинска правда“, повикувајќи се на локални воени извори и молдавски медиуми, забележано е прегрупирање на рускиот мировен контингент, како и на вооружените сили на Придњестровје, долж украинската граница во правец на Одеса, која се наоѓа на околу 180 километри од молдавската, односно придњестровската граница.

Рускиот воен контингент во таа самостојна молдавска провинција има 1.500 војници, а придњестровјската армија, според нивните податоци, има околу 7.500 војници, но и околу 80.000 резервисти, за кои, локалните медиуми опбјавуваат дека добиле повици за мобилизација.

Голем дел од жителите на Приднестровје имаат и руско државјанство и со тоа подлежат на руските воени закони. Поради тоа, официјален Киев не ја исклучува можноста тамошните сили да се ставени во готовност поради можни провокации и демонстративни активности долж границата, но и можноста за директоно вмешување во конфликтот во Украина, во случај на руски напад на Одеса, или како учесници или за да го „одвлекуваат вниманието“ на Украинските сили.

Западните аналитичари тврдат дека една од главните цели на рускиот напад на Украина била да се стигне до молдавската граница и „физички“ да се спои со Придњестровје, коешто е создадено уште пред распадот на СССР на почетокот на 1990-тите.

Властите во Приднестровје веќе неколку пати бараа признавање од Русија, а откако Владимир Путин ја призна независноста на Доњецк и Луганск, Тираспол повторно побара да се разгледа нивниот предлог официјална Москва прво да ги признае, а потоа да ги прими во состав на Русија.

По интервенцијата во Украина, западните земји веднаш ја посочија Молдавија (заедно со Грузија) како можна цел на плановите на Путин.  Веднаш на почетокот на конфликтот, молдавската претседателка Маја Санду побара од Брисел итна кандидатура за членство на Молдавија во ЕУ.

Молдавија најави дека не сака да влезе во НАТО и дека е подготвена да одржи неутрален статус по одредени безбедносни граници.

The post Конфликтот се шири кон Молдавија? Украина тврди дека во отцепеното Приднестровје е наредена мобилизација appeared first on Република.

]]>

Конфликтот во Украина е закана да се прошири во соседна Молдавија и во самопрогласената парадржава Придњестровје, која се наоѓа долж молдавско-украинската граница во близина на Одеса. Како што пушува „Украинска правда“, повикувајќи се на локални воени извори и молдавски медиуми, забележано е прегрупирање на рускиот мировен контингент, како и на вооружените сили на Придњестровје, долж украинската граница во правец на Одеса, која се наоѓа на околу 180 километри од молдавската, односно придњестровската граница. Рускиот воен контингент во таа самостојна молдавска провинција има 1.500 војници, а придњестровјската армија, според нивните податоци, има околу 7.500 војници, но и околу 80.000 резервисти, за кои, локалните медиуми опбјавуваат дека добиле повици за мобилизација. Голем дел од жителите на Приднестровје имаат и руско државјанство и со тоа подлежат на руските воени закони. Поради тоа, официјален Киев не ја исклучува можноста тамошните сили да се ставени во готовност поради можни провокации и демонстративни активности долж границата, но и можноста за директоно вмешување во конфликтот во Украина, во случај на руски напад на Одеса, или како учесници или за да го „одвлекуваат вниманието“ на Украинските сили. Западните аналитичари тврдат дека една од главните цели на рускиот напад на Украина била да се стигне до молдавската граница и „физички“ да се спои со Придњестровје, коешто е создадено уште пред распадот на СССР на почетокот на 1990-тите. Властите во Приднестровје веќе неколку пати бараа признавање од Русија, а откако Владимир Путин ја призна независноста на Доњецк и Луганск, Тираспол повторно побара да се разгледа нивниот предлог официјална Москва прво да ги признае, а потоа да ги прими во состав на Русија. По интервенцијата во Украина, западните земји веднаш ја посочија Молдавија (заедно со Грузија) како можна цел на плановите на Путин.  Веднаш на почетокот на конфликтот, молдавската претседателка Маја Санду побара од Брисел итна кандидатура за членство на Молдавија во ЕУ. Молдавија најави дека не сака да влезе во НАТО и дека е подготвена да одржи неутрален статус по одредени безбедносни граници.

The post Конфликтот се шири кон Молдавија? Украина тврди дека во отцепеното Приднестровје е наредена мобилизација appeared first on Република.

]]>