Презимето на розата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prezimeto-na-rozata/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 08:45:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Презимето на розата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prezimeto-na-rozata/ 32 32 Не е тешко да се поверува во љубов, кога си млад, вели Оливера Балашевиќ пред вечерашната изведба на „Презимето на розата“ во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ne-e-teshko-da-se-poveruva-vo-lubov-koga-si-mlad-veli-olivera-balashevik-pred-vecherashnata-izvedba-na-prezimeto-na-rozata-vo-mnt/ Fri, 15 Mar 2024 08:45:11 +0000 https://republika.mk/?p=755029

Не е тешко да се поверува во љубов, кога си млад, вели за „Република“ Оливера Балашевиќ, која вечерва на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот ќе ја изведе монобајката „Презимето на розата“.

Балашевиќ е и режисерка на „Презимето на розата“ која е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планетата двор“ (Планета двориште). Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството.

„Презимето на розата“ е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни.

По претставата во МНТ ќе има промоција на романот.

Шеесет и петгодишната Балашевиќ е и писателка и поранешна гимнастичарка, чиј сопруг беше легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во 2021. Со Ѓорѓе се запознале на снимањето на филмот „Поп Киро и поп Спиро“, имаат три деца и три внуци. Нивниот брак траеше четири децении, а Оливера активно учествуваше во работата на својот сопруг како продуцентка на неговите настапи. Во 1979 година Оливера, како тогашна репрезентативка на Југославија во гимнастика била поголема ѕвезда од Ѓорѓе, имала бројни признанија и медали во дури четири гимнастичарски дисциплини. Обезбедила и норма за учество на Летните олимписки игри, но, во име на љубовта решила да не патува за Москва 1980 година.

На прашањето кои настани го одбележаа нејзиниот живот и каква порака сака да испрати на публиката во Скопје, вели дека одговорот се крие во монобајката, па оној кој сака да дознае, треба да дојде да ја гледа претставата.

https://republika.mk/vesti/kultura/olimpiskata-norma-od-1979-godina-ja-zhrtvuvav-vo-ime-na-lubovta/

The post Не е тешко да се поверува во љубов, кога си млад, вели Оливера Балашевиќ пред вечерашната изведба на „Презимето на розата“ во МНТ appeared first on Република.

]]>

Не е тешко да се поверува во љубов, кога си млад, вели за „Република“ Оливера Балашевиќ, која вечерва на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот ќе ја изведе монобајката „Презимето на розата“. Балашевиќ е и режисерка на „Презимето на розата“ која е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планетата двор“ (Планета двориште). Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството. „Презимето на розата“ е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни. По претставата во МНТ ќе има промоција на романот. Шеесет и петгодишната Балашевиќ е и писателка и поранешна гимнастичарка, чиј сопруг беше легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во 2021. Со Ѓорѓе се запознале на снимањето на филмот „Поп Киро и поп Спиро“, имаат три деца и три внуци. Нивниот брак траеше четири децении, а Оливера активно учествуваше во работата на својот сопруг како продуцентка на неговите настапи. Во 1979 година Оливера, како тогашна репрезентативка на Југославија во гимнастика била поголема ѕвезда од Ѓорѓе, имала бројни признанија и медали во дури четири гимнастичарски дисциплини. Обезбедила и норма за учество на Летните олимписки игри, но, во име на љубовта решила да не патува за Москва 1980 година. На прашањето кои настани го одбележаа нејзиниот живот и каква порака сака да испрати на публиката во Скопје, вели дека одговорот се крие во монобајката, па оној кој сака да дознае, треба да дојде да ја гледа претставата. https://republika.mk/vesti/kultura/olimpiskata-norma-od-1979-godina-ja-zhrtvuvav-vo-ime-na-lubovta/

The post Не е тешко да се поверува во љубов, кога си млад, вели Оливера Балашевиќ пред вечерашната изведба на „Презимето на розата“ во МНТ appeared first on Република.

]]>