презиме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prezime/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 12:16:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png презиме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prezime/ 32 32 Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/kerkata-na-andhelina-dholi-i-bred-pit-ofitsijalno-se-otkazha-od-prezimeto-na-nejziniot-tatko/ Tue, 20 Aug 2024 12:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=808302

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, 18-годишната Шајло, официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко, пишува TMZ. Отсега па натаму, нејзиното име е само Шајло Џоли.

Во мај, Шајло поднела барање легално да се откаже од презимето на нејзиниот славен татко, откако тоа неофицијално го сториле нејзините сестри Захара и Вивиен. Но, поради грешка во судот, постапката траеше подолго, па рочиштето беше одложено во јули. Вчера се одржа ново рочиште и Шајло официјално го смени презимето во Џоли.

Шајло неодамна објави во Њујорк Тајмс дека се откажува од презимето на нејзиниот татко. Според законот во Калифорнија, лицето што го менува своето име мора да го објави барањето во локален дневен весник. Во исто време, тоa е првото дете на Бред Пит и Анџелина Џоли кое се откажа од врската со неговиот татко на суд.

Пит со години нема никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани својата мајка.

Според медиумите, Анџелина Џоли покрена постапка за развод од Бред Пит во 2016 година. Анџелина ги наведе непомирливите разлики како причина за барање развод и веднаш побара целосно старателство над децата. Тогаш нејзиниот адвокат Роберт Офер во изјава рече дека „одлуката на актерката е донесена за здравјето на семејството“. Бред изјави дека разводот го растажил, но сакал да ја заштити приватноста на своите деца.

Разводот на крајот беше финализиран во 2019 година, бидејќи дополнителните детали полека излегуваа. Излегува дека парот цело време бил во интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата, наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, со тоа што тој имал само права за посета.

Се вели дека двојката постигнала спогодба во 2018 година, кога адвокатката на Анџелина, Саманта Бли ДеЖан, за Ројтерс изјавила дека „договорот за старателство бил постигнат пред неколку недели и потпишан од двете страни и од судијата“. Сепак, правната битка продолжи до ден-денес, со различни пресврти.

 

The post Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко appeared first on Република.

]]>

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, 18-годишната Шајло, официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко, пишува TMZ. Отсега па натаму, нејзиното име е само Шајло Џоли. Во мај, Шајло поднела барање легално да се откаже од презимето на нејзиниот славен татко, откако тоа неофицијално го сториле нејзините сестри Захара и Вивиен. Но, поради грешка во судот, постапката траеше подолго, па рочиштето беше одложено во јули. Вчера се одржа ново рочиште и Шајло официјално го смени презимето во Џоли. Шајло неодамна објави во Њујорк Тајмс дека се откажува од презимето на нејзиниот татко. Според законот во Калифорнија, лицето што го менува своето име мора да го објави барањето во локален дневен весник. Во исто време, тоa е првото дете на Бред Пит и Анџелина Џоли кое се откажа од врската со неговиот татко на суд. Пит со години нема никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани својата мајка. Според медиумите, Анџелина Џоли покрена постапка за развод од Бред Пит во 2016 година. Анџелина ги наведе непомирливите разлики како причина за барање развод и веднаш побара целосно старателство над децата. Тогаш нејзиниот адвокат Роберт Офер во изјава рече дека „одлуката на актерката е донесена за здравјето на семејството“. Бред изјави дека разводот го растажил, но сакал да ја заштити приватноста на своите деца. Разводот на крајот беше финализиран во 2019 година, бидејќи дополнителните детали полека излегуваа. Излегува дека парот цело време бил во интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата, наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, со тоа што тој имал само права за посета. Се вели дека двојката постигнала спогодба во 2018 година, кога адвокатката на Анџелина, Саманта Бли ДеЖан, за Ројтерс изјавила дека „договорот за старателство бил постигнат пред неколку недели и потпишан од двете страни и од судијата“. Сепак, правната битка продолжи до ден-денес, со различни пресврти.  

The post Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко appeared first on Република.

]]>
Новороденчињата во Италија ќе ги добиват автоматски презимињата од таткото и мајката https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novorodenchinjata-vo-italija-kje-gi-dobivat-avtomatski-preziminjata-od-tatkoto-i-majkata/ Thu, 28 Apr 2022 07:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=494546

Новороденчињата во Италија повеќе нема автоматски да го добиваат презимето на нивниот татко, туку презимето на нивниот татко и мајка, одлучи Уставниот суд во Рим.

Досега во оваа медитеранска земја беше задолжително новороденчето да го добие презимето на таткото, доколку таткото го признал. Мајчиното презиме можело да се додаде на презимето на таткото со посебен поднесок од родителите.

Во Италија жените го задржуваат презимето и по бракот, што значи дека италијанските мајки досега во повеќето случаи имале презимиња поинакви од нивните деца.

Сепак, оваа правна норма ги прекршува членовите од италијанскиот устав, како и Европската конвенција за човекови права, се вели во пресудата на судот објавена во средата.

Родителите во иднина мора да бидат слободни да одлучат дали на своите деца ќе им дадат татково, мајчино или двојно презиме, одлучија судиите.

Предлог-законот со кој ќе се воведе оваа измена е веќе во парламентот. Во иднина, доколку родителите не се изјаснат поинаку, детето автоматски ќе ги добива двете презимиња.

Застапниците за промена на законот рекоа дека тоа е „историска пресуда“, „мала револуција“ и дополнителен чекор кон еднаквост меѓу мажите и жените.

The post Новороденчињата во Италија ќе ги добиват автоматски презимињата од таткото и мајката appeared first on Република.

]]>

Новороденчињата во Италија повеќе нема автоматски да го добиваат презимето на нивниот татко, туку презимето на нивниот татко и мајка, одлучи Уставниот суд во Рим. Досега во оваа медитеранска земја беше задолжително новороденчето да го добие презимето на таткото, доколку таткото го признал. Мајчиното презиме можело да се додаде на презимето на таткото со посебен поднесок од родителите. Во Италија жените го задржуваат презимето и по бракот, што значи дека италијанските мајки досега во повеќето случаи имале презимиња поинакви од нивните деца.
Сепак, оваа правна норма ги прекршува членовите од италијанскиот устав, како и Европската конвенција за човекови права, се вели во пресудата на судот објавена во средата.
Родителите во иднина мора да бидат слободни да одлучат дали на своите деца ќе им дадат татково, мајчино или двојно презиме, одлучија судиите. Предлог-законот со кој ќе се воведе оваа измена е веќе во парламентот. Во иднина, доколку родителите не се изјаснат поинаку, детето автоматски ќе ги добива двете презимиња. Застапниците за промена на законот рекоа дека тоа е „историска пресуда“, „мала револуција“ и дополнителен чекор кон еднаквост меѓу мажите и жените.

The post Новороденчињата во Италија ќе ги добиват автоматски презимињата од таткото и мајката appeared first on Република.

]]>
Се ожени најстариот син на Дејвид Бекам, го зел презимето на сопругата https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/se-ozeni-najstariot-sin-na-dejvid-bekam-go-zel-prezimeto-na-soprugata/ Sun, 10 Apr 2022 14:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=486259

Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа вчера на Флорида, а првите фотографии од младенците ќе бидат објавени во магазинот „Вог“.

Церемонијата се одржа на имотот на таткото на Никол, Нелсон во Палм Бич, чија вредност е 103 милиони долари.

Пелц двапати одлета во Рим за да проба венчаница, изработена од брендот Валентино.

На венчавката присуствуваа многу познати имиња, а некои од нив беа Серена Вилијамс, Гордон Ремзи, Ева Лонгорија, Марк Ентони, Мел Би, Том Брејди… Бруклин и Никола се одлучија за еврејска венчавка бидејќи невестата е со еврејско потекло.

Дедото на Бруклин од страна на таткото исто така бил Евреин. Младенците танцуваа на песната „Only Fools Rush In“ од легендарниот Елвис Присли.

Бруклин Бекам ќе го земе презимето на својата свршеница Никол Пелц како средно име за да ја покаже својата посветеност кон неа, пренесе „Дејли мејл“.

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам има 23 години, а неговата избраничка е четири години постара.

 

The post Се ожени најстариот син на Дејвид Бекам, го зел презимето на сопругата appeared first on Република.

]]>

Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа вчера на Флорида, а првите фотографии од младенците ќе бидат објавени во магазинот „Вог“. Церемонијата се одржа на имотот на таткото на Никол, Нелсон во Палм Бич, чија вредност е 103 милиони долари. Пелц двапати одлета во Рим за да проба венчаница, изработена од брендот Валентино. На венчавката присуствуваа многу познати имиња, а некои од нив беа Серена Вилијамс, Гордон Ремзи, Ева Лонгорија, Марк Ентони, Мел Би, Том Брејди… Бруклин и Никола се одлучија за еврејска венчавка бидејќи невестата е со еврејско потекло. Дедото на Бруклин од страна на таткото исто така бил Евреин. Младенците танцуваа на песната „Only Fools Rush In“ од легендарниот Елвис Присли. Бруклин Бекам ќе го земе презимето на својата свршеница Никол Пелц како средно име за да ја покаже својата посветеност кон неа, пренесе „Дејли мејл“. Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам има 23 години, а неговата избраничка е четири години постара.  

The post Се ожени најстариот син на Дејвид Бекам, го зел презимето на сопругата appeared first on Република.

]]>
Луис Хамилтон објави дека ќе си го промени името https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/luis-hamilton-objavi-deka-kje-si-go-promeni-imeto/ Tue, 15 Mar 2022 18:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=473246

Седумкратниот светски шампион во Фоирмула 1, Луис Хамилтон, наскоро нема веќе да биде познат по името со кое испиша историја во автомобилизмот. Англискиот возач најави дека е во процес на промена на името.

Навистина сум горд на моето презиме Хамилтон. Но, никој од вас сигурно не знае со сигурност дека презимето на мајка ми е Ларбалестир и јас ќе го ставам во моето презиме - најави Хамилтон за време на посетата на Дубаи Експо.

Тој не откри дали во иднина тој ќе биде Луис Ларбалестир или, пак, Луис Хамилтон-Ларбалестир, но тоа што е дефинитивно е дека моминското презиме на неговата мајка Кармен секогаш ќе се спомнува кога тој ќе буде именуван.

Не разбирам многу добро зошта кога луѓето се мажат, жената го губи презимето. Сакам да се појавувам со презимето на мајка ми. Се надевам дека се ќе се реши наскоро. Нема да биде за овој викенд, но работиме на тоа - возачот ги објаснува причините за својата одлука.

The post Луис Хамилтон објави дека ќе си го промени името appeared first on Република.

]]>

Седумкратниот светски шампион во Фоирмула 1, Луис Хамилтон, наскоро нема веќе да биде познат по името со кое испиша историја во автомобилизмот. Англискиот возач најави дека е во процес на промена на името.
Навистина сум горд на моето презиме Хамилтон. Но, никој од вас сигурно не знае со сигурност дека презимето на мајка ми е Ларбалестир и јас ќе го ставам во моето презиме - најави Хамилтон за време на посетата на Дубаи Експо.
Тој не откри дали во иднина тој ќе биде Луис Ларбалестир или, пак, Луис Хамилтон-Ларбалестир, но тоа што е дефинитивно е дека моминското презиме на неговата мајка Кармен секогаш ќе се спомнува кога тој ќе буде именуван.
Не разбирам многу добро зошта кога луѓето се мажат, жената го губи презимето. Сакам да се појавувам со презимето на мајка ми. Се надевам дека се ќе се реши наскоро. Нема да биде за овој викенд, но работиме на тоа - возачот ги објаснува причините за својата одлука.

The post Луис Хамилтон објави дека ќе си го промени името appeared first on Република.

]]>