презакажан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prezakazan/ За подобро да се разбереме Tue, 24 May 2022 17:22:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png презакажан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prezakazan/ 32 32 „Авалон“ го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18 јуни https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/avalon-go-prezakaza-koncertot-na-dajte-muzika-za-18-juni/ Tue, 24 May 2022 17:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=506456

Продукцијата „Авалон“ на својот профил на Фејсбук соопшти дека концертот на „Дајте музика“ е презакажан за 18 јуни, сабота, на стадионот на АРМ во Скопје.

Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на нов датум, 18. јуни,  сабота, на истата локација, стадион на АРМ во Скопје!
Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен, соопштија од „Авалон“.

Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06).

Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.

The post „Авалон“ го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18 јуни appeared first on Република.

]]>

Продукцијата „Авалон“ на својот профил на Фејсбук соопшти дека концертот на „Дајте музика“ е презакажан за 18 јуни, сабота, на стадионот на АРМ во Скопје.
Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на нов датум, 18. јуни,  сабота, на истата локација, стадион на АРМ во Скопје! Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен, соопштија од „Авалон“.
Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06). Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.

The post „Авалон“ го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18 јуни appeared first on Република.

]]>