превртено комбе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prevrteno-kombe/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 09:03:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png превртено комбе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prevrteno-kombe/ 32 32 Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zaginaa-rabotnitsi-od-veles-koi-se-vrakale-od-rabota-ke-se-veshtachi-kombeto/ Thu, 17 Oct 2024 09:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=827935

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.

Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на местото и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот, се вели во соопштението.

Во сообраќајката што се случи вчера попладне на автопатот Скопје - Велес, три лица загинаа, а пет беа повредени.

Станува збор за работници од Велес, кои се враќале од работното место во Скопје и патувале со организиран превоз од фирмата во која работеле.

Несреќата, како што соопшти МВР, е пријавена во 17:45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје - Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

Во СВР Скопје било пријавено дека синоќа во 17.35 часот на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти МВР.

Поради сообраќајката вчера попладне беа блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје - Велес. Сообраќајот беше во прекин од 17:45 часот и се пренасочуваше преку Петровец - Велес (по стариот пат), Миладиновци - Св.Николе - Велес - Штип.

The post Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.
Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на местото и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот, се вели во соопштението.
Во сообраќајката што се случи вчера попладне на автопатот Скопје - Велес, три лица загинаа, а пет беа повредени. Станува збор за работници од Велес, кои се враќале од работното место во Скопје и патувале со организиран превоз од фирмата во која работеле. Несреќата, како што соопшти МВР, е пријавена во 17:45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје - Велес, пред тунелот, се превртело комбе.