превозници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prevoznici/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 17:17:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png превозници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prevoznici/ 32 32 Владата ќе ја забрзува процедурата за добивање пасоши за професионалните превозници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ke-ja-zabrzuva-protsedurata-za-dobivane-pasoshi-za-profesionalnite-prevoznitsi/ Tue, 27 Feb 2024 17:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=749005

Превозниците кои вршат патнички товарен транспорт и од Министерството за транспорт и врски имаат сертификат за професионален возач може да извадат патна исправа приоритетно и по редовна цена. Владата на седница попладнево ја усвои информацијата на Министерството која, всушност, е иницијатива на здруженијата на транспортери кои на средба со министерот Благој Бочварски во петокот во Штип побараа да се забрза процесот за добивање пасоши за нивните членови.

Министерот Бочварски во изјава за МИА соопшти дека Владата на седница го задолжила Министерството за внатрешни работи кое веќе утре од Министерството за транспорт и врски ќе го добие списокот на возачи со сертификат кои немаат патна исправа. Здруженијата на транспортери, рече Бочварски, до нив доставиле список со 120 возачи – дел од нив веќе се во постапка за издавање пасош, а дел треба да ја почнат постапката.

-Изнаоѓаме решение како Влада за издавање патни исправи по брза лента со цел да излеземе во пресрет на оваа многу значајна дејност за државата, имајќи предвид дека околу 90 проценти од транспортот на товар во државата се врши по патниот сообраќај. Од транспортниот сектор многу зависи домашната економија и затоа сакаме да овозможиме транспортот да не трпи поради состојбата што во моментов ја имаме со патните исправи. Денеска го отворивме прашањето на Влада, по барањето на здруженијата на транспортери, разговаравме и Владата ја усвои таа информација и МВР се задолжи да ги забрза процедурите за професионалните возачи. Очекувам за десетина дена да биде завршена процедурата од започнување до издавање на патната исправа на возачите, изјави Бочварски и нагласи дека цената ќе биде за редовна постапка за возачите да не бидат оптоварени финансиски да плаќаат за итна постапка.

Посочи дека Министерството за транспорт и врски ќе биде во контакт со здруженијата на превозници доколку има потреба да се дополни списокот и ќе се координира со Министерството за внатрешни работи.

Во земјава има околу 16 000 возачи  со сертификат за професионален возач издаден од Министерството за транспорт и врски.

The post Владата ќе ја забрзува процедурата за добивање пасоши за професионалните превозници appeared first on Република.

]]>

Превозниците кои вршат патнички товарен транспорт и од Министерството за транспорт и врски имаат сертификат за професионален возач може да извадат патна исправа приоритетно и по редовна цена. Владата на седница попладнево ја усвои информацијата на Министерството која, всушност, е иницијатива на здруженијата на транспортери кои на средба со министерот Благој Бочварски во петокот во Штип побараа да се забрза процесот за добивање пасоши за нивните членови. Министерот Бочварски во изјава за МИА соопшти дека Владата на седница го задолжила Министерството за внатрешни работи кое веќе утре од Министерството за транспорт и врски ќе го добие списокот на возачи со сертификат кои немаат патна исправа. Здруженијата на транспортери, рече Бочварски, до нив доставиле список со 120 возачи – дел од нив веќе се во постапка за издавање пасош, а дел треба да ја почнат постапката.
-Изнаоѓаме решение како Влада за издавање патни исправи по брза лента со цел да излеземе во пресрет на оваа многу значајна дејност за државата, имајќи предвид дека околу 90 проценти од транспортот на товар во државата се врши по патниот сообраќај. Од транспортниот сектор многу зависи домашната економија и затоа сакаме да овозможиме транспортот да не трпи поради состојбата што во моментов ја имаме со патните исправи. Денеска го отворивме прашањето на Влада, по барањето на здруженијата на транспортери, разговаравме и Владата ја усвои таа информација и МВР се задолжи да ги забрза процедурите за професионалните возачи. Очекувам за десетина дена да биде завршена процедурата од започнување до издавање на патната исправа на возачите, изјави Бочварски и нагласи дека цената ќе биде за редовна постапка за возачите да не бидат оптоварени финансиски да плаќаат за итна постапка.
Посочи дека Министерството за транспорт и врски ќе биде во контакт со здруженијата на превозници доколку има потреба да се дополни списокот и ќе се координира со Министерството за внатрешни работи. Во земјава има околу 16 000 возачи  со сертификат за професионален возач издаден од Министерството за транспорт и врски.

The post Владата ќе ја забрзува процедурата за добивање пасоши за професионалните превозници appeared first on Република.

]]>
Пасошите за транспортерите и за превозниците ќе се издаваат на „брза лента“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pasoshite-za-transporterite-i-za-prevoznitsite-ke-se-izdavaat-na-brza-lenta/ Sat, 24 Feb 2024 10:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=747758

Транспортерите и превозниците од земјава што поседуваат сертификати за професионални возачи ќе можат по брза постапка да извадат патни исправи, истакна вчера Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски. Со тоа им се излегува во пресрет на барањата на транспортерите и превозниците.

– По барање на здруженијата обезбедуваме брза лента за издавање патни документи на сите транспортери и превозници што поседуваат сертификати за професионални возачи. Покажуваме посветеност и поддршка, бидејќи транспортната дејност е една од најзначајните гранки што учествуваат во домашниот БДП – вели Бочварски.

Тој истакна дека ќе биде оформен список на професионални возачи и со сертификат за професионален возач ќе биде доставен од Министерството за транспорт и врски, па потоа до МВР.

– Оние што треба да бидат повикани за фотографирање, веднаш ќе бидат фотографирани. Ова е од исклучително значење за економијата, која не смее да трпи. Не се работи за голем број, но колкав и да е бројот, Министерството ќе постапи веднаш и ќе ги испрати на обработка – изјави министерот Бочварски.

The post Пасошите за транспортерите и за превозниците ќе се издаваат на „брза лента“ appeared first on Република.

Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/asotsijatsiite-na-prevoznitsi-baraat-prioritet-za-izdavane-dokumenti/ Wed, 14 Feb 2024 10:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=743990

Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај „МАКАМ-ТРАНС“ и  „Превозник“ упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.

Како што истакнуваат, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока.

– Во однос на пасошите и возачките дозволи, се работи за поднесени барања од страна на физички лица кои за да се препознаат во масата на доставени барања треба да се овозможи преку асоцијациите и разните здружувања да се достават пишани списоци со податоци за истите, како би се овозможило полесно пронаоѓање и изработка на истите, велат асоцијациите на превозниците.

Додека, во однос на процедурите кои се пропишани за добивање на налепници и нови сообраќајни дозволи, како што дополнуваат, потребно е да се овозможи на сите кои вршат комерцијален превоз (превоз на стока и патници) истите да ги добиваат наеднаш за сите возила кои ги имаат во сопственост, а врз база на копии од сообраќајните дозволи да им се издадат нави со променет назив на државата.

– Ова наше барање го поткрепуваме со фактот дека, превозот во патниот сообраќај не може и не смее да се прекинува затоа што целото стопанство зависи од нив, особено што според статистички податоци превоз на стока во увоз и во 96 отсто случаи се врши преку патниот сообраќај и возилата се насекаде низ европскиот транспортен пазар, велат оттаму.

Дополнуваат дека превозниците од своја страна ќе си обезбедат доставување на налепниците и сообраќајните дозволи преку брза пошта, или со други превозници кои се во државата и ќе патуваат во правец на возилата кои се надвор од државата.

Асоцијациите испратиле допис и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кој бараат поддршка во однос на сите процедури кои во моментот се вршат, со цел да се даде приоритет на професионалните возачи и превозните трговски друштва.

The post Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи appeared first on Република.

]]>

Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај „МАКАМ-ТРАНС“ и  „Превозник“ упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.
 
Како што истакнуваат, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока. – Во однос на пасошите и возачките дозволи, се работи за поднесени барања од страна на физички лица кои за да се препознаат во масата на доставени барања треба да се овозможи преку асоцијациите и разните здружувања да се достават пишани списоци со податоци за истите, како би се овозможило полесно пронаоѓање и изработка на истите, велат асоцијациите на превозниците. Додека, во однос на процедурите кои се пропишани за добивање на налепници и нови сообраќајни дозволи, како што дополнуваат, потребно е да се овозможи на сите кои вршат комерцијален превоз (превоз на стока и патници) истите да ги добиваат наеднаш за сите возила кои ги имаат во сопственост, а врз база на копии од сообраќајните дозволи да им се издадат нави со променет назив на државата. – Ова наше барање го поткрепуваме со фактот дека, превозот во патниот сообраќај не може и не смее да се прекинува затоа што целото стопанство зависи од нив, особено што според статистички податоци превоз на стока во увоз и во 96 отсто случаи се врши преку патниот сообраќај и возилата се насекаде низ европскиот транспортен пазар, велат оттаму. Дополнуваат дека превозниците од своја страна ќе си обезбедат доставување на налепниците и сообраќајните дозволи преку брза пошта, или со други превозници кои се во државата и ќе патуваат во правец на возилата кои се надвор од државата. Асоцијациите испратиле допис и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кој бараат поддршка во однос на сите процедури кои во моментот се вршат, со цел да се даде приоритет на професионалните возачи и превозните трговски друштва.

The post Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи appeared first on Република.

]]>
„Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ не се добредојдени на повикот за избор на приватни превозници за Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sloboda-prevoz-i-makekspres-ne-se-dobredojdeni-na-povikot-za-izbor-na-privatni-prevoznitsi-za-skopje/ Mon, 06 Mar 2023 14:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=616496

Град Скопје распиша нов повик за приватните превозници во јавниот превоз. Од Градот информираа дека јавниот повик ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици. Повикот е изготвен со учество на новото координативно тело на превозниците, чии претставници истакнаа дека сакаат чесно, одговорно и транспарентно да ја вршат дејноста и да го почитуваат договорот за вршење јавен превоз, велат од Град Скопје.

На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој беше раскинат, кој предвидуваше забрана за учество доколку се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина. Град Скопје нема долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз. Градот Скопје конечно воведува ред во јавниот превоз на патници, согласно сите стандарди, при што новото координативно тело на превозниците покажа желба за соработка и прилагодување согласно стандардите со цел граѓаните да добијат квалитетен јавен превоз. За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови еко автобуси, велат од Град Скопје.

The post „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ не се добредојдени на повикот за избор на приватни превозници за Скопје appeared first on Република.

]]>

Град Скопје распиша нов повик за приватните превозници во јавниот превоз. Од Градот информираа дека јавниот повик ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици. Повикот е изготвен со учество на новото координативно тело на превозниците, чии претставници истакнаа дека сакаат чесно, одговорно и транспарентно да ја вршат дејноста и да го почитуваат договорот за вршење јавен превоз, велат од Град Скопје. На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој беше раскинат, кој предвидуваше забрана за учество доколку се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина. Град Скопје нема долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз. Градот Скопје конечно воведува ред во јавниот превоз на патници, согласно сите стандарди, при што новото координативно тело на превозниците покажа желба за соработка и прилагодување согласно стандардите со цел граѓаните да добијат квалитетен јавен превоз. За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови еко автобуси, велат од Град Скопје.

The post „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ не се добредојдени на повикот за избор на приватни превозници за Скопје appeared first on Република.

]]>
Нема точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, до четврток ќе има уште еден состанок https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-tochen-datum-koga-privatnite-prevoznitsi-ke-se-vratat-na-skopskite-ulitsi-do-chetvrtok-ke-ima-ushte-eden-sostanok/ Mon, 06 Feb 2023 12:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=605443

Речиси  четири часа приватните превозници преговараа со градоначалничката Данела Арсовска.

Останува на нас превозниците да се реформираме, да ги послушаме советите што ни се дадени, за да се вратиме на скопските улици. Сите насоки беа дека ќе се модернизира јавниот градски превоз, а ние ќе бидеме вклучени – рече претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, кои денеска беа на средба со градоначалничката Данела Арсовска.

Официјално не е ништо договорено, треба да пренесат на колегите од двете здруженија. Оваа недела ќе има уште најмалку еден состанок, за да се направат следните чекори.

Не може да се каже точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе има уште еден состанок за да се договорат деталите. Тие се надеваат дека сите приватни превозници ќе се вратат на линиите кои ги опслужуваа.

The post Нема точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, до четврток ќе има уште еден состанок appeared first on Република.

]]>

Речиси  четири часа приватните превозници преговараа со градоначалничката Данела Арсовска.
Останува на нас превозниците да се реформираме, да ги послушаме советите што ни се дадени, за да се вратиме на скопските улици. Сите насоки беа дека ќе се модернизира јавниот градски превоз, а ние ќе бидеме вклучени – рече претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, кои денеска беа на средба со градоначалничката Данела Арсовска.
Официјално не е ништо договорено, треба да пренесат на колегите од двете здруженија. Оваа недела ќе има уште најмалку еден состанок, за да се направат следните чекори. Не може да се каже точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе има уште еден состанок за да се договорат деталите. Тие се надеваат дека сите приватни превозници ќе се вратат на линиите кои ги опслужуваа.

The post Нема точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, до четврток ќе има уште еден состанок appeared first on Република.

]]>
Приватните превозници во понеделник на протест пред ЈСП, им префрлиле само 5.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-vo-ponedelnik-na-protest-pred-jsp-im-prefrlile-samo-5-000-denari/ Sat, 28 Jan 2023 20:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=602097

Приватните превозници во понеделник најавуваат протест пред седиштето на ЈСП Скопје во Автокоманда.

Според официјални информации на Телма, тие ќе протестираат пред управната зграда на компанија и ќе си ги бараат парите, бидејќи, како што велат, им префрлиле само 5.000 денари.

The post Приватните превозници во понеделник на протест пред ЈСП, им префрлиле само 5.000 денари appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници во понеделник најавуваат протест пред седиштето на ЈСП Скопје во Автокоманда. Според официјални информации на Телма, тие ќе протестираат пред управната зграда на компанија и ќе си ги бараат парите, бидејќи, како што велат, им префрлиле само 5.000 денари.

The post Приватните превозници во понеделник на протест пред ЈСП, им префрлиле само 5.000 денари appeared first on Република.

]]>
Ковачевски се смилостиви: Да ги добиеме информациите за долгот, па можно е да се сретнеме со превозниците во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-smilostivi-da-gi-dobieme-informaciite-za-dolgot-pa-mozno-e-da-se-sretneme-so-prevoznicite-vo-skopje/ Thu, 15 Dec 2022 13:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=585979

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека е можен евентуален состанок со претставниците на приватните автобуски превозници во Скопје. Ковачевски ја поздрави нивната одлука да ги тргнат автобусите од улиците на главниот град.

Можеме да организираме состанок со цел да видиме дали може да се помогне во определени сегменти, но откако ќе ги добиеме потребните информации, бидејќи, нагласувам, Владата нема информации за каков должничко-доверителски односи станува збор - рече Ковачевски.

За проблемот со јавниот превоз исклучива надлежност има Град Скопје, рече премиерот и потенцира дека со вицепремиерот Фатмир Битиќи е разговарано за евентуален состанок за да се согледа дали може да помогнат во некој сегмент.

Но најпрво треба да добиеме информации за проблемот. Како и да е, организирањето на јавниот превоз и во иднина е во надлежност на Градот, зашто во поглед на децентрализацијата нема да се враќаме назад 20 години - рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Во Скопје, повтори тој, власта ја имаше добиено ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше бесплатен автобуски превоз, дури и производство на електрични автобуси, но од тоа, посочи Ковачевски, нема ништо, туку се бара и помош од Владата.

Помогнавме со преземањето на парното греење во Скопје, зашто Градот се покажа неспособен. Сега доколку се бара истото да го направиме и со јавниот превоз, велам дека исклучива е надлежноста на Град Скопје, рече премиерот.

The post Ковачевски се смилостиви: Да ги добиеме информациите за долгот, па можно е да се сретнеме со превозниците во Скопје appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека е можен евентуален состанок со претставниците на приватните автобуски превозници во Скопје. Ковачевски ја поздрави нивната одлука да ги тргнат автобусите од улиците на главниот град.
Можеме да организираме состанок со цел да видиме дали може да се помогне во определени сегменти, но откако ќе ги добиеме потребните информации, бидејќи, нагласувам, Владата нема информации за каков должничко-доверителски односи станува збор - рече Ковачевски.
За проблемот со јавниот превоз исклучива надлежност има Град Скопје, рече премиерот и потенцира дека со вицепремиерот Фатмир Битиќи е разговарано за евентуален состанок за да се согледа дали може да помогнат во некој сегмент.
Но најпрво треба да добиеме информации за проблемот. Како и да е, организирањето на јавниот превоз и во иднина е во надлежност на Градот, зашто во поглед на децентрализацијата нема да се враќаме назад 20 години - рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.
Во Скопје, повтори тој, власта ја имаше добиено ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше бесплатен автобуски превоз, дури и производство на електрични автобуси, но од тоа, посочи Ковачевски, нема ништо, туку се бара и помош од Владата. Помогнавме со преземањето на парното греење во Скопје, зашто Градот се покажа неспособен. Сега доколку се бара истото да го направиме и со јавниот превоз, велам дека исклучива е надлежноста на Град Скопје, рече премиерот.

The post Ковачевски се смилостиви: Да ги добиеме информациите за долгот, па можно е да се сретнеме со превозниците во Скопје appeared first on Република.

]]>
Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prodolzuvaat-protestite-na-privatnite-avtobuski-prevoznici/ Thu, 08 Dec 2022 07:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=583173

Протестите на приватните автобуски превозници со блокади ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата, изјави за МИА Кемал Муриќ од „Слобода превоз“.

Тој додаде дека се останува исто, односно се додека нема некакво придвижување во состојбата ќе има блокади на неколку сообраќајни точки во главниот град.

Директорот на „Макекспрес превоз“ Милорад Димитријевски вчера преку писмено соопштение рече дека претпријатието не е организатор на протестите и апелираше политичките партии да не ги злоупотребуваат превозниците за препукувања и поени.

„Макекспрес превоз“ не е организатор на протестите и не знаеме до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираме политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени, се вели во соопштението на Димитријевски.

Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град. Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје.

Тие бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.

The post Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници appeared first on Република.

]]>

Протестите на приватните автобуски превозници со блокади ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата, изјави за МИА Кемал Муриќ од „Слобода превоз“. Тој додаде дека се останува исто, односно се додека нема некакво придвижување во состојбата ќе има блокади на неколку сообраќајни точки во главниот град. Директорот на „Макекспрес превоз“ Милорад Димитријевски вчера преку писмено соопштение рече дека претпријатието не е организатор на протестите и апелираше политичките партии да не ги злоупотребуваат превозниците за препукувања и поени. „Макекспрес превоз“ не е организатор на протестите и не знаеме до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираме политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени, се вели во соопштението на Димитријевски. Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град. Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје. Тие бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.

The post Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници appeared first on Република.

]]>
Владата објави нова алатка: Проверете дали компанијата со која се превезувате има соодветна лиценца https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-objavi-nova-alatka-proverete-dali-kompanijata-so-koja-se-prevezuvate-ima-soodvetna-licenca/ Sat, 12 Nov 2022 16:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=573069

Сите граѓани од денеска во реално време ќе можат да ги проверуваат превозниците во патниот сообраќај дали поседуваат лиценци и сите неправилности да ги пријавуваат до надлежните органи.

Ова е овзоможено со новиот јавен сервис http://etransport.mtc.gov.mk, кој денеска го презентираа министерот за транспорт и врски, Благој Бочвaрски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорката на Царинската управа, Славица Кутиров и директорот на Државниот транспортен инспекторат, Гајур Рушити.

Проверката се однесува само за превозниците кои вршат превоз на патници во меѓуопштинскиот и меѓународниот сообраќај. Пребарувањето и контролата може да се изврши преку впишување на името на компанијата или по бројот на регистарски таблички.

„Граѓаните заедно со државните институции ќе можат да бидат рамноправен контролор на терен. Ова го правиме за да го подобриме системот на контрола и да овозможиме подобар, побрз и поефикасен транспорт. Заеднички ја изработивме веб платформата etransport.mtc.gov.mk, за да го подигнеме нивото на услуги за граѓаните и да се избориме против оние кои се дрзнуваат да фалисфикуваат документите. Превозот мора да биде на виско ниво”, – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Институциите ги потпишаа и договорите за соработка со што се овозможува меѓусебна размена на податоци како една значајна системска мерка за поефикасна контрола во патничкиот и товарниот транспорт.

„За нас како Министерството за внатрешни работи секоја нова иницијатива што има за цел стриктно почитување на законите, и поголема сигурност и безбедност на граѓаните, е добредојдена, и безусловно прифатлива. Како дополнителен аргумент во институционалната решителност за севкупно подобрување на нормативните и други стандарди во патничкиот транспорт и транспортот на стоки, е и денешнава промоција на веб страницата www.etransport.mtc.gov.mk, не само како логичен туку и логистички инструмент на потпишаниот Договор за соработка, туку и во контекст на приоритетните заложби на Владата на Република Македонија и на министерствата за транспарентно, отчетно и одговорно работење, кое што целосно и во континуитет ќе биде ставено на увид на граѓаните“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Во текот на оваа година, Царинската управа заедно со Министерството за транспорт и врски интензивно работеше на надградба на системите на двете институции и нивно поврзување преку платформата за интероперабилност. Како резултат на овој развој, креирани се нови сервиси кои на царинските службеници на граничните премини им овозможуваат во реално време да вршат проверка на веродостојноста на приложените документи, односно на изводот од лиценца за возилата и сертификатите на возачите, дирекно во базите на податоци во системите на Министерството за транспорт и врски. Поврзувањето на двете институции и користењето на овој сервис, претставува голем чекор напред кон спречување на нелегални активности на сите учесници во прекуграничниот сообраќај“, изјави директорката на Царинската управа, Славица Кутиров.

„Со овој електронски пристап Државниот инспекторат за транспорт ќе добие една многу важна алатка која ќе придонесе за поефикасно, подобро и поквалитетно вршење на инспекцискиот надзор, при што инспекциските надзори ќе бидат со пократко време на траење на цела територија на државата. Едноставно со овој договор граѓаните ќе бидат поинформирани и нема да се чека на контролните пунктови за тоа дали превозниците поседуваат или не поседуваат соодветни лиценци за вршење н превоз на патници и стока“, изјави директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Гајур Рушити.

The post Владата објави нова алатка: Проверете дали компанијата со која се превезувате има соодветна лиценца appeared first on Република.

]]>

Сите граѓани од денеска во реално време ќе можат да ги проверуваат превозниците во патниот сообраќај дали поседуваат лиценци и сите неправилности да ги пријавуваат до надлежните органи. Ова е овзоможено со новиот јавен сервис http://etransport.mtc.gov.mk, кој денеска го презентираа министерот за транспорт и врски, Благој Бочвaрски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорката на Царинската управа, Славица Кутиров и директорот на Државниот транспортен инспекторат, Гајур Рушити. Проверката се однесува само за превозниците кои вршат превоз на патници во меѓуопштинскиот и меѓународниот сообраќај. Пребарувањето и контролата може да се изврши преку впишување на името на компанијата или по бројот на регистарски таблички.
„Граѓаните заедно со државните институции ќе можат да бидат рамноправен контролор на терен. Ова го правиме за да го подобриме системот на контрола и да овозможиме подобар, побрз и поефикасен транспорт. Заеднички ја изработивме веб платформата etransport.mtc.gov.mk, за да го подигнеме нивото на услуги за граѓаните и да се избориме против оние кои се дрзнуваат да фалисфикуваат документите. Превозот мора да биде на виско ниво”, – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Институциите ги потпишаа и договорите за соработка со што се овозможува меѓусебна размена на податоци како една значајна системска мерка за поефикасна контрола во патничкиот и товарниот транспорт.
„За нас како Министерството за внатрешни работи секоја нова иницијатива што има за цел стриктно почитување на законите, и поголема сигурност и безбедност на граѓаните, е добредојдена, и безусловно прифатлива. Како дополнителен аргумент во институционалната решителност за севкупно подобрување на нормативните и други стандарди во патничкиот транспорт и транспортот на стоки, е и денешнава промоција на веб страницата www.etransport.mtc.gov.mk, не само како логичен туку и логистички инструмент на потпишаниот Договор за соработка, туку и во контекст на приоритетните заложби на Владата на Република Македонија и на министерствата за транспарентно, отчетно и одговорно работење, кое што целосно и во континуитет ќе биде ставено на увид на граѓаните“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Во текот на оваа година, Царинската управа заедно со Министерството за транспорт и врски интензивно работеше на надградба на системите на двете институции и нивно поврзување преку платформата за интероперабилност. Како резултат на овој развој, креирани се нови сервиси кои на царинските службеници на граничните премини им овозможуваат во реално време да вршат проверка на веродостојноста на приложените документи, односно на изводот од лиценца за возилата и сертификатите на возачите, дирекно во базите на податоци во системите на Министерството за транспорт и врски. Поврзувањето на двете институции и користењето на овој сервис, претставува голем чекор напред кон спречување на нелегални активности на сите учесници во прекуграничниот сообраќај“, изјави директорката на Царинската управа, Славица Кутиров.
„Со овој електронски пристап Државниот инспекторат за транспорт ќе добие една многу важна алатка која ќе придонесе за поефикасно, подобро и поквалитетно вршење на инспекцискиот надзор, при што инспекциските надзори ќе бидат со пократко време на траење на цела територија на државата. Едноставно со овој договор граѓаните ќе бидат поинформирани и нема да се чека на контролните пунктови за тоа дали превозниците поседуваат или не поседуваат соодветни лиценци за вршење н превоз на патници и стока“, изјави директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Гајур Рушити.

The post Владата објави нова алатка: Проверете дали компанијата со која се превезувате има соодветна лиценца appeared first on Република.

]]>
Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе може да се врши без дозволи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prevozot-na-stoka-megju-makedonija-i-ukraina-kje-moze-da-se-vrshi-bez-dozvoli/ Tue, 23 Aug 2022 20:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=543410

Владата ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.

На владината седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји - информира владината прес-служба.

Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови и гориво кон крајните потрошувачи.

The post Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе може да се врши без дозволи appeared first on Република.