превоз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prevoz/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 13:16:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png превоз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prevoz/ 32 32 Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-sproveduvame-proekti-shto-ke-ja-olesnat-rabotatata-na-prevoznitsite/ Thu, 26 Sep 2024 13:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=819906

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, денес присуствуваше на традиционална средба со превозниците во организација на Асоцијацијата Макам-Транс.

Во своето обраќање пред присутните, Николовски ја поздрави добрата соработка со Макам – Транс и со останатите Стопански комори и асоцијации, што неодамна беше потврдена на состанокот за реактивирање на Советодавното тело во Царинската управа. Исто така, информираше за неколку тековни проекти што значително ќе ја олеснат работатата на превозниците.

Воведувањето на Системот за видео надзор и препознавање на таблички, автоматски ќе алармира кога одредена лента на граничен премин е преоптоварена и ќе овозможи брза реакција и намалување на времето за чекање на граница. Во тек е воведување на телесни камери за царинските службеници, со цел дополнително следење на завршување на постапките и контролите, а со тоа намалување на корупцијата. Интензивно се работи на започнување на проект за Автоматизација на терминалите, којшто вклучува целосна замена на постоечките ваги и рампи со нови дигитални ваги и автоматизирани рампи, а во тек се реконструкции на повеќе гранични премини. Усогласени се смените со Агенција за храна и ветеринарство, што за превозниците значи значително забрзување на протокот на стоки на клучните гранични премини - истакна тој.

Од август оваа година воспоствен е директен линк на модулот на Макам-Транс за пријавување мито, корупција и мигранти со Царинскиот дежурен оперативен центар, што овозмува да се реагира во реално време и да се спречат коруптивни појави и недозволени дејства.

Директорот Николовски истакна дека очекува соработката со економските оператори да се одвива во континуитет, со посветеност и разбирање на сите нивоа од страна на Царинска управа и од страна на стопанството.

На настанот свое обраќање имаа и генералниот секретар на Макам – Транс Биљана Муратовска, заменик министер за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири и директорката на Консалтинг за стратешки развој Кристина Хаџи Василева.

The post Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците appeared first on Република.

]]>

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, денес присуствуваше на традиционална средба со превозниците во организација на Асоцијацијата Макам-Транс. Во своето обраќање пред присутните, Николовски ја поздрави добрата соработка со Макам – Транс и со останатите Стопански комори и асоцијации, што неодамна беше потврдена на состанокот за реактивирање на Советодавното тело во Царинската управа. Исто така, информираше за неколку тековни проекти што значително ќе ја олеснат работатата на превозниците.
Воведувањето на Системот за видео надзор и препознавање на таблички, автоматски ќе алармира кога одредена лента на граничен премин е преоптоварена и ќе овозможи брза реакција и намалување на времето за чекање на граница. Во тек е воведување на телесни камери за царинските службеници, со цел дополнително следење на завршување на постапките и контролите, а со тоа намалување на корупцијата. Интензивно се работи на започнување на проект за Автоматизација на терминалите, којшто вклучува целосна замена на постоечките ваги и рампи со нови дигитални ваги и автоматизирани рампи, а во тек се реконструкции на повеќе гранични премини. Усогласени се смените со Агенција за храна и ветеринарство, што за превозниците значи значително забрзување на протокот на стоки на клучните гранични премини - истакна тој.
Од август оваа година воспоствен е директен линк на модулот на Макам-Транс за пријавување мито, корупција и мигранти со Царинскиот дежурен оперативен центар, што овозмува да се реагира во реално време и да се спречат коруптивни појави и недозволени дејства. Директорот Николовски истакна дека очекува соработката со економските оператори да се одвива во континуитет, со посветеност и разбирање на сите нивоа од страна на Царинска управа и од страна на стопанството. На настанот свое обраќање имаа и генералниот секретар на Макам – Транс Биљана Муратовска, заменик министер за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири и директорката на Консалтинг за стратешки развој Кристина Хаџи Василева.

The post Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците appeared first on Република.

]]>
Откриени две комбиња што превезувале патници без лиценци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/otkrieni-dve-kombina-shto-prevezuvale-patnitsi-bez-litsentsi/ Sat, 14 Sep 2024 11:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=816292

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при граничната полиција утринава околу 4:40 часот на наплатната рампа Романовце во два одвоени случаи открија вршење на превоз на патници без поседување соодветна лиценца.

Во двата случаи, како што информира МВР, сопрени се две патнички моторни возила (комби) „фолксфаген крафтер“ со струмички регистарски ознаки, првото сопственост на Р.Р. од Струмица, а управувано од страна на П.Љ. од Струмица, а второто сопственост на Р.Ј. од Струмица, а управувано од страна на Ч.Ѓ. од Струмица.

Притоа, од извршените контроли на возилата утврдено е дека вршеле превоз на патници без лиценца од нашата држава до Италија, по што од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна на возачите им е изречена глоба во износ од по 500 евра, сообраќајните дозволи им се привремено одземени, а возилата биле исклучени од сообраќај, соопшти МВР.

The post Откриени две комбиња што превезувале патници без лиценци appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при граничната полиција утринава околу 4:40 часот на наплатната рампа Романовце во два одвоени случаи открија вршење на превоз на патници без поседување соодветна лиценца. Во двата случаи, како што информира МВР, сопрени се две патнички моторни возила (комби) „фолксфаген крафтер“ со струмички регистарски ознаки, првото сопственост на Р.Р. од Струмица, а управувано од страна на П.Љ. од Струмица, а второто сопственост на Р.Ј. од Струмица, а управувано од страна на Ч.Ѓ. од Струмица. Притоа, од извршените контроли на возилата утврдено е дека вршеле превоз на патници без лиценца од нашата држава до Италија, по што од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна на возачите им е изречена глоба во износ од по 500 евра, сообраќајните дозволи им се привремено одземени, а возилата биле исклучени од сообраќај, соопшти МВР.

The post Откриени две комбиња што превезувале патници без лиценци appeared first on Република.

]]>
Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozach-od-strumichko-vrshel-javen-prevoz-na-patnitsi-bez-litsentsa/ Wed, 07 Aug 2024 14:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=804274

Полицијата денеска открила возило што врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган, управувано од возачот А.С. од струмичкото село Босилово, а во  сопственост на Н.Т..

Како што информира МВР, се работи за возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки кое било запрено денеска во 10.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон Куманово.

Контролата ја извршиле полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции.

За случајот бил  известен Државниот инспекторат за транспорт и врски кој, како што наведува МВР во соопштението, на возачот му издал записник за извршен инспекциски надзор, му ја одзел сообраќајната дозвола, издал решение за исклучување од сообраќај и прекршочен платен налог.

The post Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца appeared first on Република.

]]>

Полицијата денеска открила возило што врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган, управувано од возачот А.С. од струмичкото село Босилово, а во  сопственост на Н.Т.. Како што информира МВР, се работи за возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки кое било запрено денеска во 10.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон Куманово. Контролата ја извршиле полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции. За случајот бил  известен Државниот инспекторат за транспорт и врски кој, како што наведува МВР во соопштението, на возачот му издал записник за извршен инспекциски надзор, му ја одзел сообраќајната дозвола, издал решение за исклучување од сообраќај и прекршочен платен налог.

The post Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца appeared first on Република.

]]>
Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/transportirano-bolno-litse-od-ungarija-do-makedonija-so-meditsinski-helikopter/ Tue, 16 Apr 2024 12:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=766744

Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице за понатамошна подолготрајна нега.

Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице, македонски државјанин, којшто бил професионален возач и во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во индуцирана – вештачка кома во Унгарија, во градот (Szeged).

Во телефонскиот контакт со ќерката на болното лице, беше добиена информација дека било стапено, од нејзина страна, со надлежните медицински установи во Македонија, од каде што и посочиле дека е потребен безбеден транспорт и интензивна подолготрајна нега.

Притоа, на барањето е одговрено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска.

Ова е дел од активностите при што државните водухопловни ресурси, во случајот полициските хеликоптери, со мали модификации и опремување со специфична опрема, се употребуваат повеќенаменски, односно покрај за гаснење пожари сега се употребуваат и за медицински транспорт.

Припадниците на Хеликоптерската единица на МВР, е евидентно дека покажуваат високо ниво на храброст и вештина при гаснењето на пожарите на отворено, а сега и голема вештина за безбеден транспорт на болни граѓани на големи растојанија.

The post Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер appeared first on Република.

]]>

Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице за понатамошна подолготрајна нега. Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице, македонски државјанин, којшто бил професионален возач и во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во индуцирана – вештачка кома во Унгарија, во градот (Szeged). Во телефонскиот контакт со ќерката на болното лице, беше добиена информација дека било стапено, од нејзина страна, со надлежните медицински установи во Македонија, од каде што и посочиле дека е потребен безбеден транспорт и интензивна подолготрајна нега. Притоа, на барањето е одговрено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска. Ова е дел од активностите при што државните водухопловни ресурси, во случајот полициските хеликоптери, со мали модификации и опремување со специфична опрема, се употребуваат повеќенаменски, односно покрај за гаснење пожари сега се употребуваат и за медицински транспорт. Припадниците на Хеликоптерската единица на МВР, е евидентно дека покажуваат високо ниво на храброст и вештина при гаснењето на пожарите на отворено, а сега и голема вештина за безбеден транспорт на болни граѓани на големи растојанија.

The post Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер appeared first on Република.

]]>
Бруцошите имаат право на бесплатен превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/brutsoshite-imaat-pravo-na-besplaten-prevoz/ Mon, 18 Sep 2023 11:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=682883

Во пресрет на почеток на академската 2023/2024 година, потсетуваме дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.

Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот.

Потребни документи:

• Потврда за редовен студент (не постара од еден месец)
• Оригинал индекс и лична карта на увид
• 200 ден (еднократен надомест) за изработка на електронска персонализирана картичка „Скопска“

На бруцошите билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година (2024 год).

Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.

За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страната на претпријатието facebook.com/jspskopjee.

Потсетуваме дека единствено „Скопска“ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет.

Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично.

The post Бруцошите имаат право на бесплатен превоз appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на почеток на академската 2023/2024 година, потсетуваме дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста. Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот. Потребни документи: • Потврда за редовен студент (не постара од еден месец) • Оригинал индекс и лична карта на увид • 200 ден (еднократен надомест) за изработка на електронска персонализирана картичка „Скопска“ На бруцошите билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година (2024 год). Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа. За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страната на претпријатието facebook.com/jspskopjee. Потсетуваме дека единствено „Скопска“ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично.

The post Бруцошите имаат право на бесплатен превоз appeared first on Република.

]]>
Средношколците бесплатнo ќе се возат и за време на претстојниот летниот распуст https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/srednoshkoltsite-imaat-pravo-na-besplaten-prevoz-i-za-vreme-na-pretstojniot-letniot-raspust/ Fri, 09 Jun 2023 11:17:00 +0000 https://republika.mk/?p=649600

Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст, информираат од Град Скопје.

Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“.

Инаку, од понеделник (12.06.2023 год) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред.

The post Средношколците бесплатнo ќе се возат и за време на претстојниот летниот распуст appeared first on Република.

]]>

Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст, информираат од Град Скопје. Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“. Инаку, од понеделник (12.06.2023 год) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред.

The post Средношколците бесплатнo ќе се возат и за време на претстојниот летниот распуст appeared first on Република.

]]>
МВР: 84 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 26 возила се упатени на вонреден технички преглед https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-84-sankcii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenici-26-vozila-se-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/ Sat, 29 Oct 2022 10:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=567090

Во текот на вчерашниот ден (28.10.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата приведени се две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, одземен е боксирач, а констатирани се и 84 сообраќајни прекршоци. Од нив 26 возила се испратени на вонреден технички преглед , а изречени се пет санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

The post МВР: 84 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 26 возила се упатени на вонреден технички преглед appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден (28.10.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата приведени се две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, одземен е боксирач, а констатирани се и 84 сообраќајни прекршоци. Од нив 26 возила се испратени на вонреден технички преглед , а изречени се пет санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

The post МВР: 84 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 26 возила се упатени на вонреден технички преглед appeared first on Република.

]]>
Ганиу: Учениците од Визбегово од понеделник без превоз, Општина Чаир веќе не може да им го финансира https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ganiu-uchenicite-od-vizbegovo-od-ponedelnik-bez-prevoz-opshtina-chair-vekje-ne-moze-da-im-go-finansira/ Fri, 28 Oct 2022 12:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=566833

Во услови на економско-енергетска криза, Општина Чаир веќе не е во можност да го финансира превозот на речиси 500 ученици од други општини кои учат во училиштата на територијата на Чаир.

Меѓу нив се и ученици од населба Визбегово во општина Бутел, за кои минатата година двете општини договориле да ги поделат трошоците, но, како што рече градоначалникот Висар Ганиу, општина Бутел не се придржува на договорот и не му префрла пари на Јавното сообраќајно претпријатие.

Со постојани молби, претпријатието досега не го прекинувало превозот,  но состојбата, рече Ганиу, кулминирала и од понеделник учениците од Визбегово нема да имаат обезбеден превоз.

Превозот на учениците што доаѓаат да учат во Чаир, оваа општина го плаќа од сопствени средства. Според Ганиу, се работи за  6 милиони денари за секоја година и тоа ја продлабочило состојбата со долговите што ги имаат кон други оператори.

Во последнава недела бевме под постојан притисок од Јавното сообраќајно претпријатие, и со право, кое бара да платиме за превоз на децата од населба Визбегово од Општина Бутел. Со таа општина пред една година потпишавме договор, и го објавивме во сите медиуми, и првпат заеднички ги поделивме трошоците за превоз на овие ученици. Но, општина Бутел не се придржа до овој договор и не извршила никаква исплата кон претпријатието, рече Ганиу на прес-конференција.

И покрај тоа што Општина Чаир нема законска обврска да обезбеди образование за учениците кои немаат училишта на мајчин јазик во нивните населби, сепак, како што рече, од морална обврска не оставиле ниту едно дете без школување. 

Над 6 милиони денари за една година плаќаме за школувањето на овие ученици, поточно за нивниот превоз. Навреме се известени сите надлежни државни институции и побаравме зголемување на блок-дотациите, но одговор досега не добивме, рече Ганиу

The post Ганиу: Учениците од Визбегово од понеделник без превоз, Општина Чаир веќе не може да им го финансира appeared first on Република.

]]>

Во услови на економско-енергетска криза, Општина Чаир веќе не е во можност да го финансира превозот на речиси 500 ученици од други општини кои учат во училиштата на територијата на Чаир. Меѓу нив се и ученици од населба Визбегово во општина Бутел, за кои минатата година двете општини договориле да ги поделат трошоците, но, како што рече градоначалникот Висар Ганиу, општина Бутел не се придржува на договорот и не му префрла пари на Јавното сообраќајно претпријатие. Со постојани молби, претпријатието досега не го прекинувало превозот,  но состојбата, рече Ганиу, кулминирала и од понеделник учениците од Визбегово нема да имаат обезбеден превоз. Превозот на учениците што доаѓаат да учат во Чаир, оваа општина го плаќа од сопствени средства. Според Ганиу, се работи за  6 милиони денари за секоја година и тоа ја продлабочило состојбата со долговите што ги имаат кон други оператори.
Во последнава недела бевме под постојан притисок од Јавното сообраќајно претпријатие, и со право, кое бара да платиме за превоз на децата од населба Визбегово од Општина Бутел. Со таа општина пред една година потпишавме договор, и го објавивме во сите медиуми, и првпат заеднички ги поделивме трошоците за превоз на овие ученици. Но, општина Бутел не се придржа до овој договор и не извршила никаква исплата кон претпријатието, рече Ганиу на прес-конференција.
И покрај тоа што Општина Чаир нема законска обврска да обезбеди образование за учениците кои немаат училишта на мајчин јазик во нивните населби, сепак, како што рече, од морална обврска не оставиле ниту едно дете без школување. 
Над 6 милиони денари за една година плаќаме за школувањето на овие ученици, поточно за нивниот превоз. Навреме се известени сите надлежни државни институции и побаравме зголемување на блок-дотациите, но одговор досега не добивме, рече Ганиу

The post Ганиу: Учениците од Визбегово од понеделник без превоз, Општина Чаир веќе не може да им го финансира appeared first on Република.

]]>
Костовски: Општина Бутел обезбедува бесплатен превоз за сите стари и изнемоштени лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-opshtina-butel-obezbeduva-besplaten-prevoz-za-site-stari-i-iznemoshteni-lica/ Wed, 19 Oct 2022 19:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=563297

🚘 ОПШТИНА БУТЕЛ ОБЕЗБЕДУВА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА СИТЕ СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА‼️

Поради вонредната и новонастаната ситуација со прекинот на градскиот превозот поради штрајкот во ЈСП, Општина Бутел своите општински возила ги става на располагање на сите стари и изнемоштени лица кои имаат итни и неодложни алтивности во центарот на Град Скопје, напиша Костовски на својот фб профил

За превоз може да се јаите на 075274421 во периодот од 08:00 до 16:30.

Се надеваме оваа ситуација нема да трае долго и ќе се изнајде решение. Доколку продолжи Општина Бутел заедно со општествено одговорни компании ќе понуди дополнителни решенија за да помогне на граѓаните на општина Бутел, напиша тој.

The post Костовски: Општина Бутел обезбедува бесплатен превоз за сите стари и изнемоштени лица appeared first on Република.

Нема да дозволиме Скопје да остане без јавен превоз: Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара вонредна седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-da-dozvolime-skopje-da-ostane-bez-javen-prevoz-sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-vo-grad-skopje-bara-vonredna-sednica/ Tue, 18 Oct 2022 11:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=562504

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје бара вонредна седница на Советот по случувањата со јавниот превоз во главниот град.

Очигледно дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарање скопјани може да останат без јавен превоз. Ете така изгледа кога коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ кохабитираат за Скопје.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неспособното и неодговорно однесување на владата, град Скопје, градоначалничката и раководството на ЈСП да ги остави граѓаните, студентите, учениците, пензионерите без јавен превоз и како советничка група бараме итна вонредна седница за спас на јавниот превоз, каде ќе доставиме одлука за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници, се вели во нивното соопштение.

The post Нема да дозволиме Скопје да остане без јавен превоз: Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара вонредна седница appeared first on Република.

]]>

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје бара вонредна седница на Советот по случувањата со јавниот превоз во главниот град.
Очигледно дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарање скопјани може да останат без јавен превоз. Ете така изгледа кога коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ кохабитираат за Скопје.   Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неспособното и неодговорно однесување на владата, град Скопје, градоначалничката и раководството на ЈСП да ги остави граѓаните, студентите, учениците, пензионерите без јавен превоз и како советничка група бараме итна вонредна седница за спас на јавниот превоз, каде ќе доставиме одлука за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници, се вели во нивното соопштение.

The post Нема да дозволиме Скопје да остане без јавен превоз: Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара вонредна седница appeared first on Република.

]]>
30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 23 на вонреден технички преглед https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/30-sankcii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenici-23-na-vonreden-tehnichki-pregled/ Mon, 17 Oct 2022 16:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=562196

Во понеделникот во периодот од 6 до 10 часот на територијата земјата спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата констатирани се 30 прекршоци. Од нив 23 возила се упатени на вонреден технички преглед, исклучени од сообраќај се пет возила кои вршат јавен превоз.

Изречени се четири санкции за возење без возачка дозвола, три мерки за технички неисправни возила.

The post 30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 23 на вонреден технички преглед appeared first on Република.

]]>

Во понеделникот во периодот од 6 до 10 часот на територијата земјата спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 30 прекршоци. Од нив 23 возила се упатени на вонреден технички преглед, исклучени од сообраќај се пет возила кои вршат јавен превоз. Изречени се четири санкции за возење без возачка дозвола, три мерки за технички неисправни возила.

The post 30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 23 на вонреден технички преглед appeared first on Република.

]]>
Со автобус и комби без дозвола се вршел меѓународен превоз на патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-avtobus-i-kombi-bez-dozvola-se-vrshel-megjunaroden-prevoz-na-patnici/ Fri, 26 Aug 2022 08:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=544304

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце вчера при контрола утврдиле дека со автобус и комби кои немале соодветна документација се вршел меѓународен превоз на патници.
При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57) од с.Визбегово, скопско и комби со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, информираат од МВР.

Од Министерството додаваат дека од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции.

The post Со автобус и комби без дозвола се вршел меѓународен превоз на патници appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце вчера при контрола утврдиле дека со автобус и комби кои немале соодветна документација се вршел меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57) од с.Визбегово, скопско и комби со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, информираат од МВР. Од Министерството додаваат дека од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции.

The post Со автобус и комби без дозвола се вршел меѓународен превоз на патници appeared first on Република.

]]>
Германските железници почнуваат со превозот на украинското жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskite-zeleznici-pochnuvaat-so-prevozot-na-ukrainskoto-zito/ Thu, 21 Jul 2022 08:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=531666

Возовите натоварени со помош веќе тргнуваат од Германија за Украина, а ќе се враќаат натоварени со жито. Германските национални железници Дојче Бан планираат да започнат со превоз на товарните возови за транспорт на украински извоз на жито до германските пристаништа за утовар на бродови, објави компанијата.

Зрното ќе се носи со железница до германските пристаништа, вклучувајќи ги Росток, Хамбург и Брејк, според Дојче Бан. Детали за капацитетот не се дадени, но планирани се неколку возови неделно, кои главно ќе го соберат украинското жито во Романија.

Украинскиот земјоделски извоз беше околу 2,5 милиони тони во јуни, во однос на околу шест милиони тони жито месечно, пред Русија да ја нападне земјата во февруари оваа година.

Агенциите на ОН предупредија дека недостатигот на украинско жито, кое обично оди на Блискиот Исток и во Африка, се заканува со глад и масовна миграција од „невидени размери“. Поголемиот дел од тековниот извоз на жито од Украина се преместува со камиони и со речни чамци во соседните земји, вклучително во Романија и во Полска, за утовар на океански бродови. Сепак, поради различните големини на шините на украинските железници, повеќето возови на ЕУ не можат да се користат во Украина.

Украина итно треба да го извезе житото, бидејќи новата жетва започнува летово, а земјоделците се соочуваат со недостиг на капацитет за складирање, со надеж дека разговорите за воспоставување безбеден коридор на Црното Море за украинскиот извоз би можеле да продолжат оваа недела, пренесува Ројтерс.

The post Германските железници почнуваат со превозот на украинското жито appeared first on Република.

]]>

Возовите натоварени со помош веќе тргнуваат од Германија за Украина, а ќе се враќаат натоварени со жито. Германските национални железници Дојче Бан планираат да започнат со превоз на товарните возови за транспорт на украински извоз на жито до германските пристаништа за утовар на бродови, објави компанијата. Зрното ќе се носи со железница до германските пристаништа, вклучувајќи ги Росток, Хамбург и Брејк, според Дојче Бан. Детали за капацитетот не се дадени, но планирани се неколку возови неделно, кои главно ќе го соберат украинското жито во Романија. Украинскиот земјоделски извоз беше околу 2,5 милиони тони во јуни, во однос на околу шест милиони тони жито месечно, пред Русија да ја нападне земјата во февруари оваа година. Агенциите на ОН предупредија дека недостатигот на украинско жито, кое обично оди на Блискиот Исток и во Африка, се заканува со глад и масовна миграција од „невидени размери“. Поголемиот дел од тековниот извоз на жито од Украина се преместува со камиони и со речни чамци во соседните земји, вклучително во Романија и во Полска, за утовар на океански бродови. Сепак, поради различните големини на шините на украинските железници, повеќето возови на ЕУ не можат да се користат во Украина. Украина итно треба да го извезе житото, бидејќи новата жетва започнува летово, а земјоделците се соочуваат со недостиг на капацитет за складирање, со надеж дека разговорите за воспоставување безбеден коридор на Црното Море за украинскиот извоз би можеле да продолжат оваа недела, пренесува Ројтерс.

The post Германските железници почнуваат со превозот на украинското жито appeared first on Република.

]]>
ЈСП: За користење бесплатен јавен градски превоз неопходно е возрасните лица да поседуваат „Скопска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jsp-za-koristenje-besplaten-javen-gradski-prevoz-neophodno-e-vozrasnite-lica-da-poseduvaat-skopska/ Thu, 24 Mar 2022 13:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=477729

Возрасните лица кои ќе ја користат можноста за бесплатен јавен градски превоз неопходно е да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“, заверена/продолжена за тековната 2022 година, порачуваат од ЈСП Скопје и нагласуваат дека бесплатниот градски превоз за возрасните лица почнува од утре.

Како што информираат, продолжувањето на „Скопска“ може да се изврши во некој од седумте центри за персонализација.

Такви центри има во Автокоманда (на автобуската постојка кај Шумарски факултет), во Аеродром (до ТЦ Капитол, во зградата на „Телекабел“), на Бит пазар (спроти некогашен „26 јули“), во Влае (во Порта Влае, на автобуската постојка), во Центар (во Градски ѕид, во просториите на ЈСП ТУРС), во Карпош 2 (на автобуската постојка кај Педагошки факултет) и на Транспортен центар (на терминалот, во автобусот). Сите центри за персонализација работат од понеделник до петок од 6:00 до 19:30 часот, а во сабота од 7:00 до 19:30 часот, посочуваат од ЈСП.

За купување нова персонализирана електронска картичка „Скопска“, додаваат, се плаќа еднократен надомест од 200 ден, неопходна е лична карта на увид, а фотографирање се врши на лице место.

Возрасните лица при бесплатно користење на превозот имаат обврска да се валидираат, а во случај на линиска контрола да ја приложат „Скопска“. Потсетуваме дека посочената категорија патници има право на бесплатен превоз секој ден, со месечен доплатен билет од 300 ден. Бесплатниот превоз во вторник, петок, сабота и недела важи за жени над 62 години и мажи над 64 години и е согласно одлуката на Советот на Град Скопје, а средствата за оваа намена се обезбедени од градскиот буџет, велат од ЈСП Скопје.

The post ЈСП: За користење бесплатен јавен градски превоз неопходно е возрасните лица да поседуваат „Скопска“ appeared first on Република.

Втора недела средношколците од Конче немаат превоз до училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtora-nedela-srednoshkolcite-od-konche-nemaat-prevoz-do-uchilishte/ Tue, 15 Mar 2022 10:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=473079

Сојузот на средношколци соопшти дека учениците од Конче втора недела немаат превоз за до училиште. Оттаму бараат од општината Радовиш да им обезбеди бесплатен превоз на учениците, што, како што велат, е нивна должност.

Не само што 66 ученици изгубија цела недела настава, туку превоз до СОУ „Коста Сусинов“ нема и за време на оваа недела. Сојузот на средношколци ја повикува Општина Радовиш да ја исполни својата законска обврска. Член 41-а став 1 од Законот за средното образование гласи: „ За ученикот кој е со статус на редовен ученик во јавно средно училиште се организира бесплатен превоз до училиштето, ако ученикот не се смести во ученички дом“.

Член 44 од Уставот гарантира дека правото на образование е „достапно на секого под еднакви услови“. Превозот до училиштетото е право на секој ученик, а не привилегија дарувана од институциите. Истиот не е знак на нивна добра волја, туку должност кон граѓаните и средношколците.

Иако не бевме контактирани од страна на институциите изминатава недела, нашата понуда да фасилитираме комуникација меѓу нив е сè уште отворена. Исто така, Сојузот презема обврска да го информира Народниот правобранител за овој проблем, велат од Сојузот на средношколци.

The post Втора недела средношколците од Конче немаат превоз до училиште appeared first on Република.

Средношколци трет ден не одат на настава – немаат превоз поради „административна грешка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srednoshkolci-tret-den-ne-odat-na-nastava-nemaat-prevoz-poradi-administrativna-greshka/ Wed, 09 Mar 2022 08:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=469910

Шеесет и шест ученици од средното училиште „Коста Сусинов“ од Радовиш веќе трет ден немаат превоз до училиштето, соопшти Сојузот на средношколци на Македонија.

Веќе трет ден од работната недела, 66 ученици кои живеат во Конче немаат превоз до нивното училиште СОУ „Коста Сусинов“ кое се наоѓа во Радовиш. Пред сè, мора да кажеме дека конкретниот проблем се провлекува подолго време. Имено, поради пропусти на претходните локални самоуправи во општините Радовиш и Конче, превозниците на ученици по линијата Конче-Радовиш-Конче ги изгубиле своите лиценци бидејќи им истекол рокот. Учениците се соочуваa со сличен проблем во почетокот на ноември, како и на почетокот на второто полугодие, но Сојузот во разговор со сегашниот градоначалник на Општина Конче успеа да го реши проблемот во двата наврата, а средношколците да не изгубат од наставата. Таа соработка е плодна и сега, соопшти Сојузот.

Оттаму потсетуваат дека законска обврска на Општина Радовиш е да организира превоз на ученици.

Сојузот разговараше и со градоначалникот на Општина Радовиш и со претставници на училиштето. Ние знаеме дека се прават напори час поскоро да се организира бесплатен превоз за средношколците и дека се соочуваат со административни и процедурални пречки. Нo не смее да се дозволи 66 средношколци да изгубат цела наставна недела поради администрација или нечија претходна грешка. Затоа, ги повикуваме институциите да ја испочитуваат својата уставна и законска обврска и итно да го решат прашањето на превозот, порача Сојузот на средношколци.

The post Средношколци трет ден не одат на настава – немаат превоз поради „административна грешка“ appeared first on Република.

Муратовска: Промени на европскиот транспортен пазар, најголема штета за превозниците од малите држави https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/muratovska-promeni-na-evropskiot-transporten-pazar-najgolema-shteta-za-prevoznicite-od-malite-drzavi/ Thu, 03 Mar 2022 08:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=466839

Војната во Украина ќе предизвика прераспоредување на европскиот транспортен пазар, а најголема штета, според оценките на транспортната асоцијација МАКАМТРАНС, ќе претрпат превозниците од малите држави.

Билјана Муратовска, генерален секретар на МАКАМ-ТРАНС вели дека воената состојба на територија на Украина ги застана македонските превозници кои во последниот период од десетини дена, не се осмелуваат да прифатат превози за Украина, Русија и Белорусија кои ги вршеа од нашата држава и од други држави во соседството.

Спроведувањето на ембаргото кон Руската Федерација од страна на државите членки на НАТО, односно ЕУ е проблем кој ќе предизвика прераспределување на европскиот транспортен пазар, затоа што ќе се намали производството на голем број производи кои се извезуваат на големиот руски пазар, а со тоа ќе се зголеми нелојалната конкуренција затоа што секоја држава ќе ги штити сопствените превозници, особено на т.н превози кои се вршат од и за трета земја. Најголема штета од новонастанатата ситуација ќе претрпат превозници од помали држави во кои спаѓа и нашата држава, особено поради увозната зависност, мала територија, што не дава можност за вршење на поголем обем на внатрешниот транспортен пазар - оценува во изјава за МИА Муратовска.

Поради растот на цените на енергенсите од МАКАМ-ТРАНС веќе доставиле барања за поддршка од државата за субвенции на литар гориво по примерот на одредени држави од ЕУ и враќање на дел од акцизата пресметана во горивата за комерцијални превози.

Како што вели Муратовска, порастот на цените, општо на сите енергенси, има најголемо негативно влијание на превозните трговски друштва особено што трошокот за гориво учествува од 40 до 60 проценти во цената на превозот.

Можноста да се следи растот на цените е многу тежок и ќе биде уште потешко поради дополнителните проблеми кои се појавуваат со воената состојба во Украина и големата понуда на празни возила на европскиот транспортен пазар - посочува Муратовска.

Одредени држави како Црна Гора, Србија и речиси сите држави членки на ЕУ, објаснува, имаат законска одредба за враќање на дел од акцизата ако се вршат комерцијални превози. Исто така, во овој период Србија и Хрватска ги замрзнаа цените на дериватите, а Белгија, Италија, Франција, Словенија , Шпанија и Унгарија како краткорочна мерка даваат субвенции евро за литар, кои суми се движат од 0,2478 до 0.0110 евра за литар зависно од државата и висината на цените на горивата.

Овие мерки кои ги има во разни држави се елементи за нелојална конкуренција, затоа што немаме ист третман со останатите превозници на ниво на Европа. Се соочуваме со намален број на меѓународни транспортни дозволи како инструмент за достапност на европскиот транспортен пазар, бројот на возила енормно порасна, а не се преземаат мерки за стимулација и на оние превозници чии возила спаѓаат во 56 проценти застарен возен парк. Цената на електричната енергија исто така има свое индиректно влијание на зголемување на трошоците за работа - укажува Муратовска.

Како асоцијација, информираше таа, до Владата, Министерството за финансии и министрите од економските ресори доставиле барање за долгорочни и краткорочни мерки во однос на цената на нафтата и нејзино регулирање со цел да се намали влијанието на секој производ кој се зема за превоз. Бараат субвенции на литар гориво по примерот на одредени држави од ЕУ и враќање на дел од акцизата пресметана во горивата за комерцијални превози.

Владата не информира дека нашето барање е испратено до Регулаторната комисија и ги задолжуваат да ги проценат можностите и согласно на тоа да достават соодветен одговор - изјави Муратовска.

Во истовреме, укажува таа, проблем е и тоа што состојбата со професионалните возачи е на многу критично ниво последните неколку години, откако во одделни држави членки на ЕУ спроведуваат политика за привлекување на квалификувана работна сила на која веќе не им се потребни пасоши од држава членка на Унијата, туку добиваат работни визи и со нашите македонски пасоши.

Во стручното средно образование нема насока возач последните дваесетина и повеќе години, ниту пак се спроведуваат одредени активности за стимулација на невработени лица за да се преквалификуваат во професионални возачи. Без одредени донации интересот е мал затоа што трошоците за обуката за возач и обезбедување на сите потребни сертификати за да се стане професионален возач се големи и ретко кога поединци сами се одлучуваат да се финансираат. Од друга страна, кога превозникот сам инвестира во одредени кадри се соочува со проблемот после три до четири месеци истите по обуката и стекнување со искуство да заминат во Германија, Белгија, Чешка или некоја друга држава членка на ЕУ - вели Муратовска.

The post Муратовска: Промени на европскиот транспортен пазар, најголема штета за превозниците од малите држави appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина ќе предизвика прераспоредување на европскиот транспортен пазар, а најголема штета, според оценките на транспортната асоцијација МАКАМТРАНС, ќе претрпат превозниците од малите држави. Билјана Муратовска, генерален секретар на МАКАМ-ТРАНС вели дека воената состојба на територија на Украина ги застана македонските превозници кои во последниот период од десетини дена, не се осмелуваат да прифатат превози за Украина, Русија и Белорусија кои ги вршеа од нашата држава и од други држави во соседството.
Спроведувањето на ембаргото кон Руската Федерација од страна на државите членки на НАТО, односно ЕУ е проблем кој ќе предизвика прераспределување на европскиот транспортен пазар, затоа што ќе се намали производството на голем број производи кои се извезуваат на големиот руски пазар, а со тоа ќе се зголеми нелојалната конкуренција затоа што секоја држава ќе ги штити сопствените превозници, особено на т.н превози кои се вршат од и за трета земја. Најголема штета од новонастанатата ситуација ќе претрпат превозници од помали држави во кои спаѓа и нашата држава, особено поради увозната зависност, мала територија, што не дава можност за вршење на поголем обем на внатрешниот транспортен пазар - оценува во изјава за МИА Муратовска.
Поради растот на цените на енергенсите од МАКАМ-ТРАНС веќе доставиле барања за поддршка од државата за субвенции на литар гориво по примерот на одредени држави од ЕУ и враќање на дел од акцизата пресметана во горивата за комерцијални превози. Како што вели Муратовска, порастот на цените, општо на сите енергенси, има најголемо негативно влијание на превозните трговски друштва особено што трошокот за гориво учествува од 40 до 60 проценти во цената на превозот.
Можноста да се следи растот на цените е многу тежок и ќе биде уште потешко поради дополнителните проблеми кои се појавуваат со воената состојба во Украина и големата понуда на празни возила на европскиот транспортен пазар - посочува Муратовска.
Одредени држави како Црна Гора, Србија и речиси сите држави членки на ЕУ, објаснува, имаат законска одредба за враќање на дел од акцизата ако се вршат комерцијални превози. Исто така, во овој период Србија и Хрватска ги замрзнаа цените на дериватите, а Белгија, Италија, Франција, Словенија , Шпанија и Унгарија како краткорочна мерка даваат субвенции евро за литар, кои суми се движат од 0,2478 до 0.0110 евра за литар зависно од државата и висината на цените на горивата.
Овие мерки кои ги има во разни држави се елементи за нелојална конкуренција, затоа што немаме ист третман со останатите превозници на ниво на Европа. Се соочуваме со намален број на меѓународни транспортни дозволи како инструмент за достапност на европскиот транспортен пазар, бројот на возила енормно порасна, а не се преземаат мерки за стимулација и на оние превозници чии возила спаѓаат во 56 проценти застарен возен парк. Цената на електричната енергија исто така има свое индиректно влијание на зголемување на трошоците за работа - укажува Муратовска.
Како асоцијација, информираше таа, до Владата, Министерството за финансии и министрите од економските ресори доставиле барање за долгорочни и краткорочни мерки во однос на цената на нафтата и нејзино регулирање со цел да се намали влијанието на секој производ кој се зема за превоз. Бараат субвенции на литар гориво по примерот на одредени држави од ЕУ и враќање на дел од акцизата пресметана во горивата за комерцијални превози.
Владата не информира дека нашето барање е испратено до Регулаторната комисија и ги задолжуваат да ги проценат можностите и согласно на тоа да достават соодветен одговор - изјави Муратовска.
Во истовреме, укажува таа, проблем е и тоа што состојбата со професионалните возачи е на многу критично ниво последните неколку години, откако во одделни држави членки на ЕУ спроведуваат политика за привлекување на квалификувана работна сила на која веќе не им се потребни пасоши од држава членка на Унијата, туку добиваат работни визи и со нашите македонски пасоши.
Во стручното средно образование нема насока возач последните дваесетина и повеќе години, ниту пак се спроведуваат одредени активности за стимулација на невработени лица за да се преквалификуваат во професионални возачи. Без одредени донации интересот е мал затоа што трошоците за обуката за возач и обезбедување на сите потребни сертификати за да се стане професионален возач се големи и ретко кога поединци сами се одлучуваат да се финансираат. Од друга страна, кога превозникот сам инвестира во одредени кадри се соочува со проблемот после три до четири месеци истите по обуката и стекнување со искуство да заминат во Германија, Белгија, Чешка или некоја друга држава членка на ЕУ - вели Муратовска.

The post Муратовска: Промени на европскиот транспортен пазар, најголема штета за превозниците од малите држави appeared first on Република.

]]>
Четири автобуси, едно комбе и автомобил возеле без лиценца за меѓународен превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetiri-avtobusi-edno-kombe-i-avtomobil-vozele-bez-licenca-za-megjunaroden-prevoz/ Sun, 20 Feb 2022 09:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=460989

При контрола на граничниот премин Табановце било утврдено дека без лиценца за меѓународен превоз на патници возеле еден автобус со национални ознаки на Данска, еден автобус со скопски регистерски таблички и два автобуси со гостиварски таблички, како и едно комбе со струмички таблички и автомобил со скопски таблички. Возачите се македонски државјани.

Вчера, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север, била извршена контрола на четири автобуси и две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници.

„При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(43) од Прилеп, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Л. од с.Челопек, тетовско, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(63) од Скопје и С.Т.(52) од с.Горно Косоврасти, дебарско и автобус со данска национална ознака, управуван од Р.С.(42) и Ш.И.(52), двајцата од с.Нераште, општина Теарце, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, при контрола во патничко возило 'мерцедес' со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.М.(25) од Струмица и патничко возило - комби 'цитроен' со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата“, соопшти МВР.

The post Четири автобуси, едно комбе и автомобил возеле без лиценца за меѓународен превоз appeared first on Република.

]]>

При контрола на граничниот премин Табановце било утврдено дека без лиценца за меѓународен превоз на патници возеле еден автобус со национални ознаки на Данска, еден автобус со скопски регистерски таблички и два автобуси со гостиварски таблички, како и едно комбе со струмички таблички и автомобил со скопски таблички. Возачите се македонски државјани. Вчера, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север, била извршена контрола на четири автобуси и две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници. „При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(43) од Прилеп, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Л. од с.Челопек, тетовско, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(63) од Скопје и С.Т.(52) од с.Горно Косоврасти, дебарско и автобус со данска национална ознака, управуван од Р.С.(42) и Ш.И.(52), двајцата од с.Нераште, општина Теарце, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, при контрола во патничко возило 'мерцедес' со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.М.(25) од Струмица и патничко возило - комби 'цитроен' со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата“, соопшти МВР.

The post Четири автобуси, едно комбе и автомобил возеле без лиценца за меѓународен превоз appeared first on Република.

]]>
Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-i-jsp-skluchija-dogovor-za-organiziran-prevoz-na-lica-so-poteshka-telesna-invalidnost/ Tue, 25 Jan 2022 14:26:53 +0000 https://republika.mk/?p=449318

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила.

Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП.

Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.

Градот Скопје посветено работи на подобрување на пристапноста до градските институции за лицата со потешкотии во движењето, како и на нивната мобилност низ градот.

The post Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила. Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП. Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година. Градот Скопје посветено работи на подобрување на пристапноста до градските институции за лицата со потешкотии во движењето, како и на нивната мобилност низ градот.

The post Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност appeared first on Република.

]]>
Новоформирана фирма без лиценца превезувала патници – возилата и лицата се поврзуваат со Беса Транс https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/novoformirana-firma-bez-licenca-prevezuvala-patnici-vozilata-i-licata-se-povrzuvaat-so-besa-trans/ Sat, 15 Jan 2022 16:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=445043

Комбе без лиценца вршело превоз на патници од и кон Скопје, како и екскурзии, посочува инспекторатот на Град Скопје. Денеска бил извршен вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што била изречена казна за фирмата под назив "Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје" и за истата фирма ќе биде поднесена пријава до надлежните институции.

Извршен е инспекциски надзор на три автобуси и две комбиња, при што е утврдено дека комбе со назив на фирмата "Ројал Травел ДООЕЛ" вршело превоз на патници од и кон Скопје и екскурзии, без притоа да има лиценца за туристичка агенција и превоз на патници, како и за организирање на екскурзии со туристички водич, од Министерството за економија што е задолжително согласно законот за туристичка дејност, а не поседува ни дозвола од Министерството за транспорт и врски. Фирмата "Ројал Травел ДООЕЛ" под која што е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, станува збор за лица и возила поврзани со "Беса Транс", на која фирма и беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски, откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето, неспроведување на законите и законските обврски коишто таа како фирма е должна да ги почитува - велат од Инспекторатот.

The post Новоформирана фирма без лиценца превезувала патници – возилата и лицата се поврзуваат со Беса Транс appeared first on Република.

]]>

Комбе без лиценца вршело превоз на патници од и кон Скопје, како и екскурзии, посочува инспекторатот на Град Скопје. Денеска бил извршен вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што била изречена казна за фирмата под назив "Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје" и за истата фирма ќе биде поднесена пријава до надлежните институции. Извршен е инспекциски надзор на три автобуси и две комбиња, при што е утврдено дека комбе со назив на фирмата "Ројал Травел ДООЕЛ" вршело превоз на патници од и кон Скопје и екскурзии, без притоа да има лиценца за туристичка агенција и превоз на патници, како и за организирање на екскурзии со туристички водич, од Министерството за економија што е задолжително согласно законот за туристичка дејност, а не поседува ни дозвола од Министерството за транспорт и врски. Фирмата "Ројал Травел ДООЕЛ" под која што е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, станува збор за лица и возила поврзани со "Беса Транс", на која фирма и беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски, откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето, неспроведување на законите и законските обврски коишто таа како фирма е должна да ги почитува - велат од Инспекторатот.

The post Новоформирана фирма без лиценца превезувала патници – возилата и лицата се поврзуваат со Беса Транс appeared first on Република.

]]>