„Преводот како движење меѓу културите“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prevodot-kako-dvizhene-megu-kulturite/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Jun 2023 07:58:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Преводот како движење меѓу културите“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prevodot-kako-dvizhene-megu-kulturite/ 32 32 Работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/rabotilnitsa-za-knizheven-prevod-prevodot-kako-dvizhene-megu-kulturite/ Mon, 19 Jun 2023 07:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=652969

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“. Работилницата ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, на 23, 24 и 27 јуни.

Работилницата ќе опфати различни формати: работа на конкретен превод, презентации, разговори со преведувачи и уредници на издавачки куќи, дебати и дискусии. Предавачи на работилницата се проф. д-р Ирина Бабамова, проф. д-р Калина Малевска, проф. д-р Милан Дмјановски и Живко Гроздановски.

Целта на работилницата е на сите заинтересирани преведувачи да им се понуди можност за професионално усовршување, дополнителна обука, како и преку дебати и дискусии да се поразговара за состојбата во која се наоѓа преводот во нашата земја и да се создадат нови можности за идна соработка меѓу преведувачите и издавачите.

Работилницата е бесплатна и секој заинтересиран своето учество може да го пријави на следната електронска пошта: contact@gotenpublishing.com.

„Превод во движење“ е меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји. Исто така, во рамки на проектот ќе бидат организирани и работилници за книжевен превод, преку кои ќе се зајакнат капацитетите на преведувачите.

Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post Работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“. Работилницата ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, на 23, 24 и 27 јуни. Работилницата ќе опфати различни формати: работа на конкретен превод, презентации, разговори со преведувачи и уредници на издавачки куќи, дебати и дискусии. Предавачи на работилницата се проф. д-р Ирина Бабамова, проф. д-р Калина Малевска, проф. д-р Милан Дмјановски и Живко Гроздановски. Целта на работилницата е на сите заинтересирани преведувачи да им се понуди можност за професионално усовршување, дополнителна обука, како и преку дебати и дискусии да се поразговара за состојбата во која се наоѓа преводот во нашата земја и да се создадат нови можности за идна соработка меѓу преведувачите и издавачите. Работилницата е бесплатна и секој заинтересиран своето учество може да го пријави на следната електронска пошта: contact@gotenpublishing.com. „Превод во движење“ е меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји. Исто така, во рамки на проектот ќе бидат организирани и работилници за книжевен превод, преку кои ќе се зајакнат капацитетите на преведувачите. Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post Работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“ appeared first on Република.

]]>