превенција училиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/preventsija-uchilishte/ За подобро да се разбереме Sat, 06 May 2023 10:02:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png превенција училиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/preventsija-uchilishte/ 32 32 Со е-адреси за пријавување на врсничко насилство до превенција на настаните како во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-e-adresi-za-prijavuvane-na-vrsnichko-nasilstvo-do-preventsija-na-nastanite-kako-vo-srbija/ Sat, 06 May 2023 09:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=637584

На иницијатива на Министерството за образование и наука (МОН) отворени се електронски адреси каде ќе може да се пријавува врсничко насилство. Целта е да се превенираат несакани настани како оние што ја потресоа соседна Србија во изминатите два дена.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ветува дека по секоја пријава на „prijavinasilstvo@mon.gov.mk“ и „paraqitdhune@mon.gov.mk“ веднаш ќе се постапува.

Вчера МОН ги почна и консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничкото насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување и за работа со нивните семејства.

– Ова е сериозен предизвик за сите нас. Имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор, изјави по состанокот министерот Шаќири.

Процесот на креирање мерки за јакнење на воспитно-образовниот систем за справување со насилство, како што најави, ќе биде инклузивен и во него ќе бидат вклучени повеќе институции и поединци. Со цел вклучување на сите засегнати министерства, ќе следат и средби со МТСП, МВР и Министерството за здравство.

Ако се увиди потреба, како што рече Шаќири, ќе се направат и законски измени во системот за образование.

The post Со е-адреси за пријавување на врсничко насилство до превенција на настаните како во Србија appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Министерството за образование и наука (МОН) отворени се електронски адреси каде ќе може да се пријавува врсничко насилство. Целта е да се превенираат несакани настани како оние што ја потресоа соседна Србија во изминатите два дена. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ветува дека по секоја пријава на „prijavinasilstvo@mon.gov.mk“ и „paraqitdhune@mon.gov.mk“ веднаш ќе се постапува. Вчера МОН ги почна и консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничкото насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување и за работа со нивните семејства. – Ова е сериозен предизвик за сите нас. Имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор, изјави по состанокот министерот Шаќири. Процесот на креирање мерки за јакнење на воспитно-образовниот систем за справување со насилство, како што најави, ќе биде инклузивен и во него ќе бидат вклучени повеќе институции и поединци. Со цел вклучување на сите засегнати министерства, ќе следат и средби со МТСП, МВР и Министерството за здравство. Ако се увиди потреба, како што рече Шаќири, ќе се направат и законски измени во системот за образование.

The post Со е-адреси за пријавување на врсничко насилство до превенција на настаните како во Србија appeared first on Република.

]]>