претставнички дом Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretstavnichki-dom/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 07:06:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претставнички дом Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretstavnichki-dom/ 32 32 Целосна победа: Републиканците во САД го освоија мнозинството во Претставничкиот дом и го контролираат Сенатот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tselosna-pobeda-republikantsite-vo-sad-go-osvoija-mnozinstvoto-vo-pretstavnichkiot-dom-i-go-kontroliraat-senatot/ Thu, 14 Nov 2024 06:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=837422

Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во Вашингтон, јави Еј-Би-Си.

Се предвидува дека републиканците ќе го достигнат прагот од 218 места и мнозинство во Претставничкиот дом, а претходно го потврдија мнозинството во Сенатот, каде што исто така освоија најмалку 52 места, а сегашниот демократ Боб Кејси од Пенсилванија заостанува зад републиканецот Дејв Мекормик со огромен број гласови што останаа да се пребројат.
Републиканците ја потврдија победата уште во вторникот, а републиканските лидери во Претставничкиот дом ветија дека брзо ќе соработуваат со новоизбраниот претседател републиканецот Доналд Трамп по неговата инаугурација во јануари

The post Целосна победа: Републиканците во САД го освоија мнозинството во Претставничкиот дом и го контролираат Сенатот appeared first on Република.

]]>

Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во Вашингтон, јави Еј-Би-Си. Се предвидува дека републиканците ќе го достигнат прагот од 218 места и мнозинство во Претставничкиот дом, а претходно го потврдија мнозинството во Сенатот, каде што исто така освоија најмалку 52 места, а сегашниот демократ Боб Кејси од Пенсилванија заостанува зад републиканецот Дејв Мекормик со огромен број гласови што останаа да се пребројат. Републиканците ја потврдија победата уште во вторникот, а републиканските лидери во Претставничкиот дом ветија дека брзо ќе соработуваат со новоизбраниот претседател републиканецот Доналд Трамп по неговата инаугурација во јануари

The post Целосна победа: Републиканците во САД го освоија мнозинството во Претставничкиот дом и го контролираат Сенатот appeared first on Република.

]]>
Прогноза: Републиканците на пат да освојат мнозинство и во Претставничкиот дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prognoza-republikantsite-na-pat-da-osvojat-mnozinstvo-i-vo-pretstavnichkiot-dom/ Tue, 12 Nov 2024 12:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=836757

Според прогноза на агенцијата Decision Desk HQ, републиканците можат да обезбедат 218 места во долниот дом на американскиот Конгрес и со тоа да обезбедат мнозинство, кое веќе го обезбедија и во Сенатот. Исходот од уште осум трки се уште не е решен, но тие имаат поголеми шанси отколку демократите, прогнозира DDHQ.

Засега, демократите имат осигурано 205 места додека републиканците имаат 214.

Според најновата прогноза на оваа агенција, Републиканската партија може да ја добие контролата врз двата дома на Конгресот во јануари, кога избраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе должноста. Републиканската партија со тоа ќе направи хет-трик, заземајќи целосна контрола врз извршната и законодавната аласт во САД. Со ова, новиот шеф на државата ќе може да ги реализира своите планови за кратење на даноците и економски реформи во федералната влада.

Уште една агенција, Edison Reaserch, претходно даде точна прогноза за тоа дека републиканците ќе обезбедат мнозинство во Сенатот, со минимум 52 места против 46 за демократите. Според DDHQ републиканците ќе задржат минимум 218 места за мнозинство во Претставничкиот дом, иако состојбата со осумте преостанати трки заклучно понеделник навечер, како се бројат гласовите во уште неколку држави од западниот брег како Калифорнија и Невада, засега останува неизвесна.

The post Прогноза: Републиканците на пат да освојат мнозинство и во Претставничкиот дом appeared first on Република.

]]>

Според прогноза на агенцијата Decision Desk HQ, републиканците можат да обезбедат 218 места во долниот дом на американскиот Конгрес и со тоа да обезбедат мнозинство, кое веќе го обезбедија и во Сенатот. Исходот од уште осум трки се уште не е решен, но тие имаат поголеми шанси отколку демократите, прогнозира DDHQ. Засега, демократите имат осигурано 205 места додека републиканците имаат 214. Според најновата прогноза на оваа агенција, Републиканската партија може да ја добие контролата врз двата дома на Конгресот во јануари, кога избраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе должноста. Републиканската партија со тоа ќе направи хет-трик, заземајќи целосна контрола врз извршната и законодавната аласт во САД. Со ова, новиот шеф на државата ќе може да ги реализира своите планови за кратење на даноците и економски реформи во федералната влада. Уште една агенција, Edison Reaserch, претходно даде точна прогноза за тоа дека републиканците ќе обезбедат мнозинство во Сенатот, со минимум 52 места против 46 за демократите. Според DDHQ републиканците ќе задржат минимум 218 места за мнозинство во Претставничкиот дом, иако состојбата со осумте преостанати трки заклучно понеделник навечер, како се бројат гласовите во уште неколку држави од западниот брег како Калифорнија и Невада, засега останува неизвесна.

The post Прогноза: Републиканците на пат да освојат мнозинство и во Претставничкиот дом appeared first on Република.

]]>
Претставничкиот дом на САД со закон ја зголемува безбедноста на кандидатите за претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretstavnichkiot-dom-na-sad-so-zakon-ja-zgolemuva-bezbednosta-na-kandidatite-za-pretsedatel/ Sat, 21 Sep 2024 06:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=818367

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес едногласно одобри нацрт-закон за зајакнување на заштитата на претседателските кандидати што ја врши тајната служба. Текстот е усвоен по два обиди за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Текстот на предлогот е испратен на разгледување во Сенатот и ја повикува тајната служба да дава иста заштита за обезбедување на актуелните претседатели и потпретседатели за главните кандидати на изборите.

Нацрт-законот беше предложен на 23 јули, 10 дена откако Трамп беше ранет за време на инцидент со пукање на предизборен митинг во Пенсилванија, каде еден од поддржувачите на поранешниот претседател и републикански кандидат беше убиен, пред напаѓачот да биде совладан.

Минатата недела имаше втор сличен инцидент. Овој пат осомничениот беше уапсен кога беше пронајден како се крие со јуришна пушка на полето за голф на Трамп во Вест Палм Бич, Флорида.

Според Тајната служба, која тврди дека му обезбедила на Трамп „највисоко ниво“ на заштита, сторителот не бил во директна видливост на поранешниот претседател и не успеал да пука пред да биде забележан.

Трамп се обиде да ја префрли одговорноста за случувањата на Камала Харис и Џо Бајден, наведувајќи дека „со нивната реторика ја загрозуваат демократијата“.

И Бајден и Харис го осудија политичкото насилство во која било форма. Бајден го повика Конгресот да ѝ обезбеди на Тајната служба повеќе ресурси.

The post Претставничкиот дом на САД со закон ја зголемува безбедноста на кандидатите за претседател appeared first on Република.

]]>

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес едногласно одобри нацрт-закон за зајакнување на заштитата на претседателските кандидати што ја врши тајната служба. Текстот е усвоен по два обиди за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Текстот на предлогот е испратен на разгледување во Сенатот и ја повикува тајната служба да дава иста заштита за обезбедување на актуелните претседатели и потпретседатели за главните кандидати на изборите. Нацрт-законот беше предложен на 23 јули, 10 дена откако Трамп беше ранет за време на инцидент со пукање на предизборен митинг во Пенсилванија, каде еден од поддржувачите на поранешниот претседател и републикански кандидат беше убиен, пред напаѓачот да биде совладан. Минатата недела имаше втор сличен инцидент. Овој пат осомничениот беше уапсен кога беше пронајден како се крие со јуришна пушка на полето за голф на Трамп во Вест Палм Бич, Флорида. Според Тајната служба, која тврди дека му обезбедила на Трамп „највисоко ниво“ на заштита, сторителот не бил во директна видливост на поранешниот претседател и не успеал да пука пред да биде забележан. Трамп се обиде да ја префрли одговорноста за случувањата на Камала Харис и Џо Бајден, наведувајќи дека „со нивната реторика ја загрозуваат демократијата“. И Бајден и Харис го осудија политичкото насилство во која било форма. Бајден го повика Конгресот да ѝ обезбеди на Тајната служба повеќе ресурси.

The post Претставничкиот дом на САД со закон ја зголемува безбедноста на кандидатите за претседател appeared first on Република.

]]>
Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон за трошење за да се спречи делумно затворање на владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretstavnichkiot-dom-na-sad-usvoi-natsrt-zakon-za-troshene-za-da-se-sprechi-delumno-zatvorane-na-vladata/ Thu, 07 Mar 2024 08:08:24 +0000 https://republika.mk/?p=752103

Претставничкиот дом на САД, под контрола на републиканците, усвои закон за финансирање широк дел од федералната влада во текот на фискалната година што започна во октомври, во услови на закана од уште едно делумно затворање на владата.

Предлог-законот, откако беше одобрен во Претставничкиот дом со 339 гласа за и 85 против, од кои 83 се републиканци, сега оди во Сенатот. Крајниот рок за усвојување е петок на полноќ, кога истекува привременото финансирање на неколку федерални агенции.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, мораше да се потпре на поддршката на малцинските демократи за да го усвои големиот закон.

Членовите на екстремно десничарската Пратеничка група за слобода во Претставничкиот дом побараа од колегите републиканци да се спротивстават на законот, велејќи дека тој ќе ги „поништи“ ограничувањата за трошење донесени минатиот јуни и „ќе влијае на речиси секој приоритет на републиканската политика“.

Таа група сака многу подлабоки кратења на трошоците - бидејќи националниот долг се приближува до 34,5 трилиони долари - што веројатно нема да помине во Сенатот или да го добие потписот на претседателот Џо Бајден.

Со усвоениот пакет вреден 460 милијарди долари ќе се обезбедат пари до крајот на годината за министерствата за земјоделство, правда, транспорт, како и за домување и урбан развој. Исто така ќе има и за градежни проекти во воени бази и грижа за ветераните.

Пратениците преговараат за уште еден пакет од шест нацрт-закони, вклучително и за одбраната, во обид да обезбедат финансирање за сите федерални агенции пред крајниот рок на 22 март.

The post Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон за трошење за да се спречи делумно затворање на владата appeared first on Република.

]]>

Претставничкиот дом на САД, под контрола на републиканците, усвои закон за финансирање широк дел од федералната влада во текот на фискалната година што започна во октомври, во услови на закана од уште едно делумно затворање на владата. Предлог-законот, откако беше одобрен во Претставничкиот дом со 339 гласа за и 85 против, од кои 83 се републиканци, сега оди во Сенатот. Крајниот рок за усвојување е петок на полноќ, кога истекува привременото финансирање на неколку федерални агенции. Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, мораше да се потпре на поддршката на малцинските демократи за да го усвои големиот закон. Членовите на екстремно десничарската Пратеничка група за слобода во Претставничкиот дом побараа од колегите републиканци да се спротивстават на законот, велејќи дека тој ќе ги „поништи“ ограничувањата за трошење донесени минатиот јуни и „ќе влијае на речиси секој приоритет на републиканската политика“. Таа група сака многу подлабоки кратења на трошоците - бидејќи националниот долг се приближува до 34,5 трилиони долари - што веројатно нема да помине во Сенатот или да го добие потписот на претседателот Џо Бајден. Со усвоениот пакет вреден 460 милијарди долари ќе се обезбедат пари до крајот на годината за министерствата за земјоделство, правда, транспорт, како и за домување и урбан развој. Исто така ќе има и за градежни проекти во воени бази и грижа за ветераните. Пратениците преговараат за уште еден пакет од шест нацрт-закони, вклучително и за одбраната, во обид да обезбедат финансирање за сите федерални агенции пред крајниот рок на 22 март.

The post Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон за трошење за да се спречи делумно затворање на владата appeared first on Република.

]]>
Ниту по шестиот круг гласање не е избран претседател на американскиот Претставнички дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nitu-po-shestiot-krug-glasane-ne-e-izbran-pretsedatel-na-amerikanskiot-pretstavnichki-dom/ Thu, 05 Jan 2023 07:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=593745

Американските републиканци не успеаја втор ден по ред да го изберат својот лидер Кевин Мекарти за претседател на Претставничкиот дом или да смислат нова стратегија за ставање крај на политичкиот хаос што го наруши почетокот на новата седница на институцијата во која тие имаат мнозинство по среднорочните избори во ноември минатата година.

Ниту во четвртиот, петти и шести круг гласање, републиканците не успеаја да го изберат Мекарти за спикер, и покрај повикот на поранешниот претседател Доналд Трамп да му се даде доверба. Дваесетмина конзервативци сè уште одбиваат да го поддржат Мекарти, а тој не успеа да обезбеди поддршка од најмалку 218 пратеници потребни за да стане шеф на институцијата.

Тенкото мнозинство на републиканците со 222-212 дава поголемо влијание на мала група тврдокорни кои сакаат промени во правилата што ќе им дадат посилна контрола врз претседателот на Претставничкиот дом и поголемо влијание врз пристапот на партијата кон прашањата за трошење и задолжување. Без нивна поддршка, Мекарти не може да биде избран.

Не гледајќи излез од политичкиот ќор-сокак, републиканците доцна синоќа ненадејно гласаа за прекин на работата. Се очекуваше тие да продолжат со работа подоцна, но пратениците одлучија дека ново гласање нема да помогне.

Мислам дека вечерашното гласање не е продуктивно, рече Мекарти, излегувајќи од долгиот состанок зад затворени врати со клучните противници на неговата кандидатура.

Мислам дека луѓето треба да поработат уште малку. Мислам дека гласањето вечерва не би променило нешто. Но, гласањето во иднина би можело, додаде тој.

Мекарти вети дека ќе се бори и покрај исцрпувачките превирања кои почнаа ден претходно.

Претседателот Џо Бајден, кој е од Демократската партија, ја нарече ситуацијата „срамна“ и рече дека „остатокот од светот“ внимателно ја следи.

Потребно е мнозинство од 218 гласови за да се избере претседател на Претставничкиот дом, третата најважна фигура во американската политика по претседателот и потпретседателот. Во првите пет гласања Кевин Мекарти не успеа да добие повеќе од 203.

Оваа состојба целосно ја парализира институцијата: без претседател, избраните претставници не можат да положат заклетва, па затоа не можат да донесат ниту еден закон. Републиканците исто така не можат да покренат бројни истраги што ги ветија против Џо Бајден.

Гласањето ќе продолжи се додека не се избере лидерот на Претставничкиот дом. Требаше да трае неколку часа, но може да се продолжи на неколку недели: во 1856 година, избраните членови на Конгресот постигнаа договор дури по два месеци и 133 круга.

The post Ниту по шестиот круг гласање не е избран претседател на американскиот Претставнички дом appeared first on Република.

]]>

Американските републиканци не успеаја втор ден по ред да го изберат својот лидер Кевин Мекарти за претседател на Претставничкиот дом или да смислат нова стратегија за ставање крај на политичкиот хаос што го наруши почетокот на новата седница на институцијата во која тие имаат мнозинство по среднорочните избори во ноември минатата година. Ниту во четвртиот, петти и шести круг гласање, републиканците не успеаја да го изберат Мекарти за спикер, и покрај повикот на поранешниот претседател Доналд Трамп да му се даде доверба. Дваесетмина конзервативци сè уште одбиваат да го поддржат Мекарти, а тој не успеа да обезбеди поддршка од најмалку 218 пратеници потребни за да стане шеф на институцијата. Тенкото мнозинство на републиканците со 222-212 дава поголемо влијание на мала група тврдокорни кои сакаат промени во правилата што ќе им дадат посилна контрола врз претседателот на Претставничкиот дом и поголемо влијание врз пристапот на партијата кон прашањата за трошење и задолжување. Без нивна поддршка, Мекарти не може да биде избран. Не гледајќи излез од политичкиот ќор-сокак, републиканците доцна синоќа ненадејно гласаа за прекин на работата. Се очекуваше тие да продолжат со работа подоцна, но пратениците одлучија дека ново гласање нема да помогне. Мислам дека вечерашното гласање не е продуктивно, рече Мекарти, излегувајќи од долгиот состанок зад затворени врати со клучните противници на неговата кандидатура. Мислам дека луѓето треба да поработат уште малку. Мислам дека гласањето вечерва не би променило нешто. Но, гласањето во иднина би можело, додаде тој. Мекарти вети дека ќе се бори и покрај исцрпувачките превирања кои почнаа ден претходно. Претседателот Џо Бајден, кој е од Демократската партија, ја нарече ситуацијата „срамна“ и рече дека „остатокот од светот“ внимателно ја следи. Потребно е мнозинство од 218 гласови за да се избере претседател на Претставничкиот дом, третата најважна фигура во американската политика по претседателот и потпретседателот. Во првите пет гласања Кевин Мекарти не успеа да добие повеќе од 203. Оваа состојба целосно ја парализира институцијата: без претседател, избраните претставници не можат да положат заклетва, па затоа не можат да донесат ниту еден закон. Републиканците исто така не можат да покренат бројни истраги што ги ветија против Џо Бајден. Гласањето ќе продолжи се додека не се избере лидерот на Претставничкиот дом. Требаше да трае неколку часа, но може да се продолжи на неколку недели: во 1856 година, избраните членови на Конгресот постигнаа договор дури по два месеци и 133 круга.

The post Ниту по шестиот круг гласање не е избран претседател на американскиот Претставнички дом appeared first on Република.

]]>