претстава на знаковен јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretstava-na-znakoven-jazik/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Jun 2022 07:34:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претстава на знаковен јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretstava-na-znakoven-jazik/ 32 32 Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prvata-profesionalna-pretstava-na-znakoven-jazik-tri-vo-bitola/ Wed, 08 Jun 2022 07:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=512458

Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“, работена по легенда од Марко Цепенков за Овчарот и Трите самовили. Главна тема на претставата се еколошките проблеми на денешницата, односно еко-катастрофата што се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата.

Првата детска претстава на знаковен јазик „Три“, која е поддржана од Europe House / ЕУ со Тебе, е посветена на заштитата на животната средина. Претставата е наменета за широката детска публика, а истовремено за децата со оштетен слух. Актерите на сцена паралелено зборуваат и говорно и на знаковен јазик. Претставата е во продукција на АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола и е поддржана од Германската интернационална агенција за соработка ГИЗ и Министерството за култура.

Дидактизмот во претставата е акцентиран кон сортирањето на отпадот со цел најмладата публика да ја стекне навиката различното ѓубре да го фрлаат во содветните корпи за отпадоци, како што се за пластика, стакло, хартија и органски отпад. Додека преку театарското дејствие се буди свеста за екологијата во текот на претставата, во исто време актерите во интеракција со детската публика заедно ја изучуваат знаковната азбука како и некои основни знаковни изрази за комуникација со лица со оштетен слух, информираат од АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола.

Од АТО посочуваат дека во земјава претстава за глувонеми на знаковен јазик на професионално ниво не беше застапена и затоа претствата ТРИ го носи орденот на Првата професионална претстава на знаковен јазик во земјава со цел да се развива редовен театарски репертоар на претстави изведувани на знаковен јазик.

Автор и режија на претставата е Јован Ристовски, а улогите ги толкуваат РОЗЕ Маја Андоновска Илијевски, ЛИЛА – Сандра Грибовска, СИНКА -Анастазија Христовска и SВОНКО БОНБОНКО – Никола Пројчевски. Костимографијата е Марта Дојчиновска. Шминка – Симона Ристевска. Тутор за знаковен јазик – Сузана Станоевска.

The post Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“, работена по легенда од Марко Цепенков за Овчарот и Трите самовили. Главна тема на претставата се еколошките проблеми на денешницата, односно еко-катастрофата што се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата. Првата детска претстава на знаковен јазик „Три“, која е поддржана од Europe House / ЕУ со Тебе, е посветена на заштитата на животната средина. Претставата е наменета за широката детска публика, а истовремено за децата со оштетен слух. Актерите на сцена паралелено зборуваат и говорно и на знаковен јазик. Претставата е во продукција на АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола и е поддржана од Германската интернационална агенција за соработка ГИЗ и Министерството за култура.
Дидактизмот во претставата е акцентиран кон сортирањето на отпадот со цел најмладата публика да ја стекне навиката различното ѓубре да го фрлаат во содветните корпи за отпадоци, како што се за пластика, стакло, хартија и органски отпад. Додека преку театарското дејствие се буди свеста за екологијата во текот на претставата, во исто време актерите во интеракција со детската публика заедно ја изучуваат знаковната азбука како и некои основни знаковни изрази за комуникација со лица со оштетен слух, информираат од АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола.
Од АТО посочуваат дека во земјава претстава за глувонеми на знаковен јазик на професионално ниво не беше застапена и затоа претствата ТРИ го носи орденот на Првата професионална претстава на знаковен јазик во земјава со цел да се развива редовен театарски репертоар на претстави изведувани на знаковен јазик. Автор и режија на претставата е Јован Ристовски, а улогите ги толкуваат РОЗЕ Маја Андоновска Илијевски, ЛИЛА – Сандра Грибовска, СИНКА -Анастазија Христовска и SВОНКО БОНБОНКО – Никола Пројчевски. Костимографијата е Марта Дојчиновска. Шминка – Симона Ристевска. Тутор за знаковен јазик – Сузана Станоевска.

The post Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола appeared first on Република.

]]>