претседателски кандидати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelski-kandidati/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 08:09:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседателски кандидати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelski-kandidati/ 32 32 Вечерва дебата на сите седум претседателски кандидати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vecherva-debata-na-site-sedum-pretsedatelski-kandidati/ Sun, 21 Apr 2024 08:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=768719

Сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата. Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи вечерва (недела, 21 април 2024 г.) на МРТ 1.

Соочувањето ќе се емитува од 20 часот на првиот канал.

The post Вечерва дебата на сите седум претседателски кандидати appeared first on Република.

]]>

Сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата. Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи вечерва (недела, 21 април 2024 г.) на МРТ 1. Соочувањето ќе се емитува од 20 часот на првиот канал.

The post Вечерва дебата на сите седум претседателски кандидати appeared first on Република.

]]>
Силјановска-Давкова убедливо води пред Пендаровски, Османи тесно пред Таравари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/davkova-ubedlivo-vodi-pred-pendarovski-osmani-tesno-pred-taravari/ Mon, 01 Apr 2024 07:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=760761

Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката за претседателка на државата на ВМРО-ДПМНЕ е во убедлива предност пред кандидатот на СДСМ и актуелен претседател на државата Стево Пендаровски.

Граѓаните очигледно не се задоволни од работата на досегашниот претседател и на скала од 1 до 10 му дадоа оценка 4,02. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

За тоа колку е важна функцијата претседател на државата во Македониија, 59,4 од анкетираните граѓани одговориле дека е многу важна, а за 8,5 отсо од нив таа функција е неважна.

Оценката за работата на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски на скала од 1 до 10 е 4,02. Оваа оценка за работата на Владата е 3,03. Назадоволството од работата на Пендаровски се гледа и во одговорот на прашањето дали тој заслужува втор мандат – 63,3 отсто од граѓаните велат „не“, а со „да“ одговориле 22,3%.

Очигледен е интересот на граѓаните за гласање на претседателските избори закажани за 24 април. За разлика од парламентарните, каде подготвност за излез на избори искажале 66,6 отсто од граѓаните, на изборите за шеф на државата би излегле дури 72,1 отсто од граѓаните.

Предноста на Силјановска-Давкова пред Пендаровски е речиси 2:1. Интересен е дуелот меѓу кандидатите во албанскиот блок, Бујар Османи и Арбен Таравари. За Османи како кандидат на коалицијата на ДУИ би гласале 7,9 отсто од граѓаните, а за Таравари како кандидат на албанската опозиција би гласале 5,8%.

Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски е високо позициониран со 6,9 отсто од анкетираните граѓани, што значи трето место меѓу кандидатите Македонци. Во слободниот одговор на анкетата за тоа во кој политичар верувате, Димитриевски е дури и пред Пендаровски.

Анкетата покажува голема убеденост на граѓаните дека на претседателските избори ќе победи Гордамна Силјановска-Давкова.

И на прашањето ако во втор круг се пласираат Силјановска-Давкова и Пендаровски, граѓаните предност даваат на победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март 2024 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

The post Силјановска-Давкова убедливо води пред Пендаровски, Османи тесно пред Таравари appeared first on Република.

]]>

Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката за претседателка на државата на ВМРО-ДПМНЕ е во убедлива предност пред кандидатот на СДСМ и актуелен претседател на државата Стево Пендаровски. Граѓаните очигледно не се задоволни од работата на досегашниот претседател и на скала од 1 до 10 му дадоа оценка 4,02. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк. За тоа колку е важна функцијата претседател на државата во Македониија, 59,4 од анкетираните граѓани одговориле дека е многу важна, а за 8,5 отсо од нив таа функција е неважна. Оценката за работата на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски на скала од 1 до 10 е 4,02. Оваа оценка за работата на Владата е 3,03. Назадоволството од работата на Пендаровски се гледа и во одговорот на прашањето дали тој заслужува втор мандат – 63,3 отсто од граѓаните велат „не“, а со „да“ одговориле 22,3%. Очигледен е интересот на граѓаните за гласање на претседателските избори закажани за 24 април. За разлика од парламентарните, каде подготвност за излез на избори искажале 66,6 отсто од граѓаните, на изборите за шеф на државата би излегле дури 72,1 отсто од граѓаните. Предноста на Силјановска-Давкова пред Пендаровски е речиси 2:1. Интересен е дуелот меѓу кандидатите во албанскиот блок, Бујар Османи и Арбен Таравари. За Османи како кандидат на коалицијата на ДУИ би гласале 7,9 отсто од граѓаните, а за Таравари како кандидат на албанската опозиција би гласале 5,8%. Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски е високо позициониран со 6,9 отсто од анкетираните граѓани, што значи трето место меѓу кандидатите Македонци. Во слободниот одговор на анкетата за тоа во кој политичар верувате, Димитриевски е дури и пред Пендаровски. Анкетата покажува голема убеденост на граѓаните дека на претседателските избори ќе победи Гордамна Силјановска-Давкова. И на прашањето ако во втор круг се пласираат Силјановска-Давкова и Пендаровски, граѓаните предност даваат на победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март 2024 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

The post Силјановска-Давкова убедливо води пред Пендаровски, Османи тесно пред Таравари appeared first on Република.

]]>
Претседателските кандидати до кампања не смеат да трошат пари од трансакциска сметка, можат да одржат само еден јавен настан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelskite-kandidati-do-kampana-ne-smeat-da-troshat-pari-od-transaktsiska-smetka-mozhat-da-odrzhat-samo-eden-javen-nastan/ Fri, 22 Mar 2024 11:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=757409

Кандидатурите за претседател на државата веќе се потврдени, а согласно измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања, а учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми.

Во членот 69-а од Изборниот законик е наведено и дека за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми, а во ставот 2 стои дека кампањата започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите (молк).

Подносител на листа, односно кандидат може да поднесе приговор за непочитување на одредбите од овој член, а Државната изборна комисија (ДИК) е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на тужбата.

ДИК во четвртокот на седница ги потврди кандидатурите за претседател на Република Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа до ДИК треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.

Редниот број на кандидатите и изгледот на гласачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да се одржи жребување во ДИК.

 

The post Претседателските кандидати до кампања не смеат да трошат пари од трансакциска сметка, можат да одржат само еден јавен настан appeared first on Република.

]]>

Кандидатурите за претседател на државата веќе се потврдени, а согласно измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања, а учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми. Во членот 69-а од Изборниот законик е наведено и дека за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми, а во ставот 2 стои дека кампањата започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите (молк). Подносител на листа, односно кандидат може да поднесе приговор за непочитување на одредбите од овој член, а Државната изборна комисија (ДИК) е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на тужбата. ДИК во четвртокот на седница ги потврди кандидатурите за претседател на Република Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа до ДИК треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка. Редниот број на кандидатите и изгледот на гласачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да се одржи жребување во ДИК.  

The post Претседателските кандидати до кампања не смеат да трошат пари од трансакциска сметка, можат да одржат само еден јавен настан appeared first on Република.

]]>
Досега седум кандидатити за претседател на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dosega-sedum-kandidatiti-za-pretsedatel-na-drzhavata/ Mon, 04 Mar 2024 07:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=750917

Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на  Македонија. Тоа се Горана Силјановска-Давкова, Стево Пендаровски, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди, Максим Димитриевски – кандидат на ЗНАМ, Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

Останатите кандидати во трката за претседател се далеку од 10.000 потписи, што е неопходно за учество на претседателските избори.

The post Досега седум кандидатити за претседател на државата appeared first on Република.

]]>

Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на  Македонија. Тоа се Горана Силјановска-Давкова, Стево Пендаровски, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди, Максим Димитриевски – кандидат на ЗНАМ, Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Останатите кандидати во трката за претседател се далеку од 10.000 потписи, што е неопходно за учество на претседателските избори.

The post Досега седум кандидатити за претседател на државата appeared first on Република.

]]>
Засега уште никој не собрал доволно потписи за кандидатура, ова се бројките досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zasega-ushte-nikoj-ne-sobral-dovolno-potpisi-za-kandidatura-ova-se-brojkite-dosega/ Mon, 26 Feb 2024 10:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=748459

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 24.830 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата. Според објавените податоци на ДИК, досега никој од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните.

Според пресекот на ДИК, најмногу потписи има Бујар Османи, кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за кого се потпишале 8.560. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски со 5.923 собрани потписи. Кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има собрано 4.478 потписи, а кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски има 3.091 потписи.

Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат по помалку потписи - кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари има 1.645 потписи, Вело Марковски 433 потписи, Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачки демократски сојуз има 523, Ѓорѓи Манасков - 93, Зорица Цветковска - 74, Господин Попоски им 10 потписи. Според податоците од ДИК, во овие три дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори.

Според објавените досегашни податоци од ДИК, до дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) пристигнале вкупно 148 пријави од државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање за претседателските избори закажани за 24 парил и за парламентарните избори на 8 мај.

Нашите државјани ќе можат да се пријавуваат за гласање до 18 март електронски или во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат.

Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

The post Засега уште никој не собрал доволно потписи за кандидатура, ова се бројките досега appeared first on Република.

]]>

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 24.830 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата. Според објавените податоци на ДИК, досега никој од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните. Според пресекот на ДИК, најмногу потписи има Бујар Османи, кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за кого се потпишале 8.560. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски со 5.923 собрани потписи. Кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има собрано 4.478 потписи, а кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски има 3.091 потписи. Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат по помалку потписи - кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари има 1.645 потписи, Вело Марковски 433 потписи, Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачки демократски сојуз има 523, Ѓорѓи Манасков - 93, Зорица Цветковска - 74, Господин Попоски им 10 потписи. Според податоците од ДИК, во овие три дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски. Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците. Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Според објавените досегашни податоци од ДИК, до дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) пристигнале вкупно 148 пријави од државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање за претседателските избори закажани за 24 парил и за парламентарните избори на 8 мај. Нашите државјани ќе можат да се пријавуваат за гласање до 18 март електронски или во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

The post Засега уште никој не собрал доволно потписи за кандидатура, ова се бројките досега appeared first on Република.

]]>
Eкстремно десничарските кандидати за претседател на Франција ги обезбедија неопходните потписи за учество на изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekstremno-desnicharskite-kandidati-za-pretsedatel-na-francija-gi-obezbedija-neophodnite-potpisi-za-uchestvo-na-izborite/ Wed, 02 Mar 2022 09:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=466244

Француските екстремно десничарски претседателски кандидати Марин Ле Пен и Ерик Земур ги собраа неопходните 500 потписи (спонзорства) потребни за учество на изборите во април.

Според францускиот Уставен совет, Земур добил 620 потписи или спонзорства, а Марин Ле Пен 503, објави „Ле Монд“.

Кандидатите имаат рок до 4 март да ги соберат потребните 500 потписи или спонзорства за поднесување кандидатура. Спонзорствата се потписи за поддршка на избраниот кандидат од пратеници, советници и други функционери избрани на парламентарните и локалните избори.

Според претходните анкети, рејтингот на Ле Пен и Земур е значително помал од оној на актуелниот претседател Емануел Макрон. Тој се смета за фаворит на претседателските избори, иако се уште официјално не ја поднел својата кандидатура.

Според најновото истражување, се очекува Макрон да освои 25 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, што е закажан за 10 април. Ле Пен би можела да освои 17 отсто, а Земур 14 отсто.

The post Eкстремно десничарските кандидати за претседател на Франција ги обезбедија неопходните потписи за учество на изборите appeared first on Република.

]]>

Француските екстремно десничарски претседателски кандидати Марин Ле Пен и Ерик Земур ги собраа неопходните 500 потписи (спонзорства) потребни за учество на изборите во април. Според францускиот Уставен совет, Земур добил 620 потписи или спонзорства, а Марин Ле Пен 503, објави „Ле Монд“. Кандидатите имаат рок до 4 март да ги соберат потребните 500 потписи или спонзорства за поднесување кандидатура. Спонзорствата се потписи за поддршка на избраниот кандидат од пратеници, советници и други функционери избрани на парламентарните и локалните избори. Според претходните анкети, рејтингот на Ле Пен и Земур е значително помал од оној на актуелниот претседател Емануел Макрон. Тој се смета за фаворит на претседателските избори, иако се уште официјално не ја поднел својата кандидатура. Според најновото истражување, се очекува Макрон да освои 25 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, што е закажан за 10 април. Ле Пен би можела да освои 17 отсто, а Земур 14 отсто.

The post Eкстремно десничарските кандидати за претседател на Франција ги обезбедија неопходните потписи за учество на изборите appeared first on Република.

]]>