претседателски кандидат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelski-kandidat/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 09:39:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседателски кандидат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelski-kandidat/ 32 32 Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-fudbaler-zvonimir-boban-kandidat-na-hdz-za-pretstojnite-pretsedatelski-izbori-vo-hrvatska/ Tue, 30 Jul 2024 09:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=801584

Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан е потенцијален кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска, откриваат хрватските медиуми. Неделникот Национал објави информација дека во рамките на партијата се засилува иницијативата ХДЗ да го предложи харизматичниот поранешен фудбалер за претседателски кандидат што ќе му се спротивстави на Зоран Милановиќ.

Како што наведува Национал, станува збор за иницијатива покрената од група луѓе во партијата, а еден нивни претставник пред неколку дена ја презентирал на лице исклучително блиско до Андреј Пленковиќ, актуелниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ. Во врска со оваа иницијатива, според неделникот, минатата недела се одржала тајна средба на Макарската ривиера.

– Ми се чини дека Бобан е добар кандидат. Тој е бескрајно популарен поради фудбалот и борбата против полицијата, но не е само икона од ваков вид затоа што тој е доктор на историски науки и човек кој има меѓународно искуство. Претходно искажуваше независни ставови и можеше да привлече дел од оние гласачи кои не се за ХДЗ или кои се незадоволни од Зоран Милановиќ – вели поранешниот дипломат Божо Ковачевиќ во својата анализа за претстојните претседателски избори во Хрватска.

Легендарниот капитен на Динамо и поранешен главен оперативец на УЕФА, Звонимир Бобан, за порталот Индекс.хр откри каков  е неговиот став за потенцијалната кандидатура за прв човек на државата.

– Ако веста е точна, им благодарам на луѓето за иницијативата, сите живееме за некаква почит и признание. Како и да е, тоа никогаш нема да се случи… Нека им е со среќа на кандидатите – изјави Звонимир Бобан.

Доколку сепак, влезе во претседателската трка и биде избран за претседател на Хрватска, Бобан нема да биде единствен фудбалер на чело на држава. Од фудбалскиот терен во политиката влезе и славниот Џорџ Веа. Во октомври 2017 година Веа беше избран за претседател на Либерија, а во јануари 2018 ја презеде претседателската функција која ја извршуваше до јануари 2024 година.

The post Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан е потенцијален кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска, откриваат хрватските медиуми. Неделникот Национал објави информација дека во рамките на партијата се засилува иницијативата ХДЗ да го предложи харизматичниот поранешен фудбалер за претседателски кандидат што ќе му се спротивстави на Зоран Милановиќ. Како што наведува Национал, станува збор за иницијатива покрената од група луѓе во партијата, а еден нивни претставник пред неколку дена ја презентирал на лице исклучително блиско до Андреј Пленковиќ, актуелниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ. Во врска со оваа иницијатива, според неделникот, минатата недела се одржала тајна средба на Макарската ривиера. – Ми се чини дека Бобан е добар кандидат. Тој е бескрајно популарен поради фудбалот и борбата против полицијата, но не е само икона од ваков вид затоа што тој е доктор на историски науки и човек кој има меѓународно искуство. Претходно искажуваше независни ставови и можеше да привлече дел од оние гласачи кои не се за ХДЗ или кои се незадоволни од Зоран Милановиќ – вели поранешниот дипломат Божо Ковачевиќ во својата анализа за претстојните претседателски избори во Хрватска.
Легендарниот капитен на Динамо и поранешен главен оперативец на УЕФА, Звонимир Бобан, за порталот Индекс.хр откри каков  е неговиот став за потенцијалната кандидатура за прв човек на државата. – Ако веста е точна, им благодарам на луѓето за иницијативата, сите живееме за некаква почит и признание. Како и да е, тоа никогаш нема да се случи… Нека им е со среќа на кандидатите – изјави Звонимир Бобан. Доколку сепак, влезе во претседателската трка и биде избран за претседател на Хрватска, Бобан нема да биде единствен фудбалер на чело на држава. Од фудбалскиот терен во политиката влезе и славниот Џорџ Веа. Во октомври 2017 година Веа беше избран за претседател на Либерија, а во јануари 2018 ја презеде претседателската функција која ја извршуваше до јануари 2024 година.

The post Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Османи: Овие избори се народен референдум за тоа каква држава сакаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ovie-izbori-se-naroden-referendum-za-toa-kakva-drzhava-sakame/ Thu, 04 Apr 2024 19:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=762405

Вечерва во студиото на ТВ21 се одржува претседателски дуел меѓу кандидатите од Европскиот Фронт, Бујар Османи и од Вреди, Арбен Таравари.

Кандидатот Османи посочи дека овие избори се народен референдум за тоа каква држава сакаме.

„Овие избори се специфични, не се обични како бирање меѓу мене, г. Таравари или другите пет кандидати, туку е одлука на граѓаните каква држава и каква иднина сакаме. Бидејќи се наоѓаме пред две патишта, едниот овозможува бериќетна европска иднина и друг пат кој не носи во изолација, без перспектива и нејасност. Овие избори се народен референдум за тоа каква иднина сакаме, се наоѓаме на овој крстопат кој ќе ја определи судбината на луѓето кај нас. Јас овој пат на европска и евро-атлантска интеграција на земјата го почнав пред неколку години, отворив многу интеграциски процеси, раководејќи ги главните интеграциски договори и сакам во улога на претседател да го заокружам најголемиот сон на нашите граѓани односно интеграција во ЕУ, вели Османи.

Тој додава дека оваа програма ја нарекол „Декалог на европскиот претседател“ бидејќи има 10 ветувања, а се основа на три главни столба.

„Прво, претседателот како компас на гео-стратешката ориентација бидејќи кај нас улогата на претседател е ограничена. Претседателот треба да биде гласот на разумот, треба да биде морална вертикала која ги држи гео- стратешките линии на државата и гледајќи што се случува на политичката сцена, гледајќи ги наративите кои се презентираат последно време, многу е важно да имаме претседател кој ќе биде чувар на гео-стратешката ориентација. Второ, претседателот како поврзувачко ткиво на политичките и етичките наративи и претседателот како креатор на државен консензус. Сметам дека Македонија има застој во своето развивање поради перманентните политички и етички кризи и улогата на претседателот е да биде спојувач на овие наративи кои не ретко се противречни и треба да постои институција, поголем авторитет кој ја спојува политичката сцена, го спојува општеството во една меѓуетничка хармонија, меѓу-политичка соработка и евро-атлантска ориентација и во оваа перспектива ја гледам улогата на претседателот. Кога сме кај ветувањата, ветувањето број 1 што е продолжување на моите постојани обиди е интеграцијата во ЕУ до 2030. Ова е поради фактот што гледам прозорец на можност кој е отворен како резултат на руската агресија во Украина и освестување на ЕУ вклучувајќи ги и граѓаните во ЕУ дека проширувањето на ЕУ е инвестиција во безбедноста на Континентот и овој прозорец на можности нема да трае вечно, ќе се затвори во мигот кога геополитиката ќе омекне. Имајќи предвид дека ЕУ веќе вети за 2030 како прва индикативна година за проширување, јас сметам дека Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса и мора да ги отвориме поглавјата, првото поглавје 23-24 или кластерот на фундаменти во 2024, што подразбира уставни измени веднаш по избори, дури пред формирање на Владата и завршување на поглавјата до 2028 година, со тоа што да дозволиме една до две години до 2030 година да заврши ратификацијата на договорот за членство во парламентите на Е, важен дел од интеграцискиот процес е идеја што сум ја започнал јас како нов пристап во интеграција и ЕУ го има предложено а тоа е концептот повеќе интеграција пред членството затоа што денес интеграцијата е се или ништо, до зачленување не добиваат ништо граѓаните и со овој нов пристап ние бараме државите кандидати да имаат пристап во фондовите на ЕУ, заедничкиот пазар и формалните тела на ЕУ пред членство“, вели Османи.

Тој додава дека денеска ЕУ и Парламентот го усвоиле пакетот од 2 милијарди евра директни грантови за земјите кандидати и 6 милијарди евра во форма на кредити.

Како добар познавач на овој процес и како идеатор на овој процес мислам дека ќе можам улогата на претседателот да го туркам напред, порача Османи.

The post Османи: Овие избори се народен референдум за тоа каква држава сакаме appeared first on Република.

]]>

Вечерва во студиото на ТВ21 се одржува претседателски дуел меѓу кандидатите од Европскиот Фронт, Бујар Османи и од Вреди, Арбен Таравари. Кандидатот Османи посочи дека овие избори се народен референдум за тоа каква држава сакаме.

На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските и кандидатите за пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-polnok-istekuva-rokot-za-sobirane-potpisi-za-pretsedatelskite-i-kandidatite-za-pratenitsi/ Fri, 08 Mar 2024 08:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=752507

Собирањето граѓански потписи за претседателските и кандидатурите за пратеници во парламентот, кое почна пред точно две недели, на 23 февруари, завршува денеска на полноќ. Во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) граѓаните ќе може до вечерва заклучно со 24 часот да го дадат својот потпис за некој од претендентите за кандидати за шеф на државата или за независните листи за пратеници.

По десет илјади потписи за кандидатура на претседателските избори собираат вкупно 15 кандидати. Седум од нив веќе успеаја да го соберат потребниот број на граѓански потписи и да си обезбедат место во трката за шеф на државата чиј прв круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Потребниот минимум од 10 000 потписи за претседатеската кандидатура досега освоија – Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (коалиција „Вреди“), Максим Димитриевски (Движење ЗНАМ), Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Билјана Ванковска-Цветковска (Левица), како и кандидатите на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање на потписите.

The post На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските и кандидатите за пратеници appeared first on Република.

]]>

Собирањето граѓански потписи за претседателските и кандидатурите за пратеници во парламентот, кое почна пред точно две недели, на 23 февруари, завршува денеска на полноќ. Во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) граѓаните ќе може до вечерва заклучно со 24 часот да го дадат својот потпис за некој од претендентите за кандидати за шеф на државата или за независните листи за пратеници. По десет илјади потписи за кандидатура на претседателските избори собираат вкупно 15 кандидати. Седум од нив веќе успеаја да го соберат потребниот број на граѓански потписи и да си обезбедат место во трката за шеф на државата чиј прв круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори. Потребниот минимум од 10 000 потписи за претседатеската кандидатура досега освоија – Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (коалиција „Вреди“), Максим Димитриевски (Движење ЗНАМ), Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Билјана Ванковска-Цветковска (Левица), како и кандидатите на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање на потписите.    

The post На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските и кандидатите за пратеници appeared first on Република.

]]>
Османи, Таравари и Димитриевски ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-taravari-i-dimitrievski-gi-sobraa-potrebnite-potpisi-za-pretsedatelska-kandidatura/ Wed, 28 Feb 2024 10:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=749198

Бујар Османи кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбен Таравари кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“ и Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија ги собраа потребните 10 илјади потписи од граѓаните за претседателската кандидатура.

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден до 20 часот Османи имал вкупно 11 028, Таравари 10 083 гласови и Димитриевски 10 700 гласови.

Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 48 624 граѓани.

Според пресекот на ДИК, по по овие тројца кандидати најблиску со собирање на потребните е кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска која има собрано 7 876 потписи и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски со 6676 гласови.

Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачки демократски сојуз има 887, кандидатот Вело Марковски 924 потписи, Ѓорѓи Манасков – 267, Зорица Цветковска – 140, Господин Попоски има 40 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори.

Според објавените досегашни податоци од ДИК, до дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) пристигнале вкупно 185 пријави од државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање за претседателските избори закажани за 24 парил и за парламентарните избори на 8 мај.

Нашите државјани ќе можат да се пријавуваат за гласање до 18 март електронски или во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат.

Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

The post Османи, Таравари и Димитриевски ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура appeared first on Република.

]]>

Бујар Османи кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбен Таравари кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“ и Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија ги собраа потребните 10 илјади потписи од граѓаните за претседателската кандидатура. Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден до 20 часот Османи имал вкупно 11 028, Таравари 10 083 гласови и Димитриевски 10 700 гласови. Потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата оставиле вкупно 48 624 граѓани. Според пресекот на ДИК, по по овие тројца кандидати најблиску со собирање на потребните е кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска која има собрано 7 876 потписи и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски со 6676 гласови. Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачки демократски сојуз има 887, кандидатот Вело Марковски 924 потписи, Ѓорѓи Манасков – 267, Зорица Цветковска – 140, Господин Попоски има 40 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски. Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците. Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Според објавените досегашни податоци од ДИК, до дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) пристигнале вкупно 185 пријави од државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање за претседателските избори закажани за 24 парил и за парламентарните избори на 8 мај. Нашите државјани ќе можат да се пријавуваат за гласање до 18 март електронски или во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

The post Османи, Таравари и Димитриевски ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура appeared first on Република.

]]>
Силјановска со двојно поголема предност пред Пендаровски во изборните единици 1 и 5 – разликата помеѓу нив се зголемува во споредба со минатиот месец јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-so-dvojno-pogolema-prednost-pred-pendarovski-vo-izbornite-edinitsi-1-i-5-razlikata-pomegu-niv-se-zgolemuva-vo-sporedba-so-minatiot-mesets-januari/ Wed, 28 Feb 2024 08:48:19 +0000 https://republika.mk/?p=749135

Анкетата на ИПИС објавена во емисијата „Објектив“ на МРТ ги презентираше и резултатите и од рејтингот на кандидатите за претседател на Република Македонија. На оваа анкета спроведена во февруари во ИЕ 1 и 5, евидентна е двојната предност која кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, ја има пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Во првата изборна единица 22,4% од испитаниците одговориле дека би гласале за Гордана Силјановска Давкова, а за Стево Пендаровски се изјасниле 11,2%. За Бујар Османи би гласале 6,6% од анкетираните, за Арбен Таравари 5,4%, за Билјана Ванковска 4,8%, за Максим Димитриевски 3,8%, а за Стевчо Јакимовски 1%.

Во изборната единица 5 најмногу испитаници, односно 22,6% би ја дале својата поддршка за кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, за кандидатот на СДСМ би гласале 14%, за кандидатот од ДУИ 6,8%, за кандидатот на Левица 3,5%, а за кандидатот на ЗНАМ би гласале 2,9%, а за Арбен Таравари би гласале 3% од испитаниците.

Како и во случајот со поддршката за политичките партии, така и кај кандидатите за претседател на државата, разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски се зголемува во споредба со минатиот месец јануари.

The post Силјановска со двојно поголема предност пред Пендаровски во изборните единици 1 и 5 – разликата помеѓу нив се зголемува во споредба со минатиот месец јануари appeared first on Република.

]]>

Анкетата на ИПИС објавена во емисијата „Објектив“ на МРТ ги презентираше и резултатите и од рејтингот на кандидатите за претседател на Република Македонија. На оваа анкета спроведена во февруари во ИЕ 1 и 5, евидентна е двојната предност која кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, ја има пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Во првата изборна единица 22,4% од испитаниците одговориле дека би гласале за Гордана Силјановска Давкова, а за Стево Пендаровски се изјасниле 11,2%. За Бујар Османи би гласале 6,6% од анкетираните, за Арбен Таравари 5,4%, за Билјана Ванковска 4,8%, за Максим Димитриевски 3,8%, а за Стевчо Јакимовски 1%. Во изборната единица 5 најмногу испитаници, односно 22,6% би ја дале својата поддршка за кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, за кандидатот на СДСМ би гласале 14%, за кандидатот од ДУИ 6,8%, за кандидатот на Левица 3,5%, а за кандидатот на ЗНАМ би гласале 2,9%, а за Арбен Таравари би гласале 3% од испитаниците. Како и во случајот со поддршката за политичките партии, така и кај кандидатите за претседател на државата, разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски се зголемува во споредба со минатиот месец јануари.

The post Силјановска со двојно поголема предност пред Пендаровски во изборните единици 1 и 5 – разликата помеѓу нив се зголемува во споредба со минатиот месец јануари appeared first on Република.

]]>
Стевчо Јакимовски ќе биде претседателски кандидат од ГРОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stevcho-jakimovski-ke-bide-pretsedatelski-kandidat-od-grom/ Wed, 21 Feb 2024 17:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=746689

Партијата ГРОМ на претстојните претседателски избори ќе излезе со свој кандидат.

Според информациите, се работи за актуелниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.

Претходно, во јавноста се дозна и дека од СДСМ ќе се кандидира актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Засега во јавноста се познати кандидатурите на Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Билјана Ванковска од Левица и Вело Марковски како независен кандидат.

The post Стевчо Јакимовски ќе биде претседателски кандидат од ГРОМ appeared first on Република.

]]>

Партијата ГРОМ на претстојните претседателски избори ќе излезе со свој кандидат. Според информациите, се работи за актуелниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. Претходно, во јавноста се дозна и дека од СДСМ ќе се кандидира актуелниот претседател Стево Пендаровски. Засега во јавноста се познати кандидатурите на Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Билјана Ванковска од Левица и Вело Марковски како независен кандидат.  

The post Стевчо Јакимовски ќе биде претседателски кандидат од ГРОМ appeared first on Република.

]]>
ДУИ неделава ќе го објави претседателскиот кандидат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-nedelava-ke-go-objavi-pretsedatelskiot-kandidat/ Mon, 19 Feb 2024 21:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=745912

Демократската унија за интеграција неделава ќе го објави претседателскиот кандидат. Се споменуваат повеќе имиња како можни кандидати. Се уште немаме донесено одлука. Ахмети колку што го знам ќе остане на својата определба за мисија, а не за функција, изјави вечерва министерот за политички систем и член на ДУИ, Артан Груби.

- Убедувањето на Ахмети оди тешко. Го знаете неговиот став: Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум во политичка партија, ниту во политиката за да добијам функција, туку за мисијата да ми биде успешна. И пред тој аргумент мора сите да се повлечеме. Но, ако прашате кој било член на ДУИ, кој било гласач на ДУИ, секако дека ќе се определи за Али Ахмети, рече Груби во емисијата „360 степени“.

Посочи дека ДУИ се уште нема одржано состанок за претседателскиот кандидат, но дека се споменуваат повеќе имиња како можни кандидати, почнувајќи од потпретседателите, секретарите, ветераните на партијата, а опција се и кандидати кои не се членови на ДУИ.

Во однос на објавите во медиумите дека Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ, Груби рече дека тој би бил одличен кандидат, но дека за ова не е разговарано, ниту е одлучено во партијата.

- Демократската унија за интеграција се уште нема одлука кој ќе биде нејзин кандидат за претседател на државата, бидејќи прашањето не е дискутирано во партиските органи. Бујар Османи би можел да биде одличен кандидат. Но, тој не води кампања за претседателски кандидат, затоа што за ова не е разговарано ниту е одлучено во ДУИ. Но, ќе мора да се донесе одлука наскоро, затоа што на 23 февруари почнува собирањето на потписи што би требало да трае до 8 март. Така што неделава ќе дознаеме кој е кандидат на ДУИ и кој ќе биде победник во албанскиот блок, со можност исто така да помине и во вториот круг, рече Груби.

Тој посочи дека пред Арбен Таравари да ја прифати понудата на албанската опозиција да се кандидира за претседател, разговарале со него, но и индиректно со албанската опозиција, за да излезат со заеднички кандидат кој би бил натпартиски, односно не би бил член или поддржувач на партиите.

- Но, за жал, тој дел од албанската опозиција и Таравари кога се присоедини, излезе дека ќе истрчаат со целосно партиски кандидат, претседател на политичка партија и отпадна сето тоа што го разговараваме претходно – да нема втор кандидат Албанец. Сметавме дека тоа многу штети на процесите во земјата по однос на европските интеграции, рече Груби.

Вели дека сеуште мерат дали да излезат со заеднички кандидатски листи со СДСМ и посочува дека не сака да биде дел од кандидатските листи.

- Во моментов, расположението во ДУИ е за разговори со други коалициони партнери, партијата на господинот Хоџа, на Тачи, на Реџепи Зеид и на други општествени чинители, додека со СДСМ имавме состанок пред десетина дена со претседателот на СДСМ, господинот Ковачевски, и мислам дека би требало да имаме состанок и неделава, односно деновите што се пред нас, да видиме какви резултати покажуваат нивните анкети, какви нашите анкети, да видиме кој е најдобриот начин да се настапи, рече Груби.

Според него, ДУИ не се надева на предизборна коалиција со крилото на Зијадин Села од Алијанса на Албанците, а доколку ДУИ самостојно настапи на изборите очекува да освои од 15 до 17 пратенички мандати.

За расколот во Алијанса на Албанците, вели дека му успеало на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ја подели партијата и дека Таравари ќе се приклони кон ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, на изборите би излегле околу 200 илјади гласачи од албанскиот блок од кои над 100 илјади би гласале за ДУИ.

Прашан колку е веројатно да се формира коалициска влада со ВМРО-ДПМНЕ, Груби не ја исклучува можноста, но под услов претходно да се изгласаат уставните измени.

- Ако ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени пред формирањето на влада, зошто да не. Ако се реформирала доволно, ако е европски ориентирана, ако докаже дека е подготвена да жртвува од својот т.н. рејтинг, за доброто на државата, како што направи СДСМ во минатото, тогаш – да, заслужува шанса. Но, ако остане на ставот дека ниту пред ниту потоа, ниту на следни избори нема да има уставни измени, тогаш што би барала ДУИ во една таква влада или во влада со партнер којшто гледа алтернативни решенија на ЕУ. Во ДУИ нема алтернатива. Нема алтернатива за ЕУ, НАТО и стратешкото пријателство со САД, истакна Груби.

Додава дека во ДУИ се размислува по изборите да се бара прво да се изгласаат уставните измени, а потоа да се оди на формирање влада.

Евентуалното постизборно коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ со албанскиот опозициски блок, според Груби, ќе значи повторно изолирање на државата.

- Лошо сценарио е за државата, лошо сценарио е за граѓаните. Ќе влеземе во т.н бугарско сценарио со повторување на избори и изборни циклуси додека губиме европска перспектива. Оваа година е изборна година во речиси цел свет, а претежно во ЕУ и во САД. Не знам колку имаат време нашите граѓани да останат во статус кво и да не напредуваат, затоа што статус кво значи регрес, а не прогрес, рече Груби.

Прашан за тоа зошто не се изгласани измените на Изборниот законик, Груби упати одговорот за тоа да се бара кај опозицијата.

The post ДУИ неделава ќе го објави претседателскиот кандидат appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција неделава ќе го објави претседателскиот кандидат. Се споменуваат повеќе имиња како можни кандидати. Се уште немаме донесено одлука. Ахмети колку што го знам ќе остане на својата определба за мисија, а не за функција, изјави вечерва министерот за политички систем и член на ДУИ, Артан Груби. - Убедувањето на Ахмети оди тешко. Го знаете неговиот став: Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум во политичка партија, ниту во политиката за да добијам функција, туку за мисијата да ми биде успешна. И пред тој аргумент мора сите да се повлечеме. Но, ако прашате кој било член на ДУИ, кој било гласач на ДУИ, секако дека ќе се определи за Али Ахмети, рече Груби во емисијата „360 степени“. Посочи дека ДУИ се уште нема одржано состанок за претседателскиот кандидат, но дека се споменуваат повеќе имиња како можни кандидати, почнувајќи од потпретседателите, секретарите, ветераните на партијата, а опција се и кандидати кои не се членови на ДУИ. Во однос на објавите во медиумите дека Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ, Груби рече дека тој би бил одличен кандидат, но дека за ова не е разговарано, ниту е одлучено во партијата. - Демократската унија за интеграција се уште нема одлука кој ќе биде нејзин кандидат за претседател на државата, бидејќи прашањето не е дискутирано во партиските органи. Бујар Османи би можел да биде одличен кандидат. Но, тој не води кампања за претседателски кандидат, затоа што за ова не е разговарано ниту е одлучено во ДУИ. Но, ќе мора да се донесе одлука наскоро, затоа што на 23 февруари почнува собирањето на потписи што би требало да трае до 8 март. Така што неделава ќе дознаеме кој е кандидат на ДУИ и кој ќе биде победник во албанскиот блок, со можност исто така да помине и во вториот круг, рече Груби. Тој посочи дека пред Арбен Таравари да ја прифати понудата на албанската опозиција да се кандидира за претседател, разговарале со него, но и индиректно со албанската опозиција, за да излезат со заеднички кандидат кој би бил натпартиски, односно не би бил член или поддржувач на партиите. - Но, за жал, тој дел од албанската опозиција и Таравари кога се присоедини, излезе дека ќе истрчаат со целосно партиски кандидат, претседател на политичка партија и отпадна сето тоа што го разговараваме претходно – да нема втор кандидат Албанец. Сметавме дека тоа многу штети на процесите во земјата по однос на европските интеграции, рече Груби. Вели дека сеуште мерат дали да излезат со заеднички кандидатски листи со СДСМ и посочува дека не сака да биде дел од кандидатските листи. - Во моментов, расположението во ДУИ е за разговори со други коалициони партнери, партијата на господинот Хоџа, на Тачи, на Реџепи Зеид и на други општествени чинители, додека со СДСМ имавме состанок пред десетина дена со претседателот на СДСМ, господинот Ковачевски, и мислам дека би требало да имаме состанок и неделава, односно деновите што се пред нас, да видиме какви резултати покажуваат нивните анкети, какви нашите анкети, да видиме кој е најдобриот начин да се настапи, рече Груби. Според него, ДУИ не се надева на предизборна коалиција со крилото на Зијадин Села од Алијанса на Албанците, а доколку ДУИ самостојно настапи на изборите очекува да освои од 15 до 17 пратенички мандати. За расколот во Алијанса на Албанците, вели дека му успеало на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ја подели партијата и дека Таравари ќе се приклони кон ВМРО-ДПМНЕ. Според него, на изборите би излегле околу 200 илјади гласачи од албанскиот блок од кои над 100 илјади би гласале за ДУИ. Прашан колку е веројатно да се формира коалициска влада со ВМРО-ДПМНЕ, Груби не ја исклучува можноста, но под услов претходно да се изгласаат уставните измени. - Ако ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени пред формирањето на влада, зошто да не. Ако се реформирала доволно, ако е европски ориентирана, ако докаже дека е подготвена да жртвува од својот т.н. рејтинг, за доброто на државата, како што направи СДСМ во минатото, тогаш – да, заслужува шанса. Но, ако остане на ставот дека ниту пред ниту потоа, ниту на следни избори нема да има уставни измени, тогаш што би барала ДУИ во една таква влада или во влада со партнер којшто гледа алтернативни решенија на ЕУ. Во ДУИ нема алтернатива. Нема алтернатива за ЕУ, НАТО и стратешкото пријателство со САД, истакна Груби. Додава дека во ДУИ се размислува по изборите да се бара прво да се изгласаат уставните измени, а потоа да се оди на формирање влада. Евентуалното постизборно коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ со албанскиот опозициски блок, според Груби, ќе значи повторно изолирање на државата. - Лошо сценарио е за државата, лошо сценарио е за граѓаните. Ќе влеземе во т.н бугарско сценарио со повторување на избори и изборни циклуси додека губиме европска перспектива. Оваа година е изборна година во речиси цел свет, а претежно во ЕУ и во САД. Не знам колку имаат време нашите граѓани да останат во статус кво и да не напредуваат, затоа што статус кво значи регрес, а не прогрес, рече Груби. Прашан за тоа зошто не се изгласани измените на Изборниот законик, Груби упати одговорот за тоа да се бара кај опозицијата.

The post ДУИ неделава ќе го објави претседателскиот кандидат appeared first on Република.

]]>
СДСМ отвора иницијатива за формирање на европски фронт и почна постапка за избор на претседателски кандидат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-otvora-initsijativa-za-formirane-na-evropski-front-i-pochna-postapka-za-izbor-na-pretsedatelski-kandidat/ Mon, 04 Dec 2023 12:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=719476

На седница на Извршниот одбор СДСМ почна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ.

Во оваа насока СДСМ ги повикува сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт.

СДСМ подава рака на сите проевропски и прогресивни, демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика. Заеднички, врз основа на европски принципи и демократски вредности да го создадеме Европскиот фронт и да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година, велат од партијата.

Се наведува дека Извршниот одбор на СДСМ донел одлука за почнување на постапка за избор на кандидат за претседател.

Изборите ќе бидат во редовен термин, а за СДСМ е прифатливо крајот на април и почетокот на мај 2024 година да се одржат претседателските и парламентарните избори. СДСМ е подготвена и во името на врвните државни и национални интереси оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година. Заедно ќе ја формираме следната проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ, стои во партиското соопштение.

The post СДСМ отвора иницијатива за формирање на европски фронт и почна постапка за избор на претседателски кандидат appeared first on Република.

]]>

На седница на Извршниот одбор СДСМ почна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ.
Во оваа насока СДСМ ги повикува сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт. СДСМ подава рака на сите проевропски и прогресивни, демократски сили, без разлика на етничка или идеолошка разлика. Заеднички, врз основа на европски принципи и демократски вредности да го создадеме Европскиот фронт и да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година, велат од партијата.
Се наведува дека Извршниот одбор на СДСМ донел одлука за почнување на постапка за избор на кандидат за претседател.
Изборите ќе бидат во редовен термин, а за СДСМ е прифатливо крајот на април и почетокот на мај 2024 година да се одржат претседателските и парламентарните избори. СДСМ е подготвена и во името на врвните државни и национални интереси оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година. Заедно ќе ја формираме следната проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ, стои во партиското соопштение.

The post СДСМ отвора иницијатива за формирање на европски фронт и почна постапка за избор на претседателски кандидат appeared first on Република.

]]>
Стевчо Јакимовски размислува да се кандидира за претседател на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stevcho-jakimovski-razmisluva-da-se-kandidira-za-pretsedatel-na-drzhavata/ Mon, 06 Nov 2023 10:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=698725

Градоначалникот на скопската општина Карпош, лидерот на партијата ГРОМ – Стевчо Јакимовски вели дека размислува да се кандидира за претседател на Македонија.

Да се биде на одредена функција треба да се има многу искуство. Политичкото искуство е многу битно, а ние немаме политичар кој има доволно долго политичко искуство за една таква позиција. Во Хрватска сите претседатели биле избирани според големото политичко искуство, рече Јакимовски на тв24.

Тој не е сигурен дали ќе има промена на изборниот модел, цензусот, финансирање и собирањето на потписи, но вели дека досега не разговарал со политички фактори, ама од граѓаните добива поддршка за претседателска кандидатура.

Јас се залагам за претседателски систем. Мислам дека претседателот треба да има повеќе и поголеми ингеренции, вели Јакимовски и додава дека факт е дека Владата слабо се снајде во времето на ковид-кризата.

Во однос на парламентарните избори, тој вели дека ГРОМ ќе има листи во сите 6 изборни единици.

The post Стевчо Јакимовски размислува да се кандидира за претседател на државата appeared first on Република.

Демократско движење, Беса и Алтернатива со заеднички претседателски кандидат Албанец, најави Меџити https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demokratsko-dvizhene-besa-i-alternativa-so-zaednichki-pretsedatelski-kandidat-albanets-najavi-medhiti/ Tue, 26 Sep 2023 09:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=685217

Изет Меџити, претседателот на новата партија Демократско движење најави дека неговата партија, заедно со Беса и со Алтернатива ќе имаат заеднички кандидат Албанец за нов претседател на Македонија.

Албанската опозиција – Демократско движење, Движење Беса и Алтернатива, со отворена врата и за другите, ќе имаме наш кандидат за претседател, Албанец. Сè уште немаме име, но ова го имаме како определба. Според предвидувањата, може да помине и во втора рунда - изјави Меџити во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21.

Својот оптимизам тој го темели на фактот дека „од една страна е една силна ВМРО, а има и СДСМ паднат на земја“, заклучувајќи дека „ова е шанса за албанскиот кандидат“.

Меџити го оцени таканаречениот Европски фронт на ДУИ, сицилиски фронт гледајќи ги нивните постапки во последните месеци.

Ако гледаме што се случува со измените во Кривичниот законик, со ситуацијата во Будимпешта, со континуираното отворање на казина и брзи пари, кои се легално лихварство, овој фронт повеќе личи на сицилиски фронт - одговори Меџити на прашањето дали неговата партија ќе се приклучи на Европскиот фронт на Груби.

Меџити одговори и на обвинувањето на Зијадин Села дека го киднапирал пратеникот Кастриот Реџепи, велејќи дека Села треба да биде благодарен што Реџепи ја спаси европската интеграција на земјата, и го спречи Села да ја направи најголемата грешка во кариерата, што ќе значеше крај на неговиот политички живот, по коалицијата со Апасиев, рече Меџити.

Ако Кастриот беше киднапиран, по ослободувањето ќе се вратеше во својата партија, немаше да седи со мене и да го основаме ДД - рече Меџити.

Европскиот фронт е само фарса и дава празни ветувања за да го продолжи животот на Владата до следните парламентарни избори, рече Меџити.

The post Демократско движење, Беса и Алтернатива со заеднички претседателски кандидат Албанец, најави Меџити appeared first on Република.

]]>

Изет Меџити, претседателот на новата партија Демократско движење најави дека неговата партија, заедно со Беса и со Алтернатива ќе имаат заеднички кандидат Албанец за нов претседател на Македонија.
Албанската опозиција – Демократско движење, Движење Беса и Алтернатива, со отворена врата и за другите, ќе имаме наш кандидат за претседател, Албанец. Сè уште немаме име, но ова го имаме како определба. Според предвидувањата, може да помине и во втора рунда - изјави Меџити во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21.
Својот оптимизам тој го темели на фактот дека „од една страна е една силна ВМРО, а има и СДСМ паднат на земја“, заклучувајќи дека „ова е шанса за албанскиот кандидат“. Меџити го оцени таканаречениот Европски фронт на ДУИ, сицилиски фронт гледајќи ги нивните постапки во последните месеци.
Ако гледаме што се случува со измените во Кривичниот законик, со ситуацијата во Будимпешта, со континуираното отворање на казина и брзи пари, кои се легално лихварство, овој фронт повеќе личи на сицилиски фронт - одговори Меџити на прашањето дали неговата партија ќе се приклучи на Европскиот фронт на Груби.
Меџити одговори и на обвинувањето на Зијадин Села дека го киднапирал пратеникот Кастриот Реџепи, велејќи дека Села треба да биде благодарен што Реџепи ја спаси европската интеграција на земјата, и го спречи Села да ја направи најголемата грешка во кариерата, што ќе значеше крај на неговиот политички живот, по коалицијата со Апасиев, рече Меџити.
Ако Кастриот беше киднапиран, по ослободувањето ќе се вратеше во својата партија, немаше да седи со мене и да го основаме ДД - рече Меџити.
Европскиот фронт е само фарса и дава празни ветувања за да го продолжи животот на Владата до следните парламентарни избори, рече Меџити.

The post Демократско движење, Беса и Алтернатива со заеднички претседателски кандидат Албанец, најави Меџити appeared first on Република.

]]>
Снимен моментот на убиството на претседателскиот кандидат во Еквадор, вонредна состојба во земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/snimen-momentot-na-ubistvoto-na-pretsedatelskiot-kandidat-vo-ekvador-vonredna-sostojba-vo-zemjata/ Thu, 10 Aug 2023 07:42:09 +0000 https://republika.mk/?p=670610

Претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во траење од 60 дена во целата земја по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио.

Вооружените сили од овој момент се мобилизирани низ целата национална територија за да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, спокојството на земјата и слободните и демократски избори на 20 август, рече Ласо во обраќањето објавено на Јутјуб.

Осомничениот за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио починал од раните добиени во престрелка, соопшти еквадорското обвинителство на Твитер.

Осомничениот кој беше застрелан во престрелка со безбедносните сили е фатен и во тешка состојба е префрлен во Обвинителството во Кито. Екипа на Брза помош констатирала смрт, соопшти државното обвинителство.

Според анкетите, Вилависенсио имаше 7,5 отсто поддршка меѓу гласачите, ставајќи го на петтото место меѓу осумте кандидати кои ќе се натпреваруваат на претседателските избори на 20 август.

The post Снимен моментот на убиството на претседателскиот кандидат во Еквадор, вонредна состојба во земјата appeared first on Република.