претседателски избори 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelski-izbori-2024/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 18:53:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседателски избори 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelski-izbori-2024/ 32 32 Камала Харис Демократска кандидатка за претседател на САД! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kamala-haris-demokratska-kandidatka-za-pretsedatel-na-sad/ Fri, 02 Aug 2024 18:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=802918

Камала Харис официјално е номинирана за демократски претседателски кандидат за борба против Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.

Демократскиот национален комитет одржа прозивно гласање во петокот кое потврди дека има доволно делегати за да обезбеди признавање пред партиската конвенција во Чикаго подоцна овој месец.

The post Камала Харис Демократска кандидатка за претседател на САД! appeared first on Република.

]]>

Камала Харис официјално е номинирана за демократски претседателски кандидат за борба против Доналд Трамп на претседателските избори во ноември. Демократскиот национален комитет одржа прозивно гласање во петокот кое потврди дека има доволно делегати за да обезбеди признавање пред партиската конвенција во Чикаго подоцна овој месец.

The post Камала Харис Демократска кандидатка за претседател на САД! appeared first on Република.

]]>
Шарена Контрареволуција – подкаст известува за поразот на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sharena-kontrarevolutsija-podkast-izvestuva-za-porazot-na-sdsm/ Thu, 16 May 2024 06:39:38 +0000 https://republika.mk/?p=778575

Во новата епизода на подкаст емисијата Активни Мерки, новинарите Кит Кларенберг и Алекс Рубинштајн ги оценуваат изборите во Македонија како контра-револуција, со која се поништуваат ефектите на Шарената револуција.

- Пендаровски беше миленик на функционерите на ЕУ и САД, и неговиот избор во 2019 година беше претставуван како израз на тежнеењето на Македонците конечно да станат дел од западната заедница. Но следеше долгиот и мачна приказна на мешање во македонските избори, газење на демократијата, отворени измами, кривични дела извршени на највисоко ниво и разни подметнувања од САД и Британија, чии вистински димензии веројатно никогаш нема да ги дознаеме. Затоа изборот на Гордана Силјановска - Давкова може да помогне да се запрат овие малигни махинации, вели Кит Кларенберг.

Според Кларенберг, новинар кој е под прогон од страна на британските власти и живее во Белград, британското разузнавање било клучно во подготвување на Шарената Револуција во Македонија. Тој го прозива поранешниот британски амбасадор во Македонија Чарлс Гарет за финансирање на активностите на невладините организации кои беа вмешани во шарените протести, како и за нарачување на неверојатно пофалните репортажи за корумпираната обвинителка Катица Јанева.

- Катица Јанева и нејзините две помошнички беа претставени во западните медиуми како Чарлиевите Ангели, борци против криминалот кои излегле од телевизиските екрани. Неколку години подоцна Јанева заврши во затвор за корупција, во многу смешен случај, во кој се разоткри дека земала мито за да врши селективно гонење, да гони одредени луѓе, а да остави други на слобода. Но, амбасадорот Герет рече дека негова задача е да ја внесе Македонија во НАТО, и тој успеа во тоа, објаснува Кларенберг во подкастот Активни Мерки.

The post Шарена Контрареволуција – подкаст известува за поразот на СДСМ appeared first on Република.

Розалија Биро: Поддршката однадвор која ја доби Силјановска покажува дека постои многу јасна желба за нова земја членка во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rozalija-biro-poddrshkata-odnadvor-koja-ja-dobi-siljanovska-pokazhuva-deka-postoi-mnogu-jasna-zhelba-za-nova-zemja-chlenka-vo-eu/ Sat, 11 May 2024 10:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=777022

Розалија Биро, претседателка на женската организација на ЕПП упати честитки до Гордана Силјановска Давкова, идната претседателка на Македонија, која победи на изборите кои се одржаа во средата на 8 мај. Таа потенцираше дека за првпат во Македонија жена е избрана за претседател. Вели тоа е сведоштво за духот и поставеноста кои се сведоштво за подготвеноста на граѓаните кои се отворени да имаат шеф на државата со огромно искуство.

Имајќи го впредвид искуството на Силјановска - Давкова верувам дека таа како претседател на државата ќе има желба да ги вклучу сите политички актери во вашата земја, и од страна на владата и од страна на опозицијата. Да се соберат на иста маса и да расчистат кои се јасните интереси на земјата, заеднички да настапат. Изборот на новата претседателка укажува дека постои гаранција дека вашата земја ќе продолжи по патот на европската интеграција - вели Розалија Биро.

Коментирајќи ги големиот број честитки упатени и кон Силјановска Давкова и кон ВМРО-ДПМНЕ за големата победа и на парламентарните и на претседателските избори, вели дека најважната цел на партиите на ЕПП е да се даде поддршка на земјата за евроинтеграции.

Убедени сме дека сите ние сме Европа и треба заеднички да настапиме, со ист глас. Но за успешна интеграција на вашата земја политичките актери мора да покажат посветеност во имплементирањето на европските вредности. Ова не може да се постигне само со реторика, туку со дијалог и со напорна работа со граѓаните. Имајќи ја в предвид големата поддршка однадвор која се виде со големиот број честитки кои беа упатени до партијата која победи, сметам дека однадвор постои многу јасна желба за нова земја членка. Од друга страна имајќи ја в предвид големата победа, верувам дека ќе има и голема поддрпка внатре во земјата - коментира таа.

Слушнете го целиот разговор:

https://www.youtube.com/watch?v=g_yvNks6VxE

The post Розалија Биро: Поддршката однадвор која ја доби Силјановска покажува дека постои многу јасна желба за нова земја членка во ЕУ appeared first on Република.

Слушнете го целиот разговор: https://www.youtube.com/watch?v=g_yvNks6VxE

The post Розалија Биро: Поддршката однадвор која ја доби Силјановска покажува дека постои многу јасна желба за нова земја членка во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Гордана Силјановска Давкова и официјално претседател на Македонија, на нејзиниот роденден ДИК објави конечни резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gordana-siljanovska-davkova-i-ofitsijalno-pretsedatel-na-makedonija-na-nejziniot-rodenden-dik-objavi-konechni-rezultati/ Sat, 11 May 2024 07:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=776985

Гордана Силјановска Давкова, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899, е избрана за Претседател на Републиката констатираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на седницата на ДИК, објавувајќи ја конечноста на резултатите од гласањето за Претседателките избори од 8 мај.

Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата.

Како што најави Даштевски, Уверението за избор за претседател на државата и за претстојната инаугурација на Силјановска Давкова ќе ѝ биде доделено во 10 часот во просториите на ДИК.

За постапката за сумирање на резултатите за Претседателските избори до ДИК немаше приговори, додека за Парламентарните кои се одржаа исто така на 8 мај се доставени девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Даштевски посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

На спроведените Претседателски избори избори врз основа на записниците од избирачките одбори и од општинските изборни комисии ДИК утврди дека вкупниот број на запишани избирачи во Избирачкиот список изнесува 1 814 317, од кои гласале 861 218. Неупотребени се 953.121 гласачки ливчиња. Важечки се 812.899, а неважечки 48.289, а процентот на избирачи кои гласале изнесува 47,47.

По објавувањето на конечноста на изборните резулатати за Претседателските избори, ДИК треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка која според најавите ќе одржи утре напладне. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Мандатот на актулениот претседател и нејзин против кандидат истекува утре.

Универзитетската професорка Гордана Силјановска - Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.

Таа денеска го слави 71 роденден.

The post Гордана Силјановска Давкова и официјално претседател на Македонија, на нејзиниот роденден ДИК објави конечни резултати appeared first on Република.

]]>

Гордана Силјановска Давкова, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899, е избрана за Претседател на Републиката констатираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на седницата на ДИК, објавувајќи ја конечноста на резултатите од гласањето за Претседателките избори од 8 мај. Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата. Како што најави Даштевски, Уверението за избор за претседател на државата и за претстојната инаугурација на Силјановска Давкова ќе ѝ биде доделено во 10 часот во просториите на ДИК. За постапката за сумирање на резултатите за Претседателските избори до ДИК немаше приговори, додека за Парламентарните кои се одржаа исто така на 8 мај се доставени девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Даштевски посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места. На спроведените Претседателски избори избори врз основа на записниците од избирачките одбори и од општинските изборни комисии ДИК утврди дека вкупниот број на запишани избирачи во Избирачкиот список изнесува 1 814 317, од кои гласале 861 218. Неупотребени се 953.121 гласачки ливчиња. Важечки се 812.899, а неважечки 48.289, а процентот на избирачи кои гласале изнесува 47,47. По објавувањето на конечноста на изборните резулатати за Претседателските избори, ДИК треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка која според најавите ќе одржи утре напладне. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Мандатот на актулениот претседател и нејзин против кандидат истекува утре. Универзитетската професорка Гордана Силјановска - Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција. Таа денеска го слави 71 роденден.

The post Гордана Силјановска Давкова и официјално претседател на Македонија, на нејзиниот роденден ДИК објави конечни резултати appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Седница на ДИК за резултатите од Претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-sednitsa-na-dik-za-rezultatite-od-pretsedatelskite-izbori/ Sat, 11 May 2024 07:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=776973

Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржува седница на која треба да објави конечност на резултатите од Претседателските избори, по што треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

До ДИК синоќа, на помалку од два часа до истекување на предвидениот рок во 22:30 часот не биле поднесени приговори за постапката за сумирање на резултатите за претседателските избори.

Според првичните официјални изборни резултати,  Сиљановска Давкова, кандидат поддржан од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, освила 561.001 глас, а актуелниот претседател и кандидат на коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски  251.881 глас.

https://www.youtube.com/live/09p4JFvNCWM?si=ONVT7FKTlrDWWYBd

The post ВО ЖИВО: Седница на ДИК за резултатите од Претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржува седница на која треба да објави конечност на резултатите од Претседателските избори, по што треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова. До ДИК синоќа, на помалку од два часа до истекување на предвидениот рок во 22:30 часот не биле поднесени приговори за постапката за сумирање на резултатите за претседателските избори. Според првичните официјални изборни резултати,  Сиљановска Давкова, кандидат поддржан од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, освила 561.001 глас, а актуелниот претседател и кандидат на коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски  251.881 глас. https://www.youtube.com/live/09p4JFvNCWM?si=ONVT7FKTlrDWWYBd

The post ВО ЖИВО: Седница на ДИК за резултатите од Претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Макрон со честитка на македонски јазик до Силјановска Давкова: Франција останува на страната на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makron-so-chestitka-na-makedonski-jazik-do-siljanovska-davkova-frantsija-ostanuva-na-stranata-na-severna-makedonija/ Fri, 10 May 2024 13:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=776845

Еден ден по изборите, до новиот претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова стигна честитка и од претседателот на Франција, Емануел Макрон. На кирилица и македонски јазик, на социјалната мрежа Фејсбук, Макрон упати честитка во која порача дека Франција останува на страната на Македонија за европската иднина.

Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција останува на страната на Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина, напиша Макрон.

Сиљановска Давкова, исто така во објава на Фејсбук, се заблагодари на честитката на францускиот претседател. Пораката ја напиша на француски јазик.

Вашата поддршка се надевам ќе го отвори патот на Македонија кон Европа, а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски, напиша Силјановска-Давкова.

Воедно, додава таа во објавата, како две пријателски земји во нејзиниот мандат ќе работи на зајакнување на билатералните односи, особено економската, културната и научната размена.

Како што е познато, во октомври 2019-та година токму Макрон и Франција го блокираа проширувањето на ЕУ, со што беше ставена „рампа“ за отпочнувањето на преговорите со Македонија и Албанија. Во тоа време, само Франција ја блокираше Македонија, додека Холандија и Данска го поддржаа Скопје, но се спротивставија на амбициите на Тирана. Финска предложи случајот со Албанија да се одвои од тој на Македонија, но Франција не се согласи со тоа. Потоа следуваа неколку вета од страна на Бугарија, по што и настана спорот помеѓу Скопје и Софија, а нашата држава остана заглавена на патот кон ЕУ.

The post Макрон со честитка на македонски јазик до Силјановска Давкова: Франција останува на страната на Македонија appeared first on Република.

Честитки за победата на претседателските избори до Сиљановска-Давкова пристигнуваат од региониот и Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitki-za-pobedata-na-pretsedatelskite-izbori-do-silanovska-davkova-pristignuvaat-od-regioniot-i-evropa/ Thu, 09 May 2024 20:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=776556

Честитки за победата до професорката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска упати претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар која го напиша следново: „Честитки професорке Гордана Сиљановска-Давкова на Вашиот избор за прва жена претседателка на Република Македонија, наш пријател и НАТО сојузник. Во духот на Денот на Европа, очекувам заедно да работиме во градењето на европската иднина за вашата земја, народот и целиот Западен Балкан.“

Во одговорот на честитката, професроката Гордана Сиљановска-Давкова ги упати следните зборови:

„Драга Наташа, благодарам на честитките и пријателската поддршка. Секогаш особено ми значи женската солидарност. Радува фактот што како жени имаме можност заедно да градиме нова перспектива за нашиот регион. Продолжуваме кон пријателска и уште поголема соработка со Словенија. Денес, славејќи го Денот на Европа, се повикуваме на европските цивилизациски вредности кои се дел од културата нашите две земји и во таа насока истакнувам дека безрезрвно ќе се залагам тие вредности заедно да ги споделуваме и во иднина кога Македонија ќе стане дел од ЕУ“.

Честитка по повод победата на изборите до професорката Гордана Сиљановска-Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше упатена и од заменик претседателот на пратеничката група ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул во која тој ја потенцира убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Имено во честитката е наведено:

„Убедлива победа на нашата сестринска партија од семејството на ЕПП, ВМРО-ДПМНЕ и нашите македонски пријатели. Од се срце и честитам на новата претседателка, професорката Гордана Сиљановска-Давкова и на лидерот Христијан Мицкоски за нивните победи. Заедно ќе продолжиме да маршираме на патот кон стабилноста и просперитетот на Зaпаден Балкан и брзиот пристап кон ЕУ“.

Професорката Гордана Сиљановска-Давкова упати благодарност на честитката во која истакна:

„Почитуван господин Вадефул, ајде да ги продолжиме нашите разговори и да овозможиме брз влез на Македонија и на целиот Западен Балкан во ЕУ, како единствен начин за траен мир, стабилност и просперитет во целиот регион.“

Со честитка се огласи и претседателката на Република Косово, Вјоса Османи која меѓудругото истакна:

„Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија, како и на нејзиниот избор за прва жена претседателка на државата. Косово и Македонија негуваат одлични соседски односи и споделуваат силна посветеност кон евро-атланаската интеграција. Очекувам соработка со претседателката во насока на остварување на заедничката цел и понатамошно продлабочување на косовско-македонските односи.“

Со одговор на честитката се јави и професорката Гордана Сиљановска-Давкова која напиша:

„Почитувана Вјоса, ме радува Вашата искрена честитка. Среќна сум поради фактот дека жените во нашиот регион испишуваат политичка историја застанувајќи храбро на клучни позиции. Очекувам и понатаму да продолжиме со соработката за конечно да ја постигнеме клучната стратешка цел, евроинтеграција на целиот регион, како и да ги зацврстиме нашите односи преку една „женска“ синергија.“

Честитки по повод победата беа упатени и од страна на претседателот на Република Латвија, Едгар Ринкевич. Во неговата честитка се вели:

„Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот избор за претседателка на Македонија. Со задовлство очекувам да продолжиме со развој на соработката помеѓу нашите две земји.“

Во одговорот на честитката, професорката Сиљановска-Давкова наведе: „Ви благодарам многу претседателе Ринкевич. Ајде зедно да работиме за зацврстување на македонско-латвиската соработка во НАТО и на заокружување на европската интеграција“.

Со своја честитка се огласи и претседалот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ кој наведе:

„Честитки до првата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова на изборната победа. Пријателските односи помеѓу Македонија и Црна Гора се темелат на меѓусебната довера на нашите два народи. Со желба успешно да ја извршувате функцијата на претседател, се радувам на заедничката соработка на зацврствување на добрососедските односи и европската перспектива на целиот регион.“

Благодарност за честитката упати професорката Гордана Сиљановска-Давкова истакнувајќи:

„Почитуван претседателе Милатовиќ, македонско-црногорските односи се редок пример на совршена соработка меѓу два балкански народи. Регионалната кооперација е еден од столбовите на мојата програма и се надевам дека заедно ќе го довршиме патот на нашите држави кон ЕУ.“

До професорката Гордана Сиљановска-Давкова пристигнаа честитки и од претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој наведе:

„Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор за прва жена претседател на Македонија. Уверен сум дека заедно ќе продолжиме да ги јакнеме нашите одлични односи помеѓу нашите пријателски земји, двете како членки на НАТО и идни членки на ЕУ, идеја на која останува посветена и албанската заедница во Македонија.“

Во одговор на честитката, професорката Сиљановска-Давкова истакна: „Почитуван претседателе Бегај, клучот за европската интеграција на Балканот се наоѓа во развојот на нашата регионална соработка. Ве повикувам заедно да работиме на унапредувањето на македонско-албанските односи, како и на нашата европска интеграција.“

Честитки на македонски, албански и англиски јазик упати и поранешниот претседател на Република Албанија, Илир Мета. Во неговите честитки стои:

„Изразувам најсрдечни честитки до госпоѓата Гордана Сиљановска-Давкова по повод нејзиното успешно преземање на високата функција како прва жена претседателка избрана во Македонија. Со голема доверба верувам дека таа ќе одигра значајна улога во продлабочувањето на веќе одличните соседски односи помеѓу нашите две земји и народи, како и во унапредувањето на меѓуетничкиот соживот во Македонија. Уверен сум дека претседателката ќе придонесе кон импулс на билатералните односи во насока кон заедничките аспирации за што поскоро интегрирање во Европската Унија.“

Благодарност за честитките упати и професорката Гордана Сиљановска-Давкова, во нејзиниот одговор е наведено:

„Почитуван претседателе Мета, Ви благодарам на честитките и на Вашите искрени напори за подобрување на македонско-албанските односи. Очекувам дека со истиот силен ентузијазам ќе го продолжиме и чекорењето на нашите две држави кон целосната европска интеграција.“

На социјалната мрежа Х, честитки по повод победата на претседателските избори до проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, упати амбасадорката на Соединетите Америкнски Држави во Република Македонија, Анџела Агелер.

Во честитката на Агелер стои:

„Моите срдечни честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседателка на Македонија. Честитки и сите граѓани кои го искористија нивното право на глас вчера, на претседателските и парламентарните избори. Соединетите Американски Држави ќепродолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евро-атланска интеграција на државата.“

Благодарност за честитката упати професорката Гордана Сиљановска-Давкова истакнувајќи: „Почитувана амбасадорке Агелер, Ви благодарам на честитките. Очекувам да го обновиме духот на македонско-американските односи, да ја прошириме рамката на нашето стратегиско партнерство и соработка, како и евро-атланската димензија, така и билатерално.“

Честитка на македонски јазик упати и амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Метју Лосон во која се истакнува:

„Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова, првата избрана жена претседател на Македонија. Продолжуваме да ги зацврстуваме британско-македонските односи, да ги зближуваме нашите култури и народи и да работиме заедно како блиски сојузници и партнери во НАТО“.

По повод честитката се огласи и професорката Гордана Сиљановска-Давкова која напиша:

„Почитуван амбасадоре, дозволете ми да ја изразам мојата благодарност за Вашите убави зборови, посебно додека ги читам на мојот мајчин јазик. Очекувам да го продолжиме патот на јакнење на македонско-британските односи и нашиот сојуз во рамките на НАТО!“

Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова пристигнаа и од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во нив се вели:

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ја честита победата на претседателските избори на професорката Гордана Сиљановска-Давкова! Се радуваме на идната блиска соработка во иднина.“

Во одговорот на честитката професорката Гордана Сиљновска-Давкова наведе:

„ОБСЕ беше секогаш составен дел од на приказната на македонската демократизација, работејќи со нашите институции за подобрување на владеењето на правото, правата на малцинствата, полициската реформа, инклузивното образование и другите клучни реформски процеси. Продолжуваме.“

Честитки за изборната победа упати и Постојаниот координатор на ООН во Македонија, Росана Дуџак:

„Честитки за Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот избор за претседателка на Македонија. Обединетите Нации со задоволство очекуваат продолжување на соработката за унапредување на човековите права, родовата еднаквост и одржливиот развој под Ваше лидерство.“

Професорката Гордана Сиљановска-Давкова се одговори на честитката потенцирајќи:

„Драга Росана, благодарам на Вашите честитки. Мојата програма има силен фокус на продлабочување на македонската димензија во сите мултилатерални форуми и агендата на ООН во однос човековите права, родовата еднаквост и одржливиот развој, како на локално, така и на глобално ниво.“

Со своја честитка се огласи и поранешниот министер и пратеник во Парламентот на Република Албанија, Генц Поло. Во неговата честитка стои:

„Честитки за професорката Гордана Сиљановска-Давкова на нејзината убедлива изборна победа во вториот круг. Посакувам нејзиното водство на народот да биде кон домашна и меѓународна хармонија.“

Во својот одговор професорката Гордана Сиљановска-Давкова наведе:

„Почитуван господине Генц Поло, Ви благодарам за охрабрувачките пораки и се надевам декаи натаму ќе работиме на неопходните реформи за европската интеграција на нашите држави.“

Честитки за професорката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, стигнуваат и од организациите во кои членува партијата, а кои се во фокус на поддршка за идното владеење.

Интересно е што професорката Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит кон сите што упатија свои честитки одговарајќи на нивните јазици покрај одговорите на англиски јазик.

The post Честитки за победата на претседателските избори до Сиљановска-Давкова пристигнуваат од региониот и Европа appeared first on Република.

]]>

Честитки за победата до професорката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска упати претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар која го напиша следново: „Честитки професорке Гордана Сиљановска-Давкова на Вашиот избор за прва жена претседателка на Република Македонија, наш пријател и НАТО сојузник. Во духот на Денот на Европа, очекувам заедно да работиме во градењето на европската иднина за вашата земја, народот и целиот Западен Балкан.“ Во одговорот на честитката, професроката Гордана Сиљановска-Давкова ги упати следните зборови:
„Драга Наташа, благодарам на честитките и пријателската поддршка. Секогаш особено ми значи женската солидарност. Радува фактот што како жени имаме можност заедно да градиме нова перспектива за нашиот регион. Продолжуваме кон пријателска и уште поголема соработка со Словенија. Денес, славејќи го Денот на Европа, се повикуваме на европските цивилизациски вредности кои се дел од културата нашите две земји и во таа насока истакнувам дека безрезрвно ќе се залагам тие вредности заедно да ги споделуваме и во иднина кога Македонија ќе стане дел од ЕУ“.
Честитка по повод победата на изборите до професорката Гордана Сиљановска-Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше упатена и од заменик претседателот на пратеничката група ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул во која тој ја потенцира убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Имено во честитката е наведено:
„Убедлива победа на нашата сестринска партија од семејството на ЕПП, ВМРО-ДПМНЕ и нашите македонски пријатели. Од се срце и честитам на новата претседателка, професорката Гордана Сиљановска-Давкова и на лидерот Христијан Мицкоски за нивните победи. Заедно ќе продолжиме да маршираме на патот кон стабилноста и просперитетот на Зaпаден Балкан и брзиот пристап кон ЕУ“.
Професорката Гордана Сиљановска-Давкова упати благодарност на честитката во која истакна:
„Почитуван господин Вадефул, ајде да ги продолжиме нашите разговори и да овозможиме брз влез на Македонија и на целиот Западен Балкан во ЕУ, како единствен начин за траен мир, стабилност и просперитет во целиот регион.“
Со честитка се огласи и претседателката на Република Косово, Вјоса Османи која меѓудругото истакна:
„Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија, како и на нејзиниот избор за прва жена претседателка на државата. Косово и Македонија негуваат одлични соседски односи и споделуваат силна посветеност кон евро-атланаската интеграција. Очекувам соработка со претседателката во насока на остварување на заедничката цел и понатамошно продлабочување на косовско-македонските односи.“
Со одговор на честитката се јави и професорката Гордана Сиљановска-Давкова која напиша:
„Почитувана Вјоса, ме радува Вашата искрена честитка. Среќна сум поради фактот дека жените во нашиот регион испишуваат политичка историја застанувајќи храбро на клучни позиции. Очекувам и понатаму да продолжиме со соработката за конечно да ја постигнеме клучната стратешка цел, евроинтеграција на целиот регион, како и да ги зацврстиме нашите односи преку една „женска“ синергија.“
Честитки по повод победата беа упатени и од страна на претседателот на Република Латвија, Едгар Ринкевич. Во неговата честитка се вели:
„Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот избор за претседателка на Македонија. Со задовлство очекувам да продолжиме со развој на соработката помеѓу нашите две земји.“
Во одговорот на честитката, професорката Сиљановска-Давкова наведе: „Ви благодарам многу претседателе Ринкевич. Ајде зедно да работиме за зацврстување на македонско-латвиската соработка во НАТО и на заокружување на европската интеграција“. Со своја честитка се огласи и претседалот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ кој наведе:
„Честитки до првата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова на изборната победа. Пријателските односи помеѓу Македонија и Црна Гора се темелат на меѓусебната довера на нашите два народи. Со желба успешно да ја извршувате функцијата на претседател, се радувам на заедничката соработка на зацврствување на добрососедските односи и европската перспектива на целиот регион.“
Благодарност за честитката упати професорката Гордана Сиљановска-Давкова истакнувајќи:
„Почитуван претседателе Милатовиќ, македонско-црногорските односи се редок пример на совршена соработка меѓу два балкански народи. Регионалната кооперација е еден од столбовите на мојата програма и се надевам дека заедно ќе го довршиме патот на нашите држави кон ЕУ.“
До професорката Гордана Сиљановска-Давкова пристигнаа честитки и од претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој наведе:
„Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор за прва жена претседател на Македонија. Уверен сум дека заедно ќе продолжиме да ги јакнеме нашите одлични односи помеѓу нашите пријателски земји, двете како членки на НАТО и идни членки на ЕУ, идеја на која останува посветена и албанската заедница во Македонија.“
Во одговор на честитката, професорката Сиљановска-Давкова истакна: „Почитуван претседателе Бегај, клучот за европската интеграција на Балканот се наоѓа во развојот на нашата регионална соработка. Ве повикувам заедно да работиме на унапредувањето на македонско-албанските односи, како и на нашата европска интеграција.“ Честитки на македонски, албански и англиски јазик упати и поранешниот претседател на Република Албанија, Илир Мета. Во неговите честитки стои:
„Изразувам најсрдечни честитки до госпоѓата Гордана Сиљановска-Давкова по повод нејзиното успешно преземање на високата функција како прва жена претседателка избрана во Македонија. Со голема доверба верувам дека таа ќе одигра значајна улога во продлабочувањето на веќе одличните соседски односи помеѓу нашите две земји и народи, како и во унапредувањето на меѓуетничкиот соживот во Македонија. Уверен сум дека претседателката ќе придонесе кон импулс на билатералните односи во насока кон заедничките аспирации за што поскоро интегрирање во Европската Унија.“
Благодарност за честитките упати и професорката Гордана Сиљановска-Давкова, во нејзиниот одговор е наведено:
„Почитуван претседателе Мета, Ви благодарам на честитките и на Вашите искрени напори за подобрување на македонско-албанските односи. Очекувам дека со истиот силен ентузијазам ќе го продолжиме и чекорењето на нашите две држави кон целосната европска интеграција.“
На социјалната мрежа Х, честитки по повод победата на претседателските избори до проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, упати амбасадорката на Соединетите Америкнски Држави во Република Македонија, Анџела Агелер. Во честитката на Агелер стои:
„Моите срдечни честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседателка на Македонија. Честитки и сите граѓани кои го искористија нивното право на глас вчера, на претседателските и парламентарните избори. Соединетите Американски Држави ќепродолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евро-атланска интеграција на државата.“
Благодарност за честитката упати професорката Гордана Сиљановска-Давкова истакнувајќи: „Почитувана амбасадорке Агелер, Ви благодарам на честитките. Очекувам да го обновиме духот на македонско-американските односи, да ја прошириме рамката на нашето стратегиско партнерство и соработка, како и евро-атланската димензија, така и билатерално.“ Честитка на македонски јазик упати и амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Метју Лосон во која се истакнува:
„Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова, првата избрана жена претседател на Македонија. Продолжуваме да ги зацврстуваме британско-македонските односи, да ги зближуваме нашите култури и народи и да работиме заедно како блиски сојузници и партнери во НАТО“.
По повод честитката се огласи и професорката Гордана Сиљановска-Давкова која напиша:
„Почитуван амбасадоре, дозволете ми да ја изразам мојата благодарност за Вашите убави зборови, посебно додека ги читам на мојот мајчин јазик. Очекувам да го продолжиме патот на јакнење на македонско-британските односи и нашиот сојуз во рамките на НАТО!“
Честитки до професорката Гордана Сиљановска-Давкова пристигнаа и од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во нив се вели:
„Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ја честита победата на претседателските избори на професорката Гордана Сиљановска-Давкова! Се радуваме на идната блиска соработка во иднина.“
Во одговорот на честитката професорката Гордана Сиљновска-Давкова наведе:
„ОБСЕ беше секогаш составен дел од на приказната на македонската демократизација, работејќи со нашите институции за подобрување на владеењето на правото, правата на малцинствата, полициската реформа, инклузивното образование и другите клучни реформски процеси. Продолжуваме.“
Честитки за изборната победа упати и Постојаниот координатор на ООН во Македонија, Росана Дуџак:
„Честитки за Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот избор за претседателка на Македонија. Обединетите Нации со задоволство очекуваат продолжување на соработката за унапредување на човековите права, родовата еднаквост и одржливиот развој под Ваше лидерство.“
Професорката Гордана Сиљановска-Давкова се одговори на честитката потенцирајќи:
„Драга Росана, благодарам на Вашите честитки. Мојата програма има силен фокус на продлабочување на македонската димензија во сите мултилатерални форуми и агендата на ООН во однос човековите права, родовата еднаквост и одржливиот развој, како на локално, така и на глобално ниво.“
Со своја честитка се огласи и поранешниот министер и пратеник во Парламентот на Република Албанија, Генц Поло. Во неговата честитка стои:
„Честитки за професорката Гордана Сиљановска-Давкова на нејзината убедлива изборна победа во вториот круг. Посакувам нејзиното водство на народот да биде кон домашна и меѓународна хармонија.“
Во својот одговор професорката Гордана Сиљановска-Давкова наведе:
„Почитуван господине Генц Поло, Ви благодарам за охрабрувачките пораки и се надевам декаи натаму ќе работиме на неопходните реформи за европската интеграција на нашите држави.“
Честитки за професорката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, стигнуваат и од организациите во кои членува партијата, а кои се во фокус на поддршка за идното владеење. Интересно е што професорката Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит кон сите што упатија свои честитки одговарајќи на нивните јазици покрај одговорите на англиски јазик.

The post Честитки за победата на претседателските избори до Сиљановска-Давкова пристигнуваат од региониот и Европа appeared first on Република.

]]>
Силјановска-Давкова: Еден претседател треба да обединува и да трага по единство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-eden-pretsedatel-treba-da-obedinuva-i-da-traga-po-edinstvo/ Thu, 09 May 2024 20:12:58 +0000 https://republika.mk/?p=776543

Гордана Силјановска-Давкова преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и кажа дека за неа ова претставува голема чест и одговорност.

➡️ Почитувани граѓанки и граѓани на Македонија, ви честитам, ова е ваша победа! Горда сум на сите вас! Искрено ви благодарам на поддршката, за мене ова претставува голема чест, но и голема одговорност!
ℹ️ Ви тврдам и ви ветувам дека од овој момент овде јас ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Еден претседател, особено ако е жена, треба да обединува и да трага по единство. Се обврзувам на такво единство бидејќи секогаш ќе бидам со вас и за вас!
✅ Македонија е во ваши раце, вие сте носители на легитимитетот! Македонија е горда! 🇲🇰

The post Силјановска-Давкова: Еден претседател треба да обединува и да трага по единство appeared first on Република.

]]>

Гордана Силјановска-Давкова преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и кажа дека за неа ова претставува голема чест и одговорност.
➡️ Почитувани граѓанки и граѓани на Македонија, ви честитам, ова е ваша победа! Горда сум на сите вас! Искрено ви благодарам на поддршката, за мене ова претставува голема чест, но и голема одговорност! ℹ️ Ви тврдам и ви ветувам дека од овој момент овде јас ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Еден претседател, особено ако е жена, треба да обединува и да трага по единство. Се обврзувам на такво единство бидејќи секогаш ќе бидам со вас и за вас! ✅ Македонија е во ваши раце, вие сте носители на легитимитетот! Македонија е горда! 🇲🇰

The post Силјановска-Давкова: Еден претседател треба да обединува и да трага по единство appeared first on Република.

]]>
ДИК ги соопшти резултатите од парламентарните и претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-gi-soopshti-rezultatite-od-parlamentarnite-i-pretsedatelskite-izbori/ Thu, 09 May 2024 18:21:29 +0000 https://republika.mk/?p=776507

Претседателот на Државаната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од вчера одржаните парламентарни и вториот круг од претседателските избори.

Kоалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори обезбедила 58 мандати, односно усвоила 436.036 гласови или 43,32% од вкупниот број, а за коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ гласале 154.687, односно 15,37% од гласачите. Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ има 137.561 глас или 13,67%, а коалицијата „ВЉЕН“ 107.081 гласа или 10,64%. Место во парламентарниот состав обезбедија и партијата Левица со освоени 68.663 гласа или 6,82% и Движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ со 56.288 гласа или 5,59%.

Даштевски ги соопшти и резултатите од вториот круг на претседателските избори.Ддвајцата кандидати ги добија следниот број на гласови: Стево Пендаровски – 251.899 и Гордана Силјановска Давкова – 561.001.

Мандатот на пратениците почнува да тече од конститутивната седница на законодавниот дом. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.

The post ДИК ги соопшти резултатите од парламентарните и претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Државаната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од вчера одржаните парламентарни и вториот круг од претседателските избори. Kоалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори обезбедила 58 мандати, односно усвоила 436.036 гласови или 43,32% од вкупниот број, а за коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ гласале 154.687, односно 15,37% од гласачите. Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ има 137.561 глас или 13,67%, а коалицијата „ВЉЕН“ 107.081 гласа или 10,64%. Место во парламентарниот состав обезбедија и партијата Левица со освоени 68.663 гласа или 6,82% и Движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ со 56.288 гласа или 5,59%. Даштевски ги соопшти и резултатите од вториот круг на претседателските избори.Ддвајцата кандидати ги добија следниот број на гласови: Стево Пендаровски – 251.899 и Гордана Силјановска Давкова – 561.001. Мандатот на пратениците почнува да тече од конститутивната седница на законодавниот дом. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.

The post ДИК ги соопшти резултатите од парламентарните и претседателските избори appeared first on Република.

]]>
ДИК обработи 100% од гласовите: Силјановска Давкова освои 561 001 глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-obraboti-100-od-glasovite-siljanovska-davkova-osvoi-561-001-glas/ Thu, 09 May 2024 14:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=776414

Државната изборна комисија објави резултати од 100% обработени податоци за претседателските и парламентарните избори.

Кандидатката Гордана Силјановска Давкова е апсолутен победник на претседателските избори со вкупно 561.001 гласови.

Таа води за 309 илјади гласови пред нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски, кој освои вкупно 251.881 гласови.

The post ДИК обработи 100% од гласовите: Силјановска Давкова освои 561 001 глас appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија објави резултати од 100% обработени податоци за претседателските и парламентарните избори. Кандидатката Гордана Силјановска Давкова е апсолутен победник на претседателските избори со вкупно 561.001 гласови. Таа води за 309 илјади гласови пред нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски, кој освои вкупно 251.881 гласови.

The post ДИК обработи 100% од гласовите: Силјановска Давкова освои 561 001 глас appeared first on Република.

]]>
Со над 280.000 гласови разлика беше поразена корумпираната власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-nad-280-000-glasovi-razlika-beshe-porazena-korumpiranata-vlast/ Thu, 09 May 2024 11:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=776355

„Вчера се случи историја. Вчера народот повторно ја направи Македонија своја и горда и јасно покажа дека Македонија треба да чекори во правецот на напредокот, успесите, реформите и европските стандарди. Вчера победи Македонија, победи народот, победија и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи, победија граѓаните. Затоа упатувам огромна благодарност до сите граѓани, вклучително и дијаспората, кои патуваа и по стотици и илјадници километри да го дадат својот глас за промени.

Со над 280 илјади гласови разлика беше декласирана власта на СДСМ, затоа што на народот му беше доста од криминалот корупцијата, понижувањата, поделбите, притисоците, поразите и уцените. Вчера беше поразен и бојкотот на ДУИ, но беше упатен и јасен сигнал дека во Македонија мора да има одговорност за пљачкањето и осиромашувањето на граѓаните кое се случува изминатите години.

Одважноста и храброста на народот ја заслужува целата почит. Довербата која беше дадена на ВМРО-ДПМНЕ носи и огромна одговорност и чест да се формира и води влада која ќе биде посветена на секој еден граѓанин, на неговите потреби, барања, на подобриот стандард, на реформите кои ќе значат подобар живот.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби трипати повеќе мандати од СДСМ, или ако сакате повеќе од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ, согласно последните неофицијални податоци од ДИК освои 58 наспроти 18 мандати на СДСМ и 19 мандати на ДУИ. Јасна е волјата на граѓаните, покрај СДСМ, во опозиција треба да оди и ДУИ, да поминат низ една катарза, да има одговорност и да се реформираат, потоа да излезат пред судот на граѓаните.

Дополнително, Македонија вчера доби нов претседателка во името на Гордана Силјановска Давкова која успеа да го победи актуелниот претседател Пендаровски со околу 310 илјади гласови разлика, да потсетам оваа победа е извојувана од позиција на предизвикувач на актуелниот претседател. Тоа говори колку е големо незадоволството на граѓаните од политиката позната „како до сега“.

Народот достоинствено се спротивстави на поразите и се одлучи за промените во свои раце. Наша обврска како идна власт е да работиме одговорно и чесно од првиот ден на формирањето на новата влада, која очекуваме во најбрз можен рок да се состави од партиите кои нудат промени и просперитет. Првите резултати од идната влада треба да се почувствуваат во првите 100 дена од нејзиниот мандат, затоа што ние нудиме и ќе спроведеме концепт на работа и реализација на ветените проекти.

Македонија прославува, но Македонија ја чека и многу работа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и народот, како што заедно се изборија за промени, така заедно ќе работат за подобра иднина.”, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Со над 280.000 гласови разлика беше поразена корумпираната власт appeared first on Република.

]]>

„Вчера се случи историја. Вчера народот повторно ја направи Македонија своја и горда и јасно покажа дека Македонија треба да чекори во правецот на напредокот, успесите, реформите и европските стандарди. Вчера победи Македонија, победи народот, победија и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи, победија граѓаните. Затоа упатувам огромна благодарност до сите граѓани, вклучително и дијаспората, кои патуваа и по стотици и илјадници километри да го дадат својот глас за промени. Со над 280 илјади гласови разлика беше декласирана власта на СДСМ, затоа што на народот му беше доста од криминалот корупцијата, понижувањата, поделбите, притисоците, поразите и уцените. Вчера беше поразен и бојкотот на ДУИ, но беше упатен и јасен сигнал дека во Македонија мора да има одговорност за пљачкањето и осиромашувањето на граѓаните кое се случува изминатите години. Одважноста и храброста на народот ја заслужува целата почит. Довербата која беше дадена на ВМРО-ДПМНЕ носи и огромна одговорност и чест да се формира и води влада која ќе биде посветена на секој еден граѓанин, на неговите потреби, барања, на подобриот стандард, на реформите кои ќе значат подобар живот. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби трипати повеќе мандати од СДСМ, или ако сакате повеќе од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ, согласно последните неофицијални податоци од ДИК освои 58 наспроти 18 мандати на СДСМ и 19 мандати на ДУИ. Јасна е волјата на граѓаните, покрај СДСМ, во опозиција треба да оди и ДУИ, да поминат низ една катарза, да има одговорност и да се реформираат, потоа да излезат пред судот на граѓаните. Дополнително, Македонија вчера доби нов претседателка во името на Гордана Силјановска Давкова која успеа да го победи актуелниот претседател Пендаровски со околу 310 илјади гласови разлика, да потсетам оваа победа е извојувана од позиција на предизвикувач на актуелниот претседател. Тоа говори колку е големо незадоволството на граѓаните од политиката позната „како до сега“. Народот достоинствено се спротивстави на поразите и се одлучи за промените во свои раце. Наша обврска како идна власт е да работиме одговорно и чесно од првиот ден на формирањето на новата влада, која очекуваме во најбрз можен рок да се состави од партиите кои нудат промени и просперитет. Првите резултати од идната влада треба да се почувствуваат во првите 100 дена од нејзиниот мандат, затоа што ние нудиме и ќе спроведеме концепт на работа и реализација на ветените проекти. Македонија прославува, но Македонија ја чека и многу работа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и народот, како што заедно се изборија за промени, така заедно ќе работат за подобра иднина.”, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Со над 280.000 гласови разлика беше поразена корумпираната власт appeared first on Република.

]]>
Двојно повеќе неважечки ливчиња во вториот отколку во првиот круг, разликата е голема и меѓу претседателските и парламентарните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvojno-poveke-nevazhechki-livchina-vo-vtoriot-otkolku-vo-prviot-krug-razlikata-e-golema-i-megu-pretsedatelskite-i-parlamentarnite/ Thu, 09 May 2024 11:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=776310

Скоро двојно повисок е бројот на неважечки ливчиња во вториот круг од претседателските избори споредено со оној на парламентарните. И двата избори се одржуваа на ист ден, вчера.

Покрај бојкотот за гласање за претседател и одбивање да се земе тоа ливче кај дел од албанските гласачи, вчера своето ливче за избор на претседател го пречкртале 48.237 гласачи. Вкупниот број на неважечки ливчиња за парламентарните избори е 27.274.

Голема е разликата и меѓу неважечките ливчиња од првиот и вториот изборен круг. Вкупниот број на неважечки ливчиња во првиот круг од претседателските избори на 24 април е 24.560.

На претседателските избори во 2019 година, во првиот круг неважечки биле 32.696 ливчиња, додека во вториот бројката била помала - 30.407.

The post Двојно повеќе неважечки ливчиња во вториот отколку во првиот круг, разликата е голема и меѓу претседателските и парламентарните appeared first on Република.

]]>

Скоро двојно повисок е бројот на неважечки ливчиња во вториот круг од претседателските избори споредено со оној на парламентарните. И двата избори се одржуваа на ист ден, вчера. Покрај бојкотот за гласање за претседател и одбивање да се земе тоа ливче кај дел од албанските гласачи, вчера своето ливче за избор на претседател го пречкртале 48.237 гласачи. Вкупниот број на неважечки ливчиња за парламентарните избори е 27.274. Голема е разликата и меѓу неважечките ливчиња од првиот и вториот изборен круг. Вкупниот број на неважечки ливчиња во првиот круг од претседателските избори на 24 април е 24.560. На претседателските избори во 2019 година, во првиот круг неважечки биле 32.696 ливчиња, додека во вториот бројката била помала - 30.407.

The post Двојно повеќе неважечки ливчиња во вториот отколку во првиот круг, разликата е голема и меѓу претседателските и парламентарните appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова освои над 560 илјади гласа, повисоки бројки имаа само други двајца претседатели https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-osvoi-nad-560-iljadi-glasa-povisoki-brojki-imaa-samo-drugi-dvajtsa-pretsedateli/ Thu, 09 May 2024 08:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=776166

Во вториот круг на претседателските избори, на кои Македонија по седми пат избираше претседател, победи Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Според податоците од Државната изборна комисија, согласно обработени 99,09% од избирачките места, за првата претседателка гласот го дале 560.170 гласачи.

За споредба, таа освои околу 125 илјади гласови повеќе од гласовите што му беа доделени на Стево Пендаровски во вториот круг на претседателските избори 2019, кога тој ја победи во првото нивно соочување.

Повисок број на гласови од Силјановска Давкова на претходните претседателски избори освоиле само претседателите Борис Трајковски, кој во 1999 година освои 582.808 гласови и Киро Глигоров, кој на првите претседателски избори во Република Македонија, одржани на 16 октомври 1994 година, победи во првиот круг  со освоени 715.087 гласови односно 78,4 проценти од вкупниот број на гласови.

Претседателските избори низ бројки:

Првите претседателски избори во Република Македонија се одржани на 16 октомври 1994 година, истовремено со парламентарните избори. На изборите учествуваа двајца кандидати, а победи во првиот круг Киро Глигоров со освоени 715.087 гласови односно 78,4 проценти, како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Неговиот противкандидат Љубиша Георгиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ освои 197.109 гласови, односно 21,6 проценти.

Вторите претседателски избори во независна Република Македонија се одржаа во 1999 година. Дотогашниот претседател Киро Глигоров не се кандидираше на овие избори, а победи Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг учествуваа кандидатите - Муарем Неџипи, Васил Тупурковски, Мухамед Халили, Тито Петковски, Стојан Андов и Борис Трајковски. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582.808 гласови, а Тито Петковски освои 513.614 гласови, или 52,40 проценти наспроти 46,18 проценти.

Третите претседателски избори во 2004 година се одржаа предвреме поради смртта на претседателот Борис Трајковски. Првиот круг се одржа на 14 април 2004 година, а вториот на 28 април 2004 година. На изборите учествуваа четворица кандидати - Бранко Црвенковски поддржан од СДСМ, Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, Гзим Острени од ДУИ, Зуди Џелили од ДПА. На овие избори победи Бранко Црвенковски со освоени 550.317 гласови или 62,6 отсто, наспроти Сашко Кедев со 329.179 гласови или 37,4 проценти.

Четвртите претседателски избори се одржаа на 22 март и на 5 април 2009, во исто време со изборите за локална самоуправа. На изборите учествува седум кандидати - Ѓорѓе Иванов поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчкоски од СДСМ, Имер Селмани од Нова Демократија, Љубе Бошкоски како независен кандидат, Агрон Буџаку од ДУИ, Нано Ружин од ЛДП и Мируше Хоџа од ДПА. На овие претседателски избори победи Ѓорѓе Иванов со 453.616 гласови или 63,14 проценти.

Петтите претседателски избори беа редовни, а се одржаа на 13 април и 27 април 2014 година. Истовремено со вториот круг на претседателските избори беа одржани и предвремени парламентарни избори. Вториот круг беше на 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. На овие петти претседателски избори победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови. На овие претседателски избори освен Пендаровски и Иванов, учествуваа и Зоран Попоски поддржан од ГРОМ и Илјаз Халими од ДПА.

Шестите претседателски избори се одржаа на 21 април и 5 мај 2019 година, на кои победи Стево Пендаровски со освоени 435.656 гласови или 53.59 проценти. На овие претседателски избори, покрај Стево Пендаровски, учествуваа и Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА.

Седмите претседателските избори се одржа на 24 април и 8 мај, а граѓаните можеа да изберат меѓу седумте кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски. Во трката за претседател во втор круг влегоа Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

The post Силјановска Давкова освои над 560 илјади гласа, повисоки бројки имаа само други двајца претседатели appeared first on Република.

]]>

Во вториот круг на претседателските избори, на кои Македонија по седми пат избираше претседател, победи Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Според податоците од Државната изборна комисија, согласно обработени 99,09% од избирачките места, за првата претседателка гласот го дале 560.170 гласачи. За споредба, таа освои околу 125 илјади гласови повеќе од гласовите што му беа доделени на Стево Пендаровски во вториот круг на претседателските избори 2019, кога тој ја победи во првото нивно соочување. Повисок број на гласови од Силјановска Давкова на претходните претседателски избори освоиле само претседателите Борис Трајковски, кој во 1999 година освои 582.808 гласови и Киро Глигоров, кој на првите претседателски избори во Република Македонија, одржани на 16 октомври 1994 година, победи во првиот круг  со освоени 715.087 гласови односно 78,4 проценти од вкупниот број на гласови.

Претседателските избори низ бројки:

Првите претседателски избори во Република Македонија се одржани на 16 октомври 1994 година, истовремено со парламентарните избори. На изборите учествуваа двајца кандидати, а победи во првиот круг Киро Глигоров со освоени 715.087 гласови односно 78,4 проценти, како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Неговиот противкандидат Љубиша Георгиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ освои 197.109 гласови, односно 21,6 проценти. Вторите претседателски избори во независна Република Македонија се одржаа во 1999 година. Дотогашниот претседател Киро Глигоров не се кандидираше на овие избори, а победи Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг учествуваа кандидатите - Муарем Неџипи, Васил Тупурковски, Мухамед Халили, Тито Петковски, Стојан Андов и Борис Трајковски. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582.808 гласови, а Тито Петковски освои 513.614 гласови, или 52,40 проценти наспроти 46,18 проценти. Третите претседателски избори во 2004 година се одржаа предвреме поради смртта на претседателот Борис Трајковски. Првиот круг се одржа на 14 април 2004 година, а вториот на 28 април 2004 година. На изборите учествуваа четворица кандидати - Бранко Црвенковски поддржан од СДСМ, Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, Гзим Острени од ДУИ, Зуди Џелили од ДПА. На овие избори победи Бранко Црвенковски со освоени 550.317 гласови или 62,6 отсто, наспроти Сашко Кедев со 329.179 гласови или 37,4 проценти. Четвртите претседателски избори се одржаа на 22 март и на 5 април 2009, во исто време со изборите за локална самоуправа. На изборите учествува седум кандидати - Ѓорѓе Иванов поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчкоски од СДСМ, Имер Селмани од Нова Демократија, Љубе Бошкоски како независен кандидат, Агрон Буџаку од ДУИ, Нано Ружин од ЛДП и Мируше Хоџа од ДПА. На овие претседателски избори победи Ѓорѓе Иванов со 453.616 гласови или 63,14 проценти. Петтите претседателски избори беа редовни, а се одржаа на 13 април и 27 април 2014 година. Истовремено со вториот круг на претседателските избори беа одржани и предвремени парламентарни избори. Вториот круг беше на 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. На овие петти претседателски избори победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови. На овие претседателски избори освен Пендаровски и Иванов, учествуваа и Зоран Попоски поддржан од ГРОМ и Илјаз Халими од ДПА. Шестите претседателски избори се одржаа на 21 април и 5 мај 2019 година, на кои победи Стево Пендаровски со освоени 435.656 гласови или 53.59 проценти. На овие претседателски избори, покрај Стево Пендаровски, учествуваа и Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА. Седмите претседателските избори се одржа на 24 април и 8 мај, а граѓаните можеа да изберат меѓу седумте кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски. Во трката за претседател во втор круг влегоа Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.  

The post Силјановска Давкова освои над 560 илјади гласа, повисоки бројки имаа само други двајца претседатели appeared first on Република.

]]>
„Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома“, рече Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stevo-mi-zvonel-ama-telefonot-sum-go-ostavila-doma-reche-siljanovska-davkova/ Wed, 08 May 2024 22:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=776049

Победничката на претседателските избори и идна мајка на нацијата Гордана Силјановска Давкова вечерва откри дека нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски и ѕвонел.

Како што вели, таа го заборавила својот телефон дома..

„Со што ја заслужив оваа чест? Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми честита, ама за жал, сум го заборавила телефонот дома“, рече Сиљановска Давкова

The post „Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома“, рече Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Победничката на претседателските избори и идна мајка на нацијата Гордана Силјановска Давкова вечерва откри дека нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски и ѕвонел. Како што вели, таа го заборавила својот телефон дома..
„Со што ја заслужив оваа чест? Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми честита, ама за жал, сум го заборавила телефонот дома“, рече Сиљановска Давкова

The post „Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома“, рече Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Гордана Силјановска Давкова: Ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gordana-siljanovska-davkova-ke-se-odnesuvam-kako-pretsedatelka-na-site-gragani/ Wed, 08 May 2024 21:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=776021

Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии, изјави кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска Давкова.

На вечерашната прес-конференција во Централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова рече дека портите на, како што рече, „граѓанските позајмени канцеларии“ се отворени за сите.

– Она што го ветив во предизборната кампања, почнувајќи од народните канцеларии, преку обраќањата до Парламентот, преку личностите во Судскиот совет, Уставниот суд и Советот за безбедност, дека ќе ги вршам врз основа на стручност, компетентност и нема да ја заборавам разноликоста, рече таа.

Како што дополни, мора да се обидеме да ставиме крај на балканизацијата, да помагаме едни на други, да бидеме политичари.

– Затоа ние мораме да почнеме меѓусебе да се разбираме, да се помагаме, да не посегнуваме по вето, туку да посегаме по поддршка, рече таа, дополнувајќи дека нејзините патишта водат прво на Балканот, а, Брисел, како што дополни, е неизоставен.

Силјановска Давкова потенцираше дека ќе ги брани државните и националните интереси.

Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница таа по обработени 90 отсто од гласовите има освоено 506.955 гласови.

The post Гордана Силјановска Давкова: Ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани appeared first on Република.

]]>

Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии, изјави кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска Давкова. На вечерашната прес-конференција во Централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова рече дека портите на, како што рече, „граѓанските позајмени канцеларии“ се отворени за сите. – Она што го ветив во предизборната кампања, почнувајќи од народните канцеларии, преку обраќањата до Парламентот, преку личностите во Судскиот совет, Уставниот суд и Советот за безбедност, дека ќе ги вршам врз основа на стручност, компетентност и нема да ја заборавам разноликоста, рече таа. Како што дополни, мора да се обидеме да ставиме крај на балканизацијата, да помагаме едни на други, да бидеме политичари. – Затоа ние мораме да почнеме меѓусебе да се разбираме, да се помагаме, да не посегнуваме по вето, туку да посегаме по поддршка, рече таа, дополнувајќи дека нејзините патишта водат прво на Балканот, а, Брисел, како што дополни, е неизоставен. Силјановска Давкова потенцираше дека ќе ги брани државните и националните интереси. Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница таа по обработени 90 отсто од гласовите има освоено 506.955 гласови.

The post Гордана Силјановска Давкова: Ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани appeared first on Република.

]]>
Над 500 илјади граѓани гласаа за Гордана Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-500-iljadi-gragani-glasaa-za-gordana-siljanovska-davkova/ Wed, 08 May 2024 21:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=775976

Со обработени 3.227 од 3.508 избирачки места низ Македонија (91,99%), кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и веќе извесно новата претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова освои 506.955 гласа или 64,93% од гласовите.

Нејзниот противкандидат Стево Пендаровски 228.987 гласови, што е пак подобар резултат кој неговата партија СДСМ ја освои на парламентарните избори.

Мандатот на актуелниот претседател на државата Стрево Пендаровски истекува в недела на 12 мај, така што тогаш треба да биде инаугурацијата на новата претседателка Силјановска Давкова. Собраниската седница треба да ја закаже актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески.

The post Над 500 илјади граѓани гласаа за Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Со обработени 3.227 од 3.508 избирачки места низ Македонија (91,99%), кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и веќе извесно новата претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова освои 506.955 гласа или 64,93% од гласовите. Нејзниот противкандидат Стево Пендаровски 228.987 гласови, што е пак подобар резултат кој неговата партија СДСМ ја освои на парламентарните избори. Мандатот на актуелниот претседател на државата Стрево Пендаровски истекува в недела на 12 мај, така што тогаш треба да биде инаугурацијата на новата претседателка Силјановска Давкова. Собраниската седница треба да ја закаже актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески.

The post Над 500 илјади граѓани гласаа за Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Дебакл на Оливер Спасовски – освои само 2 пратенички места https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/debakl-na-oliver-spasovski-osvoi-samo-2-pratenichki-mesta/ Wed, 08 May 2024 20:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=775926

Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи се единствените пратеници од СДСМ во втората изборна единица. Оливер Спасовски, како носител на листата во оваа ИЕ освои речиси четири пати помалку гласови од носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој и донесе на ВМРО-ДПМНЕ 9 пратенички места. Од ВМРО-ДПМНЕ влегуваат Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска.

Садула Дураку и донесе 4 мандати на ДУИ - Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Ељми Азири, а Африм Гаши три мандати на ВРЕДИ Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи-Коџаџику. Од Левица од оваа изборна единица во собрание влегува Амар Мециновиќ, а од ЗНАМ Даниел Стојчевски.

Ова се податоци од 81 отсто обработени гласови, така што оваа листа може да претрпи одредени измени.

The post Дебакл на Оливер Спасовски – освои само 2 пратенички места appeared first on Република.

]]>

Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи се единствените пратеници од СДСМ во втората изборна единица. Оливер Спасовски, како носител на листата во оваа ИЕ освои речиси четири пати помалку гласови од носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој и донесе на ВМРО-ДПМНЕ 9 пратенички места. Од ВМРО-ДПМНЕ влегуваат Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска. Садула Дураку и донесе 4 мандати на ДУИ - Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Ељми Азири, а Африм Гаши три мандати на ВРЕДИ Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи-Коџаџику. Од Левица од оваа изборна единица во собрание влегува Амар Мециновиќ, а од ЗНАМ Даниел Стојчевски. Ова се податоци од 81 отсто обработени гласови, така што оваа листа може да претрпи одредени измени.

The post Дебакл на Оливер Спасовски – освои само 2 пратенички места appeared first on Република.

]]>
Силјановска засега освои 50.000 гласа повеќе од првиот круг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-zasega-osvoi-50-000-glasa-poveke-od-prviot-krug/ Wed, 08 May 2024 20:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=775898

Од обработени речиси 78 отсто од гласачките ливчиња во денешниот втор круг претседателски избори, резултатите што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека кандидатктата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 413.598 (64,77%) води пред Стево Пендаровски од СДСМ има 186.954 (29,28%).

Според податоците на ДИК, Силјановска Давкова досега освои над 50 илјади гласа повеќе од првиот круг.

Пендаровски веќе го призна поразот и им посака успешна работа на победниците.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

The post Силјановска засега освои 50.000 гласа повеќе од првиот круг appeared first on Република.

]]>

Од обработени речиси 78 отсто од гласачките ливчиња во денешниот втор круг претседателски избори, резултатите што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека кандидатктата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 413.598 (64,77%) води пред Стево Пендаровски од СДСМ има 186.954 (29,28%). Според податоците на ДИК, Силјановска Давкова досега освои над 50 илјади гласа повеќе од првиот круг. Пендаровски веќе го призна поразот и им посака успешна работа на победниците. Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

The post Силјановска засега освои 50.000 гласа повеќе од првиот круг appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Уште пред Нова година знаев дека СДСМ не се во кондицијата пред 5 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ushte-pred-nova-godina-znaev-deka-sdsm-ne-se-vo-konditsijata-pred-5-godini/ Wed, 08 May 2024 20:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=775889

Уште пред Нова година знаев дека коалицијата предводена од СДСМ не се во онаа кондиција во која што беа пред 5 или 10 години, како и што покажуваа сондажите. Анализитите покажуваа дека мојот личен рејтинг е над партијата и коалицијата и тоа ми даде надеж дека можам да бидам рамноправен натпреварувач. Она што денес се случи значајно ми ги одзема шансите да бидам рамноправен натпреварувач – стотици илјади наши граѓани беа оневозможени да земат второ ливче, изјави претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски на прес-конференција.

Тој веќе го призна поразот и ѝ ја честиташе победата на неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-prizna-poraz/

Според Пендаровски, трката за претседател ќе била далеку поинезвесна доколку не се случел скриениот бојкот на претседателските избори. Тој истакна дека има информација дека голем дел од гласачите од здружената албанска опозиција постапиле многу слично на гласачите на ДУИ и не земале две ливчиња.

Најави дека ќе се врати на факултетот и ќе продолжи со предавањата, како и пред да ја извршува претседателската функција.

The post Пендаровски: Уште пред Нова година знаев дека СДСМ не се во кондицијата пред 5 години appeared first on Република.

]]>

Уште пред Нова година знаев дека коалицијата предводена од СДСМ не се во онаа кондиција во која што беа пред 5 или 10 години, како и што покажуваа сондажите. Анализитите покажуваа дека мојот личен рејтинг е над партијата и коалицијата и тоа ми даде надеж дека можам да бидам рамноправен натпреварувач. Она што денес се случи значајно ми ги одзема шансите да бидам рамноправен натпреварувач – стотици илјади наши граѓани беа оневозможени да земат второ ливче, изјави претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски на прес-конференција. Тој веќе го призна поразот и ѝ ја честиташе победата на неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова. https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-prizna-poraz/ Според Пендаровски, трката за претседател ќе била далеку поинезвесна доколку не се случел скриениот бојкот на претседателските избори. Тој истакна дека има информација дека голем дел од гласачите од здружената албанска опозиција постапиле многу слично на гласачите на ДУИ и не земале две ливчиња. Најави дека ќе се врати на факултетот и ќе продолжи со предавањата, како и пред да ја извршува претседателската функција.

The post Пендаровски: Уште пред Нова година знаев дека СДСМ не се во кондицијата пред 5 години appeared first on Република.

]]>
Пендаровски призна пораз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-prizna-poraz/ Wed, 08 May 2024 19:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=775879

Досегашниот претседател Стево Пендаровски го призна поразот и им честиташе победа на победниците. Воедно напомена дека совеста не е мирна на оние кои не гласале за претседател и се одлучиле да бојкотираат.

Дозволете да се заблагодарам на сите учесници во изборниот процес и на сите институции кои се погрижија да помине овој ден фер и демократски. Знаеме дека има извештаи за изборни прекршувања, но оставаме институциите да ги разрешат и да не остават ниту една темна дамка на изборниот процес. Резултатите се јасни, и немам намера подетално да ги образложам. Согласно резултатите, сакам да им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните пет години. Мојот концепт на мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евроатлантските структури, денеска, за жал, не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Јас сум длабоко убеден дека само така Македонија може да биде демократска и проспиретна држава. Затоа мојата совест е мирна. Не сум сигурен дека совеста е мирна на оние кои не дозволија на граѓаните да го земат второто ливче и да гласаат на претседателските избори денеска. Ја користам приликата да ви се заблагодарам на успешната соработка во изминатите пет години, и се надевам ќе соработуваме во иднина, рече Пендаровски.

The post Пендаровски призна пораз appeared first on Република.