претседателски и парламентарни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelski-i-parlamentarni/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Dec 2023 07:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседателски и парламентарни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelski-i-parlamentarni/ 32 32 Ситно брои: Ковачевски си заминува на 28 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sitno-broi-kovachevski-si-zaminuva-na-28-januari/ Tue, 05 Dec 2023 07:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=719723

Лидерите на парламентарните политички партии на средба во Собранието се договорија првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, а вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај. Според пропишаните рокови изборите би се распишале најдоцна на 28 февруари, а техничката Влада би требало да се формира до 28 јануари.

Имајќи предвид дека вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори би се случиле на 8 мај, согласно уставните и законските рокови, инаугурацијата на Претседателот на државата може да се одржи на 12 мај, а конститутивната седница на Собранието 20 дена подоцна односно до 28 мај. Новата влада би требало да биде избрана до крајот на јуни 2024 година.

На вчерашната лидерска средба е постигнат и широк консензус за забелешките за Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Исто така, тема на разговор бил и статусот со процесот на скрининг за кој, како што потенцирал Ковачевски, се одвива успешно и според утврдената динамика.

-Уставните измени се единствениот предуслов за да се продолжи напред, а секое одлагање е неодговорна и опасна политичка одлука, изјави вчера по средбата премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.

Според премиерот, секое одлагање и ставање во неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство е исклучително неодговорна и опасна политичка одлука.

-Овој став го споделив на лидерскиот состанок со напомена дека уставните измени ќе останат да бидат обврска и за овој парламентарен состав и за секој нареден и секоја теза дека има некоја друга алтернатива за нашето членство во ЕУ е погрешна. Сега е време да се постапи правилно и да се донесат уставните измени, изјави Ковачевски.

Ковачевски на средбата информирал дека Извршниот комитет на СДСМ донел одлука за формирање Европски фронт и за започнување на постапка за избор на кандидат за претседател, согласно Статутот и согласно соодветните правилници во партијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека на лидерската средба е постигнат широк консензус за датумот за изборите, како и за Изборниот законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. Во однос на уставните измени, тој е дециден дека сега нема услови за тоа од познати причини кажани во јавноста многу пати досега.

-За измени на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР постигнавме согласност и тие ќе влезат во собраниска процедура што значи дека тој ќе се менува иако не е испочитувано правилото шест месеци пред почеток на кампња за изборен процес да нема измени, имајќи ја предвид согласноста првиот круг од претседателските избори да се случи на 24 парил, а вториот круг претседателски избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај, што е донесено како заклучок. Кампањата би започлнала на 4 април, тоа значи сепак дека не го испочитувавме правилото да немаме интервенции пред почеток на кампања. Се надевам дека во иднина тоа нема да биде случај, изјави вчера по средбата Мицкоски.

The post Ситно брои: Ковачевски си заминува на 28 јануари appeared first on Република.

]]>

Лидерите на парламентарните политички партии на средба во Собранието се договорија првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, а вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај. Според пропишаните рокови изборите би се распишале најдоцна на 28 февруари, а техничката Влада би требало да се формира до 28 јануари. Имајќи предвид дека вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори би се случиле на 8 мај, согласно уставните и законските рокови, инаугурацијата на Претседателот на државата може да се одржи на 12 мај, а конститутивната седница на Собранието 20 дена подоцна односно до 28 мај. Новата влада би требало да биде избрана до крајот на јуни 2024 година. На вчерашната лидерска средба е постигнат и широк консензус за забелешките за Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Исто така, тема на разговор бил и статусот со процесот на скрининг за кој, како што потенцирал Ковачевски, се одвива успешно и според утврдената динамика.
-Уставните измени се единствениот предуслов за да се продолжи напред, а секое одлагање е неодговорна и опасна политичка одлука, изјави вчера по средбата премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.
Според премиерот, секое одлагање и ставање во неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство е исклучително неодговорна и опасна политичка одлука. -Овој став го споделив на лидерскиот состанок со напомена дека уставните измени ќе останат да бидат обврска и за овој парламентарен состав и за секој нареден и секоја теза дека има некоја друга алтернатива за нашето членство во ЕУ е погрешна. Сега е време да се постапи правилно и да се донесат уставните измени, изјави Ковачевски. Ковачевски на средбата информирал дека Извршниот комитет на СДСМ донел одлука за формирање Европски фронт и за започнување на постапка за избор на кандидат за претседател, согласно Статутот и согласно соодветните правилници во партијата Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека на лидерската средба е постигнат широк консензус за датумот за изборите, како и за Изборниот законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. Во однос на уставните измени, тој е дециден дека сега нема услови за тоа од познати причини кажани во јавноста многу пати досега.
-За измени на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР постигнавме согласност и тие ќе влезат во собраниска процедура што значи дека тој ќе се менува иако не е испочитувано правилото шест месеци пред почеток на кампња за изборен процес да нема измени, имајќи ја предвид согласноста првиот круг од претседателските избори да се случи на 24 парил, а вториот круг претседателски избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај, што е донесено како заклучок. Кампањата би започлнала на 4 април, тоа значи сепак дека не го испочитувавме правилото да немаме интервенции пред почеток на кампања. Се надевам дека во иднина тоа нема да биде случај, изјави вчера по средбата Мицкоски.

The post Ситно брои: Ковачевски си заминува на 28 јануари appeared first on Република.

]]>
Од економски и практичен аспект за Македонија е подобро да има споен изборен циклус, заеднички претседателски и парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-ekonomski-i-praktichen-aspekt-za-makedonija-e-podobro-da-ima-spoen-izboren-tsiklus-zaednichki-pretsedatelski-i-parlamentarni-izbori/ Sun, 05 Nov 2023 13:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=698447

Во денешното интервју на „Радио Слободна Европа“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што во однос на математиките на власта за изборите истакна дека државниот интерес е да се одржат споени избори, претседателски и парламентарни заедно за да не се трошат буџетски средства и да не се закочи државата на подолг период.

„Мислам дека не се работи за политичка математика се работи за реалност ако одиме што на нас би ни одговарало, политички нас ни одговараат раздвоени избори од проста причина што ќе победиме убедливо на претседателските избори и после тоа СДСМ ќе се доведе до ситуација да не можат по 20 луѓе да најдат за да ги стават на пратенички листи затоа што ќе е извесно каков драматичен пораз ќе им се случи на парламентарни избори. Така што ако гледаме од тесно партиски интерес нас повеќе ни одговара да се изборите раздвоени. Но мораме да го гледаме и другиот а тоа е државниот интерес затоа што ние пред се се занимаваме со јавна работа“, истакна Николоски.

Николоски посочи дека нема логика да се трошат дупло средства, дупло да се ангажираат избирачки одбори и да целата држава е замрзната седум месеци бидејќи разликата е само месец и пол, два меѓу претседателските и парламентарните избори.

„До денес на нашиот аргумент дека само за месец и пол до два, толку е разликата меѓу претседателските и парламентарните избори нема логика да се трошат дупло средства, да се дупло ангажираат избирачки одбори и да целата држава е замрзната седум месеци заради другите одредби од изборниот законик по кои што многу активности во државата запираат за време на избори, ние не добивме кредибилен контра аргумент од другата страна зошто е подобро од економски аспект пред се и од практичен аспект за Македонија да има два изборни циклуси а не да има еден споен изборен циклус“, нагласи Николоски.

Николоски кажа дека во минатото секогаш кога изборите биле блиску се спојувале затоа што тоа е логично економски и практично.

„Всушност во минатото секогаш кога изборите од еден или друг тип некогаш биле локални со претседателски, некогаш биле претседателски со парламентарни биле вака блиску се спојувале се спојувале затоа што рациото тоа го кажува. До денес не добивме ниту еден кредибилен одговор зошто за Македонија е добро да потроши дупло пари. Со ова однесување на власта на ДУИ и СДСМ на Македонија може да и се случат три изборни циклуси и целосно замрзната држава цела година. Затоа што ако според нив има прво претседателски па парламентарни, доколку претседателските не успеат ќе треба да се повторат и тоа значи дека на Македонија ќе и се случат три изборни циклуси во една година. Да не заборавиме дека 2025 веќе доаѓаат редовните локални избори и Македонија може да влезе во еден циклус на избори од година и пол каде што ќе замрзне секоја стопанска активност“, посочи Николоски.

The post Од економски и практичен аспект за Македонија е подобро да има споен изборен циклус, заеднички претседателски и парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Во денешното интервју на „Радио Слободна Европа“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што во однос на математиките на власта за изборите истакна дека државниот интерес е да се одржат споени избори, претседателски и парламентарни заедно за да не се трошат буџетски средства и да не се закочи државата на подолг период. „Мислам дека не се работи за политичка математика се работи за реалност ако одиме што на нас би ни одговарало, политички нас ни одговараат раздвоени избори од проста причина што ќе победиме убедливо на претседателските избори и после тоа СДСМ ќе се доведе до ситуација да не можат по 20 луѓе да најдат за да ги стават на пратенички листи затоа што ќе е извесно каков драматичен пораз ќе им се случи на парламентарни избори. Така што ако гледаме од тесно партиски интерес нас повеќе ни одговара да се изборите раздвоени. Но мораме да го гледаме и другиот а тоа е државниот интерес затоа што ние пред се се занимаваме со јавна работа“, истакна Николоски. Николоски посочи дека нема логика да се трошат дупло средства, дупло да се ангажираат избирачки одбори и да целата држава е замрзната седум месеци бидејќи разликата е само месец и пол, два меѓу претседателските и парламентарните избори. „До денес на нашиот аргумент дека само за месец и пол до два, толку е разликата меѓу претседателските и парламентарните избори нема логика да се трошат дупло средства, да се дупло ангажираат избирачки одбори и да целата држава е замрзната седум месеци заради другите одредби од изборниот законик по кои што многу активности во државата запираат за време на избори, ние не добивме кредибилен контра аргумент од другата страна зошто е подобро од економски аспект пред се и од практичен аспект за Македонија да има два изборни циклуси а не да има еден споен изборен циклус“, нагласи Николоски. Николоски кажа дека во минатото секогаш кога изборите биле блиску се спојувале затоа што тоа е логично економски и практично. „Всушност во минатото секогаш кога изборите од еден или друг тип некогаш биле локални со претседателски, некогаш биле претседателски со парламентарни биле вака блиску се спојувале се спојувале затоа што рациото тоа го кажува. До денес не добивме ниту еден кредибилен одговор зошто за Македонија е добро да потроши дупло пари. Со ова однесување на власта на ДУИ и СДСМ на Македонија може да и се случат три изборни циклуси и целосно замрзната држава цела година. Затоа што ако според нив има прво претседателски па парламентарни, доколку претседателските не успеат ќе треба да се повторат и тоа значи дека на Македонија ќе и се случат три изборни циклуси во една година. Да не заборавиме дека 2025 веќе доаѓаат редовните локални избори и Македонија може да влезе во еден циклус на избори од година и пол каде што ќе замрзне секоја стопанска активност“, посочи Николоски.

The post Од економски и практичен аспект за Македонија е подобро да има споен изборен циклус, заеднички претседателски и парламентарни избори appeared first on Република.

]]>