претседателска кандидатура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelska-kandidatura/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Feb 2023 21:58:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседателска кандидатура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelska-kandidatura/ 32 32 Сопругата на Џо Бајден навести дека тој е подготвен за нова претседателска трка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/soprugata-na-dho-bajden-navesti-deka-toj-e-podgotven-za-nova-pretsedatelska-trka/ Fri, 24 Feb 2023 21:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=612956

Првата дама на САД, Џил Бајден, даде една од најјасните индикации дека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2024 година, изјавувајќи дека „речиси ништо“ не останува да се направи освен да се прецизира времето и местото за тоа да биде официјално објавено.

Иако Бајден одамна ја искажа својата намера повторно да се кандидира за функцијата, тоа се уште не го направил официјално, а го мачат прашањата дали не е престар за да продолжи како претседател, со оглед на тоа што, доколку победи на изборите, на крајот на вториот претседателски мандат ќе има 86 години.

Тој вели дека сè уште не е готов со обврските. Не го завршил тоа што го почна и тоа е важно, изјави Џил Бајден во Најроби, последната станица од нејзината петдневна турнеја низ Африка.

Таа притоа праша колку пати тоа мора да повтори за луѓето да поверуваат.

Соработниците на Бајден велат дека неговата кандидатура најверојатно ќе биде објавена во април.

Првата дама на САД, неодамна беше опишана како клучната фигура во орбитата на Бајден во однос на неговите планови за иднината.

Тоа е така затоа што јас сум негова сопруга, изјави таа.

Меѓутоа, на прашањето дали таа е одлучувачкиот глас за претседателската кандидатура на сопругот, Џил Бајден одговори дека тој ќе ја сослуша, бидејќи тие се брачна двојка, меѓутоа, „тој самиот си ги носи одлуките“.

The post Сопругата на Џо Бајден навести дека тој е подготвен за нова претседателска трка appeared first on Република.

]]>

Првата дама на САД, Џил Бајден, даде една од најјасните индикации дека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2024 година, изјавувајќи дека „речиси ништо“ не останува да се направи освен да се прецизира времето и местото за тоа да биде официјално објавено. Иако Бајден одамна ја искажа својата намера повторно да се кандидира за функцијата, тоа се уште не го направил официјално, а го мачат прашањата дали не е престар за да продолжи како претседател, со оглед на тоа што, доколку победи на изборите, на крајот на вториот претседателски мандат ќе има 86 години.
Тој вели дека сè уште не е готов со обврските. Не го завршил тоа што го почна и тоа е важно, изјави Џил Бајден во Најроби, последната станица од нејзината петдневна турнеја низ Африка.
Таа притоа праша колку пати тоа мора да повтори за луѓето да поверуваат. Соработниците на Бајден велат дека неговата кандидатура најверојатно ќе биде објавена во април. Првата дама на САД, неодамна беше опишана како клучната фигура во орбитата на Бајден во однос на неговите планови за иднината.
Тоа е така затоа што јас сум негова сопруга, изјави таа.
Меѓутоа, на прашањето дали таа е одлучувачкиот глас за претседателската кандидатура на сопругот, Џил Бајден одговори дека тој ќе ја сослуша, бидејќи тие се брачна двојка, меѓутоа, „тој самиот си ги носи одлуките“.

The post Сопругата на Џо Бајден навести дека тој е подготвен за нова претседателска трка appeared first on Република.

]]>
Макрон вечерва ќе има обраќање пред нацијата, ќе ја објави својата кандидатура за втор мандат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-vecherva-kje-ima-obrakjanje-pred-nacijata-kje-ja-objavi-svojata-kandidatura-za-vtor-mandat/ Thu, 03 Mar 2022 17:08:13 +0000 https://republika.mk/?p=467168

Францускиот претседател во заминување, Емануел Mакрон, вечерва се очекува преку видео обраќање на социјалните мрежи и писмо во регионалниот печат, да ја објави својата кандидатура за втор претседателски мандат.

Сите ја очекуваат оваа најава, но досега беше непознат начинот на кој ќе биде објавена.

Утринава Макрон ја потврди својата намера да се кандидира за втор мандат, конечно официјализирајќи ја својата кандидатура за претседателските избори во 2022 година.

Наместо говор од Елисејската палата во стилот на Шарл де Гол или Валери Жискар д’Естен, наместо во ТВ вести во живо како Франсоа Митеран или Никола Саркози; наместо спонатна декларација како Жак Ширак… Макрон се одлучи за „Писмо до Французите“, кое ќе биде објавено вечерва и ќе биде дистрибуирано во петок во сите наслови на регионалниот дневен печат, но и преку видео обраќање кое ќе биде објавено истовремено на социјалните мрежи.

The post Макрон вечерва ќе има обраќање пред нацијата, ќе ја објави својата кандидатура за втор мандат appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател во заминување, Емануел Mакрон, вечерва се очекува преку видео обраќање на социјалните мрежи и писмо во регионалниот печат, да ја објави својата кандидатура за втор претседателски мандат. Сите ја очекуваат оваа најава, но досега беше непознат начинот на кој ќе биде објавена. Утринава Макрон ја потврди својата намера да се кандидира за втор мандат, конечно официјализирајќи ја својата кандидатура за претседателските избори во 2022 година. Наместо говор од Елисејската палата во стилот на Шарл де Гол или Валери Жискар д’Естен, наместо во ТВ вести во живо како Франсоа Митеран или Никола Саркози; наместо спонатна декларација како Жак Ширак… Макрон се одлучи за „Писмо до Французите“, кое ќе биде објавено вечерва и ќе биде дистрибуирано во петок во сите наслови на регионалниот дневен печат, но и преку видео обраќање кое ќе биде објавено истовремено на социјалните мрежи.

The post Макрон вечерва ќе има обраќање пред нацијата, ќе ја објави својата кандидатура за втор мандат appeared first on Република.

]]>