претседателска дебата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelska-debata/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 08:26:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседателска дебата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelska-debata/ 32 32 Kамала го брани Бајден: Американците треба да се фокусираат на достигнувањата, не на дебатата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kamala-go-brani-bajden-amerikantsite-treba-da-se-fokusiraat-na-dostignuvanata-ne-na-debatata/ Fri, 28 Jun 2024 09:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=791497

Американската потпретседателка, Камала Харис, по синоќешната прва дебата меѓу претседателските кандидати Џо Бајден и Доналд Трамп, изјави за Си-Ен-Ен дека Американците треба да се фокусираат на она што го постигна претседателот Џо Бајден за земјата во неговиот мандат, а не на неговиот ноќешен настап.

Зборувам за три и пол години работа кои беа исклучително важни, историски, изјави Харис за Си-Ен-Ен.

https://republika.mk/vesti/svet/demokratite-ke-baraat-bajden-da-se-povleche-od-trkata-po-vcherashniot-debakl/

Дали претседателот што го видовме вечерва е на таа сцена, дали е таков секој ден?, ја праша водителот.

Харис изјави дека Бајден е личност со која соработува секој ден, дека тој е некој кој работи на начин да ги доведе луѓето во Овалната соба - републиканците и демократите - без разлика на нивната политичка припадност и дека успева да ги доведе до компромис .

Тоа е извонредно. Во денешно време тоа едноставно не се случува, но Џо Бајден може да го направи тоа, рече Харис.

https://republika.mk/vesti/svet/tramp-go-sogazi-bajden-na-prvata-debata-pokazhuvaat-anketite-demokratite-zagrizheni/

Таа спомена и некои други достигнувања на Бајден, како што се зајакнувањето на НАТО алијансата и отворањето работни места.

https://youtu.be/CMBmrW6LzV0?si=x3dSWoMVCfeWpwGa

The post Kамала го брани Бајден: Американците треба да се фокусираат на достигнувањата, не на дебатата appeared first on Република.

]]>

Американската потпретседателка, Камала Харис, по синоќешната прва дебата меѓу претседателските кандидати Џо Бајден и Доналд Трамп, изјави за Си-Ен-Ен дека Американците треба да се фокусираат на она што го постигна претседателот Џо Бајден за земјата во неговиот мандат, а не на неговиот ноќешен настап.
Зборувам за три и пол години работа кои беа исклучително важни, историски, изјави Харис за Си-Ен-Ен.
https://republika.mk/vesti/svet/demokratite-ke-baraat-bajden-da-se-povleche-od-trkata-po-vcherashniot-debakl/
Дали претседателот што го видовме вечерва е на таа сцена, дали е таков секој ден?, ја праша водителот.
Харис изјави дека Бајден е личност со која соработува секој ден, дека тој е некој кој работи на начин да ги доведе луѓето во Овалната соба - републиканците и демократите - без разлика на нивната политичка припадност и дека успева да ги доведе до компромис .
Тоа е извонредно. Во денешно време тоа едноставно не се случува, но Џо Бајден може да го направи тоа, рече Харис.
https://republika.mk/vesti/svet/tramp-go-sogazi-bajden-na-prvata-debata-pokazhuvaat-anketite-demokratite-zagrizheni/ Таа спомена и некои други достигнувања на Бајден, како што се зајакнувањето на НАТО алијансата и отворањето работни места. https://youtu.be/CMBmrW6LzV0?si=x3dSWoMVCfeWpwGa

The post Kамала го брани Бајден: Американците треба да се фокусираат на достигнувањата, не на дебатата appeared first on Република.

]]>
Демократите ќе бараат Бајден да се повлече од трката по вчерашниот дебакл? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/demokratite-ke-baraat-bajden-da-se-povleche-od-trkata-po-vcherashniot-debakl/ Fri, 28 Jun 2024 07:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=791448

Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека бил добар во ноќешната предизборна дебата со Доналд Трамп, во која, според општиот суд на јавноста остави многу лош и несигурен впечаток.

Така, меѓутоа, не мислат и анкетираните набљудувачи, од кои две третини сметаат дека победата во соочувањето ја извојува поранешниот претседател Трамп.

https://republika.mk/vesti/svet/tramp-go-sogazi-bajden-na-prvata-debata-pokazhuvaat-anketite-demokratite-zagrizheni/

Новинарите го прашаа Бајден дали е загрижен за неговиот настап.

Тешко е да се дебатира со лажго. Само „Њујорк Тајмс“ забележа дека дури 26 пати тој изговори крупни лаги, одговори Бајден.

Несигурниот настап на Бајден предизвика голема вознемиреност кај демократите, меѓу кои се постави прашањето дали 81-годишниот претседател е престар за уште еден мандат. Еден од главните донатори на Бајден, кој сакаше да остане анонимен, настапот на Бајден го оцени за „дисквалификувачки“ и рече дека очекува нова рунда повици за тој да се повлече пред националната конвенција на партијата во август.

Британски Телеграф пишува дека веќе имало дискусија во Демократската партија за повлекување на Бајден од кампањата. Тие наведуваат дека група демократски претставници веќе разговарале за потребата од нов претседателски кандидат откако виделе дека пред нивните очи се случува „катастрофа“.

Поранешниот висок советник на Барак Обама, Дејвид Акселрод, исто така, најави дебата во Демократската партија за тоа дали Бајден треба да се повлече.

Проблемот е што, меѓутоа, во моментов нема јасен кандидат кој би можел да го замени Бајден, бидејќи до изборите остануваат само неколку месеци.

Белата куќа го оправда слабиот настап на Бајден - со настинка.

The post Демократите ќе бараат Бајден да се повлече од трката по вчерашниот дебакл? appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека бил добар во ноќешната предизборна дебата со Доналд Трамп, во која, според општиот суд на јавноста остави многу лош и несигурен впечаток. Така, меѓутоа, не мислат и анкетираните набљудувачи, од кои две третини сметаат дека победата во соочувањето ја извојува поранешниот претседател Трамп. https://republika.mk/vesti/svet/tramp-go-sogazi-bajden-na-prvata-debata-pokazhuvaat-anketite-demokratite-zagrizheni/ Новинарите го прашаа Бајден дали е загрижен за неговиот настап.
Тешко е да се дебатира со лажго. Само „Њујорк Тајмс“ забележа дека дури 26 пати тој изговори крупни лаги, одговори Бајден.
Несигурниот настап на Бајден предизвика голема вознемиреност кај демократите, меѓу кои се постави прашањето дали 81-годишниот претседател е престар за уште еден мандат. Еден од главните донатори на Бајден, кој сакаше да остане анонимен, настапот на Бајден го оцени за „дисквалификувачки“ и рече дека очекува нова рунда повици за тој да се повлече пред националната конвенција на партијата во август. Британски Телеграф пишува дека веќе имало дискусија во Демократската партија за повлекување на Бајден од кампањата. Тие наведуваат дека група демократски претставници веќе разговарале за потребата од нов претседателски кандидат откако виделе дека пред нивните очи се случува „катастрофа“. Поранешниот висок советник на Барак Обама, Дејвид Акселрод, исто така, најави дебата во Демократската партија за тоа дали Бајден треба да се повлече. Проблемот е што, меѓутоа, во моментов нема јасен кандидат кој би можел да го замени Бајден, бидејќи до изборите остануваат само неколку месеци. Белата куќа го оправда слабиот настап на Бајден - со настинка.

The post Демократите ќе бараат Бајден да се повлече од трката по вчерашниот дебакл? appeared first on Република.

]]>
Tрамп го „згази“ Бајден на првата дебата покажуваат анкетите, демократите загрижени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-go-zgazi-bajden-na-prvata-debata-pokazhuvaat-anketite-demokratite-zagrizheni/ Fri, 28 Jun 2024 06:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=791425

По завршувањето на првата, најавена како историска, дебата меѓу двајцата претседателски кандидати за изборите во САД, актуелниот претседател, демократот, Џо Бајден и неговиот противкандидат, републиканецот, Доналд Трамп, домаќинот на настанот телевизијата Си-Ен-Ен, спроведе анкета која покажа дека подобар настап имал поранешниот американски претседател.

Според Си-Ен-Ен, регистрираните гласачи кои ја гледаа рано утринската дебата меѓу Бајден и Трамп предност му дадоа на противкандидатот Трамп за кого се определија 67 отсто, наспроти  33 отсто за Бајден.

Пред самата дебата, истите гласачи, исто така, очекуваа подобар настап на Трамп, но соодност беше  55 наспроти 45 отсто.

Во долгоочекуваната дебата, и американскиот претседател и неговиот републикански ривал разменија неколку лични навреди но се доби впечаток дека настапот на Бајден на моменти беше колеблив и неизвесен, додека Трамп започна со серија вербални напади.

Двајцата разменија аргументи и критики за абортусот, имиграцијата, војните во Украина и Газа, нивното управување со економијата, па дури го споменаа и своето играње голф.

Како што се развиваше дискусијата, се чинеше дека Бајден почна повеќе да се фокусира на нападот на Трамп, меѓу другото, нарекувајќи го „криминалец“ поради неговото убедување за прикривање тајни плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс. Бајден упати низа критики против Трамп поради неговите правни проблеми, споредувајќи го моралот на неговиот претходник со „уличарка“ и нарекувајќи го „осуден криминалец“.

Како одговор, Трамп потсети дека синот на Бајден, Хантер, неодамна беше осуден за лажење за употреба на дрога со цел да купи оружје.

Имаше момент каде Бајден обидувајќи се да каже нешто ја заврши реченицата со грешки и неразбирливо, на што и самиот Трамп му префрли:

Не сум сигурен што кажа на крајот, мислам дека и тој не знае.“

За ова сеир имаше и на социјалните мрежи:

Инаку Бајден призна дека инфлацијата била значително повисока отколку на почетокот на неговиот мандат, но исто така тврди дека заслужува признание за нејзиното задржување, особено во контекст на влијанието на пандемијата на коронавирусот.

Трамп тврдеше дека пред пандемијата, економијата на САД била најсилната во историјата и дека по избувнувањето на пандемијата, тој презел чекори за да спречи уште повеќе да се продлабочи економскиот слободен пад.

Бајден го обвини Трамп дека му оставил „страшна“ економија, додека Трамп рече дека справувањето со пандемијата на Бајден е „катастрофа“ и дека „инфлацијата апсолутно нè убива“.

Бајден (81) и Трамп (78) се двајцата најстари кандидати за претседател на Соединетите Американски Држави во историјата, и двајцата влегоа во дебатата со политички ранливости кои претставуваат мешавина од ризик и можности.

Додека националните анкети предвидуваат тесна трка, Трамп води во повеќето клучни држави.

Таборот на Бајден се обиде да биде оптимистичен по дебатата, додека од Белата куќа кажаа дека тој имал настинка, на што се должел неговиот рапав глас. Сепак, слабиот настап на актуелниот претседател ги загрижи демократите и дали тој на 81 години е способен за уште еден четиригодишен мандат.

 

The post Tрамп го „згази“ Бајден на првата дебата покажуваат анкетите, демократите загрижени appeared first on Република.

]]>

По завршувањето на првата, најавена како историска, дебата меѓу двајцата претседателски кандидати за изборите во САД, актуелниот претседател, демократот, Џо Бајден и неговиот противкандидат, републиканецот, Доналд Трамп, домаќинот на настанот телевизијата Си-Ен-Ен, спроведе анкета која покажа дека подобар настап имал поранешниот американски претседател. Според Си-Ен-Ен, регистрираните гласачи кои ја гледаа рано утринската дебата меѓу Бајден и Трамп предност му дадоа на противкандидатот Трамп за кого се определија 67 отсто, наспроти  33 отсто за Бајден. Пред самата дебата, истите гласачи, исто така, очекуваа подобар настап на Трамп, но соодност беше  55 наспроти 45 отсто. Во долгоочекуваната дебата, и американскиот претседател и неговиот републикански ривал разменија неколку лични навреди но се доби впечаток дека настапот на Бајден на моменти беше колеблив и неизвесен, додека Трамп започна со серија вербални напади. Двајцата разменија аргументи и критики за абортусот, имиграцијата, војните во Украина и Газа, нивното управување со економијата, па дури го споменаа и своето играње голф. Како што се развиваше дискусијата, се чинеше дека Бајден почна повеќе да се фокусира на нападот на Трамп, меѓу другото, нарекувајќи го „криминалец“ поради неговото убедување за прикривање тајни плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс. Бајден упати низа критики против Трамп поради неговите правни проблеми, споредувајќи го моралот на неговиот претходник со „уличарка“ и нарекувајќи го „осуден криминалец“. Како одговор, Трамп потсети дека синот на Бајден, Хантер, неодамна беше осуден за лажење за употреба на дрога со цел да купи оружје. Имаше момент каде Бајден обидувајќи се да каже нешто ја заврши реченицата со грешки и неразбирливо, на што и самиот Трамп му префрли:
Не сум сигурен што кажа на крајот, мислам дека и тој не знае.“
За ова сеир имаше и на социјалните мрежи: Инаку Бајден призна дека инфлацијата била значително повисока отколку на почетокот на неговиот мандат, но исто така тврди дека заслужува признание за нејзиното задржување, особено во контекст на влијанието на пандемијата на коронавирусот. Трамп тврдеше дека пред пандемијата, економијата на САД била најсилната во историјата и дека по избувнувањето на пандемијата, тој презел чекори за да спречи уште повеќе да се продлабочи економскиот слободен пад. Бајден го обвини Трамп дека му оставил „страшна“ економија, додека Трамп рече дека справувањето со пандемијата на Бајден е „катастрофа“ и дека „инфлацијата апсолутно нè убива“. Бајден (81) и Трамп (78) се двајцата најстари кандидати за претседател на Соединетите Американски Држави во историјата, и двајцата влегоа во дебатата со политички ранливости кои претставуваат мешавина од ризик и можности. Додека националните анкети предвидуваат тесна трка, Трамп води во повеќето клучни држави. Таборот на Бајден се обиде да биде оптимистичен по дебатата, додека од Белата куќа кажаа дека тој имал настинка, на што се должел неговиот рапав глас. Сепак, слабиот настап на актуелниот претседател ги загрижи демократите и дали тој на 81 години е способен за уште еден четиригодишен мандат.  

The post Tрамп го „згази“ Бајден на првата дебата покажуваат анкетите, демократите загрижени appeared first on Република.

]]>
Што може да се очекува: Вечерва прва претседателска дебата меѓу Бајден и Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shto-mozhe-da-se-ochekuva-vecherva-prva-pretsedatelska-debata-megu-bajden-i-tramp/ Thu, 27 Jun 2024 14:08:24 +0000 https://republika.mk/?p=791309

Вечерва со почеток во 03:00 по полноќ ќе се одржи првата дебата на претседателските кандидати во САД, актуелниот демократски претседател Џозеф Бајден (81) и поранешниот републикански претседател Доналд Трамп (78).

И двајцата кандидати се согласиле да им бидат исклучени микрофоните кога не им е редот да зборуваат, со што се намалува можноста за прекини.

За разлика од минатите години, кандидатите нема да имаат воведни говори. Тие ќе имаат по две минути да одговорат на секое прашање, со едноминутни реплики и одговори на репликите.  Модераторите, исто така ќе имаат дискреционо право да дадат дополнителна минута.

На крајот од дебатата, кандидатите ќе имаат две минути за завршни зборови.

Уште една дебата е планирана за 10 септември.

The post Што може да се очекува: Вечерва прва претседателска дебата меѓу Бајден и Трамп appeared first on Република.

]]>

Вечерва со почеток во 03:00 по полноќ ќе се одржи првата дебата на претседателските кандидати во САД, актуелниот демократски претседател Џозеф Бајден (81) и поранешниот републикански претседател Доналд Трамп (78). И двајцата кандидати се согласиле да им бидат исклучени микрофоните кога не им е редот да зборуваат, со што се намалува можноста за прекини. За разлика од минатите години, кандидатите нема да имаат воведни говори. Тие ќе имаат по две минути да одговорат на секое прашање, со едноминутни реплики и одговори на репликите.  Модераторите, исто така ќе имаат дискреционо право да дадат дополнителна минута. На крајот од дебатата, кандидатите ќе имаат две минути за завршни зборови. Уште една дебата е планирана за 10 септември.

The post Што може да се очекува: Вечерва прва претседателска дебата меѓу Бајден и Трамп appeared first on Република.

]]>