претседателка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelka/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 11:25:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претседателка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretsedatelka/ 32 32 Роберта Мецола реизбрана за претседателка на Европскиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/roberta-metsola-reizbrana-za-pretsedatelka-na-evropskiot-parlament/ Tue, 16 Jul 2024 11:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=797355

Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), денеска беше реизбрана за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години.

На конститутивното заседание на новиот состав на Европскиот парламент, што се одржува во Стразбур, за Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 77 гласачки ливчиња беа прогласени за неважечки.

За да биде избрана, на една од двете кандидатки за претседателка на ЕП и беше потребно да освои апсолутно мнозинство од дадените валидни гласови или во овој случај 312 гласа.

Процесот на избор на претседател на ЕП, што се спроведе со тајно гласање, и пребројување на гласачките ливчиња, го контролираа осум европратеници избрани со ждрепка.

Пред гласањето Мецола и Монтеро им се обратија на европратениците презентирајќи ги своите заложби и визии за работата на Европскиот парламент и иднината на ЕУ.

Конститутивното заседание на ЕП го отвори Мецола, по што гудачки оркестар во живо ја изведе химната на ЕУ „Одата на радоста“. До изборот на новиот претседател, претседавањето со седницата го презеде актуелната потпретседателка Пина Пичерно.

Овој десетти состав на Европскиот парламент има 720 места или 15 повеќе отколку претходниот парламентарен состав. Вкупно 54 отсто од европратениците се новоизбрани, а 39 проценти од членовите на Европарламентот се жени.

Најмлад член на Европскиот парламент е 23-годишната европратеничка Лена Шилинг од австриската партија Зелени – Зелена Алтернатива (ДГ), а најстар 77-годишниот Леолука Орландо од италијанскиот Сојуз на зелените и левицата (АВС). И двајцата европратеници се дел од групата на Зелените во ЕП. Просечната возраст на европратениците во овој состав е 50 години.

Европратениците се организирани во осум пратенички групи и тоа Европската народна партија (ЕПП) со 188 пратеници, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 136, Патриоти за Европа (ПФЕ) со 84, Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 78, Да ја обновиме Европа со 77, Зелени – Европска слободна алијанса (Зелени/ЕФА) со 53, Левицата во Европскиот парламент (Левица) со 46 и Европа на суверени нации со 25 пратеници. Вкупно 33 европратеници не се дел на ниту една пратеничка група.

 

The post Роберта Мецола реизбрана за претседателка на Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), денеска беше реизбрана за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години. На конститутивното заседание на новиот состав на Европскиот парламент, што се одржува во Стразбур, за Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 77 гласачки ливчиња беа прогласени за неважечки. За да биде избрана, на една од двете кандидатки за претседателка на ЕП и беше потребно да освои апсолутно мнозинство од дадените валидни гласови или во овој случај 312 гласа. Процесот на избор на претседател на ЕП, што се спроведе со тајно гласање, и пребројување на гласачките ливчиња, го контролираа осум европратеници избрани со ждрепка. Пред гласањето Мецола и Монтеро им се обратија на европратениците презентирајќи ги своите заложби и визии за работата на Европскиот парламент и иднината на ЕУ. Конститутивното заседание на ЕП го отвори Мецола, по што гудачки оркестар во живо ја изведе химната на ЕУ „Одата на радоста“. До изборот на новиот претседател, претседавањето со седницата го презеде актуелната потпретседателка Пина Пичерно. Овој десетти состав на Европскиот парламент има 720 места или 15 повеќе отколку претходниот парламентарен состав. Вкупно 54 отсто од европратениците се новоизбрани, а 39 проценти од членовите на Европарламентот се жени. Најмлад член на Европскиот парламент е 23-годишната европратеничка Лена Шилинг од австриската партија Зелени – Зелена Алтернатива (ДГ), а најстар 77-годишниот Леолука Орландо од италијанскиот Сојуз на зелените и левицата (АВС). И двајцата европратеници се дел од групата на Зелените во ЕП. Просечната возраст на европратениците во овој состав е 50 години. Европратениците се организирани во осум пратенички групи и тоа Европската народна партија (ЕПП) со 188 пратеници, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 136, Патриоти за Европа (ПФЕ) со 84, Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 78, Да ја обновиме Европа со 77, Зелени – Европска слободна алијанса (Зелени/ЕФА) со 53, Левицата во Европскиот парламент (Левица) со 46 и Европа на суверени нации со 25 пратеници. Вкупно 33 европратеници не се дел на ниту една пратеничка група.  

The post Роберта Мецола реизбрана за претседателка на Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>
Убедлива победа на Клаудија Шејнбаум на претседателските избори во Мексико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubedliva-pobeda-na-klaudija-shejnbaum-na-pretsedatelskite-izbori-vo-meksiko/ Mon, 03 Jun 2024 07:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=784266

Кандидатката на владејачката левичарска партија, Клаудија Шејнбаум (61) оствари убедлива победа на претседателските избори во Мексико, покажуваат првите официјални резултати објавени денеска од Национален изборен институт (ИНЕ).

Поранешната градоначалника на Мексико Сити освои меѓу 58 и 60 отсто од гласовите, покажуваат официјалните резултати од примерокот, изјави Гвадалупе Тадеи, претседател на Националниот изборен институт, пренесе Бета.

Нејзината опозициска противкандидатка, поранешната сенаторка од десниот центар. Чочитл Галвез, на овие избори, кои се одржуваат во еден круг, освои 26 до 28 отсто од гласовите, изјави претседателот на Институтот.

На третото место е Хорхе Алварез Мајнес, кој доби меѓу девет и 10 отсто од гласовите.

Нема да ве разочарам, вети Шејнбаум во својата прва телевизиска изјава по објавувањето на првите делумни официјални резултати, според кои постигна убедлива победа на вчерашните претседателски избори.

Ќе станам првата жена претседател на Мексико, рече таа во обраќањето до своите поддржувачи и објави дека нејзината партија Движење за национална обнова (Морена) освоила „квалификувано мнозинство“ во Конгресот.

Кандидатката на владејачката партија водеше кампања за продолжување на политичкиот курс воспоставен од нејзиниот политички ментор, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, во последните шест години.

Како негов назначен наследник, 61-годишната Шејнбаум водеше жестока кампања и покрај силниот предизвик од Галвез. Ова беше првпат во историјата на Мексико двајцата главни ривали во претседателската трка да бидат жени.

The post Убедлива победа на Клаудија Шејнбаум на претседателските избори во Мексико appeared first on Република.

]]>

Кандидатката на владејачката левичарска партија, Клаудија Шејнбаум (61) оствари убедлива победа на претседателските избори во Мексико, покажуваат првите официјални резултати објавени денеска од Национален изборен институт (ИНЕ). Поранешната градоначалника на Мексико Сити освои меѓу 58 и 60 отсто од гласовите, покажуваат официјалните резултати од примерокот, изјави Гвадалупе Тадеи, претседател на Националниот изборен институт, пренесе Бета. Нејзината опозициска противкандидатка, поранешната сенаторка од десниот центар. Чочитл Галвез, на овие избори, кои се одржуваат во еден круг, освои 26 до 28 отсто од гласовите, изјави претседателот на Институтот. На третото место е Хорхе Алварез Мајнес, кој доби меѓу девет и 10 отсто од гласовите. Нема да ве разочарам, вети Шејнбаум во својата прва телевизиска изјава по објавувањето на првите делумни официјални резултати, според кои постигна убедлива победа на вчерашните претседателски избори. Ќе станам првата жена претседател на Мексико, рече таа во обраќањето до своите поддржувачи и објави дека нејзината партија Движење за национална обнова (Морена) освоила „квалификувано мнозинство“ во Конгресот. Кандидатката на владејачката партија водеше кампања за продолжување на политичкиот курс воспоставен од нејзиниот политички ментор, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, во последните шест години. Како негов назначен наследник, 61-годишната Шејнбаум водеше жестока кампања и покрај силниот предизвик од Галвез. Ова беше првпат во историјата на Мексико двајцата главни ривали во претседателската трка да бидат жени.

The post Убедлива победа на Клаудија Шејнбаум на претседателските избори во Мексико appeared first on Република.

]]>
Гордана Силјановска Давкова – прва жена претседател од осамостојувањето на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gordana-siljanovska-davkova-prva-zhena-pretsedatel-od-osamostojuvaneto-na-drzhavata/ Sun, 12 May 2024 09:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=777200

Универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова е шестиот претседател на  Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.

Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вториот круг од Претседателските избори одржани на 8 мај 2024 година го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) Сиљановска – Давкова освила 561.001 глас, а нејзиниот противкандидат Пендаровски 251.881 глас.

Во кампањата која ја водеше под слоганот „Македонија повторно горда“, Силјановска-Давкова говореше дека придавката „Северна“ нема да ја користи, но ќе стои пред табла со новото уставно име. Таа имаше изјавено и дека е против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но доколку Собранието донесе таква одлука ќе ја почитува, бидејќи Собранието е уставотворен орган. До граѓаните порачуваше дека треба да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок, а Преспанскиот договор за неа, како што велеше, е политички и правно отворено прашање.

По победата на изборите таа вети дека ќе биде претседател на сите граѓани.

Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии, изјави Силјановска – Давкова.

Таа потенцира дека нема поголема промена од тоа за прв пат во нашата држава да има претседател жена.

Има ли поголема промена од таа за првпат во оваа државичка, држава, жена да стане претседател? Има ли поголема инспирација за умните жени – нема. И јас мислам дека со мене, држете ме до збор, кога ќе се опкружам со жени слични на мене, жени по моделот на Ватцлав Хавел, субверзивни, свои, стамени, кои умеат да изразат став на свој начин, на поинаков начин од машкиот, да го бранат тоа е некаков голем исчекор и тоа е за мене реформски чекор, потенцираше таа.

Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Силјановска-Давкова беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските избори во 2019 година, но изгуби од Стево Пендаровски.

На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска-Давкова беше носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година таа е пратеник во македонското Собрание.

The post Гордана Силјановска Давкова – прва жена претседател од осамостојувањето на државата appeared first on Република.

]]>

Универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова е шестиот претседател на  Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција. Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вториот круг од Претседателските избори одржани на 8 мај 2024 година го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) Сиљановска – Давкова освила 561.001 глас, а нејзиниот противкандидат Пендаровски 251.881 глас. Во кампањата која ја водеше под слоганот „Македонија повторно горда“, Силјановска-Давкова говореше дека придавката „Северна“ нема да ја користи, но ќе стои пред табла со новото уставно име. Таа имаше изјавено и дека е против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но доколку Собранието донесе таква одлука ќе ја почитува, бидејќи Собранието е уставотворен орган. До граѓаните порачуваше дека треба да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок, а Преспанскиот договор за неа, како што велеше, е политички и правно отворено прашање. По победата на изборите таа вети дека ќе биде претседател на сите граѓани. Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии, изјави Силјановска – Давкова. Таа потенцира дека нема поголема промена од тоа за прв пат во нашата држава да има претседател жена. Има ли поголема промена од таа за првпат во оваа државичка, држава, жена да стане претседател? Има ли поголема инспирација за умните жени – нема. И јас мислам дека со мене, држете ме до збор, кога ќе се опкружам со жени слични на мене, жени по моделот на Ватцлав Хавел, субверзивни, свои, стамени, кои умеат да изразат став на свој начин, на поинаков начин од машкиот, да го бранат тоа е некаков голем исчекор и тоа е за мене реформски чекор, потенцираше таа. Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994. Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем. Силјановска-Давкова беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските избори во 2019 година, но изгуби од Стево Пендаровски. На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска-Давкова беше носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година таа е пратеник во македонското Собрание.

The post Гордана Силјановска Давкова – прва жена претседател од осамостојувањето на државата appeared first on Република.

]]>
Со само еден глас против, Зајкова избрана за нова претседателка на ЛДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-samo-eden-glas-protiv-zajkova-izbrana-za-nova-pretsedatelka-na-ldp/ Sun, 20 Nov 2022 15:42:47 +0000 https://republika.mk/?p=576178

Со 364 ЗА и 1 против делегатите на денешниот осми партиски конгрес за нова претседателка на Либерално-Демократска Партија ја избра досегашаната потпретседателка – Моника Зајкова.

Ви ветувам лидерство насочено кон иднината! Затоа што ЛДП ја гледам како партија која гради политики во сегашноста, кои ќе обезбедат иднина кадешто ќе живееме поубаво од денес. Местото каде што ќе живеат нашите поколенија кон кои носиме одговорност да преземеме акција токму денес, токму сега!, кажа Зајкова по изборот.

Таа доаѓа на местото на Горан Милевски, кој ја водеше партијата во изминативе 7 години.

 

The post Со само еден глас против, Зајкова избрана за нова претседателка на ЛДП appeared first on Република.

]]>

Со 364 ЗА и 1 против делегатите на денешниот осми партиски конгрес за нова претседателка на Либерално-Демократска Партија ја избра досегашаната потпретседателка – Моника Зајкова.
Ви ветувам лидерство насочено кон иднината! Затоа што ЛДП ја гледам како партија која гради политики во сегашноста, кои ќе обезбедат иднина кадешто ќе живееме поубаво од денес. Местото каде што ќе живеат нашите поколенија кон кои носиме одговорност да преземеме акција токму денес, токму сега!, кажа Зајкова по изборот.
Таа доаѓа на местото на Горан Милевски, кој ја водеше партијата во изминативе 7 години.  

The post Со само еден глас против, Зајкова избрана за нова претседателка на ЛДП appeared first on Република.

]]>
Поранешната претседателка на Аргентина соочена со казна затвор од 12 години поради корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshnata-pretsedatelka-na-argentina-soochena-so-kazna-zatvor-od-12-godini-poradi-korupcija/ Tue, 23 Aug 2022 21:14:10 +0000 https://republika.mk/?p=543421

Федералниот обвинител на Аргентина бара 12-годишна затворска казна за Кристина Фернандез де Кирхнер, поранешната претседателка на државата и актуелен потпретседател, поради обвинение за корупција.

Обвинителот Диего Лучиани ја обвини Фернандез де Кирхнер, се уште влијателна личност во владејачката Перонистичка партија, дека ја измамила државата и била вклучена во шема за пренасочување на јавни средства за време на нејзините два претседателски мандати помеѓу 2007 и 2015 година.

Конечната пресуда ќе биде позната за неколку месеци, а таа би можела да поднесе жалба до повисоките судови, за што би биле потребни години за да се донесе конечна одлука, пишуваат локалните медиуми.

Ова беше веројатно најголемиот корупциски маневар досега во нашата земја - изјави, меѓу другото, обвинителот Лучиани во завршниот збор на судскиот процес.

The post Поранешната претседателка на Аргентина соочена со казна затвор од 12 години поради корупција appeared first on Република.

]]>

Федералниот обвинител на Аргентина бара 12-годишна затворска казна за Кристина Фернандез де Кирхнер, поранешната претседателка на државата и актуелен потпретседател, поради обвинение за корупција. Обвинителот Диего Лучиани ја обвини Фернандез де Кирхнер, се уште влијателна личност во владејачката Перонистичка партија, дека ја измамила државата и била вклучена во шема за пренасочување на јавни средства за време на нејзините два претседателски мандати помеѓу 2007 и 2015 година. Конечната пресуда ќе биде позната за неколку месеци, а таа би можела да поднесе жалба до повисоките судови, за што би биле потребни години за да се донесе конечна одлука, пишуваат локалните медиуми.
Ова беше веројатно најголемиот корупциски маневар досега во нашата земја - изјави, меѓу другото, обвинителот Лучиани во завршниот збор на судскиот процес.

The post Поранешната претседателка на Аргентина соочена со казна затвор од 12 години поради корупција appeared first on Република.

]]>
Унгарија првпат во историјата доби претседателка на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-prvpat-vo-istorijata-dobi-pretsedatelka-na-drzavata/ Fri, 11 Mar 2022 16:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=471420

Парламентот на Унгарија  за првпат во историјата избра жена за претседател на земјата. Каталин Новак од владејачката партија „Фидес“ стана нова шефица на државата.

Нејзиниот мандат ќе трае пет години, а Новак за време на гласањето во парламентот го победи економистот Питер Рон, пренесе „Ројтерс“. Новак освои 137 од гласовите додека опозициониот канидат доби само 51 глас.

Пред гласањето, таа во својот говор изјави дека ќе го брани Уставот што го изработил и одобрил „Фидес“, кој, како што пренесе „Ројтерс“, само ги зацврстил клучните точки на конзервативната агенда на Виткор Орбан.

Четириесет и четиригодишната Новак досега се наоѓаше на местото министерка без ресор задолжена за семејни прашања. Должноста претседател ќе ја преземе од актуелниот претседател Јанош Адер.

The post Унгарија првпат во историјата доби претседателка на државата appeared first on Република.

]]>

Парламентот на Унгарија  за првпат во историјата избра жена за претседател на земјата. Каталин Новак од владејачката партија „Фидес“ стана нова шефица на државата. Нејзиниот мандат ќе трае пет години, а Новак за време на гласањето во парламентот го победи економистот Питер Рон, пренесе „Ројтерс“. Новак освои 137 од гласовите додека опозициониот канидат доби само 51 глас. Пред гласањето, таа во својот говор изјави дека ќе го брани Уставот што го изработил и одобрил „Фидес“, кој, како што пренесе „Ројтерс“, само ги зацврстил клучните точки на конзервативната агенда на Виткор Орбан. Четириесет и четиригодишната Новак досега се наоѓаше на местото министерка без ресор задолжена за семејни прашања. Должноста претседател ќе ја преземе од актуелниот претседател Јанош Адер.

The post Унгарија првпат во историјата доби претседателка на државата appeared first on Република.

]]>
Ива од Задар стана најубавата претседателка на фудбалски клуб во светот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/iva-od-zadar-stana-najubavata-pretsedatelka-na-fudbalski-klub-vo-svetot/ Mon, 17 Jan 2022 13:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=445839

Преубавата Ива Бокановиќ е новата претседателка на хрватскиот фудбалски клуб Задар.

Оваа 30-годишна убавица доби мнозинство од гласовите на изборното собрание на клубот и ќе го има предизвикот да го издигне поранешниот прволигаш кој сега се натпреварува во третата хрватска лига.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ivabokanovic

Сепак, иако нејзиниот изглед плени од првиот момент кога ќе ја видите, оваа родена задранка не е случајно залутана во спортот.

Уште како девојче активно се занимавала со ракомет, спорт што и денес го практикува за рекреација, а во последните неколку години ужива да игра и тенис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ivabokanovic

По завршувањето на средното училиште во родниот Задар, дипломирала на Кинезиолошкиот факултет во Загреб и се стекнала со титулата магистер по спортски менаџмент.

Некое време работела како кондициски тренер и организаторка на спортски натпреварувања за Хрватскиот училишен спортски сојуз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ivabokanovic

Во спортската јавност во Хрватска, Ива стана позната како одлична раководителка на одделот за медиуми и комуникација на кошаркарскиот клуб Цибона, каде што мина четири години. На таа позиција стекна богато искуство за процесот на раководење со врвен клуб, што ќе и помогне во новата функција како претседателка на Задар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ivabokanovic

По ангажманот во Цибона, Бокановиќ се вратила во Задар, каде што минатата година се приклучила на хуманитарниот проект на фудбалскиот клуб Задар „Задранска дица“, насочен кон организиање акции за помагање на здруженија или поединци со потешкотии, како и на други здруженија кои работат на полето на потребите на децата.

The post Ива од Задар стана најубавата претседателка на фудбалски клуб во светот appeared first on Република.

]]>

Преубавата Ива Бокановиќ е новата претседателка на хрватскиот фудбалски клуб Задар. Оваа 30-годишна убавица доби мнозинство од гласовите на изборното собрание на клубот и ќе го има предизвикот да го издигне поранешниот прволигаш кој сега се натпреварува во третата хрватска лига.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by @ivabokanovic

Сепак, иако нејзиниот изглед плени од првиот момент кога ќе ја видите, оваа родена задранка не е случајно залутана во спортот. Уште како девојче активно се занимавала со ракомет, спорт што и денес го практикува за рекреација, а во последните неколку години ужива да игра и тенис.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by @ivabokanovic

По завршувањето на средното училиште во родниот Задар, дипломирала на Кинезиолошкиот факултет во Загреб и се стекнала со титулата магистер по спортски менаџмент. Некое време работела како кондициски тренер и организаторка на спортски натпреварувања за Хрватскиот училишен спортски сојуз.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by @ivabokanovic

Во спортската јавност во Хрватска, Ива стана позната како одлична раководителка на одделот за медиуми и комуникација на кошаркарскиот клуб Цибона, каде што мина четири години. На таа позиција стекна богато искуство за процесот на раководење со врвен клуб, што ќе и помогне во новата функција како претседателка на Задар.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by @ivabokanovic

По ангажманот во Цибона, Бокановиќ се вратила во Задар, каде што минатата година се приклучила на хуманитарниот проект на фудбалскиот клуб Задар „Задранска дица“, насочен кон организиање акции за помагање на здруженија или поединци со потешкотии, како и на други здруженија кои работат на полето на потребите на децата.

The post Ива од Задар стана најубавата претседателка на фудбалски клуб во светот appeared first on Република.

]]>