Пратениците и во седмиот обид денеска не избраа претседател на 51. Народно собрание на Бугарија. Номинираните за функција повторно беа четворица пратеници, а овој пат до крајното гласање стигнаа Раја Назарјан (ГЕРБ-СДС) и Силви Кирилов („Има таков народ“), меѓутоа ниту еден од двајцата не го собра потребниот број гласови за да биде избран.
Во вториот круг, 118 пратеници го поддржаа Силви Кирилов, 103 беа „против“, а 17 воздржани. Во прегласувањето што го побара ИТН, тој доби 117 гласови за поддршка, 104 пратеници беа „против“, а 17 воздржани. Пред самото гласање пратениците од „Демократска Бугарија“ најавија дека ќе му дадат еднократна поддршка на Силви Кирилов за претседател на Собранието.
Раја Назарјан доби 69 гласа „за“, 159 „против“ и 10 „воздржани“.
The post Бугарските пратеници и во седмиот обид не избраа претседател на Народното Собрание appeared first on Република.
]]>The post Бугарските пратеници и во седмиот обид не избраа претседател на Народното Собрание appeared first on Република.
]]>Претседателскиот кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор се очекува да се откаже од трката за Белата куќа, објавија американски медиуми, а независниот кандидат треба да има големо обраќање во текот на неделава.
„Њујорк тајмс“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека Кенеди, чија поддршка беше 8,7 проценти во анкетата на „Хил“ ширум земјата оваа недела, ќе го поддржи републиканскиот кандидат Доналд Трамп по откажувањето.
Аналитичарите велат дека во тесната трка меѓу Камала Харис од Демократската партија и Трамп за претседателската функција, гласовите на поддржувачите на Кенеди би можеле да го одредат исходот во некои држави.
Кенеди е адвокат за заштита на животната средина и долгогодишен скептик за вакцини, чија кампања се бореше да добие привлечност кај мејнстрим гласачите.
Неговата кампања синоќа соопшти дека в петок тој ќе и се обрати на нацијата од сојузната држава Аризона, каде што Трамп исто така треба да одржи предизборен настан тој ден.
„Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор в петок ќе и се обрати на нацијата во живо за сегашниот историски момент и неговиот пат напред“, се вели во кусото соопштение од кампањата.
„Њујорк тајмс“ вчера цитираше три анонимни извори дека Кенеди ќе ја заврши својата кампања и потенцијално ќе го поддржи Трамп.
Си-Ен-Ен цитира два анонимни извори кои објавија дека Кенеди се очекува да ја прекине својата кампања в петок.
The post Роберт Ф. Кенеди Јуниор се откажува од трката за претседател, гласовите ќе му ги даде на Трамп appeared first on Република.
]]>The post Роберт Ф. Кенеди Јуниор се откажува од трката за претседател, гласовите ќе му ги даде на Трамп appeared first on Република.
]]>Новиот ирански претседател, умерениот политичар Масуд Пезешкијан, ги подигна надежите на милиони Иранци кои сакаат повеќе социјални слободи и попрагматична надворешна политика, откако вчера, во вториот круг од претседателските избори, го победи тврдокорниот Саед Џалили.
Неговиот триумф најверојатно ќе биде поздравен од светските сили кои се надеваат на помирен пристап кон меѓународната заедница со која Иран е во расправија околу неговата нуклеарна програма и поддршката за паравоените организации во регионот.
Пезешкијан успеа да победи на бранот на поддршката од средната класа и младите, кои се погодени од долгогодишната репресија од страна на исламистичкиот режим.
Овој 69-годишен кардиолог вети дека ќе води попрагматична надворешна политика, ќе ги намали тензиите во преговорите за нуклеарната програма и ќе донесе социјална либерализација во општеството, како и политички плурализам.
Според иранскиот двоен систем на свештеничка и републиканска влада, претседателот не може сам да донесе големи промени бидејќи врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, сè уште го држи клучот. Но, претседателот може да влијае на тонот на иранската политика и ќе биде важен фактор во изборот на наследник на 85-годишниот Хамнеи.
Пезешкијан е лојален на иранската теократска влада и нема намера да им се спротивставува на моќниците на безбедносниот апарат и свештенството. Во телевизиските дебати и интервјуа, тој вети дека нема да ја оспорува политиката на Хамнеи.
-Доколку се обидам, а не успеам да ги исполнам предизборните ветувања, ќе се збогувам со политиката и нема да продолжам. Нема смисла да си ги трошиме животите и да не му служиме на нашиот драг народ, им порача Пезешкијан на гласачите.
Враќајќи се во јавноста по долгогодишната политичка изолација, реформистичкиот табор предводен од поранешниот претседател Мохамад Хатами го поддржа Пезешкијан на изборите распишани по смртта на тврдокорниот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај.
Ставовите на Пезешкијан често пати беа спротивни од оние на Раиси. Поранешниот ученик на Хамнеи го зајакна надзорот врз жените кои не ги следат правилата за облекување и зазеде поостра линија во преговорите со светските сили. Пезешкијан, исто така, вети дека ќе ја оживее пропаднатата економија, уништена од лошото управување, корупцијата и американските санкции.
Пратеник од 2008 година, Пезешкијан е син на Азер и Курдка и ги поддржува правата на сите малцинства во Иран. Тој често го критикуваше задушувањето на политичкиот и општествениот отпор во земјата. Но, некои Иранци веруваат дека тој нема да може да донесе многу промени поради силата на Хамнеи и неговите сојузници.
Во 2022 година, новиот претседател побара објаснување од властите во врска со смртта на Махса Амини, која почина во затвор откако наводно го прекршила кодексот на облекување, што предизвика протести низ целата земја.
Извор: Хина
The post Новиот ирански претседател е кардиолог, син на Азер и Курдка, и ги поддржува сите малцинства во земјата appeared first on Република.
]]>The post Новиот ирански претседател е кардиолог, син на Азер и Курдка, и ги поддржува сите малцинства во земјата appeared first on Република.
]]>Поранешниот министер и висок функционер на СДСМ, Ѓунер Исмаил, излезе со своја реакција по вчерашните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
„Вчера, иако имав 'активна регистрација', не гласав, бидејки не бев во земјата. Можно е да има слични случаи како мојот, ама сеедно. По којзнае кој пат, вербата во тоа дека ќе има доволно броен електорат па СДСМ ќе си добие легитимно избран претседател. Сепак, сакам да дадам на знаење на многу мои пријатели, другари дека И ДА БЕВ ВО ЗЕМЈАТА НЕМАШЕ ДА ГЛАСАМ заради многу причини меѓу кои и ПОНУДАТА за гласање заради која не бев воопшто среќен. Секако, дополна на мојот став беа и реакциите на Другарката Славјанка за која, не кријам, да не се откажеше ќе гласав.
Нејзините реакции колку и да беа умерени и со должно внимание кон секој учесник во предизборието, како и раководството на Партијата во оставка и од кое се очекуваше, освен целосна воздржаност/објективност, сепак да проба да стави некаков ред во “базата“ за да барем од таа страна бидеме сигурни дека сепак газиме на патот на демократизација на Партијата и дека здравите елементи ќе можат да дојдат до израз и да почнат со процесите на заздравување на Партијата, објави на Фејсбук Исмаил.
Понатаму тој пишува:
Да, Партијата заради широкиот спектар на причини, (историски)околности, кадровски потенцијал, а особено важно, менталитет, многу често заличуваше на ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, што граѓаните не пропуштија да го видат и соодветно го санкционираа. Историјата на оваа еволуција е долга. Почнувајки од годините кога земјава ни беше скоро под буквална окупација и заради што Партиските, ама и личните премрежја, вклучително и менталитетот на преживување, а ако е можно, патемно се разбира и некој ќар да се фати, доведоа до чудни сојузништва од кои за некои (пазарења од кои некои прилично гнасни) знаевме а за некое дознавме предоцна, вклучително и вчера. Тие, пазарењата, овозможија и на сите да ни е јасно Киднапирање НЕ на Шарената Револуција, туку на сите вредности кои тогаш се промовираа, а кои во рацете на менталитетот Трговец-поединец доведоа до многу неубав епилог. На пример, геслото “Нема правда-нема мир“ денес предизвикува громогласно смеење, а и пдсмев на сите кои од оваа фаза на, ЃОА, ослободување на Заробената Држава, продолжија да ја третираат правдата како Vileda крпа, во кафеанските седенки за тоа дали Зделката ќе биде со шест или седум нули!
Ако се прашувам за тоа што најмногу ме разбеснува тогаш тоа е ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА на злосторничкиот проект Скопје 2014 кој земјата ја поставаи на пиедесталот на Светска Престолнина на кичот, тотално уништувајки ја секоја можност земјата да биде нормална според ликот и креативните идеите од кои никогаш не сме оскудевале. Тој процес на легализација не беше некаков писмен акт туку пресметан процес на ОСОЈУЗУВАЊЕ со изведувачите, подизведувачите и сите кои на еден или друг начин дебело се офајдија од злосторот. Но, да се вратиме на Партијата со прашањето: ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ? Ние кои памтиме троа подолго знаеме дека престои долга битка. Знаеме дека заробувањето на партијата, а што е евидентно го стори истиот менталитет и Ороводците на тој менталитет од кој, да не се самозалажуваме, сите сме заразени помалку или повеќе, па ќе треба да појдеме од самите себе. Ќе има добволно храбри, чесни другарки и другари кои ќе се нафатат со процесот на ослободување на Партијата, како за почеток, а за понатаму….
п.с. Се надевам дека на сите мои пријатели и другари им е јасно дека со овај првичен пост нема да се застане и дека, не само преписката, ќе се оди до уште многу моменто со кои ќе се обидам да осветлам барем едеен дел по патот кој го изодевме и кој ќе го одиме“ пишува Исмаил.
The post Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец appeared first on Република.
]]>„Вчера, иако имав 'активна регистрација', не гласав, бидејки не бев во земјата. Можно е да има слични случаи како мојот, ама сеедно. По којзнае кој пат, вербата во тоа дека ќе има доволно броен електорат па СДСМ ќе си добие легитимно избран претседател. Сепак, сакам да дадам на знаење на многу мои пријатели, другари дека И ДА БЕВ ВО ЗЕМЈАТА НЕМАШЕ ДА ГЛАСАМ заради многу причини меѓу кои и ПОНУДАТА за гласање заради која не бев воопшто среќен. Секако, дополна на мојот став беа и реакциите на Другарката Славјанка за која, не кријам, да не се откажеше ќе гласав. Нејзините реакции колку и да беа умерени и со должно внимание кон секој учесник во предизборието, како и раководството на Партијата во оставка и од кое се очекуваше, освен целосна воздржаност/објективност, сепак да проба да стави некаков ред во “базата“ за да барем од таа страна бидеме сигурни дека сепак газиме на патот на демократизација на Партијата и дека здравите елементи ќе можат да дојдат до израз и да почнат со процесите на заздравување на Партијата, објави на Фејсбук Исмаил.Понатаму тој пишува:
Да, Партијата заради широкиот спектар на причини, (историски)околности, кадровски потенцијал, а особено важно, менталитет, многу често заличуваше на ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, што граѓаните не пропуштија да го видат и соодветно го санкционираа. Историјата на оваа еволуција е долга. Почнувајки од годините кога земјава ни беше скоро под буквална окупација и заради што Партиските, ама и личните премрежја, вклучително и менталитетот на преживување, а ако е можно, патемно се разбира и некој ќар да се фати, доведоа до чудни сојузништва од кои за некои (пазарења од кои некои прилично гнасни) знаевме а за некое дознавме предоцна, вклучително и вчера. Тие, пазарењата, овозможија и на сите да ни е јасно Киднапирање НЕ на Шарената Револуција, туку на сите вредности кои тогаш се промовираа, а кои во рацете на менталитетот Трговец-поединец доведоа до многу неубав епилог. На пример, геслото “Нема правда-нема мир“ денес предизвикува громогласно смеење, а и пдсмев на сите кои од оваа фаза на, ЃОА, ослободување на Заробената Држава, продолжија да ја третираат правдата како Vileda крпа, во кафеанските седенки за тоа дали Зделката ќе биде со шест или седум нули! Ако се прашувам за тоа што најмногу ме разбеснува тогаш тоа е ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА на злосторничкиот проект Скопје 2014 кој земјата ја поставаи на пиедесталот на Светска Престолнина на кичот, тотално уништувајки ја секоја можност земјата да биде нормална според ликот и креативните идеите од кои никогаш не сме оскудевале. Тој процес на легализација не беше некаков писмен акт туку пресметан процес на ОСОЈУЗУВАЊЕ со изведувачите, подизведувачите и сите кои на еден или друг начин дебело се офајдија од злосторот. Но, да се вратиме на Партијата со прашањето: ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ? Ние кои памтиме троа подолго знаеме дека престои долга битка. Знаеме дека заробувањето на партијата, а што е евидентно го стори истиот менталитет и Ороводците на тој менталитет од кој, да не се самозалажуваме, сите сме заразени помалку или повеќе, па ќе треба да појдеме од самите себе. Ќе има добволно храбри, чесни другарки и другари кои ќе се нафатат со процесот на ослободување на Партијата, како за почеток, а за понатаму…. п.с. Се надевам дека на сите мои пријатели и другари им е јасно дека со овај првичен пост нема да се застане и дека, не само преписката, ќе се оди до уште многу моменто со кои ќе се обидам да осветлам барем едеен дел по патот кој го изодевме и кој ќе го одиме“ пишува Исмаил.
The post Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец appeared first on Република.
]]>По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија со задоволство контатира дека процес за избор на претседател на СДСМ е кредибилен и демократски.
„Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера. Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%.
Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата.
Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето.
Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач.
Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено.
Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација.
Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација“ образложи Мадиќ.
Таа додаде дека по завршување на обработката на податоците Централната изборна комисија ќе ги соопшти и конечните резултати.
The post Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ appeared first on Република.
]]>The post Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ appeared first on Република.
]]>Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат, изјави портпаролот на неговата кампања, Сет Шустер.
„Секако дека нема да се откаже,“ изјави Шустер по дебатата на Бајден со Доналд Трамп, по која некои демократи изразија незадоволство, а дел од јавноста повика тој да се повлече од трката.
Бајден по дебатата исто така потврди дека нема да се откаже од трката за нов мандат, додавајќи дека е тешко да се расправа со „лажливец“.
The post Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат appeared first on Република.
]]>The post Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат appeared first on Република.
]]>Ниту уставниот судија Осман Кадриу не доби поддршка за претседател на Уставниот суд. И вториот круг гласање денеска пропадна. Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа.
Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана
Судот може да се соочи со блокада со оглед дека на Кацарска вчера и заврши мандатот вчера , а деловникот не предвидува ниту заменик претседател ниту вршител на должност
The post Пропадна уште еден обид: И Осман Кадриу не доби двотретинско мнозинство за претседател на Уставен суд appeared first on Република.
]]>The post Пропадна уште еден обид: И Осман Кадриу не доби двотретинско мнозинство за претседател на Уставен суд appeared first on Република.
]]>Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник на СДСМ за ТВ24 ја најави својата кандидатура.
Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ - изјави Филипче за ТВ 24.
Филипче е трет кандидат за лидер на СДСМ, својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски.
Филипче беше носител на четвртата изборна единица, каде СДСМ доби пет пратеници.
https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-sdsm-ke-mora-da-pomine-niz-dlaboka-vnatreshna-reforma-i-reorganizatsija/
Важи за човек од доверба на екс лидерот на СДСМ Зоран Заев.
The post Филипче потврди: Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ appeared first on Република.
]]>Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ - изјави Филипче за ТВ 24.Филипче е трет кандидат за лидер на СДСМ, својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски. Филипче беше носител на четвртата изборна единица, каде СДСМ доби пет пратеници. https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-sdsm-ke-mora-da-pomine-niz-dlaboka-vnatreshna-reforma-i-reorganizatsija/ Важи за човек од доверба на екс лидерот на СДСМ Зоран Заев.
The post Филипче потврди: Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ appeared first on Република.
]]>Судијката Ана Павловска Данева на продолжението на денешната седница на Уставниот суд на која треба да се избере новиот претседател на судот, ја повлекла својата кандидатура, потврдуваат од Уставениот суд. Нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство. Ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен.
Ова беше седмиот обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шестте претходни во четвртокот и петокот, да изберат нов претседател на Судот.
Новиот претседател на Уставен треба да ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истече во неделата, на 2 јуни.
Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.
По завршувањето на мандатот на Кацарска, и неуспешните кандидатури на Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, се очекува кандидатура на некој од следните актуелни судии во Уставен суд кој ќе треба да ја преземе претседателската функција - Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Елизабета Дуковска и Јадранка Дабовиќ Анастасовска.
Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.
Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.
Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.
Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.
The post Уставен во криза: Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство appeared first on Република.
]]>The post Уставен во криза: Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство appeared first on Република.
]]>Во Уставниот суд денеска треба да се одржи продолжение на седницата за избор на нов претседател на Судот.
Ова ќе биде седми обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шест обиди во претходните две продолженија на седницата да се избере претседател. На седницата во четвртокот и на продолжението во петокот, судиите во шест наврати бираа меѓу кандидатките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, но ниту една од нив не го доби потребното мнозинство.
Новиот претседател на Уставен треба да ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истече во неделата, на 2 јуни.
Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.
Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.
Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.
Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.
Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.
Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.
The post Нов обид на Уставен суд да избере претседател appeared first on Република.
]]>The post Нов обид на Уставен суд да избере претседател appeared first on Република.
]]>Писателит Живко Грозданоски (38) е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На денешното редовно изборно Собрание Грозданоски е избран во конкуренција на Весна Дамчевска Илиевска, Мирче Нешовски, Југослав Петровски, а Јордан Ѓорчев вчера ја повлече кандидатурата за прв човек на ДПМ.
За Грозданоски гласале најголем број од присутните активни членови на Собранието.
ДПМ денеска избра и нови раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.
Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.
Грозданоски основно образование завршил во Бигор Доленци и во Кичево, а средно во Американската гимназија „Нова“ во Скопје. Дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески на Катедрата за романски јазици и книжевности, на Отсекот Италијански јазик и книжевност (сегашната Катедра по италијанистика).
Учествувал на неколку меѓународни резиденции и студиски престои во САД, Италија и БиХ. Во октомври 2006 година, во рамките на двонеделната работилница DoKo YoMi во Косовска Митровица го снимил краткиот документарец “In Cage”, кој следната 2007 година го претставил на Филмскиот фестивал во Кан (Critics’ week).
Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ).
The post Живко Гроздановски е избран за нов претседател на Друштвото на писатели на Македонија appeared first on Република.
]]>The post Живко Гроздановски е избран за нов претседател на Друштвото на писатели на Македонија appeared first on Република.
]]>Денеска продолжи постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд.
Како што велат од судот, во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство.
Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни, велат од таму.
Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2 јуни 2024 година.
The post Продолжува „сапуницата“ во Уставен суд: Уште двапати се гласало за претседател, ама повторно не е избран appeared first on Република.
]]>The post Продолжува „сапуницата“ во Уставен суд: Уште двапати се гласало за претседател, ама повторно не е избран appeared first on Република.
]]>Редовното изборно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите ќе изберат нов Статут, како и Претседател, Управен одбор и Суд на честа.
За функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставија петмина членови: Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски. Според Статутот, за Претседател ќе биде избран оној кандидат што ќе добие најголем број гласови од присутните активни членови на редовното изборно Собрание.
Актуелниот Управен одбор (Зоран Анчевски потпретседател и членовите: Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Бранко Цветковски, Александра Јуруковска, Марина Мијаковска и Владимир Мартиновски) на состанокот одржан на 27 мај 2024 ги верификуваше и усвои сите пристигнати кандидатури, како и ажурираниот Регистар на активни членови, кој брои 108 члена.
УО ги усвои и предлог-Дневниот ред за Собранието, како и предлог-Деловникот за работа на Собранието.
На состанокот беше донесена и одлука и за промена и измена на Статутот на ДПМ од 2011 година, што би стапил на сила веднаш по усвојувањето од страна на Собранието.
Согласно член 7 алинеја А од актуелниот Статут на ДПМ и пред сè, согласно одлуката донесена од страна на Управниот одбор на ДПМ на 15.4.2024 г., Претседателот на ДПМ сите ангажмани околу редовното изборно Собрание му ги препушта на Потпретседателот на ДПМ и редовното изборно Собрание го отвора Потпретседателот на ДПМ.
УО на ДПМ ги повикува сите свои активни членови да учествуваат на изборното Собрание на 1 јуни со цел да се избере ново раководство, нов Статут на Здружението, т.е. да се обезбеди континуитет на најстарото и најзначајното здржение на писатели во земјата.
The post Петмина кандидати за претседател на ДПМ на Собранието на 1 јуни appeared first on Република.
]]>The post Петмина кандидати за претседател на ДПМ на Собранието на 1 јуни appeared first on Република.
]]>Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето на Димитар Ковачевски од функцијата.
Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, стои во соопштението од партијата.
Воедно, се наведува дека на седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година, Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.
Пред одржување на седницата прашан дали ќе се кандидира за нов мандат за претседател на партијата, Ковачевски отсечно одговори дека нема да се кандидира.
Фатмир Битиќи кој исто така поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ, прашан дали планира да поднесе кандидатура за челната позција, вели, дека е се уште рано за тоа.
Се уште е рано, сметам дека секој еден социјалдемократ денеска е фокусиран во иднината на социјалдемократијата. Тоа е најбитно, а за функциите, секако, членството одлучува кој е најдобриот избор, вели Битиќи.
И Петре Шилегов, смета дека е се уште рано да се разговара за кандидатура и оти приоритет е како да се запрат, како што вели, ретроградните процеси кои се веќе започнати во општетството.
Мислам дека е се уште прерано воопшто да се разговара за тие процеси. Моето лично размислување е дека СДСМ во периодот кој следи треба да се врати кон корените на сопствените политики, повторно да стане привлечно тело за прогресивниот дел од македонската јавност затоа што некои процеси кои се веќе започнати во нашто општество се и тоа како ретроградни и т, и тоа како можат да ја вратат државата назад. СДСМ како и секогаш мора да биде исправен пред тие предизвици со цел да го спречиме ретрпградниот процес во македонското општетство, вели Шилегов.
На новинарско прашање и спикерот на Собранието и член на СДСМ Јован Митрески, пред седницата изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на партијата.
Славјанка Петровска и Јован Деспотовски веќе потврдија дека планираат да поднесат кандидатура, а во медиумите како можни кандидати за претседател на СДСМ се спомнуваат и Венко Филипче и Стефан Богоев.
На седницата на 22 мај Димитар Ковачевски и формално поднесе оставка од лидерската позиција. Извршниот одбор на СДСМ ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка.
The post СДСМ на 30 јуни ќе добие нов претседател на партијата appeared first on Република.
]]>Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, стои во соопштението од партијата.Воедно, се наведува дека на седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година, Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија. Пред одржување на седницата прашан дали ќе се кандидира за нов мандат за претседател на партијата, Ковачевски отсечно одговори дека нема да се кандидира. Фатмир Битиќи кој исто така поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ, прашан дали планира да поднесе кандидатура за челната позција, вели, дека е се уште рано за тоа.
Се уште е рано, сметам дека секој еден социјалдемократ денеска е фокусиран во иднината на социјалдемократијата. Тоа е најбитно, а за функциите, секако, членството одлучува кој е најдобриот избор, вели Битиќи.И Петре Шилегов, смета дека е се уште рано да се разговара за кандидатура и оти приоритет е како да се запрат, како што вели, ретроградните процеси кои се веќе започнати во општетството.
Мислам дека е се уште прерано воопшто да се разговара за тие процеси. Моето лично размислување е дека СДСМ во периодот кој следи треба да се врати кон корените на сопствените политики, повторно да стане привлечно тело за прогресивниот дел од македонската јавност затоа што некои процеси кои се веќе започнати во нашто општество се и тоа како ретроградни и т, и тоа како можат да ја вратат државата назад. СДСМ како и секогаш мора да биде исправен пред тие предизвици со цел да го спречиме ретрпградниот процес во македонското општетство, вели Шилегов.На новинарско прашање и спикерот на Собранието и член на СДСМ Јован Митрески, пред седницата изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на партијата. Славјанка Петровска и Јован Деспотовски веќе потврдија дека планираат да поднесат кандидатура, а во медиумите како можни кандидати за претседател на СДСМ се спомнуваат и Венко Филипче и Стефан Богоев. На седницата на 22 мај Димитар Ковачевски и формално поднесе оставка од лидерската позиција. Извршниот одбор на СДСМ ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка.
The post СДСМ на 30 јуни ќе добие нов претседател на партијата appeared first on Република.
]]>Откако си поднесе оставка, претседателот на СДСМ во заминување, Димитар Ковачевски објави дека нема да се кандидира за највисоката партиска функција.
Пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор на партијата во седиштето на Бихаќка рече дека нема да поднесе документи за кандидатура на претстојните внатрепартиски избори.
Партиското тело денеска треба да ги распише изборите внатре во СДСМ. Како најсериозни за кандидатура за претседател на партијата се споменуваат Јован Деспотовски, Славјанка Петровска, Венко Филипче и Оливер Спасовски. Денеска во интервју и Стефан Богоев не ги сокри своите амбиции да го преземе кормилото на партијата.
Во интервју за БИРН рече дека е способен за да биде прв човек на СДСМ.
Сметам дека во овие 16 години сум ги поминал буквално сите скалила во партијата по природен пат, а и во државата, и сум бил дел од сите клучни процеси во партијата, како Отпорот, Вистината за Македонија, Шарена револуција и низ сите тие процеси, години и скалила сум стекнал големо искуство и пријателства во партијата. Оттука, сметам дека сум способен за лидер на СДСМ, а наскоро ќе одлучам дали ќе тргнам по тој пат сега. Најбитно е партијата да избере тим што ќе го зачува јадрото на СДСМ, а не само претседател, изјави Богоев во интервју за БИРН.
The post Ковачевски нема повторно да се кандидира за претседател на СДСМ appeared first on Република.
]]>Сметам дека во овие 16 години сум ги поминал буквално сите скалила во партијата по природен пат, а и во државата, и сум бил дел од сите клучни процеси во партијата, како Отпорот, Вистината за Македонија, Шарена револуција и низ сите тие процеси, години и скалила сум стекнал големо искуство и пријателства во партијата. Оттука, сметам дека сум способен за лидер на СДСМ, а наскоро ќе одлучам дали ќе тргнам по тој пат сега. Најбитно е партијата да избере тим што ќе го зачува јадрото на СДСМ, а не само претседател, изјави Богоев во интервју за БИРН.
The post Ковачевски нема повторно да се кандидира за претседател на СДСМ appeared first on Република.
]]>По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.
Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.
Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.
Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.
Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.
Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.
Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.
The post Непознато е што се случи со хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси appeared first on Република.
]]>The post Непознато е што се случи со хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси appeared first on Република.
]]>Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.
– Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).
Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.
Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март.
The post То Лам именуван за претседател на Виетнам appeared first on Република.
]]>The post То Лам именуван за претседател на Виетнам appeared first on Република.
]]>Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54 отсто, додека второто место го освои премиерката Ингрид Шимоните со 19,94 отсто, врз основа на 100 отсто од преброени гласови.
Своето право на глас го искористиле 59,37 отсто од граѓаните на Литванија, што е најголема излезност во таа земја во последните две децении, а бидејќи ниту Наузеда ниту Шимоните не освоиле повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи во мај. 26, пренесува литванскиот портал Делфи.
Наузеда и Шимоните веќе излегоа во вториот круг од претседателските избори во 2019 година, а потоа Науседа освои 66,53, а Шимоните 33,47 отсто од гласовите.
The post Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите appeared first on Република.
]]>The post Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите appeared first on Република.
]]>Во Кабинетот на претседателот, денеска ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
По свечената церемонија, соопштија од кабинетот на Претседателот на државата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.
The post Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател appeared first on Република.
]]>The post Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател appeared first on Република.
]]>Управниот одбор на ДПМ соопшти дека подготовките за Годишното изборно Собрание закажано за 1 јуни, годинава во просториите на ДПМ се во тек, согласно одлуките на Управниот одбор на Друштвото и според однапред зацртана и утврдена динамика.
Како прво, се наметна потребата за ажурирање на постоечкиот Регистар на членови на ДПМ по неколку основи, како на пример бришење на починатите членови и членовите кои доброволно истапиле од друштвото. Покрај тоа, во тек е и иницијативата членовите да го потврдат своето активно членство со подмирување на заостанати членарини помеѓу две изборни Собранија (за 2023 и за 2024 г.), со краен рок до 12.05.2024 г. За таа цел, беше контактирано речиси целото членство (269 члена) и тоа по електронски пат или по пошта, со укажување дека со подмирување на двете членарини членовите ќе се стекнат со право за активно учество на Собранието, односно со право на глас. Со ажурирањето на Регистарот на ДПМ и со потврдувањето на активното членство ќе се утврди и кворумот неопходен за одржување на изборното Собрание, се наведува во соопштението.
Напоредно со овие активности, се посочува, се одвива и процесот за измени и дополнување на постоечкиот Статут на ДПМ.
За таа цел е ангажиран соодветен тим правни лица кој веќе работи на изготвувањето на измените и дополнувањата согласно Законот за здруженија од доменот на културата, со цел новиот Статут да биде благовремено (најдоцна до 20.05.2024 г.) испратен до членството на разгледување, а потоа предложен за усвојување на изборното Собрание, се посочува во соопштението од потпретсеателот на УО на ДПМ Зоран Анчевски.
Исто така, во тек е процесот за прибирање кандидатури за нов претседател на ДПМ. Рокот за нивното поднесување завршува на 15.мај 2024 г. Кандидатурите и предлог-програмите на кандидатите исто така ќе бидат испратени на разгледување до членството со цел тоа навреме да биде запознаено со кандидатите и нивните планови и идеи за натамошен развој на ДПМ, како најстаро и најмасовно писателско здружение во зeмјата, стои во соопштението.
The post Се подготвува изборно Собрание на ДПМ, рокот за кандидатури за нов претседател истекува на 15 мај appeared first on Република.
]]>Како прво, се наметна потребата за ажурирање на постоечкиот Регистар на членови на ДПМ по неколку основи, како на пример бришење на починатите членови и членовите кои доброволно истапиле од друштвото. Покрај тоа, во тек е и иницијативата членовите да го потврдат своето активно членство со подмирување на заостанати членарини помеѓу две изборни Собранија (за 2023 и за 2024 г.), со краен рок до 12.05.2024 г. За таа цел, беше контактирано речиси целото членство (269 члена) и тоа по електронски пат или по пошта, со укажување дека со подмирување на двете членарини членовите ќе се стекнат со право за активно учество на Собранието, односно со право на глас. Со ажурирањето на Регистарот на ДПМ и со потврдувањето на активното членство ќе се утврди и кворумот неопходен за одржување на изборното Собрание, се наведува во соопштението.Напоредно со овие активности, се посочува, се одвива и процесот за измени и дополнување на постоечкиот Статут на ДПМ.
За таа цел е ангажиран соодветен тим правни лица кој веќе работи на изготвувањето на измените и дополнувањата согласно Законот за здруженија од доменот на културата, со цел новиот Статут да биде благовремено (најдоцна до 20.05.2024 г.) испратен до членството на разгледување, а потоа предложен за усвојување на изборното Собрание, се посочува во соопштението од потпретсеателот на УО на ДПМ Зоран Анчевски.Исто така, во тек е процесот за прибирање кандидатури за нов претседател на ДПМ. Рокот за нивното поднесување завршува на 15.мај 2024 г. Кандидатурите и предлог-програмите на кандидатите исто така ќе бидат испратени на разгледување до членството со цел тоа навреме да биде запознаено со кандидатите и нивните планови и идеи за натамошен развој на ДПМ, како најстаро и најмасовно писателско здружение во зeмјата, стои во соопштението.
The post Се подготвува изборно Собрание на ДПМ, рокот за кандидатури за нов претседател истекува на 15 мај appeared first on Република.
]]>