претреси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretresi/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 09:07:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претреси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretresi/ 32 32 Кај две лица пронајдени големи количини на оружје и муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kaj-dve-litsa-pronajdeni-golemi-kolichini-na-oruzhje-i-munitsija/ Wed, 23 Oct 2024 09:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=830092

По полициските претреси вчера во Битола и во Македонски Брод, биле пронајдени оружје и муниција, а лишени од слобода се две лица.

Прво, во времето од 10.30 до 11.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, а по претходно издадена судска наредба, извршен е претрес во с. Белица, во домот на Д.И.(46) од с.Белица, Македонски Брод, при што пронајдена била муниција од различен калибар. Д.И. е приведен во полициска станица и по документиурање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Во 15.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес кај E.М.(53) од с.Бистрица, битолско. При претресот биле пронајдени пет пушки, над 100 парчиња муниција, како и различни делови за оружје. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Кај две лица пронајдени големи количини на оружје и муниција appeared first on Република.

]]>

По полициските претреси вчера во Битола и во Македонски Брод, биле пронајдени оружје и муниција, а лишени од слобода се две лица. Прво, во времето од 10.30 до 11.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, а по претходно издадена судска наредба, извршен е претрес во с. Белица, во домот на Д.И.(46) од с.Белица, Македонски Брод, при што пронајдена била муниција од различен калибар. Д.И. е приведен во полициска станица и по документиурање на случајот ќе следува соодветна пријава. Во 15.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес кај E.М.(53) од с.Бистрица, битолско. При претресот биле пронајдени пет пушки, над 100 парчиња муниција, како и различни делови за оружје. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Кај две лица пронајдени големи количини на оружје и муниција appeared first on Република.

]]>
Четворица се задржани во врска со скандалот на Онкологија, претреси се извршени на три локации https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-se-zadrzhani-vo-vrska-so-skandalot-na-onkologija-pretresi-se-izvrsheni-na-tri-lokatsii/ Tue, 30 Jan 2024 13:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=738628

Во врска со скандалот на Онкологија до овој момент извршени се претреси на три локации и задржани се четири лица, информираат од Обвинителство и посочуваат дека Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со дејствијата и дека јавноста ќе биде веднаш информирана, откако ќе се создадат услови за тоа.

Меѓу задржаните е и поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија, а другите биле вработени, од кои едната е медицинска сестра, како што претходно во изјава за медумите потврдија директорката на Клиниката Виолета Клисаровска и организациски директор, Халид Матоши.

Тие посочија дека Клиниката функционира нормално и сите закажани прегледи и терапии течат тековно без проблеми. Нагласија дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен. Претходно од Јавното обвинителство потврдија за МИА дека претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали најавија во текот на денот, иако некои дел од медиумите излегоа со иницијалите на приведените, па дури и со името на поранешниот директор Нино Васев.

Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земена од некаде, исклучен и е телефонот, изјави Матоши на прашањето за колку лица имало налози.

Клисарова нагласи дека Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија работи и функционира нормално.

Директорката додаде дека се што е во врска со истрагата и сите случувања коишто се случиле изутрината понатаму како информации ќе ги изнесат истражните органи.

На почетокот од септември минатата година со судска наредба, а врз основа на наводите изнесени во новинарски текстови, беа извршени претреси на Клиниката за онкологија и во два приватни стана. Притоа беа одземени компјутери и документација, кои потоа беа дадени на анализа и вештачење.

Министерството за здравство тогаш даде поддршка за акцијата на Обвинителството и полицијата, а поранешниот премиер Димитар Ковачевски истакна оти се работи за наводи што не смеат да се случуваат и повика да не се прави сензација и напад на сите доктори. Од страна на Владата, додаде тогаш, нема да има никакви интервенции во однос на заштита на кого било. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, пак нагласуваше дека актуелната власт не очекува разрешница на скандалот со Онкологија.

Во врска со скандалот, се формираше и собраниска Анкетна комисија, пред која сведочеа поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешни и актуелни директори на Фондот за здравствено осигурување, како и други лица и функционери. Членовите на Комисијата имаа по 30 дена за распит на сведоци и уште толку за разгледување документација. Случајот ги подели власта и опозицијата. Рокот за донесување заклучоци на собраниската Анкетна комисија беше до 3 декември. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата поради несогласувања, излегоа со различни заклучоци.

The post Четворица се задржани во врска со скандалот на Онкологија, претреси се извршени на три локации appeared first on Република.

]]>

Во врска со скандалот на Онкологија до овој момент извршени се претреси на три локации и задржани се четири лица, информираат од Обвинителство и посочуваат дека Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со дејствијата и дека јавноста ќе биде веднаш информирана, откако ќе се создадат услови за тоа. Меѓу задржаните е и поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија, а другите биле вработени, од кои едната е медицинска сестра, како што претходно во изјава за медумите потврдија директорката на Клиниката Виолета Клисаровска и организациски директор, Халид Матоши. Тие посочија дека Клиниката функционира нормално и сите закажани прегледи и терапии течат тековно без проблеми. Нагласија дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен. Претходно од Јавното обвинителство потврдија за МИА дека претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали најавија во текот на денот, иако некои дел од медиумите излегоа со иницијалите на приведените, па дури и со името на поранешниот директор Нино Васев.
Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земена од некаде, исклучен и е телефонот, изјави Матоши на прашањето за колку лица имало налози.
Клисарова нагласи дека Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија работи и функционира нормално. Директорката додаде дека се што е во врска со истрагата и сите случувања коишто се случиле изутрината понатаму како информации ќе ги изнесат истражните органи. На почетокот од септември минатата година со судска наредба, а врз основа на наводите изнесени во новинарски текстови, беа извршени претреси на Клиниката за онкологија и во два приватни стана. Притоа беа одземени компјутери и документација, кои потоа беа дадени на анализа и вештачење. Министерството за здравство тогаш даде поддршка за акцијата на Обвинителството и полицијата, а поранешниот премиер Димитар Ковачевски истакна оти се работи за наводи што не смеат да се случуваат и повика да не се прави сензација и напад на сите доктори. Од страна на Владата, додаде тогаш, нема да има никакви интервенции во однос на заштита на кого било. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, пак нагласуваше дека актуелната власт не очекува разрешница на скандалот со Онкологија. Во врска со скандалот, се формираше и собраниска Анкетна комисија, пред која сведочеа поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешни и актуелни директори на Фондот за здравствено осигурување, како и други лица и функционери. Членовите на Комисијата имаа по 30 дена за распит на сведоци и уште толку за разгледување документација. Случајот ги подели власта и опозицијата. Рокот за донесување заклучоци на собраниската Анкетна комисија беше до 3 декември. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата поради несогласувања, излегоа со различни заклучоци.

The post Четворица се задржани во врска со скандалот на Онкологија, претреси се извршени на три локации appeared first on Република.

]]>
Претреси и апсења во Бугарија поради злоупотреба на европски фондови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretresi-i-apsena-vo-bugarija-poradi-zloupotreba-na-evropski-fondovi/ Sat, 12 Aug 2023 14:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=671432

Европската јавна обвинителка Лаура Ковеши реши да почне акција во Бугарија и конечно да стави крај на неуспехот на Брисел да го реши проблемот со кражбата на европските фондови, пишува „Политико“.

Во четвртокот Европското јавно обвинителство извршило претреси во 28 домови и канцеларии во рамки на истрагата за злоупотреба на парите на Европската Унија за железнички проекти, а уапсен е и градоначалникот на Генерал Тошево, град на североистокот на земјата.

Акцијата се најавува веќе неколку години, а водечки политичари од бугарскиот реформистички табор тврдат дека извлекувањето средства од ЕУ станало еден од главните извори на приходи на организираните криминални групи.

Центарот за проучување на демократијата, невладина организација од Софија, заклучи дека во 2020 година се отуѓени дури 15 отсто од парите од европските фондови.

Европското обвинителство во моментов спроведува 143 истраги во Бугарија со проценета вкупна штета од 492 милиони евра, според извештајот за минатата година.

Како најсиромашна држава во ЕУ, Бугарија редовно бара поддршка од европските даночни обврзници за да изгради инфраструктура и да ги направи старите згради од социјалистичкиот период енергетски поефикасни.

Обвинителството, кое е задолжено за кривично гонење на дела против финансиските интереси на ЕУ, соопшти дека во моментов истражува два проекти за градење железничка инфраструктура, вредни повеќе од 241 милион евра од фондовите на ЕУ, и грант за подобрување на енергетската ефикасност на станбените објекти во Генерал Тошево вреден 169.000 евра.

Повеќе од 100 припадници на бугарската полиција извршиле рации во рамки на истрагата за изградбата на железничката пруга меѓу градовите Костенец и Септември, за што Европската агенција за клима, инфраструктура и животна средина обезбедила 130 милиони евра. Се истражува и можна злоупотреба на средствата за изградба на пруга меѓу селата Оризово и Михајлово, која ја финансира Кохезискиот фонд со над 111 милиони евра.

 

The post Претреси и апсења во Бугарија поради злоупотреба на европски фондови appeared first on Република.

]]>

Европската јавна обвинителка Лаура Ковеши реши да почне акција во Бугарија и конечно да стави крај на неуспехот на Брисел да го реши проблемот со кражбата на европските фондови, пишува „Политико“. Во четвртокот Европското јавно обвинителство извршило претреси во 28 домови и канцеларии во рамки на истрагата за злоупотреба на парите на Европската Унија за железнички проекти, а уапсен е и градоначалникот на Генерал Тошево, град на североистокот на земјата. Акцијата се најавува веќе неколку години, а водечки политичари од бугарскиот реформистички табор тврдат дека извлекувањето средства од ЕУ станало еден од главните извори на приходи на организираните криминални групи. Центарот за проучување на демократијата, невладина организација од Софија, заклучи дека во 2020 година се отуѓени дури 15 отсто од парите од европските фондови. Европското обвинителство во моментов спроведува 143 истраги во Бугарија со проценета вкупна штета од 492 милиони евра, според извештајот за минатата година. Како најсиромашна држава во ЕУ, Бугарија редовно бара поддршка од европските даночни обврзници за да изгради инфраструктура и да ги направи старите згради од социјалистичкиот период енергетски поефикасни. Обвинителството, кое е задолжено за кривично гонење на дела против финансиските интереси на ЕУ, соопшти дека во моментов истражува два проекти за градење железничка инфраструктура, вредни повеќе од 241 милион евра од фондовите на ЕУ, и грант за подобрување на енергетската ефикасност на станбените објекти во Генерал Тошево вреден 169.000 евра. Повеќе од 100 припадници на бугарската полиција извршиле рации во рамки на истрагата за изградбата на железничката пруга меѓу градовите Костенец и Септември, за што Европската агенција за клима, инфраструктура и животна средина обезбедила 130 милиони евра. Се истражува и можна злоупотреба на средствата за изградба на пруга меѓу селата Оризово и Михајлово, која ја финансира Кохезискиот фонд со над 111 милиони евра.  

The post Претреси и апсења во Бугарија поради злоупотреба на европски фондови appeared first on Република.

]]>
Претреси во Куманово, пронајдена дрога и поголем износ пари, приведени три лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretresi-vo-kumanovo-pronajdena-droga-i-pogolem-iznos-pari-privedeni-tri-litsa/ Sat, 08 Jul 2023 16:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=659249

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Куманово денеска ги лишиле од слобода Б.П.(29), Г.М.(42) и М.К.(24), сите од Куманово.

Како што соопшти МВР, при претреси на повеќе локации во градот, во домови и други простории што ги користат лишените, извршени со судска наредба, кај нив биле пронајдени хероин, амфетамини, таблетки екстази, пари во износ од 28.000 евра во различни валути, нотарски договори и други предмети поврзани со различни кривични дела.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

The post Претреси во Куманово, пронајдена дрога и поголем износ пари, приведени три лица appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Куманово денеска ги лишиле од слобода Б.П.(29), Г.М.(42) и М.К.(24), сите од Куманово. Како што соопшти МВР, при претреси на повеќе локации во градот, во домови и други простории што ги користат лишените, извршени со судска наредба, кај нив биле пронајдени хероин, амфетамини, таблетки екстази, пари во износ од 28.000 евра во различни валути, нотарски договори и други предмети поврзани со различни кривични дела. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

The post Претреси во Куманово, пронајдена дрога и поголем износ пари, приведени три лица appeared first on Република.

]]>
Претреси во Делчево, пронајдена дрога, приведени две лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretresi-vo-delchevo-pronajdena-droga-privedeni-dve-litsa/ Sat, 15 Apr 2023 10:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=631007

На 14.04.2023 во 13.30 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.И.(23) од Делчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Исто така, во Делчево, со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на С.М.(23) од Делчево, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Со двајцата бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претреси во Делчево, пронајдена дрога, приведени две лица appeared first on Република.

]]>

На 14.04.2023 во 13.30 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.И.(23) од Делчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Исто така, во Делчево, со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на С.М.(23) од Делчево, при што била пронајдена и одземена марихуана. Со двајцата бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претреси во Делчево, пронајдена дрога, приведени две лица appeared first on Република.

]]>
Поголема сума пари и недозволени предмети пронајдени при полициски претрес во „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pogolema-suma-pari-i-nedozvoleni-predmeti-pronajdeni-pri-politsiski-pretres-vo-idrizovo/ Mon, 20 Feb 2023 13:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=611125

Поголема сума на пари и недозволени предмети беа пронајдени денеска при претреси во Казнено-поправната установа Идризово, информираа од МВР.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправната установа Идризово Скопје. Во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка, извршени се претреси во КПУ Идризово, сѐ со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, велат од МВР.

The post Поголема сума пари и недозволени предмети пронајдени при полициски претрес во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Поголема сума на пари и недозволени предмети беа пронајдени денеска при претреси во Казнено-поправната установа Идризово, информираа од МВР.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправната установа Идризово Скопје. Во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка, извршени се претреси во КПУ Идризово, сѐ со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, велат од МВР.

The post Поголема сума пари и недозволени предмети пронајдени при полициски претрес во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Претреси во Кочани, пронајденo големо количество украдени предмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretresi-vo-kochani-pronajdeno-golemo-kolichestvo-ukradeni-predmeti/ Fri, 01 Apr 2022 07:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=481724

На 31.03.2022 во периодот од 06.00 до 14.30 часот, по претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Штип, а во координација со Основното јавно обвинителство Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, извршени се претреси во присуство на Јавен обвинител од Кочани на четири локации на подрачјето на ОВР Кочани, со цел пронаоѓање на предмети од извршени кривични дела тешки кражби, кражби, помагање, загрозување на животна средина.

При претреси кај две правни лица и во објект сопственост на Д.Б. во Кочани пронајдени се и одземени поголема количина предмети од метал и арматурно железо кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците.

Од страна на инспекторите од двата државни инпектората, информираа денеска од МВР, кај правните лица се констатирани неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка „забрана за вршење на дејност“. По целосно документирање на случаите од страна на ОВР Кочани до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Претреси во Кочани, пронајденo големо количество украдени предмети appeared first on Република.

]]>

На 31.03.2022 во периодот од 06.00 до 14.30 часот, по претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Штип, а во координација со Основното јавно обвинителство Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, извршени се претреси во присуство на Јавен обвинител од Кочани на четири локации на подрачјето на ОВР Кочани, со цел пронаоѓање на предмети од извршени кривични дела тешки кражби, кражби, помагање, загрозување на животна средина. При претреси кај две правни лица и во објект сопственост на Д.Б. во Кочани пронајдени се и одземени поголема количина предмети од метал и арматурно железо кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците. Од страна на инспекторите од двата државни инпектората, информираа денеска од МВР, кај правните лица се констатирани неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка „забрана за вршење на дејност“. По целосно документирање на случаите од страна на ОВР Кочани до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Претреси во Кочани, пронајденo големо количество украдени предмети appeared first on Република.

]]>