претрес на ученици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretres-na-uchenitsi/ За подобро да се разбереме Tue, 16 May 2023 11:40:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претрес на ученици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretres-na-uchenitsi/ 32 32 Психолог Станковска: Децата не смее да се третираат како криминалци – тоа не е мерка за безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/psiholog-stankovska-detsata-ne-smee-da-se-tretiraat-kako-kriminaltsi-toa-ne-e-merka-za-bezbednost/ Tue, 16 May 2023 11:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=641328

Полицијата започна со најавената мерка - претресување на ученици пред училиштата. Портали блиски до власта објавуваат дека граѓаните можат да бидат спокојни, притоа објавувајќи фотографии од претресување на уленици. Чиниш најголемата опасност доаѓа од учениците.

Полицијата е таму каде припаѓа – секојдневно на терен меѓу граѓаните. Учениците се безбедни, наставата е гарантирана. Секој граѓанин може да биде спокоен, МВР и македонската полиција работат со полн капацитет во гарантирање на мирот и безбедноста на сите наши граѓани - објавуваат порталите блиски до власта.

Двете масовни убиства во училиштето Владислав Рибникар во Белград и двете села во близина на Младеновац во кои животот го изгубија 18 лица, треба да бидат аларм за носење некаљкви мерки, нмно не било какви мерки. Претресувањето на учениците од поголемите одделенија од страна на полиција беше само една од најавените мерки која експресно почна да се спроведува. Но таа мерка отвори дилема кај родителите колку е оправдана, односно колку е позитивна, а колку е негативна. Република разговараше со Ивана Станковска, м-р по клиничка психологија. Ја прашавме како психолог како ја коментира оваа мерка, дали ќе остави последици кај некои од децата, особено помалите кога би гледале претресување од полиција пред училиштето, дали можеби ќе се роди желба за подметнување кај деца, желба да се надитри полицијата…

Оваа идеја ми остава впечаток на фаст фуд решение. Брза е, лесна е, примамлива и крајно нездрава. Доколку сакаме животот да си го отежниме, ќе бираме лесни, фаст фуд решенија за било кој проблем. Доколку сакаме животот да си го олесниме, ќе бираме суштински, долготрајни и можеби потешки стратегии. Зашто велам потешки, затоа што ќе бараат поголема ангажираност, промисленост и поголемо учество од сите засегнати страни во образовниот систем (стручна служба, наставници, родители, институции), отколку само полиција која ќе ги третира децата како криминалци. Зашто е погрешно како мерка за безбедност да се третираат децата како криминалци, излишно е да се образложува – вели магистар Станковска.

Наспроти фаст фуд решенија, според Станковска, потребни ни се мерки насочени кон сите актери во воспитно образовниот систем, институциите, образовната програма, наставниците, а последно децата.

Квалитетен воспитно-образовен систем е најважната мерка, која не е ни мерка, туку вредност, неопходност. На учениците им е потребен стабилен, креативен и здрав систем од кој ќе црпат ресурси за својот развој и на кој ќе се потпираат. Наставници кои ќе имаат свој авторитет. Образовен систем ослободен од корупција, непотизам и партизација. Последно на листата приоритети се мерки насочени кон учениците, бидејќи децата не се проблем; децата само го манифестираат она кое возрасните го создале.

Но еве, би рекла прво да ги прашаме децата. Што тие мислат дека треба да се промени? Доколку секое дете анонимно достави писменце до стручната служба во кое ќе одговори на три прашања: Што ме прави среќен/на додека сум на училиште? Што ме растажува или лути додека сум на училиште? Што би сакал/а да е поразлично во мојот училишен ден? Веројатно повеќето деца ќе напишат: би сакал/а поголем голем одмор и да нема тестови. Но, има шанси некои деца да нè изненадат со нивните идеи а и да разбереме повеќе за нивните проблеми – објаснува м-р Станковска.

Целиот разговор прочитајте го на следниот линк

The post Психолог Станковска: Децата не смее да се третираат како криминалци – тоа не е мерка за безбедност appeared first on Република.

]]>

Полицијата започна со најавената мерка - претресување на ученици пред училиштата. Портали блиски до власта објавуваат дека граѓаните можат да бидат спокојни, притоа објавувајќи фотографии од претресување на уленици. Чиниш најголемата опасност доаѓа од учениците.
Полицијата е таму каде припаѓа – секојдневно на терен меѓу граѓаните. Учениците се безбедни, наставата е гарантирана. Секој граѓанин може да биде спокоен, МВР и македонската полиција работат со полн капацитет во гарантирање на мирот и безбедноста на сите наши граѓани - објавуваат порталите блиски до власта.
Двете масовни убиства во училиштето Владислав Рибникар во Белград и двете села во близина на Младеновац во кои животот го изгубија 18 лица, треба да бидат аларм за носење некаљкви мерки, нмно не било какви мерки. Претресувањето на учениците од поголемите одделенија од страна на полиција беше само една од најавените мерки која експресно почна да се спроведува. Но таа мерка отвори дилема кај родителите колку е оправдана, односно колку е позитивна, а колку е негативна. Република разговараше со Ивана Станковска, м-р по клиничка психологија. Ја прашавме како психолог како ја коментира оваа мерка, дали ќе остави последици кај некои од децата, особено помалите кога би гледале претресување од полиција пред училиштето, дали можеби ќе се роди желба за подметнување кај деца, желба да се надитри полицијата…
Оваа идеја ми остава впечаток на фаст фуд решение. Брза е, лесна е, примамлива и крајно нездрава. Доколку сакаме животот да си го отежниме, ќе бираме лесни, фаст фуд решенија за било кој проблем. Доколку сакаме животот да си го олесниме, ќе бираме суштински, долготрајни и можеби потешки стратегии. Зашто велам потешки, затоа што ќе бараат поголема ангажираност, промисленост и поголемо учество од сите засегнати страни во образовниот систем (стручна служба, наставници, родители, институции), отколку само полиција која ќе ги третира децата како криминалци. Зашто е погрешно како мерка за безбедност да се третираат децата како криминалци, излишно е да се образложува – вели магистар Станковска.
Наспроти фаст фуд решенија, според Станковска, потребни ни се мерки насочени кон сите актери во воспитно образовниот систем, институциите, образовната програма, наставниците, а последно децата.
Квалитетен воспитно-образовен систем е најважната мерка, која не е ни мерка, туку вредност, неопходност. На учениците им е потребен стабилен, креативен и здрав систем од кој ќе црпат ресурси за својот развој и на кој ќе се потпираат. Наставници кои ќе имаат свој авторитет. Образовен систем ослободен од корупција, непотизам и партизација. Последно на листата приоритети се мерки насочени кон учениците, бидејќи децата не се проблем; децата само го манифестираат она кое возрасните го создале. Но еве, би рекла прво да ги прашаме децата. Што тие мислат дека треба да се промени? Доколку секое дете анонимно достави писменце до стручната служба во кое ќе одговори на три прашања: Што ме прави среќен/на додека сум на училиште? Што ме растажува или лути додека сум на училиште? Што би сакал/а да е поразлично во мојот училишен ден? Веројатно повеќето деца ќе напишат: би сакал/а поголем голем одмор и да нема тестови. Но, има шанси некои деца да нè изненадат со нивните идеи а и да разбереме повеќе за нивните проблеми – објаснува м-р Станковска.