претпоследни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretposledni/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jul 2023 13:12:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претпоследни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretposledni/ 32 32 Македонските ракометарки претпоследни на Европското јуниорско првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometarki-pretposledni-na-evropskoto-juniorsko-prvenstvo/ Sat, 15 Jul 2023 13:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=661684

Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација ја совлада попладнево Хрватска со 31-26 и го заврши настапот на Европското првенство во Романија на претпоследното 15. место.

По шесте последователни порази, македонските ракометарки денеска во Миовени за противник ја имаа Хрватска во натпревар во кој двете репрезентации посакуваа со победа да го избегнат последното место на Европското првенство.

Македонските ракометарки беа поквалитетни на паркетот и до полувремето стекнаа двоцифрена предност од 18-8. Хрватската репрезентација се обиде да се врати резултатски во натпреварот и на четири минути до крајот ја намали негативата на 28-25, но избраничките на селекторот Јулијана Дамчевска го издржаа притисокот и со победа го завршија настапот на континенталниот собир.

На денешниот триумф претходеа поразите од Црна Гора (33-29), Данска (39-27), Чешка (29-24), Норвешка (29-23), Србија (30-19) и Исланд (35-29).

The post Македонските ракометарки претпоследни на Европското јуниорско првенство appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација ја совлада попладнево Хрватска со 31-26 и го заврши настапот на Европското првенство во Романија на претпоследното 15. место. По шесте последователни порази, македонските ракометарки денеска во Миовени за противник ја имаа Хрватска во натпревар во кој двете репрезентации посакуваа со победа да го избегнат последното место на Европското првенство. Македонските ракометарки беа поквалитетни на паркетот и до полувремето стекнаа двоцифрена предност од 18-8. Хрватската репрезентација се обиде да се врати резултатски во натпреварот и на четири минути до крајот ја намали негативата на 28-25, но избраничките на селекторот Јулијана Дамчевска го издржаа притисокот и со победа го завршија настапот на континенталниот собир. На денешниот триумф претходеа поразите од Црна Гора (33-29), Данска (39-27), Чешка (29-24), Норвешка (29-23), Србија (30-19) и Исланд (35-29).

The post Македонските ракометарки претпоследни на Европското јуниорско првенство appeared first on Република.

]]>