претепување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretepuvanje/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Jan 2023 09:55:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претепување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretepuvanje/ 32 32 Кавадарчанец ја претепал поранешната девојка и нејзината 6-годишна ќерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kavadarchanets-ja-pretepal-poraneshnata-devojka-i-nejzinata-6-godishna-kerka/ Wed, 25 Jan 2023 09:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=600768

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело „насилство“ врз жена и нејзината малолетна ќерка во гевгелиско.

Како што информираат денеска од Јавното обвинителство, откако претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе ја убие оштетената со која порано бил во љубовна врска затоа што му кажала дека веќе не сака контакт со него, на 16 јануари, осомничениот дошол од Кавадарци каде што живее, со неговото возило и го паркирал на улицата пред семејната куќа на оштетената во селото Мрзенци.

-Кога дошол пред влезната врата, ѝ се јавил да му ја отклучи вратата, па откако оштетената одбила, осомничениот со нога ја скршил вратата и влегол внатре. Веднаш се качил на горниот кат каде што во спалната соба оштетената спиела со нејзината 6-годишна ќерка и ја удрил со бокс во пределот на лицето. Во тој момент се разбудило и девојчето и почнало да плаче, па оштетената ја дигнала во рацете. Осомничениот замавнал кон нив и го удрил девојчето во пределот на лицето. На оштетената ѝ го одзел мобилниот телефон и го скршил за да не може да побара помош, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Осомничениот, како што се наведува во соопштението, повторно почнал да ја удира со боксови и клоци, да ја дави во пределот на вратот, додека за цело време нејзината малолетна ќерка плачела вознемирено, молејќи го осомничениот да си оди и да не ја тепа мајка ѝ.

-Навредувајќи ја, тој ја фатил за коса оштетената и со влечење ја симнал во дневната соба. За да го натера да ја пушти мајката, девојчето започнало да фрла кон осомничениот со портокали, по што тој започнал да ја тресе ќерката, ја дигнал и силно ја фрлил на седечката гарнитура. Потоа се качил на горниот кат, каде ги кршел и расфрлил сите предмети. Тој момент го искористила оштетената која целата во крв, боса, ја зела нејзината ќерка и успеала да излезе од куќата, да влезе во возилото и да побегне во домот на нејзините родители, информираат од Обвинителството.

Од насилството оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на нос, како и повеќе посекотини, контузии и хематоми по целото тело, а со телесни повреди – гребнатинки, модрици и хематоми се здобила и нејзината малолетна ќерка. Со дејствијата осомничениот кај двете предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кое резултирало со бројни психички трауми особено кај 6-годишното девојче.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело.

Судијата го прифати предлогот и донел решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

The post Кавадарчанец ја претепал поранешната девојка и нејзината 6-годишна ќерка appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело „насилство“ врз жена и нејзината малолетна ќерка во гевгелиско. Како што информираат денеска од Јавното обвинителство, откако претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе ја убие оштетената со која порано бил во љубовна врска затоа што му кажала дека веќе не сака контакт со него, на 16 јануари, осомничениот дошол од Кавадарци каде што живее, со неговото возило и го паркирал на улицата пред семејната куќа на оштетената во селото Мрзенци. -Кога дошол пред влезната врата, ѝ се јавил да му ја отклучи вратата, па откако оштетената одбила, осомничениот со нога ја скршил вратата и влегол внатре. Веднаш се качил на горниот кат каде што во спалната соба оштетената спиела со нејзината 6-годишна ќерка и ја удрил со бокс во пределот на лицето. Во тој момент се разбудило и девојчето и почнало да плаче, па оштетената ја дигнала во рацете. Осомничениот замавнал кон нив и го удрил девојчето во пределот на лицето. На оштетената ѝ го одзел мобилниот телефон и го скршил за да не може да побара помош, се наведува во соопштението од Обвинителството. Осомничениот, како што се наведува во соопштението, повторно почнал да ја удира со боксови и клоци, да ја дави во пределот на вратот, додека за цело време нејзината малолетна ќерка плачела вознемирено, молејќи го осомничениот да си оди и да не ја тепа мајка ѝ. -Навредувајќи ја, тој ја фатил за коса оштетената и со влечење ја симнал во дневната соба. За да го натера да ја пушти мајката, девојчето започнало да фрла кон осомничениот со портокали, по што тој започнал да ја тресе ќерката, ја дигнал и силно ја фрлил на седечката гарнитура. Потоа се качил на горниот кат, каде ги кршел и расфрлил сите предмети. Тој момент го искористила оштетената која целата во крв, боса, ја зела нејзината ќерка и успеала да излезе од куќата, да влезе во возилото и да побегне во домот на нејзините родители, информираат од Обвинителството. Од насилството оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на нос, како и повеќе посекотини, контузии и хематоми по целото тело, а со телесни повреди – гребнатинки, модрици и хематоми се здобила и нејзината малолетна ќерка. Со дејствијата осомничениот кај двете предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кое резултирало со бројни психички трауми особено кај 6-годишното девојче. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и донел решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

The post Кавадарчанец ја претепал поранешната девојка и нејзината 6-годишна ќерка appeared first on Република.

]]>
Починал ден по претепувањето: Го тепале и удирале со ѓезве по што паднал во кома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochinal-den-po-pretepuvanjeto-go-tepale-i-udirale-so-gjezve-po-shto-padnal-vo-koma/ Tue, 22 Mar 2022 17:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=476807

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син од селото Десово, општина Долнени, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.

На 19 март, во куќа лоцирана во селото Десово каде престојувал оштетениот од Кичево, тие најпрвин со него започнале вербална расправија, а потоа и физички се пресметале. Според првичните сознанија, откако оштетениот му задал неколку удари на првоосомничениот во пределот на главата, првоосомничениот му возвратил удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Кога оштетениот паднал, осомничениот продолжил да го удира со тупаници и метално ѓезве во главата и со нозете по целото тело.

Од ударите оштетениот изгубил свест. Првоосомничениот ја напуштил собата, но по кратко време кај оштетениот дошол второосомничениот кој физички го нападнал, удирајќи го со раце по целото тело, насилно го извлекол од собата и во дворното место продолжил да го удира. Откако двајцата си заминале, оштетениот влегол во собата, легнал на креветот и паднал во кома како последица од здобиените удари со кои му биле нанесени голем број телесни повреди – фрактури и крварења. Следниот ден, како резултат на задобиените повреди, оштетениот починал.

Против осомничените надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка притвор во траење до 30 дена.​

 

The post Починал ден по претепувањето: Го тепале и удирале со ѓезве по што паднал во кома appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син од селото Десово, општина Долнени, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик. На 19 март, во куќа лоцирана во селото Десово каде престојувал оштетениот од Кичево, тие најпрвин со него започнале вербална расправија, а потоа и физички се пресметале. Според првичните сознанија, откако оштетениот му задал неколку удари на првоосомничениот во пределот на главата, првоосомничениот му возвратил удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Кога оштетениот паднал, осомничениот продолжил да го удира со тупаници и метално ѓезве во главата и со нозете по целото тело. Од ударите оштетениот изгубил свест. Првоосомничениот ја напуштил собата, но по кратко време кај оштетениот дошол второосомничениот кој физички го нападнал, удирајќи го со раце по целото тело, насилно го извлекол од собата и во дворното место продолжил да го удира. Откако двајцата си заминале, оштетениот влегол во собата, легнал на креветот и паднал во кома како последица од здобиените удари со кои му биле нанесени голем број телесни повреди – фрактури и крварења. Следниот ден, како резултат на задобиените повреди, оштетениот починал. Против осомничените надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка притвор во траење до 30 дена.​  

The post Починал ден по претепувањето: Го тепале и удирале со ѓезве по што паднал во кома appeared first on Република.

]]>