претепано девојче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretepano-devojche/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Feb 2024 10:01:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претепано девојче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretepano-devojche/ 32 32 Обвинение против мајката на тешко повреденото четиригодишното девојче од Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-protiv-majkata-na-teshko-povredenoto-chetirigodishnoto-devojche-od-strumitsa/ Sat, 03 Feb 2024 10:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=739962

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Осомничената, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината четиригодишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17 јануари годинава било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majkata-tvrdeshe-deka-ja-napadnalo-kuche-a-na-prstite-veke-se-gledashe-gangrena-velat-od-detska-klinika-za-4-godishnoto-devojche-od-strumitsa/

Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството, се наведува во соопштението.

The post Обвинение против мајката на тешко повреденото четиригодишното девојче од Струмица appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Осомничената, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината четиригодишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17 јануари годинава било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majkata-tvrdeshe-deka-ja-napadnalo-kuche-a-na-prstite-veke-se-gledashe-gangrena-velat-od-detska-klinika-za-4-godishnoto-devojche-od-strumitsa/
Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството, се наведува во соопштението.

The post Обвинение против мајката на тешко повреденото четиригодишното девојче од Струмица appeared first on Република.

]]>
Браќата и сестрите на повреденото девојче ќе бидат сместени во згрижувачко семејство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/brakata-i-sestrite-na-povredenoto-devojche-ke-bidat-smesteni-vo-zgrizhuvachko-semejstvo/ Sun, 21 Jan 2024 16:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=735187

Трите малолетни деца од семејството на четиригодишното девојче кое пред пет дена беше донесено во критична состојба во Клиничкиот центар во Скопје и таму се лекува, ќе добијат старател по службена должност, односно ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, потврдија за МИА од Министерството за труд и социјална политика.

Како што информираа оттаму, по пријавувањето на случајот од Струмичката болница, каде девојчето напрвин било донесено и потоа е испратено на лекување во Скопје, тим од струмичкиот Центар за социјални работи излегол на терен и утврдил дека децата привремено се згрижени кај дедото, а од утре ќе почне процедурата за сместување во згрижувачко семејство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majkata-tvrdeshe-deka-ja-napadnalo-kuche-a-na-prstite-veke-se-gledashe-gangrena-velat-od-detska-klinika-za-4-godishnoto-devojche-od-strumitsa/

ОД МТСП додаваат дека семејството не е евидентирано во системот, бидејќи имало привремен престој во Струмица и членовите на семејството немале лични документи и не можеле да остваруваат права од социјална и детска заштита.

Во текот на наредните работни денови случајот ќе продолжи да се следи и ќе се преземат законските мерки за заштита на децата. Предвидено е и работа со мајката со стручен тим за зајакнување на капацитетите во делот на родителството и грижа за децата, а во тој период тие ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, велат од Министерството.

Инаку, првично мајката на девојчето пријавила дека повредите се од напад на куче, но истражните органи проверуваат дали тоа е вистинската причина. Случајот го води Основното јавно обвинителство во Струмица.

Директорката на Клиниката, Валентина Цвејоска - Чолаковска, денеска во изјава за МИА, потврди дека четиригодишното дете од Струмица, кое со тешки повреди беше донесено на Детската клиника во Скопје, во моментов е со стабилни витални параметри, на лекување и следење на Одделот за гастроентерохепатологија.

- Во лекувањето се вклучени и колегите од Клиниката за детска хирургија, а конзилијарно е водено со повеќе субспецијалисти од Клиниката, појасни Цвејоска - Чолаковска.

На 17 јануари, од болницата во Струмица, со возило на Итна медицинска помош и во придружба на лекар, на Клиниката за детски болести девојчето било донесено, како што рече Цвејоска - Чолаковска, во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата.

The post Браќата и сестрите на повреденото девојче ќе бидат сместени во згрижувачко семејство appeared first on Република.

]]>

Трите малолетни деца од семејството на четиригодишното девојче кое пред пет дена беше донесено во критична состојба во Клиничкиот центар во Скопје и таму се лекува, ќе добијат старател по службена должност, односно ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, потврдија за МИА од Министерството за труд и социјална политика. Како што информираа оттаму, по пријавувањето на случајот од Струмичката болница, каде девојчето напрвин било донесено и потоа е испратено на лекување во Скопје, тим од струмичкиот Центар за социјални работи излегол на терен и утврдил дека децата привремено се згрижени кај дедото, а од утре ќе почне процедурата за сместување во згрижувачко семејство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majkata-tvrdeshe-deka-ja-napadnalo-kuche-a-na-prstite-veke-se-gledashe-gangrena-velat-od-detska-klinika-za-4-godishnoto-devojche-od-strumitsa/ ОД МТСП додаваат дека семејството не е евидентирано во системот, бидејќи имало привремен престој во Струмица и членовите на семејството немале лични документи и не можеле да остваруваат права од социјална и детска заштита.
Во текот на наредните работни денови случајот ќе продолжи да се следи и ќе се преземат законските мерки за заштита на децата. Предвидено е и работа со мајката со стручен тим за зајакнување на капацитетите во делот на родителството и грижа за децата, а во тој период тие ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, велат од Министерството.
Инаку, првично мајката на девојчето пријавила дека повредите се од напад на куче, но истражните органи проверуваат дали тоа е вистинската причина. Случајот го води Основното јавно обвинителство во Струмица. Директорката на Клиниката, Валентина Цвејоска - Чолаковска, денеска во изјава за МИА, потврди дека четиригодишното дете од Струмица, кое со тешки повреди беше донесено на Детската клиника во Скопје, во моментов е со стабилни витални параметри, на лекување и следење на Одделот за гастроентерохепатологија. - Во лекувањето се вклучени и колегите од Клиниката за детска хирургија, а конзилијарно е водено со повеќе субспецијалисти од Клиниката, појасни Цвејоска - Чолаковска. На 17 јануари, од болницата во Струмица, со возило на Итна медицинска помош и во придружба на лекар, на Клиниката за детски болести девојчето било донесено, како што рече Цвејоска - Чолаковска, во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата.

The post Браќата и сестрите на повреденото девојче ќе бидат сместени во згрижувачко семејство appeared first on Република.

]]>
Мајката тврдеше дека ја нападнало куче, а на прстите веќе се гледаше гангрена, велат од Детска клиника за 4-годишното девојче од Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/majkata-tvrdeshe-deka-ja-napadnalo-kuche-a-na-prstite-veke-se-gledashe-gangrena-velat-od-detska-klinika-za-4-godishnoto-devojche-od-strumitsa/ Sun, 21 Jan 2024 15:30:13 +0000 https://republika.mk/?p=735178

Четиригодишното дете од Струмица, кое со тешки повреди беше донесено на Детската клиника во Скопје, во моментов е со стабилни витални параметри, на лекување и следење на Одделот за гастроентерохепатологија, потврди за МИА, директорката на Клиниката, Валентина Цвејоска - Чолаковска.

Во лекувањето се вклучени и колегите од Клиниката за детска хирургија, а конзилијарно е водено со повеќе субспецијалисти од Клиниката, појасни Цвејоска, Чолаковска.

Заради состојбата на девојчето, како што додаде таа, веднаш по приемот биле известени надлежните во Министерството за внатрешни работи, како и социјални служби и јавен обвинител од Струмица, кој повика и судски вештак.

На 17 јануари, од болницата во Струмица, со возило на Итна медицинска помош и во придружба на лекар, на Клиниката за детски болести било донесено четиригодишно женско дете, како што рече Цвејоска - Чолаковска, во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата.

Беа забележани бројни рани по телото, кои, според изјавата на мајката, биле од напад на куче, додаде директорката на Детската клиника.

The post Мајката тврдеше дека ја нападнало куче, а на прстите веќе се гледаше гангрена, велат од Детска клиника за 4-годишното девојче од Струмица appeared first on Република.

]]>

Четиригодишното дете од Струмица, кое со тешки повреди беше донесено на Детската клиника во Скопје, во моментов е со стабилни витални параметри, на лекување и следење на Одделот за гастроентерохепатологија, потврди за МИА, директорката на Клиниката, Валентина Цвејоска - Чолаковска.
Во лекувањето се вклучени и колегите од Клиниката за детска хирургија, а конзилијарно е водено со повеќе субспецијалисти од Клиниката, појасни Цвејоска, Чолаковска.
Заради состојбата на девојчето, како што додаде таа, веднаш по приемот биле известени надлежните во Министерството за внатрешни работи, како и социјални служби и јавен обвинител од Струмица, кој повика и судски вештак. На 17 јануари, од болницата во Струмица, со возило на Итна медицинска помош и во придружба на лекар, на Клиниката за детски болести било донесено четиригодишно женско дете, како што рече Цвејоска - Чолаковска, во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата.
Беа забележани бројни рани по телото, кои, според изјавата на мајката, биле од напад на куче, додаде директорката на Детската клиника.

The post Мајката тврдеше дека ја нападнало куче, а на прстите веќе се гледаше гангрена, велат од Детска клиника за 4-годишното девојче од Струмица appeared first on Република.

]]>
Ѝ го скршил черепот и ребрата: Таткото на претепаното девојче ќе се гони за убиство, потврди ОЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-skrshil-cherepot-i-rebrata-tatkoto-na-pretepanoto-devojche-ke-se-goni-za-ubistvo-potvrdi-ojo/ Thu, 11 Jan 2024 13:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=731965

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prijavila-deka-se-povredila-pri-igra-ke-se-ispituva-ulogata-na-majkata-vo-chedomorstvoto-na-dvegodishnoto-devojche-od-kichevo/

Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија денеска од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

The post Ѝ го скршил черепот и ребрата: Таткото на претепаното девојче ќе се гони за убиство, потврди ОЈО appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/makedonija/prijavila-deka-se-povredila-pri-igra-ke-se-ispituva-ulogata-na-majkata-vo-chedomorstvoto-na-dvegodishnoto-devojche-od-kichevo/
Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија денеска од ОЈО.
Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

The post Ѝ го скршил черепот и ребрата: Таткото на претепаното девојче ќе се гони за убиство, потврди ОЈО appeared first on Република.

]]>
Пријавила дека ќерка и се повредила при игра: Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prijavila-deka-kerka-i-se-povredila-pri-igra-ke-se-ispituva-ulogata-na-majkata-vo-smrtta-na-dvegodishnoto-devojche-od-kichevo/ Thu, 11 Jan 2024 13:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=731933

Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево, кое во понеделникот почина во болница по 22 дена борба за живот, откриваат полициски извори за „Курир“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-dvegodishno-devojche-od-kichevo-vo-klinichkiot-tsentar-vo-skopje-tatkoto-se-somnichi-deka-ja-pretepal/

Вчера во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија 30-годишниот Ф.Д., татко на девојчето, кој е осомничен дека на 18 декември ѝ нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана.

Девојчето првин било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од каде nа 18 декември 2023 година во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со повреди било донесено женско дете од Кичево.

Полициски службеници извршиле службен разговор со неговата мајка, која изјавила дека детето се здобило со повредите при пад при детска игра.

Низ кичевската чаршија се зборува дека семејството било дисфункционално, а детето живеело во нездрава средина во која претходно се случувало семејно насилство.

Осомничениот татко денеска треба да даде исказ и пред јавен обвинител. Од Обвинителството со повеќе информации ќе излезат во текот на денот.

 

The post Пријавила дека ќерка и се повредила при игра: Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево appeared first on Република.

]]>

Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево, кое во понеделникот почина во болница по 22 дена борба за живот, откриваат полициски извори за „Курир“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-dvegodishno-devojche-od-kichevo-vo-klinichkiot-tsentar-vo-skopje-tatkoto-se-somnichi-deka-ja-pretepal/ Вчера во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија 30-годишниот Ф.Д., татко на девојчето, кој е осомничен дека на 18 декември ѝ нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана. Девојчето првин било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од каде nа 18 декември 2023 година во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со повреди било донесено женско дете од Кичево. Полициски службеници извршиле службен разговор со неговата мајка, која изјавила дека детето се здобило со повредите при пад при детска игра. Низ кичевската чаршија се зборува дека семејството било дисфункционално, а детето живеело во нездрава средина во која претходно се случувало семејно насилство. Осомничениот татко денеска треба да даде исказ и пред јавен обвинител. Од Обвинителството со повеќе информации ќе излезат во текот на денот.  

The post Пријавила дека ќерка и се повредила при игра: Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево appeared first on Република.

]]>