Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз дете“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди.
Петнаесетина минути подоцна, кога полициски службеници дошле да го приведат лицето, осомничениот им се заканувал и ги навредувал. Во полициската станица во Кочани во еден момент и физички нападнал полицаец, удирајќи го со нога неколку пати во пределот на градниот кош и нозете со што му нанел телесни повреди.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
The post Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец appeared first on Република.
]]>The post Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец appeared first on Република.
]]>Во понеделникот навечер во 23.05 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје.
Според пријавеното, во близина на стадионот во Чаир тој бил физички нападнат од неколку други малолетници, при што еден од нив употребил остар предмет и му нанел повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
The post Дете со тешки повреди на Ургентно откако го претепале толпа малолетници appeared first on Република.
]]>The post Дете со тешки повреди на Ургентно откако го претепале толпа малолетници appeared first on Република.
]]>Вчеравечер во 22.00 часот во ОВР Гостивар малолетник од гостиварско Дебреше, во присуство на лекар и претставник на Центарот за социјална работа, пријавил дека околу 19.30 часот пред механичарска работилница во гостиварска Топлица бил физички нападнат од пет лица на возраст од 20 и 30 години, кои употребиле и тврди предмети, а едниот имал пиштол.
Според пријавеното, едниот од нив со тврд предмет му го оштетил и возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Малолетник претепан од пет лица, едниот му извадил пиштол appeared first on Република.
]]>The post Малолетник претепан од пет лица, едниот му извадил пиштол appeared first on Република.
]]>Од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје во скопската полиција било пријавено дека во средата кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолтеник од с.Чифлик, скопско.
По преземени мерки било констатирано дека околу 12.30 часот пред основно училиште во с.Чифлик, а по претходна расправија на социјална мрежа, малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
The post Претепано дете со тешки повреди во болница, врсници го нападнале пред училиште appeared first on Република.
]]>The post Претепано дете со тешки повреди во болница, врсници го нападнале пред училиште appeared first on Република.
]]>Тригодишно дете било претепано од страна на три воспитувачки во државна градинка во селото Фуше, Косово, Како што пренесува „Алсат“, тепањето заедно со фотографии и снимка од настанот го објавија членовите на семејството.
Почитувани медиуми и родители! Сакам да споделам со вас нешто страшно што штотуку се случи во Фуше, Косово. Во државните јасли брутално беше претепан мојот внук Лиси, на само 3 години. Погледнете ги снимките од камерите, каде јасно се гледа дека го тепаат и го влечат, па го праќаат во просторија без камери и безмилосно го тепаат тројцата наставници од ова училиште. Мојот внук претрпе тешка психолошка траума и веќе не може да спие, многу е вознемирен. Барам правосудните органи да си ја завршат работата. Ова нека биде последен случај на насилство врз деца. За ваквите насилни жени нема место во образованието, пишува Фатос Геци.
The post Воспитувачки претепале тригодишно дете во градинка во село Фуше appeared first on Република.
]]>Почитувани медиуми и родители! Сакам да споделам со вас нешто страшно што штотуку се случи во Фуше, Косово. Во државните јасли брутално беше претепан мојот внук Лиси, на само 3 години. Погледнете ги снимките од камерите, каде јасно се гледа дека го тепаат и го влечат, па го праќаат во просторија без камери и безмилосно го тепаат тројцата наставници од ова училиште. Мојот внук претрпе тешка психолошка траума и веќе не може да спие, многу е вознемирен. Барам правосудните органи да си ја завршат работата. Ова нека биде последен случај на насилство врз деца. За ваквите насилни жени нема место во образованието, пишува Фатос Геци.
The post Воспитувачки претепале тригодишно дете во градинка во село Фуше appeared first on Република.
]]>СВР Штип поднесе кривична пријава против М.П. (30) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете”.
На 31.01.2023 во спортска сала во Свети Николе, за време на тренинг на ракометен клуб, пријавениот како тренер во клубот физички нападнал малолетник од Свети Николе, кој тренирал во клубот.
The post Тренер по ракомет претепал дете во спортска сала во Свети Николе appeared first on Република.
]]>The post Тренер по ракомет претепал дете во спортска сала во Свети Николе appeared first on Република.
]]>