претепан полицаец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretepan-politsaets/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 17:35:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претепан полицаец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretepan-politsaets/ 32 32 Полицаец напишал казна за погрешно паркирање, па бил претепан https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-napishal-kazna-za-pogreshno-parkirane-pa-bil-pretepan/ Sat, 19 Oct 2024 17:35:38 +0000 https://republika.mk/?p=828885

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста предвидено во член 383 од Кривичниот законик.

На 18 октомври осомничениот, најпрво вербално со навреди и пцовки, а потоа и физички нападнал полициски службеник, барајќи објаснување зошто на неговиот син му бил издаден прекршочен платен налог за погрешно паркирање. По интервенција и на други полициски службеници, осомничениот бил совладан и приведен. Случајни минувачи го снимиле целиот настан, а снимката била објавена и на социјални мрежи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Полицаец напишал казна за погрешно паркирање, па бил претепан appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста предвидено во член 383 од Кривичниот законик. На 18 октомври осомничениот, најпрво вербално со навреди и пцовки, а потоа и физички нападнал полициски службеник, барајќи објаснување зошто на неговиот син му бил издаден прекршочен платен налог за погрешно паркирање. По интервенција и на други полициски службеници, осомничениот бил совладан и приведен. Случајни минувачи го снимиле целиот настан, а снимката била објавена и на социјални мрежи. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Полицаец напишал казна за погрешно паркирање, па бил претепан appeared first on Република.

]]>
Чулев: Спасовски крие дека обезбедување на висок функционер во МВР нападнал и претепал припадник на интервентната полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chulev-spasovski-krie-deka-obezbeduvane-na-visok-funktsioner-vo-mvr-napadnal-i-pretepal-pripadnik-na-interventnata-politsija/ Mon, 30 Oct 2023 16:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=696414

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев прашува зошто Оливер Спасовски го крие настанот во кој обезбедување на висок функционер во МВР нападнал и претепал припадник на интервентната полиција?

Во вчерашната објава на социјалните мрежи, побарав Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки за заштита на полициските службеници, чиј живот секојдневно е доведен во опасност, извршувајќи ги своите работни должности и задачи. Но, наместо заштита, Оливер Спасовски и останатите функционери во МВР, застануваaт во одбрана на полициското подземје што тепа и напаѓа полицајци.

 

Денес, јавно го прашувам Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи, дали е точно дека лице кое работи како обезбедување на висок функционер во оваа институција, нападнало припадник на интервентната полиција, кој завршил со тешки телесни повреди?

 

Воедно, го повикувам Оливер Спасовски да даде одговор, каде се случил конкретниот настан и зошто посоченото лице – напаѓач во тој момент присуствувало на место каде пристап имаат лица со посебни овластувања?

 

Зошто Министерството за внатрешни работи, досега го крие посочениот настан и во ниту еден од полициските билтени не е споменат истиот?

 

Дали е побарано надлежните служби да утврдат одговорност и ако тоа се потврди, дали Оливер Спасовски ќе побара разрешување на функционерот, чие обезбедување е тепачот?, јавно прашува Чулев

The post Чулев: Спасовски крие дека обезбедување на висок функционер во МВР нападнал и претепал припадник на интервентната полиција appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев прашува зошто Оливер Спасовски го крие настанот во кој обезбедување на висок функционер во МВР нападнал и претепал припадник на интервентната полиција?
Во вчерашната објава на социјалните мрежи, побарав Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки за заштита на полициските службеници, чиј живот секојдневно е доведен во опасност, извршувајќи ги своите работни должности и задачи. Но, наместо заштита, Оливер Спасовски и останатите функционери во МВР, застануваaт во одбрана на полициското подземје што тепа и напаѓа полицајци.   Денес, јавно го прашувам Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи, дали е точно дека лице кое работи како обезбедување на висок функционер во оваа институција, нападнало припадник на интервентната полиција, кој завршил со тешки телесни повреди?   Воедно, го повикувам Оливер Спасовски да даде одговор, каде се случил конкретниот настан и зошто посоченото лице – напаѓач во тој момент присуствувало на место каде пристап имаат лица со посебни овластувања?   Зошто Министерството за внатрешни работи, досега го крие посочениот настан и во ниту еден од полициските билтени не е споменат истиот?   Дали е побарано надлежните служби да утврдат одговорност и ако тоа се потврди, дали Оливер Спасовски ќе побара разрешување на функционерот, чие обезбедување е тепачот?, јавно прашува Чулев

The post Чулев: Спасовски крие дека обезбедување на висок функционер во МВР нападнал и претепал припадник на интервентната полиција appeared first on Република.

]]>