претепа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretepa/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Nov 2022 13:20:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претепа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pretepa/ 32 32 Петнаесет години затвор за неготинецот кој до смрт ја претепа поранешната партнерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/petnaeset-godini-zatvor-za-negotinecot-koj-do-smrt-ja-pretepa-poraneshnata-partnerka/ Wed, 23 Nov 2022 13:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=577343

Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа, обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело тешка телесна повреда, а по дадено признание за вина, огласен е за виновен за настанот што се случи на 02.08.2022 година во Неготино.

Обвинетиот семејно насилство, во кое оштетената Љ.Г. од здобиените тешки телесни повреди, почина на 06.08.2022 година.

Од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата, се вели во известувањето од Основен суд Кавадарци.

Настанот ја потресе нацијата, кога во август во Неготино 46-годишната Љ.Г. беше крвнички претепана од својот поранешен партнер П.Н. (51), по што со тешки телесни повреди и во кома, по неколку дена почина на скопските клиники.

Сега веќе осудениот маж, во минатото бил во врска со Љ.Г.. На втори август годинава, тој дошол во нејзиниот дом и по вербална расправија со неа, започнал да ја удира со боксови во главата и ја турнал во туш кабината. Таа се здобила со тешка телесна повреда и западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа тогаш од Обвинителството.

Жената почина на шести август. Беше мајка на две полнолетни деца.

 

The post Петнаесет години затвор за неготинецот кој до смрт ја претепа поранешната партнерка appeared first on Република.

]]>

Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа, обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело тешка телесна повреда, а по дадено признание за вина, огласен е за виновен за настанот што се случи на 02.08.2022 година во Неготино. Обвинетиот семејно насилство, во кое оштетената Љ.Г. од здобиените тешки телесни повреди, почина на 06.08.2022 година. Од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата, се вели во известувањето од Основен суд Кавадарци. Настанот ја потресе нацијата, кога во август во Неготино 46-годишната Љ.Г. беше крвнички претепана од својот поранешен партнер П.Н. (51), по што со тешки телесни повреди и во кома, по неколку дена почина на скопските клиники. Сега веќе осудениот маж, во минатото бил во врска со Љ.Г.. На втори август годинава, тој дошол во нејзиниот дом и по вербална расправија со неа, започнал да ја удира со боксови во главата и ја турнал во туш кабината. Таа се здобила со тешка телесна повреда и западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа тогаш од Обвинителството. Жената почина на шести август. Беше мајка на две полнолетни деца.  

The post Петнаесет години затвор за неготинецот кој до смрт ја претепа поранешната партнерка appeared first on Република.

]]>