претекнување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/preteknuvane/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 11:59:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png претекнување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/preteknuvane/ 32 32 Бегал од директен судир со претекнувач: Тешко повреден маж, се трага по избеган возач https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/begal-od-direkten-sudir-so-preteknuvach-teshko-povreden-mazh-se-traga-po-izbegan-vozach/ Wed, 25 Sep 2024 08:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=819470

Вчера во 13.40 часот, на крстосница на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Галичица“ во Охрид, З.Ц.(60) од Охрид, управувајќи мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал на коловоз, објави охридската полиција.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај презема мерки за пронаоѓање на возачот на патничкото возило кој не застанал да му пружи помош на моторциклистот, туку веднаш го напуштил местото, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

The post Бегал од директен судир со претекнувач: Тешко повреден маж, се трага по избеган возач appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13.40 часот, на крстосница на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Галичица“ во Охрид, З.Ц.(60) од Охрид, управувајќи мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал на коловоз, објави охридската полиција. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај презема мерки за пронаоѓање на возачот на патничкото возило кој не застанал да му пружи помош на моторциклистот, туку веднаш го напуштил местото, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

The post Бегал од директен судир со претекнувач: Тешко повреден маж, се трага по избеган возач appeared first on Република.

]]>
Во Србија од денеска на повеќе делници на камионите им е забрането претекнување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-od-deneska-na-poveke-delnitsi-na-kamionite-im-e-zabraneto-preteknuvane/ Wed, 21 Aug 2024 09:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=808576

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ изјави дека од утрово е забрането претекнување на камиони на обиколницата околу Белград, како и на неколку други делници од автопатиштата во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

На обиколницата околу Белград, како и на одредени делници од српските автопати, Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура од утрово забрани претекнување на камиони. На овие делници камионите неможат да престигнуваат други камиони, како ни патнички возила. Поставивме сообраќајни знаци кои ги предупредуваат возачите на камиони за делниците каде што е забрането претекнувањето.Тоа беше лоша навика на камионџиите со коja ги доведуваа во опасност својот и животот на друте учесници во сообраќајот, истакна Весиќ.

Забраната за престигнување за товарни возила е јасно означена со сообраќајна сигнализација, а поставена е на повеќе делници од автопатиштата, соопшти ресорното министерство.

Станува збор за делници од клучката Белград до клучката Бубањ поток, односно на обиколницата околу главниот град, како и делот од клучката Ковиљ до клучката Бешка, во реонот на мостот „Бешка“ над Дунав, рече министерот.

Тој додаде и дека забраната се однесува на делот од автопатот Е-75 од клучката Стара Пазова до клучката Пожаревац, како и од клучката Предејане до клучката Владичин Хан, во областите на мостовите Џемин До и Врло.

Камиони не смеат да претекнуваат ниту меѓу клучката Сурчин Југ и клучката Уб, ниту од клучката Шимановци до клучката Белград, ниту меѓу клучката Хртковци до Шабац.

Весиќ наведе дека вкупниот број на сообраќајни незгоди во кои учествувале камиони на одредени делници од 2016 до 2022 година изнесува 805.

-Затоа ова е само почеток. За да се промени оваа црна статистика, донесена е оваа мерка. Ќе ги следиме ефектите што ги имаме врз сообраќајот во наредниот период и врз основа на тоа ќе донесеме одлука дали претекнување со камиони ќе биде забрането на некои други делници од автопатиштата. Престигнувањето на товарни возила на автопатите, како меѓу себе, така и за патничките возила, го успорува сообраќајот, но пред се ја загрозува безбедноста на сите возачи на уште повисоко ниво, рече министерот Весиќ

The post Во Србија од денеска на повеќе делници на камионите им е забрането претекнување appeared first on Република.

]]>

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ изјави дека од утрово е забрането претекнување на камиони на обиколницата околу Белград, како и на неколку други делници од автопатиштата во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. На обиколницата околу Белград, како и на одредени делници од српските автопати, Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура од утрово забрани претекнување на камиони. На овие делници камионите неможат да престигнуваат други камиони, како ни патнички возила. Поставивме сообраќајни знаци кои ги предупредуваат возачите на камиони за делниците каде што е забрането претекнувањето.Тоа беше лоша навика на камионџиите со коja ги доведуваа во опасност својот и животот на друте учесници во сообраќајот, истакна Весиќ. Забраната за престигнување за товарни возила е јасно означена со сообраќајна сигнализација, а поставена е на повеќе делници од автопатиштата, соопшти ресорното министерство. Станува збор за делници од клучката Белград до клучката Бубањ поток, односно на обиколницата околу главниот град, како и делот од клучката Ковиљ до клучката Бешка, во реонот на мостот „Бешка“ над Дунав, рече министерот. Тој додаде и дека забраната се однесува на делот од автопатот Е-75 од клучката Стара Пазова до клучката Пожаревац, како и од клучката Предејане до клучката Владичин Хан, во областите на мостовите Џемин До и Врло. Камиони не смеат да претекнуваат ниту меѓу клучката Сурчин Југ и клучката Уб, ниту од клучката Шимановци до клучката Белград, ниту меѓу клучката Хртковци до Шабац. Весиќ наведе дека вкупниот број на сообраќајни незгоди во кои учествувале камиони на одредени делници од 2016 до 2022 година изнесува 805. -Затоа ова е само почеток. За да се промени оваа црна статистика, донесена е оваа мерка. Ќе ги следиме ефектите што ги имаме врз сообраќајот во наредниот период и врз основа на тоа ќе донесеме одлука дали претекнување со камиони ќе биде забрането на некои други делници од автопатиштата. Престигнувањето на товарни возила на автопатите, како меѓу себе, така и за патничките возила, го успорува сообраќајот, но пред се ја загрозува безбедноста на сите возачи на уште повисоко ниво, рече министерот Весиќ

The post Во Србија од денеска на повеќе делници на камионите им е забрането претекнување appeared first on Република.

]]>