престој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prestoj/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 12:05:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png престој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prestoj/ 32 32 Во Словенија нови одредби за постојан и за продолжување на привремениот престој https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-slovenija-novi-odredbi-za-postojan-i-za-prodolzhuvane-na-privremeniot-prestoj/ Fri, 01 Nov 2024 12:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=833089

Во Словенија од денеска важат нови одредби од Законот за странци кои предвидуваат познавање на словенечкиот јазик на основно и на егзистенцијално ниво.

Според Законот услов за добивање дозвола за постојан престој, во Словенија ќе биде потребно основно познавање на словенечкиот јазик, додека за продолжување на привремениот престој поради обединување на семејството, условот ќе да биде познавање на јазикот на егзистенцијално ниво.

Основно знаење значи ниво А2 на заедничката европска јазична рамка. Егзистенцијалното ниво подразбира темелна комуникација на словенечки јазик, ограничена на едноставни, предвидливи, секојдневни ситуации, во кои изразот е рутински и се повторува.

The post Во Словенија нови одредби за постојан и за продолжување на привремениот престој appeared first on Република.

]]>

Во Словенија од денеска важат нови одредби од Законот за странци кои предвидуваат познавање на словенечкиот јазик на основно и на егзистенцијално ниво. Според Законот услов за добивање дозвола за постојан престој, во Словенија ќе биде потребно основно познавање на словенечкиот јазик, додека за продолжување на привремениот престој поради обединување на семејството, условот ќе да биде познавање на јазикот на егзистенцијално ниво. Основно знаење значи ниво А2 на заедничката европска јазична рамка. Егзистенцијалното ниво подразбира темелна комуникација на словенечки јазик, ограничена на едноставни, предвидливи, секојдневни ситуации, во кои изразот е рутински и се повторува.

The post Во Словенија нови одредби за постојан и за продолжување на привремениот престој appeared first on Република.

]]>
Албанија се сели во Европа: За десет години над пола милион албански граѓани добиле дозвола за престој https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanija-se-seli-vo-evropa-za-deset-godini-nad-pola-milion-albanski-gragani-dobile-dozvola-za-prestoj/ Mon, 07 Aug 2023 08:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=669460

Во текот на 2022 година, албанските граѓани добиле најголем број дозволи за престој, во последните десет години, во земјите на Европска Унија, јави Топ чанел.

Повикувајќи се на најновиот извештај на Европската агенција за статистика, ЕУРОСТАТ, минатата година од земјите на ЕУ дозволи за престој им биле доделени на 73.858 албански граѓани.

Овој број на дозволи за престој е значително поголем споредено со претходните две години. Така, во 2021 година биле доделени 55.085 а во годината претходно 38.240 дозволи за престој.

Според европската статистика, околу 537.000 албански граѓани добиле дозвола за престој во земјите на Европската унија во последните десет години (2012-2022). Најголемиот број на дозволи за престој се поврзани со работа, наведува телевизијата.

Италија води меѓу земјите кои издале најмногу дозволи за престој за албански државјани со издадени 34.864 дозволи, потоа Грција со 14.313 дозволи за престој, додека нов тренд со забележителен раст е Германија, каде во текот на 2022 година, на 13.334 албански државјани им се издадени дозволи за престој наспроти 4.492 во 2021 година.

Во Франција им биле издадени дозволи на 2.455 а во Малта на 2009 албански државјани, што е за двапати повисока бројка споредено со 2021 година.

Оваа висока тенденција на Албанците да емигрираат и да работат во странство донесе на албанскиот пазар недостаток на работна сила во многу области, констатира Топ чанел.

Инаку, земјите од Европската унија во 2022 година издале околу 3,7 милиони дозволи за престој за граѓани надвор од земјите на Европската унија, со зголемување од 26 отсто во однос на 2021 година. Од нив околу 1,6 милиони дозволи за престој се доделени за работа.

The post Албанија се сели во Европа: За десет години над пола милион албански граѓани добиле дозвола за престој appeared first on Република.

]]>

Во текот на 2022 година, албанските граѓани добиле најголем број дозволи за престој, во последните десет години, во земјите на Европска Унија, јави Топ чанел. Повикувајќи се на најновиот извештај на Европската агенција за статистика, ЕУРОСТАТ, минатата година од земјите на ЕУ дозволи за престој им биле доделени на 73.858 албански граѓани. Овој број на дозволи за престој е значително поголем споредено со претходните две години. Така, во 2021 година биле доделени 55.085 а во годината претходно 38.240 дозволи за престој. Според европската статистика, околу 537.000 албански граѓани добиле дозвола за престој во земјите на Европската унија во последните десет години (2012-2022). Најголемиот број на дозволи за престој се поврзани со работа, наведува телевизијата. Италија води меѓу земјите кои издале најмногу дозволи за престој за албански државјани со издадени 34.864 дозволи, потоа Грција со 14.313 дозволи за престој, додека нов тренд со забележителен раст е Германија, каде во текот на 2022 година, на 13.334 албански државјани им се издадени дозволи за престој наспроти 4.492 во 2021 година. Во Франција им биле издадени дозволи на 2.455 а во Малта на 2009 албански државјани, што е за двапати повисока бројка споредено со 2021 година. Оваа висока тенденција на Албанците да емигрираат и да работат во странство донесе на албанскиот пазар недостаток на работна сила во многу области, констатира Топ чанел. Инаку, земјите од Европската унија во 2022 година издале околу 3,7 милиони дозволи за престој за граѓани надвор од земјите на Европската унија, со зголемување од 26 отсто во однос на 2021 година. Од нив околу 1,6 милиони дозволи за престој се доделени за работа.

The post Албанија се сели во Европа: За десет години над пола милион албански граѓани добиле дозвола за престој appeared first on Република.

]]>
Богатите Руси префрлаат пари во Дубаи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/bogatite-rusi-prefrlaat-pari-vo-dubai/ Thu, 10 Mar 2022 12:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=470645

Богатите Руси се преокупирани со трансфер на барем дел од своето богатство од Европа во Дубаи за да го заштитат својот имот од поостри санкции против Русија поради инвазијата на Украина, изјавија во четвртокот финансиски и правни извори.

Дубаи, финансиски и деловен центар познат по недостатокот на строги регулативи, долго време е познат како магнет за ултрабогатите во светот, а одбивањето на Обединетите Арапски Емирати да застанат на страната на Западот и Москва беше сигнал до Русите дека нивните парите би биле безбедни.

ОАЕ се воздржаа од осуда на руската инвазија на Украина за време на гласањето во Советот за безбедност на ОН.

Емиратите, кои ги продлабочија врските со Русија во последниве години, не воведоа санкции од западен стил, ниту пак централната банка на ОАЕ издаде инструкции за санкции од САД и европските сојузници.

Во секој случај, богатите Руси во моментов во Лондон и Швајцарија се обидуваат да го пренесат своето богатство на безбедно, изјави банкар во голема швајцарска приватна банка.

Ова го потврди и адвокат во Дубаи, кој рече дека неговата компанија добила прашања од руски поединци и компании за тоа како тие брзо можат да префрлат „значителни средства“ во вредност од стотици милиони долари во арапската земја во Персискиот залив.

„ОАЕ е погодно место (за бизнис) – на само неколку часа и без регулатор што е во договор со западните регулатори“, рече менаџерот за инвестиции.

Руски клиенти со сметки во приватни банки, откри еден банкар, отвораат сметки во регионалната канцеларија на истата банка во ОАЕ, додека некои други отвораат сметки во локалните банки.

Тие исто така се обидуваат да инвестираат пари во, на пример, недвижен имот и фондови кои не откриваат информации за имотот.

Дубаи, исто така, долги години е многу популарна туристичка дестинација за Русите и е на самиот врв по бројот на посети и по бројот на купувачи на недвижнини.

Во 2018 година, ОАЕ воведоа програма за „златни“ визи што им нуди на инвеститорите и на другите професионалци 10-годишна дозвола за престој.

Канцеларијата за медиуми, Министерството за надворешни работи и централната банка на ОАЕ не одговорија на прашањето колку руски пари моментално се слеваат во Дубаи.

Засега, нема индикации дека руското богатство што се влева во Дубаи би можело да биде погодено од западните санкции, но некои банкари велат дека постои ризик руските институции кои примаат пари да бидат оцрнети, особено откако голем број мултинационални компании ги прекинаа врските со Москва.

The post Богатите Руси префрлаат пари во Дубаи appeared first on Република.

]]>

Богатите Руси се преокупирани со трансфер на барем дел од своето богатство од Европа во Дубаи за да го заштитат својот имот од поостри санкции против Русија поради инвазијата на Украина, изјавија во четвртокот финансиски и правни извори. Дубаи, финансиски и деловен центар познат по недостатокот на строги регулативи, долго време е познат како магнет за ултрабогатите во светот, а одбивањето на Обединетите Арапски Емирати да застанат на страната на Западот и Москва беше сигнал до Русите дека нивните парите би биле безбедни. ОАЕ се воздржаа од осуда на руската инвазија на Украина за време на гласањето во Советот за безбедност на ОН. Емиратите, кои ги продлабочија врските со Русија во последниве години, не воведоа санкции од западен стил, ниту пак централната банка на ОАЕ издаде инструкции за санкции од САД и европските сојузници. Во секој случај, богатите Руси во моментов во Лондон и Швајцарија се обидуваат да го пренесат своето богатство на безбедно, изјави банкар во голема швајцарска приватна банка. Ова го потврди и адвокат во Дубаи, кој рече дека неговата компанија добила прашања од руски поединци и компании за тоа како тие брзо можат да префрлат „значителни средства“ во вредност од стотици милиони долари во арапската земја во Персискиот залив. „ОАЕ е погодно место (за бизнис) – на само неколку часа и без регулатор што е во договор со западните регулатори“, рече менаџерот за инвестиции. Руски клиенти со сметки во приватни банки, откри еден банкар, отвораат сметки во регионалната канцеларија на истата банка во ОАЕ, додека некои други отвораат сметки во локалните банки. Тие исто така се обидуваат да инвестираат пари во, на пример, недвижен имот и фондови кои не откриваат информации за имотот. Дубаи, исто така, долги години е многу популарна туристичка дестинација за Русите и е на самиот врв по бројот на посети и по бројот на купувачи на недвижнини. Во 2018 година, ОАЕ воведоа програма за „златни“ визи што им нуди на инвеститорите и на другите професионалци 10-годишна дозвола за престој. Канцеларијата за медиуми, Министерството за надворешни работи и централната банка на ОАЕ не одговорија на прашањето колку руски пари моментално се слеваат во Дубаи. Засега, нема индикации дека руското богатство што се влева во Дубаи би можело да биде погодено од западните санкции, но некои банкари велат дека постои ризик руските институции кои примаат пари да бидат оцрнети, особено откако голем број мултинационални компании ги прекинаа врските со Москва.

The post Богатите Руси префрлаат пари во Дубаи appeared first on Република.

]]>
67 граѓани на Авганистан добија привремен престој во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/67-gragjani-na-avganistan-dobija-privremen-prestoj-vo-makedonija/ Fri, 14 Jan 2022 17:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=444693

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства.

Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти.
По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Во Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.

The post 67 граѓани на Авганистан добија привремен престој во Македонија appeared first on Република.

]]>

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства. Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти. По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации. Во Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.

The post 67 граѓани на Авганистан добија привремен престој во Македонија appeared first on Република.

]]>