преставка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prestavka/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Apr 2024 11:05:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преставка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prestavka/ 32 32 По низата навреди кон неа, Силјановска Давкова со нова преставка до ДИК, КСЗД, ОБСЕ, НДИ, Хелсиншки… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-nizata-navredi-kon-nea-siljanovska-davkova-so-nova-prestavka-do-dik-kszd-obse-ndi-helsinshki/ Thu, 18 Apr 2024 11:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=767512

Кандидатот за претседателт, проф.Гордана Силјановска Давкова денеска поднесе нова преставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Мисија за набљудување на изборите (ЕОМ) при ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права, Националниот демократски институт, Хелсиншки комитет за човекови права.

Во преставката се констатира дека и покрај потпишаниот Кодекс за фер и демократски избори во периодот од 10 до 14 април 2024 г. различни лица вклучени во неговата кампања, вклучително и самиот кандидат Стево Пендаровски, го кршат Кодексот и предизвикуваат вознемирување и повреда на личното достоинство на Силјановска Давкова, во согласност со член 10 став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Објективизација и потчинетост на мене како жена се забележува во:

- говорот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски на митингот на СДСМ во Кавадарци на 10 април 2024 година: „Христијан Мицкоски да набави „џи-пи-ес“ за неговата кандидатка“;

- говорот на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски на митингот на СДСМ во Општина Карпош – Скопје на 12 април 2024 година: - „Јас не ја кандидирав тетка ми Жана за претседател на држава, па да морам да ја шетам по цела Македонија“ ;

- Дискриминација врз основа на пол, возраст и сексизам се забележува и во јавното обраќање на граѓанин на митинг на СДСМ во Куманово на 14 април 2024 година: „Од баба невеста не бидува“, се вели во претставката.

Во претставката се потенцира дека ваквите изјави и однесување не се осудени од: кандидатот Стево Пендаровски, раководството на СДСМ, ниту, пак, од Форумот на жени на СДСМ; напротив од однесувањето на Ковачевски и Пендаровски овие постапки се одобрени и поттикнати со смеење, ракоплескање, и триумфално однесување.

Навредите и говорот на омраза и јавното демонстрирање на мизогинија се користат на митинзи и на други јавни настапи со цел да се влијае врз јавното мислење и да се предизвикаат реакции на исмејување од страна на присутните граѓани во толпата. Сето ова води кон поттикнување и охрабрување дискриминација и сексизам.
Со својата кампања Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, ги прекршува човекови права Гордана Силјановска Давкова и повредува неколку одредби од Уставот за кои се образложува во преставката, велат од тимот на професорката од каде ги повикуваат медиумите будно да ја следат состојбата, да комуницираат со домашните и меѓународните институции во врска со оваа преставка и со нарушените права на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова.

The post По низата навреди кон неа, Силјановска Давкова со нова преставка до ДИК, КСЗД, ОБСЕ, НДИ, Хелсиншки… appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседателт, проф.Гордана Силјановска Давкова денеска поднесе нова преставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Мисија за набљудување на изборите (ЕОМ) при ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права, Националниот демократски институт, Хелсиншки комитет за човекови права. Во преставката се констатира дека и покрај потпишаниот Кодекс за фер и демократски избори во периодот од 10 до 14 април 2024 г. различни лица вклучени во неговата кампања, вклучително и самиот кандидат Стево Пендаровски, го кршат Кодексот и предизвикуваат вознемирување и повреда на личното достоинство на Силјановска Давкова, во согласност со член 10 став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Објективизација и потчинетост на мене како жена се забележува во: - говорот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски на митингот на СДСМ во Кавадарци на 10 април 2024 година: „Христијан Мицкоски да набави „џи-пи-ес“ за неговата кандидатка“; - говорот на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски на митингот на СДСМ во Општина Карпош – Скопје на 12 април 2024 година: - „Јас не ја кандидирав тетка ми Жана за претседател на држава, па да морам да ја шетам по цела Македонија“ ; - Дискриминација врз основа на пол, возраст и сексизам се забележува и во јавното обраќање на граѓанин на митинг на СДСМ во Куманово на 14 април 2024 година: „Од баба невеста не бидува“, се вели во претставката.
Во претставката се потенцира дека ваквите изјави и однесување не се осудени од: кандидатот Стево Пендаровски, раководството на СДСМ, ниту, пак, од Форумот на жени на СДСМ; напротив од однесувањето на Ковачевски и Пендаровски овие постапки се одобрени и поттикнати со смеење, ракоплескање, и триумфално однесување.
Навредите и говорот на омраза и јавното демонстрирање на мизогинија се користат на митинзи и на други јавни настапи со цел да се влијае врз јавното мислење и да се предизвикаат реакции на исмејување од страна на присутните граѓани во толпата. Сето ова води кон поттикнување и охрабрување дискриминација и сексизам. Со својата кампања Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, ги прекршува човекови права Гордана Силјановска Давкова и повредува неколку одредби од Уставот за кои се образложува во преставката, велат од тимот на професорката од каде ги повикуваат медиумите будно да ја следат состојбата, да комуницираат со домашните и меѓународните институции во врска со оваа преставка и со нарушените права на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова.

The post По низата навреди кон неа, Силјановска Давкова со нова преставка до ДИК, КСЗД, ОБСЕ, НДИ, Хелсиншки… appeared first on Република.

]]>
Во понеделник ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до Уставен суд за пасошите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-ponedelnik-vmro-dpmne-ke-podnese-pretstavka-do-ustaven-sud-za-pasoshite/ Sat, 13 Jan 2024 14:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=732630

Во врска со пасошите, во понеделник ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за ставање вон сила на законот. Уставниот суд ако сака да ја реши работата, може веднаш да свика седница и да разговара по претставката што ќе ја поднесеме и да ја стави вон сила законската уредба, изјави попладнево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Но, тоа е сепак одлука на Уставниот суд. Не би сакал да се мешам во работата на Уставниот суд. Ако сакаат да помогнат на граѓаните, ете начин како тоа може да се помогне. Така што, проблемот го имаат направено, ние нудиме решение бидејќи сме одговорна и државотворна политичка партија, одговори тој на новинарско прашање.

Според последните информации што ги добивам, додаде, е дека се издадени околу милион и двесте илјади патни исправи во овој момент.

Остануваат некаде околу милион и триста илјади, бидејќи вкупно се издадени 2,5 милиони патни исправи што треба да се заменат. Од тие милион и триста илјади што се преостанати, само за сликање, ако се земе предвид дека дневно има четири илјади барања, се потребни, отприлика, најмалку година дена. Така што, невозможно е тоа да се стигне во февруари. Дотаму повеќе што информациите велат дека имаме околу триесет илјади обрасци во моментот во МВР за издавање патни исправи и десет илјади двојазични на албански јазик, што значи дека тоа е само доволно да се покрие она што досега како барање е пристигнато во МВР, рече Мицкоски, додавајќи дека ги повикува МВР и надлежните да се произнесат по ова прашање.

Тој додаде дека нова набавка ќе стигне некаде во месец март.

Така што, стојам на тоа што го кажав пред некој ден, дека се потребни години за да биде завршен овој процес, никако тоа не може да се заврши до февруари оваа година. Односно, за неколку недели од денеска, кажа Мицкоски.

Тој беше прашан и за најавената афера во врска со злоупотреба на ДДВ и дали имаат некои нови информации.

Ние континуирано зборуваме за злоупотреба на државниот буџет од страна на моќници кои се блиски до политичките партии на власт во Македонија. Во минатото зборувавме за една таква афера што понатаму се потврди како точна, а тоа е аферата каде се врши поврат на данокот на додадена вредност во огромна сума на одредени правни субјекти без да се направи контрола на истите. Потоа магично тие пари се испумпуваат од сметките на тие правни субјекти и магично се менува сопствеништвото на тие правни субјекти. Се заменуваат со лица кои најчесто, доаѓаат од соседството или да бидам попрецизен, од Косово и тие правни субјекти се без никаков капитал, ниту пак има можност државата да наплати доколку се констатира при надзор дека станува збор за фиктивни фактури, одговори Мицкоски.

Тој рече дека очекува „веднаш по преземањето на Владата, голем дел од овие информации што ги имаме, да се потврдат“.

Станува збор за стотици милиони евра, пари што се крадени од граѓаните на овој начин. Да бидам попрецизен, правниот субјект фиктивно книжи побарување од државата, тие побарувања се во форма на данокот на додадена вредност без да се направи инспекциски надзор, Управата за јавни приходи издава решение за поврат на данок, тој данок се враќа, откако се враќа, тој данок се испумпува од сметката на правното лице, се менува сопственоста, најчесто со жители на околните земји, да бидам попрецизен, Косово, а потоа, откако ќе се направи инспекцискиот надзор, се констатира дека тоа правно лице нема никаков правен основ за тоа побарување, ниту пак има каков било капитал, врз основа на кој ќе може тие пари, државата да си ги поврати, изјави Мицкоски.

The post Во понеделник ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до Уставен суд за пасошите appeared first on Република.

Петрушевски: Поднесов претставка против судијата Мемети кој ме осуди за искажан став на собраниска седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-podnesov-pretstavka-protiv-sudijata-memeti-koj-me-osudi-za-iskazhan-stav-na-sobraniska-sednitsa/ Thu, 16 Nov 2023 11:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=702121

Во името на слободата на говорот и заштита на критичката мисла денеска до Републичкиот судски совет поднесов претставка против судијата Неџат Мемети од Основниот суд Куманово, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите кои што ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница.

Контекстот во кој живееме денеска го прави овој мој чекор нужен и неопходен. Денеска покрај тоа што не се уважува имунитетот на еден опозициски пратеник, сведоци сме и на осуда на новинари за критичка мисла. Сведоци сме на сериозен извештај со сериозни критики од ЕК токму во делот на правосудството, а сведоци сме на секојдневни пресуди кои што стигнуваат од Европскиот суд за човекови права за противправно постапување на македонските судови.

Затоа изрично ќе побара од Републичкиот судски совет сериозно да ја разгледа оваа претставка и на ваквите судии не им е место во македонските судови. Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните во Република Македонија.

Воедно, сакам да се заблагодарам на огромната поддршка која што ја добив изминатиот период од граѓаните на Република Македонија, а исто така да се заблагодарам на принципиелниот став и однос кој што го имаше скоро целата стручна правна фела на овој мој случај, рече Петрушевски.

https://youtu.be/wbT49Cs_sy0?si=OtBmo-kgcroA0nH-

The post Петрушевски: Поднесов претставка против судијата Мемети кој ме осуди за искажан став на собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Во името на слободата на говорот и заштита на критичката мисла денеска до Републичкиот судски совет поднесов претставка против судијата Неџат Мемети од Основниот суд Куманово, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите кои што ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница.
Контекстот во кој живееме денеска го прави овој мој чекор нужен и неопходен. Денеска покрај тоа што не се уважува имунитетот на еден опозициски пратеник, сведоци сме и на осуда на новинари за критичка мисла. Сведоци сме на сериозен извештај со сериозни критики од ЕК токму во делот на правосудството, а сведоци сме на секојдневни пресуди кои што стигнуваат од Европскиот суд за човекови права за противправно постапување на македонските судови.
Затоа изрично ќе побара од Републичкиот судски совет сериозно да ја разгледа оваа претставка и на ваквите судии не им е место во македонските судови. Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните во Република Македонија. Воедно, сакам да се заблагодарам на огромната поддршка која што ја добив изминатиот период од граѓаните на Република Македонија, а исто така да се заблагодарам на принципиелниот став и однос кој што го имаше скоро целата стручна правна фела на овој мој случај, рече Петрушевски.
https://youtu.be/wbT49Cs_sy0?si=OtBmo-kgcroA0nH-

The post Петрушевски: Поднесов претставка против судијата Мемети кој ме осуди за искажан став на собраниска седница appeared first on Република.

]]>