Преспанско езеро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prespansko-ezero/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 14:17:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Преспанско езеро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prespansko-ezero/ 32 32 Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 27,5 https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vodata-na-ohridsko-ezero-26-stepeni-a-na-prespansko-27-5/ Tue, 09 Jul 2024 14:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=795011

Температурата на Дојранското Езеро изнесува 29,5 степени целзиусови, а на Охридското 26, информира УХМР.

Водата, пак, на Преспанското Езеро, според мерењата, е 27,5 степени.

УХМР за наредните денови најавува сончево и многу топло време, со температура над 40 степени.

 

The post Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 27,5 appeared first on Република.

]]>

Температурата на Дојранското Езеро изнесува 29,5 степени целзиусови, а на Охридското 26, информира УХМР. Водата, пак, на Преспанското Езеро, според мерењата, е 27,5 степени. УХМР за наредните денови најавува сончево и многу топло време, со температура над 40 степени.  

The post Водата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 27,5 appeared first on Република.

]]>
Напладне ќе бидат осветени водите на Преспанското Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/napladne-ke-bidat-osveteni-vodite-na-prespanskoto-ezero/ Fri, 19 Jan 2024 09:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=734607

Во сите храмови во Преспанско-пелагониската епархија со утринска литургија почна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Централната прослава е во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар служи Света архиерејска литургија.

Во 11 часот ќе биде осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и ќе биде положен крстот за осветување на водите.

Напладне, свештеници на Преспанско-пелагониската епархија ќе ги осветат водите во Преспанското Езеро, во близина на туристичката населба Отешево, каде градоначалникот Јован Тозиевски ќе додели награда на најсреќниот учесник што ќе го фати живототворен крст.

The post Напладне ќе бидат осветени водите на Преспанското Езеро appeared first on Република.

]]>

Во сите храмови во Преспанско-пелагониската епархија со утринска литургија почна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Централната прослава е во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар служи Света архиерејска литургија. Во 11 часот ќе биде осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и ќе биде положен крстот за осветување на водите. Напладне, свештеници на Преспанско-пелагониската епархија ќе ги осветат водите во Преспанското Езеро, во близина на туристичката населба Отешево, каде градоначалникот Јован Тозиевски ќе додели награда на најсреќниот учесник што ќе го фати живототворен крст.

The post Напладне ќе бидат осветени водите на Преспанското Езеро appeared first on Република.

]]>
НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nasa-prespanskoto-ezero-od-1984-do-2020-zagubi-sedum-otsto-od-povrshinata/ Thu, 14 Sep 2023 09:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=681838

Преспанското Езеро, кое се протега од околу 260 квадратни километри, што е повеќе од двојно од територијата на Париз, изгуби седум отсто од својата површина и половина од својот волумен во периодот од 1984 до 2020 година, објави денеска „Еурактив“, повикувајќи се на извештај на НАСА.

Посочувајќи дека повеќе од две третини од езерото и припаѓа на Македонија, а остатокот на Грција и Албанија, порталот наведува дека станува збор за едно од најстарите езера во Европа, старо пет милиони години, кое е дом на повеќе од 2.000 видови риби, птици, цицачи и растенија.

Локалниот рибар Ванчо Василевски за „Еурактив“ вели дека неговото кајче често се насукува, додавајќи дека само во последните два-три месеци нивото на водата опаднало за 36 сантиметри, а во последните денови „веројатно за уште два-три сантиметри“.

Ќе се намали повеќе. Нема дожд, нема зима, нема снег, нема реки. Само една река влегува во езерото... Ова е катастрофа, природна катастрофа, додава Василевски.

Во текстот се наведува дека водата во Преспанското Езеро сега е за повеќе од осум метри под нивото од доцните 70-ти години на минатиот век, при што се додава дека Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) предупредила оти некои видови на диви животни во езерото се изложени на ризик од исчезнување, поради „уништување на нивното живеалиште преку штетни земјоделски практики, ерозија и испуштање непречистен отпад и отпадни води“.

Секој пад на нивото на водата може да влијае и на многу поголемото Охридско Езеро, кое е на само 10 километри од Преспа и кое црпи околу една третина од својата вода од Преспанското Езеро. Екологистите велат дека недостигот на дожд, испарувањето и прекумерната употреба на водата за наводнување од сите три земји се главните причини за нејзината загуба, се додава во текстот.

Биологот Драган Арсовски од Македонско геолошко друштво за порталот вели дека нивото на езерото растело и опаѓало низ вековите и природата преживеала, но денес луѓето не успеваат да се прилагодат и да преземат акција.

Има некои работи кога станува збор за глобалните климатски промени кои едноставно не можеме да ги промениме и треба да се прилагодиме на она што доаѓа. Некои работи можеби можеме да ги промениме, како што се нашите секојдневни навики, изјавува Арсовски.

Дополнително закана за ендемските видови во Езерото претставува и употребата на пестициди од страна на овоштарите, кои преку земјата одат во подземните води, а од таму и во Преспанското Езеро и насекаде, се додава во текстот.

The post НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината appeared first on Република.

]]>

Преспанското Езеро, кое се протега од околу 260 квадратни километри, што е повеќе од двојно од територијата на Париз, изгуби седум отсто од својата површина и половина од својот волумен во периодот од 1984 до 2020 година, објави денеска „Еурактив“, повикувајќи се на извештај на НАСА. Посочувајќи дека повеќе од две третини од езерото и припаѓа на Македонија, а остатокот на Грција и Албанија, порталот наведува дека станува збор за едно од најстарите езера во Европа, старо пет милиони години, кое е дом на повеќе од 2.000 видови риби, птици, цицачи и растенија. Локалниот рибар Ванчо Василевски за „Еурактив“ вели дека неговото кајче често се насукува, додавајќи дека само во последните два-три месеци нивото на водата опаднало за 36 сантиметри, а во последните денови „веројатно за уште два-три сантиметри“.
Ќе се намали повеќе. Нема дожд, нема зима, нема снег, нема реки. Само една река влегува во езерото... Ова е катастрофа, природна катастрофа, додава Василевски.
Во текстот се наведува дека водата во Преспанското Езеро сега е за повеќе од осум метри под нивото од доцните 70-ти години на минатиот век, при што се додава дека Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) предупредила оти некои видови на диви животни во езерото се изложени на ризик од исчезнување, поради „уништување на нивното живеалиште преку штетни земјоделски практики, ерозија и испуштање непречистен отпад и отпадни води“.
Секој пад на нивото на водата може да влијае и на многу поголемото Охридско Езеро, кое е на само 10 километри од Преспа и кое црпи околу една третина од својата вода од Преспанското Езеро. Екологистите велат дека недостигот на дожд, испарувањето и прекумерната употреба на водата за наводнување од сите три земји се главните причини за нејзината загуба, се додава во текстот.
Биологот Драган Арсовски од Македонско геолошко друштво за порталот вели дека нивото на езерото растело и опаѓало низ вековите и природата преживеала, но денес луѓето не успеваат да се прилагодат и да преземат акција.
Има некои работи кога станува збор за глобалните климатски промени кои едноставно не можеме да ги промениме и треба да се прилагодиме на она што доаѓа. Некои работи можеби можеме да ги промениме, како што се нашите секојдневни навики, изјавува Арсовски.
Дополнително закана за ендемските видови во Езерото претставува и употребата на пестициди од страна на овоштарите, кои преку земјата одат во подземните води, а од таму и во Преспанското Езеро и насекаде, се додава во текстот.

The post НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината appeared first on Република.

]]>
Нивото на Преспанското Езеро пониско за еден сантиметар https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nivoto-na-prespanskoto-ezero-ponisko-za-eden-santimetar/ Tue, 22 Aug 2023 08:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=674455

Нивото на Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера, а кај Охридското и Дојранското Езеро нема промени, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Како што информира УХМР, водостоите на сите три езера се пониски од августовскиот просек.

И состојбата на реките е без поголеми промени. Не се измерени значителни отстапувања на водостоите во однос на вчерашниот ден.

 

The post Нивото на Преспанското Езеро пониско за еден сантиметар appeared first on Република.

]]>

Нивото на Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера, а кај Охридското и Дојранското Езеро нема промени, покажуваат денешните хидролошки мерења. Како што информира УХМР, водостоите на сите три езера се пониски од августовскиот просек. И состојбата на реките е без поголеми промени. Не се измерени значителни отстапувања на водостоите во однос на вчерашниот ден.  

The post Нивото на Преспанското Езеро пониско за еден сантиметар appeared first on Република.

]]>
Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/povtorno-namalen-vodostojot-na-prespanskoto-ezero/ Tue, 18 Jul 2023 08:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=662555

За уште еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера кога исто така имаше намалување на нивото за еден сантиметар.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера со што нивоата на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, а за 1,84 метри кај Преспанското, додека водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри повисок од просечниот.

Повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината се и нивоата на повеќето реки. Исклучок се реките Пчиња на мерното место кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Струмица кај Ново Село и Радика кај Бошков Мост каде водостојот е понизок од просечниот.

 

The post Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро appeared first on Република.

]]>

За уште еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера кога исто така имаше намалување на нивото за еден сантиметар. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера со што нивоата на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, а за 1,84 метри кај Преспанското, додека водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри повисок од просечниот. Повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината се и нивоата на повеќето реки. Исклучок се реките Пчиња на мерното место кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Струмица кај Ново Село и Радика кај Бошков Мост каде водостојот е понизок од просечниот.  

The post Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро appeared first on Република.

]]>
Го искористил повлеченото Преспанско, крадел археолошки предмети и ги продавал преку „Фејсбук“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/go-iskoristil-povlechenoto-prespansko-kradel-arheoloshki-predmeti-i-gi-prodaval-preku-fejsbuk/ Mon, 27 Mar 2023 14:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=624301

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против ресенчанец и скопјанец за недозволена трговија со културни добра.

Против Г.А.(43) од Ресен е поднесена кривична пријава за „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „прикривање, додека против С.М.(35) од Ресен со престој во Скопје за сторено кривично дело „прикривање“.

[caption id="" align="aligncenter" width="710"] (фото: МВР)[/caption]

Како што информираат денеска од МВР, во периодот од август до декември лани, Г.А. искористувајќи го намалувањето на водостојот на Преспанското Езеро, на археолошко наоѓалиште на плажа во селото Долно Перово, повеќепати со рачен алат и метал-детектори вршел ископување на археолошки предмети и монети, за кои бил свесен дека е можно да претставуваат културно наследство. Потоа, археолошките предмети ги пренесувал во својот дом и дополнително вршел нестручни конзерваторско-реставраторски процеси врз нелегално пронајдените и присвоените археолошки предмети и монети со цел да ги понуди на потенцијални купувачи, користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук.

Во август 2022 година, С.М. во село Долно Перово, остварил средба со Г.А., во чиј двор ги видел археолошките предмети, и иако бил свесен дека постои можност предметите да претставуваат културно наследство, одбрал два предмети и ги однел во својот дом, се наведува во соопштението од МВР.

Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основиотн суд Битола, на 1 декември 2022 година извршен е претрес во домот и просториите кај Г.А., при што привремено се одземени бројни предмети во различни форми и големини, монети и други предмети поврзани со кривичното дело. При извршен службен разговор со него, тој ги појаснил околностите под кои дошол до археолошките предмети и монети и посочил дека дел од нелегално пронајдените и присвоените предмети ги дал на С.М..

[caption id="" align="aligncenter" width="547"] (фото: МВР)[/caption]

Од МВР посочуваат дека истиот ден во полициската станица Центар бил повикан С.М., кој ги донел двата предмети и во разговорот со него го појаснил начинот на кој се стекнал со нив.

Од страна на ОЈО Битола е издадена наредба за вршење на вештачење и стручна идентификација на одземените археолошки предмети, при што истата е доставена во НУ Археолошки музеј и од нивна страна е изготвен Извештај од стручно мислење дека предметите: три керамички садови, шест прстени, мамуза, камен точило, шест стрели, 10 ножеви, два крстови, 46 нитни, 34 брутови, 21 алка, две копчиња, 11 токи за појас, три токи за чевли и 111 различни метални предмети претставуваат културно наследство, а од страна на вешто лице е извршена стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, при што е констатирано дека седум монети претставуваат културно наследство, се наведува во соопштението од МВР.

The post Го искористил повлеченото Преспанско, крадел археолошки предмети и ги продавал преку „Фејсбук“ appeared first on Република.

]]>

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против ресенчанец и скопјанец за недозволена трговија со културни добра. Против Г.А.(43) од Ресен е поднесена кривична пријава за „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „прикривање, додека против С.М.(35) од Ресен со престој во Скопје за сторено кривично дело „прикривање“. [caption id="" align="aligncenter" width="710"] (фото: МВР)[/caption] Како што информираат денеска од МВР, во периодот од август до декември лани, Г.А. искористувајќи го намалувањето на водостојот на Преспанското Езеро, на археолошко наоѓалиште на плажа во селото Долно Перово, повеќепати со рачен алат и метал-детектори вршел ископување на археолошки предмети и монети, за кои бил свесен дека е можно да претставуваат културно наследство. Потоа, археолошките предмети ги пренесувал во својот дом и дополнително вршел нестручни конзерваторско-реставраторски процеси врз нелегално пронајдените и присвоените археолошки предмети и монети со цел да ги понуди на потенцијални купувачи, користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук.
Во август 2022 година, С.М. во село Долно Перово, остварил средба со Г.А., во чиј двор ги видел археолошките предмети, и иако бил свесен дека постои можност предметите да претставуваат културно наследство, одбрал два предмети и ги однел во својот дом, се наведува во соопштението од МВР.
Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основиотн суд Битола, на 1 декември 2022 година извршен е претрес во домот и просториите кај Г.А., при што привремено се одземени бројни предмети во различни форми и големини, монети и други предмети поврзани со кривичното дело. При извршен службен разговор со него, тој ги појаснил околностите под кои дошол до археолошките предмети и монети и посочил дека дел од нелегално пронајдените и присвоените предмети ги дал на С.М.. [caption id="" align="aligncenter" width="547"] (фото: МВР)[/caption] Од МВР посочуваат дека истиот ден во полициската станица Центар бил повикан С.М., кој ги донел двата предмети и во разговорот со него го појаснил начинот на кој се стекнал со нив.
Од страна на ОЈО Битола е издадена наредба за вршење на вештачење и стручна идентификација на одземените археолошки предмети, при што истата е доставена во НУ Археолошки музеј и од нивна страна е изготвен Извештај од стручно мислење дека предметите: три керамички садови, шест прстени, мамуза, камен точило, шест стрели, 10 ножеви, два крстови, 46 нитни, 34 брутови, 21 алка, две копчиња, 11 токи за појас, три токи за чевли и 111 различни метални предмети претставуваат културно наследство, а од страна на вешто лице е извршена стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, при што е констатирано дека седум монети претставуваат културно наследство, се наведува во соопштението од МВР.

The post Го искористил повлеченото Преспанско, крадел археолошки предмети и ги продавал преку „Фејсбук“ appeared first on Република.

]]>
Зголемен водостојот на Преспанското Езеро за еден сантиметар https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zgolemen-vodostojot-na-prespanskoto-ezero-za-eden-santimetar/ Thu, 16 Mar 2023 10:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=620232

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, водостојот на Преспанското Езеро е 1,98 метри понизок од просекот за март. Пониско од просечното, и тоа за 26 сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,41 метар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на поголем дел од реките во земјава и најчесто имаат благо зголемување или намалување на водостојот во споредба со вчера. Најголемо зголемување на нивото од 38 сантиметри во споредба со вчерашното има реката Треска на мерното место кај Македонски Брод, а најголемо намалување од шест сантиметри има Пчиња кај Катлановска Бања.

 

The post Зголемен водостојот на Преспанското Езеро за еден сантиметар appeared first on Република.

]]>

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа, водостојот на Преспанското Езеро е 1,98 метри понизок од просекот за март. Пониско од просечното, и тоа за 26 сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,41 метар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Пониски од просечните се и нивоата на поголем дел од реките во земјава и најчесто имаат благо зголемување или намалување на водостојот во споредба со вчера. Најголемо зголемување на нивото од 38 сантиметри во споредба со вчерашното има реката Треска на мерното место кај Македонски Брод, а најголемо намалување од шест сантиметри има Пчиња кај Катлановска Бања.  

The post Зголемен водостојот на Преспанското Езеро за еден сантиметар appeared first on Република.

]]>
Дојранското и Преспанското Езеро имаат намален водостој https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/dojranskoto-i-prespanskoto-ezero-imaat-namalen-vodostoj/ Thu, 18 Aug 2022 10:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=541639

За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро.

Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во земјава.

The post Дојранското и Преспанското Езеро имаат намален водостој appeared first on Република.

]]>

За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро. Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во земјава.

The post Дојранското и Преспанското Езеро имаат намален водостој appeared first on Република.

]]>
Преспанско Езеро три години подоцна… https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/prespansko-ezero-tri-godini-podocna/ Fri, 29 Jul 2022 13:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=534677

The post Преспанско Езеро три години подоцна… appeared first on Република.

]]>

The post Преспанско Езеро три години подоцна… appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Крани, Мите Богоевски, Асамати…, се дел од нашата убава младост, не уништувајте ја оваа вековна убавина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-krani-mite-bogoevski-asamati-se-del-od-nashata-ubava-mladost-ne-unishtuvajte-ja-ovaa-vekovna-ubavina/ Wed, 18 May 2022 15:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=503950

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска истакна дека продолжуваат со активностите низ Македонија, денеска во Ресен.

-Јас ја користам оваа прилика да ги охрабрам и да им честитам што и покрај предизвикот со кој се соочија на почетокот од нивниот мандат, со големи долгови, блокирани сметки, сепак успеваат дел од проектите кои што ги ветија за време на кампањата да ги реализираат, и претпоставувам дека после оваа наша денешна посета овде во Ресен, СДСМ ќе излезат со некое си соопштение во кое што мене ќе ме обвинат дека промовирам проекти на СДСМ.

Ја користам оваа прилика и на СДСМ, и на тие кои што ги пишуваат неколку реда соопштенија во канцелариите на СДСМ и владата, да им порачам дека проектите не се ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, проектите се на народот. А тоа што СДСМ не успеа да ги реализира тие проекти, тоа што ВМРО-ДПМНЕ успева да ги реализира тие проекти, доволно говори за какви политичари од СДСМ станува збор и колку тие си го почитуваат, сакаат народот и државата.

Да заклучам, ова не се проекти ниту на СДСМ, и ако тие се внуци и синови и ќерки на транзиционите поранешни комунистички функционери, па се навикнати се да си присвојуваат, затоа јас велам не се ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку се проекти на народот, проекти кои што ги реализира ВМРО-ДПМНЕ и така ќе продолжи да ги реализира проектите кои што се важни за народот, и кои што треба да му овозможат на народот подобар комфор и подобри услови за живеење.

Истовремено ја користам оваа прилика да упатам една порака до министерот за животна средина, до министерот за финансии, кои што доаѓаат од партијата која што на моменти кога ќе ги напушти националистичките позиции, позициите на делење, промовира и зелени проекти, односно зелена агенда, да не ги кратат наменските средства кои што се наменети за спас на Преспанското Езеро, туку напротив да ги стимулираат, бидејќи Ресен е мултиетнички град.

Овде има мнозинство Македонци, но живеат и Албанци, Турци и останати и треба сите заедно да се бориме и да го спасиме Ресен. А бидејќи тие доаѓаат од партијата која што не така одамна промовираше зелена агенда еве им шанса, еве им можност да се покажат и докажат дека на моменти кога тоа е потребно од лични интереси нема да го злоупотребуваат, туку навистина ќе помогнат да се зачува овој бисер, ова Преспанско езеро и наместо да ги скратат тие средства кои што во моментот се на наменската сметка да ги дуплираат, а зошто да не и триплираат. И сите заедно, владата и градот да поработат на спас на Преспанското езеро, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Крани, Мите Богоевски, Асамати…, се дел од нашата убава младост, не уништувајте ја оваа вековна убавина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска истакна дека продолжуваат со активностите низ Македонија, денеска во Ресен.
-Јас ја користам оваа прилика да ги охрабрам и да им честитам што и покрај предизвикот со кој се соочија на почетокот од нивниот мандат, со големи долгови, блокирани сметки, сепак успеваат дел од проектите кои што ги ветија за време на кампањата да ги реализираат, и претпоставувам дека после оваа наша денешна посета овде во Ресен, СДСМ ќе излезат со некое си соопштение во кое што мене ќе ме обвинат дека промовирам проекти на СДСМ. Ја користам оваа прилика и на СДСМ, и на тие кои што ги пишуваат неколку реда соопштенија во канцелариите на СДСМ и владата, да им порачам дека проектите не се ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, проектите се на народот. А тоа што СДСМ не успеа да ги реализира тие проекти, тоа што ВМРО-ДПМНЕ успева да ги реализира тие проекти, доволно говори за какви политичари од СДСМ станува збор и колку тие си го почитуваат, сакаат народот и државата. Да заклучам, ова не се проекти ниту на СДСМ, и ако тие се внуци и синови и ќерки на транзиционите поранешни комунистички функционери, па се навикнати се да си присвојуваат, затоа јас велам не се ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку се проекти на народот, проекти кои што ги реализира ВМРО-ДПМНЕ и така ќе продолжи да ги реализира проектите кои што се важни за народот, и кои што треба да му овозможат на народот подобар комфор и подобри услови за живеење. Истовремено ја користам оваа прилика да упатам една порака до министерот за животна средина, до министерот за финансии, кои што доаѓаат од партијата која што на моменти кога ќе ги напушти националистичките позиции, позициите на делење, промовира и зелени проекти, односно зелена агенда, да не ги кратат наменските средства кои што се наменети за спас на Преспанското Езеро, туку напротив да ги стимулираат, бидејќи Ресен е мултиетнички град. Овде има мнозинство Македонци, но живеат и Албанци, Турци и останати и треба сите заедно да се бориме и да го спасиме Ресен. А бидејќи тие доаѓаат од партијата која што не така одамна промовираше зелена агенда еве им шанса, еве им можност да се покажат и докажат дека на моменти кога тоа е потребно од лични интереси нема да го злоупотребуваат, туку навистина ќе помогнат да се зачува овој бисер, ова Преспанско езеро и наместо да ги скратат тие средства кои што во моментот се на наменската сметка да ги дуплираат, а зошто да не и триплираат. И сите заедно, владата и градот да поработат на спас на Преспанското езеро, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Крани, Мите Богоевски, Асамати…, се дел од нашата убава младост, не уништувајте ја оваа вековна убавина appeared first on Република.

]]>
Државата незинтересирана, а Преспанското Eзеро е пред еколошка катастрофа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavata-nezinteresirana-a-prespanskoto-ezero-e-pred-ekoloshka-katastrofa/ Sat, 29 Jan 2022 16:53:39 +0000 https://republika.mk/?p=451276

Преспанското Eзеро е пред еколошка катастрофа, а државата е незаинтересирана, објави телевизијата „Алфа“. 

Последниве години, второто по големина природно македонско езеро, Преспанското, како да се бори за живот. Мерењата покажуваат загрижувачки резултати, кои се видливи дури и со голо око. Нивото на Езерото е спуштено дури за 2,5 до 3 метри под критичниот минимум, а повлекувањето на водата долж брегот е од неколку стотици метри па се до 3 километри, во зависност од конфигурацијата и местоположбата. Познавачите на состојбите, како и концесионерите, велат дека опстанокот на ендемската флора и фауна во езерото сериозно бил загрозен, а причините за таквата состојба ги гледаат во климатските промени, во сушните години, но и во несовесноста на луѓето кои езерото го претвораат во вистинска депонија.

Изменета е доста флората и фауната на Преспанското Езеро во последните десетина години. Целото крајбрежје е обраснато со трска, на пример Преспанско Езеро имало, да кажеме 20-25 посто трска, до 30 посто на крајбрежјето, сега е обраснато 80-90 посто со трска. Министерството за животна средина не дава дозвола сето тоа да се чепка, не даваат дозвола еве, за да се уништи таа трска. Се направи тендер за чистење на тињата барем на плажите во Стење, во Претор и во Сливница, требаше да биде тој проект некаде во мај лани, мај – јуни, меѓутоа пропадна тој тендер..и остана тоа како што е сега – така…“ изјави за „Алфа“, Агрон Реџепи од Концесионерот „Преспафиш“.

И градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, признава дека Преспанското Езеро подолго време е во лоша состојба. Меѓутоа, тој се надева дека со пролетните дождови и со топењето на снегот, состојбата колку-толку ќе се ублажи. Според него, спасот за Преспанското Езеро е во изготвување на проект по примерот на Дојранското.

Длабочината кај што е поголема понеосетно е бегањето, а кај што е помала длабочината, тука веќе сериозно се познава површински. Во висина ние имаме дури до три метри повлекување. Тоа е многу страшно. Но, да бидам докрај искрен, уште не е излезен на суво „Римскиот пат“. Значи, нивото некогаш било уште пониско…Така што ова е многу динамично и моделот за спас, лично јас го гледам само Дојранскиот модел, ама со вентил да може да се запре“, посочува Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен.

Инаку, пред десетина години, тогашната локална и централна власт, реализираше повеќе значајни проекти за заживување на туризмот долж Преспанската ривиера, но и за заштита на езерските води. За жал, според сегашната локална власт, од тоа, сега или нема останато ништо, или пак е многу малку.

The post Државата незинтересирана, а Преспанското Eзеро е пред еколошка катастрофа appeared first on Република.

]]>

Преспанското Eзеро е пред еколошка катастрофа, а државата е незаинтересирана, објави телевизијата „Алфа“.  Последниве години, второто по големина природно македонско езеро, Преспанското, како да се бори за живот. Мерењата покажуваат загрижувачки резултати, кои се видливи дури и со голо око. Нивото на Езерото е спуштено дури за 2,5 до 3 метри под критичниот минимум, а повлекувањето на водата долж брегот е од неколку стотици метри па се до 3 километри, во зависност од конфигурацијата и местоположбата. Познавачите на состојбите, како и концесионерите, велат дека опстанокот на ендемската флора и фауна во езерото сериозно бил загрозен, а причините за таквата состојба ги гледаат во климатските промени, во сушните години, но и во несовесноста на луѓето кои езерото го претвораат во вистинска депонија.
Изменета е доста флората и фауната на Преспанското Езеро во последните десетина години. Целото крајбрежје е обраснато со трска, на пример Преспанско Езеро имало, да кажеме 20-25 посто трска, до 30 посто на крајбрежјето, сега е обраснато 80-90 посто со трска. Министерството за животна средина не дава дозвола сето тоа да се чепка, не даваат дозвола еве, за да се уништи таа трска. Се направи тендер за чистење на тињата барем на плажите во Стење, во Претор и во Сливница, требаше да биде тој проект некаде во мај лани, мај – јуни, меѓутоа пропадна тој тендер..и остана тоа како што е сега – така…“ изјави за „Алфа“, Агрон Реџепи од Концесионерот „Преспафиш“.
И градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, признава дека Преспанското Езеро подолго време е во лоша состојба. Меѓутоа, тој се надева дека со пролетните дождови и со топењето на снегот, состојбата колку-толку ќе се ублажи. Според него, спасот за Преспанското Езеро е во изготвување на проект по примерот на Дојранското.
Длабочината кај што е поголема понеосетно е бегањето, а кај што е помала длабочината, тука веќе сериозно се познава површински. Во висина ние имаме дури до три метри повлекување. Тоа е многу страшно. Но, да бидам докрај искрен, уште не е излезен на суво „Римскиот пат“. Значи, нивото некогаш било уште пониско…Така што ова е многу динамично и моделот за спас, лично јас го гледам само Дојранскиот модел, ама со вентил да може да се запре“, посочува Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен.
Инаку, пред десетина години, тогашната локална и централна власт, реализираше повеќе значајни проекти за заживување на туризмот долж Преспанската ривиера, но и за заштита на езерските води. За жал, според сегашната локална власт, од тоа, сега или нема останато ништо, или пак е многу малку.

The post Државата незинтересирана, а Преспанското Eзеро е пред еколошка катастрофа appeared first on Република.

]]>
Преспанското Езеро под апсолутниот минимум https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/prespanskoto-ezero-pod-apsolutniot-minimum/ Wed, 05 Jan 2022 10:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=440865

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно последните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар понизок од повеќегодишниот просек за јануари.

Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,94 метри повисок од просечниот за јануари.

Нивоата на реките во земјава се во рамки на јануарскиот просек, со одредени отстапувања во нагорна или надолна линија.

The post Преспанското Езеро под апсолутниот минимум appeared first on Република.

]]>

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера. Согласно последните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар понизок од повеќегодишниот просек за јануари. Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,94 метри повисок од просечниот за јануари. Нивоата на реките во земјава се во рамки на јануарскиот просек, со одредени отстапувања во нагорна или надолна линија.

The post Преспанското Езеро под апсолутниот минимум appeared first on Република.

]]>