Преспански договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prespanski-dogovor/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 10:56:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Преспански договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prespanski-dogovor/ 32 32 Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsipras-dobi-nagrada-za-mir-za-dogovorot-od-prespa/ Wed, 25 Sep 2024 10:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=819533

Ако Европската Унија се покаже некредибилна во однос на своето ветување за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во неговиот говор откако му беше доделена наградата за мир за Договорот од Преспа од грчка организација, јави дописничката на МИА од Атина.

За значењето на Договорот од Преспа, за потребата да се почитува од новата власт во земјава, но и за ЕУ перспективата и важноста за целиот регион, говореше, меѓу другото Ципрас откако ја прими наградата за мир „Никос Никофоридис“, што од 2018 година ја доделува мировната организација „Опсерваторија на меѓународни организации и глобализација“, а оваа година беше награден поранешниот грчки премиер за договорот со нашата земја.

Посочи дека Договорот од Преспа „има особена важност“ и дека не смее да се дозволи „да се изгуби моментумот создаден за европската перспектива на регионот“.

Како што неодамна кажавме со Зоран Заев, треба јасно да ставиме до знаење дека единствениот пат не само за европската иднина, туку и за иднината на самата Cеверна Македонија како земја е почитувањето на Договорот од нејзиниот нов политички и државен врв, рече Ципрас.

Додаде дека „ова, сепак, не е доволно“, бидејќи потребно е да се врати моментумот за ЕУ интеграцијата на регионот.

Објасни дека за неколку дена ќе биде Белград со Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа, каде што, како што рече, ќе има можност да истакне дека „во време кога дестабилизацијата се интензивира, не смееме да дозволиме Балканот да стане неконтролирана арена за натпревар на сили“.

Не треба да дозволиме национализмот уште повеќе да тлее во регионот. Треба да го вратиме моментумот на европската перспектива создадена со Договорот од Преспа, извлекувајќи го регионот од стагнацијата во која беше во 2018 година. Договорот што претставува модел за решавање на спорови за Западен Балкан, бидејќи докажа дека постои пат до заемно прифатливи решенија кои ги бранат националните интереси, а истовремено промовираат мир. И ако Европската Унија се покаже некредибилна во однос на своето ветување за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила,

Ципрас говореше и за останатите прашања од грчката надворешна политика, на почетокот на неговиот говор коментираше дека е непријатно да примаш награда за мир среде крвави војни, но и дека „можеби тоа е и можност да се разбере дека борбата за мир не е бесмислена, застарена или чудна“.

Наградата за мир е во спомен на борецот за мир Никос Никифоридис, кој на 23-годишна возраст го предводеше Мировниот младински фронт во 1950 година, кој во Грција го ширел апелот од Стокхолм за укинување на целото нуклеарно оружје, по што бил уапсен, казнет со смртна казна и егзекутиран на 5 март 1951 година во Солун.

Ципрас рече дека е голема чест за него што ја добива конкретната награда што го носи името „на младиот член на младинската организација, кој остана парализиран и слеп“ и кој беше погубен „под обвинение дека собираше потписи за мир“.

Конкретната награда за мир оваа година освен на Ципрас им беше доделена и на двајца претставници на движењето за обединет Кипар.

The post Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

Ако Европската Унија се покаже некредибилна во однос на своето ветување за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во неговиот говор откако му беше доделена наградата за мир за Договорот од Преспа од грчка организација, јави дописничката на МИА од Атина. За значењето на Договорот од Преспа, за потребата да се почитува од новата власт во земјава, но и за ЕУ перспективата и важноста за целиот регион, говореше, меѓу другото Ципрас откако ја прими наградата за мир „Никос Никофоридис“, што од 2018 година ја доделува мировната организација „Опсерваторија на меѓународни организации и глобализација“, а оваа година беше награден поранешниот грчки премиер за договорот со нашата земја. Посочи дека Договорот од Преспа „има особена важност“ и дека не смее да се дозволи „да се изгуби моментумот создаден за европската перспектива на регионот“.
Како што неодамна кажавме со Зоран Заев, треба јасно да ставиме до знаење дека единствениот пат не само за европската иднина, туку и за иднината на самата Cеверна Македонија како земја е почитувањето на Договорот од нејзиниот нов политички и државен врв, рече Ципрас.
Додаде дека „ова, сепак, не е доволно“, бидејќи потребно е да се врати моментумот за ЕУ интеграцијата на регионот. Објасни дека за неколку дена ќе биде Белград со Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа, каде што, како што рече, ќе има можност да истакне дека „во време кога дестабилизацијата се интензивира, не смееме да дозволиме Балканот да стане неконтролирана арена за натпревар на сили“.
Не треба да дозволиме национализмот уште повеќе да тлее во регионот. Треба да го вратиме моментумот на европската перспектива создадена со Договорот од Преспа, извлекувајќи го регионот од стагнацијата во која беше во 2018 година. Договорот што претставува модел за решавање на спорови за Западен Балкан, бидејќи докажа дека постои пат до заемно прифатливи решенија кои ги бранат националните интереси, а истовремено промовираат мир. И ако Европската Унија се покаже некредибилна во однос на своето ветување за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила,
Ципрас говореше и за останатите прашања од грчката надворешна политика, на почетокот на неговиот говор коментираше дека е непријатно да примаш награда за мир среде крвави војни, но и дека „можеби тоа е и можност да се разбере дека борбата за мир не е бесмислена, застарена или чудна“. Наградата за мир е во спомен на борецот за мир Никос Никифоридис, кој на 23-годишна возраст го предводеше Мировниот младински фронт во 1950 година, кој во Грција го ширел апелот од Стокхолм за укинување на целото нуклеарно оружје, по што бил уапсен, казнет со смртна казна и егзекутиран на 5 март 1951 година во Солун. Ципрас рече дека е голема чест за него што ја добива конкретната награда што го носи името „на младиот член на младинската организација, кој остана парализиран и слеп“ и кој беше погубен „под обвинение дека собираше потписи за мир“. Конкретната награда за мир оваа година освен на Ципрас им беше доделена и на двајца претставници на движењето за обединет Кипар.

The post Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Гајдов: Грција нема спроведено ниту еден потпишан договор од Првата светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gajdov-grtsija-nema-sprovedeno-nitu-eden-potpishan-dogovor-od-prvata-svetska-vojna/ Wed, 10 Jul 2024 07:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=795144

Грчкиот премиер Мицотакис јуниор го искористи инаугуралниот говор на претседателката Гордана Силјановска да истури оган дека ние не го почитуваме договорот од Преспа, рече Љубомир Гајдов, надворешно политички коментатор, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој е син на еден голем државник, брат на еден голем државник. Тој се покажа како мало човече, бидејќи Грција од Првата светска војна до денеска, ниту еден потпишан договор не спровела. Плус не спроведе пресуда на Меѓународниот суд на Обединетите нации во Хаг, рече Гајдов.

The post Гајдов: Грција нема спроведено ниту еден потпишан договор од Првата светска војна appeared first on Република.

„Пријателот“ Ципрас бара ЕУ и меѓународната заедница јасно да ги кажат последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prijatelot-tsipras-bara-eu-i-megunarodnata-zaednitsa-jasno-da-gi-kazhat-posleditsite-od-nepochituvaneto-na-dogovorot-od-prespa/ Tue, 25 Jun 2024 07:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=790497

„ЕУ и меѓународната заедница треба јасно да ги стават на знаење последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Cеверна Македонија“, истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас вчера претседаваше во Стразбур со Комитетот, а според информациите од Грција, фокусот бил ставен на важноста на Договорот од Преспа за мирот, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан, особено во време на големи предизвици во регионот.

На состанокот улествувал и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу., а посебна покана за учество добиле професорите Константинос Филис од Грција и Кристијан Фидановски од Македонија.

Папандреу истакнал дека сè додека регионот е ранлив на националистички конфронтации, ќе бара заштитници и ќе тоне во нестабилност и нови конфликти, а наспроти тоа дека е потребно сите да го почитуваат принципот на добрососедство, на посветеност на демократските принципи, на почитување на човековите права и владеењето на правото и паралелно ја истакнал важноста на Договорот од Преспа за иднината на Западен Балкан и регионалната соработка.

Професорот Фидановски, како и сите членови на Комисијата кои зеле збор, според истите информации, се фокусирале на потребата од верно почитување на Договорот од новата Влада на соседната земја.

Грчкиот професор Филис ја истакнал потребата да се развие европска мапа за Западен Балкан и да се нагласи враќањето на довербата меѓу ЕУ и општествата од земјите од регионот и додал дека патот кон Европа го покажуваат Договорот од Преспа на Ципрас и Заев од 2018 година и Солунската агенда промовирана од Јоргос Папандреу во 2003 година.

На крајот од состанокот, претседавачот со Комитетот Алексис Ципрас подвлекол дека треба да се води активна борбата против национализмот и дестабилизацијата во регионот, а тоа, според него, пред сè значи поддршка на Договорот од Преспа и динамична дипломатска улога на ЕУ на Западен Балкан пред целосно да го загуби својот кредибилитет и дополнително укажал на потребата меѓународната заедница, а особено ЕУ, јасно да ги разјаснат последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Македонија.

The post „Пријателот“ Ципрас бара ЕУ и меѓународната заедница јасно да ги кажат последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

„ЕУ и меѓународната заедница треба јасно да ги стават на знаење последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Cеверна Македонија“, истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас вчера претседаваше во Стразбур со Комитетот, а според информациите од Грција, фокусот бил ставен на важноста на Договорот од Преспа за мирот, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан, особено во време на големи предизвици во регионот. На состанокот улествувал и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу., а посебна покана за учество добиле професорите Константинос Филис од Грција и Кристијан Фидановски од Македонија.   Папандреу истакнал дека сè додека регионот е ранлив на националистички конфронтации, ќе бара заштитници и ќе тоне во нестабилност и нови конфликти, а наспроти тоа дека е потребно сите да го почитуваат принципот на добрососедство, на посветеност на демократските принципи, на почитување на човековите права и владеењето на правото и паралелно ја истакнал важноста на Договорот од Преспа за иднината на Западен Балкан и регионалната соработка. Професорот Фидановски, како и сите членови на Комисијата кои зеле збор, според истите информации, се фокусирале на потребата од верно почитување на Договорот од новата Влада на соседната земја. Грчкиот професор Филис ја истакнал потребата да се развие европска мапа за Западен Балкан и да се нагласи враќањето на довербата меѓу ЕУ и општествата од земјите од регионот и додал дека патот кон Европа го покажуваат Договорот од Преспа на Ципрас и Заев од 2018 година и Солунската агенда промовирана од Јоргос Папандреу во 2003 година. На крајот од состанокот, претседавачот со Комитетот Алексис Ципрас подвлекол дека треба да се води активна борбата против национализмот и дестабилизацијата во регионот, а тоа, според него, пред сè значи поддршка на Договорот од Преспа и динамична дипломатска улога на ЕУ на Западен Балкан пред целосно да го загуби својот кредибилитет и дополнително укажал на потребата меѓународната заедница, а особено ЕУ, јасно да ги разјаснат последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Македонија.

The post „Пријателот“ Ципрас бара ЕУ и меѓународната заедница јасно да ги кажат последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Заев на муртинско-англиски во Атина ги искара Мицотакис и Мицкоски: Имаат лесна задача https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-na-murtinsko-angliski-vo-atina-gi-iskara-mitsotakis-i-mitskoski-imaat-lesna-zadacha/ Thu, 20 Jun 2024 16:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=789412

Еве сме, јас и Алексис. Ние ја презедовме најголемата одговорност за решвање на проблемот и креирање на Договорот од Преспа. И ја плативме политичката цена за тоа. Сега, почитувањето на договорот е лесниот дел и е одговорност кон граѓаните и иднините на двете земји.

Ова е само дел од говорот на поранешниот премиер Зоран Заев пред присутните на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина, на која се „прославија“ шест години од потпишувањето на Преспанскиот договор.

https://republika.mk/vesti/balkan/tsipras-prizna-deka-ako-zaev-ne-go-promenel-grtsija-ke-morala-da-go-priznae-ustavnoto-ime-na-makedonija/

Според Заев, треба да се градат мостови и пријателство, да се тргнеме од провокациите и злоупотребите кои само носат блокади.

Од оваа перспектива, целта на прогресивните сили треба да биде да не останат само набљудувачи на регресивните процеси. Наместо да бидат демотивирани од таквите тенденции, треба да се мотивираат двојно повеќе за да се одбрани постигнатото, тоа што е потврдено дека е добро, рече Заев.

The post Заев на муртинско-англиски во Атина ги искара Мицотакис и Мицкоски: Имаат лесна задача appeared first on Република.

]]>

Еве сме, јас и Алексис. Ние ја презедовме најголемата одговорност за решвање на проблемот и креирање на Договорот од Преспа. И ја плативме политичката цена за тоа. Сега, почитувањето на договорот е лесниот дел и е одговорност кон граѓаните и иднините на двете земји.
Ова е само дел од говорот на поранешниот премиер Зоран Заев пред присутните на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина, на која се „прославија“ шест години од потпишувањето на Преспанскиот договор. https://republika.mk/vesti/balkan/tsipras-prizna-deka-ako-zaev-ne-go-promenel-grtsija-ke-morala-da-go-priznae-ustavnoto-ime-na-makedonija/ Според Заев, треба да се градат мостови и пријателство, да се тргнеме од провокациите и злоупотребите кои само носат блокади.
Од оваа перспектива, целта на прогресивните сили треба да биде да не останат само набљудувачи на регресивните процеси. Наместо да бидат демотивирани од таквите тенденции, треба да се мотивираат двојно повеќе за да се одбрани постигнатото, тоа што е потврдено дека е добро, рече Заев.

The post Заев на муртинско-англиски во Атина ги искара Мицотакис и Мицкоски: Имаат лесна задача appeared first on Република.

]]>
Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-nema-da-prisustvuva-na-megunarodnata-konferentsija-na-tsipras-i-zaev/ Mon, 17 Jun 2024 12:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=788414

Премиерот нема да присуствува на конкретната иницијатива, кусо одговори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите за тоа дали евентуално грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис би присуствувал на дводневната Меѓународна конференција што ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на вчерашната средба на претседателката Сиљановска Давкова со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис на маргините на Самитот за мир во Швајцарија, владиниот портпарол рече дека „не постои нешто повеќе што можеме да кажеме“ и уште еднаш ги повтори грчките позиции во однос на нашата земја.

Многу пати ги имаме повторено нашите позиции и потребата и Македонија да го почитува она што е изгласано и ратификувано и покрај нашите искажани приговори кога имавме можност да го сториме тоа пред гласањето на Договорот од Преспа. Очекуваме да видиме опипливи потези и овде сме да ги коментираме, рече Маринакис.

Претседателката, вчера на Фејсбук објави дека имала средби за запознавање со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.

Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, напиша претседателката.

The post Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев appeared first on Република.

]]>

Премиерот нема да присуствува на конкретната иницијатива, кусо одговори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите за тоа дали евентуално грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис би присуствувал на дводневната Меѓународна конференција што ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на вчерашната средба на претседателката Сиљановска Давкова со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис на маргините на Самитот за мир во Швајцарија, владиниот портпарол рече дека „не постои нешто повеќе што можеме да кажеме“ и уште еднаш ги повтори грчките позиции во однос на нашата земја.
Многу пати ги имаме повторено нашите позиции и потребата и Македонија да го почитува она што е изгласано и ратификувано и покрај нашите искажани приговори кога имавме можност да го сториме тоа пред гласањето на Договорот од Преспа. Очекуваме да видиме опипливи потези и овде сме да ги коментираме, рече Маринакис.
Претседателката, вчера на Фејсбук објави дека имала средби за запознавање со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.
Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, напиша претседателката.

The post Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев appeared first on Република.

]]>
Што содржат трите меморандуми што Грција сè уште ги нема ратификувано во Парламентот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-sodrzhat-trite-memorandumi-shto-grtsija-se-ushte-gi-nema-ratifikuvano-vo-parlamentot/ Sun, 09 Jun 2024 10:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=785888

На средината на септември 2020 година, неколку месеци откако Нова демократија дојде на власт, во грчкиот Парламент беа доставени трите меморандуми со Македонија, но оттогаш, веќе три години и девет месеци процесот е замрзнат, меморандумите се во фиока, а пред 20 дена, опозициската СИРИЗА одново ги актуализираше, доставувајќи ги како нови предлог-закони, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатите години, додека чекаа да бидат ставени на дневен ред во Парламентот, одвреме навреме се споменуваа меморандумите: на средби на македонските со грчките политичари, во пратенички прашања и соопштенија на опозициската СИРИЗА, но и дописничката на МИА од Атина, континуирано прашањето за ратификацијата го поставуваше до владините портпароли на редовните брифинзи со новинарите, а одговорот беше речиси идентичен дека меморандумите ќе дојдат на гласање во соодветно време кога тоа ќе го одлучи Владата.

По инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и откако Договорот од Преспа се актуализираше во Грција, опозициската СИРИЗА сметајќи дека меморандумите ќе ја унапредат соработката, но и дека тоа што не се ратификувани им штета на интересите на земјата, на 15 мај, одново ги достави во Парламентот во облик на предлог-закони.

Од друга страна, ставот на актуелната грчка Влада е дека нератификуваните меморандуми се „дополнително преговарачко оружје“ за Грција, од кое земјата не смее да се откаже и најавија дека „во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент“.

Претседателката Сиљановска Давкова на крајот на мај, говорејќи за односите со Грција се осврна и на меморандумите, истакнувајќи дека за неа, „најважниот меморандум е оној за помошта при евроинтеграциите“.

МИА, исто како и кога првпат беа донесени во Парламентот, така и сега, анализира што точно содржат трите протоколи меѓу двете земји, потпишани уште во 2019 година, односно Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје.

Станува збор за три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а во грчкиот Парламент се предлог-закони од надлежните грчки министри.

Предлог законите, кои СИРИЗА сега ги достави во идентична и оригинална форма како од 2020 година, имаат два члена, во првиот се меморандумите во целина, а вториот се однесува на стапувањето во сила, односно по неговото објавување во Службен весник на Грција, откако претходно ќе биде ратификуван од Парламентот.

Сите предлог-закони се потпишани од надлежните министри од тогашната Влада на Нова демократија (во 2020 година).

Откако (повторно) беа доставени, следниот чекор е да бидат разгледани на надлежната комисија за национална безбедност и надворешни прашања, а откако членовите на комисијата ќе дадат зелено светло, ратификацијата ќе биде на пленарна седница на Парламентот.

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија кон Европската унија“, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања на Македонија Бујар Османи.

Во извештајот, кога првпат беа доставени до грчкиот Парламент, пишуваше дека меморандумот ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи“, но и дека е „во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“.

Самиот меморандум, содржи пет члена што се однесуваат на поттикнување на билатералната соработка; соработката во политичките, економските, технолошките и културните аспекти на процесот на интеграција на Македонија во Европската унија; формирање Заеднички комитет за размена на идеи и предлози и изготвување акциски планови во вториот семестар од секоја година; разгледување на можностите за финансирање на програми за соработка и акциски планови, а последниот член се однесува на постапките за стапување во сила и раскинување на Меморандумот за соработка .

Предлог-законот за ЕУ перспективата на Македонија од 2020 година е потпишан од тогашните министри за финансии, надворешни и внатрешни работи на Грција, како и од алтернативниот шеф на грчката дипломатија од владата на Нова демократија, додека пак сега, истиот текст го потпишуваат членовите на пратеничката група на СИРИЗА.

Меморандум за основање Координативен комитет за економска соработка

Вториот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Грција и Владата на Република Македонија за основање Координативен комитет за економска соработка“.

Според извештајот за предлог законот, меморандумот, „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи“.

Конкретниот меморандум е потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашниот вицепремиер и министер за финансии на Грција Јанис Драгасакис и тогашниот вицепремиер надлежен за економски прашања Кочо Анѓушев, а има осум члена што се однесуваат на начинот на функционирање на конкретниот комитет.

Согласно потпишаниот меморандум, Комитетот за економска соработка ќе брои 18 членови, по девет од секоја страна, од кои најмалку три треба да бидат владини функционери и најмалку пет институционални претставници на приватниот сектор, а со Комитетот заедно ќе претседаваат вицепремиерите или министрите од двете земји надлежни за економски теми.

Комитетот, како што пренесува МИА, ќе има за цел да ја координира билатералната економска соработка и да поттикне поблиска соработка меѓу економските комори на двете земји, а првиот состанок ќе треба да биде свикан од заменик-претседателот на Владата на Македонија, во рок од 30 дена од стапувањето на сила на меморандумот.

Предлог-законот од 2020 година за економската соработка е потпишан од тогашните министри за финансии, развој и инвестиции и надворешни работи на Грција.

Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје

Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Република Грција и Министерството за одбрана на Република Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)“, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје.

Предвидува надзорот да го вршат Ф-16 и М-2000 од грчкото воено воздухопловство.

И овој предлог-закон, исто како и претходните два, од СИРИЗА го доставија идентично како што беше доставен од Владата на Нова демократија и потпишан од тогашните министри за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција.

Целта на техничката спогодба, како што пишува е „да ги одреди процедурите на координација што ќе се спроведат од двете страни, со цел одржување успешно надгледување за справување на Renegade закани во воздушниот простор (FIR) Скопје“.

Во спогодбата што содржи 13 члена и седум анекси, детално се опишани сите активности во рамките на ер полисингот на авионите од грчкото воено воздухопловство.

Но, не се само меморандумите обврска на Грција, туку како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа од грчка страна, постојат одредени доцнења меѓу кои и одржувањето на вториот Совет на високо ниво.

Согласно Договорот, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“.

Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција.

Паралелно, грчкиот премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по официјалната на Атина од претходниот претседател Стево Пендаровски.

The post Што содржат трите меморандуми што Грција сè уште ги нема ратификувано во Парламентот? appeared first on Република.

]]>

На средината на септември 2020 година, неколку месеци откако Нова демократија дојде на власт, во грчкиот Парламент беа доставени трите меморандуми со Македонија, но оттогаш, веќе три години и девет месеци процесот е замрзнат, меморандумите се во фиока, а пред 20 дена, опозициската СИРИЗА одново ги актуализираше, доставувајќи ги како нови предлог-закони, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите години, додека чекаа да бидат ставени на дневен ред во Парламентот, одвреме навреме се споменуваа меморандумите: на средби на македонските со грчките политичари, во пратенички прашања и соопштенија на опозициската СИРИЗА, но и дописничката на МИА од Атина, континуирано прашањето за ратификацијата го поставуваше до владините портпароли на редовните брифинзи со новинарите, а одговорот беше речиси идентичен дека меморандумите ќе дојдат на гласање во соодветно време кога тоа ќе го одлучи Владата. По инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и откако Договорот од Преспа се актуализираше во Грција, опозициската СИРИЗА сметајќи дека меморандумите ќе ја унапредат соработката, но и дека тоа што не се ратификувани им штета на интересите на земјата, на 15 мај, одново ги достави во Парламентот во облик на предлог-закони. Од друга страна, ставот на актуелната грчка Влада е дека нератификуваните меморандуми се „дополнително преговарачко оружје“ за Грција, од кое земјата не смее да се откаже и најавија дека „во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент“. Претседателката Сиљановска Давкова на крајот на мај, говорејќи за односите со Грција се осврна и на меморандумите, истакнувајќи дека за неа, „најважниот меморандум е оној за помошта при евроинтеграциите“. МИА, исто како и кога првпат беа донесени во Парламентот, така и сега, анализира што точно содржат трите протоколи меѓу двете земји, потпишани уште во 2019 година, односно Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје. Станува збор за три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а во грчкиот Парламент се предлог-закони од надлежните грчки министри. Предлог законите, кои СИРИЗА сега ги достави во идентична и оригинална форма како од 2020 година, имаат два члена, во првиот се меморандумите во целина, а вториот се однесува на стапувањето во сила, односно по неговото објавување во Службен весник на Грција, откако претходно ќе биде ратификуван од Парламентот. Сите предлог-закони се потпишани од надлежните министри од тогашната Влада на Нова демократија (во 2020 година). Откако (повторно) беа доставени, следниот чекор е да бидат разгледани на надлежната комисија за национална безбедност и надворешни прашања, а откако членовите на комисијата ќе дадат зелено светло, ратификацијата ќе биде на пленарна седница на Парламентот.

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија кон Европската унија“, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања на Македонија Бујар Османи. Во извештајот, кога првпат беа доставени до грчкиот Парламент, пишуваше дека меморандумот ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи“, но и дека е „во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“. Самиот меморандум, содржи пет члена што се однесуваат на поттикнување на билатералната соработка; соработката во политичките, економските, технолошките и културните аспекти на процесот на интеграција на Македонија во Европската унија; формирање Заеднички комитет за размена на идеи и предлози и изготвување акциски планови во вториот семестар од секоја година; разгледување на можностите за финансирање на програми за соработка и акциски планови, а последниот член се однесува на постапките за стапување во сила и раскинување на Меморандумот за соработка . Предлог-законот за ЕУ перспективата на Македонија од 2020 година е потпишан од тогашните министри за финансии, надворешни и внатрешни работи на Грција, како и од алтернативниот шеф на грчката дипломатија од владата на Нова демократија, додека пак сега, истиот текст го потпишуваат членовите на пратеничката група на СИРИЗА.

Меморандум за основање Координативен комитет за економска соработка

Вториот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Грција и Владата на Република Македонија за основање Координативен комитет за економска соработка“. Според извештајот за предлог законот, меморандумот, „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи“. Конкретниот меморандум е потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашниот вицепремиер и министер за финансии на Грција Јанис Драгасакис и тогашниот вицепремиер надлежен за економски прашања Кочо Анѓушев, а има осум члена што се однесуваат на начинот на функционирање на конкретниот комитет. Согласно потпишаниот меморандум, Комитетот за економска соработка ќе брои 18 членови, по девет од секоја страна, од кои најмалку три треба да бидат владини функционери и најмалку пет институционални претставници на приватниот сектор, а со Комитетот заедно ќе претседаваат вицепремиерите или министрите од двете земји надлежни за економски теми. Комитетот, како што пренесува МИА, ќе има за цел да ја координира билатералната економска соработка и да поттикне поблиска соработка меѓу економските комори на двете земји, а првиот состанок ќе треба да биде свикан од заменик-претседателот на Владата на Македонија, во рок од 30 дена од стапувањето на сила на меморандумот. Предлог-законот од 2020 година за економската соработка е потпишан од тогашните министри за финансии, развој и инвестиции и надворешни работи на Грција.

Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје

Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Република Грција и Министерството за одбрана на Република Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)“, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје. Предвидува надзорот да го вршат Ф-16 и М-2000 од грчкото воено воздухопловство. И овој предлог-закон, исто како и претходните два, од СИРИЗА го доставија идентично како што беше доставен од Владата на Нова демократија и потпишан од тогашните министри за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција. Целта на техничката спогодба, како што пишува е „да ги одреди процедурите на координација што ќе се спроведат од двете страни, со цел одржување успешно надгледување за справување на Renegade закани во воздушниот простор (FIR) Скопје“. Во спогодбата што содржи 13 члена и седум анекси, детално се опишани сите активности во рамките на ер полисингот на авионите од грчкото воено воздухопловство. Но, не се само меморандумите обврска на Грција, туку како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа од грчка страна, постојат одредени доцнења меѓу кои и одржувањето на вториот Совет на високо ниво. Согласно Договорот, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“. Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција. Паралелно, грчкиот премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по официјалната на Атина од претходниот претседател Стево Пендаровски.

The post Што содржат трите меморандуми што Грција сè уште ги нема ратификувано во Парламентот? appeared first on Република.

]]>
Гир: Од огромна важност е да се работи на целосна имплементација на Преспанскиот, Охридскиот и Договорот за добрососедски односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-od-ogromna-vazhnost-e-da-se-raboti-na-tselosna-implementatsija-na-prespanskiot-ohridskiot-i-dogovorot-za-dobrososedski-odnosi/ Wed, 05 Jun 2024 15:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=785034

Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека Преспанскиот договор, Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија, секој  на различен начин, имаат донесено значителни придобивки за земјава и вели дека затоа за Европската Унија е од огромно значење да се работи на целосна имплементација на трите договори.

-Преспанскиот договор за којшто се води толку жешка дебата во овој момент има донесено енормни придобивки за вашата земја. Трговијата меѓу Македонија и Грција се има двојно зголемено по потпишување на Преспанскиот договор, развиена е културната соработка, а комуникацијата помеѓу народите на двете земји се има зајакнато исто како и соработката помеѓу двете земји и соработката на воено поле помеѓу војските на двете земји, рече Гир во одговор на новинарско прашање по отворањето на Европската куќа во Тетово.

Тој нагласи дека како резултат на потпишувањето на Преспанскиот договор се имаат зајакнато перцепцијата и позицијата на земјава на меѓународно ниво. Огромни придобивки, како што кажа, има и од потпишувањето на  Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија.

-Токму поради таа причина за ЕУ е од огромна важност да може да се надгради оваа соработка и овие достигнувања коишто се направени досега и да се работи на целосна имплементација на сите три договори коишто ќе придонесат за поскоро зачленување, всушност за забрзување на евроинтегративниот пат на вашата земја, порача Гир.

Како што рече, со нетрпение очекуваат да се формира што е можно поскоро стабилна влада којашто ќе ги преземе сите неопходни чекори за имплементација на сите реформи и зачленување на државата во Европската унија.

The post Гир: Од огромна важност е да се работи на целосна имплементација на Преспанскиот, Охридскиот и Договорот за добрососедски односи appeared first on Република.

Заев, Филипче, Димитров и Бучковски во Атина ќе слават шест години Преспански договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-filipche-dimitrov-i-buchkovski-vo-atina-ke-slavat-shest-godini-prespanski-dogovor/ Wed, 05 Jun 2024 07:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=784816

Иднината на Европа по европските избори, интегративниот процес на Западен Балкан, геополитичките случувања во Источен Медитеран, мирното решавање на споровите, справувањето со климатската криза, но и во европските економски случувања, ќе бидат главните теми на дводневната Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“, јави дописничката на МИА од Грција.

Конференцијата ќе се одржи во Атина, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, планирано е учество на шефови на меѓународни организации, премиери, еврокомесари, водечки владини претставници, поранешни претседатели, премиери и министри за надворешни работи, како и „претставници на партии од целиот демократски спектар со акцентот на централно левичарски, левичарски и прогресивни сили“.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, од Македонија, на конференцијата планирано е да учествуваат поранешните премиери Зоран Заев и Владо Бучковски, поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер Никола Димитров и Венко Филипче како директор на „Фондацијата Заев“.

Дополнително, според истите информации, планирано е учество и на четворица европски комесари, на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, на премиерот на Србија Милош Вучевиќ, на поранешните премиери на Шведска и Грција Стефан Лофвен и Јоргос Папандреу, поранешниот претседател на ЕП Мартин Шолц, на поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, како и на градоначалниците на Атина и Истанбул.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ќе се обрати преку видеопорака, во пресрет на доделувањето на „Наградата од Преспа“ за специјалниот претставник на ОН во преговорите Метју Нимиц, кој исто така ќе биде присутен на конференцијата, за неговиот придонес во Договорот од Преспа.

На дводневната конференција, според истите информации на МИА, планирани се низа панел дискусии, меѓу кои и една на која Заев и Ципрас ќе одговараат на прашања поврзани со Договорот од Преспа.

Меѓународната конференција ќе биде прва од низата настани и иницијативи на „Институтот Алексис Ципрас“ во следниот период со цел да започне поширок јавен дијалог за иднината на Грција и Европа.

The post Заев, Филипче, Димитров и Бучковски во Атина ќе слават шест години Преспански договор appeared first on Република.

]]>

Иднината на Европа по европските избори, интегративниот процес на Западен Балкан, геополитичките случувања во Источен Медитеран, мирното решавање на споровите, справувањето со климатската криза, но и во европските економски случувања, ќе бидат главните теми на дводневната Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“, јави дописничката на МИА од Грција. Конференцијата ќе се одржи во Атина, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, планирано е учество на шефови на меѓународни организации, премиери, еврокомесари, водечки владини претставници, поранешни претседатели, премиери и министри за надворешни работи, како и „претставници на партии од целиот демократски спектар со акцентот на централно левичарски, левичарски и прогресивни сили“. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, од Македонија, на конференцијата планирано е да учествуваат поранешните премиери Зоран Заев и Владо Бучковски, поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер Никола Димитров и Венко Филипче како директор на „Фондацијата Заев“. Дополнително, според истите информации, планирано е учество и на четворица европски комесари, на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, на премиерот на Србија Милош Вучевиќ, на поранешните премиери на Шведска и Грција Стефан Лофвен и Јоргос Папандреу, поранешниот претседател на ЕП Мартин Шолц, на поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, како и на градоначалниците на Атина и Истанбул. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ќе се обрати преку видеопорака, во пресрет на доделувањето на „Наградата од Преспа“ за специјалниот претставник на ОН во преговорите Метју Нимиц, кој исто така ќе биде присутен на конференцијата, за неговиот придонес во Договорот од Преспа. На дводневната конференција, според истите информации на МИА, планирани се низа панел дискусии, меѓу кои и една на која Заев и Ципрас ќе одговараат на прашања поврзани со Договорот од Преспа. Меѓународната конференција ќе биде прва од низата настани и иницијативи на „Институтот Алексис Ципрас“ во следниот период со цел да започне поширок јавен дијалог за иднината на Грција и Европа.

The post Заев, Филипче, Димитров и Бучковски во Атина ќе слават шест години Преспански договор appeared first on Република.

]]>
Има Skopia или FIROM, името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале, вели претседателката Сиљановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ima-skopia-ili-firom-imeto-shto-od-nas-baraat-da-go-pochituvame-tie-nikade-ne-go-istaknale-veli-pretsedatelkata-silanovska-davkova/ Tue, 28 May 2024 05:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=782222

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен факт кој ќе го почитува иако е критичар на неговата содржина, но очекува и грчката страна да даде пример.

Сиљановска Давкова на вчерашниот настан по повод 20-годишнината од постоењето на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор.

Јас го почитувам Преспанскиот договор - не гледам дека сум го повредила. Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам тука дека е тоа повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе го раскинувам Преспанскиот договор. Едно е што јас сум го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите Нации. Но, тоа е правен факт, тоа е реалност и јас ќе ја почитувам, рече Сиљановска Давкова.

Таа нагласи дека исто така верува во слободата на изразување на мислата, на самоидентификација и на самоопределување која потенцира дека не само што може да биде колективна и да се однесува на народите, туку може да биде и индивидуална.

Значи, за мене, слободата на мислата како дел од Универзалната декларација за слободите и правата, како дел од Конвенцијата за заштита на слободите и правата, како дел од Конвенцијата на ЕУ за фундаментални права, им овозможува на луѓето да се изјаснуваат по сопствено наоѓање и јас не гледам тука дека сум го повредила Преспанскиот договор, наведе претседателката Сиљановска Давкова.

Прашана дали ова може да се одрази на нашата ЕУ - перспектива таа посочи дека за тоа треба да се праша грчката страна. Сиљановска Давкова укажа и дека земјава ги смени документите за внатрешна употреба, и упати на одредба од Преспанскиот договор дека тоа ќе треба да се оствари пет години по неговото стапување во сила, но и по отворањето на првото поглавје. Таа при тоа праша дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така отстапување од Преспанскиот договор.

Не би можела јас да одговорам, бидејќи веројатно грчките претставници најдобро можат да кажат. Понекогаш и слушам некакви предупредуваа и закани, но јас вака велам дека точно е дека во меѓународното право важи начелото дека требна да се почитуваат договорите, но еве мислам секогаш кога бараме од другиот да стори нешто, логично е во една вин - вин логика да се запрашаме што сторивме ние. Јас мислам дека сите кои биле во Грција можат да видат дека токму името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале. Се уште има Скопје, Skopia, дури го има и акронимот на повеќе места, да не зборувам за меморандумите. Еве кога веќе ме прашавте само да кажам дека за мене најважниот мемораднум е оној за помошта при евроинтеграциите. Значи затоа очекувам со пример да се стори нешто и еве да укажам на уште нешто што исто така не се истакнува. Имено, ние ги сменивме и документите за внатрешна употреба, меѓутоа токму во однос на овие постапки, таму има во Преспанскиот договор се вика дека ќе почне примената, односно ќе треба да го оствариме ова пет години по неговото стапување во сила, ама пишува и по отворањето на првото поглавје. Јас имам прашање за себе, за Грција и за сите други дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така превид, не велам прекршување. Дали тоа не е исто така отстапување од Преспанскиот договор, рече претседателката Сиљановска Давкова.

The post Има Skopia или FIROM, името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале, вели претседателката Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен факт кој ќе го почитува иако е критичар на неговата содржина, но очекува и грчката страна да даде пример. Сиљановска Давкова на вчерашниот настан по повод 20-годишнината од постоењето на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор.
Јас го почитувам Преспанскиот договор - не гледам дека сум го повредила. Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам тука дека е тоа повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе го раскинувам Преспанскиот договор. Едно е што јас сум го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите Нации. Но, тоа е правен факт, тоа е реалност и јас ќе ја почитувам, рече Сиљановска Давкова.
Таа нагласи дека исто така верува во слободата на изразување на мислата, на самоидентификација и на самоопределување која потенцира дека не само што може да биде колективна и да се однесува на народите, туку може да биде и индивидуална.
Значи, за мене, слободата на мислата како дел од Универзалната декларација за слободите и правата, како дел од Конвенцијата за заштита на слободите и правата, како дел од Конвенцијата на ЕУ за фундаментални права, им овозможува на луѓето да се изјаснуваат по сопствено наоѓање и јас не гледам тука дека сум го повредила Преспанскиот договор, наведе претседателката Сиљановска Давкова.
Прашана дали ова може да се одрази на нашата ЕУ - перспектива таа посочи дека за тоа треба да се праша грчката страна. Сиљановска Давкова укажа и дека земјава ги смени документите за внатрешна употреба, и упати на одредба од Преспанскиот договор дека тоа ќе треба да се оствари пет години по неговото стапување во сила, но и по отворањето на првото поглавје. Таа при тоа праша дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така отстапување од Преспанскиот договор.
Не би можела јас да одговорам, бидејќи веројатно грчките претставници најдобро можат да кажат. Понекогаш и слушам некакви предупредуваа и закани, но јас вака велам дека точно е дека во меѓународното право важи начелото дека требна да се почитуваат договорите, но еве мислам секогаш кога бараме од другиот да стори нешто, логично е во една вин - вин логика да се запрашаме што сторивме ние. Јас мислам дека сите кои биле во Грција можат да видат дека токму името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале. Се уште има Скопје, Skopia, дури го има и акронимот на повеќе места, да не зборувам за меморандумите. Еве кога веќе ме прашавте само да кажам дека за мене најважниот мемораднум е оној за помошта при евроинтеграциите. Значи затоа очекувам со пример да се стори нешто и еве да укажам на уште нешто што исто така не се истакнува. Имено, ние ги сменивме и документите за внатрешна употреба, меѓутоа токму во однос на овие постапки, таму има во Преспанскиот договор се вика дека ќе почне примената, односно ќе треба да го оствариме ова пет години по неговото стапување во сила, ама пишува и по отворањето на првото поглавје. Јас имам прашање за себе, за Грција и за сите други дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така превид, не велам прекршување. Дали тоа не е исто така отстапување од Преспанскиот договор, рече претседателката Сиљановска Давкова.
 
The post Има Skopia или FIROM, името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале, вели претседателката Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Иако сум критичар на содржината на Преспанскиот договор, тој е правен акт и ќе го почитувам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-iako-sum-kritichar-na-sodrzhinata-na-prespanskiot-dogovor-toj-e-praven-akt-i-ke-go-pochituvam/ Mon, 27 May 2024 18:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=782187

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен акт кој ќе го почитува иако е критичар на неговата содржина.

Сиљановска Давкова вечерва при учество на настан по повод 20- годишнината од постоењето на Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор.

Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам тука дека е тоа повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе го раскинувам Преспанскиот договор. Едно е што јас сум го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите Нации. Но, тоа е правен факт, тоа е реалност и јас ќе ја почитувам, рече Сиљановска Давкова.

The post Сиљановска Давкова: Иако сум критичар на содржината на Преспанскиот договор, тој е правен акт и ќе го почитувам appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен акт кој ќе го почитува иако е критичар на неговата содржина. Сиљановска Давкова вечерва при учество на настан по повод 20- годишнината од постоењето на Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор.
Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам тука дека е тоа повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе го раскинувам Преспанскиот договор. Едно е што јас сум го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите Нации. Но, тоа е правен факт, тоа е реалност и јас ќе ја почитувам, рече Сиљановска Давкова.
 
The post Сиљановска Давкова: Иако сум критичар на содржината на Преспанскиот договор, тој е правен акт и ќе го почитувам appeared first on Република.

]]>
Ќе го почитуваме и ќе се грижиме да е почитуван Договорот од Преспа, ветува грчкиот министер за надворешни работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ke-go-pochituvame-i-ke-se-grizhime-da-e-pochituvan-dogovorot-od-prespa-vetuva-grchkiot-minister-za-nadvoreshni-raboti/ Sun, 26 May 2024 15:31:45 +0000 https://republika.mk/?p=781840

Договорот од Преспа ќе го почитуваме и ќе се грижиме за негово верно почитување, не само затоа што државата има континуитет, туку и затоа што е очигледно дека е ратификуван договор и не постои можност да го измениме еднострано, па она што мораме да го сториме е да сме сигурни дека другата страна доследно го спроведува, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Герапетритис посочи дека Грција го следи почитувањето на Договорот од Преспа, но и истакна дека во самиот текст не е предвидено ниту еднострано да се смени, ниту да се поништи, објаснувајќи ги главните карактеристики на Договорот.

Прво и основно е дека станува збор за меѓународен договор што беше ратификуван од двата Парламенти и ова значи дека во моментов не може да биде еднострано изменет од ниедна страна. Дури и да постои волја од Македонија или Грција за еднострано да го изменат Договорот, тоа не може да се направи. Второ, Договорот од Преспа беше под покровителство на ОН, присуствуваше претставник на Организацијата на Обединетите нации и ова му дава поголема меѓународна сила. Трето, постои процес предвиден во Договорот од Преспа, што претставува процедура при прекршување. Не е предвидена можност за еднострано поништување, појасни шефот на грчката дипломатија.

За решавањето на евентуалните спорови, објасни дека предвидено е покренување процес „со испраќање допис до страната што го прекршила Договорот, можна е, но не и неопходна употреба на добрите услуги на генералниот секретар на ОН и на крај одлука на Меѓународниот суд“.

Што значи дека не станува збор за процес за еднострано поништување, истакна Герапетритис.

Потсети дека актуелната грчка Влада, како опозиција, „навреме укажа на проблемите од Договорот од Преспа“, објаснувајќи дека тоа се „политички, геополитички, но и технички проблеми“.

Од почетокот рековме дека овој Договор е штетен. Сепак, јасно е, и премиерот го кажа тоа од Парламентот за време на ратификацијата, како лидер на опозицијата. Договорот ќе го почитуваме и ќе се грижиме за негово верно почитување. Зошто? Не само затоа што државата има континуитет, туку и затоа што е очигледно дека со создавањето на конкретната геополитичка средина и имајќи го во моментов ратификувано Договорот и неможност да го измениме еднострано, она што мораме да го сториме е да сме сигурни дека другата страна доследно го спроведува, истакна министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за „Скај“, пренесе МИА.

Герапетритис порача дека како и за сите теми во надворешната политика, така и во односите со Македонија, тие се подготвени за сите сценарија, посочувајќи дека ова се покажа и со нивната реакција по инаугурацијата на претседателката.

За евентуална средба со неговиот македонски колега, објасни дека земјата сè уште има техничка Влада, а штом добие нова во текот на јуни, Атина ќе ги преземеме неопходните чекори.

The post Ќе го почитуваме и ќе се грижиме да е почитуван Договорот од Преспа, ветува грчкиот министер за надворешни работи appeared first on Република.

]]>

Договорот од Преспа ќе го почитуваме и ќе се грижиме за негово верно почитување, не само затоа што државата има континуитет, туку и затоа што е очигледно дека е ратификуван договор и не постои можност да го измениме еднострано, па она што мораме да го сториме е да сме сигурни дека другата страна доследно го спроведува, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Герапетритис посочи дека Грција го следи почитувањето на Договорот од Преспа, но и истакна дека во самиот текст не е предвидено ниту еднострано да се смени, ниту да се поништи, објаснувајќи ги главните карактеристики на Договорот.
Прво и основно е дека станува збор за меѓународен договор што беше ратификуван од двата Парламенти и ова значи дека во моментов не може да биде еднострано изменет од ниедна страна. Дури и да постои волја од Македонија или Грција за еднострано да го изменат Договорот, тоа не може да се направи. Второ, Договорот од Преспа беше под покровителство на ОН, присуствуваше претставник на Организацијата на Обединетите нации и ова му дава поголема меѓународна сила. Трето, постои процес предвиден во Договорот од Преспа, што претставува процедура при прекршување. Не е предвидена можност за еднострано поништување, појасни шефот на грчката дипломатија.
За решавањето на евентуалните спорови, објасни дека предвидено е покренување процес „со испраќање допис до страната што го прекршила Договорот, можна е, но не и неопходна употреба на добрите услуги на генералниот секретар на ОН и на крај одлука на Меѓународниот суд“.
Што значи дека не станува збор за процес за еднострано поништување, истакна Герапетритис.
Потсети дека актуелната грчка Влада, како опозиција, „навреме укажа на проблемите од Договорот од Преспа“, објаснувајќи дека тоа се „политички, геополитички, но и технички проблеми“.
Од почетокот рековме дека овој Договор е штетен. Сепак, јасно е, и премиерот го кажа тоа од Парламентот за време на ратификацијата, како лидер на опозицијата. Договорот ќе го почитуваме и ќе се грижиме за негово верно почитување. Зошто? Не само затоа што државата има континуитет, туку и затоа што е очигледно дека со создавањето на конкретната геополитичка средина и имајќи го во моментов ратификувано Договорот и неможност да го измениме еднострано, она што мораме да го сториме е да сме сигурни дека другата страна доследно го спроведува, истакна министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за „Скај“, пренесе МИА.
Герапетритис порача дека како и за сите теми во надворешната политика, така и во односите со Македонија, тие се подготвени за сите сценарија, посочувајќи дека ова се покажа и со нивната реакција по инаугурацијата на претседателката. За евентуална средба со неговиот македонски колега, објасни дека земјата сè уште има техничка Влада, а штом добие нова во текот на јуни, Атина ќе ги преземеме неопходните чекори.

The post Ќе го почитуваме и ќе се грижиме да е почитуван Договорот од Преспа, ветува грчкиот министер за надворешни работи appeared first on Република.

]]>
Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/famelos-mitsotakis-bara-sosednata-zemja-da-go-pochituva-dogovorot-pa-odi-niz-grtsija-i-veli-deka-toj-e-losh/ Fri, 24 May 2024 15:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=781455

Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот, истакна од Парламентот, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос и посочи дека ратификацијата на трите меморандуми, ќе ја унапредеше соработката, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако инфлацијата и поскапувањата на цените е главната тема на денешната расправа во Парламентот на ниво на лидери на партии, Фамелос се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада.

За Cеверна Македонија, јасно да ви кажам дека е проблематично, нашите сојузници и меѓународните партнери да го слушаат премиерот да вели: ја повикувам Владата на соседната земја да го имплементира Договорот, а во внатрешноста на земјата истите партнери да слушаат премиерот и функционерите да велат дека е негативен Договорот, посочи Фамелос.

Дополнително потенцираше дека тие од прв момент го осудиле „прекршувањето на уставното име, усно од претседателката и премиерот на Македонија“.

Јасно бараме почитување на Договорот. Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Но, избор на господинот Мицотакис беше да остави празен простор за да постои иредентизам, за да постои отстапка и ова го направи затоа што ѝ даде зелена карта на сестринската партија на Нова демократија да произведува иредентизам, бидејќи ВМРО е сестринска партија на Нова демократија, рече Фамелос.

Во однос на трите меморандуми кои СИРИЗА повторно ги достави во Парламентот истакна дека „ратификацијата ќе ја унапредеше соработката, а ќе имаше напредок и во прашањата што за учебниците, таблите, трговските имиња‘

Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.

Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“. Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

The post Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош appeared first on Република.

]]>

Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот, истакна од Парламентот, претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос и посочи дека ратификацијата на трите меморандуми, ќе ја унапредеше соработката, јави дописничката на МИА од Атина. Иако инфлацијата и поскапувањата на цените е главната тема на денешната расправа во Парламентот на ниво на лидери на партии, Фамелос се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада.
За Cеверна Македонија, јасно да ви кажам дека е проблематично, нашите сојузници и меѓународните партнери да го слушаат премиерот да вели: ја повикувам Владата на соседната земја да го имплементира Договорот, а во внатрешноста на земјата истите партнери да слушаат премиерот и функционерите да велат дека е негативен Договорот, посочи Фамелос.
Дополнително потенцираше дека тие од прв момент го осудиле „прекршувањето на уставното име, усно од претседателката и премиерот на Македонија“.
Јасно бараме почитување на Договорот. Земјата треба да го продлабочи Договорот од Преспа, бидејќи тоа им служи на националните интереси и на мирот. Но, избор на господинот Мицотакис беше да остави празен простор за да постои иредентизам, за да постои отстапка и ова го направи затоа што ѝ даде зелена карта на сестринската партија на Нова демократија да произведува иредентизам, бидејќи ВМРО е сестринска партија на Нова демократија, рече Фамелос.
Во однос на трите меморандуми кои СИРИЗА повторно ги достави во Парламентот истакна дека „ратификацијата ќе ја унапредеше соработката, а ќе имаше напредок и во прашањата што за учебниците, таблите, трговските имиња‘ Паралелно побара одговор од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дали ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес.
Во воведниот извештај на трите меморандуми што ги доставивме, министрите на Нова Демократија во 2020 година со нивните имиња потпишуваат фраза што вели „ратификацијата на меморандумите е прашање од национален интерес“. Прашувам, лажни се потписите или се од национален интерес, но ги замрзнувате сега? Бидејќи постојат потписи, на десетина ваши министри, истакна претседателот на пратеничката група на СИРИЗА.

The post Фамелос: Мицотакис бара соседната земја да го почитува Договорот, па оди низ Грција и вели дека тој е лош appeared first on Република.

]]>
Каселакис: Мицотакис е пресреќен што Договорот од Преспа беше постигнат пред тој да ја презеде власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kaselakis-mitsotakis-e-presreken-shto-dogovorot-od-prespa-beshe-postignat-pred-toj-da-ja-prezede-vlasta/ Thu, 23 May 2024 08:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=781020

Протоколите се позитивни за Грција и од геополитички причини и од економски-развојни причини и добро е да се ратификуваат, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката телевизија „Action24“, говорејќи за трите меморандуми со Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на главната грчка опозициска партија истакна дека прашањето е зошто актуелната Влада чекаше толку години за ратификација и посочи дека тие нема да го решат „проблемот што го создаде Нова демократија“.

Истакна дека предизборно, во 2019 година Нова демократија беше против Договорот, а сега не кажува јасно дали е корисен или штетен за Грција.

Сега испраќа збунувачка порака и не разбираме дали е „за“ или „против“ договорот. Еден договор, особено со таков углед и опсег, или е корисен или е штетен за нашата земја. Не може да биде нешто на средина, посочи Каселакис.

Паралелно потенцираше дека „ако е корисен за земјата нека го каже тоа премиерот“.

Премиерот не ви ја кажува вистината, премиерот не ја кажува вистината за овој Договор. Сигурен сум дека самиот е многу среќен што овој договор беше постигнат пред тој да ја презеде власта, порача Каселакис.

The post Каселакис: Мицотакис е пресреќен што Договорот од Преспа беше постигнат пред тој да ја презеде власта appeared first on Република.

]]>

Протоколите се позитивни за Грција и од геополитички причини и од економски-развојни причини и добро е да се ратификуваат, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката телевизија „Action24“, говорејќи за трите меморандуми со Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на главната грчка опозициска партија истакна дека прашањето е зошто актуелната Влада чекаше толку години за ратификација и посочи дека тие нема да го решат „проблемот што го создаде Нова демократија“. Истакна дека предизборно, во 2019 година Нова демократија беше против Договорот, а сега не кажува јасно дали е корисен или штетен за Грција.
Сега испраќа збунувачка порака и не разбираме дали е „за“ или „против“ договорот. Еден договор, особено со таков углед и опсег, или е корисен или е штетен за нашата земја. Не може да биде нешто на средина, посочи Каселакис.
Паралелно потенцираше дека „ако е корисен за земјата нека го каже тоа премиерот“.
Премиерот не ви ја кажува вистината, премиерот не ја кажува вистината за овој Договор. Сигурен сум дека самиот е многу среќен што овој договор беше постигнат пред тој да ја презеде власта, порача Каселакис.

The post Каселакис: Мицотакис е пресреќен што Договорот од Преспа беше постигнат пред тој да ја презеде власта appeared first on Република.

]]>
Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naumovski-sdsm-izbrza-i-pretera-so-implementirane-na-severna-nasekade/ Thu, 16 May 2024 12:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=778842

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски денеска во изјава за медиумите истакна дека новата додавка на името на државата треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје.

По денешната панел-дискусија и промоција на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”, Наумовски посочи дека некои аспекти на имплементацијата на Преспанскиот договор се направени предвреме и избрзано штом, како што рече, земјава ги нема отворено преговорите за членство со ЕУ и нема отворено ниту едно поглавје.

Имено, доколку детално се анализираат одредбите, ќе видиме дека претходната Влада на СДСМ отиде и предалеку со имплементацијата на Преспанскиот договор во внатрешната употреба и документите кои се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, односно некои одредби кои што требаше да бидат имплементирани постепено согласно отворањето на поглавјата за приговорите со Европската унија беа имплементирани избрзано. Доколку ја направиме анализата, ќе видиме дека самиот договор предвидува постепено имплементирање на додавката во документите согласно отворањето на поглавјата, односно новата додавка треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. Ние ги немаме отворено преговорите за членство со Европската унија и немаме отворено ниту едно поглавје, што значи дека некои аспекти на имплементацијата се направени предвреме и избрзано, рече Наумовски.

Според поранешниот вицепремиер Наумовски, избегнувањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го каже целосното уставно име на државата во нејзината свечена изјава не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор.

Она што професорката Сиљановска Давкова го направи, според мене, не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор, туку ние сме доведени во ситуација да го толкуваме Преспанскиот договор од гледна точка на Грција. Она што било претходно направено, таа избрзана и предвремена имплементација, според мене, било погрешно. Можеби е добро да се направи детална анализа што всушност треба да значи внатрешната употреба на Преспанскиот договор и како таа да се употребува понатаму. За очекување беше дека нашите соседи нема да го игнорираат овој потег, меѓутоа сметам дека ние би требало малку подлабоко да гледаме на ова прашање, односно да видиме дали во суштина некои одредби од т.н Преспански договор се прекршени или не, и што всушност значи неговата примена во документите што се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, рече Наумовски, потенцирајќи дека ставот на Сиљановска Давкова по ова прашање бил јавно деклариран уште во нејзината предизборна кампања и таа останала доследна на она што го ветувала на граѓаните.

The post Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски денеска во изјава за медиумите истакна дека новата додавка на името на државата треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. По денешната панел-дискусија и промоција на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”, Наумовски посочи дека некои аспекти на имплементацијата на Преспанскиот договор се направени предвреме и избрзано штом, како што рече, земјава ги нема отворено преговорите за членство со ЕУ и нема отворено ниту едно поглавје.
Имено, доколку детално се анализираат одредбите, ќе видиме дека претходната Влада на СДСМ отиде и предалеку со имплементацијата на Преспанскиот договор во внатрешната употреба и документите кои се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, односно некои одредби кои што требаше да бидат имплементирани постепено согласно отворањето на поглавјата за приговорите со Европската унија беа имплементирани избрзано. Доколку ја направиме анализата, ќе видиме дека самиот договор предвидува постепено имплементирање на додавката во документите согласно отворањето на поглавјата, односно новата додавка треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. Ние ги немаме отворено преговорите за членство со Европската унија и немаме отворено ниту едно поглавје, што значи дека некои аспекти на имплементацијата се направени предвреме и избрзано, рече Наумовски.
Според поранешниот вицепремиер Наумовски, избегнувањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го каже целосното уставно име на државата во нејзината свечена изјава не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор.
Она што професорката Сиљановска Давкова го направи, според мене, не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор, туку ние сме доведени во ситуација да го толкуваме Преспанскиот договор од гледна точка на Грција. Она што било претходно направено, таа избрзана и предвремена имплементација, според мене, било погрешно. Можеби е добро да се направи детална анализа што всушност треба да значи внатрешната употреба на Преспанскиот договор и како таа да се употребува понатаму. За очекување беше дека нашите соседи нема да го игнорираат овој потег, меѓутоа сметам дека ние би требало малку подлабоко да гледаме на ова прашање, односно да видиме дали во суштина некои одредби од т.н Преспански договор се прекршени или не, и што всушност значи неговата примена во документите што се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, рече Наумовски, потенцирајќи дека ставот на Сиљановска Давкова по ова прашање бил јавно деклариран уште во нејзината предизборна кампања и таа останала доследна на она што го ветувала на граѓаните.

The post Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siriza-ne-znae-koga-i-kako-ama-tvrdi-deka-ke-gi-podnese-memorandumite-so-makedonija-vo-grchkiot-parlament/ Tue, 14 May 2024 11:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=777952

СИРИЗА во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Македонија, соопшти портпаролката на грчката опозициска партија Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на кој начин ќе го сторат тоа, објасни дека ги разгледуваат можностите и веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива.

Кехаја истакна дека СИРИЗА, која како Влада го промовираше и ратификуваше Договорот од Преспа „без во ниеден момент да не ја земе предвид политичката цена, туку исклучиво ставајќи го над сè националниот интерес“, следниот период ќе ги донесе за ратификација протоколите за соработка, за кои коментираше дека Владата на Мицотакис „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.

Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?, објасни Кехаја на прашањето на МИА за начинот на кој СИРИЗА би ги донел меморандумите.

На денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на СИРИЗА упати прашање до актуелната грчка Влада, зошто, како што рече, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Cеверна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“

Еден овие протоколи се однесува на интеграцијата на Cеверна Македонија во Европската Унија. Ова немаше да биде преговарачка карта за нашата Влада да изврши притисок врз Cеверна Македонија, да се усогласи со Договорот, а во спротивно нема да се отвори патот кон Европската Унија?, праша портпаролката на СИРИЗА.

Дополнително ја праша грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“.

Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, а веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент.

The post СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент appeared first on Република.

]]>

СИРИЗА во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Македонија, соопшти портпаролката на грчката опозициска партија Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на кој начин ќе го сторат тоа, објасни дека ги разгледуваат можностите и веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива. Кехаја истакна дека СИРИЗА, која како Влада го промовираше и ратификуваше Договорот од Преспа „без во ниеден момент да не ја земе предвид политичката цена, туку исклучиво ставајќи го над сè националниот интерес“, следниот период ќе ги донесе за ратификација протоколите за соработка, за кои коментираше дека Владата на Мицотакис „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.
Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?, објасни Кехаја на прашањето на МИА за начинот на кој СИРИЗА би ги донел меморандумите.
На денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на СИРИЗА упати прашање до актуелната грчка Влада, зошто, како што рече, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Cеверна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“
Еден овие протоколи се однесува на интеграцијата на Cеверна Македонија во Европската Унија. Ова немаше да биде преговарачка карта за нашата Влада да изврши притисок врз Cеверна Македонија, да се усогласи со Договорот, а во спротивно нема да се отвори патот кон Европската Унија?, праша портпаролката на СИРИЗА.
Дополнително ја праша грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“. Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, а веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент.

The post СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент appeared first on Република.

]]>
Каселaкис: Договорот од Преспа беше многу добар договор за Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kaselakis-dogovorot-od-prespa-beshe-mnogu-dobar-dogovor-za-grtsija/ Fri, 15 Mar 2024 18:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=755231

Многу добар договор за Грција, го карактеризираше, лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за грчката телевизија „Антена“, Каселакис се осврна периодот кога на власт беше претходниот претстедател на СИРИЗА, Алексис Ципрас и во однос на решението сo Македонија истакна дека „беше многу добар договор за земјата“, а на прашањето дали и тој би го донел договорот, кусо одговори позитивно.

Можеби веќе знаете, дека господинот Коѕијас не само што ја ужива мојата доверба, туку навистина е еден од моите советници. И претставува пример за тоа како некој управува со преговорите. И тоа не важи само за Преспа, туку и за Кран Монтана за кипарското прашање во 2017 година, рече Каселакис.

The post Каселaкис: Договорот од Преспа беше многу добар договор за Грција appeared first on Република.

]]>

Многу добар договор за Грција, го карактеризираше, лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за грчката телевизија „Антена“, Каселакис се осврна периодот кога на власт беше претходниот претстедател на СИРИЗА, Алексис Ципрас и во однос на решението сo Македонија истакна дека „беше многу добар договор за земјата“, а на прашањето дали и тој би го донел договорот, кусо одговори позитивно.
Можеби веќе знаете, дека господинот Коѕијас не само што ја ужива мојата доверба, туку навистина е еден од моите советници. И претставува пример за тоа како некој управува со преговорите. И тоа не важи само за Преспа, туку и за Кран Монтана за кипарското прашање во 2017 година, рече Каселакис.

The post Каселaкис: Договорот од Преспа беше многу добар договор за Грција appeared first on Република.

]]>
Од „Скопие“ во „Скопје“: Грција завчера го информирала Османи дека сменила 1 (еден) сообраќаен знак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-skopie-vo-skopje-grtsija-zavchera-go-informirala-osmani-deka-smenila-1-eden-soobrakaen-znak/ Sat, 17 Feb 2024 07:39:41 +0000 https://republika.mk/?p=745021

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека суштинскиот дел од Преспанскиот договор е испочитуван од двете странии, а во делот на обврските за сообраќајните знаци од Грција информирале дека смениле еден знак.

Ние во 95 проценти ако можам да кажам сме ги исполниле нашите обврски. Грција во својот суштински дел, а тоа е поддршка на НАТО и ЕУ интеграцијата, го има испочитувано. Ние сме останале во неколку институции каде надлежноста не е на Владата, на пример МАНУ, МРТ и федерациите. Тоа е што е останато во нашиот дел. Грција има во делот на одредени сообраќајни знаци, дури вчера не информираа дека еден знак го имаат сменето, и три договори коишто не се директно поврзани со Преспа, рече Османи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, снимено пред неговото заминување на Минхенската безбедносна конференција.

Стоеше, дополни, Скопие, а сега е Скопје, од вчера мислам се сменети.

Затоа што насоките се до градовите, а не до државите, такви се правилата на сообраќајните знаци. Но, отприлика тука сме во исполнувањето од двете страни, вели Османи.

Доколку има суштински проблеми во имплементирањето на Договорот, како што рече, во кое било време може да побараме да се свика т.н. висок совет што го водат премиерите заедно со дел од министрите.

https://youtu.be/uOkZI8bQqWU?si=NQPqAhOB1NTEC_kQ

Во однос на можноста да биде кандидат за претседател на државата, Османи рече дека тоа „зависи од проценките каде е најкорисен“ и оти „остава тоа да се одлучи во структурите на партијата“.

Мислам дека ако ДУИ има кандидат тој е сериозен кандидат за да победи, но треба да се направат добри проценки за да се даде понуда која е согасано времето во кое живееме, предизвиците кои ги имаме и очекувањата на граѓаните. Тоа треба да се калкулира за да имаме понуда која не е за да се тестира туку за да се победи, рече Османи.

Во однос на тоа дали по непотпишувањето на указот за Законот за игри на среќа претседателот Стево Пендаровски нема да може да смета на поддршка од ДУИ во случај повторно да се кандидира, рече дека тие две работи не се поврзани и повтори дека е дискутабилно образложението дека непотпишувањето е заради европското знаменце.

Законот, како што рече, беше важен затоа што беше предизборно ветување на ДУИ на кое инсистираат заради оддалечувањето за 500 метри на обложувалниците од објектите каде гравитираат младите.

За него, т.н „Хашки случаи“ се затворени, а лидерот на ДУИ Али Ахмети нема да се соочи со неславен крај.

Прашан зошто толку долго не го објавувале во јавноста писмото на комесарката за човекови права во Советот на Европа, Мијатович која бара реактивирање на хашките случаи, рече дека тоа писмо го видел од медиумите и оти нема коментар, но оти таа тема се отвора пред секои избори.

Јас од медиумите го видов тоа писмо, не сум го видел претходно. Тоа е апсолвирано прашање, бидејќи ниту имало процес во Хаг и тука е констатирано дека нема основи за процеси, рече Османи, посочувајќи дека апсолутно смета дека хашките случаи се затворени.

The post Од „Скопие“ во „Скопје“: Грција завчера го информирала Османи дека сменила 1 (еден) сообраќаен знак appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека суштинскиот дел од Преспанскиот договор е испочитуван од двете странии, а во делот на обврските за сообраќајните знаци од Грција информирале дека смениле еден знак.
Ние во 95 проценти ако можам да кажам сме ги исполниле нашите обврски. Грција во својот суштински дел, а тоа е поддршка на НАТО и ЕУ интеграцијата, го има испочитувано. Ние сме останале во неколку институции каде надлежноста не е на Владата, на пример МАНУ, МРТ и федерациите. Тоа е што е останато во нашиот дел. Грција има во делот на одредени сообраќајни знаци, дури вчера не информираа дека еден знак го имаат сменето, и три договори коишто не се директно поврзани со Преспа, рече Османи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, снимено пред неговото заминување на Минхенската безбедносна конференција.
Стоеше, дополни, Скопие, а сега е Скопје, од вчера мислам се сменети.
Затоа што насоките се до градовите, а не до државите, такви се правилата на сообраќајните знаци. Но, отприлика тука сме во исполнувањето од двете страни, вели Османи.
Доколку има суштински проблеми во имплементирањето на Договорот, како што рече, во кое било време може да побараме да се свика т.н. висок совет што го водат премиерите заедно со дел од министрите. https://youtu.be/uOkZI8bQqWU?si=NQPqAhOB1NTEC_kQ Во однос на можноста да биде кандидат за претседател на државата, Османи рече дека тоа „зависи од проценките каде е најкорисен“ и оти „остава тоа да се одлучи во структурите на партијата“. Мислам дека ако ДУИ има кандидат тој е сериозен кандидат за да победи, но треба да се направат добри проценки за да се даде понуда која е согасано времето во кое живееме, предизвиците кои ги имаме и очекувањата на граѓаните. Тоа треба да се калкулира за да имаме понуда која не е за да се тестира туку за да се победи, рече Османи. Во однос на тоа дали по непотпишувањето на указот за Законот за игри на среќа претседателот Стево Пендаровски нема да може да смета на поддршка од ДУИ во случај повторно да се кандидира, рече дека тие две работи не се поврзани и повтори дека е дискутабилно образложението дека непотпишувањето е заради европското знаменце. Законот, како што рече, беше важен затоа што беше предизборно ветување на ДУИ на кое инсистираат заради оддалечувањето за 500 метри на обложувалниците од објектите каде гравитираат младите. За него, т.н „Хашки случаи“ се затворени, а лидерот на ДУИ Али Ахмети нема да се соочи со неславен крај. Прашан зошто толку долго не го објавувале во јавноста писмото на комесарката за човекови права во Советот на Европа, Мијатович која бара реактивирање на хашките случаи, рече дека тоа писмо го видел од медиумите и оти нема коментар, но оти таа тема се отвора пред секои избори.
Јас од медиумите го видов тоа писмо, не сум го видел претходно. Тоа е апсолвирано прашање, бидејќи ниту имало процес во Хаг и тука е констатирано дека нема основи за процеси, рече Османи, посочувајќи дека апсолутно смета дека хашките случаи се затворени.

The post Од „Скопие“ во „Скопје“: Грција завчера го информирала Османи дека сменила 1 (еден) сообраќаен знак appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ги гледаме плодовите од владата на Заев и потпишувањето на Преспански https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-gi-gledame-plodovite-od-vladata-na-zaev-i-potpishuvaneto-na-prespanski/ Tue, 13 Feb 2024 21:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=743794

Ситуацијата е срамна и понижувачка, граѓаните, пред сè тука би рекол етничките Македонци, се вторпат понижени. Првпат беа понижени кога се промени името на државата со срамниот Преспански договор во јуни месец 2018 година, а сега се вторпат понижени кога треба да ги менуваат основните лични документи како би можеле да комуницираат во земјата и во странство. Така што сега ги гледаме плодовите на Преспанскиот договор кои ништо добро не донесоа за Македонија, туку донесоа многу лоши работи и гледаме дека обврските кои ги презема со Преспанскиот договор Владата на Заев, а ги продолжи Димитар Ковачевски, фикс во двете е Али Ахмети очигледно се далеку, далеку полоши од тогаш што се споменуваше во јавност, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Тој ја потсети јавноста дека не случајно уште од тогаш жестоко го критикувал договорот и каде јавно го обзнанувал член по член додека тој договор се криеше од јавноста.

Дел луѓе тогаш веруваа, дел не веруваа постоеше една еуфорија околу Зоран Заев дека работите се решаваат и ќе одат на подобро, но и многумина поверуваа. Не случајно референдумот за промена на името не успеа, иако власта тврди дека било спротивното, факт е дека немаше цензус и останаа дома, тоа беше јасен факт дека се против Преспанскиот договор, но неговите последици и отровни плодови ги гледаме сега, ова е врвот на понижување. Јас не знам за втор пример во цивилизирана држава да ѝ се наметнува на држава да промени име и при тоа да граѓаните доброволно молат да ги менуваат документите кои се нивни лични, личната карта не случајно се вика лична карта, возачката дозвола и пасошот како три основни документи што покажуваат дека одреден човек е жител на демократска држава, вели Николоски.

Тој истакна дека перцепцијата на граѓаните за неспособноста на СДСМ, ДУИ и Оливер Спасовски е апсолутно точна.

Кај народот деновиве перцепцијата е дека суштината за неспособност на СДСМ и ДУИ и на Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи и тоа е апсолутно точно. Вториот проблем е зошто ние се доведовме како народ и како држава да гледаме дека Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ се неспособни а тоа е затоа што истите потпишаа договор дека ќе ги отвори портите на рајот а во суштина ги отвори портите на мизеријата, кажа Николоски.

Тој потенцираше дека ваква епска неспособност, ваква неможност за планирање, само говори за ниските капацитети.

Овие не биле во можност да направат план за следниот период, од друга страна сториле дузина кривични дела со тоа што користеле обрасци кои сега се неупотребливи, ги изложуваат граѓаните на дополнителни трошоци затоа што некој извадил пасош, лична карта или возачка пред година дена кој сега не му важат иако важноста е 10 – 20 години во зависност од документот и заради сето ова ние денеска објавивме дека ќе поднесеме кривична пријава до надлежното ЈО до скорешниот министер за внатрешни работи, до МВР со цел да одговараат за злоупотреба на средства, злоупотреба на службена положба и овластување од причина што свесно ги довеле граѓаните во двојни трошоци, но и во заблуда, изјави Николоски.

Тој продолжи и додаде дека ова понижување кое деновиве се гледа и им се случува на македонските граѓани е последица на катастрофален, исклучително лош договор кој се потпиша за промена на името на Македонија.

Неспособноста на Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ да организираат процес на реализација на обврската која ја презеле затоа што покажаа тотална неспособност ги натераа луѓето да мрзнат на минус 5, минус 10 степени да чекаат за да можат да се сликаат за пасош па потоа во истите колони за да можат да го земат пасошот и според она кое го имаме како бројки поголем дел од населението сеуште нема пасоши, најголем дел од населението за среќа нема лични карти заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ го блокираше законот бар за личните карти во домашна употреба да нема проблем и најголем дел од населението немаат возачки дозволи можеби 95%, еве по интервенција на ВМРО-ДПМНЕ тој проблем денеска се реши и се промени Законот во Собрание, дециден е Николоски.

Тој заклучи дека остриот настап во јавноста на министерот Панче Тошковски ги отворил очите на јавноста дека проблемот со личните документи може да се реши. Според Николоски проблемите еден по еден сега почнуваат да се решаваат.

The post Николоски: Ги гледаме плодовите од владата на Заев и потпишувањето на Преспански appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата е срамна и понижувачка, граѓаните, пред сè тука би рекол етничките Македонци, се вторпат понижени. Првпат беа понижени кога се промени името на државата со срамниот Преспански договор во јуни месец 2018 година, а сега се вторпат понижени кога треба да ги менуваат основните лични документи како би можеле да комуницираат во земјата и во странство. Така што сега ги гледаме плодовите на Преспанскиот договор кои ништо добро не донесоа за Македонија, туку донесоа многу лоши работи и гледаме дека обврските кои ги презема со Преспанскиот договор Владата на Заев, а ги продолжи Димитар Ковачевски, фикс во двете е Али Ахмети очигледно се далеку, далеку полоши од тогаш што се споменуваше во јавност, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа. Тој ја потсети јавноста дека не случајно уште од тогаш жестоко го критикувал договорот и каде јавно го обзнанувал член по член додека тој договор се криеше од јавноста.
Дел луѓе тогаш веруваа, дел не веруваа постоеше една еуфорија околу Зоран Заев дека работите се решаваат и ќе одат на подобро, но и многумина поверуваа. Не случајно референдумот за промена на името не успеа, иако власта тврди дека било спротивното, факт е дека немаше цензус и останаа дома, тоа беше јасен факт дека се против Преспанскиот договор, но неговите последици и отровни плодови ги гледаме сега, ова е врвот на понижување. Јас не знам за втор пример во цивилизирана држава да ѝ се наметнува на држава да промени име и при тоа да граѓаните доброволно молат да ги менуваат документите кои се нивни лични, личната карта не случајно се вика лична карта, возачката дозвола и пасошот како три основни документи што покажуваат дека одреден човек е жител на демократска држава, вели Николоски.
Тој истакна дека перцепцијата на граѓаните за неспособноста на СДСМ, ДУИ и Оливер Спасовски е апсолутно точна.
Кај народот деновиве перцепцијата е дека суштината за неспособност на СДСМ и ДУИ и на Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи и тоа е апсолутно точно. Вториот проблем е зошто ние се доведовме како народ и како држава да гледаме дека Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ се неспособни а тоа е затоа што истите потпишаа договор дека ќе ги отвори портите на рајот а во суштина ги отвори портите на мизеријата, кажа Николоски.
Тој потенцираше дека ваква епска неспособност, ваква неможност за планирање, само говори за ниските капацитети.
Овие не биле во можност да направат план за следниот период, од друга страна сториле дузина кривични дела со тоа што користеле обрасци кои сега се неупотребливи, ги изложуваат граѓаните на дополнителни трошоци затоа што некој извадил пасош, лична карта или возачка пред година дена кој сега не му важат иако важноста е 10 – 20 години во зависност од документот и заради сето ова ние денеска објавивме дека ќе поднесеме кривична пријава до надлежното ЈО до скорешниот министер за внатрешни работи, до МВР со цел да одговараат за злоупотреба на средства, злоупотреба на службена положба и овластување од причина што свесно ги довеле граѓаните во двојни трошоци, но и во заблуда, изјави Николоски.
Тој продолжи и додаде дека ова понижување кое деновиве се гледа и им се случува на македонските граѓани е последица на катастрофален, исклучително лош договор кој се потпиша за промена на името на Македонија.
Неспособноста на Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ да организираат процес на реализација на обврската која ја презеле затоа што покажаа тотална неспособност ги натераа луѓето да мрзнат на минус 5, минус 10 степени да чекаат за да можат да се сликаат за пасош па потоа во истите колони за да можат да го земат пасошот и според она кое го имаме како бројки поголем дел од населението сеуште нема пасоши, најголем дел од населението за среќа нема лични карти заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ го блокираше законот бар за личните карти во домашна употреба да нема проблем и најголем дел од населението немаат возачки дозволи можеби 95%, еве по интервенција на ВМРО-ДПМНЕ тој проблем денеска се реши и се промени Законот во Собрание, дециден е Николоски.
Тој заклучи дека остриот настап во јавноста на министерот Панче Тошковски ги отворил очите на јавноста дека проблемот со личните документи може да се реши. Според Николоски проблемите еден по еден сега почнуваат да се решаваат.

The post Николоски: Ги гледаме плодовите од владата на Заев и потпишувањето на Преспански appeared first on Република.

]]>
„Имавте доволно време“, вели Грција за промената на пасошите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/imavte-dovolno-vreme-veli-grtsija-za-promenata-na-pasoshite/ Thu, 01 Feb 2024 12:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=739389

Исклучително тешко е за Грција да прифати дека во период од пет години не беше можна замена на пасошите, брифираат грчки дипломатски извори во однос на издавањето нови патни исправи кај нас и додаваат дека Скопје не ја контактирало Атина за евентуално продолжување на рокот, јави дописничката на МИА од Атина.

Владините извори од Грција објаснуваат дека 12 февруари како краен датум за приспособување на документите, особено на патните исправи и регистарските таблици на автомобилите е временски рок одреден пред пет години, а официјална Атина очекува целосна имплементација.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина дали постоела комуникација и барање од Македонија до Грција за евентуално продолжување на рокот, грчките дипломатски извори одговараат негативно.

„Личните документи ќе се менуваат кога ќе им истече рокот, за граѓаните да немаат дополнителни трошоци“ – со заложби како оваа, пред 5 години, Владата предводена од Зоран Заев ја уверуваше јавноста, дека Преспанскиот договор, помеѓу другите последици, нема и финансиски да ги оптовари граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-vo-2018-uveruvashe-i-vetuvashe-deka-dokumentite-ke-ni-vazhat-do-istekot/

Во однос на трите меморандуми со Македонија, истите извори објаснуваат дека тие се поврзани и со почитувањето на Договорот од Преспа и како тој се имплементира, а во Парламентот за ратификација ќе бидат донесени во соодветното време кое ќе го одлучи грчката Влада.

Истите извори потенцираат дека Атина инсистира на доследно и строго почитување на Договорот од Преспа.

The post „Имавте доволно време“, вели Грција за промената на пасошите appeared first on Република.

]]>

Исклучително тешко е за Грција да прифати дека во период од пет години не беше можна замена на пасошите, брифираат грчки дипломатски извори во однос на издавањето нови патни исправи кај нас и додаваат дека Скопје не ја контактирало Атина за евентуално продолжување на рокот, јави дописничката на МИА од Атина. Владините извори од Грција објаснуваат дека 12 февруари како краен датум за приспособување на документите, особено на патните исправи и регистарските таблици на автомобилите е временски рок одреден пред пет години, а официјална Атина очекува целосна имплементација. На прашањето на дописничката на МИА од Атина дали постоела комуникација и барање од Македонија до Грција за евентуално продолжување на рокот, грчките дипломатски извори одговараат негативно.
„Личните документи ќе се менуваат кога ќе им истече рокот, за граѓаните да немаат дополнителни трошоци“ – со заложби како оваа, пред 5 години, Владата предводена од Зоран Заев ја уверуваше јавноста, дека Преспанскиот договор, помеѓу другите последици, нема и финансиски да ги оптовари граѓаните. https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-vo-2018-uveruvashe-i-vetuvashe-deka-dokumentite-ke-ni-vazhat-do-istekot/
Во однос на трите меморандуми со Македонија, истите извори објаснуваат дека тие се поврзани и со почитувањето на Договорот од Преспа и како тој се имплементира, а во Парламентот за ратификација ќе бидат донесени во соодветното време кое ќе го одлучи грчката Влада. Истите извори потенцираат дека Атина инсистира на доследно и строго почитување на Договорот од Преспа.

The post „Имавте доволно време“, вели Грција за промената на пасошите appeared first on Република.

]]>
Уставен одби да го оценува Законот за ратификација на Преспанскиот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-odbi-da-go-otsenuva-zakonot-za-ratifikatsija-na-prespanskiot-dogovor/ Thu, 21 Sep 2023 12:50:05 +0000 https://republika.mk/?p=683800

Уставниот суд денеска едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите, познатa во јавноста како „Договорот од Преспа“ и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Указот со кој е прогласен овој Закон.

Уставниот суд денеска едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993), и 848(1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу странките. Исто така, Судот одлучи да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Указот со кој е прогласен овој Закон и да ја отфрли иницијативата за оценување на законитоста на претходните два акти и нивната усогласеност со член 3 од Законот за склучување ратификација и извршување на меѓународни договори и Виенската конвенција за договорно право, информираше денеска претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска.

Таа рече дека Уставниот суд оценил дека Законот за ратификација на договорот е во согласност со Уставот, што значи останува дел од правниот поредок на државата.

За овој предмет беше спроведена темелна постапка, подготвителна седница и сеопфатна анализа на уставно судската пракса. Уставниот суд цени дека Указот не содржи правни норми. Не е пропис, тој е дел од процедурата и кога Уставниот суд укинува или поништува Закон, Указот не се укинува посебно, рече таа.

Како пример за ова го посочи веќе заземениот став на Судот во предметот во кој не беше поведена постапка за законот за Јавно обвинителство. Случај од мај годинва, во која Уставниот суд ја отфрли иницијативата со истото образложение за Указот, дека не претставува пропис.

Поголем дел од денешната дискусија во Уставен се водеше за непотпишувањето на указот од страна на претседателот на државава, своевремено Ѓорѓе Иванов, односно за неговата должност согласно членот 75 став 3 од Уставот да го потпише Указот.

Во поширок контекст во духот на Уставот и неговата примена, волјата на пратениците се персонифицира со волјата на граѓаните, наспроти волјата на само еден човек, бидејќи системот на владеењето на власта во нашата држава е парламентарна демократија, а не монархија. Суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните и Уставот и законите важат подеднакво за сите, па дури и за претседателот на Републиката кој согласно член 51, став 2 од Уставот е должен истите да ги почитува, нагласи Кацарска.

Таа сподели и пример од уставно судската пракса на овој суд, од 1996 година, кога судот не поведе постапка за оценување на уставност на член 1 од Законот за ратификација на привремената спогодба помеѓу Македонија и Грција, склучена во Њујорк 1995 година.

Следен аспект кој подлежи на анализа во овој предмет е рокот на објавување на Указот. Можеби некој ќе рече дека во Уставот не е предвиден рок во кој тој требал да го потпише Указот, на повторно доставениот закон, но, сметам дека тука нема ништо проблематично. Имено, неспорно е дека претседателот треба да го потпише Указот во рок од седум дена кога првпат му се доставува законот чиј што рок е предвиден во членот 38 од Законот за Собрание на РСМ, а потоа тој е должен да го потпише. Меѓутоа, тој ја злоупотребил уставната недореченост каде што навистина не е пропишан рок за повторно доставување на Законот, односно потпишување на повторно доставен закон, рече таа.

Од друга страна, дополни, Републиката презела меѓународни обврски согласно договорот и иако на претседателот му бил оставен подолг период тој сепак не го потпишал указот, а указот е објавен без негов потпис, туку само со потпис на претседателот на Собранието на РСМ.

Треба да се цени и фактот дека овој договор се доставува и до организацијата на ОН и потпишан е и од посредник во својство на сведок, Метју Нимиц. Закон може да се прогласи само еднаш, а во конкретниот случај истиот е прогласен. Уставот ја остварил целта Законот е прогласен, рече таа.

Во врска со членот 110 од Уставот, односно надлежноста на Уставниот Суд за меѓународните договори, Кацарска рече дека Судот нема надлежност да одлучува за согласност за меѓународните договори со Уставот.

Што значи дека нема услови за впуштање во анализа за основаноста на наводите од иницијативите кои се однесуваат на содржината на спогодбата, рече таа, дополнувајќи дека под претпоставка да се укине Законот, договорот сепак останува.

Според Кацарска, Уставниот суд може единствено да цени дали Законот за ратификација е донесен во пропишана процедура и форма од страна на уставно овластено тело, а тоа е Собранието.

Судот не навлегува во содржината на меѓународниот договор дури да се укине или поништи законот за ратификација на договорот во конкретниот случај т.н. Преспански договор, а и секој останат меѓународен договор, истиот останува во сила и произведува меѓународна правна обврска за државата сѐ додека не се измени, раскине или поништи, но, согласно меѓународните правила за договорите меѓу државите, рече таа.

Подносители на инцијативите за оценувањето на уставноста на горенаведените Закони се Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов и Ангеловски Стив од Битола, Солза Грчева,Томе Тодоровски.

Со одредени наводи во иницијативите се тврди дека Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба не е потпишан од претседателот на Република Македонија, што го прави тој акт спротивен со членот 51 од Уставот. Се тврди дека оспорените акти го нарушуваат владеењето на правото. Наведено е во дел од иницијативите дека претседателот на Собранието на Република Македонија немал надлежност да утврдува одговорност дека претседателот на Републиката го кршел Уставот со непотпишување и во дадената ситуација, претседателот на државата не бил спречен да ја врши функцијата, за да биде заменет од страна на претседателот на Собранието, односно да го потпише Указот, со што се наведува дека е повреден и членот 82 од Уставот. Бидејќи претседателот на Републиката не го потпишал Указот, се наведува дека оспорениот закон не важи и не може да произведува правно дејство, односно објавување на Законот без потпис на претседателот на Република Македонија е грубо кршење на Уставот. Во дел од иницијативите подносителите тврдат дека Спогодбата е ништовна бидејќи била во спротивност со меѓународното право на самоопределување на народите, правото на секој народ да избере свое име, идентитет, свои национални обележја, симболи и друго и во спротивност со Виенската конвенција за договорно право.

Во сите иницијативи се оспорува рокот на објавувањето на актите во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во иницијативите подносителот наведува дека оспорените акти се неуставни бидејќи со нив е повреден членот 52 од Уставот, кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

The post Уставен одби да го оценува Законот за ратификација на Преспанскиот договор appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите, познатa во јавноста како „Договорот од Преспа“ и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Указот со кој е прогласен овој Закон.
Уставниот суд денеска едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993), и 848(1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу странките. Исто така, Судот одлучи да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Указот со кој е прогласен овој Закон и да ја отфрли иницијативата за оценување на законитоста на претходните два акти и нивната усогласеност со член 3 од Законот за склучување ратификација и извршување на меѓународни договори и Виенската конвенција за договорно право, информираше денеска претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска.
Таа рече дека Уставниот суд оценил дека Законот за ратификација на договорот е во согласност со Уставот, што значи останува дел од правниот поредок на државата.
За овој предмет беше спроведена темелна постапка, подготвителна седница и сеопфатна анализа на уставно судската пракса. Уставниот суд цени дека Указот не содржи правни норми. Не е пропис, тој е дел од процедурата и кога Уставниот суд укинува или поништува Закон, Указот не се укинува посебно, рече таа.
Како пример за ова го посочи веќе заземениот став на Судот во предметот во кој не беше поведена постапка за законот за Јавно обвинителство. Случај од мај годинва, во која Уставниот суд ја отфрли иницијативата со истото образложение за Указот, дека не претставува пропис. Поголем дел од денешната дискусија во Уставен се водеше за непотпишувањето на указот од страна на претседателот на државава, своевремено Ѓорѓе Иванов, односно за неговата должност согласно членот 75 став 3 од Уставот да го потпише Указот.
Во поширок контекст во духот на Уставот и неговата примена, волјата на пратениците се персонифицира со волјата на граѓаните, наспроти волјата на само еден човек, бидејќи системот на владеењето на власта во нашата држава е парламентарна демократија, а не монархија. Суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните и Уставот и законите важат подеднакво за сите, па дури и за претседателот на Републиката кој согласно член 51, став 2 од Уставот е должен истите да ги почитува, нагласи Кацарска.
Таа сподели и пример од уставно судската пракса на овој суд, од 1996 година, кога судот не поведе постапка за оценување на уставност на член 1 од Законот за ратификација на привремената спогодба помеѓу Македонија и Грција, склучена во Њујорк 1995 година.
Следен аспект кој подлежи на анализа во овој предмет е рокот на објавување на Указот. Можеби некој ќе рече дека во Уставот не е предвиден рок во кој тој требал да го потпише Указот, на повторно доставениот закон, но, сметам дека тука нема ништо проблематично. Имено, неспорно е дека претседателот треба да го потпише Указот во рок од седум дена кога првпат му се доставува законот чиј што рок е предвиден во членот 38 од Законот за Собрание на РСМ, а потоа тој е должен да го потпише. Меѓутоа, тој ја злоупотребил уставната недореченост каде што навистина не е пропишан рок за повторно доставување на Законот, односно потпишување на повторно доставен закон, рече таа.
Од друга страна, дополни, Републиката презела меѓународни обврски согласно договорот и иако на претседателот му бил оставен подолг период тој сепак не го потпишал указот, а указот е објавен без негов потпис, туку само со потпис на претседателот на Собранието на РСМ.
Треба да се цени и фактот дека овој договор се доставува и до организацијата на ОН и потпишан е и од посредник во својство на сведок, Метју Нимиц. Закон може да се прогласи само еднаш, а во конкретниот случај истиот е прогласен. Уставот ја остварил целта Законот е прогласен, рече таа.
Во врска со членот 110 од Уставот, односно надлежноста на Уставниот Суд за меѓународните договори, Кацарска рече дека Судот нема надлежност да одлучува за согласност за меѓународните договори со Уставот.
Што значи дека нема услови за впуштање во анализа за основаноста на наводите од иницијативите кои се однесуваат на содржината на спогодбата, рече таа, дополнувајќи дека под претпоставка да се укине Законот, договорот сепак останува.
Според Кацарска, Уставниот суд може единствено да цени дали Законот за ратификација е донесен во пропишана процедура и форма од страна на уставно овластено тело, а тоа е Собранието.
Судот не навлегува во содржината на меѓународниот договор дури да се укине или поништи законот за ратификација на договорот во конкретниот случај т.н. Преспански договор, а и секој останат меѓународен договор, истиот останува во сила и произведува меѓународна правна обврска за државата сѐ додека не се измени, раскине или поништи, но, согласно меѓународните правила за договорите меѓу државите, рече таа.
Подносители на инцијативите за оценувањето на уставноста на горенаведените Закони се Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов и Ангеловски Стив од Битола, Солза Грчева,Томе Тодоровски. Со одредени наводи во иницијативите се тврди дека Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба не е потпишан од претседателот на Република Македонија, што го прави тој акт спротивен со членот 51 од Уставот. Се тврди дека оспорените акти го нарушуваат владеењето на правото. Наведено е во дел од иницијативите дека претседателот на Собранието на Република Македонија немал надлежност да утврдува одговорност дека претседателот на Републиката го кршел Уставот со непотпишување и во дадената ситуација, претседателот на државата не бил спречен да ја врши функцијата, за да биде заменет од страна на претседателот на Собранието, односно да го потпише Указот, со што се наведува дека е повреден и членот 82 од Уставот. Бидејќи претседателот на Републиката не го потпишал Указот, се наведува дека оспорениот закон не важи и не може да произведува правно дејство, односно објавување на Законот без потпис на претседателот на Република Македонија е грубо кршење на Уставот. Во дел од иницијативите подносителите тврдат дека Спогодбата е ништовна бидејќи била во спротивност со меѓународното право на самоопределување на народите, правото на секој народ да избере свое име, идентитет, свои национални обележја, симболи и друго и во спротивност со Виенската конвенција за договорно право. Во сите иницијативи се оспорува рокот на објавувањето на актите во Службен весник, како спротивен на Уставот. Во иницијативите подносителот наведува дека оспорените акти се неуставни бидејќи со нив е повреден членот 52 од Уставот, кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

The post Уставен одби да го оценува Законот за ратификација на Преспанскиот договор appeared first on Република.

]]>