преспа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prespa/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 12:45:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преспа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prespa/ 32 32 Утрово почувствуван земјотрес во Преспа https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utrovo-pochuvstvuvan-zemjotres-vo-prespa/ Fri, 19 Jul 2024 12:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=798476

Утрово земјотрес со јачина од 2.2 степени според рихтер ја стресе Македонија. Земјотресот беше на длабочина од 15 километри.

Епицентарот на земјотресот беше во Преспа.

The post Утрово почувствуван земјотрес во Преспа appeared first on Република.

]]>

Утрово земјотрес со јачина од 2.2 степени според рихтер ја стресе Македонија. Земјотресот беше на длабочина од 15 километри. Епицентарот на земјотресот беше во Преспа.

The post Утрово почувствуван земјотрес во Преспа appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-sad-ostanuvaat-tsvrsto-posveteni-na-dogovorot-od-prespa-i-evroatlantskite-integratsii-na-makedonija/ Mon, 13 May 2024 20:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=777755

САД се целосно посветени на Преспанскиот договор и повикуваат на негово почитување, изјави портпарол на Стејт департментот по положувањето на заклетвата од страна на избраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Собранието кога таа не го употреби уставното име на земјата, што предизвика реакции од ЕУ, од грчкото МНР и од Американската амбасада во Скопје.

САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ, изјави денеска за МИА портпарол на Стејт департментот.

Тој истакна и дека САД продолжуваат со поддршка на безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Македонија и со нетрпение очекуваат да работат со новата влада што наскоро ќе биде формирана како и со претседателот Гордана Сиљановска-Давкова во продолжување на унапредувањето на многу споделени цели.

Тој додаде и дека САД се и остануваат лојален партнер на Македонија во остварување на главните цели на земјата.

Ние отскекогаш сме биле и ќе бидеме лојален партнер во остварување на вашите главни цели – просперитетна демократија и стабилна економија вкотвена во евроатлантската заедница. Ќе продолжиме со подршката за Македонија во нејзините напори да го зазеде заслужното место како безбеден и просперитетент член на евроатлантската заедница, рече портпаролот.

САД исто така охрабруваат продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија.

Го охрабруваме продолжувањето на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, во рамките на заедничките заложби за идното полноправно членство на Македонија во ЕУ, посочи портпаролот на Стејт департментот.

-Како што се формира нова влада и се избира премиер, очекуваме билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија да остане силна и фокусирана на важноста од зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и регионалната енергетска безбедност. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат безбедноста, просперитетот и целосната евроатланска интеграција на Македонија., укажаа од Стејт департментот.

The post Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија appeared first on Република.

]]>

САД се целосно посветени на Преспанскиот договор и повикуваат на негово почитување, изјави портпарол на Стејт департментот по положувањето на заклетвата од страна на избраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Собранието кога таа не го употреби уставното име на земјата, што предизвика реакции од ЕУ, од грчкото МНР и од Американската амбасада во Скопје.
САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ, изјави денеска за МИА портпарол на Стејт департментот.
Тој истакна и дека САД продолжуваат со поддршка на безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Македонија и со нетрпение очекуваат да работат со новата влада што наскоро ќе биде формирана како и со претседателот Гордана Сиљановска-Давкова во продолжување на унапредувањето на многу споделени цели. Тој додаде и дека САД се и остануваат лојален партнер на Македонија во остварување на главните цели на земјата.
Ние отскекогаш сме биле и ќе бидеме лојален партнер во остварување на вашите главни цели – просперитетна демократија и стабилна економија вкотвена во евроатлантската заедница. Ќе продолжиме со подршката за Македонија во нејзините напори да го зазеде заслужното место како безбеден и просперитетент член на евроатлантската заедница, рече портпаролот.
САД исто така охрабруваат продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија.
Го охрабруваме продолжувањето на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, во рамките на заедничките заложби за идното полноправно членство на Македонија во ЕУ, посочи портпаролот на Стејт департментот.
-Како што се формира нова влада и се избира премиер, очекуваме билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија да остане силна и фокусирана на важноста од зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и регионалната енергетска безбедност. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат безбедноста, просперитетот и целосната евроатланска интеграција на Македонија., укажаа од Стејт департментот.

The post Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија appeared first on Република.

]]>
Нема одлагање: Грција ќе инсистира на почитување на роковите за пасошите и регистерските таблички https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nema-odlagane-grtsija-ke-insistira-na-pochituvane-na-rokovite-za-pasoshite-i-registerskite-tablichki/ Wed, 31 Jan 2024 09:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=738897

Договорот од Преспа е меѓународен договор, има сила над сите законски одредби и не може еднострано да се менува од никоја од двете страни, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, како во синоќешното интервју за грчката телевизија „Антена“, така и од Парламентот утрово, одговарајќи на пратеничко прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија посочи дека Нова демократија навремено излезе со ставови за Договорот од Преспа за точките кои тие ги сметале за проблематични, но истакна дека сега, не може да се модифицира, а Грција го следи доследното и строго почитување.

Континуирано имам истакнато дека Договорот од Преспа претставува меѓународен договор. Беше изгласан од грчкиот Парламент и како што налага Уставот, овој Договор има сила над секоја друга законска одредба, што значи дека не може еднострано да се смени од која било од страните. Нова демократија навремено ги изнесе позициите во однос на оние точки кои беа проблематични во Договорот од Преспа. Навремено посочи дека ќе постојат прашања и во имплементирањето. Денес сме уставно обврзани да го спроведуваме овој Договор и не е можно еднострано менување. Но, она што мора да го правиме и го прави Грција е да го следи доследното и строго почитување - истакна Герапетритис од Парламентот одговарајќи на пратеничко прашање.

Во однос на обврската за промена на пасошите и регистарските таблици на возилата до 12 февруари, шефот на грчката дипломатија посочи дека постојат јасни одредби и временски рокови кои мора да се почитуваат.

Додаде дека Министерството за надворешни работи ќе биде строго во однос на предвиденото од Договорот од Преспа и Грција ќе инсистира на верно почитување на обврските кои произлегуваат.

За трите меморандуми со Македонија кои сè уште не се донесени за ратификација во грчкиот Парламентот, Герапетритис рече дека „апсолутно зависат од верното и строго почитување на одредбите на Договорот од Преспа“.

The post Нема одлагање: Грција ќе инсистира на почитување на роковите за пасошите и регистерските таблички appeared first on Република.

]]>

Договорот од Преспа е меѓународен договор, има сила над сите законски одредби и не може еднострано да се менува од никоја од двете страни, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, како во синоќешното интервју за грчката телевизија „Антена“, така и од Парламентот утрово, одговарајќи на пратеничко прашање, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија посочи дека Нова демократија навремено излезе со ставови за Договорот од Преспа за точките кои тие ги сметале за проблематични, но истакна дека сега, не може да се модифицира, а Грција го следи доследното и строго почитување.
Континуирано имам истакнато дека Договорот од Преспа претставува меѓународен договор. Беше изгласан од грчкиот Парламент и како што налага Уставот, овој Договор има сила над секоја друга законска одредба, што значи дека не може еднострано да се смени од која било од страните. Нова демократија навремено ги изнесе позициите во однос на оние точки кои беа проблематични во Договорот од Преспа. Навремено посочи дека ќе постојат прашања и во имплементирањето. Денес сме уставно обврзани да го спроведуваме овој Договор и не е можно еднострано менување. Но, она што мора да го правиме и го прави Грција е да го следи доследното и строго почитување - истакна Герапетритис од Парламентот одговарајќи на пратеничко прашање.
Во однос на обврската за промена на пасошите и регистарските таблици на возилата до 12 февруари, шефот на грчката дипломатија посочи дека постојат јасни одредби и временски рокови кои мора да се почитуваат. Додаде дека Министерството за надворешни работи ќе биде строго во однос на предвиденото од Договорот од Преспа и Грција ќе инсистира на верно почитување на обврските кои произлегуваат. За трите меморандуми со Македонија кои сè уште не се донесени за ратификација во грчкиот Парламентот, Герапетритис рече дека „апсолутно зависат од верното и строго почитување на одредбите на Договорот од Преспа“.

The post Нема одлагање: Грција ќе инсистира на почитување на роковите за пасошите и регистерските таблички appeared first on Република.

]]>
Напладне ќе бидат осветени водите на Преспанското Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/napladne-ke-bidat-osveteni-vodite-na-prespanskoto-ezero/ Fri, 19 Jan 2024 09:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=734607

Во сите храмови во Преспанско-пелагониската епархија со утринска литургија почна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Централната прослава е во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар служи Света архиерејска литургија.

Во 11 часот ќе биде осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и ќе биде положен крстот за осветување на водите.

Напладне, свештеници на Преспанско-пелагониската епархија ќе ги осветат водите во Преспанското Езеро, во близина на туристичката населба Отешево, каде градоначалникот Јован Тозиевски ќе додели награда на најсреќниот учесник што ќе го фати живототворен крст.

The post Напладне ќе бидат осветени водите на Преспанското Езеро appeared first on Република.

]]>

Во сите храмови во Преспанско-пелагониската епархија со утринска литургија почна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Централната прослава е во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар служи Света архиерејска литургија. Во 11 часот ќе биде осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и ќе биде положен крстот за осветување на водите. Напладне, свештеници на Преспанско-пелагониската епархија ќе ги осветат водите во Преспанското Езеро, во близина на туристичката населба Отешево, каде градоначалникот Јован Тозиевски ќе додели награда на најсреќниот учесник што ќе го фати живототворен крст.

The post Напладне ќе бидат осветени водите на Преспанското Езеро appeared first on Република.

]]>
Го дишат ли браќата Заеви, газди на „Слога“, истиот воздух како бебињата во Преспа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-dishat-li-brakata-zaevi-gazdi-na-sloga-istiot-vozduh-kako-bebinata-vo-prespa/ Thu, 03 Aug 2023 09:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=668191

Враќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа?, прашува пејачката Тања Царовска, споделувајќи ја алармантната состојба во која се наоѓа Преспа, каде воздухот смрди од отровот во него.

Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата!
Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема - смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога.
Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања - на што гориво работи фабриката? Или поточно - што се гори во неа?
Ресенчани и Преспанци - зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам - ве молам упатете ме, да се придружиме сите!
Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат???
И последно прашање - браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа?
Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!!
(А ко се пакував во Скопје за навака - го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!!😖), пишува таа.

The post Го дишат ли браќата Заеви, газди на „Слога“, истиот воздух како бебињата во Преспа? appeared first on Република.

]]>

Враќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа?, прашува пејачката Тања Царовска, споделувајќи ја алармантната состојба во која се наоѓа Преспа, каде воздухот смрди од отровот во него.
Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата! Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема - смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога. Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања - на што гориво работи фабриката? Или поточно - што се гори во неа? Ресенчани и Преспанци - зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам - ве молам упатете ме, да се придружиме сите! Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат??? И последно прашање - браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа? Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!! (А ко се пакував во Скопје за навака - го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!!😖), пишува таа.

The post Го дишат ли браќата Заеви, газди на „Слога“, истиот воздух како бебињата во Преспа? appeared first on Република.

]]>
Унгарката Енико Есењи годинашен лауреат на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа 2023“ во Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ungarkata-eniko-eseni-godinashen-laureat-na-internatsionalniot-teatarski-festival-akterot-na-evropa-2023-vo-prespa/ Fri, 30 Jun 2023 14:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=656914

Унгарската актерка Енико Есењи е годинашниот добитник на наградата за животно дело „Актер на Европа - 2023“ на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа.

Фестивалот делува од 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското Езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија. Фестивалот годинава, ќе го има своето 21 издание, со почеток на 6 јули 2023 пред „Сарајот“ во Ресен.

Манифестацијата ќе почне со ретроспектива на легендарните имиња на европскиот театар, досегашни добитници на наградата за животно дело „Актер на Европа“. Првото легендарно име на европскиот театар кое ја понесе оваа награда беше Љуба Тадиќ од Белград. Меѓу наградените се Јон Карамитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија) итн.

За годинашната добитничка Енико Есењи ќе биде прикажан уметнички портрет со сите нејзини театарски и филмски креации.

Како што е најавено, на свеченото отворање ќе се обратат градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски, претседателот на жирито Мето Јовановски, а беседата за лауреатот ќе ја произнесе претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш. На истата церемионија признанието „Клучевите на Преспа“ ќе го добие Ласко Џуровски, познат дизајнаер и типограф од нашата држава.

Традиционалната Голема повелба „Балканот – Срцето на Европа“ оваа година ќе ја понесат грчкиот актер Аргирис Гаканис, македонскиот книжевен автор и теоретичар Зоран Пејковски и албанскиот новинар и книжевен критичар Бен Андони.

Во официјалната конкуренција на фестивалот оваа година се oстварувањата:„Разоткривање на минатото - Комуникација во и за Холокаустот“ - авторски проект на Брајан Мајкалс и Кане Кампман (Проект на Градот Келн, СР Германија, „Последниот час на Његош“ од Слободан Маруновиќ, Црна Гора. Исто така „Во името на таткото“ од Шавајцарија, во изведба на Даут Ахмети, во режија на Сулејман Рушити, како и „Среќата е нова идеја во Европа“ по текст на Јордан Плевнеш, во изведба на меѓународна актерска и авторска екипа од Албанија, Црна Гора, Србија, БиХ и Македонија, како дел од проектот „Балканска уметничка мрежа за мобилност“ на Академија Балканика Еуропеана, којшто се реализира со поддршка на УНЕСКО, под менторство и режија на Дејан Пројковски и Јордан Плевнеш.

Завршната вечер на фестивалот, на 11 јули, покрај доделувањето на наградите, ќе ја одбележи и претставта „Чучук Стана“ во изведба на Народниот театар „Зоран Радмиловиќ“ од Зајечар, Србија.

Претставите ќе ги оценува жирито во состав: Мето Јовановски - претседател, Елена Трајковска и Назиф Услу, театрски режисер од Турција.

Покрај претставите во официјална конкуренција во рамки на фестивалот ќе настапат и аматрските групи „Самоилци“ од Ресен, со претставата „Бунда“, по текст на Миле Волкановски, како и „Младинскиот сатиричен театар“ од Славонски Брод со претставата „Беспомошни створења“, по текст на Антон Чехов.

The post Унгарката Енико Есењи годинашен лауреат на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа 2023“ во Преспа appeared first on Република.

]]>

Унгарската актерка Енико Есењи е годинашниот добитник на наградата за животно дело „Актер на Европа - 2023“ на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа. Фестивалот делува од 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското Езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија. Фестивалот годинава, ќе го има своето 21 издание, со почеток на 6 јули 2023 пред „Сарајот“ во Ресен. Манифестацијата ќе почне со ретроспектива на легендарните имиња на европскиот театар, досегашни добитници на наградата за животно дело „Актер на Европа“. Првото легендарно име на европскиот театар кое ја понесе оваа награда беше Љуба Тадиќ од Белград. Меѓу наградените се Јон Карамитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија) итн. За годинашната добитничка Енико Есењи ќе биде прикажан уметнички портрет со сите нејзини театарски и филмски креации. Како што е најавено, на свеченото отворање ќе се обратат градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски, претседателот на жирито Мето Јовановски, а беседата за лауреатот ќе ја произнесе претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш. На истата церемионија признанието „Клучевите на Преспа“ ќе го добие Ласко Џуровски, познат дизајнаер и типограф од нашата држава. Традиционалната Голема повелба „Балканот – Срцето на Европа“ оваа година ќе ја понесат грчкиот актер Аргирис Гаканис, македонскиот книжевен автор и теоретичар Зоран Пејковски и албанскиот новинар и книжевен критичар Бен Андони. Во официјалната конкуренција на фестивалот оваа година се oстварувањата:„Разоткривање на минатото - Комуникација во и за Холокаустот“ - авторски проект на Брајан Мајкалс и Кане Кампман (Проект на Градот Келн, СР Германија, „Последниот час на Његош“ од Слободан Маруновиќ, Црна Гора. Исто така „Во името на таткото“ од Шавајцарија, во изведба на Даут Ахмети, во режија на Сулејман Рушити, како и „Среќата е нова идеја во Европа“ по текст на Јордан Плевнеш, во изведба на меѓународна актерска и авторска екипа од Албанија, Црна Гора, Србија, БиХ и Македонија, како дел од проектот „Балканска уметничка мрежа за мобилност“ на Академија Балканика Еуропеана, којшто се реализира со поддршка на УНЕСКО, под менторство и режија на Дејан Пројковски и Јордан Плевнеш. Завршната вечер на фестивалот, на 11 јули, покрај доделувањето на наградите, ќе ја одбележи и претставта „Чучук Стана“ во изведба на Народниот театар „Зоран Радмиловиќ“ од Зајечар, Србија. Претставите ќе ги оценува жирито во состав: Мето Јовановски - претседател, Елена Трајковска и Назиф Услу, театрски режисер од Турција. Покрај претставите во официјална конкуренција во рамки на фестивалот ќе настапат и аматрските групи „Самоилци“ од Ресен, со претставата „Бунда“, по текст на Миле Волкановски, како и „Младинскиот сатиричен театар“ од Славонски Брод со претставата „Беспомошни створења“, по текст на Антон Чехов.

The post Унгарката Енико Есењи годинашен лауреат на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа 2023“ во Преспа appeared first on Република.

]]>
Патувачкото кино на МакеДокс 2022 во Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/patuvachkoto-kino-na-makedoks-2022-vo-prespa/ Mon, 12 Sep 2022 10:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=549988

Магаренцето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ го продолжува своето тринаесетто патување во Преспанскиот регион. Годинава Патувачкото кино е поделено во две етапи. Првата се одржа од 18 до 23 јули во струмичките села, додека втората етапа ќе се реализира во регионот на Преспа со четири проекции на документарни филмови од 13 до 17 септември 2022 година.

Патувачкото кино во Преспа ќе се одржи на следните локации:

13.09. - Ресен (Сарај)
14.09. - с. Дрмени (кај самопослугата)
16.09. - с. Лавци (кај џамијата)
17.09. - с. Подмочани (на игралиштето)

*Проекциите се бесплатни и почнуваат во 19.30 часот.

Преспа е повторно во фокус, бидејќи (агро)културата во тој регион е тотално девастирана, а таа е основа за сите понатамошни сегменти на современото живеење (образование, економија, политика...), но овојпат на нови локации, посочува Бранд Ферро, извршен продуцент на МакеДокс.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2022 е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија и Националната фондација за демократија од Вашингтон.

The post Патувачкото кино на МакеДокс 2022 во Преспа appeared first on Република.

]]>

Магаренцето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ го продолжува своето тринаесетто патување во Преспанскиот регион. Годинава Патувачкото кино е поделено во две етапи. Првата се одржа од 18 до 23 јули во струмичките села, додека втората етапа ќе се реализира во регионот на Преспа со четири проекции на документарни филмови од 13 до 17 септември 2022 година. Патувачкото кино во Преспа ќе се одржи на следните локации: 13.09. - Ресен (Сарај) 14.09. - с. Дрмени (кај самопослугата) 16.09. - с. Лавци (кај џамијата) 17.09. - с. Подмочани (на игралиштето) *Проекциите се бесплатни и почнуваат во 19.30 часот.
Преспа е повторно во фокус, бидејќи (агро)културата во тој регион е тотално девастирана, а таа е основа за сите понатамошни сегменти на современото живеење (образование, економија, политика...), но овојпат на нови локации, посочува Бранд Ферро, извршен продуцент на МакеДокс.
Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2022 е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија и Националната фондација за демократија од Вашингтон.  

The post Патувачкото кино на МакеДокс 2022 во Преспа appeared first on Република.

]]>
Oвоштарите од Преспа излегуваат на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ovoshtarite-od-prespa-izleguvaat-na-protest/ Thu, 25 Aug 2022 05:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=543834

Овоштарите од Преспа, претпладнево од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.

Протестот на овоштарите се организира заради неисплатен надоместок за предизвикана штета од невреме со град и мраз во зимски услови врз овошните насади од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година.

The post Oвоштарите од Преспа излегуваат на протест appeared first on Република.

]]>

Овоштарите од Преспа, претпладнево од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Протестот на овоштарите се организира заради неисплатен надоместок за предизвикана штета од невреме со град и мраз во зимски услови врз овошните насади од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година.

The post Oвоштарите од Преспа излегуваат на протест appeared first on Република.

]]>
Земјоделците оставени на немилост: Овоштарите од Преспа утре ќе го блокираат патот Битола – Ресен – Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodelcite-ostaveni-na-nemilost-ovoshtarite-od-prespa-utre-kje-go-blokiraat-patot-bitola-resen-ohrid/ Wed, 24 Aug 2022 11:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=543637

Овоштарите од Преспа утре од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.

Во изјава за МИА, членот на организацискиот тим, Љубе Пампулевски, истакна дека протестот е неизбежен затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари.

Протестот го организираме затоа што сеуште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година врз овошните насади. Веднаш сакам да истакнам дека ние имаме одлична соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ресорниот министер, но и покрај одлуката на Владата, за жал Министерството за финансии и по изгласаниот ребаланс во јуни, сепак овоштарите не ги добиваат своите пари - изјави Пампулевски.

Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и министерот Бесими за надминување на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец.

Овоштарите се во тешка состојба. Имаме кредити кон домашните банки, извршители често се пред нашите врати, а дополнително на тоа се зголемуваат трошоците за енергија, нафта и нафтени деривати, земјоделски ѓубрива, како и други финансиски проблеми кои единствено можеме да ги решаваме доколку Министерството за финансии ги исплати средствата - нагласува Пампулевски.

Оганизаторите на протестот на преспанските овоштари и блокадата на регионалниот патен правец Битола-Ресен-Охрид кај местото викано „Макази“, посочуваат дека протестот е уредно пријавен.

The post Земјоделците оставени на немилост: Овоштарите од Преспа утре ќе го блокираат патот Битола – Ресен – Охрид appeared first on Република.

]]>

Овоштарите од Преспа утре од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Во изјава за МИА, членот на организацискиот тим, Љубе Пампулевски, истакна дека протестот е неизбежен затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари.
Протестот го организираме затоа што сеуште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година врз овошните насади. Веднаш сакам да истакнам дека ние имаме одлична соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ресорниот министер, но и покрај одлуката на Владата, за жал Министерството за финансии и по изгласаниот ребаланс во јуни, сепак овоштарите не ги добиваат своите пари - изјави Пампулевски.
Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и министерот Бесими за надминување на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец.
Овоштарите се во тешка состојба. Имаме кредити кон домашните банки, извршители често се пред нашите врати, а дополнително на тоа се зголемуваат трошоците за енергија, нафта и нафтени деривати, земјоделски ѓубрива, како и други финансиски проблеми кои единствено можеме да ги решаваме доколку Министерството за финансии ги исплати средствата - нагласува Пампулевски.
Оганизаторите на протестот на преспанските овоштари и блокадата на регионалниот патен правец Битола-Ресен-Охрид кај местото викано „Макази“, посочуваат дека протестот е уредно пријавен.

The post Земјоделците оставени на немилост: Овоштарите од Преспа утре ќе го блокираат патот Битола – Ресен – Охрид appeared first on Република.

]]>
Заев: Да живее европска Преспа, очекувам што поскоро да се отвори граничниот премин Маркова Нога https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-da-zivee-evropska-prespa-ochekuvam-shto-poskoro-da-se-otvori-granichniot-premin-markova-noga/ Sun, 26 Jun 2022 16:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=519949

Очекувам дека во најбрз можен рок ќе се завршат неопходните инфрастурктурни интервенции и дека многу скоро ќе се најдеме таму на официјалното отворање на преминот што ги поврзува двете страни на Преспа, порача Заев
Поранешниот премиер, Зоран Заев, преку својот профил на Фејсбук се обрати до учесниците на денешниот собир на Маркова Нога во Преспа, на македонско-грчката граница.

Заев порача дека очекува што поскоро отворање на граничниот премин на Маркова Нога, што е една од обврските од Договорот од Преспа.

„Драг Stratos Vasilopoulos, драги пријатели од Грција, упатувам огромна благодарност за вашата иницијатива и за поканата да се сретнеме на преминот Маркова Нога и во исто време се извинувам што поради неодложни обврски не успеав да бидам со вас денеска. Оваа порака ја упатувам и во име на моите пријатели од струмичкиот мото-клуб. Како поддржувач на политиките на отвореност, добрососедство и поврзување, го споделувам вашето очекување што поскоро да се отвори граничниот премин Маркова Нога што нашите две пријателски држави го презедоа како обврска од Договорот од Преспа“, напиша Заев.

Отварањето на граничниот премин Маркова Нога, додава тој, е наша обврска кон сегашноста и иднината – ова е вистинското и крајно време да ја срушиме неприродната блокада на природниот тек на брегот на Преспанското езеро.

Очекувам дека во најбрз можен рок ќе се завршат неопходните инфрастурктурни интервенции и дека многу скоро ќе се најдеме таму на официјалното отворање на преминот што ги поврзува двете страни на Преспа, посочи Заев.

„ Верувам дека вашето денешно дружење, како и она од минатиот викенд за време на манифестацијата Запознај ја Преспа ја прави Преспа плодна почва за раст и развој на нашиот европски Балкан, мегдан за спојување на различните и блиските култури и пркос кон оние кои во 21 век се уште се водени од омразата наместо од мирољубието. Во име на европската иднина на Преспа наздравувам со вас преку мојот пријател Васко и невладината организација Преспа ГРАД. Верувам дека многу скоро ќе имаме можност да се возиме заедно по падините на преубавата Баба Планина и брегот на Преспа и како македонски и грчки авто-мото спортисти, да посетиме и да се поврземе со албански пријатели на третата страна од Преспа. На здравје, да живее европска Преспа“, напиша поранешниот премиер.

The post Заев: Да живее европска Преспа, очекувам што поскоро да се отвори граничниот премин Маркова Нога appeared first on Република.

]]>

Очекувам дека во најбрз можен рок ќе се завршат неопходните инфрастурктурни интервенции и дека многу скоро ќе се најдеме таму на официјалното отворање на преминот што ги поврзува двете страни на Преспа, порача Заев Поранешниот премиер, Зоран Заев, преку својот профил на Фејсбук се обрати до учесниците на денешниот собир на Маркова Нога во Преспа, на македонско-грчката граница.
Заев порача дека очекува што поскоро отворање на граничниот премин на Маркова Нога, што е една од обврските од Договорот од Преспа.
„Драг Stratos Vasilopoulos, драги пријатели од Грција, упатувам огромна благодарност за вашата иницијатива и за поканата да се сретнеме на преминот Маркова Нога и во исто време се извинувам што поради неодложни обврски не успеав да бидам со вас денеска. Оваа порака ја упатувам и во име на моите пријатели од струмичкиот мото-клуб. Како поддржувач на политиките на отвореност, добрососедство и поврзување, го споделувам вашето очекување што поскоро да се отвори граничниот премин Маркова Нога што нашите две пријателски држави го презедоа како обврска од Договорот од Преспа“, напиша Заев.
Отварањето на граничниот премин Маркова Нога, додава тој, е наша обврска кон сегашноста и иднината – ова е вистинското и крајно време да ја срушиме неприродната блокада на природниот тек на брегот на Преспанското езеро. Очекувам дека во најбрз можен рок ќе се завршат неопходните инфрастурктурни интервенции и дека многу скоро ќе се најдеме таму на официјалното отворање на преминот што ги поврзува двете страни на Преспа, посочи Заев.