Преспа форум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prespa-forum/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Jun 2023 06:40:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Преспа форум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prespa-forum/ 32 32 Костадиновска-Стојчевска од Преспа форумот за дијалог: Културата и младите се нашиот потенцијал во градењето заеднички европски дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-od-prespa-forumot-za-dijalog-kulturata-i-mladite-se-nashiot-potentsijal-vo-gradeneto-zaednichki-evropski-dom/ Sat, 17 Jun 2023 06:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=652325

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, се обрати на Младинската панел дискусија “Модалитети за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка“, во рамките на Преспа форумот за дијалог, што се одржува во Струга, а на којшто присуствуваат претставници на високо политичко ниво од регионот и од Европската унија, САД и НАТО.

Костадиновска-Стојчевска рече дека правиме сè за да бидеме добри соседи на Балканот, пријатели со регионот и партнери во позитивните промени во светот. „И не е секогаш лесно и не е секогаш праведно. Но, ние не бараме изговори како најлесен начин за ништо да не правиме. Ние се одлучивме за конструктивен дијалог, за соработка и за прифаќање на реалноста. Направивме болни компромиси, компромиси достојни за почит, а не да бидат толкувани како наша слабост. И ние нашата држава ја изградивме со крв, со солзи и со пот. И ние ја плативме високата цена на победата и нашето место е во Европската унија“, додаде министерката за култура.

На панелот, Костадиновска-Стојчевска истакна дека како земја ги поддржуваме сите позитивни иницијативи за регионот и активно учествуваме во поврзувањето на регионот:„Во таа смисла високо ги цениме придобивките од Берлинскиот процес за интеграција на земјите од Западен Балкан.  Нè радува високата поддршка на Иницијативата Отворен Балкан, особено кај младите, но нè загрижува порастот на евроскептицизмот. Сакам да потенцирам дека регионалната соработка е одлична работа, но не е и не смее да биде замена за членството во Европската унија.

Зашто, ако на нешто нè научија последниве години тоа е дека дистанцата е добра само во услови на светска пандемија од смртоносен вирус, но и дека соработката и солидарноста се клучот на човештвото. И така треба да остане“.

Министерката за култура се осврна на обединувачката моќ на уметноста, и рече дека секој оној кој ќе ја потцени таа моќ, живее во сопствената немоќ. Костадиновска-Стојчевска на панелот “Модалитети за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка“ зборуваше за значењето и функцијата на македонските  културно-информативни центри во странство, ја истакна соработката со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици со седиште во Солун, нашата вклученост во Културните рути на Советот на Европа, како и на останатите програми и иницијативи за културно вмрежување на регионот со Европската унија.

Нашето културното наследство и нашиот културен потенцијал се уште една вредност во градењето на заедничкиот европски дом. А, најголемата вредност се нашите млади луѓе. Затоа, и во оваа прилика ќе повторам, дека на младите од овој регион не смее да им се подрива чувството дека се Европејци колку и Европејците.  Ние ѝ требаме на Европската унија колку и таа нам. Особено во вакви времиња“, истакна Костадиновска-Стојчевска на Преспа форумот за дијалог во Струга.

На оваа сесија од Младинскиот панел со свои дискусии учествуваа претставници од младинските организации на повеќе евроспки земји.

The post Костадиновска-Стојчевска од Преспа форумот за дијалог: Културата и младите се нашиот потенцијал во градењето заеднички европски дом appeared first on Република.

]]>

Столтенберг на „Преспа форум“: НАТО секогаш ќе го избере патот што води кон надеж, демократија и мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoltenberg-na-prespa-forum-nato-sekogash-ke-go-izbere-patot-shto-vodi-kon-nadezh-demokratija-i-mir/ Fri, 16 Jun 2023 08:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=652024

Светот се наоѓа на крстопат, од каде едната насока води кон страв, опресија и војна, додека другата страна води кон надеж, демократија и мир. Тоа е патот кој НАТО секогаш ќе го одбере. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето видео-обраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ организирана од претседателот Република Македонија, Стево Пендаровски во рамки на „Преспа форумот“ што е одржува во Струга.

Столтенберг потсети на договорот од Преспа, што овозможи пристапувањето на Македонија во НАТО, но, како што рече, придонесе и кон добрососедски односи и ја отворила идината на земјата.

Според него, договорите како Преспанскиот се важен дел од меѓународниот поредок заснован врз правила, нагласувајќи дека таквите договори ја обезбедуваат слободата, овозможуваат напредок, отвораат перспективна иднина.

Алтернативата на тоа е катастрофа, како што можеме да видиме во Украина. Руската инвазија врз Украина го уништи мирот низ Европа и темелно ја промени нашата споделена безбедност. Кога и да заврши војната во Украина, односите со Москва драматично се променети, а безбедносниот пејзаж во Европа никогаш повеќе нема да биде ист, рече генералниот секретар на НАТО.

Зборувајќи за процесот на зајакнување на руско-кинеските осноси, Столтенберг рече дека тие се „предизвик за нашата безбедност, нашите интереси и вредности“.

Како што авторитарните режими ја зголемуваат својата соработка, дотолку поважно е оние што веруваат во слободата и демократијата да застанат рамо до рамо и да го промовираат мирот, да ја штитат споделената безбедност и да ги бранат глобалните правила. Тоа го покажуваме јасно преку институциите како ЕУ и НАТО, рече првиот човек на Алијансата.

За Македонија генералниот секретар на НАТО рече дека е валиден сојузник, кој придонесува во мировната мисија во Косово која е од витално значење за безбедноста на Западниот Балкан, особено во време на зголемени тензии.

Изминатите неколку дена нашата мисија на КФОР ја зајакнавме со стотици трупи, а Македонија го зголеми буџетот за одбрана и дава поддршка на нашиот партнер Украина. НАТО може да смета на Македонија и обратно. Јасен показател се авионите на НАТО кои во рамки на патролната служба го контролираат небото над земјата, рече Столтенберг.

Што се иднесува на прашањето за проширување на европското семејство до 2030 година, тој рече дека тоа не само што е возможно, туку и се случува во моментов.

Следејќи ги стапките на Македонија, Финска како одговор на руската инвазија се придружи на Алијансата. Сакам да ве уверам дека и шведското присоединување кон НАТО ќе биде комплетрирано што е мошно побрзо. Тоа важи и за Украина, сите наши сојузници се согласија земјата да стане дел од НАТО, а во Алијансата Русија нема право на вето, рече Јенс Столтенберг во видео обраќањето на „Преспа форум“ што се одржува во Струга.

На оваа сесија обраќање имаа и претседателот Стево Пендаровски, потоа претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и на на Албанија, Бајрам Бегај.

The post Столтенберг на „Преспа форум“: НАТО секогаш ќе го избере патот што води кон надеж, демократија и мир appeared first on Република.

]]>

Светот се наоѓа на крстопат, од каде едната насока води кон страв, опресија и војна, додека другата страна води кон надеж, демократија и мир. Тоа е патот кој НАТО секогаш ќе го одбере. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето видео-обраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ организирана од претседателот Република Македонија, Стево Пендаровски во рамки на „Преспа форумот“ што е одржува во Струга. Столтенберг потсети на договорот од Преспа, што овозможи пристапувањето на Македонија во НАТО, но, како што рече, придонесе и кон добрососедски односи и ја отворила идината на земјата. Според него, договорите како Преспанскиот се важен дел од меѓународниот поредок заснован врз правила, нагласувајќи дека таквите договори ја обезбедуваат слободата, овозможуваат напредок, отвораат перспективна иднина.
Алтернативата на тоа е катастрофа, како што можеме да видиме во Украина. Руската инвазија врз Украина го уништи мирот низ Европа и темелно ја промени нашата споделена безбедност. Кога и да заврши војната во Украина, односите со Москва драматично се променети, а безбедносниот пејзаж во Европа никогаш повеќе нема да биде ист, рече генералниот секретар на НАТО.
Зборувајќи за процесот на зајакнување на руско-кинеските осноси, Столтенберг рече дека тие се „предизвик за нашата безбедност, нашите интереси и вредности“.
Како што авторитарните режими ја зголемуваат својата соработка, дотолку поважно е оние што веруваат во слободата и демократијата да застанат рамо до рамо и да го промовираат мирот, да ја штитат споделената безбедност и да ги бранат глобалните правила. Тоа го покажуваме јасно преку институциите како ЕУ и НАТО, рече првиот човек на Алијансата.
За Македонија генералниот секретар на НАТО рече дека е валиден сојузник, кој придонесува во мировната мисија во Косово која е од витално значење за безбедноста на Западниот Балкан, особено во време на зголемени тензии.
Изминатите неколку дена нашата мисија на КФОР ја зајакнавме со стотици трупи, а Македонија го зголеми буџетот за одбрана и дава поддршка на нашиот партнер Украина. НАТО може да смета на Македонија и обратно. Јасен показател се авионите на НАТО кои во рамки на патролната служба го контролираат небото над земјата, рече Столтенберг.
Што се иднесува на прашањето за проширување на европското семејство до 2030 година, тој рече дека тоа не само што е возможно, туку и се случува во моментов.
Следејќи ги стапките на Македонија, Финска како одговор на руската инвазија се придружи на Алијансата. Сакам да ве уверам дека и шведското присоединување кон НАТО ќе биде комплетрирано што е мошно побрзо. Тоа важи и за Украина, сите наши сојузници се согласија земјата да стане дел од НАТО, а во Алијансата Русија нема право на вето, рече Јенс Столтенберг во видео обраќањето на „Преспа форум“ што се одржува во Струга.
На оваа сесија обраќање имаа и претседателот Стево Пендаровски, потоа претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и на на Албанија, Бајрам Бегај.

The post Столтенберг на „Преспа форум“: НАТО секогаш ќе го избере патот што води кон надеж, демократија и мир appeared first on Република.

]]>
МНР се огласи по инцидентот: Кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот се случи поради силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-se-oglasi-po-intsidentot-kusiot-prekin-na-otvoraneto-na-prespa-forumot-se-sluchi-poradi-silniot-veter-koj-go-oshteti-panelot-od-stsenografijata/ Thu, 15 Jun 2023 20:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=651891

Дозволете да информираме дека кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите, стои во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи. 

Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панлеот продолжи  со предвидената агенда.

Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика; утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки

 Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим.

На Преспа форумот вечерва, веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, се случи инцидент што се виде и на директниот пренос. Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели која изреагира испаничено, а присутните на форумот трчаа да ѝ помогнат. Сепак се покажа дека нема потреба и дека нема никаква последица, но дебатата времено беше прекината.

The post МНР се огласи по инцидентот: Кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот се случи поради силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата appeared first on Република.

Ковачевски на Преспа форумот: Без Заев и Ципрас, денеска ќе беше само уште еден обичен ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-na-prespa-forumot-bez-zaev-i-tsipras-deneska-ke-beshe-samo-ushte-eden-obichen-den/ Thu, 15 Jun 2023 18:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=651850

На почетокот на својот говор на официјалното отворање на Преспа форум за дијалог „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“, премиерот Ковачевски им оддаде признание на двајцата лидери, поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Без Заев и Ципрас, денеска ќе беше само уште еден обичен ден, рече премиерот.

Со договорот од Преспа и сите следни чекори до денес, ние ја обновивме вербата во дипломатијата, промовирајќи го отворениот дијалог како придобивка. Со тоа покажавме применлив и функционален пример за решавање на кризи што има посебно значење во денешниот геополитички контекст на случувања, за решавање слични предизвици пред кои што се исправени и регионот и Европа денес, порача вечерва од Струга премиерот на официјалната сесија за отворање „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“ на Преспа форумот за дијалог.

Ковачевски оцени дека одржливи решенија се постигнуваат на маса каде што се води дијалог, меѓу лидери кои имаат политичка волја да се разберат и во името на доброто на својот народ и на својата држава.

Земјите-членки на ЕУ, на НАТО, САД, во Македонија денес гледаат како фактор на стабилност и безбедност во Европа. Поради сето тоа, денес реалистично гледаме на 2030 година како на достижна цел за полноправно членство на државава во ЕУ, нагласи тој.

Ковачевски истакна дека Македонија покажа дека ниту еден искрен напор не е залуден.

И кога велам дека постои доказ, тогаш најдобар доказ е Договорот од Преспа, којшто пред пет години беше решение за билатерален спор а денес е модел за перспективи за иднината, рече вечерва Ковачевски на панелот „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“.

The post Ковачевски на Преспа форумот: Без Заев и Ципрас, денеска ќе беше само уште еден обичен ден appeared first on Република.

]]>

На почетокот на својот говор на официјалното отворање на Преспа форум за дијалог „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“, премиерот Ковачевски им оддаде признание на двајцата лидери, поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Без Заев и Ципрас, денеска ќе беше само уште еден обичен ден, рече премиерот.
Со договорот од Преспа и сите следни чекори до денес, ние ја обновивме вербата во дипломатијата, промовирајќи го отворениот дијалог како придобивка. Со тоа покажавме применлив и функционален пример за решавање на кризи што има посебно значење во денешниот геополитички контекст на случувања, за решавање слични предизвици пред кои што се исправени и регионот и Европа денес, порача вечерва од Струга премиерот на официјалната сесија за отворање „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“ на Преспа форумот за дијалог. Ковачевски оцени дека одржливи решенија се постигнуваат на маса каде што се води дијалог, меѓу лидери кои имаат политичка волја да се разберат и во името на доброто на својот народ и на својата држава.
Земјите-членки на ЕУ, на НАТО, САД, во Македонија денес гледаат како фактор на стабилност и безбедност во Европа. Поради сето тоа, денес реалистично гледаме на 2030 година како на достижна цел за полноправно членство на државава во ЕУ, нагласи тој.
Ковачевски истакна дека Македонија покажа дека ниту еден искрен напор не е залуден.
И кога велам дека постои доказ, тогаш најдобар доказ е Договорот од Преспа, којшто пред пет години беше решение за билатерален спор а денес е модел за перспективи за иднината, рече вечерва Ковачевски на панелот „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“.
 
The post Ковачевски на Преспа форумот: Без Заев и Ципрас, денеска ќе беше само уште еден обичен ден appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Поуп: Македонија придонесува во управувањето со миграцијата и безбедноста во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-poup-makedonija-pridonesuva-vo-upravuvaneto-so-migratsijata-i-bezbednosta-vo-evropa/ Thu, 15 Jun 2023 17:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=651842

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, во пресрет на официјалното отворање на Преспа форум за дијалог 2023, се сретнал со Ејми Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (IOM).

Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Ковачевски и го честитал изборот на Поуп, која треба да стапи на новата позиција од 1 октомври 2023 година, а нејзината кандидатура беше поддржана од Република Македонија и ѝ посака успешен мандат, како прва жена на чело на Меѓународната организација за миграција (IOM).

На средбата, како успешна била оценета соработката со Владата, во делот на одговорот на кризи, управувањето со миграцијата и податоци и ресурси, што е констатирано како значајно, посебно земајќи ја предвид состојбата со присуството на мигранти на јужната граница, односно меѓу Македонија и Република Грција.

Премиерот Ковачевски нагласил дека Македонија има усогласени активности и политики со европските партнери во однос на миграциските прашања. И, продолжува активно да соработува со Меѓународната организација за миграција, препознавајќи го доброто управување со миграцијата од важност за безбедноста во регионални и европски рамки и како прашање од важност во Агендата за одржлив развој 2030 година.

Ефективното управување со миграцијата е меѓу приоритетите на Владата, особено во делот на раното откривање и спречување илегални преминувања и движења долж балканската рута, со фокус на безбедноста на границите, рече премиерот Ковачевски, се наведува во соопштението.

На состанокот заеднички било истакнато значењето на зајакнувањето на прекуграничната соработка, како еден од главните предуслови за ефикасно управување со илегалната миграција.

The post Ковачевски – Поуп: Македонија придонесува во управувањето со миграцијата и безбедноста во Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, во пресрет на официјалното отворање на Преспа форум за дијалог 2023, се сретнал со Ејми Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (IOM). Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Ковачевски и го честитал изборот на Поуп, која треба да стапи на новата позиција од 1 октомври 2023 година, а нејзината кандидатура беше поддржана од Република Македонија и ѝ посака успешен мандат, како прва жена на чело на Меѓународната организација за миграција (IOM). На средбата, како успешна била оценета соработката со Владата, во делот на одговорот на кризи, управувањето со миграцијата и податоци и ресурси, што е констатирано како значајно, посебно земајќи ја предвид состојбата со присуството на мигранти на јужната граница, односно меѓу Македонија и Република Грција. Премиерот Ковачевски нагласил дека Македонија има усогласени активности и политики со европските партнери во однос на миграциските прашања. И, продолжува активно да соработува со Меѓународната организација за миграција, препознавајќи го доброто управување со миграцијата од важност за безбедноста во регионални и европски рамки и како прашање од важност во Агендата за одржлив развој 2030 година.
Ефективното управување со миграцијата е меѓу приоритетите на Владата, особено во делот на раното откривање и спречување илегални преминувања и движења долж балканската рута, со фокус на безбедноста на границите, рече премиерот Ковачевски, се наведува во соопштението.
На состанокот заеднички било истакнато значењето на зајакнувањето на прекуграничната соработка, како еден од главните предуслови за ефикасно управување со илегалната миграција.

The post Ковачевски – Поуп: Македонија придонесува во управувањето со миграцијата и безбедноста во Европа appeared first on Република.

]]>
Никола Димитров се жали: Втора година по ред не ме канат на Преспа форумот! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikola-dimitrov-se-zhali-vtora-godina-po-red-ne-me-kanat-na-prespa-forumot/ Thu, 15 Jun 2023 17:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=651839

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека втора година по ред Владата и МНР како организатори на Преспа форумот за дијалог, кој годинава е во тек во Струга, не сакаат да го поканат да учествува.

Две години по ред не сум поканет на Преспа форум. Ќе се видиме на Преспа форумот, ќе ми речат странците, а јас во наводници им кажувам дека нема да дојдам. Ова што е повик за единство се празни зборови и полутажна ситуација, рече потписникот на Преспанскиот договор.

Димитров ги повтори своите критики дека 80-90 отсто од евентуалниот влез на Македонија во ЕУ зависи од наш самите.

Бродот оди надолу, има неуспеси во реформите, образованието, здравството, а спасот се гледа во еден кош - проширувањето на ЕУ, но драстична е разликата од тоа што се зборува и тоа што се зборува дома, вели Димитров.

Тој додаде дека под претпоставка уште утре Брисел да не прифати како земја-членка, младите со ЕУ-пасош ќе се разбегаат, затоа што ништо не е средено и тоа е потврда дека нас повеќе ни е потребен процесот, отколку самото членство.

Во поглед на уставните измени и преговорите помеѓу политичките партии, тој вели дека Софија ако сака да биде искрен пријател треба да седне повторно на маса и да направи отстапки.

Ние имаме поприлично едностран договор пренаклонет кон една членка, кон бугарските позиции, кој е неспроведлив. Бугарија треба да размисли ако сака да ги заштити тие работи треба да направи нешто и за македонската страна. Пакетот е толку искривен и ние сме толку навредени заради негацијата, што многу граѓани во Софија гледаат непријател. Ако им е гајле за нашите односи, Софија треба да се вложи. Оваа дебата кој да влезе кој да излезе од влада е само едно замачкување, смета Димитров.

The post Никола Димитров се жали: Втора година по ред не ме канат на Преспа форумот! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека втора година по ред Владата и МНР како организатори на Преспа форумот за дијалог, кој годинава е во тек во Струга, не сакаат да го поканат да учествува.
Две години по ред не сум поканет на Преспа форум. Ќе се видиме на Преспа форумот, ќе ми речат странците, а јас во наводници им кажувам дека нема да дојдам. Ова што е повик за единство се празни зборови и полутажна ситуација, рече потписникот на Преспанскиот договор.
Димитров ги повтори своите критики дека 80-90 отсто од евентуалниот влез на Македонија во ЕУ зависи од наш самите.
Бродот оди надолу, има неуспеси во реформите, образованието, здравството, а спасот се гледа во еден кош - проширувањето на ЕУ, но драстична е разликата од тоа што се зборува и тоа што се зборува дома, вели Димитров.
Тој додаде дека под претпоставка уште утре Брисел да не прифати како земја-членка, младите со ЕУ-пасош ќе се разбегаат, затоа што ништо не е средено и тоа е потврда дека нас повеќе ни е потребен процесот, отколку самото членство. Во поглед на уставните измени и преговорите помеѓу политичките партии, тој вели дека Софија ако сака да биде искрен пријател треба да седне повторно на маса и да направи отстапки.
Ние имаме поприлично едностран договор пренаклонет кон една членка, кон бугарските позиции, кој е неспроведлив. Бугарија треба да размисли ако сака да ги заштити тие работи треба да направи нешто и за македонската страна. Пакетот е толку искривен и ние сме толку навредени заради негацијата, што многу граѓани во Софија гледаат непријател. Ако им е гајле за нашите односи, Софија треба да се вложи. Оваа дебата кој да влезе кој да излезе од влада е само едно замачкување, смета Димитров.
 
The post Никола Димитров се жали: Втора година по ред не ме канат на Преспа форумот! appeared first on Република.

]]>
Османи: Преспа форумот за дијалог станува препознатлив бренд во регионот и Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-prespa-forumot-za-dijalog-stanuva-prepoznatliv-brend-vo-regionot-i-evropa/ Tue, 13 Jun 2023 14:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=650936

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес- конференција го најави третото издание на Преспа форум за дијалог што ќе се одржи на 15 и 16 јуни, во Струга.

Османи истакна дека со изборот на Струга оваа година за место на одржување на овогодишниот настан, се признава богатата историја на културна размена на градот, место кое инспирира отворен дијалог и продуктивни дискусии.

“На 15ти започнува трето издание на конференција Преспа Форум за дијалог, што мене особено ме радува, затоа што низ трите години на мојот мандат како министер за надворешни работи, заедно со голем број мои соработници од куќава, успеавме да изградиме традиција, да изградиме еден препознатлив бренд преку кој Република Македонија станува препознатлива во регионот, во Европа, па и пошироко”, нагласи министерот Османи.

Третата едиција на ПФД се совпаѓа и со првиот јубилеј од потпишувањето на договорот од Преспа.

“Очекувам да имаме навистина успешен форум што ќе ни овозможат да го повториме успехот и со тоа да го потврдиме прераснувањето на форумот како наш бренд по кој сме препознатливи, како и да ја зацврстиме улогата на Македонија како регионален лидер во промоцијата на политиките за надминување на отворени спорови, промотор на вредностите за помирување и креирање стабилност во регионот” изјави министерот.

На ПФД2023 учество потврдиле: новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Албанија, Бајрам Бегај; потврдени ни се и претседателите на Владата на Црна Гора и Косово, Дритан Абазовиќ и Аљбин Курти. На форумот ќе учествуваат бројни министри од регионот и пошироко, меѓу кои и министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман, бројни министри за европски прашања, меѓу кои Тања Мишевиќ и Мајлинда Дука, од Србија и Албанија, Питер Бурк од Ирска, Мартин Дворак од Чешка, како и претставници и на мултилатералните организации, меѓу кои и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, генералниот потсекретар на Обединетите нации Мирослав Јенча, генералната потсекретарка на UNDP Ивана Живковиќ, како и високи претставници на бројни тинк-тенк организации од Европа и пошироко.

The post Османи: Преспа форумот за дијалог станува препознатлив бренд во регионот и Европа appeared first on Република.

Младите уште денеска би ги решиле сите наши недоразбирања, не затоа што не ги разбираат, туку затоа што ги гушат, рече Стојчевска-Костадиновска на Преспа форумот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mladite-ushte-deneska-bi-gi-reshile-site-nashi-nedorazbiranja-ne-zatoa-shto-ne-gi-razbiraat-tuku-zatoa-shto-gi-gushat-reche-stojchevska-kostadinovska-na-prespa-forumot/ Sat, 18 Jun 2022 08:41:28 +0000 https://republika.mk/?p=516587

Младите не треба да бидат добри војници, ниту послушни поединци, ниту евтина работна сила, бидејќи кај нив се промените. Без младите нема ниту иднина, ниту Западен Балкан, ниту реална европска безбедносна архитектура, рече во своето обраќање министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска на вториот Преспа форум за дијалог.

Ви се обраќам Вам млади со „екселенции“, бидејќи јас не знам во блиска или подалечна иднина кој од вас ќе биде идниот претседател, идниот премиер на земајата, или пак иден наградуван и светски признат научник, уметник, идна наша гордост. Име кое ќе го носат институции во негова чест. А јас сум сигурна дека тоа ќе биде така!, им порача таа за време на дијалогот на младите.

Според Костадиновска-Стојчевска многу млади луѓе во нашето општество неоправдано се дискредитираат поради нивната најголема предност – младоста, која се етикетира како слабост или недостаток.

Доколку не постоела таа младешка мудрост во минатото, ние ќе го отфрлевме еден Фардеј како премлад, еден Тесла како неразумен млад човек кој си игра со опасности, немаше да го имаме Блаже Конески како прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија денес би рекле – на само 26 години. Големиот Гете велат дека до крајот на својот живот како свое генијално и омилено дело го истакнувал својот „Вертер“, а не „Фауст“, додаде таа.

Министерката потсети дека 2022-ра е прогласена за европска година на младите со цел - инволвирање на младите генерации во изградба на стабилни, мирни и одржливи општества и развој на политики што ги пресретнуваат специфичните потреби на младите луѓе.

Отворете се за соработка, за размена на искуства, нека ви врежат брчки на лицето. Не дозволувајте да го носите времето на туѓите грешки! Не барајте иднина во минатото! Живејте сега и сега барајте ги начините како со вашите чисти умови и срца да го приближите Западен Балкан кон Европската Унија. Убедена сум дека младите уште денеска би ги решиле сите наши недоразбирања не зашто, некој би рекол, не ги разбираат - туку затоа што ги гушат, порача таа.

Преспа форумот за дијалог ги опфати најгорливите безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан, со посебен осврт врз импликациите на војната во Украина врз севкупните меѓународни, политички, безбедносни, економски прилики во Европа и пошироко.

The post Младите уште денеска би ги решиле сите наши недоразбирања, не затоа што не ги разбираат, туку затоа што ги гушат, рече Стојчевска-Костадиновска на Преспа форумот appeared first on Република.

Пендаровски на средба со косовската колешка Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-sredba-so-kosovskata-koleshka-osmani/ Fri, 17 Jun 2022 13:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=516375

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари билатерална средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи во Охрид. Како што информира прес-службата на Пендаровски, за време на средбата се дискутирало за развојот на билатералните односи, актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план и безбедносната состојба во регионот и пошироко.

На средбата, претседателите изразиле задоволство од динамиката на односите и соработката меѓу Македонија и Косово разгледувајќи ги можностите за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

Од своја страна, претседателот Пендаровски, во духот на градењето добрососедски односи, го реафирмираше  ставот за поддршка на евроатлантските аспирации на Косово како и активното пристапување на Косово кон постојните регионални иницијативи и форуми, се вели во соопштението.

Од прес-службата на претседателот додаваат дека соговорниците размениле мислења за состојбите во регионот, како и актуелностите во дијалогот на Косово со Србија, ангажманот на меѓународните претставници и притоа се согласија дека во светло на новите геополитички предизвици предизвикани од руската воена агресија врз Украина, мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите. 

The post Пендаровски на средба со косовската колешка Османи appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари билатерална средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи во Охрид. Како што информира прес-службата на Пендаровски, за време на средбата се дискутирало за развојот на билатералните односи, актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план и безбедносната состојба во регионот и пошироко. На средбата, претседателите изразиле задоволство од динамиката на односите и соработката меѓу Македонија и Косово разгледувајќи ги можностите за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.
Од своја страна, претседателот Пендаровски, во духот на градењето добрососедски односи, го реафирмираше  ставот за поддршка на евроатлантските аспирации на Косово како и активното пристапување на Косово кон постојните регионални иницијативи и форуми, се вели во соопштението.
Од прес-службата на претседателот додаваат дека соговорниците размениле мислења за состојбите во регионот, како и актуелностите во дијалогот на Косово со Србија, ангажманот на меѓународните претставници и притоа се согласија дека во светло на новите геополитички предизвици предизвикани од руската воена агресија врз Украина, мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите. 

The post Пендаровски на средба со косовската колешка Османи appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Потребата од зелена транзиција на целиот регион ќе значи раст на економиите и подобар квалитет на животот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-potrebata-od-zelena-tranzicija-na-celiot-region-kje-znachi-rast-na-ekonomiite-i-podobar-kvalitet-na-zivotot-na-gragjanite/ Thu, 16 Jun 2022 19:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=516087

Зелената агенда за Западен Балкан произлезе од потребата да се одговори на предизвиците за заштита на животната средина со кои се соочува регионот и да се усогласат нашите политики со приоритетите на Европската унија дефинирани преку Европскиот зелен договор. Во оваа насока Македонија веќе направи законски измени и засилено работи на зелена енергетска трансформација преку реализација на инвестиции во зголемување на домашните капацитети за производство на енергија од обновливи извори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на панел сесијата насловена “Зелена агенда за Западен Балкан: рамка за имплементација за одржлив и климатски неутрален регион“ на Преспа форум дијалогот кој денеска се одржува во Охрид.

„Како држава работиме засилено на замена на старите енергетски капацитети со обновливи извори на енергија како што се фотоволтаични централи. Работиме засилено на изградба на инфраструктора за гасно поврзување и со регионот, но и за обезбедување на гас за сите дoмаќинства. Економиите во регионот се обврзаа да ги усогласат своите среднорочни планови за намалување на емисиите со амбициите на ЕУ за намалување на емисиите на CO2. Земјите од регионот мора да ги решат предизвиците што произлегуваат од постепеното исклучување на јагленот, како што се невработеноста, економските нарушувања и миграцијата на работната сила, се вели во декларацијата од самитот. Декарбонизацијата ќе се постигне „преку употреба на обновливи или помалку јаглерод-интензивни горива“ кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека за целиот регион потребата од зелена трансформација не е само економско прашање, и колку побрзо го разбереме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар.

„Подобрувањето на енергетскиот интензитет е главна можност за раст за целиот регион што може да ги поттикне инвестициските циклуси во обновливи извори на енергија, одржлива мобилност, модернизација на индустријата, реновирање на згради во масовен обем и подобрување на квалитетот и одржливоста на земјоделството и храната. Забрзаната транзиција на клучните сектори кои најмногу придонесуваат за емисиите на стакленички гасови е вистинскиот пат напред, додека внимателно се препознаваат новите можности за владата, компаниите и граѓаните кои ги донесе зелената транзиција. Исто така, неопходно е мудро да се управуваат ризиците од транзицијата и да се осигура дека е одржлив, праведен и адекватно финансиски поддржан. Потребно е секогаш да се има предвид дека оние кои не се прилагодуваат ќе заостанат многу“ кажа министерот.

„Треба да бидеме свесни, секој од нас, дека сите сме дел од зелената трансформација и дека секој од нас има своја улога. Колку побрзо го сфатиме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар“ кажа Бектеши.

The post Бектеши: Потребата од зелена транзиција на целиот регион ќе значи раст на економиите и подобар квалитет на животот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Зелената агенда за Западен Балкан произлезе од потребата да се одговори на предизвиците за заштита на животната средина со кои се соочува регионот и да се усогласат нашите политики со приоритетите на Европската унија дефинирани преку Европскиот зелен договор. Во оваа насока Македонија веќе направи законски измени и засилено работи на зелена енергетска трансформација преку реализација на инвестиции во зголемување на домашните капацитети за производство на енергија од обновливи извори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на панел сесијата насловена “Зелена агенда за Западен Балкан: рамка за имплементација за одржлив и климатски неутрален регион“ на Преспа форум дијалогот кој денеска се одржува во Охрид. „Како држава работиме засилено на замена на старите енергетски капацитети со обновливи извори на енергија како што се фотоволтаични централи. Работиме засилено на изградба на инфраструктора за гасно поврзување и со регионот, но и за обезбедување на гас за сите дoмаќинства. Економиите во регионот се обврзаа да ги усогласат своите среднорочни планови за намалување на емисиите со амбициите на ЕУ за намалување на емисиите на CO2. Земјите од регионот мора да ги решат предизвиците што произлегуваат од постепеното исклучување на јагленот, како што се невработеноста, економските нарушувања и миграцијата на работната сила, се вели во декларацијата од самитот. Декарбонизацијата ќе се постигне „преку употреба на обновливи или помалку јаглерод-интензивни горива“ кажа Бектеши. Министерот потенцираше дека за целиот регион потребата од зелена трансформација не е само економско прашање, и колку побрзо го разбереме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар. „Подобрувањето на енергетскиот интензитет е главна можност за раст за целиот регион што може да ги поттикне инвестициските циклуси во обновливи извори на енергија, одржлива мобилност, модернизација на индустријата, реновирање на згради во масовен обем и подобрување на квалитетот и одржливоста на земјоделството и храната. Забрзаната транзиција на клучните сектори кои најмногу придонесуваат за емисиите на стакленички гасови е вистинскиот пат напред, додека внимателно се препознаваат новите можности за владата, компаниите и граѓаните кои ги донесе зелената транзиција. Исто така, неопходно е мудро да се управуваат ризиците од транзицијата и да се осигура дека е одржлив, праведен и адекватно финансиски поддржан. Потребно е секогаш да се има предвид дека оние кои не се прилагодуваат ќе заостанат многу“ кажа министерот. „Треба да бидеме свесни, секој од нас, дека сите сме дел од зелената трансформација и дека секој од нас има своја улога. Колку побрзо го сфатиме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар“ кажа Бектеши.  

The post Бектеши: Потребата од зелена транзиција на целиот регион ќе значи раст на економиите и подобар квалитет на животот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Сесија „Европскиот мировен проект во Западен Балкан” во рамки на Преспа форумот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sesija-evropskiot-miroven-proekt-vo-zapaden-balkan-vo-ramki-na-prespa-forumot/ Thu, 16 Jun 2022 19:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=516084

Во рамки на Преспа форумот за дијалог се одржа сесија насловена “Европскиот мировен проект во Западен Балкан”, чиј домаќин беше првиот заменик Претседател на владата и министер за политички систем и односи  меѓу заедниците, Артан Груби.

Во своето обраќање, Груби упати силна порака за посветеноста на Македонија во надминување на спорот со Бугарија, како и потребата од забрзување на евроинтегративните процеси на сите земји од Западен Балкан, што е од интерес за целокупната регионална и европска безбедност.

“Го потпишавме Договорот од Преспа изменувајќи го Уставот и на светот му покажавме најдобар пример за миротворство, модел на решавање на сите спорови. Раката на помирување со пријателската земја Грција ни ги отвори вратите на НАТО и веќе на патот кон Европската Унија воспоставивме одржливи пријателства. Во спорот со соседна Бугарија правиме се што е во наша моќ да ги усогласиме нашите позиции и да го одблокираме нашиот пат на интеграција преку ново пријателство” - нагласи Груби

На сесијата обраќање имаа и специјалните гости – Никос Дендиас, министер за надворешни работи на Грција и Гордан Грлиќ – Радман, министер за надворешни работи на Хрватска. Беше уаптена јасна порака за потребата од што поскоро заокружување на европскиот пристапен процес, кој воедно е и мировен проект.

Дополнително, обраќања имаа и  Пасквал Наваро, државен секретар за ЕУ во шпанското министерство за надворешни работи, Корнелиус Корнелиу, постојан секретар во кипарското министерство за надворешни работи, Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан, Алан ле Роа, поранешен француски амбасадор, Алберт Хани, генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка и Илхан Кјучук, европратеник и известител за Македонија во Европскиот парламент.

Покрај европските и евроатлантските перспективи на земјите од регионот, на сесијата беа разменети мислења за трансформацијата на регионот од историја на конфликти и спорови до функионални општества кои споделуваат демократски вредности. Во однос на Македонија, фокусот беше поставен на трите договори – Охридскиот рамковен договор, Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија, кои воедно претставуваат и темелна идеја на ПФД и пример во регионот за надминување на спорови, изнаоѓање решенија и помирување.

The post Сесија „Европскиот мировен проект во Западен Балкан” во рамки на Преспа форумот appeared first on Република.

Зеленски од Преспа форумот: Сега е историски момент за Европа и европската безбедност, кога сите треба да одлучат – што е Европа и каква ќе биде во иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-od-prespa-forumot-sega-e-istoriski-moment-za-evropa-i-evropskata-bezbednost-koga-site-treba-da-odluchat-shto-e-evropa-i-kakva-kje-bide-vo-idnina/ Thu, 16 Jun 2022 18:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=516126

Полноправното членство на Украина како и целосната европска интеграција на вашите држави е историско зајакнување на Европа и целосно демонтирање на руската способност да не победи поединечно. Потребен ни е позитивен одговор на нашата и на вашата европска перспектива и благодарен сум што работиме на таа цел заедно, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето на сесијата на високо ниво „Што после војната во Украина?“, во рамки на Преспа форумот за дијалог што се одржува денеска и утре во Охрид.

Сега е историски момент за Европа и европската безбедност, кога сите треба да одлучат – што е Европа и каква ќе биде Европа во иднина. Дали ќе биде слободна како што е сега? Дали ќе биде безбедна како што се навикнати повеќето Европејци? Дали ќе биде социјално и економски развиена, и што ќе ги инспирира општествата надвор од нејзиниот континент?, праша Зеленски кој беше специјален гостин на Преспа форумот.

Тој нагласи дека за Украина ова е најстрашниот воен предизвик и оти украинскиот народ се брани веќе 113-ти ден од, како што рече, руските амбиции да го уништат украинскиот народ и култура.

Русија сите нас не предизвика – секоја нација на континентот, секој регион во Европа. Почнувајќи ја оваа војна против Украина, Русија се обиде да направи oтскочна даска за напад врз други нации во Европа. Затоа нашата одбрана во оваа војна е од фундаментално значење за безбедноста на секого во Европа, нагласи Зеленски.

Сите ние во демократскиот свет, продолжи украинскиот претседател, се соочивме со енергетска криза без преседан.

Многу години Русија креира впечаток дека е наводно сигурен извор на енергетски ресурси, но во реалноста направи различни европски земји да зависат од неа. Уште полошо сценарио е со пазарот на храна, при што не само што се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, туку се создава и нова мигрантска криза. Ќе споменам уште еден елемент од руската антиевропска политика – а тоа е дека Русија е можеби најголемиот инвеститор во пропаганда, оцени Зеленски.

Тој оцени дека токму затоа, сериозна дискусија за безбедносна архитектура во Европа мора да биде базирана на потребата да се ослободи Европа од зависноста што руската држава ја прави со децении.

Безбедноста е невозможна без тоа и затоа се потребни санкции за антиевропската политика на Русија. Ова треба да се земе предвид при подготвувањето на седмиот пакет санкции на ЕУ. Треба да разбереме дека санкциите станаа дел од европската безбедносна архитектура. Тие имаат за цел мир и стабилност ограничувајќи ја способноста на Русија да ја прошири агресијата, оцени Зеленски.

Тој притоа истакна дека на Европа и е потребна целосна енергетска независност.

Не може да се одржуваат трговски врски со Русија. И најважно од се е ние мора да ја направиме Европа конечно обединета. Поради тоа Украина и вашите земји од Западен Балкан се подеднакво заинтересирани за тоа. Самитот на ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи наскоро. Посакувам тој да биде успешен за вашите држави. Ви благодарам за вашата поддршка за Украина што ни ја давате на повеќе нивоа, при што овој јуни ќе биде успешен за нашата земја во релациите со ЕУ. Одговарајќи за нашата европска перспектива, и одговарајќи за вашата европска перспектива, народите во Европа и европските политичари одговараат за иднината на Европа, заклучи во своето обраќање украинскиот претседател Зеленски кој се обрати како специјален гостин на Преспа форум дијалогот што се одржува во Охрид.

The post Зеленски од Преспа форумот: Сега е историски момент за Европа и европската безбедност, кога сите треба да одлучат – што е Европа и каква ќе биде во иднина appeared first on Република.

Пендаровски: Недовршениот проект за европска интеграција има последици за Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-nedovrsheniot-proekt-za-evropska-integracija-ima-posledici-za-zapaden-balkan/ Thu, 16 Jun 2022 18:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=516123

Војната во Украина не е позитивна за која било земја и не би кажал дека е поволна за членство на мојата земја во Европската Унија (ЕУ), порача претседателот Стево Пендаровски на панелот „Што по војната во Украина?“ во рамки на Преспа форум за дијалог што се одржува во Охрид.

„Дали војната во Украина е помош за процесот на интеграција, дали го поттикнува и олеснува членството на новите кандидати? – Не! Не може да се каже дека било која војна во светот е позитивна за било која земја. Не би сакал да кажам дека војната во Украина е поволна за членството на мојата земја во ЕУ. Треба да се разгледуваат геополитичките аспекти на европската интеграција. Ако кажеме дека има поврзаност меѓу двете работи, мораме да признаеме дека има структурни недостатоци на европската безбедносна архитектура. Ако кажеме поради тие недостатоци сега треба веднаш да почнеме да постапуваме, тогаш тоа нема да придонесе кон надминување на тие недостатоци“, рече Пендаровски.

Според мене, истакна македонскиот претседател, не е возможно Русија да ја видиме во демократските граници на Европа без или со војната во Украина, а уште повеќе поради војната во Украина.

„Кога ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите навики. За мене главното прашање е што по војната во Украина? – Одговорот на ЕУ и на САД беше без преседан, нивото на единство и кохезија што се покажа во приодот кон оваа војна е без преседан. Такво ниво на единство од двете страни на Атлантикот видовме само во 1991 година во првата војна во Заливот. Не би сакал да видам никој од Европа или САД, како суштински делови на оваа Северноатлантска алијанса, да продолжи со вообичаените методи на работа, мислам на ова – по анексијата на Крим скоро сите во Европа како да заборавија за тоа, се вратија на старите теми – енергетска поврзаност и друго“, рече Пендаровски и нагласи дека во тоа време немаше никакви последици за Русија со тоа што анектираше дел од суверена земја.

Нагласи дека недовршениот проект за европска интеграција има последици за земјите кои сакаат да станат дел од Унијата и додаде дека сме 17 години кандидат за членство и со години и децении трчаме за таа цел.

„Ми се чини дека незавршениот проект за европска интеграција има последици за Западен Балкан и земјите кои сакаат во иднина да станат кандидати за членство. Можам да видам директна поврзаност меѓу незавршениот проект на ЕУ и безбедносната архитектура на стара Европа. Прво Русија со години ги поткопува нашите општества, ако зборуваме за Македонија, зборуваме за хибридни закани, лажни вести особено во однос на прашањето за името. Откога ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите методи повторно борејќи се против демократиите на западот со лажни вести и пропаганда, нагласувајќи дека не треба да  трчаме по членство во ЕУ или НАТО“, потенцира Пендаровски.

Да не заборавиме, додаде тој, дека ние сме само една од земјите во регионот која протера многубројни руски дипломати, само во последните 12 месеци. Половина од нив беа протерани од нашата земја уште пред да почне војната во Украина.

„Најмногу се грижам Европа да не продолжи со вообичаените методи на работа и покрај војната во Украина. Сега е замрзнато мислењето дека политиката на проширување е најуспешната политика на ЕУ, зашто членките на Унијата со години зборуваат дека сакаат прво да ја продлабочат ЕУ, а потоа да зборуваат за проширување на Унијата или во најдобар случај за прераспоред на моќта. Не можам да се потсетам на било која одлука на ЕУ која го подобрува позиционирањето на Унијата и овозможува влез на нови членки, бидејќи продлабочувањето е замрзнато, а со тоа е замрзнато и проширувањето“, истакна Пендаровски.

Претседателот на државава посочи дека целиот Западен Балкан чека да се заврши и заокружи европскиот проект, а во меѓувреме се соочува со демографска катастрофа и од 18 населението е намалено на 15 до 16 милиони што го покажуваат пописите на населението во регионот. Тоа се случува заради чекањето на земјите да станат дел од организацијата, која, како што кажа, дава гаранции за иден просперитет.

„Во меѓувреме, чекајќи го тоа нашата популација се преполови. Не е само Македонија и Албанија е блокирана, а Црна Гора со години преговара без значаен напредок. Сведоци сме на појава на нови идеи за нова политичка заедница на ЕУ. Барав од колегите да ми ја појаснат суштината на оваа идеја дали се работи за Европа во Европа, за ЕУ во ЕУ и што е со земјите кои веќе имаат кандидатски статус, што е со Грузија, Украина и Молдавија. Ми беше објаснето дека се работи за политички форум за консултации, но тоа мораме да го објасниме убаво на нашите  граѓани“, потенцира шефот на државата.

Предочи дека постојано и драстично опаѓа поддршката за членство во ЕУ.

„Во изминатите 18 години јавната поддршка за членство  во ЕУ опадна за 25 проценти и  бугарската блокада на нашето членство не помогна во овој контекст. Би сакал директно да ни се каже – ова е нашиот план за вас, ЕУ да каже навистина сме сериозни во намерите за интегрирање на Западниот Балкан во економска, политичка и друга смисла инаку се повеќе луѓе ќе стануваат скептични за европскиот проект“, рече Пендаровски и додаде дека  автократските режими се повеќе се зајакнуваат во регионот.

Посочи дека автократското и диктаторското движење се во пораст во Западниот Балкан и Западна Европа, а тие, како што кажа, немаат никаква допирна точка со идејата за ЕУ. 

The post Пендаровски: Недовршениот проект за европска интеграција има последици за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина не е позитивна за која било земја и не би кажал дека е поволна за членство на мојата земја во Европската Унија (ЕУ), порача претседателот Стево Пендаровски на панелот „Што по војната во Украина?“ во рамки на Преспа форум за дијалог што се одржува во Охрид. „Дали војната во Украина е помош за процесот на интеграција, дали го поттикнува и олеснува членството на новите кандидати? – Не! Не може да се каже дека било која војна во светот е позитивна за било која земја. Не би сакал да кажам дека војната во Украина е поволна за членството на мојата земја во ЕУ. Треба да се разгледуваат геополитичките аспекти на европската интеграција. Ако кажеме дека има поврзаност меѓу двете работи, мораме да признаеме дека има структурни недостатоци на европската безбедносна архитектура. Ако кажеме поради тие недостатоци сега треба веднаш да почнеме да постапуваме, тогаш тоа нема да придонесе кон надминување на тие недостатоци“, рече Пендаровски. Според мене, истакна македонскиот претседател, не е возможно Русија да ја видиме во демократските граници на Европа без или со војната во Украина, а уште повеќе поради војната во Украина. „Кога ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите навики. За мене главното прашање е што по војната во Украина? – Одговорот на ЕУ и на САД беше без преседан, нивото на единство и кохезија што се покажа во приодот кон оваа војна е без преседан. Такво ниво на единство од двете страни на Атлантикот видовме само во 1991 година во првата војна во Заливот. Не би сакал да видам никој од Европа или САД, како суштински делови на оваа Северноатлантска алијанса, да продолжи со вообичаените методи на работа, мислам на ова – по анексијата на Крим скоро сите во Европа како да заборавија за тоа, се вратија на старите теми – енергетска поврзаност и друго“, рече Пендаровски и нагласи дека во тоа време немаше никакви последици за Русија со тоа што анектираше дел од суверена земја. Нагласи дека недовршениот проект за европска интеграција има последици за земјите кои сакаат да станат дел од Унијата и додаде дека сме 17 години кандидат за членство и со години и децении трчаме за таа цел. „Ми се чини дека незавршениот проект за европска интеграција има последици за Западен Балкан и земјите кои сакаат во иднина да станат кандидати за членство. Можам да видам директна поврзаност меѓу незавршениот проект на ЕУ и безбедносната архитектура на стара Европа. Прво Русија со години ги поткопува нашите општества, ако зборуваме за Македонија, зборуваме за хибридни закани, лажни вести особено во однос на прашањето за името. Откога ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите методи повторно борејќи се против демократиите на западот со лажни вести и пропаганда, нагласувајќи дека не треба да  трчаме по членство во ЕУ или НАТО“, потенцира Пендаровски. Да не заборавиме, додаде тој, дека ние сме само една од земјите во регионот која протера многубројни руски дипломати, само во последните 12 месеци. Половина од нив беа протерани од нашата земја уште пред да почне војната во Украина. „Најмногу се грижам Европа да не продолжи со вообичаените методи на работа и покрај војната во Украина. Сега е замрзнато мислењето дека политиката на проширување е најуспешната политика на ЕУ, зашто членките на Унијата со години зборуваат дека сакаат прво да ја продлабочат ЕУ, а потоа да зборуваат за проширување на Унијата или во најдобар случај за прераспоред на моќта. Не можам да се потсетам на било која одлука на ЕУ која го подобрува позиционирањето на Унијата и овозможува влез на нови членки, бидејќи продлабочувањето е замрзнато, а со тоа е замрзнато и проширувањето“, истакна Пендаровски. Претседателот на државава посочи дека целиот Западен Балкан чека да се заврши и заокружи европскиот проект, а во меѓувреме се соочува со демографска катастрофа и од 18 населението е намалено на 15 до 16 милиони што го покажуваат пописите на населението во регионот. Тоа се случува заради чекањето на земјите да станат дел од организацијата, која, како што кажа, дава гаранции за иден просперитет. „Во меѓувреме, чекајќи го тоа нашата популација се преполови. Не е само Македонија и Албанија е блокирана, а Црна Гора со години преговара без значаен напредок. Сведоци сме на појава на нови идеи за нова политичка заедница на ЕУ. Барав од колегите да ми ја појаснат суштината на оваа идеја дали се работи за Европа во Европа, за ЕУ во ЕУ и што е со земјите кои веќе имаат кандидатски статус, што е со Грузија, Украина и Молдавија. Ми беше објаснето дека се работи за политички форум за консултации, но тоа мораме да го објасниме убаво на нашите  граѓани“, потенцира шефот на државата. Предочи дека постојано и драстично опаѓа поддршката за членство во ЕУ. „Во изминатите 18 години јавната поддршка за членство  во ЕУ опадна за 25 проценти и  бугарската блокада на нашето членство не помогна во овој контекст. Би сакал директно да ни се каже – ова е нашиот план за вас, ЕУ да каже навистина сме сериозни во намерите за интегрирање на Западниот Балкан во економска, политичка и друга смисла инаку се повеќе луѓе ќе стануваат скептични за европскиот проект“, рече Пендаровски и додаде дека  автократските режими се повеќе се зајакнуваат во регионот. Посочи дека автократското и диктаторското движење се во пораст во Западниот Балкан и Западна Европа, а тие, како што кажа, немаат никаква допирна точка со идејата за ЕУ. 

The post Пендаровски: Недовршениот проект за европска интеграција има последици за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Состанок на ОБСЕ Тројката во рамки на Преспа форум за дијалог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sostanok-na-obse-trojkata-vo-ramki-na-prespa-forum-za-dijalog/ Thu, 16 Jun 2022 17:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=516117

На маргините на овогодишниот Преспа форум за дијалог, на 16 јуни 2022 година се одржа состанок на Тројката претседавачи со ОБСЕ: министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, и во име на шведската министерка за надворешни работи, амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон. На состанокот учествуваше и на Генералната секретарка на Организацијата, Хелга Шмит.

На состанокот се разговараше за актуелните безбедносни ризици со кои се соочува регионот на ОБСЕ и улогата на Организацијата во справување со истите. Притоа, актуелниот претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Полска Збигњев Рау информираше за нивното досегашно искуство во дадениот контекст и предизвиците со кои се соочуваат во имплементацијата на нивната агенда.

Министерот Османи истакна дека почитувањето на заеднички утврдените принципи и заложби на Организацијата не смеат да биде доведени во прашање и дека Тројката на ОБСЕ активно ќе работи на нивна заштита и промоција.

На состанокот беше усвоена и заедничка изјава со која меѓу другото беше реафирмирана осуда на агресијата од страна на Руската федерација врз Украина и беше упатен повик за итна деескалација.

The post Состанок на ОБСЕ Тројката во рамки на Преспа форум за дијалог appeared first on Република.

Курти го откажа учеството на Преспа форумот за да се сретне со ветераните на ОВК кои протестираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-go-otkaza-uchestvoto-na-prespa-forumot-za-da-se-sretne-so-veteranite-na-ovk-koi-protestiraat/ Thu, 16 Jun 2022 16:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=516050

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека го откажува учеството на Преспа форумот 2022 во Охрид, со цел да се сретне со претставници на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ ОВК), кои протестираат против законот за минимална плата што е влезен во собраниска процедура, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното обраќање пред пратениците, Курти изјави дека утре, заедно со министерот за финансии, Хекуран Мурати и претседателот на собраниската Комисија за буџет и финансии, Арменд Муја, ќе разговара со претставниците на ОВВ ОВК, кои протестираат со барање ветераните да бидат опфатени во законот за минимална плата кој го предлага Владата и кој пред неколку дена доби начелна согласност од мнозинството пратеници од владејачките партии.

– Она што го предлагам денеска е да го откажам учеството на Преспа форумот утре и да ги примам на средба, заедно со министерот за финансии и со претседателот на Комисијата за буџет и финансии водачите на ветераните, да ги ислушам и да дискутирааме за сите прашања. Тие се претставници на протестот, а не опозициските пратеници. Јас сум заинтересиран да ги сретнам нив директно, бидејќи нема сомнение дека сум за правото на протест и сум за дијалог и тогаш кога не се согласуваме. Нема да заминам утре за Преспа, изјави Курти.

The post Курти го откажа учеството на Преспа форумот за да се сретне со ветераните на ОВК кои протестираат appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека го откажува учеството на Преспа форумот 2022 во Охрид, со цел да се сретне со претставници на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ ОВК), кои протестираат против законот за минимална плата што е влезен во собраниска процедура, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното обраќање пред пратениците, Курти изјави дека утре, заедно со министерот за финансии, Хекуран Мурати и претседателот на собраниската Комисија за буџет и финансии, Арменд Муја, ќе разговара со претставниците на ОВВ ОВК, кои протестираат со барање ветераните да бидат опфатени во законот за минимална плата кој го предлага Владата и кој пред неколку дена доби начелна согласност од мнозинството пратеници од владејачките партии. – Она што го предлагам денеска е да го откажам учеството на Преспа форумот утре и да ги примам на средба, заедно со министерот за финансии и со претседателот на Комисијата за буџет и финансии водачите на ветераните, да ги ислушам и да дискутирааме за сите прашања. Тие се претставници на протестот, а не опозициските пратеници. Јас сум заинтересиран да ги сретнам нив директно, бидејќи нема сомнение дека сум за правото на протест и сум за дијалог и тогаш кога не се согласуваме. Нема да заминам утре за Преспа, изјави Курти.

The post Курти го откажа учеството на Преспа форумот за да се сретне со ветераните на ОВК кои протестираат appeared first on Република.

]]>
Средба на Ковачевски со Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од врвен приоритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-kovachevski-so-mishel-integracijata-na-zapaden-balkan-vo-eu-e-prashanje-od-vrven-prioritet/ Thu, 16 Jun 2022 09:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=515887

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на редбата утринава во Охрид за време на Преспа форумот се согласиле дека по руската агресија на Украина забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ стана врвно прашање од највисок приоритет, вклучително со зајакнување на отпорноста на регионот од влијанијата на трети страни. На средбата, на која присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Ковачевски истакнал дека Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите и врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година.

Ковачевски и Мишел на средбата разговараа и за учеството на Македонија во повеќе регионални проекти поддржани од ЕУ, особено во делот на соработката во енергетиката како што е интерконекторот за гас со Грција, гасната централа во Александропулос и гасното поврзување со Србија и Косово, кои се поддржани од средства од Економскиот инвестициски план на ЕУ.

Ковачевски и Мишел разговараа и за придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“ за воспоставување на заеднички и поврзан регионален пазар врз основа на четирите слободи на ЕУ за непречен проток на луѓе, капитал, стоки и услуги, како значајни чекори за имплементација на стандардите на ЕУ.

The post Средба на Ковачевски со Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од врвен приоритет appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на редбата утринава во Охрид за време на Преспа форумот се согласиле дека по руската агресија на Украина забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ стана врвно прашање од највисок приоритет, вклучително со зајакнување на отпорноста на регионот од влијанијата на трети страни. На средбата, на која присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Ковачевски истакнал дека Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите и врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година. Ковачевски и Мишел на средбата разговараа и за учеството на Македонија во повеќе регионални проекти поддржани од ЕУ, особено во делот на соработката во енергетиката како што е интерконекторот за гас со Грција, гасната централа во Александропулос и гасното поврзување со Србија и Косово, кои се поддржани од средства од Економскиот инвестициски план на ЕУ. Ковачевски и Мишел разговараа и за придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“ за воспоставување на заеднички и поврзан регионален пазар врз основа на четирите слободи на ЕУ за непречен проток на луѓе, капитал, стоки и услуги, како значајни чекори за имплементација на стандардите на ЕУ.  

The post Средба на Ковачевски со Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од врвен приоритет appeared first on Република.

]]>
„Преспа формум“: Во Охрид доаѓаат Милановиќ, Ѓукановиќ, Пахор… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prespa-formum-vo-ohrid-doagjaat-milanovikj-gjukanovikj-pahor/ Thu, 16 Jun 2022 06:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=515787

Годинашниот Преспа форум за дијалог, што ќе се одржи денеска и утре во Охрид, ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Словенија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Гостин на Форумот е и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел кој вчера во Охрид имаше средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ на кој му претходи лидерскиот состанок на Европската Унија – Западен Балкан, претседателите разговараа за европското досие на Македонија, предизвиците и можните модалитети за нивно надминување. Тие се осврнаа и врз воената руска агресија во Украина, можните безбедносни закани во регионот и пошироко, како и на справувањето со економските предизвици соочени со ефектите од здравствената и енергетска криза.

The post „Преспа формум“: Во Охрид доаѓаат Милановиќ, Ѓукановиќ, Пахор… appeared first on Република.

]]>

Годинашниот Преспа форум за дијалог, што ќе се одржи денеска и утре во Охрид, ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Словенија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Гостин на Форумот е и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел кој вчера во Охрид имаше средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ на кој му претходи лидерскиот состанок на Европската Унија – Западен Балкан, претседателите разговараа за европското досие на Македонија, предизвиците и можните модалитети за нивно надминување. Тие се осврнаа и врз воената руска агресија во Украина, можните безбедносни закани во регионот и пошироко, како и на справувањето со економските предизвици соочени со ефектите од здравствената и енергетска криза.

The post „Преспа формум“: Во Охрид доаѓаат Милановиќ, Ѓукановиќ, Пахор… appeared first on Република.

]]>