„Преспа форум дијалог“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prespa-forum-dijalog/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Jun 2023 13:06:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Преспа форум дијалог“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prespa-forum-dijalog/ 32 32 Шекеринска: Луѓе не размислуваат што би се случило доколку не влезевме во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-luge-ne-razmisluvaat-shto-bi-se-sluchilo-dokolku-ne-vlezevme-vo-nato/ Thu, 15 Jun 2023 13:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=651759

За поместување од статус-кво состојбите секогаш се потребни вистински политичари кои сакаат да пронајдат решение и во таа смисла големата лекција што се извлече од Преспанскиот договор е дека не избираме политичари да служат како скапи огледала, туку политичари кои треба да гледаат во иднината, порача поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на обраќањето на панелот „Научени лекции и просперитет“ на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга.

Денес за Преспанскиот договор никој не вели дека ќе го поништи. Јас не сум видела таков ниту во Cеверна Македонија, ниту во Грција. Тоа е големиот доказ за успехот на Преспанскиот договор. Дури и оние кои што беа строги критичари, сега молчат, рече Шекеринска.

Таа порача дека Преспанскиот договор нè потсети оти миротворците се оние кои што го создаваат мирот, а по јавниот отпор што го имаше во почетокот, сега јавноста може да види дека има придобивки, особено денес кога безбедноста повторно е на дневен ред.

Мислам дека нема многу луѓе кои што размислуваат што би се случило во Cеверна Македонија доколку не обезбедевме место како земја членка на НАТО. Тоа без Преспанскиот договор не беше возможно, истакна поранешната министерка Шекеринска, додавајќи дека за да биде витален Преспанскиот договор, потребен е ЕУ-контекст.

The post Шекеринска: Луѓе не размислуваат што би се случило доколку не влезевме во НАТО appeared first on Република.

]]>

За поместување од статус-кво состојбите секогаш се потребни вистински политичари кои сакаат да пронајдат решение и во таа смисла големата лекција што се извлече од Преспанскиот договор е дека не избираме политичари да служат како скапи огледала, туку политичари кои треба да гледаат во иднината, порача поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на обраќањето на панелот „Научени лекции и просперитет“ на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга.
Денес за Преспанскиот договор никој не вели дека ќе го поништи. Јас не сум видела таков ниту во Cеверна Македонија, ниту во Грција. Тоа е големиот доказ за успехот на Преспанскиот договор. Дури и оние кои што беа строги критичари, сега молчат, рече Шекеринска.
Таа порача дека Преспанскиот договор нè потсети оти миротворците се оние кои што го создаваат мирот, а по јавниот отпор што го имаше во почетокот, сега јавноста може да види дека има придобивки, особено денес кога безбедноста повторно е на дневен ред.
Мислам дека нема многу луѓе кои што размислуваат што би се случило во Cеверна Македонија доколку не обезбедевме место како земја членка на НАТО. Тоа без Преспанскиот договор не беше возможно, истакна поранешната министерка Шекеринска, додавајќи дека за да биде витален Преспанскиот договор, потребен е ЕУ-контекст.

The post Шекеринска: Луѓе не размислуваат што би се случило доколку не влезевме во НАТО appeared first on Република.

]]>
Гужвата од високи гости ќе му го чува стравот од новинарите: Форумот ќе заврши, а Таче да си најде одговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/guzhvata-od-visoki-gosti-ke-mu-go-chuva-stravot-od-novinarite-forumot-ke-zavrshi-a-tache-da-si-najde-odgovori/ Thu, 15 Jun 2023 06:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=651339

Каква чест им направи владиниот пиар на новинарите уште синоќа кога им испрати најава за активностите на премиерот Димитар Ковачевски денес и утре. Имено, според најавата премиерот Таче денес и утре ќе учествува на Преспа форумот за дијалог, кој годинава се одржува во Струга.

Голем јавен настан за да се сокрие премиерот од јавноста како што се сокри вчера кога беше во посета на фирма во Карпош.

Премиерот Ковачевски ќе го отвори ПФД 2023 со обраќање на официјалното отворање на 15 јуни 2023 година, на панел сесијата на тема: „Договор од Преспа по пет години: предизвиците се претворија во можности“, а на 16 јуни пак, во рамки на премиерскиот панел, премиерот Ковачевски ќе говори за важноста од регионалната соработка, која е клучна во услови на геополитички превирања и силна поларизација на светот.

Исто така, предвидено е да одржи и билатерални средби со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, со Ејми Е. Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција, како и со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан.

Агендата на Таче и програмата на Форумот се строго определени, па така Таче ќе ја искористи гужвата од високи гости да му го чува стравот од незгодните прашања на новинарите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-ima-uplav-od-novinari-na-nastani-odi-bez-da-pokani-mediumi-vladinata-ekipa-glumi-javnost/

Сепак, нека не заборава нашиот премиер, Форумот ќе заврши, а едноставните прашања за комплексните проблеми ќе останат и ќе му бидат поставени. Нека го искористи времето да најде одговори.

The post Гужвата од високи гости ќе му го чува стравот од новинарите: Форумот ќе заврши, а Таче да си најде одговори appeared first on Република.

]]>

Каква чест им направи владиниот пиар на новинарите уште синоќа кога им испрати најава за активностите на премиерот Димитар Ковачевски денес и утре. Имено, според најавата премиерот Таче денес и утре ќе учествува на Преспа форумот за дијалог, кој годинава се одржува во Струга. Голем јавен настан за да се сокрие премиерот од јавноста како што се сокри вчера кога беше во посета на фирма во Карпош.
Премиерот Ковачевски ќе го отвори ПФД 2023 со обраќање на официјалното отворање на 15 јуни 2023 година, на панел сесијата на тема: „Договор од Преспа по пет години: предизвиците се претворија во можности“, а на 16 јуни пак, во рамки на премиерскиот панел, премиерот Ковачевски ќе говори за важноста од регионалната соработка, која е клучна во услови на геополитички превирања и силна поларизација на светот. Исто така, предвидено е да одржи и билатерални средби со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, со Ејми Е. Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција, како и со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан.
Агендата на Таче и програмата на Форумот се строго определени, па така Таче ќе ја искористи гужвата од високи гости да му го чува стравот од незгодните прашања на новинарите. https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-ima-uplav-od-novinari-na-nastani-odi-bez-da-pokani-mediumi-vladinata-ekipa-glumi-javnost/ Сепак, нека не заборава нашиот премиер, Форумот ќе заврши, а едноставните прашања за комплексните проблеми ќе останат и ќе му бидат поставени. Нека го искористи времето да најде одговори.

The post Гужвата од високи гости ќе му го чува стравот од новинарите: Форумот ќе заврши, а Таче да си најде одговори appeared first on Република.

]]>
Започнува Третиот Преспа форум за дијалог „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zapochnuva-tretiot-prespa-forum-za-dijalog-proshireno-evropsko-semejstvo-do-2030-ne-vozmozhna-misija/ Thu, 15 Jun 2023 06:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=651533

Денес и утре во струшкиот хотел „Дрим“ ќр др одржи Третиот Преспа форум за дијалог насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”. Форумот го организира Министерството за надворешни работи, а под покровителство на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

Преспа форумот за дијалог оваа година се совпаѓа и со првиот јубилеј од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Премиерот Ковачевски, како покровител, ќе ја предводи централната сесија на Конференцијата на тема „5 години по Преспанскиот договор: предизвици кои создаваат можности.“

Насловна тема на годинешниот ПФД е обединета Европа како клучен фактор за долгорочната безбедност и стабилност на континентот, пресликан преку зајакната и забрзана интеграција на останатите земји од континентот во Европската Унија.

На дводневниот форум на едно место ќе бидат присутни видни домашни и меѓународни високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации, коишто ќе имаат одлична можност да ги споделат нивните анализи, мисли и идеи за најактуелните регионални и меѓународни теми.

Меѓу потврдените учесници се новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателите на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Албанија, Бајрам Бегај, претседателите на Владата на Црна Гора и Косово, Дритан Абазовиќ и Аљбин Курти, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман, министрите за европски прашања од Србија и Албанија, Тања Мишевиќ и Мајлинда Дука, Питер Бурк од Ирска; Мартин Дворжак од Чешка, генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, генералниот потсекретар на Обединетите нации, Мирослав Јенча, генералната потсекретарка на УНДП, Ивана Живковиќ и др.

Во рамки на форумот, ќе бидат потпишани Меморандум за разбирање помеѓу Регионалната иницијатива за миграција, азил, бегалци (МАРРИ) и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) како и Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Пријатели на Европа (Friends of Europe).

The post Започнува Третиот Преспа форум за дијалог „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?“ appeared first on Република.

]]>

Денес и утре во струшкиот хотел „Дрим“ ќр др одржи Третиот Преспа форум за дијалог насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”. Форумот го организира Министерството за надворешни работи, а под покровителство на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски. Преспа форумот за дијалог оваа година се совпаѓа и со првиот јубилеј од потпишувањето на Преспанскиот договор. Премиерот Ковачевски, како покровител, ќе ја предводи централната сесија на Конференцијата на тема „5 години по Преспанскиот договор: предизвици кои создаваат можности.“ Насловна тема на годинешниот ПФД е обединета Европа како клучен фактор за долгорочната безбедност и стабилност на континентот, пресликан преку зајакната и забрзана интеграција на останатите земји од континентот во Европската Унија. На дводневниот форум на едно место ќе бидат присутни видни домашни и меѓународни високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации, коишто ќе имаат одлична можност да ги споделат нивните анализи, мисли и идеи за најактуелните регионални и меѓународни теми. Меѓу потврдените учесници се новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателите на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Албанија, Бајрам Бегај, претседателите на Владата на Црна Гора и Косово, Дритан Абазовиќ и Аљбин Курти, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман, министрите за европски прашања од Србија и Албанија, Тања Мишевиќ и Мајлинда Дука, Питер Бурк од Ирска; Мартин Дворжак од Чешка, генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, генералниот потсекретар на Обединетите нации, Мирослав Јенча, генералната потсекретарка на УНДП, Ивана Живковиќ и др. Во рамки на форумот, ќе бидат потпишани Меморандум за разбирање помеѓу Регионалната иницијатива за миграција, азил, бегалци (МАРРИ) и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) како и Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Пријатели на Европа (Friends of Europe).

The post Започнува Третиот Преспа форум за дијалог „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?“ appeared first on Република.

]]>
Хрватскиот министер за надворешни работи Грлиќ-Радман во посета на Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hrvatskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-grlikj-radman-vo-poseta-na-skopje/ Tue, 14 Jun 2022 21:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=515192

Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Горан Грлиќ-Радман, на покана на својот колега, шфот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

Предвидено е потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерство за надворешни и европски работи на Република Хрватска во областа на дипломатска обука. По што Османи и Грлиќ Радман ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај средбите во Министерството за надворешни работи, во вечерните часови во Филхармонија ќе се одржи свечен настан, со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Македонија, по што ќе се одржи и соодветен прием на кој заеднички ќе биде одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Хрватска.

Следниот ден од посетата, министерот Радман ќе учествува на вториот Преспа Форум за дијалог што ќе се одржи од 16 до 18 јуни во Охрид.

The post Хрватскиот министер за надворешни работи Грлиќ-Радман во посета на Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Горан Грлиќ-Радман, на покана на својот колега, шфот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Предвидено е потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерство за надворешни и европски работи на Република Хрватска во областа на дипломатска обука. По што Османи и Грлиќ Радман ќе одржат заедничка прес-конференција. Покрај средбите во Министерството за надворешни работи, во вечерните часови во Филхармонија ќе се одржи свечен настан, со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Македонија, по што ќе се одржи и соодветен прием на кој заеднички ќе биде одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Хрватска. Следниот ден од посетата, министерот Радман ќе учествува на вториот Преспа Форум за дијалог што ќе се одржи од 16 до 18 јуни во Охрид.

The post Хрватскиот министер за надворешни работи Грлиќ-Радман во посета на Скопје appeared first on Република.

]]>