пресадување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/presaduvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 15:29:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пресадување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/presaduvanje/ 32 32 На Американец му е пресаден генетски модифициран бубрег од свиња – прв ваков случај во историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-amerikanets-mu-e-presaden-genetski-modifitsiran-bubreg-od-svina-prv-vakov-sluchaj-vo-istorijata/ Fri, 22 Mar 2024 15:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=757496

Свински бубрег првпат е успешно пресаден на жив човек, во американската Општа болница во Масачусетс. Според соопштението, генетски преуредениот орган од свиња бил трансплантиран на 62-годишен маж од САД кој живеел со бубрежна болест во краен стадиум.

Во случајов се работи за ксенотрансплантацијата - пресадување органи или ткива од еден вид на друг. На тоа науката гледа како на можно решение во случај на недостиг на органи.

Хирурзи од Центарот за општа трансплантација ја спроведоа операцијата во саботата и таа траела четири часа. Извршната директорка на установата, Ен Клибански изјави дека истражувачите и лекарите со ова ги поместуваат границите на медицината и науката.

Минаа речиси 70 години по првата успешна трансплантација на бубрег, а нашите лекари уште еднаш си ја покажаа посветеноста да обезбедиме иновативни третмани и да помогнеме во олеснување на товарот на болеста за нашите, но и другите пациенти во светот, нагласи Клибански.

Свинскиот бубрег бил генетски преуреден за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат човечки гени за да се подобри неговата компатибилност со човекот.

Пациентот добро закрепнува и се очекува наскоро да биде пуштен дома, соопштија од болницата.

The post На Американец му е пресаден генетски модифициран бубрег од свиња – прв ваков случај во историјата appeared first on Република.

]]>

Свински бубрег првпат е успешно пресаден на жив човек, во американската Општа болница во Масачусетс. Според соопштението, генетски преуредениот орган од свиња бил трансплантиран на 62-годишен маж од САД кој живеел со бубрежна болест во краен стадиум. Во случајов се работи за ксенотрансплантацијата - пресадување органи или ткива од еден вид на друг. На тоа науката гледа како на можно решение во случај на недостиг на органи. Хирурзи од Центарот за општа трансплантација ја спроведоа операцијата во саботата и таа траела четири часа. Извршната директорка на установата, Ен Клибански изјави дека истражувачите и лекарите со ова ги поместуваат границите на медицината и науката.
Минаа речиси 70 години по првата успешна трансплантација на бубрег, а нашите лекари уште еднаш си ја покажаа посветеноста да обезбедиме иновативни третмани и да помогнеме во олеснување на товарот на болеста за нашите, но и другите пациенти во светот, нагласи Клибански.
Свинскиот бубрег бил генетски преуреден за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат човечки гени за да се подобри неговата компатибилност со човекот. Пациентот добро закрепнува и се очекува наскоро да биде пуштен дома, соопштија од болницата.

The post На Американец му е пресаден генетски модифициран бубрег од свиња – прв ваков случај во историјата appeared first on Република.

]]>
Болница во Бостон одбила да му пресади срце на пациент бидејќи не бил вакциниран против ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/bolnica-vo-boston-odbila-da-mu-presadi-srce-na-pacient-bidejkji-ne-bil-vakciniran-protiv-kovid/ Wed, 26 Jan 2022 12:22:43 +0000 https://republika.mk/?p=449745

Болница во американскиот град Бостон одбива да му пресади срце на пациент зашто не е вакциниран против ковид-19. На 31-годишниот Ди Џеј Фергусон му е неопходно ново срце, но болницата го тргнала од својата листа, вели неговиот татко Дејвид.

Ковид вакцината е спротивна на неговите основни принципи и не верува во неа. Тој е преслаб за да го префрлиме во друга болница и времето ни истекува, изјави тој.

Од болницата кажаа дека ја следат својата стриктна политика.

Имајќи предвид дека постои недостиг на органи, чиниме сè за да обезбедиме пациент кој ќе добие пресаден орган да има најдобри шанси за преживување. Во нашата болница бараме кандидатите за трансплантација да бидат вакцинирани против ковид-19 за да се создадат најдобри услови за успешна операција и да се оптимизираат шансите за нивно преживување, имајќи предвид дека нивниот имунитет е значително нарушен, изјави портпаролот на болницата.

Фергусон, кој чека трето дете, е хоспитализиран од 26 ноември 2021 и страда од наследен срцев проблем кој предизвикува белите дробови да се полнат со крв и течност. Тој наводно стравувал дека вакцината може да предизвика срцево воспаление, што е наведено како крајно редок спореден ефект на вакцините.

Според Артур Каплан од медицинското училиште „Гросман“ во Њујорк, по секое пресадување органи, имунолошкиот систем на пациентот е толку ослабнат што и обична настинка може да биде смртоносна.

The post Болница во Бостон одбила да му пресади срце на пациент бидејќи не бил вакциниран против ковид appeared first on Република.

]]>

Болница во американскиот град Бостон одбива да му пресади срце на пациент зашто не е вакциниран против ковид-19. На 31-годишниот Ди Џеј Фергусон му е неопходно ново срце, но болницата го тргнала од својата листа, вели неговиот татко Дејвид.
Ковид вакцината е спротивна на неговите основни принципи и не верува во неа. Тој е преслаб за да го префрлиме во друга болница и времето ни истекува, изјави тој.
Од болницата кажаа дека ја следат својата стриктна политика.
Имајќи предвид дека постои недостиг на органи, чиниме сè за да обезбедиме пациент кој ќе добие пресаден орган да има најдобри шанси за преживување. Во нашата болница бараме кандидатите за трансплантација да бидат вакцинирани против ковид-19 за да се создадат најдобри услови за успешна операција и да се оптимизираат шансите за нивно преживување, имајќи предвид дека нивниот имунитет е значително нарушен, изјави портпаролот на болницата.
Фергусон, кој чека трето дете, е хоспитализиран од 26 ноември 2021 и страда од наследен срцев проблем кој предизвикува белите дробови да се полнат со крв и течност. Тој наводно стравувал дека вакцината може да предизвика срцево воспаление, што е наведено како крајно редок спореден ефект на вакцините. Според Артур Каплан од медицинското училиште „Гросман“ во Њујорк, по секое пресадување органи, имунолошкиот систем на пациентот е толку ослабнат што и обична настинка може да биде смртоносна.

The post Болница во Бостон одбила да му пресади срце на пациент бидејќи не бил вакциниран против ковид appeared first on Република.

]]>