Прес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pres/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 11:07:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pres/ 32 32 15. издание на „МакеДокс“ под мотото „ Копање на емоции низ времето“ од 15-22 август со 92 филмови и повеќе од 100 странски гости https://arhiva3.republika.mk/scena/film/15-izdanie-na-makedoks-pod-mototo-kopane-na-emotsii-niz-vremeto-od-15-22-avgust-so-92-filmovi-i-poveke-od-100-stranski-gosti/ Thu, 08 Aug 2024 11:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=804551

Со документарниот филм „Целулоидно подземје“ во иранско-британска продукција, чиј режисер е Ехсан Кошбахт, на 15 август ќе биде отворено 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Мотото на Фестивалот оваа година е „Копање на емоции низ времето“, затоа што тематски оваа година Фестивалот се фокусира на архивата, односно користењето на архивскиот материјал во документаристиката.

Пред „Целулоидно подземје“, ќе биде прикажан документарниот филм „Како се мери годината“ на американскиот режисер Џеј Росенблат. Фестивалот ќе се одржува до 22 август, во Крушумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје.

Како што најави на денешната прес-конференција извршниот директор на фестивалот Дарко Набаков, програмата оваа година е сочинета од 92 филмови кои што се натпреваруваат во пет натпреварувачки категории - главната награда „Кромид“, наградата „Млад кромид“ за млади автори, „Сецкан кромид“ за краток документарен филм, „Кокарче“ наградата за студентски документарен филм и наградата за етички идеи во документарниот филм.

Петнаесет години ги копаме слоевите на кромидот и дојдовме до нашето 15 издание. Овој пат Фестивалот ќе се одржува од 15 август до 22 август на пет локации во градот и ќе угости повеќе од сто странски гости, рече Набаков.

Програмскиот координатор на „МакеДокс“ Петрула Вељановска на прес-конференција напомена дека оваа година фокусот ќе биде на балканските кинотеки и користењето на архивскиот материјал во документарните филмови, секако и негова дигитализација, чување и реставрација.

Со текот на годините сфативме дека архивскиот материјал посебно е симбиотски врзан за документарните филмови и дека е многу значаен за авторите на документарни филмови, затоа што тие најчесто преку користење на архивскиот материјал ги преобликуваат нивните приказни и даваат некои свои нови идеи, нов поглед на работите и на општествено социјалните настани. Иако архивите најчесто ги врзуваме со минатото, сепак преку архивите имаме и длабок поглед на авторите кон иднината, рече Вељановска.

Како што напомена, во фокус програмата оваа година ќе бидат прикажани архивски филмови од кинотеките од поширокиот балкански регион, при што селектираа филмови од повеќе балкански кинотеки.

Програмата во фокус ќе ја отвориме со нашата македонска кинотека во Сули ан, потоа ќе ги имаме програмите со архивски филмови од југословенската кинотека, словенечката, црногорската, унгарската, романската, бугарската и албанската кинотека. Овој пат немаме земја во фокус, туку имаме регион во фокус и тоа се кратки архивски филмови од 60-тите и 70-тите години снимани, дигитализирани и реставрирани во балканските кинотеки, додаде Вељановска.

Што се однесува до главната програма, како што потенцираше, има филмови нови на документаристичката сцена, тоа се „Најмила Фиона“ - холандски филм кој што целосно е изработен од архивски материјали, филмот „Агент на среќата“, „Баломанија“, „Кикс“ и многу други филмови.

Меѓу другото, тука е и филмот „Холивудгејт“, чиј монтажер  е нашиот Атанас Георгиев, а имаме и некои филмови кои што се значајни за македонската документаристика, пред се филмот на Кумјана Новакова - „Молкот на разумот“, кој што доби награда на Амстердамскиот филмски фестивал. Во програмата на „Македокс“ ќе се најде и победникот на Берлинале - „Дахомеј“ на Мати Диоп, а ќе биде прикажан и филмот „Архитектон“ на Виктор Косаковски, додаде Вељановска.

Таа појасни дека покрај другите филмови, на фестивалот македонска премиера ќе има филмот на нашиот режисер Бојан Тантуровски „Градина“.

На затворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот на Тамара Котевска - „Патување пеш“.

Во програмата за кратки филмови ќе имаме околу 14 филмови. Меѓу нив е филмот од македонската режисерка Марија Џиџева „Сјајот на ѕвездата“ и филмот „Хембој“ на Елизабета Конеска. Во детската програма оваа година донесовме чешки филмови од постарата чешка анимирана школа, додаде Вељановска.

Раководителката на индустри програмата на „МакеДокс“ Сара Ферро напомена дека индустрискиот дел од Фестивалот ќе го почнат со два мастеркласа. Првиот матсерклас ќе се одржи на 17 август од 11 до 13 часот во „Лабораториум“ со режисерот Столе Попов.

Следниот мастерклас е на 18 август на истата локација со холанската режисерка Инеке Смитс и Јероеен Стаут, кој што е уредник на радио содржини.

Ферро информираше дека на почетокот на Фестивалот, од 15 до 18 август ќе се одржи работилница за користење на архивски материјали во документарниот филм „Замислување архиви“, со Кумнјана Новакова и Влад Петри, а одбрани се четири проекти од поширокиот балкански регион кои ќе работат со овие режисери.

The post 15. издание на „МакеДокс“ под мотото „ Копање на емоции низ времето“ од 15-22 август со 92 филмови и повеќе од 100 странски гости appeared first on Република.

]]>

Со документарниот филм „Целулоидно подземје“ во иранско-британска продукција, чиј режисер е Ехсан Кошбахт, на 15 август ќе биде отворено 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Мотото на Фестивалот оваа година е „Копање на емоции низ времето“, затоа што тематски оваа година Фестивалот се фокусира на архивата, односно користењето на архивскиот материјал во документаристиката. Пред „Целулоидно подземје“, ќе биде прикажан документарниот филм „Како се мери годината“ на американскиот режисер Џеј Росенблат. Фестивалот ќе се одржува до 22 август, во Крушумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. Како што најави на денешната прес-конференција извршниот директор на фестивалот Дарко Набаков, програмата оваа година е сочинета од 92 филмови кои што се натпреваруваат во пет натпреварувачки категории - главната награда „Кромид“, наградата „Млад кромид“ за млади автори, „Сецкан кромид“ за краток документарен филм, „Кокарче“ наградата за студентски документарен филм и наградата за етички идеи во документарниот филм.
Петнаесет години ги копаме слоевите на кромидот и дојдовме до нашето 15 издание. Овој пат Фестивалот ќе се одржува од 15 август до 22 август на пет локации во градот и ќе угости повеќе од сто странски гости, рече Набаков.
Програмскиот координатор на „МакеДокс“ Петрула Вељановска на прес-конференција напомена дека оваа година фокусот ќе биде на балканските кинотеки и користењето на архивскиот материјал во документарните филмови, секако и негова дигитализација, чување и реставрација.
Со текот на годините сфативме дека архивскиот материјал посебно е симбиотски врзан за документарните филмови и дека е многу значаен за авторите на документарни филмови, затоа што тие најчесто преку користење на архивскиот материјал ги преобликуваат нивните приказни и даваат некои свои нови идеи, нов поглед на работите и на општествено социјалните настани. Иако архивите најчесто ги врзуваме со минатото, сепак преку архивите имаме и длабок поглед на авторите кон иднината, рече Вељановска.
Како што напомена, во фокус програмата оваа година ќе бидат прикажани архивски филмови од кинотеките од поширокиот балкански регион, при што селектираа филмови од повеќе балкански кинотеки.
Програмата во фокус ќе ја отвориме со нашата македонска кинотека во Сули ан, потоа ќе ги имаме програмите со архивски филмови од југословенската кинотека, словенечката, црногорската, унгарската, романската, бугарската и албанската кинотека. Овој пат немаме земја во фокус, туку имаме регион во фокус и тоа се кратки архивски филмови од 60-тите и 70-тите години снимани, дигитализирани и реставрирани во балканските кинотеки, додаде Вељановска.
Што се однесува до главната програма, како што потенцираше, има филмови нови на документаристичката сцена, тоа се „Најмила Фиона“ - холандски филм кој што целосно е изработен од архивски материјали, филмот „Агент на среќата“, „Баломанија“, „Кикс“ и многу други филмови.
Меѓу другото, тука е и филмот „Холивудгејт“, чиј монтажер  е нашиот Атанас Георгиев, а имаме и некои филмови кои што се значајни за македонската документаристика, пред се филмот на Кумјана Новакова - „Молкот на разумот“, кој што доби награда на Амстердамскиот филмски фестивал. Во програмата на „Македокс“ ќе се најде и победникот на Берлинале - „Дахомеј“ на Мати Диоп, а ќе биде прикажан и филмот „Архитектон“ на Виктор Косаковски, додаде Вељановска.
Таа појасни дека покрај другите филмови, на фестивалот македонска премиера ќе има филмот на нашиот режисер Бојан Тантуровски „Градина“. На затворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот на Тамара Котевска - „Патување пеш“.
Во програмата за кратки филмови ќе имаме околу 14 филмови. Меѓу нив е филмот од македонската режисерка Марија Џиџева „Сјајот на ѕвездата“ и филмот „Хембој“ на Елизабета Конеска. Во детската програма оваа година донесовме чешки филмови од постарата чешка анимирана школа, додаде Вељановска.
Раководителката на индустри програмата на „МакеДокс“ Сара Ферро напомена дека индустрискиот дел од Фестивалот ќе го почнат со два мастеркласа. Првиот матсерклас ќе се одржи на 17 август од 11 до 13 часот во „Лабораториум“ со режисерот Столе Попов. Следниот мастерклас е на 18 август на истата локација со холанската режисерка Инеке Смитс и Јероеен Стаут, кој што е уредник на радио содржини. Ферро информираше дека на почетокот на Фестивалот, од 15 до 18 август ќе се одржи работилница за користење на архивски материјали во документарниот филм „Замислување архиви“, со Кумнјана Новакова и Влад Петри, а одбрани се четири проекти од поширокиот балкански регион кои ќе работат со овие режисери.

The post 15. издание на „МакеДокс“ под мотото „ Копање на емоции низ времето“ од 15-22 август со 92 филмови и повеќе од 100 странски гости appeared first on Република.

]]>
Костадиновска- Стојчевска: Според исходот од конкурсот, културата ќе биде во духот на разноликоста, традицијата и националниот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-spored-ishodot-od-konkursot-kulturata-ke-bide-vo-duhot-na-raznolikosta-traditsijata-i-natsionalniot-identitet/ Fri, 10 Feb 2023 11:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=607342

По завршувањето на Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023-та година, распишан од страна на Министерството за култура, дозволете ми да направам краток осврт на целиот процес и резултатите од истиот, рече на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Оваа година, според исходот од конкурсот, културата ќе биде во духот на разноликоста, традицијата и националниот идентитет. Станува збор за проекти од јавен интерес, кои ќе ги промовираат достигнувањата на НАШИТЕ уметници и вредностите на домашното творештво и културно наследство, што е и една од нашите цели.

Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12 и пол милиони евра.

Годишниот конкурс за поддршка на проекти по прв пат се спроведе на националниот портал Е-услуги и за прв пат решенијата за прифатени, одбиени и отфрлени проекти ќе бидат електронски испратени на профилот на корисниците.

Во електронскиот систем евидентирани се релевантни 3355 пријави. Поради нецелосна документација, согласно на општите услови од конкурсот, административно отфрлени се 332 пријави. Има и примери каде апликантите не ги насочиле своите проекти во вистинската дејност и аплицирале во дејност каде што не припаѓаат.

Има и неколку случаи, кога наместо документ за тековната состојба на правното  лице, не постара од шест месеци, бил „прикачен“ празен лист, како и неколку случаи каде не бил активен статусот на здружението.

И во самите извештаи на комисиите е потенцирано дека со ЦЕЛОСНО аплицирање на електронскиот начин, значително се зголемила ефикасноста на работата при административната селекција на проектите. Оваа година е избегната претходно констатираната практика – проекти со нецелосна или несоодветна документација да бидат предмет на разгледување од страна на Комисиите, со што се губеше драгоцено време и се отвораа сомнежи за евентуално прогледување „низ прсти“.

Сакам да нагласам дека, комисиите кои одлучуваа по пријавите по дејности, останаа доследни на принципите: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност за потребите на граѓаните, поддршка на младите и стимулирање на нивната креативност, поддршка на проекти наменети за деца, поддршка на културите на етничките заедници, поддршка на проекти за  ранливите и маргинализираните, како и принципот на родова еднаквост. Комисиите внимавале да поддржат проекти и од подносители кои досега не користеле средства од буџетот на Министерството за култура. Поддржани се проекти со интеркултурен карактер и проекти кои одат во полза на деметрополизација на културата. Секако, и проекти кои ја афирмираат нашата култура и уметност надвор од границите.

Согласно на спецификите на одделни дејности, комисиите имаа и соодветни критериуми за бодување и за што пореално вреднување на секој предложен проект.

2023-та е година и на значајни јубилеји и годишнини. Соодветните комисии и овој факт го имаа предвид поддржувајќи квалитетни проекти во пресрет на 60-сет годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Година на Ацо Шопов,  120 години од Илинденското востание, 120 години од објавувањето на книгата „За македонските работи“ на Крсте Мисирков и 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик кој го носи неговото име. Исто така поддршка добија и јубилејот 115 години од раѓањето на Коста Рацин, 120 години од раѓањето на уметникот Никола Мартиноски, како и 75 години на сцена КУД „Емин Дураку“ и КУД „Јуни Јол“.

Во извештаите на комисиите, евидентна е нивната цел, во рамки на  предвидениот буџет, да направат квалитетна и правична селекција, да ги поддржат манифестациите со подолга традиција, континуитет и докажано реноме, како и проекти кои во изминатите неколку години предизвикале поголем интерес и внимание кај публиката. Тоа беше и цел и очекувања од овогодинешниот конкурс.

Со годишната програма продолжува финансирањето на заштитата на културното наследство, со приоритет на она што е во опасност, како и заштитата и дигитализацијата на аудиовизуелни добра.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени веднаш по оваа прес-конференција на веб страната на Министерството за култура.

Верувам дека избраните проекти ќе бидат додадена вредност во перцепцијата на културата, но и поттик за НАШИТЕ уметници и автори да продолжат со вложување во својата професионална кариера.  Тоа е и моја лична заложба и на Министерството за култура.

Посакувам успешна реализација на проектите и очекувам следната година да имаме континуитет во креативната и квалитетна понуда, која ќе остане во трајната меморија на македонското општество.

The post Костадиновска- Стојчевска: Според исходот од конкурсот, културата ќе биде во духот на разноликоста, традицијата и националниот идентитет appeared first on Република.

]]>

По завршувањето на Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023-та година, распишан од страна на Министерството за култура, дозволете ми да направам краток осврт на целиот процес и резултатите од истиот, рече на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Оваа година, според исходот од конкурсот, културата ќе биде во духот на разноликоста, традицијата и националниот идентитет. Станува збор за проекти од јавен интерес, кои ќе ги промовираат достигнувањата на НАШИТЕ уметници и вредностите на домашното творештво и културно наследство, што е и една од нашите цели. Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12 и пол милиони евра. Годишниот конкурс за поддршка на проекти по прв пат се спроведе на националниот портал Е-услуги и за прв пат решенијата за прифатени, одбиени и отфрлени проекти ќе бидат електронски испратени на профилот на корисниците. Во електронскиот систем евидентирани се релевантни 3355 пријави. Поради нецелосна документација, согласно на општите услови од конкурсот, административно отфрлени се 332 пријави. Има и примери каде апликантите не ги насочиле своите проекти во вистинската дејност и аплицирале во дејност каде што не припаѓаат. Има и неколку случаи, кога наместо документ за тековната состојба на правното  лице, не постара од шест месеци, бил „прикачен“ празен лист, како и неколку случаи каде не бил активен статусот на здружението. И во самите извештаи на комисиите е потенцирано дека со ЦЕЛОСНО аплицирање на електронскиот начин, значително се зголемила ефикасноста на работата при административната селекција на проектите. Оваа година е избегната претходно констатираната практика – проекти со нецелосна или несоодветна документација да бидат предмет на разгледување од страна на Комисиите, со што се губеше драгоцено време и се отвораа сомнежи за евентуално прогледување „низ прсти“. Сакам да нагласам дека, комисиите кои одлучуваа по пријавите по дејности, останаа доследни на принципите: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност за потребите на граѓаните, поддршка на младите и стимулирање на нивната креативност, поддршка на проекти наменети за деца, поддршка на културите на етничките заедници, поддршка на проекти за  ранливите и маргинализираните, како и принципот на родова еднаквост. Комисиите внимавале да поддржат проекти и од подносители кои досега не користеле средства од буџетот на Министерството за култура. Поддржани се проекти со интеркултурен карактер и проекти кои одат во полза на деметрополизација на културата. Секако, и проекти кои ја афирмираат нашата култура и уметност надвор од границите. Согласно на спецификите на одделни дејности, комисиите имаа и соодветни критериуми за бодување и за што пореално вреднување на секој предложен проект. 2023-та е година и на значајни јубилеји и годишнини. Соодветните комисии и овој факт го имаа предвид поддржувајќи квалитетни проекти во пресрет на 60-сет годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Година на Ацо Шопов,  120 години од Илинденското востание, 120 години од објавувањето на книгата „За македонските работи“ на Крсте Мисирков и 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик кој го носи неговото име. Исто така поддршка добија и јубилејот 115 години од раѓањето на Коста Рацин, 120 години од раѓањето на уметникот Никола Мартиноски, како и 75 години на сцена КУД „Емин Дураку“ и КУД „Јуни Јол“. Во извештаите на комисиите, евидентна е нивната цел, во рамки на  предвидениот буџет, да направат квалитетна и правична селекција, да ги поддржат манифестациите со подолга традиција, континуитет и докажано реноме, како и проекти кои во изминатите неколку години предизвикале поголем интерес и внимание кај публиката. Тоа беше и цел и очекувања од овогодинешниот конкурс. Со годишната програма продолжува финансирањето на заштитата на културното наследство, со приоритет на она што е во опасност, како и заштитата и дигитализацијата на аудиовизуелни добра. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени веднаш по оваа прес-конференција на веб страната на Министерството за култура. Верувам дека избраните проекти ќе бидат додадена вредност во перцепцијата на културата, но и поттик за НАШИТЕ уметници и автори да продолжат со вложување во својата професионална кариера.  Тоа е и моја лична заложба и на Министерството за култура. Посакувам успешна реализација на проектите и очекувам следната година да имаме континуитет во креативната и квалитетна понуда, која ќе остане во трајната меморија на македонското општество.

The post Костадиновска- Стојчевска: Според исходот од конкурсот, културата ќе биде во духот на разноликоста, традицијата и националниот идентитет appeared first on Република.

]]>
Пентагон со итно соопштение по ракетната експлозија во Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-so-itno-soopshtenie-po-raketnata-eksplozija-vo-polska/ Tue, 15 Nov 2022 19:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=574235

Во Министерството за одбрана на САД се одржа прес-конференција во врска со падот на две ракети на територијата на Полска .

Американското Министерство за одбрана соопшти дека САД се „свесни за извештаите во печатот дека два руски ракети погодиле локација во Полска во близина на границата со Украина“, но во моментов немаат информации за да ги потврдат тие извештаи.

https://www.youtube.com/watch?v=p0O3xfECLmw&feature=emb_imp_woyt

The post Пентагон со итно соопштение по ракетната експлозија во Полска appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за одбрана на САД се одржа прес-конференција во врска со падот на две ракети на територијата на Полска . Американското Министерство за одбрана соопшти дека САД се „свесни за извештаите во печатот дека два руски ракети погодиле локација во Полска во близина на границата со Украина“, но во моментов немаат информации за да ги потврдат тие извештаи. https://www.youtube.com/watch?v=p0O3xfECLmw&feature=emb_imp_woyt

The post Пентагон со итно соопштение по ракетната експлозија во Полска appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-zivo-pres-konferencija-na-ministerkata-za-kultura-bisera-kostadinovska-stojchevska-2/ Tue, 15 Nov 2022 11:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=574004

Во тек е прес-конференција на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на која присуствува и историчарот на уметноста, д-р Сашо Цветковски, од МАНУ.

Прес-конференцијата е по повод враќањето на 20 икони од Република Албанија и потпишаниот Договор за соработка.

https://youtu.be/JfAKUTXdAw0

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска appeared first on Република.

]]>

Во тек е прес-конференција на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на која присуствува и историчарот на уметноста, д-р Сашо Цветковски, од МАНУ. Прес-конференцијата е по повод враќањето на 20 икони од Република Албанија и потпишаниот Договор за соработка. https://youtu.be/JfAKUTXdAw0

The post ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Фестивалот во Токио на 26 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-kajmak-na-milcho-manchevski-na-festivalot-vo-tokio-na-26-oktomvri/ Wed, 21 Sep 2022 11:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=552867

„Кајмак“, новиот филм на најнаградуваниот филмски режисер Милчо Манчевски ќе има светска премиера на 26 октомври на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио (ТИФФ). Филмот ќе биде дел од официјалната конкуренција, со што ќе се бори за награди, а ќе има три проекции во рамките на фестивалот.

Фестивалот почнува на 24 октомври и ќе трае до 2 ноември. Фестивалот во Токио е на А-листата заедно со Берлин, Кан и Венеција, најголем е во Азија и еден од најголемите во светот.

Манчевски и дел од актерската екипа на „Кајмак“ ќе продефилираат на црвениот килим во Токио и ќе учествуваат во два разговори со публиката. Манчевски ќе одржи и специјален мастерклас за јапонската стручна публика и за студенти.

Јане Ќортошев, македонскиот копродуцент на „Кајмак“ најави дека по светската премиера, македонската премиера се очекува да биде во средината на ноември.

Македонија до Токио! Филмот добива прекрасен старт на својот живот и сигурен сум дека ќе има богат фестивалски живот и понатаму, рече на денешната прес-конференција Ќортошев.

Манчевски, кој е многу популарен во Јапонија, беше првиот македонски автор кој ги проби границите за македонскиот филм и во Азија. Тој беше во селекцијата на Токио уште со „Пред дождот“ и со „Прашина“, а сите негови филмови се исклучително почитувани. Всушност во Азија, не само македонската кинематографија, туку и името Македонија, како и нејзиното место на светската мапа се директно поврзани со филмовите на Манчевски.

Кога првиот пат бев во Токио го држев во раце златниот лав од Венеција на Куросава (за „Рашомон“) и видов дека дизајнот на лавот се разликува од мојот – организаторите во Венеција ја промениле формата на трофејот во тие 30-тина години што поминале. Сега одам да проверам дали е сè во ред со лавот од Токио“, рече Манчевски.

На прес-конференцијата беше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Манчевски повторно нè носи во Јапонија со неговиот најнов филм.

Во меѓувреме светот дозна за Македонија преку неговите филмови. Тие ги пренесоа на сите континенти, во стотина земји, убавините на нашата земја, ама – уште поважно – вредноста на македонската култура и македонскиот јазик, рече министерката.

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

Во „Кајмак“ поголем дел од финансиите доаѓаат од странство - 52 проценти се од државните фондови на Данска, Холандија и Хрватска, како и од најреномираниот европски фонд Еуроимаж. Агенцијата за филм на Македонија обезбеди 48 проценти од буџетот, а Македонската Радио Телевизија е копродуцент. Во екипата се вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија и Србија.

По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир, како и на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, една од најискусните холандски продуценти („Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчер во мракот“ на Ларс Фон Трир и „Сè е тоа за љубов“ на Томас Винтерберг). Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ. Извршен продуцент е Иан Прајор од британската Скала Продакшнс.

Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот Дејниш стринг квартет, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска.

The post Светска премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Фестивалот во Токио на 26 октомври appeared first on Република.

]]>

„Кајмак“, новиот филм на најнаградуваниот филмски режисер Милчо Манчевски ќе има светска премиера на 26 октомври на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио (ТИФФ). Филмот ќе биде дел од официјалната конкуренција, со што ќе се бори за награди, а ќе има три проекции во рамките на фестивалот. Фестивалот почнува на 24 октомври и ќе трае до 2 ноември. Фестивалот во Токио е на А-листата заедно со Берлин, Кан и Венеција, најголем е во Азија и еден од најголемите во светот. Манчевски и дел од актерската екипа на „Кајмак“ ќе продефилираат на црвениот килим во Токио и ќе учествуваат во два разговори со публиката. Манчевски ќе одржи и специјален мастерклас за јапонската стручна публика и за студенти. Јане Ќортошев, македонскиот копродуцент на „Кајмак“ најави дека по светската премиера, македонската премиера се очекува да биде во средината на ноември.
Македонија до Токио! Филмот добива прекрасен старт на својот живот и сигурен сум дека ќе има богат фестивалски живот и понатаму, рече на денешната прес-конференција Ќортошев.
Манчевски, кој е многу популарен во Јапонија, беше првиот македонски автор кој ги проби границите за македонскиот филм и во Азија. Тој беше во селекцијата на Токио уште со „Пред дождот“ и со „Прашина“, а сите негови филмови се исклучително почитувани. Всушност во Азија, не само македонската кинематографија, туку и името Македонија, како и нејзиното место на светската мапа се директно поврзани со филмовите на Манчевски.
Кога првиот пат бев во Токио го држев во раце златниот лав од Венеција на Куросава (за „Рашомон“) и видов дека дизајнот на лавот се разликува од мојот – организаторите во Венеција ја промениле формата на трофејот во тие 30-тина години што поминале. Сега одам да проверам дали е сè во ред со лавот од Токио“, рече Манчевски.
На прес-конференцијата беше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Манчевски повторно нè носи во Јапонија со неговиот најнов филм.
Во меѓувреме светот дозна за Македонија преку неговите филмови. Тие ги пренесоа на сите континенти, во стотина земји, убавините на нашата земја, ама – уште поважно – вредноста на македонската култура и македонскиот јазик, рече министерката.
„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. Во „Кајмак“ поголем дел од финансиите доаѓаат од странство - 52 проценти се од државните фондови на Данска, Холандија и Хрватска, како и од најреномираниот европски фонд Еуроимаж. Агенцијата за филм на Македонија обезбеди 48 проценти од буџетот, а Македонската Радио Телевизија е копродуцент. Во екипата се вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија и Србија. По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир, како и на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, една од најискусните холандски продуценти („Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчер во мракот“ на Ларс Фон Трир и „Сè е тоа за љубов“ на Томас Винтерберг). Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ. Извршен продуцент е Иан Прајор од британската Скала Продакшнс. Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот Дејниш стринг квартет, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска.

The post Светска премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Фестивалот во Токио на 26 октомври appeared first on Република.

]]>
Неделков: Силен е мобингот во детските градинки, штрајкот продолжува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-silen-e-mobingot-vo-detskite-gradinki-shtrajkot-prodolzuva/ Thu, 14 Apr 2022 12:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=488436

Штрајкот во градинките, основите и средните училишта продолжува. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), на денешната прес-конференција рече дека штрајкот има се повеќе приврзаници и дека нема да се достават списоци до надлежните министерства за тоа кои работници во градинките и училиштата штрајкуваат и дали по осум часа присуствувале на работното место додека трае штрајкот.

Силен е мобингот во детските градинки, па не молат да не го споменуваме нивниот објект за да не се открие дека се жалат и поради тоа не можеме да го откриеме нивниот идентитет, изјави на денешната прес конференција Неделков.

Тој ги повика надлежните да вршат мониторинг за време на генералниот штрајк, да влезат во градинките и да проверат што се случува таму за јавноста да се увери во вистинитоста на ова што го говорат.

Доволно се едуцирани вработените во градинките и нема потреба некој од МТСП да ги потсетува какви се нивните обврски, вели тој.

Според него во детските градини се вршат притисоци, а министесртвото за труд и социјала наместо да се обиде да најде заедничко решение им се заканува на штрајкувачите.

Им испраќаат писма со закани на кои не стои ниту печат ниту име и презиме. Позната е само адресата на службеникот од министерството, уверува Неделков.

Неделков вели дека во однос на барањаТа на СОНК се тежнее кон иста цел, но од различни патишта.

Сакаме учениците да се вратат во училиштата, но мора да најдеме прифатливо решение. Штрајкот секаде повеќе добива во континуитет, тие кои не биле членови на нашиот синдикат сега се вклучуваат и ние сме убедени дека го правиме вистинското во интерес на членството. Задоволни сме од односот на директорите од основните и средните училишт каде немаме дојава за притисок врз штрајкувачите, потенцира тој.

Апелира и до Владата да напраат отстапки, да смогнат сили и да покажат волја да се надмине овој проблем.

Да понудат процент и да обезбедат средства колку што бара СОНК, во спротивно сам по себе прекин на штрајкот нема да има. Со притисоци нема да не скршат, ние сме доволно скршени од третманот на нашето општество и ништо не може да го смени нашиот став, завршува Неделков.

The post Неделков: Силен е мобингот во детските градинки, штрајкот продолжува appeared first on Република.

]]>

Штрајкот во градинките, основите и средните училишта продолжува. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), на денешната прес-конференција рече дека штрајкот има се повеќе приврзаници и дека нема да се достават списоци до надлежните министерства за тоа кои работници во градинките и училиштата штрајкуваат и дали по осум часа присуствувале на работното место додека трае штрајкот.
Силен е мобингот во детските градинки, па не молат да не го споменуваме нивниот објект за да не се открие дека се жалат и поради тоа не можеме да го откриеме нивниот идентитет, изјави на денешната прес конференција Неделков.
Тој ги повика надлежните да вршат мониторинг за време на генералниот штрајк, да влезат во градинките и да проверат што се случува таму за јавноста да се увери во вистинитоста на ова што го говорат.
Доволно се едуцирани вработените во градинките и нема потреба некој од МТСП да ги потсетува какви се нивните обврски, вели тој.
Според него во детските градини се вршат притисоци, а министесртвото за труд и социјала наместо да се обиде да најде заедничко решение им се заканува на штрајкувачите. Им испраќаат писма со закани на кои не стои ниту печат ниту име и презиме. Позната е само адресата на службеникот од министерството, уверува Неделков. Неделков вели дека во однос на барањаТа на СОНК се тежнее кон иста цел, но од различни патишта.