преработувачка индустрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prerabotuvachka-industrija/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Sep 2022 07:37:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преработувачка индустрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prerabotuvachka-industrija/ 32 32 Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија на месечно ниво, понеповолна на годишно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/popovolna-ekonomskata-sostojba-vo-prerabotuvachkata-industrija-na-mesechno-nivo-ponepovolna-na-godishno/ Fri, 16 Sep 2022 07:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=551255

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август во однос на јули годинава е непроменет и изнесува 14.2, а во однос на август лани е намален за 0,8 процентни поени, објави денеска Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2022, во однос на јули 2022 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2022 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на август 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2022 година изнесува 66,1 процент од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 20,1 процент, недоволната странска побарувачка со 17,3 проценти, неизвесното економско опкружување со 15,5 проценти и недоволната домашна побарувачка со 12,4 проценти.

The post Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија на месечно ниво, понеповолна на годишно appeared first on Република.

]]>

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август во однос на јули годинава е непроменет и изнесува 14.2, а во однос на август лани е намален за 0,8 процентни поени, објави денеска Државниот завод за статистика. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2022, во однос на јули 2022 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2022 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на август 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2022 година изнесува 66,1 процент од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 20,1 процент, недоволната странска побарувачка со 17,3 проценти, неизвесното економско опкружување со 15,5 проценти и недоволната домашна побарувачка со 12,4 проценти.

The post Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија на месечно ниво, понеповолна на годишно appeared first on Република.

]]>
Месната индустрија бара да продолжи ослободувањето од царина на свинското месо за преработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mesnata-industrija-bara-da-prodolzi-osloboduvanjeto-od-carina-na-svinskoto-meso-za-prerabotka/ Tue, 14 Jun 2022 11:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=514973

Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии преку Стопанската комора на Македонија бара продолжување на мерката за ослободување од царина за замрзнато свинско месо наменето за преработка. Претставници на Групацијата денеска јавно побараа средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за да ги образложат барања за продолжување на оваа мерка.

Во спротивно на краток рок (2 до 3 недели во зависност од тековните залихи) прво следи нов ценовен шок од 20 до 30 отсто зголемувања на цените на месните преработки од свинско месо, второ намалување на бројот на вработени за исто така 20 до 30 отсто, а на подолг рок, зголемување на увозот и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети, изјавија од Стопанската комора.

Од таму истакнаа дека тие не бараат помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. Според нив, месната индустрија во изминатите четири години докажа дека не го нарушува и воопшто не го намали развојот на домашното фармерско производство, додека се применува мерката.

Домашното производство расте, што е видливо од податоци од АХВ и платежна Агенција за субвенции во земјоделство, го намали увозот на готови производи и започна со извоз, го зголеми обемот на работење, бројот на вработени и висината на личните доходи во гранката, велат од СКМ и посочија дека овие мерки не направија позначајни фискални импликации кон државата.

Меѓу другото од Комората истакнаа дека годишно преку редовна уплата на придонесите од вработување се придонесува директно со повеќе од 4.5 милиони евра во Буџетот

Оваа Индустрија со важечките царински давачки е ставена во нерамноправна положба со странските производители, пред се оние од соседството, но и од ЕУ. Готовите производи од надвор влегуваат во земјата со 0% царина, а ние, домашните преработувачи, при увоз на суровина плаќаме царина во висина од 20 до 35%. Ова уште повеќе ќе биде нагласено со функционирањето на Отворен Балкан, велат од Стопанската комора.

The post Месната индустрија бара да продолжи ослободувањето од царина на свинското месо за преработка appeared first on Република.

]]>

Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии преку Стопанската комора на Македонија бара продолжување на мерката за ослободување од царина за замрзнато свинско месо наменето за преработка. Претставници на Групацијата денеска јавно побараа средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за да ги образложат барања за продолжување на оваа мерка. Во спротивно на краток рок (2 до 3 недели во зависност од тековните залихи) прво следи нов ценовен шок од 20 до 30 отсто зголемувања на цените на месните преработки од свинско месо, второ намалување на бројот на вработени за исто така 20 до 30 отсто, а на подолг рок, зголемување на увозот и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети, изјавија од Стопанската комора. Од таму истакнаа дека тие не бараат помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. Според нив, месната индустрија во изминатите четири години докажа дека не го нарушува и воопшто не го намали развојот на домашното фармерско производство, додека се применува мерката. Домашното производство расте, што е видливо од податоци од АХВ и платежна Агенција за субвенции во земјоделство, го намали увозот на готови производи и започна со извоз, го зголеми обемот на работење, бројот на вработени и висината на личните доходи во гранката, велат од СКМ и посочија дека овие мерки не направија позначајни фискални импликации кон државата. Меѓу другото од Комората истакнаа дека годишно преку редовна уплата на придонесите од вработување се придонесува директно со повеќе од 4.5 милиони евра во Буџетот Оваа Индустрија со важечките царински давачки е ставена во нерамноправна положба со странските производители, пред се оние од соседството, но и од ЕУ. Готовите производи од надвор влегуваат во земјата со 0% царина, а ние, домашните преработувачи, при увоз на суровина плаќаме царина во висина од 20 до 35%. Ова уште повеќе ќе биде нагласено со функционирањето на Отворен Балкан, велат од Стопанската комора.

The post Месната индустрија бара да продолжи ослободувањето од царина на свинското месо за преработка appeared first on Република.

]]>