преображение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/preobrazenie/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 09:21:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png преображение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/preobrazenie/ 32 32 Мицкоски по повод христијанскиот празник Преображение Господово во посета на црквата ,,Преображение” во Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-povod-hristijanskiot-praznik-preobrazhenie-gospodovo-vo-poseta-na-tsrkvata-preobrazhenie-vo-gostivar/ Mon, 19 Aug 2024 09:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=807885

Денеска по повод христијанскиот празник Преображение Господово бев во посета на црквата ,,Преображение" во Гостивар. За многу години!, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски по повод христијанскиот празник Преображение Господово во посета на црквата ,,Преображение” во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Денеска по повод христијанскиот празник Преображение Господово бев во посета на црквата ,,Преображение" во Гостивар. За многу години!, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски по повод христијанскиот празник Преображение Господово во посета на црквата ,,Преображение” во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Се преобразува гората и водата: Денеска е голем празник https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-preobrazuva-gorata-i-vodata-deneska-e-golem-praznik/ Mon, 19 Aug 2024 06:50:48 +0000 https://republika.mk/?p=807779

На 19-ти август секоја година, православните христијани го слават празникот Преображение господово, кој се смета за еден од поголемите празници, а секогаш се слави една недела пред празникот Успение на Пресвета Богородица.

Овој празник го одбележува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета негова слава Петар, Јаков и Јован.

Според Библијата, по третата година од своето проповедање на земјата Исус Христос сѐ почесто им зборувал на своите ученици за неговото претстојно страдање, но и за неговата слава по страдањето на крстот.

Така 40 дена пред христовата смрт и распетие, тој одлучил да ги однесе тројцата апостоли во планината Тавор за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон него и таму им се покажал во својата ненадминлива сила.

Апостолите забележале како лицето на Исус заблескало како сонце, а неговата облека побелела како снег, а покрај него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија.

Во тој миг апостoлите го слушнале гласот од небото, кој им порачал: Ова е мојот возљубен син. Него послушајте го“

Откако го слушнале овој глас апостолите паднале на земјата и останале така лежејќи во страв сѐ додека Бог не дошол и не им рекол: Станете и не плашете се!

Со оглед на тоа што овој празник се паѓа за време на богородичните пости, трпезата денес треба да биде посна, а се дозволува консумирање масло и риба.

Според народните верувања, ова е еден од најголемите празници кога почнуваат да се преобразува природата и веќе се најавува идната есен.

Се верува дека по овој празник се преобразува и листот во гората, кој почнува да жолтее и водата, која станува постудена, па не е за капење.

Според народните верувања, на Преображение не требало да се спие преку ден, затоа што може да се преобрази и да стане сонлив и поспан во текот на цела година.

Исто така се верувало дека на овој ден не треба да се плаче, ниту луѓето цел ден да го поминат во кафеана, за да не станат безделничари. Но она што задолжително треба да го направите е да пробате грозје.

Во некои краеви од Македонија, на Преображение се берело првото грозје и требало прво да се однесе во црква и да се освети, а потоа да се проба за првпат во годината.

Традиционално, на овој ден во црква се дели нафора и вино.

Нашите предци верувале дека на овој ден небото се отворало и било светло како оган, а штом тоа ќе се случело дрвјата паѓале и се поклонувале.

The post Се преобразува гората и водата: Денеска е голем празник appeared first on Република.

]]>

На 19-ти август секоја година, православните христијани го слават празникот Преображение господово, кој се смета за еден од поголемите празници, а секогаш се слави една недела пред празникот Успение на Пресвета Богородица. Овој празник го одбележува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета негова слава Петар, Јаков и Јован. Според Библијата, по третата година од своето проповедање на земјата Исус Христос сѐ почесто им зборувал на своите ученици за неговото претстојно страдање, но и за неговата слава по страдањето на крстот. Така 40 дена пред христовата смрт и распетие, тој одлучил да ги однесе тројцата апостоли во планината Тавор за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон него и таму им се покажал во својата ненадминлива сила. Апостолите забележале како лицето на Исус заблескало како сонце, а неговата облека побелела како снег, а покрај него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија. Во тој миг апостoлите го слушнале гласот од небото, кој им порачал: Ова е мојот возљубен син. Него послушајте го“ Откако го слушнале овој глас апостолите паднале на земјата и останале така лежејќи во страв сѐ додека Бог не дошол и не им рекол: Станете и не плашете се! Со оглед на тоа што овој празник се паѓа за време на богородичните пости, трпезата денес треба да биде посна, а се дозволува консумирање масло и риба. Според народните верувања, ова е еден од најголемите празници кога почнуваат да се преобразува природата и веќе се најавува идната есен. Се верува дека по овој празник се преобразува и листот во гората, кој почнува да жолтее и водата, која станува постудена, па не е за капење. Според народните верувања, на Преображение не требало да се спие преку ден, затоа што може да се преобрази и да стане сонлив и поспан во текот на цела година. Исто така се верувало дека на овој ден не треба да се плаче, ниту луѓето цел ден да го поминат во кафеана, за да не станат безделничари. Но она што задолжително треба да го направите е да пробате грозје. Во некои краеви од Македонија, на Преображение се берело првото грозје и требало прво да се однесе во црква и да се освети, а потоа да се проба за првпат во годината. Традиционално, на овој ден во црква се дели нафора и вино. Нашите предци верувале дека на овој ден небото се отворало и било светло како оган, а штом тоа ќе се случело дрвјата паѓале и се поклонувале.

The post Се преобразува гората и водата: Денеска е голем празник appeared first on Република.

]]>
Се верува дека на денешениот празник Преображение првпат во годината треба да се набере грозје https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/se-veruva-deka-na-denesheniot-praznik-preobrazhenie-prvpat-vo-godinata-treba-da-se-nabere-grozje/ Sat, 19 Aug 2023 08:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=673626

Во Тиквешко се верува дека на денешниот верски празник Преображение на Господ Исус Христос, за прв пат во годината треба да се набере грозје, потсетуваат од Музеј галеријата во Кавадарци, во врска со дел од обичаите во етничкиот предел Тиквеш, како традиција и култура на населението, кои се вкоренети и опстојуваат на овие простори.

Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква. Според народното верување, на 19 август првпат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Ова е чин на благодарност кон Господа за сите дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје. Тоа не е нафора во вистинската смисла на зборот, туку само благодарност кон Господа за плодовите, пренесуваат од Музеј галеријата.

Оттаму нагласуваат дека во народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник.

Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена, поради што, на Прображение луѓето за последен пат се бањаат во реките.

Очигледно, празникот Преображение на Господ Исус Христос има длабока смисла во животот на нашиот народ. Еден важен период од годината кога и времето се преобразува, заладува и тргнува кон есента, тоа оставало впечаток и во свеста на нашиот народ, па така нашло место и во неговите верувања и во народните умотворби, додаваат од Музеј галеријата.

The post Се верува дека на денешениот празник Преображение првпат во годината треба да се набере грозје appeared first on Република.

]]>

Во Тиквешко се верува дека на денешниот верски празник Преображение на Господ Исус Христос, за прв пат во годината треба да се набере грозје, потсетуваат од Музеј галеријата во Кавадарци, во врска со дел од обичаите во етничкиот предел Тиквеш, како традиција и култура на населението, кои се вкоренети и опстојуваат на овие простори.
Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква. Според народното верување, на 19 август првпат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Ова е чин на благодарност кон Господа за сите дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје. Тоа не е нафора во вистинската смисла на зборот, туку само благодарност кон Господа за плодовите, пренесуваат од Музеј галеријата.
Оттаму нагласуваат дека во народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена, поради што, на Прображение луѓето за последен пат се бањаат во реките. Очигледно, празникот Преображение на Господ Исус Христос има длабока смисла во животот на нашиот народ. Еден важен период од годината кога и времето се преобразува, заладува и тргнува кон есента, тоа оставало впечаток и во свеста на нашиот народ, па така нашло место и во неговите верувања и во народните умотворби, додаваат од Музеј галеријата.

The post Се верува дека на денешениот празник Преображение првпат во годината треба да се набере грозје appeared first on Република.

]]>
Денеска е Преображение Господово, заборавете на солзите и на кафаните https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-preobrazhenie-gospodovo-zaboravete-na-solzite-i-na-kafanite/ Sat, 19 Aug 2023 06:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=673596

Православната црква и нејзините верници денеска го одбележат големиот празник, Преображение Господово.

Преображението Господово во Православието е познато и како летно Богојавление, бидејќи тогаш небото се отвори и се слушна гласот на Отецот Бог. Се верува дека, во пресрет на празникот, „вратата Божја“ се отвора на небото, каде што самиот Господ се појавува и ги исполнува желбите.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента. Некогаш на овој ден се завршувала и сезоната на капење.

Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот.

Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.

Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници.

Но, она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!

The post Денеска е Преображение Господово, заборавете на солзите и на кафаните appeared first on Република.

]]>

Православната црква и нејзините верници денеска го одбележат големиот празник, Преображение Господово. Преображението Господово во Православието е познато и како летно Богојавление, бидејќи тогаш небото се отвори и се слушна гласот на Отецот Бог. Се верува дека, во пресрет на празникот, „вратата Божја“ се отвора на небото, каде што самиот Господ се појавува и ги исполнува желбите. Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата. Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента. Некогаш на овој ден се завршувала и сезоната на капење. Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот. Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив. Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Но, она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!

The post Денеска е Преображение Господово, заборавете на солзите и на кафаните appeared first on Република.

]]>
Утре е Преображение https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-e-preobrazenie/ Thu, 18 Aug 2022 13:29:51 +0000 https://republika.mk/?p=541735

Утре (19 август) се слави празникот Преображение Христово- Преображение на Господ Бог.

Се верува дека третата година откако започнал да го проповеда своето учење, Исус им зборувал на своите ученици дека наскоро ќе се случат значајни работи. На овој ден, Исус како да знаел, раскажувал дека тој ќе биде мачен и распнат, дека ќе умре и ќе воскресне.

Кај народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник кои постојат и денес.

Се вели дека за среќа, токму на овој ден за прв пат во годината се бере грозје. Грозјето потоа се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Освен грозјето, се верува и дека другите есенски плодови носат среќа, па така порано се осветувале и јаболката, сливите, крушите.

Празникот се вика Преображение затоа што, уште во раната зора на овој ден, почнуваат да се преобразуваат гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата.

Во народот се вели дека на овој ден луѓето за последен пат во летото можат да се искапат во реките затоа што подоцна водата станува студена.

Уште едно верување вели дека на Преображение не е убаво преку ден да се спие, бидејќи кој тој ден поспие, ќе се преобрази, па цела година ќе биде мрзелив и поспан. Овој ден не е убаво ниту да се плаче, нуту да се помине цел ден во кафеана, за луѓето да не станат расипикуќи.

Порано, на овој ден постеле само жените, а сега спаѓа во празниците со строг пост.

Се верува и дека, кога на болен ќе му се дадат лешници, тој ќе оздрави.

Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и да работат некоја домашна работа, бидејќи се верувало дека Бог ќе ги преобрази да бидат вредни.

 

The post Утре е Преображение appeared first on Република.

]]>

Утре (19 август) се слави празникот Преображение Христово- Преображение на Господ Бог. Се верува дека третата година откако започнал да го проповеда своето учење, Исус им зборувал на своите ученици дека наскоро ќе се случат значајни работи. На овој ден, Исус како да знаел, раскажувал дека тој ќе биде мачен и распнат, дека ќе умре и ќе воскресне. Кај народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник кои постојат и денес. Се вели дека за среќа, токму на овој ден за прв пат во годината се бере грозје. Грозјето потоа се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Освен грозјето, се верува и дека другите есенски плодови носат среќа, па така порано се осветувале и јаболката, сливите, крушите. Празникот се вика Преображение затоа што, уште во раната зора на овој ден, почнуваат да се преобразуваат гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Во народот се вели дека на овој ден луѓето за последен пат во летото можат да се искапат во реките затоа што подоцна водата станува студена. Уште едно верување вели дека на Преображение не е убаво преку ден да се спие, бидејќи кој тој ден поспие, ќе се преобрази, па цела година ќе биде мрзелив и поспан. Овој ден не е убаво ниту да се плаче, нуту да се помине цел ден во кафеана, за луѓето да не станат расипикуќи. Порано, на овој ден постеле само жените, а сега спаѓа во празниците со строг пост. Се верува и дека, кога на болен ќе му се дадат лешници, тој ќе оздрави. Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и да работат некоја домашна работа, бидејќи се верувало дека Бог ќе ги преобрази да бидат вредни.  

The post Утре е Преображение appeared first on Република.

]]>