премногу е Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/premnogu-e/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Jun 2022 18:29:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png премногу е Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/premnogu-e/ 32 32 Премногу е, потребни се промени во енергетиката, образованието, владата на СДСМ и ДУИ донесе порази – рекоа соговорниците пред Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premnogu-e-potrebni-se-promeni-vo-energetikata-obrazovanieto-vladata-na-sdsm-i-dui-donese-porazi-rekoa-sogovornicite-pred-vladata/ Sat, 18 Jun 2022 18:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=516953

5 години сме сведоци на едно Собрание коешто не функционира, имено преку непочитување на опозицијата Собранието е само продолжена рака на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. И денеска овој протест гледаме дека ќе има огромен одзив, огромна масовност, пристигнуваат автобуси од цела Македонија кои се незадоволни. Голем дел од сето тоа има и Собранието, функционирањето на поделбата на власта. Она што можеби и јас како пратеник најмногу можам да го видам од Собранието е тоа што генерално имаме насила носење на закони кои се многу чести за лични, лукративни интереси, закони кои што не значат добро на граѓаните и закони на кои ние мораме да ставиме крај и мораме да ги сопреме и да кажеме доволно е и дека ова што се случуваше досега веќе не може да продолжи да се случува, истакна Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Отвореното студио пред влада на Протестот за промени – Премногу е!

Панова додаде дека на протестот ќе присуствуваат голем број на граѓани бидејќи се незадоволни од владеењето на СДСМ и ДУИ, бидејќи како што рече голем број на проблеми со кои се соочуваат граѓаните не им се решени.

Самиот одзив кога ги каневме граѓаните да дојдат да ни се придружат и да присуствуваат на овој сенароден протест беше огромен. Се бараше превоз плус за да може да пристигнат повеќе луѓе кои сакаат на овој начин да покажеме дека навистина е премногу и навистина е доволно. Доаѓаат многу автобуси, колони автомобили затоа што ние од тој крај одблиску видовме со што ќе се соочува цела Македонија затоа што имено СДСМ со Зоран Заев кој е од тој крај, можеби ние најблиски од таму знаеме каков е начинот на владеење на Заев, каков е начинот на владеење на СДСМ, предупредувавме, зборувавме на граѓаните што ќе следува но требаше да помине некое време за самите да го видат тоа. Многу е големо незадоволство, има многу големи проблеми кои се наталожени и мислам како поминуваат годините мислам таму конечно ќе падне тој бастион кој беше на СДСМ, кажа Панова.

Елена Маркова претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во Отворено студио пред Влада, нагласи дека состојбата во енергетиката е катастрофална, укажувајќи дека тимот на власта кој што ја води енергетиката ја доведе земјава до една таква катаклизмична ситуација од која ќе треба многу години за да од минусот се стигне до нула, а потоа да се надгради.

Состојбата во енергетиката е катастрофална, дури би рекла и катаклизмична. Состојба на константно зголемување на цените на сите енергенси. Меѓутоа и состојба која што мене навистина ме плаши, затоа што ние имаме една ситуација во која постојано го намалуваме домашното производство, а цените на берза на електричната енергија и на сите енергенси растат. Постојаното зголемување на цената на енергенсите влијае на цената на продуктите кои што ги набавува народот, рече таа и додаде:

Под плаштот на светската енергетска и европската енергетска криза успеваат да се прикријат СДСМ. Меѓутоа од власта како што ја водат енергетиката едно е јасно уште од јули 2020-та година го имавме првото покачување на електричната енергија, па потоа јули 2021 година и тоа во период кога светот не познаваше енергетска криза. А, веќе декември 2021 година започна енергетската криза. И она што е многу страшно значи имаме константно покачување на цените на енергенсите, посебно на електричната енергија, а намалување на домашното производство и создавање на загубари на домашните енергетски компании, вели Маркова.

Тимот на власта кој што ја води енергетиката земјава ја доведе до една таква катаклизмична ситуација од која ќе треба многу години за да од минусот се стигне до нула, а потоа да се надгради. Тимот не е во можност постоечките објекти да ги одржува и раководи, а не пак да изгради нови, објасни Маркова.

Претседателка на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска истакна дека со СДСМ ни се случува катастрофа во образованието и таа се зголеми со концепцијата која СДСМ ја воведе има многу фалинки, но и е неспроведлива, со која сакаа да ја укинат македонската историја и да се пишува според потребите на туѓи интереси, а исто така со неа се укина правото на учениците да имаат бесплатно образование, а дигитализацијата воопшто испадна дека не е дигитализација, и Направија и драстична дискриминација помеѓу сиромашните и богатите.

Тој концепт ќе мора да се ревидира. После концепцијата следеа други катастрофи, не проработи Националната платформа која силно ја најавуваа, па мораше школската година да се одложи за еден месец. И тогаш не им пречеше што заради нивна грешка се изгуби еден месец, но им пречеше штрајкот на наставниците. Наставниците се малтретирани од сите страни, трпат разни притисоци. За платите да не зборуваме, дури и со ова покачување што ќе го добијат ќе имаат плата помала од просечната, и да не зборуваме дека тие пари во октомври инфлацијата ќе ги изеде. Штрајкот беше прекинат брутално со манипулација и нелегално искористување на закон и со јавни закани дека ќе изгубат работа, нагласи Јаневска.

Се вклучуваме директно од пред Собранието, една од трите клучни точки од каде што тргнуваат граѓаните. Позади мене се собираат повеќе од десет илјади луѓе кои што ги гледам со пркост и желба за промени. Ова ќе биде еден од најголемиот протести кои што и се случиле на Македонија, а во организација на ВМРО-ДПМНЕ, изјави во линковското вклучување од пред Собрание Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновски нагласи дека овој протест е за националните порази кои ги прави владата на СДСМ и ДУИ на отворена сцена и дома, додавајќи дека време е за промени и конечно државата да се движи напред.

Oна прашање кое што најмногу го слушам од граѓаните со кои поразговарав тука, но и со оние кои што разговарав изминатиот период се националните омаловажувања. Тие сакаат овие порази да престанат. Овој протест е најмногу за националните порази кои ни се случуваат на отворена сцена и дома, но и надвор од Република Македонија. Не треба да ги споменувам двата најнови, најсвежи примери, едниот кога не нарекуваа Западна Бугарија, а второто кое се случи овие два дена, тоа се предлози со кои се негира македонскиот идентитет, македонската посебност, јазик и македонската историја, смета Андоновски.

На овој начин граѓаните сакаат да кажат дека им е доста од овие анационални политики, граѓаните знаат и се сеќаваат дека Македонија може да води политика која што носи победи и успеси, токму за таква политика денеска протестираме. Затоа што е време да ги заборавиме поразите и да одиме напред. Се гледаме пред владата, рече Андоновски.

The post Премногу е, потребни се промени во енергетиката, образованието, владата на СДСМ и ДУИ донесе порази – рекоа соговорниците пред Владата appeared first on Република.

]]>

5 години сме сведоци на едно Собрание коешто не функционира, имено преку непочитување на опозицијата Собранието е само продолжена рака на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. И денеска овој протест гледаме дека ќе има огромен одзив, огромна масовност, пристигнуваат автобуси од цела Македонија кои се незадоволни. Голем дел од сето тоа има и Собранието, функционирањето на поделбата на власта. Она што можеби и јас како пратеник најмногу можам да го видам од Собранието е тоа што генерално имаме насила носење на закони кои се многу чести за лични, лукративни интереси, закони кои што не значат добро на граѓаните и закони на кои ние мораме да ставиме крај и мораме да ги сопреме и да кажеме доволно е и дека ова што се случуваше досега веќе не може да продолжи да се случува, истакна Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Отвореното студио пред влада на Протестот за промени – Премногу е! Панова додаде дека на протестот ќе присуствуваат голем број на граѓани бидејќи се незадоволни од владеењето на СДСМ и ДУИ, бидејќи како што рече голем број на проблеми со кои се соочуваат граѓаните не им се решени.
Самиот одзив кога ги каневме граѓаните да дојдат да ни се придружат и да присуствуваат на овој сенароден протест беше огромен. Се бараше превоз плус за да може да пристигнат повеќе луѓе кои сакаат на овој начин да покажеме дека навистина е премногу и навистина е доволно. Доаѓаат многу автобуси, колони автомобили затоа што ние од тој крај одблиску видовме со што ќе се соочува цела Македонија затоа што имено СДСМ со Зоран Заев кој е од тој крај, можеби ние најблиски од таму знаеме каков е начинот на владеење на Заев, каков е начинот на владеење на СДСМ, предупредувавме, зборувавме на граѓаните што ќе следува но требаше да помине некое време за самите да го видат тоа. Многу е големо незадоволство, има многу големи проблеми кои се наталожени и мислам како поминуваат годините мислам таму конечно ќе падне тој бастион кој беше на СДСМ, кажа Панова.
Елена Маркова претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во Отворено студио пред Влада, нагласи дека состојбата во енергетиката е катастрофална, укажувајќи дека тимот на власта кој што ја води енергетиката ја доведе земјава до една таква катаклизмична ситуација од која ќе треба многу години за да од минусот се стигне до нула, а потоа да се надгради. Состојбата во енергетиката е катастрофална, дури би рекла и катаклизмична. Состојба на константно зголемување на цените на сите енергенси. Меѓутоа и состојба која што мене навистина ме плаши, затоа што ние имаме една ситуација во која постојано го намалуваме домашното производство, а цените на берза на електричната енергија и на сите енергенси растат. Постојаното зголемување на цената на енергенсите влијае на цената на продуктите кои што ги набавува народот, рече таа и додаде:
Под плаштот на светската енергетска и европската енергетска криза успеваат да се прикријат СДСМ. Меѓутоа од власта како што ја водат енергетиката едно е јасно уште од јули 2020-та година го имавме првото покачување на електричната енергија, па потоа јули 2021 година и тоа во период кога светот не познаваше енергетска криза. А, веќе декември 2021 година започна енергетската криза. И она што е многу страшно значи имаме константно покачување на цените на енергенсите, посебно на електричната енергија, а намалување на домашното производство и создавање на загубари на домашните енергетски компании, вели Маркова.
Тимот на власта кој што ја води енергетиката земјава ја доведе до една таква катаклизмична ситуација од која ќе треба многу години за да од минусот се стигне до нула, а потоа да се надгради. Тимот не е во можност постоечките објекти да ги одржува и раководи, а не пак да изгради нови, објасни Маркова. Претседателка на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска истакна дека со СДСМ ни се случува катастрофа во образованието и таа се зголеми со концепцијата која СДСМ ја воведе има многу фалинки, но и е неспроведлива, со која сакаа да ја укинат македонската историја и да се пишува според потребите на туѓи интереси, а исто така со неа се укина правото на учениците да имаат бесплатно образование, а дигитализацијата воопшто испадна дека не е дигитализација, и Направија и драстична дискриминација помеѓу сиромашните и богатите.
Тој концепт ќе мора да се ревидира. После концепцијата следеа други катастрофи, не проработи Националната платформа која силно ја најавуваа, па мораше школската година да се одложи за еден месец. И тогаш не им пречеше што заради нивна грешка се изгуби еден месец, но им пречеше штрајкот на наставниците. Наставниците се малтретирани од сите страни, трпат разни притисоци. За платите да не зборуваме, дури и со ова покачување што ќе го добијат ќе имаат плата помала од просечната, и да не зборуваме дека тие пари во октомври инфлацијата ќе ги изеде. Штрајкот беше прекинат брутално со манипулација и нелегално искористување на закон и со јавни закани дека ќе изгубат работа, нагласи Јаневска.
Се вклучуваме директно од пред Собранието, една од трите клучни точки од каде што тргнуваат граѓаните. Позади мене се собираат повеќе од десет илјади луѓе кои што ги гледам со пркост и желба за промени. Ова ќе биде еден од најголемиот протести кои што и се случиле на Македонија, а во организација на ВМРО-ДПМНЕ, изјави во линковското вклучување од пред Собрание Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ. Андоновски нагласи дека овој протест е за националните порази кои ги прави владата на СДСМ и ДУИ на отворена сцена и дома, додавајќи дека време е за промени и конечно државата да се движи напред.
Oна прашање кое што најмногу го слушам од граѓаните со кои поразговарав тука, но и со оние кои што разговарав изминатиот период се националните омаловажувања. Тие сакаат овие порази да престанат. Овој протест е најмногу за националните порази кои ни се случуваат на отворена сцена и дома, но и надвор од Република Македонија. Не треба да ги споменувам двата најнови, најсвежи примери, едниот кога не нарекуваа Западна Бугарија, а второто кое се случи овие два дена, тоа се предлози со кои се негира македонскиот идентитет, македонската посебност, јазик и македонската историја, смета Андоновски. На овој начин граѓаните сакаат да кажат дека им е доста од овие анационални политики, граѓаните знаат и се сеќаваат дека Македонија може да води политика која што носи победи и успеси, токму за таква политика денеска протестираме. Затоа што е време да ги заборавиме поразите и да одиме напред. Се гледаме пред владата, рече Андоновски.

The post Премногу е, потребни се промени во енергетиката, образованието, владата на СДСМ и ДУИ донесе порази – рекоа соговорниците пред Владата appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Илјадници граѓани ќе порачаат време е за промени, премногу е од порази на секое поле! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mucunski-iljadnici-gragjani-kje-porachaat-vreme-e-za-promeni-premnogu-e-od-porazi-na-sekoe-pole/ Sat, 18 Jun 2022 16:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=516736

Тоа што примарно го очекуваме вечерва е десетици илјади граѓани пред Владата да кажат премногу е, време е за промени, вели потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вклучување во дневникот на телевизија 24 пред почетокот на Протестот за промени – Премногу е!

Муцунски нагласи дека во државата има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее, како и дека вечерва од протестот ќе се испратат голем број на пораки, а како причина зошто граѓаните ќе порачаат премногу е и време е за промени, е токму лошата економска политика, но и попусливоста на владата во однос на прашањето со бугарскиот сосед.

Шест години влада предводена од СДСМ, ДУИ и други помали коалициони партнери каде што имаме постојани порази, дали е во делот на економската политика, каде што Македонија едно време беше лидер во делот на странските директни инвестиции, за сега да слушаме дека секој трет инвеститор сака да ја напушти земјата. Македонија своевремено беше на европски врв во делот на раст на БДП, а сега се наоѓаме на друг врв по најголема стапка на инфлација, рече тој.

Во делот на националните политики, меѓународните односи, влади од десницата, но и од левицата знаеле да го штитат националниот интерес, но сега имаме попуслива надворешна политика. Надворешна политика единствено на концесии спрема други странки кои што немаат коректен и европски интерес спрема Македонија, а од друга страна попусливост кој што само создава штета и ќорсокак во делот на европските интеграции. Тоа се само дел од причините зошто десетици илјади граѓани ќе кажат премногу е, време е за промени, истакна Муцунски.

Во Македонија има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее. Тоа почна со локалните избори, со масовната поддршка која граѓаните ја дадода на ВМРО-ДПМНЕ, а ние бараме поддршка за рушење на оваа власт, бидејќи има и план и стратегија како Македонија повторно ќе ги достигнува тие врвови кои што може да ги достигне, како повторно ќе ја вратиме пристојноста на македонскиот граѓанин и како ќе водиме политики насочени кон заштитата на македонските национални интереси, кажа Муцунски.

Муцунски е дециден и смета дека имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити македонските национални интереси, како и дека е премногу од порази на секое поле.

За жал имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити нашите национални интереси. Не верувам дека од утре магично ова владејачко мнозинство ќе одлучи да даде предвремени парламентарни избори. Зошто е тоа така? Затоа што истото тоа мнозинство ја има тезата дека за четири месеци направиле повеќе од некои влади што направиле за четири години. Но, ние ги гледаме поразите на сите полиња, економијата, надворешната политика, образованието, здравството, нема област во кој што Македонија може да бележи напредок, а истовремено не гледаме и некој концепт дека ќе ни даде надеж дека во некоја следна година, две нешто позитивно ќе се случи. Но, верувам дека кога ќе видат масовност на граѓаните, со следните чекори кои што ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија наскоро ќе имаме предвремени парламентарни избори. И ќе дојде влада која што нема да сака да владее само заради власта, туку влада која што има план и во делот на економијата, социјалната политика, надворешната политика. Влада која што ќе знае да работи во интересите и за приоритетите примарно на граѓаните на Република Македонија, изјави Муцунски.

The post Муцунски: Илјадници граѓани ќе порачаат време е за промени, премногу е од порази на секое поле! appeared first on Република.

]]>

Тоа што примарно го очекуваме вечерва е десетици илјади граѓани пред Владата да кажат премногу е, време е за промени, вели потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вклучување во дневникот на телевизија 24 пред почетокот на Протестот за промени – Премногу е! Муцунски нагласи дека во државата има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее, како и дека вечерва од протестот ќе се испратат голем број на пораки, а како причина зошто граѓаните ќе порачаат премногу е и време е за промени, е токму лошата економска политика, но и попусливоста на владата во однос на прашањето со бугарскиот сосед.
Шест години влада предводена од СДСМ, ДУИ и други помали коалициони партнери каде што имаме постојани порази, дали е во делот на економската политика, каде што Македонија едно време беше лидер во делот на странските директни инвестиции, за сега да слушаме дека секој трет инвеститор сака да ја напушти земјата. Македонија своевремено беше на европски врв во делот на раст на БДП, а сега се наоѓаме на друг врв по најголема стапка на инфлација, рече тој.
Во делот на националните политики, меѓународните односи, влади од десницата, но и од левицата знаеле да го штитат националниот интерес, но сега имаме попуслива надворешна политика. Надворешна политика единствено на концесии спрема други странки кои што немаат коректен и европски интерес спрема Македонија, а од друга страна попусливост кој што само создава штета и ќорсокак во делот на европските интеграции. Тоа се само дел од причините зошто десетици илјади граѓани ќе кажат премногу е, време е за промени, истакна Муцунски.
Во Македонија има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее. Тоа почна со локалните избори, со масовната поддршка која граѓаните ја дадода на ВМРО-ДПМНЕ, а ние бараме поддршка за рушење на оваа власт, бидејќи има и план и стратегија како Македонија повторно ќе ги достигнува тие врвови кои што може да ги достигне, како повторно ќе ја вратиме пристојноста на македонскиот граѓанин и како ќе водиме политики насочени кон заштитата на македонските национални интереси, кажа Муцунски.
Муцунски е дециден и смета дека имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити македонските национални интереси, како и дека е премногу од порази на секое поле.
За жал имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити нашите национални интереси. Не верувам дека од утре магично ова владејачко мнозинство ќе одлучи да даде предвремени парламентарни избори. Зошто е тоа така? Затоа што истото тоа мнозинство ја има тезата дека за четири месеци направиле повеќе од некои влади што направиле за четири години. Но, ние ги гледаме поразите на сите полиња, економијата, надворешната политика, образованието, здравството, нема област во кој што Македонија може да бележи напредок, а истовремено не гледаме и некој концепт дека ќе ни даде надеж дека во некоја следна година, две нешто позитивно ќе се случи. Но, верувам дека кога ќе видат масовност на граѓаните, со следните чекори кои што ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија наскоро ќе имаме предвремени парламентарни избори. И ќе дојде влада која што нема да сака да владее само заради власта, туку влада која што има план и во делот на економијата, социјалната политика, надворешната политика. Влада која што ќе знае да работи во интересите и за приоритетите примарно на граѓаните на Република Македонија, изјави Муцунски.
 
The post Муцунски: Илјадници граѓани ќе порачаат време е за промени, премногу е од порази на секое поле! appeared first on Република.

]]>
Митева: Премногу е, утре се случува протест за промени, премногу народот живее тежок живот, доста е од понижувања, криминал и корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-premnogu-e-utre-se-sluchuva-protest-za-promeni-premnogu-narodot-zivee-tezok-zivot-dosta-e-od-ponizuvanja-kriminal-i-korupcija/ Fri, 17 Jun 2022 18:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=516492

Утре се случува протест за промени, затоа што предолго живееме тежок живот, предолго имаме понижувања и на домашно и на надворешно поле, владее премногу сиромаштија, и премногу криминал, корупција и тендери во 4 очи. Потребни се промени кои конечно во Македонија ќе дадат една вистинска перспектива, промени во економија да не бидеме на дното туку лидери во регионот и потребно е ова да заврши затоа што навистина е премногу, изјави Марија Митева, портпаролка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева истакна дека протестот ќе биде гласот на народот, она што сите го зборуваат и велат.

Имаме најлоша економија, најлошо здравство, најлошо образование, немаме раст на БДП, немаме странски инвестиции, има криминал и корупција, има луѓе кои се неспособни, не се грижат за државните и национални интереси. Протестот ќе биде за се што чувствува народот, сиромаштија и тежок живот кои ги создаде СДСМ, потенцираше Митева.

Митева посочи дека Македонија има најнизок БДП во регионот, а власта не ги прифаќа ни предлозите за намалување на акцизи и ДДВ за помош на граѓаните, додека граѓаните ја напуштаат државата.

БДП раст во прв квартал 2,4%, Бугарија и Србија 4%, Словенија и Хрватска 7 односно 8%. ВМРО-ДПМНЕ поднесува закон за намалување на ДДВ и акциза три пати и власта не го поминува, затоа што е предлог на ВМРО-ДПМН. За 15 месеци, затвориле 12.000 фирми., додека Заев добри грант од 1,4 милиони. Имаме пад на вработени во индустријата тоа е двигателот на економијата. Имаме над 200.000 работоспособни луѓе кои ја напуштиле државата, изјави Митева.

Митева посочи дека во 2017 година 376 евра биле просечна плата, а во Македонија 369 евра. Имале само 7 евра поголема просечна плата, а во 2022 година Србија има 630 евра, Македонија има 500 евра и тоа е 130 евра разлика.

Србија на месечно ниво отвора странски инвестиции, ние имаме изјава од германски инвеститори кои пред години ја оценија владата со нула, а денеска 30% од нив сакаат да ја напуштат Македонија поради лошите политики. Државниот завод за статистика објави дека со една плата како сега и плата од лани се купува половина потрошувачка кошница. Имаме енергетска криза, таа почна пред светската криза, ЕЛЕМ и МЕПСО беа загубари и пред тоа. Сами се кочничари на своите политики. Секоја година започнуваат со рекорден буџет, и се случуваат минимум два ребаланси, и на крај ги завршуваат со загуба, нагласи Митева.

The post Митева: Премногу е, утре се случува протест за промени, премногу народот живее тежок живот, доста е од понижувања, криминал и корупција appeared first on Република.

]]>

Утре се случува протест за промени, затоа што предолго живееме тежок живот, предолго имаме понижувања и на домашно и на надворешно поле, владее премногу сиромаштија, и премногу криминал, корупција и тендери во 4 очи. Потребни се промени кои конечно во Македонија ќе дадат една вистинска перспектива, промени во економија да не бидеме на дното туку лидери во регионот и потребно е ова да заврши затоа што навистина е премногу, изјави Марија Митева, портпаролка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Митева истакна дека протестот ќе биде гласот на народот, она што сите го зборуваат и велат.