премира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/premira/ За подобро да се разбереме Fri, 12 May 2023 11:08:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png премира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/premira/ 32 32 Француската фарса „Кафез кај кокони“ премиерно во Драмски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/frantsuskata-farsa-kafez-kaj-kokoni-premierno-vo-dramski-teatar/ Fri, 12 May 2023 11:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=640099

На сцената на Драмски театар Скопје утре на 13 мај 2023 (сабота) во 20 часот е премиерата на претставата „Кафез кај кокони“. На текст на францускиот автор Жан Пуаре, режисерот Димче Николовски ја поставува најновата премиера во Драмски. Претставата не се препорачува на лица помлади од 18 години.

Француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2.000 репризи.

Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет.

Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата на Драмски театар Скопје „Кафез кај кокони“, сака да прикаже дека педесет години потоа, овие прашања сè уште се отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост.

Комичниот заплет е толку шармантно уникатен што провоцира две филмски адаптации, – “La cage aux folles” (1978) и “The Birdcage” (1996), како и ексклузивна преработка во мјузикл за Бродвејската сцена во 1984.

И покрај тоа што е изградена врз база на одредени стереотипи, пиесата како и сите нејзини адаптации, има важна улога во кршењето на бариерите и предрасудите за тоа како се претставуваат и прифаќаат луѓето со поинаква сексуалност.

Улогите ги толкуваат: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и во улогата на Саломе - Бранко Атанасов.

Сценографијата е на Димче Николовски и Благоја Бошковски Буцко, костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореограф на претставата е Кренаре Невзати – Кери. Преводот е на Радмила Јорданова и Благоја Бошковски Буцко, адапатација на Александра Бошковска, Благоја Бошковски Буцко, изборот на музика е исто така на Александра Бошковска и Благоја Бошковски Буцко.

 

The post Француската фарса „Кафез кај кокони“ премиерно во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

На сцената на Драмски театар Скопје утре на 13 мај 2023 (сабота) во 20 часот е премиерата на претставата „Кафез кај кокони“. На текст на францускиот автор Жан Пуаре, режисерот Димче Николовски ја поставува најновата премиера во Драмски. Претставата не се препорачува на лица помлади од 18 години. Француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2.000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата на Драмски театар Скопје „Кафез кај кокони“, сака да прикаже дека педесет години потоа, овие прашања сè уште се отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост. Комичниот заплет е толку шармантно уникатен што провоцира две филмски адаптации, – “La cage aux folles” (1978) и “The Birdcage” (1996), како и ексклузивна преработка во мјузикл за Бродвејската сцена во 1984. И покрај тоа што е изградена врз база на одредени стереотипи, пиесата како и сите нејзини адаптации, има важна улога во кршењето на бариерите и предрасудите за тоа како се претставуваат и прифаќаат луѓето со поинаква сексуалност. Улогите ги толкуваат: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и во улогата на Саломе - Бранко Атанасов. Сценографијата е на Димче Николовски и Благоја Бошковски Буцко, костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореограф на претставата е Кренаре Невзати – Кери. Преводот е на Радмила Јорданова и Благоја Бошковски Буцко, адапатација на Александра Бошковска, Благоја Бошковски Буцко, изборот на музика е исто така на Александра Бошковска и Благоја Бошковски Буцко.  

The post Француската фарса „Кафез кај кокони“ премиерно во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Ракометарите ќе поделат премија од 50 илјади евра ако се пласираат на СП https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rakometarite-kje-podelat-premija-od-50-iljadi-evra-ako-se-plasiraat-na-sp/ Mon, 11 Apr 2022 12:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=486808

Македонската машка ракометна репрезентација ги одработува мини подготовки за престојниот мундијалски бараж двомеч против Чешка.

Откако во првата рунда од плејофот, нашите ракометари ја минаа Романија, сега последна пречка пред нов настап на СП што ќе се одржи следната година, е селекцијата на Чешка.

Во меѓувреме селекцијата се комплетира, со приклучувањето на интернационалците, па вечерва селекторот и капитен Кирил Лазаров на располагање ќе ги има сите ракометари кои се најдоа на неговиот последен список.

Кои ракометари утре ќе отпатуваат за Злин, Лазаров ќе реши по утрешниот утрински тренинг.

Првиот дуел против Чесите на програмата е во среда (13 април) со почеток од 20:15 часот, додека реваншот ќе се игра во недела (17 април) во СЦ Борис Трајковски од 19:00 часот.

За овој натпревар денеска се пуштени во продажба влезниците и тоа по цена од 100 денари, а УО на РФМ реши, како дополнителен мотив за ракометарите, да има парична награда во износ од 50.000 евра за пласман на Мундијалот во Полска и Шведска 2023.

The post Ракометарите ќе поделат премија од 50 илјади евра ако се пласираат на СП appeared first on Република.

]]>

Македонската машка ракометна репрезентација ги одработува мини подготовки за престојниот мундијалски бараж двомеч против Чешка. Откако во првата рунда од плејофот, нашите ракометари ја минаа Романија, сега последна пречка пред нов настап на СП што ќе се одржи следната година, е селекцијата на Чешка. Во меѓувреме селекцијата се комплетира, со приклучувањето на интернационалците, па вечерва селекторот и капитен Кирил Лазаров на располагање ќе ги има сите ракометари кои се најдоа на неговиот последен список. Кои ракометари утре ќе отпатуваат за Злин, Лазаров ќе реши по утрешниот утрински тренинг. Првиот дуел против Чесите на програмата е во среда (13 април) со почеток од 20:15 часот, додека реваншот ќе се игра во недела (17 април) во СЦ Борис Трајковски од 19:00 часот. За овој натпревар денеска се пуштени во продажба влезниците и тоа по цена од 100 денари, а УО на РФМ реши, како дополнителен мотив за ракометарите, да има парична награда во износ од 50.000 евра за пласман на Мундијалот во Полска и Шведска 2023.

The post Ракометарите ќе поделат премија од 50 илјади евра ако се пласираат на СП appeared first on Република.

]]>