премини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/premini/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 12:46:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png премини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/premini/ 32 32 Колони на Табановце, еве колку време се чека https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/koloni-na-tabanovtse-eve-kolku-vreme-se-cheka/ Sat, 06 Jul 2024 12:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=794032

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. И тоа во петок од 15:00 – 22:00 часот, во сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и во недела од 07:00 до 22:00 часот.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

The post Колони на Табановце, еве колку време се чека appeared first on Република.

]]>

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. И тоа во петок од 15:00 – 22:00 часот, во сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и во недела од 07:00 до 22:00 часот. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

The post Колони на Табановце, еве колку време се чека appeared first on Република.

]]>
Од 1 јануари нема да има контроли на 73 премини на Хрватска со Унгарија и Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-1-januari-nema-da-ima-kontroli-na-73-premini-na-hrvatska-so-ungarija-i-slovenija/ Mon, 12 Dec 2022 11:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=584720

Хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска истакна дека од 1 јануари 2023 година ќе се укинат граничните контроли на вкупно 73 гранични премини кон Словенија и Унгарија.

– За сите граѓани на Хрватска тоа значи дека повеќе нема да мора да покажуваат документи при преминување на границата, рече Божиновиќ, презентирајќи му ги на хрватскиот Сабор измените на законот за странци и за преминување на државната граница, кои создаваат предуслови за примена на шенгенските начела во Хрватска.

Тој прецизираше дека станува збор за 15 премини кон Унгарија и 58 кон Словенија.

Божиновиќ, исто така, нагласи дека земјите-членки треба да ги отстранат сите пречки кои би можеле да го попречат непреченото одвивање на сообраќајот на патните гранични премини на внатрешните граници. Тоа значи дека и Хрватска ќе го стори истото за да овозможи непречен проток на луѓе и стоки, најави министерот.

За разлика од граничните контроли на копнените и поморските граници, кои се укинуваат со земјите од Шенген на првиот ден од 2023 година, граничните контроли на аеродромите ќе бидат укинати на 26 март следната година.

Разликата во датумите се должи на тоа што на меѓународно ниво се воспоставени зимскиот и летниот распоред на летови, објасни Божиновиќ.

 

The post Од 1 јануари нема да има контроли на 73 премини на Хрватска со Унгарија и Словенија appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска истакна дека од 1 јануари 2023 година ќе се укинат граничните контроли на вкупно 73 гранични премини кон Словенија и Унгарија. – За сите граѓани на Хрватска тоа значи дека повеќе нема да мора да покажуваат документи при преминување на границата, рече Божиновиќ, презентирајќи му ги на хрватскиот Сабор измените на законот за странци и за преминување на државната граница, кои создаваат предуслови за примена на шенгенските начела во Хрватска. Тој прецизираше дека станува збор за 15 премини кон Унгарија и 58 кон Словенија. Божиновиќ, исто така, нагласи дека земјите-членки треба да ги отстранат сите пречки кои би можеле да го попречат непреченото одвивање на сообраќајот на патните гранични премини на внатрешните граници. Тоа значи дека и Хрватска ќе го стори истото за да овозможи непречен проток на луѓе и стоки, најави министерот. За разлика од граничните контроли на копнените и поморските граници, кои се укинуваат со земјите од Шенген на првиот ден од 2023 година, граничните контроли на аеродромите ќе бидат укинати на 26 март следната година. Разликата во датумите се должи на тоа што на меѓународно ниво се воспоставени зимскиот и летниот распоред на летови, објасни Божиновиќ.  

The post Од 1 јануари нема да има контроли на 73 премини на Хрватска со Унгарија и Словенија appeared first on Република.

]]>