премин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/premin/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 11:03:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png премин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/premin/ 32 32 На преминот Богородица се излегува и влегува на пет ленти, се чека околу еден час https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-preminot-bogoroditsa-se-izleguva-i-vleguva-na-pet-lenti-se-cheka-okolu-eden-chas/ Fri, 02 Aug 2024 11:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=802631

На преминот Богородица се отворени пет ленти за излез од државата и пет ленти за влез во државата. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки. За излез од државата се чека околу еден час, информираа за МИА денеска од МВР.

Како што соопштија од Министерството, на граничниот премин Богородица во периодот од 10:00 часот вчера до 10:00 часот денеска влегле 4.470 македонски државјани, а излегле 2.442 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани влез во нашата држава оствариле 689, а 5.988 ја напуштиле нашата држава.

На граничниот премин Табановце се отворени пет ленти за влез во државата. Во периодот од 10:00 часот вчера до 10:00 часот денеска влегле 2.743 македонски државјани, а излегле 2.246 македонски државјани. Во нашата држава преку овој граничен премин влегле и 2.515 странски државјани, а 3.866 ја напуштиле државата

The post На преминот Богородица се излегува и влегува на пет ленти, се чека околу еден час appeared first on Република.

]]>

На преминот Богородица се отворени пет ленти за излез од државата и пет ленти за влез во државата. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки. За излез од државата се чека околу еден час, информираа за МИА денеска од МВР. Како што соопштија од Министерството, на граничниот премин Богородица во периодот од 10:00 часот вчера до 10:00 часот денеска влегле 4.470 македонски државјани, а излегле 2.442 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани влез во нашата држава оствариле 689, а 5.988 ја напуштиле нашата држава. На граничниот премин Табановце се отворени пет ленти за влез во државата. Во периодот од 10:00 часот вчера до 10:00 часот денеска влегле 2.743 македонски државјани, а излегле 2.246 македонски државјани. Во нашата држава преку овој граничен премин влегле и 2.515 странски државјани, а 3.866 ја напуштиле државата

The post На преминот Богородица се излегува и влегува на пет ленти, се чека околу еден час appeared first on Република.

]]>
Утрово затворен преминот Рафа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utrovo-zatvoren-preminot-rafa/ Thu, 09 Nov 2023 10:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=699808

Граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет утрово е затворен, јави Би-Би-Си.

Хамас нагласи дека сака на повеќе повредени луѓе да им биде дозволено да излезат од Газа преку преминот пред да им се дозволи на повеќе странски државјани да излезат.

Преминот меѓу Појасот Газа и Египет, преку кој влегуваа хуманитарни конвои и излегуваа странски државјани и повредени, вчера исто така беше затворен за луѓе, соопштија агенциите на ОН. Канцеларијата за координација на хуманитарна помош на ОН (ОЦХА) соопшти дека преминот е затворен „од непотврдени причини“.

The post Утрово затворен преминот Рафа appeared first on Република.

]]>

Граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет утрово е затворен, јави Би-Би-Си. Хамас нагласи дека сака на повеќе повредени луѓе да им биде дозволено да излезат од Газа преку преминот пред да им се дозволи на повеќе странски државјани да излезат. Преминот меѓу Појасот Газа и Египет, преку кој влегуваа хуманитарни конвои и излегуваа странски државјани и повредени, вчера исто така беше затворен за луѓе, соопштија агенциите на ОН. Канцеларијата за координација на хуманитарна помош на ОН (ОЦХА) соопшти дека преминот е затворен „од непотврдени причини“.

The post Утрово затворен преминот Рафа appeared first on Република.

]]>
Преминот Рафа повторно е отворен за евакуација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/preminot-rafa-povtorno-e-otvoren-za-evakuatsija/ Mon, 06 Nov 2023 15:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=698897

Граничната управа на Газа штотуку објави дека е отворен преминот Рафа меѓу Египет и Газа.

На странците и на лицата со двојно државјанство на египетско-израелската листа за излез ќе им биде дозволено да ја напуштат Газа преку преминот. Египќаните чии имиња беа вклучени во неодамнешните списоци на 1 ноември повикани се веднаш да се упатат кон преминот.

Надлежните нагласија дека нема да им биде дозволено да преминат оние чии имиња не се на списоците што ги обезбеди египетската страна.

The post Преминот Рафа повторно е отворен за евакуација appeared first on Република.

]]>

Граничната управа на Газа штотуку објави дека е отворен преминот Рафа меѓу Египет и Газа. На странците и на лицата со двојно државјанство на египетско-израелската листа за излез ќе им биде дозволено да ја напуштат Газа преку преминот. Египќаните чии имиња беа вклучени во неодамнешните списоци на 1 ноември повикани се веднаш да се упатат кон преминот. Надлежните нагласија дека нема да им биде дозволено да преминат оние чии имиња не се на списоците што ги обезбеди египетската страна.

The post Преминот Рафа повторно е отворен за евакуација appeared first on Република.

]]>
Четворица македонски државјани ќе заминат од Газа преку преминот Рафа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chetvoritsa-makedonski-drzhavjani-ke-zaminat-od-gaza-preku-preminot-rafa/ Thu, 02 Nov 2023 09:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=697304

Пограничните власти на Газа објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа, меѓу нив и на четворица македонски државјани.

На повеќе од 500 лица им беше дозволено да заминат вчера, кога прв пат после неколку недели беше отворен преминот.

Палестинските власти ја објавија новата листа со имиња пред 2 часот утрово по локално време, со укажување дека лицата треба да бидат на граничниот премин во 7 часот утрината.

Министерството за надворешни работи на  Македонија вчера ја поздрави одлуката за отворање на граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република  Македонија.

Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучено, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, соопшти МНР.

Лицата кои се наоѓаат на листата на странци и со двојно државјанство, објавена од пограничните власти на Газа, покрај четворицата македонски државајани се и од Азербејџан (8), Белгија (50), Бахреин(6), Чад (2), Хрватска (23), Грција (24), Унгарија (20), Италија/ОН (4), Мексико (2), Холандија (20), Јужна Кореа (5), Шри Ланка (17), Швајцарија (11) и од САД (400).

The post Четворица македонски државјани ќе заминат од Газа преку преминот Рафа appeared first on Република.

]]>

Пограничните власти на Газа објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа, меѓу нив и на четворица македонски државјани. На повеќе од 500 лица им беше дозволено да заминат вчера, кога прв пат после неколку недели беше отворен преминот. Палестинските власти ја објавија новата листа со имиња пред 2 часот утрово по локално време, со укажување дека лицата треба да бидат на граничниот премин во 7 часот утрината. Министерството за надворешни работи на  Македонија вчера ја поздрави одлуката за отворање на граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република  Македонија. Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучено, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, соопшти МНР. Лицата кои се наоѓаат на листата на странци и со двојно државјанство, објавена од пограничните власти на Газа, покрај четворицата македонски државајани се и од Азербејџан (8), Белгија (50), Бахреин(6), Чад (2), Хрватска (23), Грција (24), Унгарија (20), Италија/ОН (4), Мексико (2), Холандија (20), Јужна Кореа (5), Шри Ланка (17), Швајцарија (11) и од САД (400).

The post Четворица македонски државјани ќе заминат од Газа преку преминот Рафа appeared first on Република.

]]>
Египет ќе ја отвори границата за 20 камиони со хуманитарна помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-ke-ja-otvori-granitsata-za-20-kamioni-so-humanitarna-pomosh/ Thu, 19 Oct 2023 07:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=692666

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафах за 20 камиони со хуманитарна помош за Појасот Газа, потврди американскиот претседател Џо Бајден.

Ал Сиси и Бајден постигнаа договор за отворање на граничниот премин поради влошувањето на хуманитарната криза во Појасот Газа и бројните антиизраелски протести низ Блискиот Исток.

Бајден не прецизираше кога ќе се отвори границата, но портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, наведе дека тоа ќе се случи кога ќе се поправи патот уништен од израелските напади.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и американскиот претседател Џо Бајден се договорија за одржлива испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа преку терминалот Рафах, изјави портпаролот на Сиси, Ахмед Фахми, без да се прецизира датум.

Египет соопшти дека преминот Рафах, витална артерија пред борбите и сега важен пат за очајно потребните резерви, не бил официјално затворен, туку било оневозможено функционирање поради израелските воздушни напади врз Газа.

Израелски медиуми објавија дека отворањето се очекува утре. Египет мора прво да го поправи патот преку границата, што беше уништен од израелските воздушни напади. Повеќе од 200 камиони и околу 3.000 тони помош чекаат на или во близина на преминот Рафах, единствената врска на Појасот Газа со Египет.

За време на посетата на Бајден на Израел, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ќе дозволи увоз на храна, вода и лекови во јужниот дел на Појасот Газа преку Египет.

The post Египет ќе ја отвори границата за 20 камиони со хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафах за 20 камиони со хуманитарна помош за Појасот Газа, потврди американскиот претседател Џо Бајден. Ал Сиси и Бајден постигнаа договор за отворање на граничниот премин поради влошувањето на хуманитарната криза во Појасот Газа и бројните антиизраелски протести низ Блискиот Исток. Бајден не прецизираше кога ќе се отвори границата, но портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, наведе дека тоа ќе се случи кога ќе се поправи патот уништен од израелските напади. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и американскиот претседател Џо Бајден се договорија за одржлива испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа преку терминалот Рафах, изјави портпаролот на Сиси, Ахмед Фахми, без да се прецизира датум. Египет соопшти дека преминот Рафах, витална артерија пред борбите и сега важен пат за очајно потребните резерви, не бил официјално затворен, туку било оневозможено функционирање поради израелските воздушни напади врз Газа. Израелски медиуми објавија дека отворањето се очекува утре. Египет мора прво да го поправи патот преку границата, што беше уништен од израелските воздушни напади. Повеќе од 200 камиони и околу 3.000 тони помош чекаат на или во близина на преминот Рафах, единствената врска на Појасот Газа со Египет. За време на посетата на Бајден на Израел, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ќе дозволи увоз на храна, вода и лекови во јужниот дел на Појасот Газа преку Египет.

The post Египет ќе ја отвори границата за 20 камиони со хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>
Египет го обвинува Израел дека не го отвори граничниот премин Рафах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-go-obvinuva-izrael-deka-ne-go-otvori-granichniot-premin-rafah/ Mon, 16 Oct 2023 10:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=691654

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри денеска изјави дека израелската влада допрва треба да заземе став што дозволува отворање на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа.

Тој нагласи дека Египет има за цел да го задржи преминот отворен.

Утринава има одредено движење на камиони со гориво под знамето на ОН на границата, но преминот меѓу Египет и Газа остана затворен.

На преминот се уште се собрани голем број луѓе и семејства, за кои се смета дека се лица со двојно државјанство.

The post Египет го обвинува Израел дека не го отвори граничниот премин Рафах appeared first on Република.

]]>

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри денеска изјави дека израелската влада допрва треба да заземе став што дозволува отворање на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа. Тој нагласи дека Египет има за цел да го задржи преминот отворен. Утринава има одредено движење на камиони со гориво под знамето на ОН на границата, но преминот меѓу Египет и Газа остана затворен. На преминот се уште се собрани голем број луѓе и семејства, за кои се смета дека се лица со двојно државјанство.

The post Египет го обвинува Израел дека не го отвори граничниот премин Рафах appeared first on Република.

]]>
МВР: Отстранет е дефектот на системот на Граничните премини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-otstranet-e-defektot-na-sistemot-na-granichnite-premini/ Sat, 04 Feb 2023 11:29:15 +0000 https://republika.mk/?p=604748

МВР информира дека отстранет е дефектот на системот на Граничните премини, истиот е оспособен за функција и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава.

The post МВР: Отстранет е дефектот на системот на Граничните премини appeared first on Република.

]]>

МВР информира дека отстранет е дефектот на системот на Граничните премини, истиот е оспособен за функција и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава.

The post МВР: Отстранет е дефектот на системот на Граничните премини appeared first on Република.

]]>