Премиерка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/premierka/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 07:04:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Премиерка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/premierka/ 32 32 Маж ја начекал и ја удрил данската премиерка сред Копенхаген https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mazh-ja-nachekal-i-ja-udril-danskata-premierka-sred-kopenhagen/ Sat, 08 Jun 2024 07:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=785643

Данската премиерка Мете Фредериксен била нападната во центарот на Копенхаген, соопшти синоќа нејзиниот кабинет.

Нападот се случил на плоштадот во центарот на градот. Маж и пришол и ја удрил. Напаѓачот е уапсен.

Премиерката Мете Фредериксен вечерва беше нападната во Култорвет во Копенхаген од човек кој потоа беше уапсен. Премиерката е шокирана од инцидентот, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката без дополнителни детали.

Инаку, плоштадот Култорвет, каде што се случи нападот, е пешачка зона во стариот дел на градот на данскиот главен град.

Полицијата соопшти дека уапсила маж и го истражува инцидентот, но не откри повеќе детали.

Не е познато дали данската премиерка е повредена во нападот.

Мете Фредериксен, данска политичарка, беше избрана за премиерка во јуни 2016 година како најмладата личност на таа функција во данската историја.

Нападот се случи два дена пред Данска да гласа на изборите за ЕУ, а непосредно пред нападот, Фредериксен учествувала на настан во кампањата со водечкиот социјалдемократски кандидат Кристел Шалдемосе, јави данската ТВ2.

Нејзините социјалдемократи се најголемата партија во коалициската влада. Тие сè уште водат во анкетите, но нивната поддршка значително се намали во последните месеци.

The post Маж ја начекал и ја удрил данската премиерка сред Копенхаген appeared first on Република.

]]>

Данската премиерка Мете Фредериксен била нападната во центарот на Копенхаген, соопшти синоќа нејзиниот кабинет. Нападот се случил на плоштадот во центарот на градот. Маж и пришол и ја удрил. Напаѓачот е уапсен.
Премиерката Мете Фредериксен вечерва беше нападната во Култорвет во Копенхаген од човек кој потоа беше уапсен. Премиерката е шокирана од инцидентот, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката без дополнителни детали.
Инаку, плоштадот Култорвет, каде што се случи нападот, е пешачка зона во стариот дел на градот на данскиот главен град. Полицијата соопшти дека уапсила маж и го истражува инцидентот, но не откри повеќе детали. Не е познато дали данската премиерка е повредена во нападот. Мете Фредериксен, данска политичарка, беше избрана за премиерка во јуни 2016 година како најмладата личност на таа функција во данската историја. Нападот се случи два дена пред Данска да гласа на изборите за ЕУ, а непосредно пред нападот, Фредериксен учествувала на настан во кампањата со водечкиот социјалдемократски кандидат Кристел Шалдемосе, јави данската ТВ2. Нејзините социјалдемократи се најголемата партија во коалициската влада. Тие сè уште водат во анкетите, но нивната поддршка значително се намали во последните месеци.

The post Маж ја начекал и ја удрил данската премиерка сред Копенхаген appeared first on Република.

]]>
Италијанската премиерка го тужи пејачот на Плацебо затоа што ја нарекол фашистка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italijanskata-premierka-go-tuzhi-pejachot-na-platsebo-zatoa-shto-ja-narekol-fashistka/ Thu, 03 Aug 2023 11:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=668242

Италијанската премиерка Џорџија Мелони поднесе тужба против Брајан Молко, пејачот на британскиот бенд Placebo, откако тој ја навреди на концерт во близина на Торино минатиот месец.

За време на настапот на 11 јули на музичкиот фестивал „Соник Парк“, Молко извика од сцената пред италијанската толпа од 5.000 луѓе дека Мелони е „расистка“, „срање“ и „фашистка“, по што локалните власти го пријавија кај обвинителството.

По инцидентот, обвинителите во Торино официјално отворија истрага против Молко за „непочитување на институциите“.

Италијанските медиуми вчера објавија дека адвокатите на Мелона поднеле пријава за клевета против пејачката. Ова не е прв пат Мелони да поднесе тужба за клевета. Таа минатата година тужеше двајца новинари од италијанскиот весник „Домани“ затоа што употребиле погрден израз во текст за неа.

The post Италијанската премиерка го тужи пејачот на Плацебо затоа што ја нарекол фашистка appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџија Мелони поднесе тужба против Брајан Молко, пејачот на британскиот бенд Placebo, откако тој ја навреди на концерт во близина на Торино минатиот месец. За време на настапот на 11 јули на музичкиот фестивал „Соник Парк“, Молко извика од сцената пред италијанската толпа од 5.000 луѓе дека Мелони е „расистка“, „срање“ и „фашистка“, по што локалните власти го пријавија кај обвинителството. По инцидентот, обвинителите во Торино официјално отворија истрага против Молко за „непочитување на институциите“. Италијанските медиуми вчера објавија дека адвокатите на Мелона поднеле пријава за клевета против пејачката. Ова не е прв пат Мелони да поднесе тужба за клевета. Таа минатата година тужеше двајца новинари од италијанскиот весник „Домани“ затоа што употребиле погрден израз во текст за неа.

The post Италијанската премиерка го тужи пејачот на Плацебо затоа што ја нарекол фашистка appeared first on Република.

]]>
Уапсена поранешната премиерка на Перу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsena-poraneshnata-premierka-na-peru/ Wed, 21 Jun 2023 07:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=653568

Полицијата на Перу ја уапси поранешната премиерка Бетси Чавес поради наводна вмешаност во заговор против државата и приклучување кон поранешниот претседател Педро Кастиљо во „државниот удар“.

Чавес е во домашен притвор во јужниот град Такна повеќе од шест месеци откако Кастиљо е уапсен и затворен под обвинение за бунт. Таа негираше дека го прекршила законот.

Покрај Чавез под истрага за наводен заговор за бунт се и други поранешни министри од 17-месечната влада на Кастиљо. Обвинувањата произлегоа од најавата на Кастиљо минатиот декември дека ќе го распушти Конгресот и ќе владее со декрет, но беше соборен од перуанската опозиција во Конгресот, а потоа и уапсен од полицијата.

И Кастиљо останува во притвор и се соочува со тригодишна затворска казна.

Смената на Кастиљо предизвика повеќемесечни насилни протести во кои загинаа повеќе од 60 луѓе, главно од домородните групи.

Актуелната влада предводена од претседателката Дина Буларте негираше дека ја злоупотребила својата позиција за време на протестите, додавајќи дека ќе соработува со истражните органи.

Кривичниот совет на Врховниот суд на Перу издаде налог за Чавез, објави судот на Твитер, додека обвинителите побараа 18 месеци превентивен притвор.

The post Уапсена поранешната премиерка на Перу appeared first on Република.

]]>

Полицијата на Перу ја уапси поранешната премиерка Бетси Чавес поради наводна вмешаност во заговор против државата и приклучување кон поранешниот претседател Педро Кастиљо во „државниот удар“. Чавес е во домашен притвор во јужниот град Такна повеќе од шест месеци откако Кастиљо е уапсен и затворен под обвинение за бунт. Таа негираше дека го прекршила законот. Покрај Чавез под истрага за наводен заговор за бунт се и други поранешни министри од 17-месечната влада на Кастиљо. Обвинувањата произлегоа од најавата на Кастиљо минатиот декември дека ќе го распушти Конгресот и ќе владее со декрет, но беше соборен од перуанската опозиција во Конгресот, а потоа и уапсен од полицијата. И Кастиљо останува во притвор и се соочува со тригодишна затворска казна. Смената на Кастиљо предизвика повеќемесечни насилни протести во кои загинаа повеќе од 60 луѓе, главно од домородните групи. Актуелната влада предводена од претседателката Дина Буларте негираше дека ја злоупотребила својата позиција за време на протестите, додавајќи дека ќе соработува со истражните органи. Кривичниот совет на Врховниот суд на Перу издаде налог за Чавез, објави судот на Твитер, додека обвинителите побараа 18 месеци превентивен притвор.

The post Уапсена поранешната премиерка на Перу appeared first on Република.

]]>
Борисов ја номинира еврокомесарката Габриел за нов премиер на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borisov-ja-nominira-evrokomesarkata-gabriel-za-nov-premier-na-bugarija/ Wed, 10 May 2023 09:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=639168

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, утринава ја номинираше еврокомесарката Марија Габриел за кандидат на неговата политичка партија за следен премиер на Бугарија, потврдувајќи ги постоечкиѕе шпекулации во Софија, пренесува „Еурактив“ цитирајќи ги бугарските медиуми.

Кусата најава на Борисов во парламентот ја поздравија само пратениците на ГЕРБ, а тој истакна дека Габриел е задолжена самата да побара поддршка од другите парламентарни сили за да се договори за кабинет.

Борисов вчера најави дека мандатарот за новата влада ќе биде претставен пред лидрите на сите политички партии во бугарскиот парламент. Неговата ГЕРБ се покажа како најсилна партија на предвремените ибори на 2 април, освојуваќи 25 отсто од гласовите, и сега ја има тешката задача да најде коалициски партнери за да формира влада.

Тој рече дека Бугарите и Европа ќе се гордеат со премиерот што тој ќе го предложи.

Нашиот премиер ќе биде личност што ќе може да ги води економијата, индустријата и модернизацијата во насока што сите ја очекуваме, нагласи Борисов.

Откако „24часа“ ја објави шпекулацијата за новиот мандатар, Еурактив побарал коментар од канцеларијата на Габриел и од кабинетот на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, но оттаму одбиле да коментираат.ж

За да ја напушти позицијата на еврокомесар, на Габриел ќе биде потребна формално одобрување од шефицата на ЕК. Ако Габриел ја напушти Комисијата, Фон дер Лајен може или да ја замени или да му го даде нејзиниот ресор на друг комесар.

Експертите велат дека Габриел ќе згреши ако ја напушти функцијата комесар за да се приклучи на бугарската политичка сцена, каде што, дури и во најдоброто сценарио, тешко би можела да опстане долго на чело на кревкиот кабинет.

Борисов рече дека ќе им понуди 20 министерски места на другите политички партии кои би го поддржале неговиот лично избран кандидат. Понудата можеби изгледа дарежлива, но четирите претходни предвремени избори не резултираа со одржлива влада токму затоа што главните политички играчи не сакаа коалиција со Борисов.

Ако обидите за формирање влада повторно пропаднат, Бугарите повторно ќе одат на предвремени избори летово и Борисов предупреди дека е време работите да се сфатат сериозно.

„Апелирам до сите страни: Избори во август, без буџет, би биле катастрофа“, предупреди тој, нагласувајќи дека ГЕРБ е „дефинитивно одлучна да формира влада по секја цена“.

Борисов рече дека мандатарот „ќе стави ред во хаосот“, ќе ги деблокира европските фондови достапни според планот за закрепнување, ќе ги унапреди реформите во правосудството и ќе се погрижи Бугарија да влезе во Шенгенската зона.

The post Борисов ја номинира еврокомесарката Габриел за нов премиер на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, утринава ја номинираше еврокомесарката Марија Габриел за кандидат на неговата политичка партија за следен премиер на Бугарија, потврдувајќи ги постоечкиѕе шпекулации во Софија, пренесува „Еурактив“ цитирајќи ги бугарските медиуми. Кусата најава на Борисов во парламентот ја поздравија само пратениците на ГЕРБ, а тој истакна дека Габриел е задолжена самата да побара поддршка од другите парламентарни сили за да се договори за кабинет. Борисов вчера најави дека мандатарот за новата влада ќе биде претставен пред лидрите на сите политички партии во бугарскиот парламент. Неговата ГЕРБ се покажа како најсилна партија на предвремените ибори на 2 април, освојуваќи 25 отсто од гласовите, и сега ја има тешката задача да најде коалициски партнери за да формира влада. Тој рече дека Бугарите и Европа ќе се гордеат со премиерот што тој ќе го предложи. Нашиот премиер ќе биде личност што ќе може да ги води економијата, индустријата и модернизацијата во насока што сите ја очекуваме, нагласи Борисов. Откако „24часа“ ја објави шпекулацијата за новиот мандатар, Еурактив побарал коментар од канцеларијата на Габриел и од кабинетот на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, но оттаму одбиле да коментираат.ж За да ја напушти позицијата на еврокомесар, на Габриел ќе биде потребна формално одобрување од шефицата на ЕК. Ако Габриел ја напушти Комисијата, Фон дер Лајен може или да ја замени или да му го даде нејзиниот ресор на друг комесар. Експертите велат дека Габриел ќе згреши ако ја напушти функцијата комесар за да се приклучи на бугарската политичка сцена, каде што, дури и во најдоброто сценарио, тешко би можела да опстане долго на чело на кревкиот кабинет. Борисов рече дека ќе им понуди 20 министерски места на другите политички партии кои би го поддржале неговиот лично избран кандидат. Понудата можеби изгледа дарежлива, но четирите претходни предвремени избори не резултираа со одржлива влада токму затоа што главните политички играчи не сакаа коалиција со Борисов. Ако обидите за формирање влада повторно пропаднат, Бугарите повторно ќе одат на предвремени избори летово и Борисов предупреди дека е време работите да се сфатат сериозно. „Апелирам до сите страни: Избори во август, без буџет, би биле катастрофа“, предупреди тој, нагласувајќи дека ГЕРБ е „дефинитивно одлучна да формира влада по секја цена“. Борисов рече дека мандатарот „ќе стави ред во хаосот“, ќе ги деблокира европските фондови достапни според планот за закрепнување, ќе ги унапреди реформите во правосудството и ќе се погрижи Бугарија да влезе во Шенгенската зона.

The post Борисов ја номинира еврокомесарката Габриел за нов премиер на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Шведската премиерка доживеа пораз, десницата има мнозинство во парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedskata-premierka-dozivea-poraz-desnicata-ima-mnozinstvo-vo-parlamentot/ Wed, 14 Sep 2022 21:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=550863

Водачот на актуелните шведски социјалдемократи го призна поразот на изборите во земјата предавајќи му победа на лабавиот блок на десничарски партии предводени од екстремно десничарските Шведски демократи (СД).

Премиерката Магдалена Андерсон свика прес-конференција на која го призна поразот посочувајќи дека социјалдемократите сè уште се најголемата партија во земјата со повеќе од 30 отсто од гласовите и дека мнозинството во парламентот за десничарскиот блок е многу мала, пренесува „Гардијан“.

Кога денеска беа пребројани гласовите по пошта и на иселениците, лабавата коалиција на СД и три партии од десниот центар напредуваше за да освои мнозинство во парламентот со 349 места.

Нема официјален договор меѓу СД и умерените, демохристијанските и либералните партии за тоа како ќе владеат заедно, иако партиите од десниот центар рекоа дека нема да прифатат екстремно десничарски министерски позиции.

Сепак, силните резултати на СД, кои ја прават втората по големина партија во Шведска – и најголемата од десницата – ја ставаат во силна позиција да извлече отстапки во замена за поддршка во парламентот.

The post Шведската премиерка доживеа пораз, десницата има мнозинство во парламентот appeared first on Република.

]]>

Водачот на актуелните шведски социјалдемократи го призна поразот на изборите во земјата предавајќи му победа на лабавиот блок на десничарски партии предводени од екстремно десничарските Шведски демократи (СД). Премиерката Магдалена Андерсон свика прес-конференција на која го призна поразот посочувајќи дека социјалдемократите сè уште се најголемата партија во земјата со повеќе од 30 отсто од гласовите и дека мнозинството во парламентот за десничарскиот блок е многу мала, пренесува „Гардијан“. Кога денеска беа пребројани гласовите по пошта и на иселениците, лабавата коалиција на СД и три партии од десниот центар напредуваше за да освои мнозинство во парламентот со 349 места. Нема официјален договор меѓу СД и умерените, демохристијанските и либералните партии за тоа како ќе владеат заедно, иако партиите од десниот центар рекоа дека нема да прифатат екстремно десничарски министерски позиции. Сепак, силните резултати на СД, кои ја прават втората по големина партија во Шведска – и најголемата од десницата – ја ставаат во силна позиција да извлече отстапки во замена за поддршка во парламентот.

The post Шведската премиерка доживеа пораз, десницата има мнозинство во парламентот appeared first on Република.

]]>
Која е новата британска премиерка, Лиз Трас: Неколкупати ги менуваше ставовите, сака да стане новата Челична дама https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koja-e-novata-britanska-premierka-liz-tras-nekolkupati-gi-menuvashe-stavovite-saka-da-stane-novata-chelichna-dama/ Mon, 05 Sep 2022 13:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=539737

На седумгодишна возраст, Лиз Трас ја играше Маргарет Тачер на лажни избори во нејзиното училиште. Но, за разлика од премиерката, која победи со убедливо мнозинство во 1983 година, таа не беше успешна.

Многу години подоцна Трас се сеќава:

„Ја искористив можноста и одржав говор од срце на изборите, но на крајот не освоив ниту еден глас. Јас дури и не гласав за себе“.

Триесет и девет години подоцна, таа ја користи можноста вистински да ги следи стапките на Челичната Лејди и стана лидер на Конзервативната партија и премиер, откако помина години градејќи односи со здруженијата на нејзините изборни единици и остана лојална на Борис Џонсон во најтемните денови од неговото владеење.

На многу начини, таа не е конвенционален ториевец.

Како девојче, нејзината мајка ја однела на протести поради Кампањата за нуклеарно разоружување, организација која остро се спротивстави на одлуката на владата на Маргарет Тачер да дозволи стационирање на американски нуклеарни боеви глави во воздушната база Гренхам Комон, западно од Лондон.

Нејзиното семејство се преселило во Пејсли, западно од Глазгов, кога Трас имал четири години.

Зборувајќи за Би-Би-Си Радио 4, нејзиниот брат изјавил дека семејството уживало играјќи игри на табла, но дека младата Трас не сака да губи и честопати едноставно исчезнувала наместо да ризикува да не победи.

Семејството подоцна се преселило во Лидс, каде што учела во државното средно училиште, Раундеј.

Таа опиша дека за време на нејзиниот престој таму видела „неуспешни деца кои биле изневерени од малите очекувања“.

Некои од врсниците на Лиз Трас во Раундеј го побиваат нејзиниот опис на училиштето, како новинарот на Гардијан, Мартин Пенгели.

Таа можеби селективно се сеќава на своето детство и безгрижно го озборува сопственото училиште и наставниците кои ја учеле за едноставна политичка корист - напиша новинарот.

Без оглед на нејзиното претходно образование, Трас потоа го посетувала Универзитетот во Оксфорд, каде студирала филозофија, политика и економија и била активна во студентската политика, првично за либералдемократите.

На партиската конференција во 1994 година, таа зборуваше за укинување на монархијата, велејќи им на делегатите во Брајтон: „Ние либералдемократите веруваме во еднакви можности за сите. Не веруваме дека луѓето се родени да владеат“.

Во Оксфорд, Трас се префрли кај конзервативците.

По дипломирањето, таа работеше како сметководител за „Shell и Cable & Wireless“, а се омажи за колегата сметководител Хју О'Лири во 2000 година. Имаат две деца.

Трас беше кандидат на ториевците за Хемсворт, Западен Јоркшир, на општите избори во 2001 година, но загуби.

Таа претрпе нов пораз во долината Калдер, исто така во Западен Јоркшир, во 2005 година.

Но, со непоколебливи политички амбиции, таа беше избрана за советничка во Гринич, во југоисточен Лондон, во 2006 година, а од 2008 година работи и за централно-десничарскиот тинк-тенк „Реформ“.

Конзервативниот лидер Дејвид Камерон ја стави Трас на неговата „А-листа“ на приоритетни кандидати за изборите во 2010 година и таа беше избрана да се бори за безбедното место во Југозападен Норфолк.

Меѓутоа, многу брзо таа се соочи со битка против повлекувањето на кандидатурата на ториевската асоцијација од изборната единица, откако беше откриено дека неколку години претходно имала афера со пратеникот од ториевците Марк Филд.

Иницијативата за нејзина смена пропадна и Трас на крајот го освои пратеничкото место со повеќе од 13.000 гласови разлика.

Таа, со уште четворица конзервативни пратеници избрани во 2010 година, беше коавтор на книгата „Британија без окови“ која препорача укинување на државната регулатива за да се подобри позицијата на Обединетото Кралство во светот, означувајќи ја како истакнат застапник на политиките на слободен пазар во редовите на ториевците.

За време на лидерска дебата на Би-Би-Си, таа беше прашана за коментар за „Британија без окови“, во која британските работници се нарекуваат „едни од најлошите мрзливи во светот“.

Таа тврдеше дека не го напишала тоа.

Потоа во 2012 година, само две години откако стана пратеник, таа влезе во владата како министер за образование, додека во 2014 година беше промовирана во министерка за животна средина.

На Конзервативната конференција во 2015 година, Трас беше исмејувана поради говорот во кој таа со глас без емоции изјави: „Ние увезуваме две третини од сирењето во земјата. Тоа. Е. Срамота“.

Само една година подоцна, следеше веројатно најголемиот политички настан на генерацијата - референдумот за ЕУ.

Трас беше активна во кампањата „Remain“, пишувајќи во дневниот весник Сан дека Брегзит ќе биде „тројна трагедија - повеќе регулативи, повеќе форми и повеќе одложувања во трговијата со ЕУ“.

Меѓутоа, откако нејзината страна загуби, таа се предомисли, тврдејќи дека Брегзит нуди можност да го „размрда начинот на кој работите моментално функционираат“.

За време на премиерката Тереза ​​Меј, таа беше најпрвин министер за правда, пред да стане главен секретар на Министерството за финансии.

Кога Борис Џонсон стана премиер во 2019 година, Трас ја презеде функцијата министер за меѓународна трговија - работа што вклучуваше средби со глобални политички и деловни лидери за промовирање на трговските интереси на Британија.

Потоа, во 2021 година, на 46-годишна возраст, таа доби една од највисоките функции во владата, преземајќи го Министерството за надворешни работи од Доминик Раб.

Таму, таа се обиде да го реши заплетканото прашање на протоколот за Cеверна Ирска со едноставно укинување на делови од договорот за Брегзит меѓу ЕУ и ОК - потег што ЕУ силно го критикуваше.

Таа издејствува ослободување на двајца британско-ирански државјани кои беа уапсени и држени во притвор.

Кога Русија ја почна воената операција во Украина во февруари, таа зазеде цврст став, барајќи сите сили на Владимир Путин да бидат истиснати од земјата.

Сепак, таа се соочи со критики кога ги поддржа луѓето од Велика Британија кои сакаат да се борат во Украина.

Кампањата на Лиз Трас за раководството на партијата не помина без контроверзии.

Притисната за тоа како ќе се бори со кризата на трошоците за живот, таа рече дека ќе ги насочи сите свои напори на „намалување на даночниот товар, а не на делење милостина“.

Таа беше принудена да се откаже од планот за поврзување на платите во јавниот сектор со регионалните животни трошоци поради реакцијата од високите ториевци кои тврдеа дека тоа би значело намалување на платите за милиони работници надвор од Лондон.

Таа, исто така, ја нарече шкотската премиерка Никола Старџен дека „бара внимание“ и порача дека е најдобро таа да се „игнорира“.

Некои сугерираат дека Трас се обидува да имитира друга миленичка од ториевците - Маргарет Тачер - со облекување во крзнена капа и бела машна.

Трас ги отфрли тврдењата, велејќи за „GB News“: „Многу е фрустрирачки што жените политичарки секогаш се споредуваат со Маргарет Тачер, а мажите политичари никогаш не се споредуваат со Тед Хит“.

Но, ваквите споредби можеби не се хендикеп кога станува збор за добивање поддршка од членовите на Конзервативната партија.

Ивор Би-би-си.

The post Која е новата британска премиерка, Лиз Трас: Неколкупати ги менуваше ставовите, сака да стане новата Челична дама appeared first on Република.

]]>

На седумгодишна возраст, Лиз Трас ја играше Маргарет Тачер на лажни избори во нејзиното училиште. Но, за разлика од премиерката, која победи со убедливо мнозинство во 1983 година, таа не беше успешна. Многу години подоцна Трас се сеќава:
„Ја искористив можноста и одржав говор од срце на изборите, но на крајот не освоив ниту еден глас. Јас дури и не гласав за себе“.
Триесет и девет години подоцна, таа ја користи можноста вистински да ги следи стапките на Челичната Лејди и стана лидер на Конзервативната партија и премиер, откако помина години градејќи односи со здруженијата на нејзините изборни единици и остана лојална на Борис Џонсон во најтемните денови од неговото владеење. На многу начини, таа не е конвенционален ториевец. Како девојче, нејзината мајка ја однела на протести поради Кампањата за нуклеарно разоружување, организација која остро се спротивстави на одлуката на владата на Маргарет Тачер да дозволи стационирање на американски нуклеарни боеви глави во воздушната база Гренхам Комон, западно од Лондон. Нејзиното семејство се преселило во Пејсли, западно од Глазгов, кога Трас имал четири години. Зборувајќи за Би-Би-Си Радио 4, нејзиниот брат изјавил дека семејството уживало играјќи игри на табла, но дека младата Трас не сака да губи и честопати едноставно исчезнувала наместо да ризикува да не победи. Семејството подоцна се преселило во Лидс, каде што учела во државното средно училиште, Раундеј. Таа опиша дека за време на нејзиниот престој таму видела „неуспешни деца кои биле изневерени од малите очекувања“. Некои од врсниците на Лиз Трас во Раундеј го побиваат нејзиниот опис на училиштето, како новинарот на Гардијан, Мартин Пенгели.
Таа можеби селективно се сеќава на своето детство и безгрижно го озборува сопственото училиште и наставниците кои ја учеле за едноставна политичка корист - напиша новинарот.
Без оглед на нејзиното претходно образование, Трас потоа го посетувала Универзитетот во Оксфорд, каде студирала филозофија, политика и економија и била активна во студентската политика, првично за либералдемократите. На партиската конференција во 1994 година, таа зборуваше за укинување на монархијата, велејќи им на делегатите во Брајтон: „Ние либералдемократите веруваме во еднакви можности за сите. Не веруваме дека луѓето се родени да владеат“. Во Оксфорд, Трас се префрли кај конзервативците. По дипломирањето, таа работеше како сметководител за „Shell и Cable & Wireless“, а се омажи за колегата сметководител Хју О'Лири во 2000 година. Имаат две деца. Трас беше кандидат на ториевците за Хемсворт, Западен Јоркшир, на општите избори во 2001 година, но загуби. Таа претрпе нов пораз во долината Калдер, исто така во Западен Јоркшир, во 2005 година. Но, со непоколебливи политички амбиции, таа беше избрана за советничка во Гринич, во југоисточен Лондон, во 2006 година, а од 2008 година работи и за централно-десничарскиот тинк-тенк „Реформ“. Конзервативниот лидер Дејвид Камерон ја стави Трас на неговата „А-листа“ на приоритетни кандидати за изборите во 2010 година и таа беше избрана да се бори за безбедното место во Југозападен Норфолк. Меѓутоа, многу брзо таа се соочи со битка против повлекувањето на кандидатурата на ториевската асоцијација од изборната единица, откако беше откриено дека неколку години претходно имала афера со пратеникот од ториевците Марк Филд. Иницијативата за нејзина смена пропадна и Трас на крајот го освои пратеничкото место со повеќе од 13.000 гласови разлика. Таа, со уште четворица конзервативни пратеници избрани во 2010 година, беше коавтор на книгата „Британија без окови“ која препорача укинување на државната регулатива за да се подобри позицијата на Обединетото Кралство во светот, означувајќи ја како истакнат застапник на политиките на слободен пазар во редовите на ториевците. За време на лидерска дебата на Би-Би-Си, таа беше прашана за коментар за „Британија без окови“, во која британските работници се нарекуваат „едни од најлошите мрзливи во светот“. Таа тврдеше дека не го напишала тоа. Потоа во 2012 година, само две години откако стана пратеник, таа влезе во владата како министер за образование, додека во 2014 година беше промовирана во министерка за животна средина. На Конзервативната конференција во 2015 година, Трас беше исмејувана поради говорот во кој таа со глас без емоции изјави: „Ние увезуваме две третини од сирењето во земјата. Тоа. Е. Срамота“. Само една година подоцна, следеше веројатно најголемиот политички настан на генерацијата - референдумот за ЕУ. Трас беше активна во кампањата „Remain“, пишувајќи во дневниот весник Сан дека Брегзит ќе биде „тројна трагедија - повеќе регулативи, повеќе форми и повеќе одложувања во трговијата со ЕУ“. Меѓутоа, откако нејзината страна загуби, таа се предомисли, тврдејќи дека Брегзит нуди можност да го „размрда начинот на кој работите моментално функционираат“. За време на премиерката Тереза ​​Меј, таа беше најпрвин министер за правда, пред да стане главен секретар на Министерството за финансии. Кога Борис Џонсон стана премиер во 2019 година, Трас ја презеде функцијата министер за меѓународна трговија - работа што вклучуваше средби со глобални политички и деловни лидери за промовирање на трговските интереси на Британија. Потоа, во 2021 година, на 46-годишна возраст, таа доби една од највисоките функции во владата, преземајќи го Министерството за надворешни работи од Доминик Раб. Таму, таа се обиде да го реши заплетканото прашање на протоколот за Cеверна Ирска со едноставно укинување на делови од договорот за Брегзит меѓу ЕУ и ОК - потег што ЕУ силно го критикуваше. Таа издејствува ослободување на двајца британско-ирански државјани кои беа уапсени и држени во притвор. Кога Русија ја почна воената операција во Украина во февруари, таа зазеде цврст став, барајќи сите сили на Владимир Путин да бидат истиснати од земјата. Сепак, таа се соочи со критики кога ги поддржа луѓето од Велика Британија кои сакаат да се борат во Украина. Кампањата на Лиз Трас за раководството на партијата не помина без контроверзии. Притисната за тоа како ќе се бори со кризата на трошоците за живот, таа рече дека ќе ги насочи сите свои напори на „намалување на даночниот товар, а не на делење милостина“. Таа беше принудена да се откаже од планот за поврзување на платите во јавниот сектор со регионалните животни трошоци поради реакцијата од високите ториевци кои тврдеа дека тоа би значело намалување на платите за милиони работници надвор од Лондон. Таа, исто така, ја нарече шкотската премиерка Никола Старџен дека „бара внимание“ и порача дека е најдобро таа да се „игнорира“. Некои сугерираат дека Трас се обидува да имитира друга миленичка од ториевците - Маргарет Тачер - со облекување во крзнена капа и бела машна. Трас ги отфрли тврдењата, велејќи за „GB News“: „Многу е фрустрирачки што жените политичарки секогаш се споредуваат со Маргарет Тачер, а мажите политичари никогаш не се споредуваат со Тед Хит“. Но, ваквите споредби можеби не се хендикеп кога станува збор за добивање поддршка од членовите на Конзервативната партија. Ивор Би-би-си.

The post Која е новата британска премиерка, Лиз Трас: Неколкупати ги менуваше ставовите, сака да стане новата Челична дама appeared first on Република.

]]>
Танцува во прегратки на непознат маж: Се појави нова скандалозна снимкa од премиерката на Финска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tancuva-vo-pregratki-na-nepoznat-maz-se-pojavi-nova-skandalozna-snimka-od-premierkata-na-finska/ Fri, 19 Aug 2022 15:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=542096

Финската премиерка Сана Марин повторно се најде на удар на критики откако во јавноста излезе уште едно нејзино видео.

Претходно во финските медиуми веќе беше објавено видео, комбинирано од неколку приказни на Инстаграм, каде што може да се види како таа се забавува во приватен стан, а новото видео ја прикажува Марин во ноќен клуб како танцува со непознат човек.

На видеото, 36-годишната премиерка може да се види како танцува со рацете околу вратот на непознат маж, пишува Daily Mail.

Сведок од ноќниот клуб за тамошните медиуми раскажал дека премиерката танцувала на ист начин со уште неколку мажи.

„Таа беше во прегратки на двајца луѓе. Таа, исто така, ја стави раката на еден од мажите и тој нежно ја држеше. Со другарка ми се запрашавме дали е уште мажена, прстенот и беше на раката“ – изјавил сведокот.

The post Танцува во прегратки на непознат маж: Се појави нова скандалозна снимкa од премиерката на Финска appeared first on Република.

]]>

Финската премиерка Сана Марин повторно се најде на удар на критики откако во јавноста излезе уште едно нејзино видео. Претходно во финските медиуми веќе беше објавено видео, комбинирано од неколку приказни на Инстаграм, каде што може да се види како таа се забавува во приватен стан, а новото видео ја прикажува Марин во ноќен клуб како танцува со непознат човек. На видеото, 36-годишната премиерка може да се види како танцува со рацете околу вратот на непознат маж, пишува Daily Mail. Сведок од ноќниот клуб за тамошните медиуми раскажал дека премиерката танцувала на ист начин со уште неколку мажи. „Таа беше во прегратки на двајца луѓе. Таа, исто така, ја стави раката на еден од мажите и тој нежно ја држеше. Со другарка ми се запрашавме дали е уште мажена, прстенот и беше на раката“ – изјавил сведокот.

The post Танцува во прегратки на непознат маж: Се појави нова скандалозна снимкa од премиерката на Финска appeared first on Република.

]]>
Шведската премиерка има Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedskata-premierka-ima-kovid-19/ Fri, 14 Jan 2022 11:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=444555

Шведската премиерка Магдалена Андерсон е позитивна на корона вирусот, изјави денеска нејзиниот портпарол.

Премиерката ги следи актуелните препораки и должноста ќе ја врши од дома. Таа се чувствува добро, со оглед на ситуацијата, рече тој.

Андерсон (54) е една од неколкуте членови на Социјалдемократската партија заразени со ковид по дебата во парламентот претходно оваа недела, додека кралот, кралицата и принцезата на Шведска се заразиле на почетокот на овој месец, според „Ројтерс“.

Шведска бележи рекорден број нови случаи на корона вирусот, околу 25.000, поради ширењето на заразниот сој омикрон, а здравствените власти очекуваат дека врвот на четвртиот бран на епидемијата на крајот на месецот ќе донесе 70.000 нови случаи на ден.

The post Шведската премиерка има Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Шведската премиерка Магдалена Андерсон е позитивна на корона вирусот, изјави денеска нејзиниот портпарол.
Премиерката ги следи актуелните препораки и должноста ќе ја врши од дома. Таа се чувствува добро, со оглед на ситуацијата, рече тој.
Андерсон (54) е една од неколкуте членови на Социјалдемократската партија заразени со ковид по дебата во парламентот претходно оваа недела, додека кралот, кралицата и принцезата на Шведска се заразиле на почетокот на овој месец, според „Ројтерс“. Шведска бележи рекорден број нови случаи на корона вирусот, околу 25.000, поради ширењето на заразниот сој омикрон, а здравствените власти очекуваат дека врвот на четвртиот бран на епидемијата на крајот на месецот ќе донесе 70.000 нови случаи на ден.

The post Шведската премиерка има Ковид-19 appeared first on Република.

]]>