Преку езерото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/preku-ezeroto/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 09:05:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Преку езерото Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/preku-ezeroto/ 32 32 Гран При за грчката дистописка драма „Тишина 6-9“, на режисерот Христос Пасалис на фестивалот „Преку езерото“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/gran-pri-za-grchkata-distopiska-drama-tishina-6-9-na-rezhiserot-hristos-pasalis-na-festivalot-preku-ezeroto/ Mon, 12 Aug 2024 09:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=805747

Вчера, во 20 часот во Дојран со доделување на наградите свечено беше затворено третото издание на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“.

Меѓународното жири составено од: Електра Венаки од Грција, Предраг Пеџа Милојевиќ од Србија и лауреатот на овогодинешниот фестивал на „Наградата Мето Јовановски“, актерот Владо Јовановски, решија Гран При за најдобар медитерански и балкански филм да ја добие грчката дистописка драма „Тишина 6-9“, на режисерот Христос Пасалис.

Филмот припаѓа на новиот грчки таканаречен чуден филмски бран, предводен од светската кинематографска ѕвезда Јоргос Лантимос.

Наградата за најдобар краток филм ја доби овогодинешниот кански победник „Човекот кој не знаеше да молчи“, на Небојша Слепчевиќ кој ни раскажува кратка потресна пост-воена драма.

За најдобар режисер на медитеранот наградата беше доделена ex aequo (подеднакво) на Александра Лазаровски од Србија, за краткиот филм „Ѕвездена“, социјална драма за две девојчиња во Белград кои останале без татко, и на режисерот Ѓорче Ставревски од Македонија за неговаиот краток филм „Дали си маж“, во кој едно дете во Скопје без татко за прв пат е ставено на тест на „храброста“.

Специјално признание од фестивалското жири беше доделено на филмот „И покрај тоа што е ноќ“, на режисерот Гилермо Гарсија Лопез од Франција.

Оваа година за прв пат беше формирано и студентско жири, со цел да се даде потполна антиципација на студентите по филм и телевизија. Тие, сосема спротивно на големото жири, одлучија дека најдобра медитеранска приказна е политичката драма „Руски Конзул“ на Мирослав Лекиќ од Србија, која се одвива во 70тите години на минатиот век во поранешна Југославија.

Исто така, студентите имаа извонредна и единствена можност, за прв пат во Македонија, на еден фестивал да ги претстават своите најдобри приказни и да добијат грант за реализација на нивните дипломски филмови. Па така, грантови беа доделени на четири краткометражни филмови кои ќе се реализираат во следните дванаесет месеци, а македонска премиера ќе доживеат на следното, четврто издание на „Преку Езерото“.

Оваа година, исто така за прв пат беше организирана работилница за деца и млади кои активно се запознаваа со проблемот на филмската писменост и стекнаа основни познавања за филмскиот јазик.

The post Гран При за грчката дистописка драма „Тишина 6-9“, на режисерот Христос Пасалис на фестивалот „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>

Вчера, во 20 часот во Дојран со доделување на наградите свечено беше затворено третото издание на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“. Меѓународното жири составено од: Електра Венаки од Грција, Предраг Пеџа Милојевиќ од Србија и лауреатот на овогодинешниот фестивал на „Наградата Мето Јовановски“, актерот Владо Јовановски, решија Гран При за најдобар медитерански и балкански филм да ја добие грчката дистописка драма „Тишина 6-9“, на режисерот Христос Пасалис. Филмот припаѓа на новиот грчки таканаречен чуден филмски бран, предводен од светската кинематографска ѕвезда Јоргос Лантимос. Наградата за најдобар краток филм ја доби овогодинешниот кански победник „Човекот кој не знаеше да молчи“, на Небојша Слепчевиќ кој ни раскажува кратка потресна пост-воена драма. За најдобар режисер на медитеранот наградата беше доделена ex aequo (подеднакво) на Александра Лазаровски од Србија, за краткиот филм „Ѕвездена“, социјална драма за две девојчиња во Белград кои останале без татко, и на режисерот Ѓорче Ставревски од Македонија за неговаиот краток филм „Дали си маж“, во кој едно дете во Скопје без татко за прв пат е ставено на тест на „храброста“. Специјално признание од фестивалското жири беше доделено на филмот „И покрај тоа што е ноќ“, на режисерот Гилермо Гарсија Лопез од Франција. Оваа година за прв пат беше формирано и студентско жири, со цел да се даде потполна антиципација на студентите по филм и телевизија. Тие, сосема спротивно на големото жири, одлучија дека најдобра медитеранска приказна е политичката драма „Руски Конзул“ на Мирослав Лекиќ од Србија, која се одвива во 70тите години на минатиот век во поранешна Југославија. Исто така, студентите имаа извонредна и единствена можност, за прв пат во Македонија, на еден фестивал да ги претстават своите најдобри приказни и да добијат грант за реализација на нивните дипломски филмови. Па така, грантови беа доделени на четири краткометражни филмови кои ќе се реализираат во следните дванаесет месеци, а македонска премиера ќе доживеат на следното, четврто издание на „Преку Езерото“. Оваа година, исто така за прв пат беше организирана работилница за деца и млади кои активно се запознаваа со проблемот на филмската писменост и стекнаа основни познавања за филмскиот јазик.

The post Гран При за грчката дистописка драма „Тишина 6-9“, на режисерот Христос Пасалис на фестивалот „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>
Награда за најдобра режија за краткиот филм „Дали си маж“ на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nagrada-za-najdobra-rezhija-za-kratkiot-film-dali-si-mazh-na-festivalot-preku-ezeroto-vo-dojran/ Mon, 12 Aug 2024 07:45:18 +0000 https://republika.mk/?p=805672

Заврши филмскиот фестивал „Преку езерото” во Стар Дојран. Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, понуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.

Краткиот филм Дали си маж / Are You a Man освои награда за најдобра режија на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран! Тоа е прва домашна награда, а ја прими продуцентката Ивана Шекуткоска!

The post Награда за најдобра режија за краткиот филм „Дали си маж“ на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран appeared first on Република.

]]>

Заврши филмскиот фестивал „Преку езерото” во Стар Дојран. Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, понуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро. Краткиот филм Дали си маж / Are You a Man освои награда за најдобра режија на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран! Тоа е прва домашна награда, а ја прими продуцентката Ивана Шекуткоска!

The post Награда за најдобра режија за краткиот филм „Дали си маж“ на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран appeared first on Република.

]]>
Свечено затворање на фестивалот „Преку езерото“ и доделување на наградите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svecheno-zatvorane-na-festivalot-preku-ezeroto-i-dodeluvane-na-nagradite/ Sun, 11 Aug 2024 15:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=805479

На финалната вечер на „Преку езерото“ во недела на 11 август во Дојран ќе бидат прикажани следниве наслови:

НЕДЕЛА, 11 Август 2024 година
20.00 Часот
ЅВЕЗДЕНА на Александра Лазаровски, Србија, 2024
ХОТЕЛ ПУЛА, Андреј Коровљев, Хрватска

Свечено затворање на фестивалот
Доделување на фестивалските награди
Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови

22.30
ПОДРУМ на Омер ферхат Озмен, ТУРЦИЈА, 2024,
ЛОШО НА МОМЕНТ на Даниел Соарес, ПОРТУГАЛИЈА
ЗАРАЗЕНИ, Себастијан Ваничек, Франција

The post Свечено затворање на фестивалот „Преку езерото“ и доделување на наградите appeared first on Република.

]]>

На финалната вечер на „Преку езерото“ во недела на 11 август во Дојран ќе бидат прикажани следниве наслови: НЕДЕЛА, 11 Август 2024 година 20.00 Часот ЅВЕЗДЕНА на Александра Лазаровски, Србија, 2024 ХОТЕЛ ПУЛА, Андреј Коровљев, Хрватска Свечено затворање на фестивалот Доделување на фестивалските награди Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови 22.30 ПОДРУМ на Омер ферхат Озмен, ТУРЦИЈА, 2024, ЛОШО НА МОМЕНТ на Даниел Соарес, ПОРТУГАЛИЈА ЗАРАЗЕНИ, Себастијан Ваничек, Франција

The post Свечено затворање на фестивалот „Преку езерото“ и доделување на наградите appeared first on Република.

]]>
Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dodelena-nagradata-meto-jovanovski-na-ofitsijalnoto-otvorane-filmskiot-festival-preku-ezeroto-vo-dojran/ Sat, 10 Aug 2024 14:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=805218

На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ беше доделена единствената НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ - магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој мината година ја одигра својата последна улога на овој свет и замина во светот на вечната игра и вечните соништа - актерот и сонувачот со отворени очи.

„ Да се зборува за трето издание на фестивал кој е создаден само од нашата страст да го споделиме светот на филмот со други луѓе навистина е, ама навистина многу, многу тревожна работа. Кога за прв пат ќе направиш нешто, на медитеранот тоа се нарекува: ``имање среќа``! Кога пак истото тоа ќе се повтори уште еднаш, дури и со намера, тоа ќе ти го опишат како:``абе, се случува``! И најпосле, кога е по трет пат, е дури тогаш може да се рече дека тоа нешто и навистина постои! Е-па, драги мои, ние сме само на миг пред третото издание на нашиот фестивал. Многу се радувам што со вас ќе ги споделиме овие незаборавни денови со приказни. Приказни од балканот и медитеранот, за кои сум убеден дека ќе ги променат нашите верувања дека на овој дел од светот има смисол да се верува во што и да е, ако е помалку од три пати! Верувајте. Ова е ``Преку езерото`` по трет пат, рече пред бројната публика проф. д-р Јани Бојаџи, директор на Фестивалот.

Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на филмскиот фестивал „Преку езерото“, Мими Ѓорговска Илиевска, која рече дека сè она што Владо Јовановски го прави различен од многу други актери, еднакво извонредни како него – е неговата посебност, неговата киногенија, неговото присуство во кадарот кое ве привлекува да го гледате дури и без да дејствува, без да збори, без да се движи, дури и без да трепка со очите вие сте ставени во ситуација да очекувате нешто да случи..

„Владо Јовановски е актер кој во кадар може да чита од телефонски именик а ние тоа да го доживееме како приказна, тажна и среќна во истото време. Владо Јовановски е она што на почетокот од ова патување наречено филм, од журналот го создало филмот, таков каков што го знаеме денес. Владо Јовановски е посебна, оригинална, неповторлива уметничка големина, и за наша среќа, актер во најдобрите години од својот живот од кого допрва ги очекуваме најизвонредните достигнувања на актерството во уметноста на филмот. Да е жив и здрав“ рече Ѓорговска Илиевска.

Наградата ја додели почесниот конзул на Република Србија во Македонија, Владимир Стајиќ.

„Пријатели на филмот, чест ми е што сум дел од филмскиот фестивалот „Преку езерото“ каде сите заедно ќе ја славиме уметноста, креативноста и страста на филмот. Вечерва моја е честа да ја доделам наградата на еден ислучителен уметник чие име е синоним за врвно актерство и посветеност на филмската уметност. Тој трпеливо ја градеше својата кариера и остави неизбришлива трага во светот на кинематографијата. Еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и кој стана миленик на публиката на целиот Балкан.. Добитник на НАГРАДАТА МЕТО ЈОВАНОВСКИ за изворедно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот е актерот Владо Јовановски“ рече Стајиќ.

Јовановски, пред бројната публика во Амфитеатарот во Дојран рече дека оваа награда е една огромна одговорност во идни ангажмани.

„Оваа награда што ми претставува особена чест, ќе ми претставува уште еден товар во куферите што ние актерите ги носиме на нашите плеќи. Ова треба да се оправда, ова треба да се заслужи, ова треба постојано и секогаш во секој наред проект да се достоинствено да се оправдува а тоа не е лесно. Господ да ми е напош“ рече Јовановски и се заблагодари за наградата.

Третото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“, традиционално го отвори домаќинот, градоначалникот на општина Дојран,  Анго Ангов , а публиката уживаше во проекцијата на „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ, Србија кој е истовремено и последниот филм на Мето Јовановски, во македонскиот „Параноик“ на Андреј Георгиев и францускиот „И покрај тоа што е ноќ“ на Гилермо Гарсија Лопез.

Претходно, во предпладневните часови, како дел од студенската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се оддржа вториот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови.

The post Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран appeared first on Република.

]]>

На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ беше доделена единствената НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ - магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој мината година ја одигра својата последна улога на овој свет и замина во светот на вечната игра и вечните соништа - актерот и сонувачот со отворени очи. „ Да се зборува за трето издание на фестивал кој е создаден само од нашата страст да го споделиме светот на филмот со други луѓе навистина е, ама навистина многу, многу тревожна работа. Кога за прв пат ќе направиш нешто, на медитеранот тоа се нарекува: ``имање среќа``! Кога пак истото тоа ќе се повтори уште еднаш, дури и со намера, тоа ќе ти го опишат како:``абе, се случува``! И најпосле, кога е по трет пат, е дури тогаш може да се рече дека тоа нешто и навистина постои! Е-па, драги мои, ние сме само на миг пред третото издание на нашиот фестивал. Многу се радувам што со вас ќе ги споделиме овие незаборавни денови со приказни. Приказни од балканот и медитеранот, за кои сум убеден дека ќе ги променат нашите верувања дека на овој дел од светот има смисол да се верува во што и да е, ако е помалку од три пати! Верувајте. Ова е ``Преку езерото`` по трет пат, рече пред бројната публика проф. д-р Јани Бојаџи, директор на Фестивалот. Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на филмскиот фестивал „Преку езерото“, Мими Ѓорговска Илиевска, која рече дека сè она што Владо Јовановски го прави различен од многу други актери, еднакво извонредни како него – е неговата посебност, неговата киногенија, неговото присуство во кадарот кое ве привлекува да го гледате дури и без да дејствува, без да збори, без да се движи, дури и без да трепка со очите вие сте ставени во ситуација да очекувате нешто да случи.. „Владо Јовановски е актер кој во кадар може да чита од телефонски именик а ние тоа да го доживееме како приказна, тажна и среќна во истото време. Владо Јовановски е она што на почетокот од ова патување наречено филм, од журналот го создало филмот, таков каков што го знаеме денес. Владо Јовановски е посебна, оригинална, неповторлива уметничка големина, и за наша среќа, актер во најдобрите години од својот живот од кого допрва ги очекуваме најизвонредните достигнувања на актерството во уметноста на филмот. Да е жив и здрав“ рече Ѓорговска Илиевска. Наградата ја додели почесниот конзул на Република Србија во Македонија, Владимир Стајиќ. „Пријатели на филмот, чест ми е што сум дел од филмскиот фестивалот „Преку езерото“ каде сите заедно ќе ја славиме уметноста, креативноста и страста на филмот. Вечерва моја е честа да ја доделам наградата на еден ислучителен уметник чие име е синоним за врвно актерство и посветеност на филмската уметност. Тој трпеливо ја градеше својата кариера и остави неизбришлива трага во светот на кинематографијата. Еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и кој стана миленик на публиката на целиот Балкан.. Добитник на НАГРАДАТА МЕТО ЈОВАНОВСКИ за изворедно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот е актерот Владо Јовановски“ рече Стајиќ. Јовановски, пред бројната публика во Амфитеатарот во Дојран рече дека оваа награда е една огромна одговорност во идни ангажмани. „Оваа награда што ми претставува особена чест, ќе ми претставува уште еден товар во куферите што ние актерите ги носиме на нашите плеќи. Ова треба да се оправда, ова треба да се заслужи, ова треба постојано и секогаш во секој наред проект да се достоинствено да се оправдува а тоа не е лесно. Господ да ми е напош“ рече Јовановски и се заблагодари за наградата. Третото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“, традиционално го отвори домаќинот, градоначалникот на општина Дојран,  Анго Ангов , а публиката уживаше во проекцијата на „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ, Србија кој е истовремено и последниот филм на Мето Јовановски, во македонскиот „Параноик“ на Андреј Георгиев и францускиот „И покрај тоа што е ноќ“ на Гилермо Гарсија Лопез. Претходно, во предпладневните часови, како дел од студенската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се оддржа вториот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови.

The post Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран appeared first on Република.

]]>
„Дали си маж“ на Ставрески и „Човекот што не можеше да молчи“ добитник на „Златна палма“ за краток филм вечерва на фестивалот „Преку езерото“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dali-si-mazh-na-stavreski-i-chovekot-shto-ne-mozheshe-da-molchi-dobitnik-na-zlatna-palma-za-kratok-film-vecherva-na-festivalot-preku-ezeroto/ Sat, 10 Aug 2024 13:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=805202

Во рамките на третиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран за викендов е подготвена интересна програма од филмски наслови. Вечерва, од 20 часот, публиката ќе ги види „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески од Македонија, 2023, „Сребрен бунт“ на Дан Шадур од Израел и „Волкот и мечката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција. Од 22.30 часот на програмата се „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис од Грција, „Човекот што не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска и „Блада“ на Кристофер Нилсон од Франција.
В недела ќе бидат прикажани „Ѕвездена“ на Александра Лазаровски од Србија и „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев од Хрватска. Потоа ќе следува свечено затворање на фестивалот и доделување на фестивалските награди, како и на грантовите за дипломски студентски филмови. Во 22.30 часот ќе следуваат проекции на „Подрум“ на Омер Ферхат Озмен од Турција, „Лошо на момент“ на Даниел Соарес од Португалија и „Заразени“ на Себастијан Ваничек од Франција.

 

The post „Дали си маж“ на Ставрески и „Човекот што не можеше да молчи“ добитник на „Златна палма“ за краток филм вечерва на фестивалот „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на третиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран за викендов е подготвена интересна програма од филмски наслови. Вечерва, од 20 часот, публиката ќе ги види „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески од Македонија, 2023, „Сребрен бунт“ на Дан Шадур од Израел и „Волкот и мечката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција. Од 22.30 часот на програмата се „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис од Грција, „Човекот што не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска и „Блада“ на Кристофер Нилсон од Франција. В недела ќе бидат прикажани „Ѕвездена“ на Александра Лазаровски од Србија и „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев од Хрватска. Потоа ќе следува свечено затворање на фестивалот и доделување на фестивалските награди, како и на грантовите за дипломски студентски филмови. Во 22.30 часот ќе следуваат проекции на „Подрум“ на Омер Ферхат Озмен од Турција, „Лошо на момент“ на Даниел Соарес од Португалија и „Заразени“ на Себастијан Ваничек од Франција.  

The post „Дали си маж“ на Ставрески и „Човекот што не можеше да молчи“ добитник на „Златна палма“ за краток филм вечерва на фестивалот „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>
Видеоомаж од филмови во кои игра актерот Владо Јовановски вечерва на фестивалот „Преку езерото“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/videoomazh-od-filmovi-vo-koi-igra-akterot-vlado-jovanovski-vecherva-na-festivalot-preku-ezeroto/ Thu, 08 Aug 2024 19:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=804719

Во рамките на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ во Дојран, кој се одржува на неколку локации, Амфитеатарот, Градскиот парк и Музејот на град Дојран, на вториот ден на програмата се неколку филма. Во рамките на студентската програма денеска, во 11 часот, ќе се одржи средба на студенти на конкурсот за финансиска поддршка на дипломски филмови. Вечерта е во чест на актерот Владо Јовановски. Во 20 часот ќе биде прикажан видеоомаж од филмови во кои игра Јовановски, а предвиден е и разговор на актерот со публиката. Ќе биде прикажан и филмот „Татко“ во режија на Светозар Ристовски.
Утре, во 20 часот, ќе му биде доделена наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот Владо Јовановски. На свеченото отворање на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Спроти брановите“ во натпреварувачката програма. Потоа на програмата се „Параноик“ на Андреј Георгиев (Македонија, 2024, 9 мин.), „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ од Србија и „И покрај тоа што е нож“ на Гилермо Гарсија Лопез од Франција.
В сабота, од 20 часот, публиката ќе ги види „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески од Македонија, 2023, „Сребрен бунт“ на Дан Шадур од Израел и „Волкот и мечката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција. Од 22.30 часот на програмата се „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис од Грција, „Човекот што не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска и „Блада“ на Кристофер Нилсон од Франција.
В недела ќе бидат прикажани „Ѕвездена“ на Александра Лазаровски од Србија и „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев од Хрватска. Потоа ќе следува свечено затворање на фестивалот и доделување на фестивалските награди, како и на грантовите за дипломски студентски филмови. Во 22.30 часот ќе следуваат проекции на „Подрум“ на Омер Ферхат Озмен од Турција, „Лошо на момент“ на Даниел Соарес од Португалија и „Заразени“ на Себастијан Ваничек од Франција.

The post Видеоомаж од филмови во кои игра актерот Владо Јовановски вечерва на фестивалот „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ во Дојран, кој се одржува на неколку локации, Амфитеатарот, Градскиот парк и Музејот на град Дојран, на вториот ден на програмата се неколку филма. Во рамките на студентската програма денеска, во 11 часот, ќе се одржи средба на студенти на конкурсот за финансиска поддршка на дипломски филмови. Вечерта е во чест на актерот Владо Јовановски. Во 20 часот ќе биде прикажан видеоомаж од филмови во кои игра Јовановски, а предвиден е и разговор на актерот со публиката. Ќе биде прикажан и филмот „Татко“ во режија на Светозар Ристовски. Утре, во 20 часот, ќе му биде доделена наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот Владо Јовановски. На свеченото отворање на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Спроти брановите“ во натпреварувачката програма. Потоа на програмата се „Параноик“ на Андреј Георгиев (Македонија, 2024, 9 мин.), „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ од Србија и „И покрај тоа што е нож“ на Гилермо Гарсија Лопез од Франција. В сабота, од 20 часот, публиката ќе ги види „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески од Македонија, 2023, „Сребрен бунт“ на Дан Шадур од Израел и „Волкот и мечката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција. Од 22.30 часот на програмата се „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис од Грција, „Човекот што не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска и „Блада“ на Кристофер Нилсон од Франција. В недела ќе бидат прикажани „Ѕвездена“ на Александра Лазаровски од Србија и „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев од Хрватска. Потоа ќе следува свечено затворање на фестивалот и доделување на фестивалските награди, како и на грантовите за дипломски студентски филмови. Во 22.30 часот ќе следуваат проекции на „Подрум“ на Омер Ферхат Озмен од Турција, „Лошо на момент“ на Даниел Соарес од Португалија и „Заразени“ на Себастијан Ваничек од Франција.

The post Видеоомаж од филмови во кои игра актерот Владо Јовановски вечерва на фестивалот „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>
3. издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/3-izdanie-na-festivalot-na-balkanski-i-mediteranski-film-preku-ezeroto/ Wed, 07 Aug 2024 17:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=804311

„Преку езерото”  – што беше идеја на филмскиот режисер Јани Бојаџи, пред само три години веќе прераснува во етаблиран фестивал на балкански и медитерански филм . Покрај Дојранското езеро и под звезденото небо ќе има проекции на пет долгометражни филмови од кои 4 играни и еден долгометражен документарен. Филмскиот фестивал кој е единствен од ваков тип во Македонија нуди одлична програма за сечиј вкус и може да го задржи сечие внимание. Годинава „Преку езерото“  има регионализација и со своја програма во Гевгелија, Валандово и во Богданци.

Поразлично од досега, со „СТЕЛА“ и проекција на кратки филмови за деца и млади синхронизирани на македонски јазик, фестивалот почнува од вечерва од 20:00 часот во Детски парк во Стар Дојран.

Утревечер според предвиденото има студентска програма но истовремено ќе се прикаже и видео омаж од филмови на ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ под отворено небо во Амфитеатаротна брегот на Дојранското езеро.

В петок од 20 часот е закажано и официјалното отворање, кога и за прв пат од одржувањето на фестивалот ќе се додели специјалната награда во филмската индустрија „Мето Јовановски” а ќе има и проекција на последниот негов филм.
„Руски конзул“. Потоа ќе следува проекција на македонскиот филм „Параноик” и францускиот „И ПОКРАЈ ТОА ШТО Е НОЌ” .

Сабота на 10 август исто така публиката ќе ужива во најдобрите филмови од селекцијата. Ќе бидат прикажани еден македонски филм “ДАЛИ СИ МАЖ“,израелскиот – СРЕБРЕН БУНТ, по еден хрватски и грчки филм човекот КОЈ НЕМОЖЕМЕ ДА МОЛЧИ и ТИШИНА 16-9. Проекција ќе има и на два филма од Франција: ВОЛКОТ И МАЧКАТА и БАЛАДА .

Недела е и последната вечер, кога ќе имаат прикажан филмот ЅВЕЗДЕНА од соседна Србија, ХОТЕЛ ПУЛА од Хрватска , ПОДРУМ од Турција, португалскиот филм ЛОШО НА МОМЕНТ и францускиот ЗАРАЗЕНИ.На свеченото затворање на фестивалот ќе бидат доделени фестивалските награди како и грантовите за дипломски студенски филмови.

Конечно, идејата на организаторите веќе трета година по ред е фестивалот да се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото, а од година во година веќе изгради репутација на врвно културно случување не само во Македонија, туку и во земјите од регионот.

The post 3. издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>

„Преку езерото”  – што беше идеја на филмскиот режисер Јани Бојаџи, пред само три години веќе прераснува во етаблиран фестивал на балкански и медитерански филм . Покрај Дојранското езеро и под звезденото небо ќе има проекции на пет долгометражни филмови од кои 4 играни и еден долгометражен документарен. Филмскиот фестивал кој е единствен од ваков тип во Македонија нуди одлична програма за сечиј вкус и може да го задржи сечие внимание. Годинава „Преку езерото“  има регионализација и со своја програма во Гевгелија, Валандово и во Богданци. Поразлично од досега, со „СТЕЛА“ и проекција на кратки филмови за деца и млади синхронизирани на македонски јазик, фестивалот почнува од вечерва од 20:00 часот во Детски парк во Стар Дојран. Утревечер според предвиденото има студентска програма но истовремено ќе се прикаже и видео омаж од филмови на ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ под отворено небо во Амфитеатаротна брегот на Дојранското езеро. В петок од 20 часот е закажано и официјалното отворање, кога и за прв пат од одржувањето на фестивалот ќе се додели специјалната награда во филмската индустрија „Мето Јовановски” а ќе има и проекција на последниот негов филм. „Руски конзул“. Потоа ќе следува проекција на македонскиот филм „Параноик” и францускиот „И ПОКРАЈ ТОА ШТО Е НОЌ” . Сабота на 10 август исто така публиката ќе ужива во најдобрите филмови од селекцијата. Ќе бидат прикажани еден македонски филм “ДАЛИ СИ МАЖ“,израелскиот – СРЕБРЕН БУНТ, по еден хрватски и грчки филм човекот КОЈ НЕМОЖЕМЕ ДА МОЛЧИ и ТИШИНА 16-9. Проекција ќе има и на два филма од Франција: ВОЛКОТ И МАЧКАТА и БАЛАДА . Недела е и последната вечер, кога ќе имаат прикажан филмот ЅВЕЗДЕНА од соседна Србија, ХОТЕЛ ПУЛА од Хрватска , ПОДРУМ од Турција, португалскиот филм ЛОШО НА МОМЕНТ и францускиот ЗАРАЗЕНИ.На свеченото затворање на фестивалот ќе бидат доделени фестивалските награди како и грантовите за дипломски студенски филмови. Конечно, идејата на организаторите веќе трета година по ред е фестивалот да се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото, а од година во година веќе изгради репутација на врвно културно случување не само во Македонија, туку и во земјите од регионот.

The post 3. издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>
Студентските филмови на фестивалот „Преку езерото“ понудија вистинско освежување на публиката https://arhiva3.republika.mk/scena/film/studentskite-filmovi-na-festivalot-preku-ezeroto-ponudija-vistinsko-osvezhuvane-na-publikata/ Fri, 21 Jul 2023 11:59:31 +0000 https://republika.mk/?p=663937

Кратките филмови „Полица“ на Матија Лукач, „Памти“ на Оља Покрајац, „Смак света“ на Маја Јанковиќ од Србија и „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски од Македонија ја отворија втората вечер на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во Дојран, како дел од студентската програма. Филмовите со својата оригиналност, луцидност, симпатичен дијалог и длабоки пораки ѝ понудија вистинско освежување на публиката.

Филмот „Полица“ е фокусиран на еден татко и син, кои склопуваат полица додека во меѓувреме на површина испливуваат социјална драма и семејните односи. Филмот пресликува едно типично балканско семејство, со балкански татко, мајка, дедо и едно бистро дете.

Во филмот „Памти“ се размотува драма за полнолетство, заснована на сценариото на Оља Покрајац и Лора Џолиќ. „Смак света“ е забавен и интелигентен детски филм за крајот на светот на Маја Јанковиќ. Група деца веруваат во веста дека на светот му се ближи крајот и избираат да го зграпчат денот на свој начин.

Студентската програма ја затвори „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски, кој вели дека филмот преку лага ја говори вистината.

„Кажи ми дека сме за стварно“ ни покажува многу суштински работи можеби нема да се случат за 15 минути, но се случуваат во едно опширно време. Го снимив во 2020-та, кога бев четврта година на моите студии. Тој побудува многу прашања, како на пример зошто младите подоцна стапуваат во брак, зошто некои бракови се среќни, а некои не – посочи Максим, кој филмот го работел под менторство на Јани Бојаџи.

Студентската програма на одбрани филмови од националните академии за филм и телевизија од Балканот и Медитеранот е бранот на кој утре ќе пливаат филмаџиите и нивните филмови, затоа е и важен дел од „Преку езерото“.

Дел од филмскиот фестивал е и мастерклас со српскиот режисер Дарко Бајиќ, посветен на филозофијата на изборот на тема од страна на режисерот, наспроти тенденциите на наметнати теми и правила. На мастеркласот присуствуваа студенти по филм и телевизија од Македонија и студенти на ФДУ од Белград.

Вечерва во 20.30 часот почнува официјалната програма на „Преку езерото“, со иранскиот филм „Трета светска војна“. А веднаш по него почнува францускиот филм „Љубов според Далва“ во 22.50 часот.

The post Студентските филмови на фестивалот „Преку езерото“ понудија вистинско освежување на публиката appeared first on Република.

]]>

Кратките филмови „Полица“ на Матија Лукач, „Памти“ на Оља Покрајац, „Смак света“ на Маја Јанковиќ од Србија и „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски од Македонија ја отворија втората вечер на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во Дојран, како дел од студентската програма. Филмовите со својата оригиналност, луцидност, симпатичен дијалог и длабоки пораки ѝ понудија вистинско освежување на публиката.
Филмот „Полица“ е фокусиран на еден татко и син, кои склопуваат полица додека во меѓувреме на површина испливуваат социјална драма и семејните односи. Филмот пресликува едно типично балканско семејство, со балкански татко, мајка, дедо и едно бистро дете. Во филмот „Памти“ се размотува драма за полнолетство, заснована на сценариото на Оља Покрајац и Лора Џолиќ. „Смак света“ е забавен и интелигентен детски филм за крајот на светот на Маја Јанковиќ. Група деца веруваат во веста дека на светот му се ближи крајот и избираат да го зграпчат денот на свој начин. Студентската програма ја затвори „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски, кој вели дека филмот преку лага ја говори вистината.
„Кажи ми дека сме за стварно“ ни покажува многу суштински работи можеби нема да се случат за 15 минути, но се случуваат во едно опширно време. Го снимив во 2020-та, кога бев четврта година на моите студии. Тој побудува многу прашања, како на пример зошто младите подоцна стапуваат во брак, зошто некои бракови се среќни, а некои не – посочи Максим, кој филмот го работел под менторство на Јани Бојаџи.
Студентската програма на одбрани филмови од националните академии за филм и телевизија од Балканот и Медитеранот е бранот на кој утре ќе пливаат филмаџиите и нивните филмови, затоа е и важен дел од „Преку езерото“. Дел од филмскиот фестивал е и мастерклас со српскиот режисер Дарко Бајиќ, посветен на филозофијата на изборот на тема од страна на режисерот, наспроти тенденциите на наметнати теми и правила. На мастеркласот присуствуваа студенти по филм и телевизија од Македонија и студенти на ФДУ од Белград. Вечерва во 20.30 часот почнува официјалната програма на „Преку езерото“, со иранскиот филм „Трета светска војна“. А веднаш по него почнува францускиот филм „Љубов според Далва“ во 22.50 часот.

The post Студентските филмови на фестивалот „Преку езерото“ понудија вистинско освежување на публиката appeared first on Република.

]]>
Со српскиот филм „Летото кога научив да летам“ на Радивоје Андриќ се отвори фестивалот „Преку езерото“ во Дојран https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-srpskiot-film-letoto-koga-nauchiv-da-letam-na-radivoje-andrik-se-otvori-festivalot-preku-ezeroto-vo-dojran/ Thu, 20 Jul 2023 12:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=663541

Со српскиот филм „Летото кога научив да летам“ на Радивоје Андриќ се отвори неофицијалната програма на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во Дојран.

Како дел од првата фестивалска вечер, актерката Елена Трајковска имаше кратко едукативно шоу за децата за филмот како медиум, a најмалите уживаа и во детска анимирана фестивалска програма.

Специјалната програма на „Преку езерото“ оваа година во фокус ги има српскиот современ филм и кинематографија. Србија е земјата од каде што почнуваат тенденциите во балканскиот и медитеранскиот филм.

Српските филмаџии се храброста во светот на филмот. Филмските слики што доаѓаат од Дунав, секогаш се влеваат во Црно Море, а оттаму во Средоземно Море, и стануваат бран што ги поплавува сите медитерански филмаџии и љубители на филмот. Во ова специјална селекција ќе видиме три нови српски филма. Првиот филм е за деца и млади, вториот за возрасни, а третиот за сите Балканци и Медитеранци, кои ќе уживаат во љубовна драма од минатото, информираат организаторите.

Фестивалот продолжува и следните денови до 23 јули со селекција на најдобрите филмски остварувања во светот на подвижните слики на Балканот и Медитеранот од срцето на Европа.

Вечер проекција ќе има филмот „Името на народот“ на српскиот режисер Дарко Бајиќ. Филмот го следи животот на српскиот патриот и интелектуалец Светозар Милетиќ и неговото семејство за време на борбата за ослободување на српскиот народ од австроунгарското угнетување.

The post Со српскиот филм „Летото кога научив да летам“ на Радивоје Андриќ се отвори фестивалот „Преку езерото“ во Дојран appeared first on Република.

]]>

Со српскиот филм „Летото кога научив да летам“ на Радивоје Андриќ се отвори неофицијалната програма на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во Дојран. Како дел од првата фестивалска вечер, актерката Елена Трајковска имаше кратко едукативно шоу за децата за филмот како медиум, a најмалите уживаа и во детска анимирана фестивалска програма. Специјалната програма на „Преку езерото“ оваа година во фокус ги има српскиот современ филм и кинематографија. Србија е земјата од каде што почнуваат тенденциите во балканскиот и медитеранскиот филм.
Српските филмаџии се храброста во светот на филмот. Филмските слики што доаѓаат од Дунав, секогаш се влеваат во Црно Море, а оттаму во Средоземно Море, и стануваат бран што ги поплавува сите медитерански филмаџии и љубители на филмот. Во ова специјална селекција ќе видиме три нови српски филма. Првиот филм е за деца и млади, вториот за возрасни, а третиот за сите Балканци и Медитеранци, кои ќе уживаат во љубовна драма од минатото, информираат организаторите.
Фестивалот продолжува и следните денови до 23 јули со селекција на најдобрите филмски остварувања во светот на подвижните слики на Балканот и Медитеранот од срцето на Европа. Вечер проекција ќе има филмот „Името на народот“ на српскиот режисер Дарко Бајиќ. Филмот го следи животот на српскиот патриот и интелектуалец Светозар Милетиќ и неговото семејство за време на борбата за ослободување на српскиот народ од австроунгарското угнетување.

The post Со српскиот филм „Летото кога научив да летам“ на Радивоје Андриќ се отвори фестивалот „Преку езерото“ во Дојран appeared first on Република.

]]>
Заврши филмскиот фестивал “Преку езерото“: Награди за “Поглед од балконот“ и “Што всушност ние не знаеме за Миријам“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-filmskiot-festival-preku-ezeroto-nagradi-za-pogled-od-balkonot-i-shto-vsushnost-nie-ne-znaeme-za-mirijam/ Mon, 08 Aug 2022 16:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=538072

Со проекции на три краткометражни филмови од натпреварувачката програма и француската комедија “Супер херои“ во отворениот амфитеатар во Стар Дојран и официјално се затвори првото издание на Меѓународниот филмски фестивал на медитерански и европски филм „Преку езерото“.

Членовите на меѓународното жири за краткометражни филмови – Ева Камчевска, сценаристка, Гоце Кралевски, продуцент и Василис Мазоменос, режисер, во улога на претседател на жирито, ги додели следните награди:

Посебно признание на тројца актери од хрватскиот филм “Марко” – Мате Гулин, Снежана Синовчиќ и Феџа Стојановиќ. Наградата за најдобро сценарио се доделува на грчкиот филм “Поглед од балконот”, напишано од Арис Капланидис и  Елиас Румелиотис. Овој оригинален анимиран филм зборува за обични луѓе од соседство во Атина, прикажувајќи ги реалистично, а не како карикатури.

За брилијантната и модерна режија на многу тешка тема, без форсирање сентиментализам, жирито едногласно реши да ја додели наградата за најдобра режија и најдобар филм на истиот филм – “Што всушност ние не знаеме за Миријам“ на Морад Мостафа.

“Преку езерото“ е прв филмски фестивал од овој формат во Македонија и ќе се одржува традиционално секоја година во првиот дел од месец август. Потпомогнат е од Општина Дојран, а е во реализација на продукцијата Синемон.

 

The post Заврши филмскиот фестивал “Преку езерото“: Награди за “Поглед од балконот“ и “Што всушност ние не знаеме за Миријам“ appeared first on Република.

]]>

Со проекции на три краткометражни филмови од натпреварувачката програма и француската комедија “Супер херои“ во отворениот амфитеатар во Стар Дојран и официјално се затвори првото издание на Меѓународниот филмски фестивал на медитерански и европски филм „Преку езерото“. Членовите на меѓународното жири за краткометражни филмови – Ева Камчевска, сценаристка, Гоце Кралевски, продуцент и Василис Мазоменос, режисер, во улога на претседател на жирито, ги додели следните награди: Посебно признание на тројца актери од хрватскиот филм “Марко” – Мате Гулин, Снежана Синовчиќ и Феџа Стојановиќ. Наградата за најдобро сценарио се доделува на грчкиот филм “Поглед од балконот”, напишано од Арис Капланидис и  Елиас Румелиотис. Овој оригинален анимиран филм зборува за обични луѓе од соседство во Атина, прикажувајќи ги реалистично, а не како карикатури. За брилијантната и модерна режија на многу тешка тема, без форсирање сентиментализам, жирито едногласно реши да ја додели наградата за најдобра режија и најдобар филм на истиот филм – “Што всушност ние не знаеме за Миријам“ на Морад Мостафа. “Преку езерото“ е прв филмски фестивал од овој формат во Македонија и ќе се одржува традиционално секоја година во првиот дел од месец август. Потпомогнат е од Општина Дојран, а е во реализација на продукцијата Синемон.  

The post Заврши филмскиот фестивал “Преку езерото“: Награди за “Поглед од балконот“ и “Што всушност ние не знаеме за Миријам“ appeared first on Република.

]]>
Заврши филмскиот фестивал „Преку езерото“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-filmskiot-festival-preku-ezeroto/ Mon, 08 Aug 2022 08:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=537865

Синоќа, со проекции на три краткометражни филмови од натпреварувачката програма и француската комедија „Супер херои“  во отворениот амфитеатар во Стар Дојран и официјално се затвори првото издание на Меѓународниот филмски фестивал на медитерански и европски филм „Преку езерото“.

Членовите на меѓународното жири за краткометражни филмови - Ева Камчевска, сценаристка, Гоце Кралевски, продуцент и Василис Мазоменос, режисер, во улога на претседател на жирито, се заблагодаруваат на фестивалот „Преку езерото" за можноста да се погледнат извонредни балкански и медитерански филмови и ги додели следните награди:

Жирито доделува посебно признание на тројца актери од хрватскиот филм „Марко" - Мате Гулин, Снежана Синовчиќ и Феџа Стојановиќ.

Наградата за најдобро сценарио се доделува на грчкиот филм „Поглед од балконот", напишано од Арис Капланидис и Елиас Румелиотис. Овој оригинален анимиран филм зборува за обични луѓе од соседство во Атина, прикажувајќи ги реалистично, а не како карикатури.

За брилијантната и модерна режија на многу тешка тема, без форсирање сентиментализам, жирито едногласно реши да ја додели наградата за најдобра режија и најдобар филм на истиот филм „Што всушност ние не знаеме за Миријам“ на Морад Мостафа.

„Преку езерото“ е прв филмски фестивал од овој формат во Македонија и ќе се одржува традиционално секоја година во првиот дел од месец август.

Фестивалот е потпомогнат од Општина Дојран, а е во реализација на продукцијата Синемон.

The post Заврши филмскиот фестивал „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>

Синоќа, со проекции на три краткометражни филмови од натпреварувачката програма и француската комедија „Супер херои“  во отворениот амфитеатар во Стар Дојран и официјално се затвори првото издание на Меѓународниот филмски фестивал на медитерански и европски филм „Преку езерото“. Членовите на меѓународното жири за краткометражни филмови - Ева Камчевска, сценаристка, Гоце Кралевски, продуцент и Василис Мазоменос, режисер, во улога на претседател на жирито, се заблагодаруваат на фестивалот „Преку езерото" за можноста да се погледнат извонредни балкански и медитерански филмови и ги додели следните награди: Жирито доделува посебно признание на тројца актери од хрватскиот филм „Марко" - Мате Гулин, Снежана Синовчиќ и Феџа Стојановиќ. Наградата за најдобро сценарио се доделува на грчкиот филм „Поглед од балконот", напишано од Арис Капланидис и Елиас Румелиотис. Овој оригинален анимиран филм зборува за обични луѓе од соседство во Атина, прикажувајќи ги реалистично, а не како карикатури. За брилијантната и модерна режија на многу тешка тема, без форсирање сентиментализам, жирито едногласно реши да ја додели наградата за најдобра режија и најдобар филм на истиот филм „Што всушност ние не знаеме за Миријам“ на Морад Мостафа. „Преку езерото“ е прв филмски фестивал од овој формат во Македонија и ќе се одржува традиционално секоја година во првиот дел од месец август. Фестивалот е потпомогнат од Општина Дојран, а е во реализација на продукцијата Синемон.

The post Заврши филмскиот фестивал „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>
Прво издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ од 5 до 7 август во Стар Дојран https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prvo-izdanie-na-megjunarodniot-filmski-festival-preku-ezeroto-od-5-do-7-avgust-vo-star-dojran/ Mon, 01 Aug 2022 13:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=535777

Девет исклучителни кратки филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми ќе бидат прикажани на првото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ што ќе се одржи од 5 до 7 август во Стар Дојран.

Станува збор за прв филмски фестивал од ваков формат во земјава, кој ќе го збогати културниот живот во градот и околината и традиционално ќе се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото. Во фокусот е медитеранскиот и европскиот филм и автори кои живеат или потекнуваат од медитеранските и европските земији.

„Преку езерото“ е иницијатива предводена од Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент.

Како што најавија од фестивалот, за ова прво издание селектирани се девет филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми кои се раскажани со медитерански дух, специфичен и посебен во уметноста на филмот.

Поточно, во главната натпреварувачка програма се филмовите „А ла карт“ на Василис Циуварас и Таксиархис Делијанис од Грција, „Пресуда“ на Дора Јунг од Србија, „Марко“ на Марко Шантиќ од Хрватска, „Перики“ на Ангела Димеска од Македонија, „Виножито“ на Александар Вујовиќ од Црна Гора, „Криминалци“ на Серхат Караслан од Турција, „Што не знаеме за Маријам“ на Морад Мостафа од Египет, „Светиот син“ на Аљоша Масине од Италија и „Поглед од Балкон“ на Арис Капланидис од Грција.

Покрај главната програма во склоп на фестивалот, како што е најавено, ќе се прикажат и неколку долгометражни филмови од медитеранските земји кои се истакнале по особениот пристап на темата кој нуди нов поглед на нештата кој го поттикнува дијалогот помеѓу различните култури, општествени групи, нации.

Во склоп на фестивалот ќе се одржи и мастерклас на тема „Трагањето на сценаристите по вистинското значење на темата во нивните сценарија“. Мастеркласот ќе го води докажаниот скрипт-консултатнт од Англија, Џон Стивенс.

Меѓународното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција ќе го предводи истакнатиот грчки режисер Василис Мазоменос, а членови на жирито се Гоце Кралевски продуцент и Ева Камчевска сценарист од Македонија.

The post Прво издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ од 5 до 7 август во Стар Дојран appeared first on Република.

]]>

Девет исклучителни кратки филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми ќе бидат прикажани на првото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ што ќе се одржи од 5 до 7 август во Стар Дојран. Станува збор за прв филмски фестивал од ваков формат во земјава, кој ќе го збогати културниот живот во градот и околината и традиционално ќе се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото. Во фокусот е медитеранскиот и европскиот филм и автори кои живеат или потекнуваат од медитеранските и европските земији. „Преку езерото“ е иницијатива предводена од Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент. Како што најавија од фестивалот, за ова прво издание селектирани се девет филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми кои се раскажани со медитерански дух, специфичен и посебен во уметноста на филмот. Поточно, во главната натпреварувачка програма се филмовите „А ла карт“ на Василис Циуварас и Таксиархис Делијанис од Грција, „Пресуда“ на Дора Јунг од Србија, „Марко“ на Марко Шантиќ од Хрватска, „Перики“ на Ангела Димеска од Македонија, „Виножито“ на Александар Вујовиќ од Црна Гора, „Криминалци“ на Серхат Караслан од Турција, „Што не знаеме за Маријам“ на Морад Мостафа од Египет, „Светиот син“ на Аљоша Масине од Италија и „Поглед од Балкон“ на Арис Капланидис од Грција. Покрај главната програма во склоп на фестивалот, како што е најавено, ќе се прикажат и неколку долгометражни филмови од медитеранските земји кои се истакнале по особениот пристап на темата кој нуди нов поглед на нештата кој го поттикнува дијалогот помеѓу различните култури, општествени групи, нации. Во склоп на фестивалот ќе се одржи и мастерклас на тема „Трагањето на сценаристите по вистинското значење на темата во нивните сценарија“. Мастеркласот ќе го води докажаниот скрипт-консултатнт од Англија, Џон Стивенс. Меѓународното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција ќе го предводи истакнатиот грчки режисер Василис Мазоменос, а членови на жирито се Гоце Кралевски продуцент и Ева Камчевска сценарист од Македонија.

The post Прво издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ од 5 до 7 август во Стар Дојран appeared first on Република.

]]>