прекршоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prekrshoci/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jun 2024 09:26:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прекршоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prekrshoci/ 32 32 Камерите во Скопје за само два часа, регистрирале 5.000 сообраќајни прекршоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kamerite-vo-skopje-za-samo-dva-chasa-registrirale-5-000-soobrakajni-prekrshotsi/ Fri, 14 Jun 2024 07:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=787413

Се ближи ли крајот на сообраќајното дивеење во Скопје? ... Дел од булеварите и улиците во метрополата веќе добиваат „нови очи“ кои ќе ги ловат несовесните возачи, ноќните тркачи по улиците и сите оние кои го загрозуваат својот и животот на околината на било каков начин...

На булеварите се вози брзо, а често не се почитува ниту црвеното светло на семафорите, па во недостаток на полиција и радар, камерите ќе ги документираат овие прекршоци, објави Канал 5.

Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура. Она што е засега познато е дека клучен ќе биде сегментот за брзото возење и поминување на црвено. Сепак, според некои информации, се бара модалитет да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување, непочитување на сообраќајните знаци.

Новите камери кои се поставуваат во Скопје се дел од проектот „Безбеден град“ кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект, јавноста ќе биде соодветно известена, велат од МВР и тоа е засега сѐ што откриваат.

Во последниот период сме сведоци на се повеќе сообраќајни несреќи, некои за жал и со трагични последици. Граѓаните велат по улиците чувствуваат повеќе страв отколку безбедност, па ова решение, доколку се спроведе како што треба и функционира добро, тогаш ќе биде полн погодок.

Камерите веќе подлежеа на тестирање, а Канал 5 дојде до информација дека во време на тестирањето во само неколку часа биле забележани повеќе илјади сериозни прекршоци.

Извор: Канал 5

The post Камерите во Скопје за само два часа, регистрирале 5.000 сообраќајни прекршоци appeared first on Република.

]]>

Се ближи ли крајот на сообраќајното дивеење во Скопје? ... Дел од булеварите и улиците во метрополата веќе добиваат „нови очи“ кои ќе ги ловат несовесните возачи, ноќните тркачи по улиците и сите оние кои го загрозуваат својот и животот на околината на било каков начин... На булеварите се вози брзо, а често не се почитува ниту црвеното светло на семафорите, па во недостаток на полиција и радар, камерите ќе ги документираат овие прекршоци, објави Канал 5. Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура. Она што е засега познато е дека клучен ќе биде сегментот за брзото возење и поминување на црвено. Сепак, според некои информации, се бара модалитет да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување, непочитување на сообраќајните знаци. Новите камери кои се поставуваат во Скопје се дел од проектот „Безбеден град“ кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект, јавноста ќе биде соодветно известена, велат од МВР и тоа е засега сѐ што откриваат. Во последниот период сме сведоци на се повеќе сообраќајни несреќи, некои за жал и со трагични последици. Граѓаните велат по улиците чувствуваат повеќе страв отколку безбедност, па ова решение, доколку се спроведе како што треба и функционира добро, тогаш ќе биде полн погодок. Камерите веќе подлежеа на тестирање, а Канал 5 дојде до информација дека во време на тестирањето во само неколку часа биле забележани повеќе илјади сериозни прекршоци. Извор: Канал 5  

The post Камерите во Скопје за само два часа, регистрирале 5.000 сообраќајни прекршоци appeared first on Република.

]]>
Извршени 650 инспекциски надзори по ревидирањето на замрзнатите цени, констатирани прекршоци кај 22 економски субјекта https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izvrsheni-650-inspektsiski-nadzori-po-revidiraneto-na-zamrznatite-tseni-konstatirani-prekrshotsi-kaj-22-ekonomski-subjekta/ Thu, 13 Apr 2023 12:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=630597

Од денот на донесување на владините одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за ревидирање на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, до сега се извршени над 650 инспекциски надзори и контроли. Притоа се евидентирани прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекта за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1 300 000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Според ДПИ, во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано прекршување, а инспекторите и натаму се на терен.

Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава наведува ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат потсетува дека според последната владина Одлука цените се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.

The post Извршени 650 инспекциски надзори по ревидирањето на замрзнатите цени, констатирани прекршоци кај 22 економски субјекта appeared first on Република.

]]>

Од денот на донесување на владините одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за ревидирање на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, до сега се извршени над 650 инспекциски надзори и контроли. Притоа се евидентирани прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекта за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1 300 000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Според ДПИ, во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано прекршување, а инспекторите и натаму се на терен. Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава наведува ДПИ. Државниот пазарен инспекторат потсетува дека според последната владина Одлука цените се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.

The post Извршени 650 инспекциски надзори по ревидирањето на замрзнатите цени, констатирани прекршоци кај 22 економски субјекта appeared first on Република.

]]>
Вчера 141 сообраќаен прекршок во Скопје, 51 за брзо возење https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vchera-141-soobrakaen-prekrshok-vo-skopje-51-za-brzo-vozene/ Mon, 13 Feb 2023 09:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=608277

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопштија оттаму.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Скопје.

The post Вчера 141 сообраќаен прекршок во Скопје, 51 за брзо возење appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопштија оттаму. На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Скопје.
 
The post Вчера 141 сообраќаен прекршок во Скопје, 51 за брзо возење appeared first on Република.

]]>
Казнети 238 возачи за брзо возење на територијата на цела држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kazneti-238-vozachi-za-brzo-vozene-na-teritorijata-na-tsela-drzhava/ Tue, 17 Jan 2023 09:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=597772

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 238 возачи.

Како што денеска информираа од МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 118 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post Казнети 238 возачи за брзо возење на територијата на цела држава appeared first on Република.

]]>

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 238 возачи. Како што денеска информираа од МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 118 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post Казнети 238 возачи за брзо возење на територијата на цела држава appeared first on Република.

]]>
Фрчат казни во Скопје: 196 сообраќајни прекршоци, 42 за брзо возење https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/frchat-kazni-vo-skopje-196-soobrakjajni-prekrshoci-42-za-brzo-vozenje/ Sun, 02 Oct 2022 08:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=556463

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при тоа на територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции.

Изречени се и 25 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 10 за нерегистрирани и технички неисправни возила…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

The post Фрчат казни во Скопје: 196 сообраќајни прекршоци, 42 за брзо возење appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при тоа на територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции. Изречени се и 25 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 10 за нерегистрирани и технички неисправни возила… -Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

The post Фрчат казни во Скопје: 196 сообраќајни прекршоци, 42 за брзо возење appeared first on Република.

]]>
Славевски: Ако има прекршоци од Арсовска можеби ќе бараме интервенција од правосудните органи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/slavevski-ako-ima-prekrshoci-od-arsovska-mozebi-kje-barame-intervencija-od-pravosudnite-organi/ Thu, 15 Sep 2022 08:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=550956

Гледаме дека во континуитет овие неколку дена од понеделникот директорите објаснуваат, даваат аргументи вклучително и на некои медиуми преку соопштенија, преку статуси на социјалните мрежи, а денес имаме молк од кабинетот на градоначалникот и од госпоѓата Арсовска после и од нејзина страна изнесени тешки обвинувања, истакна Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на советот на Град Скопје.

Дополнително Славески потенцираше дека после неколку месечно следење на активностите на Арсовска од страна на партијата, донеле став дека е далеку од очекувањата за перфомансот на градоначалниката Данела Арсовска, тој посочи дека неговото мислење е дека нема да дојде до откажување од овој капитален проект важен за скопјани.

Тој потврди дека градоначалничката не воспоставила комуникација која е природна помеѓу градоначалник и претседател на совет, потврдувајќи ги аргументите на екс-директорите за односот на Арсовска кон соработниците.

Не сме разговарале за оставка во партијата, но ако се испостави сега дека има прекршоци од страна на градоначалникот Арсовска во смисла на антидатирање на документи како што е истакнато на прес-конференции итн, понатаму ако се испостави дека упадот во процесот на избор на најповолен понудувач, протекувањето на информации во некој медиуми два дена пред отворање на понудите, тоа е сериозна работа, во тој случај по закон може да бараме примена на законот, интервенција на органите на правосудството а тоа значи дека ќе има посериозни консеквенци. Како претседател на советот, како и до сега се трудам и ќе обезбедам оние прашања и проекти што се во интерес на скопјани, некој што ние заедно работејќи на програмата минатата година сме ги поддржале и предложиле, ќе ги поддржуваме и понатаму, рече Славески.

The post Славевски: Ако има прекршоци од Арсовска можеби ќе бараме интервенција од правосудните органи appeared first on Република.

]]>

Гледаме дека во континуитет овие неколку дена од понеделникот директорите објаснуваат, даваат аргументи вклучително и на некои медиуми преку соопштенија, преку статуси на социјалните мрежи, а денес имаме молк од кабинетот на градоначалникот и од госпоѓата Арсовска после и од нејзина страна изнесени тешки обвинувања, истакна Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на советот на Град Скопје.
Дополнително Славески потенцираше дека после неколку месечно следење на активностите на Арсовска од страна на партијата, донеле став дека е далеку од очекувањата за перфомансот на градоначалниката Данела Арсовска, тој посочи дека неговото мислење е дека нема да дојде до откажување од овој капитален проект важен за скопјани. Тој потврди дека градоначалничката не воспоставила комуникација која е природна помеѓу градоначалник и претседател на совет, потврдувајќи ги аргументите на екс-директорите за односот на Арсовска кон соработниците.
Не сме разговарале за оставка во партијата, но ако се испостави сега дека има прекршоци од страна на градоначалникот Арсовска во смисла на антидатирање на документи како што е истакнато на прес-конференции итн, понатаму ако се испостави дека упадот во процесот на избор на најповолен понудувач, протекувањето на информации во некој медиуми два дена пред отворање на понудите, тоа е сериозна работа, во тој случај по закон може да бараме примена на законот, интервенција на органите на правосудството а тоа значи дека ќе има посериозни консеквенци. Како претседател на советот, како и до сега се трудам и ќе обезбедам оние прашања и проекти што се во интерес на скопјани, некој што ние заедно работејќи на програмата минатата година сме ги поддржале и предложиле, ќе ги поддржуваме и понатаму, рече Славески.
 
The post Славевски: Ако има прекршоци од Арсовска можеби ќе бараме интервенција од правосудните органи appeared first on Република.

]]>
Во август сообраќајната полиција санкционирала 1678 прекршоци во тетовскиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-avgust-soobrakjajnata-policija-sankcionirala-1678-prekrshoci-vo-tetovskiot-region/ Mon, 05 Sep 2022 10:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=547593

Во текот на август годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во тековни-редовни и 34 акциски контроли вкупно откриле и санкционирале 1678 различни видови неисправности.

Во контролните активности, реализирани минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 60 возила, од кои 50 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а десет поради утврдена техничка неисправност.

Во август, исто така, од сообраќај биле исклучени и 186 возачи, од кои 107 управувале без возачка дозвола, 35 под дејство на алкохол, 26 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, седум со несоодветна категорија и 11 со важечка забрана за управување. Покрај тоа, во периодот за кој станува збор, времено биле одземени вкупно десет возила од кои за истечена регистрација повеќе од шест месеци седум возила и за бучавост три возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Одземени биле и 49 возачки и 35 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 378 непрописно паркирани возила, најмногу во централното подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фрекфренција на возила и пешаци.

The post Во август сообраќајната полиција санкционирала 1678 прекршоци во тетовскиот регион appeared first on Република.

]]>

Во текот на август годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во тековни-редовни и 34 акциски контроли вкупно откриле и санкционирале 1678 различни видови неисправности. Во контролните активности, реализирани минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 60 возила, од кои 50 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а десет поради утврдена техничка неисправност.