прекината соработка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prekinata-sorabotka/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jul 2023 13:02:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прекината соработка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prekinata-sorabotka/ 32 32 Јавното обвинителство преку соопштение ја прекина соработката со Антикорупциската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-preku-soopshtenie-ja-prekina-sorabotkata-so-antikoruptsiskata-komisija/ Thu, 20 Jul 2023 11:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=663509

Јавното обвинителство и официјално преку соопштение денес информира дека ја прекинува соработката со Антикорупциската комисија.

Поради еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум за соработка, а особено прекршување на членовите 2, 3 и 6, Јавното обвинителство ги замрзнува сите активности предвидени и кои произлегуваат од тој меморандум.“ се вели во соопштението од Обвинителство.

Согласно овој меморандум двете институции требаше да се координираат, соработуваат, преставките од антикорупциска да се третираат со приоритет и слично, а се со цел ефективно и брзо справување со корупцијата во земјава.

Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука . Доколку крајната цел не е обид да се влијае на исходот од постапката, неразбирливо и крајно неодговорно е Комисијата да поднесува иницијатива за кривично гонење во оваа фаза. Апелираме Државната комисија за спречување на корупцијата да се држи до своите законски надлежности и да не нанесува штета на постапките кои се во тек. Јавното обвинителство како единствен орган надлежен за кривичен прогон нема да дозволи и остро ќе се спротивстави на секој обид да се влијае врз постапките. .се вели во соопштението од Обвинителство.

 

The post Јавното обвинителство преку соопштение ја прекина соработката со Антикорупциската комисија appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство и официјално преку соопштение денес информира дека ја прекинува соработката со Антикорупциската комисија.
Поради еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум за соработка, а особено прекршување на членовите 2, 3 и 6, Јавното обвинителство ги замрзнува сите активности предвидени и кои произлегуваат од тој меморандум.“ се вели во соопштението од Обвинителство. Согласно овој меморандум двете институции требаше да се координираат, соработуваат, преставките од антикорупциска да се третираат со приоритет и слично, а се со цел ефективно и брзо справување со корупцијата во земјава. Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука . Доколку крајната цел не е обид да се влијае на исходот од постапката, неразбирливо и крајно неодговорно е Комисијата да поднесува иницијатива за кривично гонење во оваа фаза. Апелираме Државната комисија за спречување на корупцијата да се држи до своите законски надлежности и да не нанесува штета на постапките кои се во тек. Јавното обвинителство како единствен орган надлежен за кривичен прогон нема да дозволи и остро ќе се спротивстави на секој обид да се влијае врз постапките. .се вели во соопштението од Обвинителство.
 

The post Јавното обвинителство преку соопштение ја прекина соработката со Антикорупциската комисија appeared first on Република.

]]>