прекин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prekin/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jan 2024 09:02:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прекин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prekin/ 32 32 УЈП: Поради надградба во системот можни се прекини во работењето на Мој ДДВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-poradi-nadgradba-vo-sistemot-mozhni-se-prekini-vo-raboteneto-na-moj-ddv/ Fri, 26 Jan 2024 09:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=737000

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – персонален данок, дека се врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од денес во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата Мој ДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници, велат од УЈП

Од таму додаваат дека поради вршење на оваа надградба ќе биде отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, и од тие причини рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.

The post УЈП: Поради надградба во системот можни се прекини во работењето на Мој ДДВ appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – персонален данок, дека се врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од денес во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира. Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата Мој ДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници, велат од УЈП Од таму додаваат дека поради вршење на оваа надградба ќе биде отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, и од тие причини рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.

The post УЈП: Поради надградба во системот можни се прекини во работењето на Мој ДДВ appeared first on Република.

]]>
Во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-prekin-soobrakajot-na-patot-kriva-palanka-deve-bair/ Sat, 13 Jan 2024 16:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=732666

Во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Крива Паланка - Деве Баир, соопштија од АМСМ.

Прекинот на сообраќајот е поради случена сообраќајна незгода од 15:35 часот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир.

 

The post Во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир appeared first on Република.

]]>

Во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Крива Паланка - Деве Баир, соопштија од АМСМ. Прекинот на сообраќајот е поради случена сообраќајна незгода од 15:35 часот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир.  

The post Во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир appeared first on Република.

]]>
Во целосен прекин сообраќајот на патот Гостивар-Кичево поради сообраќајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tselosen-prekin-soobrakajot-na-patot-gostivar-kichevo-poradi-soobrakajka/ Fri, 05 Jan 2024 07:52:55 +0000 https://republika.mk/?p=729831

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, утрово се случила сообраќајна незгода.

Од АМСМ соопштија дека од 7.15 часот сообраќајот е во прекин во двата правци.

Засега нема информации дали има загинати и повредени во несреќата.

The post Во целосен прекин сообраќајот на патот Гостивар-Кичево поради сообраќајка appeared first on Република.

]]>

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, утрово се случила сообраќајна незгода. Од АМСМ соопштија дека од 7.15 часот сообраќајот е во прекин во двата правци. Засега нема информации дали има загинати и повредени во несреќата.

The post Во целосен прекин сообраќајот на патот Гостивар-Кичево поради сообраќајка appeared first on Република.

]]>
Генералното собрание на ОН усвои резолуција за прекин на огнот во Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/generalnoto-sobranie-na-on-usvoi-rezolutsija-za-prekin-na-ognot-vo-pojasot-gaza/ Wed, 13 Dec 2023 07:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=722396

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа.

За усвојување на резолуцијата гласаа 153 земји, 10 беа против, а 23 членки на ОН беа воздржани. Израел и САД беа против.

Резолуцијата повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“, како и „сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право, особено во однос на заштитата на цивилите“. Одбиени беа два амандмана од САД.

Дополнително, се повикува на „итно и безусловно ослободување на сите заложници“ и „обезбедување пристап до хуманитарна помош“ до Појасот Газа. Нацрт-резолуцијата беше поднесена од група од 20 арапски земји и Организацијата за исламска соработка.

Израел е под притисок од своите сојузници поради конфликтот во Газа, при што клучниот поддржувач САД го критикуваше нивното бомбардирање како одговор на нападите на 7 октомври.

Американскиот претседател Џо Бајден на предизборен настан во Вашингтон нагласи дека Израел „...почнува да ја губи поддршката со неселективното бомбардирање“.

Повторувајќи ја поддршката на САД за Израел, тој додаде дека „безбедноста на невините Палестинци се уште предизвикува голема загриженост“.

Хамас ги нападна јужните израелски заедници на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи околу 240 заложници, според израелската влада. Оттогаш, 18.412 луѓе се убиени во израелски напади врз Појасот Газа, а најмалку 50.100 луѓе се повредени, според Министерството за здравство во енклавата управувана од Хамас. Најмалку 7.600 луѓе се водат како исчезнати, според канцеларијата за медиуми на Хамас.
Речиси 40.000 згради или околу 18 отсто од сите објекти пред конфликтот се оштетени или уништени во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, покажа проценката на ОН

The post Генералното собрание на ОН усвои резолуција за прекин на огнот во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа. За усвојување на резолуцијата гласаа 153 земји, 10 беа против, а 23 членки на ОН беа воздржани. Израел и САД беа против. Резолуцијата повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“, како и „сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право, особено во однос на заштитата на цивилите“. Одбиени беа два амандмана од САД. Дополнително, се повикува на „итно и безусловно ослободување на сите заложници“ и „обезбедување пристап до хуманитарна помош“ до Појасот Газа. Нацрт-резолуцијата беше поднесена од група од 20 арапски земји и Организацијата за исламска соработка. Израел е под притисок од своите сојузници поради конфликтот во Газа, при што клучниот поддржувач САД го критикуваше нивното бомбардирање како одговор на нападите на 7 октомври. Американскиот претседател Џо Бајден на предизборен настан во Вашингтон нагласи дека Израел „...почнува да ја губи поддршката со неселективното бомбардирање“. Повторувајќи ја поддршката на САД за Израел, тој додаде дека „безбедноста на невините Палестинци се уште предизвикува голема загриженост“. Хамас ги нападна јужните израелски заедници на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи околу 240 заложници, според израелската влада. Оттогаш, 18.412 луѓе се убиени во израелски напади врз Појасот Газа, а најмалку 50.100 луѓе се повредени, според Министерството за здравство во енклавата управувана од Хамас. Најмалку 7.600 луѓе се водат како исчезнати, според канцеларијата за медиуми на Хамас. Речиси 40.000 згради или околу 18 отсто од сите објекти пред конфликтот се оштетени или уништени во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, покажа проценката на ОН

The post Генералното собрание на ОН усвои резолуција за прекин на огнот во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Сообраќајот на автопатот Штип – Радовиш во прекин поради сообраќајна незгода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/soobrakajot-na-avtopatot-shtip-radovish-vo-prekin-poradi-soobrakajna-nezgoda/ Fri, 08 Dec 2023 17:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=721081

Поради сообраќајна незгода од 17:30 часот затворен за сообраќај е експресниот пат Штип – Радовиш. Сообраќајот се одвива по стариот пат, информираат од Авто-мото сојуз на Македонија.

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Сообраќајот на автопатот Штип – Радовиш во прекин поради сообраќајна незгода appeared first on Република.

]]>

Поради сообраќајна незгода од 17:30 часот затворен за сообраќај е експресниот пат Штип – Радовиш. Сообраќајот се одвива по стариот пат, информираат од Авто-мото сојуз на Македонија. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Сообраќајот на автопатот Штип – Радовиш во прекин поради сообраќајна незгода appeared first on Република.

]]>
Прекинат сообраќајот на патот Прилеп – Росоман кај мотел „Дреново“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/prekinat-soobrakajot-na-patot-prilep-rosoman-kaj-motel-drenovo/ Tue, 21 Nov 2023 15:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=714855

На регионалниот пат Прилеп - Росоман, кај мотел „Дреново“, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин, соопштија попладнево од АМСМ.

Сообраќајот е во целосен прекин од 15 часот.

The post Прекинат сообраќајот на патот Прилеп – Росоман кај мотел „Дреново“ appeared first on Република.

]]>

На регионалниот пат Прилеп - Росоман, кај мотел „Дреново“, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин, соопштија попладнево од АМСМ. Сообраќајот е во целосен прекин од 15 часот.

The post Прекинат сообраќајот на патот Прилеп – Росоман кај мотел „Дреново“ appeared first on Република.

]]>
Албанезе: Цинична и сурова е одлуката на Израел за четиричасовни паузи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albaneze-tsinichna-i-surova-e-odlukata-na-izrael-za-chetirichasovni-pauzi/ Fri, 10 Nov 2023 10:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=700207

Известувачот на Обединетите нации за палестинските територии, Франческа Албанезе, денеска изјави дека одлуката на Израел да дозволи секодјдневна четиричасовна хуманитарна пауза во северниот дел на Појасот Газа е „многу цинична и сурова.“

Значи, четиричасовен прекин на огнот, за луѓето да можат да дишат и да се сетат како е животот без бомбардирање пред да почнеме повторно да ги бомбардираме. Тоа е многу цинично и сурово, изјави Албанезе во Аделаида, Австралија, пренесуваат американските медиуми.

Таа додаде дека секој ден врз Појасот Газа се фрлаат 6.000 бомби и дека тоа е „мало парче земја каде што луѓето се заробени, а уништувањето е огромно.

Нема да има враќање на луѓето по тоа што Израел го направи со Појасот Газа, кажа известувачката на ОН.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, вчера најави дека Израел секојдневно ќе спроведува четиричасовни паузи во борбите во одредени области на северот на Појасот Газа.

Кирби кажа дека најавите за паузи ќе бидат објавени три часа пред нивниот почеток и дека е од клучно значење хуманитарните резерви и помошта да се прошират во областите каде што луѓето бегаат.

The post Албанезе: Цинична и сурова е одлуката на Израел за четиричасовни паузи appeared first on Република.

]]>

Известувачот на Обединетите нации за палестинските територии, Франческа Албанезе, денеска изјави дека одлуката на Израел да дозволи секодјдневна четиричасовна хуманитарна пауза во северниот дел на Појасот Газа е „многу цинична и сурова.“ Значи, четиричасовен прекин на огнот, за луѓето да можат да дишат и да се сетат како е животот без бомбардирање пред да почнеме повторно да ги бомбардираме. Тоа е многу цинично и сурово, изјави Албанезе во Аделаида, Австралија, пренесуваат американските медиуми. Таа додаде дека секој ден врз Појасот Газа се фрлаат 6.000 бомби и дека тоа е „мало парче земја каде што луѓето се заробени, а уништувањето е огромно. Нема да има враќање на луѓето по тоа што Израел го направи со Појасот Газа, кажа известувачката на ОН. Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, вчера најави дека Израел секојдневно ќе спроведува четиричасовни паузи во борбите во одредени области на северот на Појасот Газа. Кирби кажа дека најавите за паузи ќе бидат објавени три часа пред нивниот почеток и дека е од клучно значење хуманитарните резерви и помошта да се прошират во областите каде што луѓето бегаат.

The post Албанезе: Цинична и сурова е одлуката на Израел за четиричасовни паузи appeared first on Република.

]]>
Израел негира дека има прекин на огнот за да дозволи влез на помош во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-negira-deka-ima-prekin-na-ognot-za-da-dozvoli-vlez-na-pomosh-vo-gaza/ Mon, 16 Oct 2023 07:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=691521

Израел ги негира информациите дека се согласилe да се запре огнот во јужниот дел на Газа за да се дозволи отворање на граничниот премин Рафах.

Во моментов нема прекин на огнот за хуманитарна помош во Појасот Газа и за излез на странци, се вели во кусото соопштение од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјау.

Претходно, западни медиуми објавија дека Египет, Израел и СAД се договориле за прекин на огнот во јужниот дел на Газа со почеток во 8 часот по средноевропско време (9 часот по локално време), што треба да се совпадне со повторното отворање на граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет.

Извори за западни медиуми посочија дека прекинот на огнот ќе трае неколку часа, но не прецизираа колку долго.

Запрашани за потврда, израелската војска и американската амбасада во Израел немаа моментален коментар.

Официјални лица од Хамас што владее во Газа не го потврдиле тоа. Има конвој камиони со хуманитарна помош што чекаат да влезат во Газа.

The post Израел негира дека има прекин на огнот за да дозволи влез на помош во Газа appeared first on Република.

]]>

Израел ги негира информациите дека се согласилe да се запре огнот во јужниот дел на Газа за да се дозволи отворање на граничниот премин Рафах. Во моментов нема прекин на огнот за хуманитарна помош во Појасот Газа и за излез на странци, се вели во кусото соопштение од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјау. Претходно, западни медиуми објавија дека Египет, Израел и СAД се договориле за прекин на огнот во јужниот дел на Газа со почеток во 8 часот по средноевропско време (9 часот по локално време), што треба да се совпадне со повторното отворање на граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет. Извори за западни медиуми посочија дека прекинот на огнот ќе трае неколку часа, но не прецизираа колку долго. Запрашани за потврда, израелската војска и американската амбасада во Израел немаа моментален коментар. Официјални лица од Хамас што владее во Газа не го потврдиле тоа. Има конвој камиони со хуманитарна помош што чекаат да влезат во Газа.

The post Израел негира дека има прекин на огнот за да дозволи влез на помош во Газа appeared first on Република.

]]>
Во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-prekin-zheleznichkiot-soobrakaj-na-relatsija-skopje-bitola/ Mon, 25 Sep 2023 08:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=684900

Сообраќајот на пругата Скопје -Битола - Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион.

Од Железници -Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.

Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.

The post Во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на пругата Скопје -Битола - Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион. Од Железници -Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.

The post Во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола appeared first on Република.

]]>
Дел од Центар утре без вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/del-od-tsentar-utre-bez-voda-2/ Mon, 10 Jul 2023 17:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=659829

Утре поради уличен дефект од Ф-80 мм на Булевар Кочо Рацин бб (пред влез на зелен пазар) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Булевар Кочо Рацин.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

 

The post Дел од Центар утре без вода appeared first on Република.

]]>

Утре поради уличен дефект од Ф-80 мм на Булевар Кочо Рацин бб (пред влез на зелен пазар) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Булевар Кочо Рацин. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.  

The post Дел од Центар утре без вода appeared first on Република.

]]>
Во прекин сообраќајот Градско – Прилеп https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-prekin-soobrakajot-gradsko-prilep/ Wed, 07 Jun 2023 09:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=648751

Од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат Градско - Прилеп, кај хотел Дреново, е во прекин, поради одржување јавен собир.

 

The post Во прекин сообраќајот Градско – Прилеп appeared first on Република.

]]>

Од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат Градско - Прилеп, кај хотел Дреново, е во прекин, поради одржување јавен собир.  

The post Во прекин сообраќајот Градско – Прилеп appeared first on Република.

]]>
Твитер е во прекин, не се знае кога ќе се санираат проблемите https://arhiva3.republika.mk/zivot/tviter-e-vo-prekin-ne-se-znae-koga-ke-se-saniraat-problemite/ Wed, 01 Mar 2023 11:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=614599

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со социјалната мрежа Твитер.

Твитер е во прекин, објавија илјадници корисници на оваа социјална мрежа ширум светот.

Според веб-страницата Downdetector, најмногу пријавени проблеми се вчитувањето на почетната страница и твитовите.

Исто така, некои не можат да испраќаат или примаат пораки.

Повеќето од корисниците во последните половина час наоѓаат празна почетна страница, со порака: „Добре дојдовте на Твитер“, по што не може повторно да се вчита.

Засега никој не се огласил за овие проблеми, а не се знае кога ќе се санираат.

The post Твитер е во прекин, не се знае кога ќе се санираат проблемите appeared first on Република.

]]>

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со социјалната мрежа Твитер. Твитер е во прекин, објавија илјадници корисници на оваа социјална мрежа ширум светот. Според веб-страницата Downdetector, најмногу пријавени проблеми се вчитувањето на почетната страница и твитовите. Исто така, некои не можат да испраќаат или примаат пораки. Повеќето од корисниците во последните половина час наоѓаат празна почетна страница, со порака: „Добре дојдовте на Твитер“, по што не може повторно да се вчита. Засега никој не се огласил за овие проблеми, а не се знае кога ќе се санираат.

The post Твитер е во прекин, не се знае кога ќе се санираат проблемите appeared first on Република.

]]>
Сообраќајот на двата правци на регионалниот пат Дебар-Маврово е во прекин https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/soobrakajot-na-dvata-pravtsi-na-regionalniot-pat-debar-mavrovo-e-vo-prekin/ Wed, 04 Jan 2023 14:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=593647

Сообраќајот на двата правци на регионалниот пат Дебар-Маврово е во прекин, информираат од Авто – Мото Сојуз на Македонија.

– Од 14:45 часот сообраќајот е во прекин на двата правци на регионалниот пат Дебар-Маврово, поради собир на жители од село Долно Косоврасти во врска со водоснабдување, стои во соопштението од АМСМ.

 

The post Сообраќајот на двата правци на регионалниот пат Дебар-Маврово е во прекин appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на двата правци на регионалниот пат Дебар-Маврово е во прекин, информираат од Авто – Мото Сојуз на Македонија. – Од 14:45 часот сообраќајот е во прекин на двата правци на регионалниот пат Дебар-Маврово, поради собир на жители од село Долно Косоврасти во врска со водоснабдување, стои во соопштението од АМСМ.  

The post Сообраќајот на двата правци на регионалниот пат Дебар-Маврово е во прекин appeared first on Република.

]]>
Блок 1 на РЕК Битола во краткотраен прекин, неговото производство го надоместуваат останатите капацитети на ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/blok-1-na-rek-bitola-vo-kratkotraen-prekin-negovoto-proizvodstvo-go-nadomestuvaat-ostanatite-kapaciteti-na-esm/ Sat, 19 Nov 2022 08:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=575727

Од електроенергетскиот систем е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката. Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа.

Исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата.

Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември.

The post Блок 1 на РЕК Битола во краткотраен прекин, неговото производство го надоместуваат останатите капацитети на ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Од електроенергетскиот систем е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката. Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа. Исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата. Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември.

The post Блок 1 на РЕК Битола во краткотраен прекин, неговото производство го надоместуваат останатите капацитети на ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Македонски пошти од утре ја прекинуваат работата на половина час, ако не земат плата, ќе протестираат пред Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-poshti-od-utre-ja-prekinuvaat-rabotata-na-polovina-chas-ako-ne-zemat-plata-kje-protestiraat-pred-vlada/ Tue, 18 Oct 2022 13:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=562586

Вработените во Македонски пошти од утре започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час, објави „Курир“.

Тие паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември.

Предупредувачките прекини ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата на Република Македонија.

 

The post Македонски пошти од утре ја прекинуваат работата на половина час, ако не земат плата, ќе протестираат пред Влада appeared first on Република.

]]>

Вработените во Македонски пошти од утре започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час, објави „Курир“. Тие паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември. Предупредувачките прекини ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата на Република Македонија.  

The post Македонски пошти од утре ја прекинуваат работата на половина час, ако не земат плата, ќе протестираат пред Влада appeared first on Република.

]]>
Од денес до 20-ти август: Поради градежни работи прекин во сообраќајот на патниот правец Маврови Анови https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-denes-do-20-ti-avgust-poradi-gradezni-raboti-prekin-vo-soobrakjajot-na-patniot-pravec-mavrovi-anovi/ Tue, 09 Aug 2022 08:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=538228

На патниот правец Маврови Анови, село Галичник поради изведување градежни работи, односно асфалтирање, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10 и 16 часот.

Како што информираат од АМСМ работите ќе се изведуваат само во работни денови, почнувајќи од денеска до 20. овој месец.

The post Од денес до 20-ти август: Поради градежни работи прекин во сообраќајот на патниот правец Маврови Анови appeared first on Република.

]]>

На патниот правец Маврови Анови, село Галичник поради изведување градежни работи, односно асфалтирање, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10 и 16 часот. Како што информираат од АМСМ работите ќе се изведуваат само во работни денови, почнувајќи од денеска до 20. овој месец.

The post Од денес до 20-ти август: Поради градежни работи прекин во сообраќајот на патниот правец Маврови Анови appeared first on Република.

]]>
Гаспром најави прекин на испораките на гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gasprom-najavi-prekin-na-isporakite-na-gas/ Sun, 19 Jun 2022 08:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=517113

Во периодот од 21 до 28 јуни годинава ќе биде прекината испораката на гас преку Турски тек поради редовно одржување на гасоводот, соопшти денеска Газпром.

Суспендирањето на транспортот на гас е навремено договорено со сите заинтересирани страни, објави Гаспром на Телеграм, пренесе Спутник.

Проектниот капацитет на рускиот извозен гасовод Турски тек е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно, а е наменет за испорака на гас во Турција и земјите од јужна и југоисточна Европа.

Според Гаспром, транспортот на гас преку двата крака на гасоводот Турски тек ќе биде привремено прекинат во периодот од 21 до 28 јуни 2022 година, поради планираното превентивно одржување.

The post Гаспром најави прекин на испораките на гас appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 21 до 28 јуни годинава ќе биде прекината испораката на гас преку Турски тек поради редовно одржување на гасоводот, соопшти денеска Газпром.
Суспендирањето на транспортот на гас е навремено договорено со сите заинтересирани страни, објави Гаспром на Телеграм, пренесе Спутник. Проектниот капацитет на рускиот извозен гасовод Турски тек е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно, а е наменет за испорака на гас во Турција и земјите од јужна и југоисточна Европа.
Според Гаспром, транспортот на гас преку двата крака на гасоводот Турски тек ќе биде привремено прекинат во периодот од 21 до 28 јуни 2022 година, поради планираното превентивно одржување.

The post Гаспром најави прекин на испораките на гас appeared first on Република.

]]>
„Тиквешки лозари“ излегоа на протест, прекин на патот Неготино-Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tikveshki-lozari-izlegoa-na-protest-prekin-na-patot-negotino-kavadarci/ Sun, 15 May 2022 10:21:08 +0000 https://republika.mk/?p=502473

АМСМ ги извести возачите дека има прекин на регионалниот пат Неготино – Кавадарци.

„Од 11:15 часот на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, поради собир во организација на Задружение на лозари „Тиквешки лозари“ на кој присуствуваат околу 50 лица со 10 ПМВ, 4 трактори, сообраќајот е во прекин во двата правци“, известија од АМСМ.

 

The post „Тиквешки лозари“ излегоа на протест, прекин на патот Неготино-Кавадарци appeared first on Република.

]]>

АМСМ ги извести возачите дека има прекин на регионалниот пат Неготино – Кавадарци. „Од 11:15 часот на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, поради собир во организација на Задружение на лозари „Тиквешки лозари“ на кој присуствуваат околу 50 лица со 10 ПМВ, 4 трактори, сообраќајот е во прекин во двата правци“, известија од АМСМ.  

The post „Тиквешки лозари“ излегоа на протест, прекин на патот Неготино-Кавадарци appeared first on Република.

]]>
УНИЦЕФ: Прекинот во наставата ќе влијае и врз живот на децата во иднина https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/unicef-prekinot-vo-nastavata-kje-vlijae-i-vrz-zivot-na-decata-vo-idnina/ Wed, 13 Apr 2022 13:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=487978

По штрајкот на просветните работници, кој Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) го започна во понеделникот, од УНИЦЕФ повикуваат сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение кое ќе ги стави децата на прво место и нема да доведе до допполнителен прекин на наставата во училиштата.

Според претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани, решението треба да биде во духот на тековните реформи во образованието и треба да предвиди пошироки структурни промени кои ќе овозможат остварување на правото на децата за пристап до квалитетно и инклузивно образование.

Македонија веќе подолго време се соочува со криза во образованието, при што повеќе од половина од сите ученици на петнаесетгодишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки. Покрај тоа што училиштата беа затворени за настава со физичко присуство 54 недели поради пандемијата, оваа година децата пропуштија дополнителни две недели од образовниот процес поради одложениот почеток на училишната година. Овие прекини придонесоа образовната криза дополнително да се продлабочи. Сега, повеќе од кога било, треба да ја забрзаме реформата во образованието и притоа мора да го имаме предвид најдобриот интерес на децата, така што секое дете ќе добие поддршка за да го надомести пропуштеното знаење. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој, вели Ди Џовани.

Таа додава дека дијалогот за важната улога на наставниците треба да е континуиран и да се се води во поширок контекст на реформата во образованието, со цел да се обезбеди соодветно распоредување и искористување на човечките, финансиските и другите ресурси за да се обезбеди квалитетно образование за сите деца, независно од тоа каде живеат.

Денеска е трет ден во кој вработените во градинките и училиштата штрајкуваат за повисоки плати. Од Владата потврдија дека денеска е закажан состанок меѓу претставници од Министерството за образование и наука и СОНК.

 

The post УНИЦЕФ: Прекинот во наставата ќе влијае и врз живот на децата во иднина appeared first on Република.

]]>

По штрајкот на просветните работници, кој Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) го започна во понеделникот, од УНИЦЕФ повикуваат сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение кое ќе ги стави децата на прво место и нема да доведе до допполнителен прекин на наставата во училиштата. Според претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани, решението треба да биде во духот на тековните реформи во образованието и треба да предвиди пошироки структурни промени кои ќе овозможат остварување на правото на децата за пристап до квалитетно и инклузивно образование.
Македонија веќе подолго време се соочува со криза во образованието, при што повеќе од половина од сите ученици на петнаесетгодишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки. Покрај тоа што училиштата беа затворени за настава со физичко присуство 54 недели поради пандемијата, оваа година децата пропуштија дополнителни две недели од образовниот процес поради одложениот почеток на училишната година. Овие прекини придонесоа образовната криза дополнително да се продлабочи. Сега, повеќе од кога било, треба да ја забрзаме реформата во образованието и притоа мора да го имаме предвид најдобриот интерес на децата, така што секое дете ќе добие поддршка за да го надомести пропуштеното знаење. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој, вели Ди Џовани.
Таа додава дека дијалогот за важната улога на наставниците треба да е континуиран и да се се води во поширок контекст на реформата во образованието, со цел да се обезбеди соодветно распоредување и искористување на човечките, финансиските и другите ресурси за да се обезбеди квалитетно образование за сите деца, независно од тоа каде живеат. Денеска е трет ден во кој вработените во градинките и училиштата штрајкуваат за повисоки плати. Од Владата потврдија дека денеска е закажан состанок меѓу претставници од Министерството за образование и наука и СОНК.  

The post УНИЦЕФ: Прекинот во наставата ќе влијае и врз живот на децата во иднина appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Нема да има прекин на огнот за време на преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-nema-da-ima-prekin-na-ognot-za-vreme-na-pregovorite/ Mon, 21 Mar 2022 13:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=476135

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема да има прекин на огнот во Украина за време на преговорите со Киев, бидејќи украинската страна постојано го прекршувала договорот.

Песков на новинарите им соопшти дека украинските сили користат каков било прекин на огнот за да се прегрупираат со цел „да продолжат со нападите врз руските војници“.

Тој кажа и дека Кремљ смета дека напредокот во руско-украинските преговори е недоволен за да може да се зборува за контакти меѓу двајцата претседатели Владимир Путин и Володимир Зеленски, но не сакаше да зборува за деталите од преговорите.

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, претходно денеска изјави дека преговорите би можеле да траат неколку недели. Според него, основно барање на Киев е прекин на огнот, повлекување на армијата и политичко решавање на спорните територии.

 

The post Кремљ: Нема да има прекин на огнот за време на преговорите appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема да има прекин на огнот во Украина за време на преговорите со Киев, бидејќи украинската страна постојано го прекршувала договорот. Песков на новинарите им соопшти дека украинските сили користат каков било прекин на огнот за да се прегрупираат со цел „да продолжат со нападите врз руските војници“. Тој кажа и дека Кремљ смета дека напредокот во руско-украинските преговори е недоволен за да може да се зборува за контакти меѓу двајцата претседатели Владимир Путин и Володимир Зеленски, но не сакаше да зборува за деталите од преговорите. Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, претходно денеска изјави дека преговорите би можеле да траат неколку недели. Според него, основно барање на Киев е прекин на огнот, повлекување на армијата и политичко решавање на спорните територии.  

The post Кремљ: Нема да има прекин на огнот за време на преговорите appeared first on Република.

]]>