прекин на оган Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prekin-na-ogan/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Mar 2022 13:40:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прекин на оган Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prekin-na-ogan/ 32 32 Русија не планира да прекине со нападите дури траат преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ne-planira-da-prekine-so-napadite-duri-traat-pregovorite/ Mon, 21 Mar 2022 13:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=476126

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема да има прекин на огнот во Украина за време на преговорите со Киев, бидејќи украинската страна постојано го прекршувала договорот.

Песков на новинарите им соопшти дека украинските сили користат каков било прекин на огнот за да се прегрупираат со цел „да продолжат со нападите врз руските војници“.

Тој кажа и дека Кремљ смета дека напредокот во руско-украинските преговори е недоволен за да може да се зборува за контакти меѓу двајцата претседатели Владимир Путин и Володимир Зеленски, но не сакаше да зборува за деталите од преговорите.

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, претходно денеска изјави дека преговорите би можеле да траат неколку недели. Според него, основно барање на Киев е прекин на огнот, повлекување на армијата и политичко решавање на спорните територии.

The post Русија не планира да прекине со нападите дури траат преговорите appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема да има прекин на огнот во Украина за време на преговорите со Киев, бидејќи украинската страна постојано го прекршувала договорот. Песков на новинарите им соопшти дека украинските сили користат каков било прекин на огнот за да се прегрупираат со цел „да продолжат со нападите врз руските војници“. Тој кажа и дека Кремљ смета дека напредокот во руско-украинските преговори е недоволен за да може да се зборува за контакти меѓу двајцата претседатели Владимир Путин и Володимир Зеленски, но не сакаше да зборува за деталите од преговорите. Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, претходно денеска изјави дека преговорите би можеле да траат неколку недели. Според него, основно барање на Киев е прекин на огнот, повлекување на армијата и политичко решавање на спорните територии.

The post Русија не планира да прекине со нападите дури траат преговорите appeared first on Република.

]]>